неготинчанец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/negotinchanets/ За подобро да се разбереме Thu, 20 Jun 2024 08:52:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png неготинчанец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/negotinchanets/ 32 32 Неготинчанец сакал да го запали домот на родителите, имал забрана да им се приближува https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/negotinchanets-sakal-da-go-zapali-domot-na-roditelite-imal-zabrana-da-im-se-priblizhuva/ Thu, 20 Jun 2024 08:52:22 +0000 https://republika.mk/?p=789253

Секторот за внатрешни работи (СВР) во Велес поднесе кривична пријава против 27-годишен жител на Неготино, обвинет за низа кривични дела вклучувајќи закани и предизвикување пожар во домот на неговите родители. Односите меѓу него и родителите биле конфликтни, а тој претходно добил судска забрана за приближување до нивниот дом.

Според извештаите, М.А. (27) е обвинет за „загрозување на сигурноста“ поради упатени закани кон своите родители, за „предизвикување општа опасност“ поради двапати предизвикан пожар, и за „неизвршување на судска одлука“ бидејќи не ја почитувал судската мерка за забрана за приближување. Случаите се случиле откако бил неправомерно присутен во близина на домот на своите родители, што директно довело до инцидентот со пожарот.

The post Неготинчанец сакал да го запали домот на родителите, имал забрана да им се приближува appeared first on Република.

]]>

Секторот за внатрешни работи (СВР) во Велес поднесе кривична пријава против 27-годишен жител на Неготино, обвинет за низа кривични дела вклучувајќи закани и предизвикување пожар во домот на неговите родители. Односите меѓу него и родителите биле конфликтни, а тој претходно добил судска забрана за приближување до нивниот дом. Според извештаите, М.А. (27) е обвинет за „загрозување на сигурноста“ поради упатени закани кон своите родители, за „предизвикување општа опасност“ поради двапати предизвикан пожар, и за „неизвршување на судска одлука“ бидејќи не ја почитувал судската мерка за забрана за приближување. Случаите се случиле откако бил неправомерно присутен во близина на домот на своите родители, што директно довело до инцидентот со пожарот.  

The post Неготинчанец сакал да го запали домот на родителите, имал забрана да им се приближува appeared first on Република.

]]>
Неготинец доби кривична пријава за „демнење“ – ја вознемирувал поранешната вереница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/negotinets-dobi-krivichna-prijava-za-demnene-ja-voznemiruval-poraneshnata-verenitsa/ Tue, 27 Jun 2023 16:10:50 +0000 https://republika.mk/?p=655756

Полицијата од Неготино поднесе кривична пријава против 35 годишен жител на Неготино, поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело „демнење“.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, пријавениот се сомничи дека ја демнел жртвата во периодот од февруари 2023 до мај 2023 година.

Во периодот од февруари 2023 до мај 2023 година, пријавениот неовластено ја следел неговата поранешна вереница и ја вознемирувал со пораки преку вибер и со испраќање писма до домот во кој што таа живее, стои во соопштението од МВР.

The post Неготинец доби кривична пријава за „демнење“ – ја вознемирувал поранешната вереница appeared first on Република.

]]>

Полицијата од Неготино поднесе кривична пријава против 35 годишен жител на Неготино, поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело „демнење“. Како што информира Министерството за внатрешни работи, пријавениот се сомничи дека ја демнел жртвата во периодот од февруари 2023 до мај 2023 година.
Во периодот од февруари 2023 до мај 2023 година, пријавениот неовластено ја следел неговата поранешна вереница и ја вознемирувал со пораки преку вибер и со испраќање писма до домот во кој што таа живее, стои во соопштението од МВР.
 
The post Неготинец доби кривична пријава за „демнење“ – ја вознемирувал поранешната вереница appeared first on Република.

]]>
Им се соблекувал на службеничките, па фрлал со филџани по нив: Пијан неготинчанец упаднал во центар за социјална работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/im-se-soblekuval-na-sluzhbenichkite-pa-frlal-so-fildhani-po-niv-pijan-negotinchanets-upadnal-vo-tsentar-za-sotsijalna-rabota/ Thu, 11 May 2023 12:32:53 +0000 https://republika.mk/?p=639720

Вработена во Центар за социјални работи Неготино, денеска јавно реагира, по заканите што завчера ги добиле од корисник на гарантирана минимална помош. Во изјава за МИА, таа информираше дека завчера во просториите на ЈУМ ЦСР Неготино, демонстративно влегол корисник на гарантирана минимална помош, без никаква претходна покана, ниту пак потреба.

Тој под дејство на алкохол почна да вика на висок тон, да упатува погрдни вулгарни зборови кон три службенички во канцеларија, да се заканува по живот, безбедност и здравје на нас и нашите семејства. За истото е пријавено во полиција веднаш по чинот на влегување во канцеларијата, бидејќи претходно веќе имавме сознанија дека тој вознемирувал граѓани и деца во училиштата и гимназијата во Неготино за што е пријавено во полиција. Тој во период додека беше во канцеларија фрлаше службени досиеа кон нас, со стаклено шише алкохол, со филџани, екранот од комјутер кој стоеше на празното биро и се соблекуваше пред нас, со намера, како што рече, да правел што сака со нас. Бидејќи веќе ни стана секојдневие во ова наше ново општество без морални вредности да се соочуваме со недолично однесување на лицата кои се во социјален ризик, сметаме дека бевме професионални и соодветно постапивме, соопшти социјалната работничка Павлинка Волканоска.

Таа напоменеа оти се чувствуваат незаштитени како стручни работници.

Ние сме први на удар кога станува збор за дејствувањето и постапувањето на лицата кои се во социјален ризик. Оттука сакам да напоменам дека се повеќе колеги од центрите си дадоа отказ од постојаниот притисок, ризик и секојдневно омаловажување кои придонесуваат за секојдневен стрес и страв, нагласи таа.

Се заканувал кон вработена во Центар за социјални работи Неготино и се соблекол пред неа, неготинец бил лишен од слобода, потврди денеска за МИА, портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

Завчера, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Л.Ф.(50) од Неготино, затоа што во Центарот за социјални работи во Неготино, упатил закани кон една вработена и се соблекол пред неа. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во писмениот одговор до МИА.

The post Им се соблекувал на службеничките, па фрлал со филџани по нив: Пијан неготинчанец упаднал во центар за социјална работа appeared first on Република.