Нехат Нухи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nehat-nuhi/ За подобро да се разбереме Sun, 03 Mar 2024 16:57:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Нехат Нухи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nehat-nuhi/ 32 32 Осомничените директори Васев и Нухи сè уште не се повикани да дадат исказ во ЈО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osomnichenite-direktori-vasev-i-nuhi-se-ushte-ne-se-povikani-da-dadat-iskaz-vo-jo/ Sun, 03 Mar 2024 17:29:48 +0000 https://republika.mk/?p=750798

Фондот за здравствено осигурување извршил нов вонреден надзор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, во врска со истрагата за набавка на лекови на реверс и препишување на вишок терапии, при што сомнежите се дека е причинета штета од 30 милиони евра.

Државниот обвинител Љупчо Коцевски за време на гостувањето во „Топ тема“ информираше дека извештајот на ФЗО е доставен до обвинителството и истиот се анализира, но не можеше да даде детали.

Истрагата, како што рече, продолжува во насока на кривичните дела за кои од почеток се товарат осомничените.

Во моментов се работи за навистина сложен предмет. Истрагата се уште е на самиот почеток. Ништо не е исклучено. Во тек е економско, финансиско вештачење и вештачење за издвоени медицински истории. Имаме експерт од Словенија. Прибавена е огромна документација. Тоа го кажа и јавната обвинителка и компјутерски податоци кои што се анализираат, рече Коцевски во „Топ тема“ на телевизија Телма.

Во случајот се осомничени пет лица за измама во службата. Двајцата тогашни директори медицинскиот и организацискиот, Нино Васев и Нехат Нухи, според сознанијата на Телма, сè уште не се повикани да дадат исказ, бидејќи во тек е прибирањето на доказите.

The post Осомничените директори Васев и Нухи сè уште не се повикани да дадат исказ во ЈО appeared first on Република.

]]>

Фондот за здравствено осигурување извршил нов вонреден надзор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, во врска со истрагата за набавка на лекови на реверс и препишување на вишок терапии, при што сомнежите се дека е причинета штета од 30 милиони евра. Државниот обвинител Љупчо Коцевски за време на гостувањето во „Топ тема“ информираше дека извештајот на ФЗО е доставен до обвинителството и истиот се анализира, но не можеше да даде детали. Истрагата, како што рече, продолжува во насока на кривичните дела за кои од почеток се товарат осомничените.
Во моментов се работи за навистина сложен предмет. Истрагата се уште е на самиот почеток. Ништо не е исклучено. Во тек е економско, финансиско вештачење и вештачење за издвоени медицински истории. Имаме експерт од Словенија. Прибавена е огромна документација. Тоа го кажа и јавната обвинителка и компјутерски податоци кои што се анализираат, рече Коцевски во „Топ тема“ на телевизија Телма.
Во случајот се осомничени пет лица за измама во службата. Двајцата тогашни директори медицинскиот и организацискиот, Нино Васев и Нехат Нухи, според сознанијата на Телма, сè уште не се повикани да дадат исказ, бидејќи во тек е прибирањето на доказите.

The post Осомничените директори Васев и Нухи сè уште не се повикани да дадат исказ во ЈО appeared first on Република.

]]>
Како директор на Онкологија извадил документ за канцер за мајка си? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kako-direktor-na-onkologija-izvadil-dokument-za-kantser-za-majka-si/ Fri, 08 Sep 2023 09:38:59 +0000 https://republika.mk/?p=679894

И овој 8-ми Септември за жал минува во сенка на грозоморие со човечки жртви, предизвикано од криминал, корупција, самоволие, алчност и нечовечност на крими-партнерите во владата!, рече на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Онкологија поседува КАТО систем од 2016-та година и има обучен персонал за него. Систем вреден тогаш 350.000 евра. 2017-та година, СДС ја презема власта, го поставува својот Нино Васев за директор, а тој го укинува, исклучува, затвора системот, според медиумите, „ќе заштедел на ќеси“!? Оттогаш почнува криминалот на штета на пациентите, со допишување фиктивни пациенти, продажба на лекови. Криминалот е толкав што директор на Клиниката вади документ со лажна дијагноза - за рак на бели дробови на име на мајката. Па, како се вади лажна документација за канцер? Колку такви пациенти се запишани? Што се се случува на Онкологија?, прашува Стоилковски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/majkata-na-eks-ekonomskiot-direktor-na-onkologija-vo-sistem-bila-zavedena-so-dijagnoza-rak-na-beli-drobovi-iako-ne-bila-onkoloshki-patsient/

