Неименувана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/neimenuvana/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Apr 2024 07:29:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Неименувана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/neimenuvana/ 32 32 „Неименувана“ – изложба на современи бајки за хероини од македонската историја https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/neimenuvana-izlozhba-na-sovremeni-bajki-za-heroini-od-makedonskata-istorija/ Wed, 17 Apr 2024 07:29:25 +0000 https://republika.mk/?p=767002

Во КСП Центар Јадро вечер ќе биде поставена изложба „Неименувана“ со текстуални инсталации – современи бајки посветени на хероини од македонската историја. Нив ги напишале средношколки што учествувале на работилницата за креативно пишување со млади „Неименувана“ во јануари годинава.

Под менторство на „Дума ин Сума“, неформална иницијатива за култура, составена од компаратистките Марија Бошковска, Ивана Смилевска и визуелниот уметник Дарко Алексовски, десет средношколки се запознаа со бајки од цел свет, но и мимовите, активизмот и не толку познатата македонска, женска историја, соопшти организаторот.

Присутните на изложбата ќе имаат можност да ги прочитаат современите бајки посветени на партизанката Вера Јоциќ, архитектката Мимоза Несторова-Томиќ, режисерката Билјана Гарванлиева, уредничката на списанието „Македонка“ – Веселинка Малинска и на партизанката Мара Нацева – Анка.

Текстуалните инсталации посветени на овие македонски хероини, како што наведуваат од КСП Центар Јадро, визуелно се уредени од уметникот Дарко Алексовски. По претставувањето на изложбата, тие ќе бидат подарени на институции за култура и образование, соодветна според дејствувањето на секоја од хероините.

„Текстуалната инсталација за Јоциќ ќе биде поставена во истоименото скопско основно училиште, инсталацијата за Несторова-Томиќ во Музејот на Македонија, што е воедно една од ретките останати градби кои таа ги конструирала, а текстуалната инсталација за режисерката Гарванлиева ќе може да се види во Кинотеката на Македонија. Инсталацијата за уредничката на списанието „Македонка“ ќе биде поставена во НУБ „Св. Климент Охридски“, додека инсталацијата за Мара Нацева – Анка ќе биде поставена во НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово. Текстуалните инсталации преку QR-кодови ќе водат до целосните верзии на бајките, кои ќе се достапни и онлајн“, наведува организаторот на настанот.

The post „Неименувана“ – изложба на современи бајки за хероини од македонската историја appeared first on Република.

]]>

Во КСП Центар Јадро вечер ќе биде поставена изложба „Неименувана“ со текстуални инсталации – современи бајки посветени на хероини од македонската историја. Нив ги напишале средношколки што учествувале на работилницата за креативно пишување со млади „Неименувана“ во јануари годинава.
Под менторство на „Дума ин Сума“, неформална иницијатива за култура, составена од компаратистките Марија Бошковска, Ивана Смилевска и визуелниот уметник Дарко Алексовски, десет средношколки се запознаа со бајки од цел свет, но и мимовите, активизмот и не толку познатата македонска, женска историја, соопшти организаторот.
Присутните на изложбата ќе имаат можност да ги прочитаат современите бајки посветени на партизанката Вера Јоциќ, архитектката Мимоза Несторова-Томиќ, режисерката Билјана Гарванлиева, уредничката на списанието „Македонка“ – Веселинка Малинска и на партизанката Мара Нацева – Анка. Текстуалните инсталации посветени на овие македонски хероини, како што наведуваат од КСП Центар Јадро, визуелно се уредени од уметникот Дарко Алексовски. По претставувањето на изложбата, тие ќе бидат подарени на институции за култура и образование, соодветна според дејствувањето на секоја од хероините.