Објаснува дека КАТО системот ги чува цитостатиците, ги дозира онколошките терапии за секој пациент посебно, без шанса да се манипулира со дозите и терапиите, секој цитостатик го искористува до максимум и подготвен останува во фрижидерот стабилен за употреба дури до 28 дена. Додава дека како што објаснуваат познавачите на овој систем, дозирањето е прецизно и безбедно, без загуби, без токсични труења на медицинскиот персонал!

Значи и без можност раце, за крадење и ставање вода на пациенти за лекот да заврши на црн пазар! Значи 6 години КАТО е исклучен, со години се укажува на криминалот, има случаи на фатени кражби и продажби, се менуваат директори, ама никој - баш никој, ниту владата, ниту министер, ниту доктор, ниту обвинителство, не прашува зошто КАТО системот стои исклучен кога е купен, и не се враќа системот во употреба!? И сега откако грозоморието со трговија со животи на Онкологија излезе во јавност, на министер за здравство му текна дека има систем што спречува крадење, па ќе се обидел да го вклучи!? И потоа шета меѓу пациентите дека сега, ама сега, се било во ред!? Ова кажува само две работи - гајле им е за пациентите, гледаат да се спасат од одговорност, а одговорни се сите до еден! И второ, бегајќи од одговорност имаат отворена можност да вршат влијание врз истрагата и оформувањето на предмет со вистинска содржина, рече Стоилковски додавајќи дела „Само избори се спасот!“.

https://youtu.be/iD2bR1phrrU?si=v0MXmwsbr8PvZGKp

The post Како директор на Онкологија извадил документ за канцер за мајка си? appeared first on Република.

]]>

И овој 8-ми Септември за жал минува во сенка на грозоморие со човечки жртви, предизвикано од криминал, корупција, самоволие, алчност и нечовечност на крими-партнерите во владата!, рече на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Онкологија поседува КАТО систем од 2016-та година и има обучен персонал за него. Систем вреден тогаш 350.000 евра. 2017-та година, СДС ја презема власта, го поставува својот Нино Васев за директор, а тој го укинува, исклучува, затвора системот, според медиумите, „ќе заштедел на ќеси“!? Оттогаш почнува криминалот на штета на пациентите, со допишување фиктивни пациенти, продажба на лекови. Криминалот е толкав што директор на Клиниката вади документ со лажна дијагноза - за рак на бели дробови на име на мајката. Па, како се вади лажна документација за канцер? Колку такви пациенти се запишани? Што се се случува на Онкологија?, прашува Стоилковски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/majkata-na-eks-ekonomskiot-direktor-na-onkologija-vo-sistem-bila-zavedena-so-dijagnoza-rak-na-beli-drobovi-iako-ne-bila-onkoloshki-patsient/ Објаснува дека КАТО системот ги чува цитостатиците, ги дозира онколошките терапии за секој пациент посебно, без шанса да се манипулира со дозите и терапиите, секој цитостатик го искористува до максимум и подготвен останува во фрижидерот стабилен за употреба дури до 28 дена. Додава дека како што објаснуваат познавачите на овој систем, дозирањето е прецизно и безбедно, без загуби, без токсични труења на медицинскиот персонал!
Значи и без можност раце, за крадење и ставање вода на пациенти за лекот да заврши на црн пазар! Значи 6 години КАТО е исклучен, со години се укажува на криминалот, има случаи на фатени кражби и продажби, се менуваат директори, ама никој - баш никој, ниту владата, ниту министер, ниту доктор, ниту обвинителство, не прашува зошто КАТО системот стои исклучен кога е купен, и не се враќа системот во употреба!? И сега откако грозоморието со трговија со животи на Онкологија излезе во јавност, на министер за здравство му текна дека има систем што спречува крадење, па ќе се обидел да го вклучи!? И потоа шета меѓу пациентите дека сега, ама сега, се било во ред!? Ова кажува само две работи - гајле им е за пациентите, гледаат да се спасат од одговорност, а одговорни се сите до еден! И второ, бегајќи од одговорност имаат отворена можност да вршат влијание врз истрагата и оформувањето на предмет со вистинска содржина, рече Стоилковски додавајќи дела „Само избори се спасот!“.
https://youtu.be/iD2bR1phrrU?si=v0MXmwsbr8PvZGKp

The post Како директор на Онкологија извадил документ за канцер за мајка си? appeared first on Република.

]]>
Мајката на екс економскиот директор на Онкологија во систем била заведена со дијагноза рак на бели дробови, иако не била онколошки пациент https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/majkata-na-eks-ekonomskiot-direktor-na-onkologija-vo-sistem-bila-zavedena-so-dijagnoza-rak-na-beli-drobovi-iako-ne-bila-onkoloshki-patsient/ Thu, 07 Sep 2023 16:01:33 +0000 https://republika.mk/?p=679758

Мајката на поранешниот организациски директор на скопската Клиника за онкологија, Нехат Нухи во систем, поточно во медицинска историја најпрвин се водела како онколошки пациент, објави „Фокус“. Според документите, мајката на екс економскиот директор на клиниката била заведена со дијагноза рак на бели дробови, за подоцна во истиот тој систем да заврши со дијагноза анемија.

Таа не боледувала од никаков вид на карцином, иако во историјата пишува дека „имала“ рак на бели дробови, ниту пак примала онколошка терапија.

Тогаш, останува нејасно која е причината зошто била заведена со ваква страшна дијагноза?

Нухи пред неколку недели во редакцијата на „Фокус“ донесе демант, тврдејќи дека тоа не е точно и дека неговата мајка за време на ковид пандемијата била на клиниката, но не боледувала од карцином.

На најгруб и најнеетичен начин за било каква пресметка, ја мешате и споменувате и мојата мајка, наведувајќи дека сум и измислил некаква онколошка болест за да на нејзино име крадам и препродавам скапи лекови за онколошки болни, кое нешто не само што не е вистина, туку е и спротивно на традицијата на секое семејство во Македонија, кое никогаш не би се повикало на болест на член на семејство, за било каков интерес, па на крај и од суеверни причини, за да не повика злото!

Точно е дека мајка ми била неколку денови хоспитализирана на Клиниката за онкологија и радиотерапија, но не заради онколошка болест и лекување, туку заради немање капацитет во соодветна болница заради ковид кризата и пренатрупаноста во сите болнички капацитети на универзитетските клиники „Мајка Тереза“, се наведуваше во демантот од Нухи.

Тој вчера во интервју за телевизијата Клан рече дека овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

The post Мајката на екс економскиот директор на Онкологија во систем била заведена со дијагноза рак на бели дробови, иако не била онколошки пациент appeared first on Република.

]]>

Мајката на поранешниот организациски директор на скопската Клиника за онкологија, Нехат Нухи во систем, поточно во медицинска историја најпрвин се водела како онколошки пациент, објави „Фокус“. Според документите, мајката на екс економскиот директор на клиниката била заведена со дијагноза рак на бели дробови, за подоцна во истиот тој систем да заврши со дијагноза анемија. Таа не боледувала од никаков вид на карцином, иако во историјата пишува дека „имала“ рак на бели дробови, ниту пак примала онколошка терапија. Тогаш, останува нејасно која е причината зошто била заведена со ваква страшна дијагноза? Нухи пред неколку недели во редакцијата на „Фокус“ донесе демант, тврдејќи дека тоа не е точно и дека неговата мајка за време на ковид пандемијата била на клиниката, но не боледувала од карцином.
На најгруб и најнеетичен начин за било каква пресметка, ја мешате и споменувате и мојата мајка, наведувајќи дека сум и измислил некаква онколошка болест за да на нејзино име крадам и препродавам скапи лекови за онколошки болни, кое нешто не само што не е вистина, туку е и спротивно на традицијата на секое семејство во Македонија, кое никогаш не би се повикало на болест на член на семејство, за било каков интерес, па на крај и од суеверни причини, за да не повика злото! Точно е дека мајка ми била неколку денови хоспитализирана на Клиниката за онкологија и радиотерапија, но не заради онколошка болест и лекување, туку заради немање капацитет во соодветна болница заради ковид кризата и пренатрупаноста во сите болнички капацитети на универзитетските клиники „Мајка Тереза“, се наведуваше во демантот од Нухи.