негативно мислење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/negativno-mislenje/ За подобро да се разбереме Thu, 09 Mar 2023 11:40:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png негативно мислење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/negativno-mislenje/ 32 32 Градоначалникот на Охрид тврди дека два пати дал негативно мислење по одобрението за градба на хотелот во Лагадин https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gradonachalnikot-na-ohrid-tvrdi-deka-dva-pati-dal-negativno-mislene-po-odobrenieto-za-gradba-na-hotelot-vo-lagadin/ Thu, 09 Mar 2023 11:40:43 +0000 https://republika.mk/?p=617680

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на својот приватен фејсбук-профил реагира на тврдењата на Министерството за култура дека Општина Охрид спроведува активности што би го одобриле градењето на оспоруваниот хотел во населбата Лагадин.

Пецаков вели дека шест години Oпштина Охрид и градоначниците претходни даваат негативно мислење за предметот и шест години второстепената комисија на Министерство за транспорт и врски го враќа на повторно одлучување во Општина Охрид.

За оваа околу една година мандат два пати сум дал негативно мислење како градоначалник за претходно даденото одобрение за градба“, вели Пецаков во врска со вчерашното излагање на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која рече дека Општина Охрид треба да ја преиспита изградбата на објектот во Лагадин, а до конечната одлука таму да нема активности.

https://republika.mk/vesti/kultura/bisera-kostadinovska-stojchevska-unishtuvanata-na-vlaho-i-na-lagadin-se-presedan-shto-ne-smee-da-se-povtori/

„Овој пат второстепената комисија, веројатно за прв пат во историја одлучува мериторно за овoј предмет и го уважува одобрението за градба од 2015-16 година кое било издадено во тој момент, а покрај мериторната одлука во рок од 2 недели му дава и правосилност на истото, а на нас како општина само ни стигна известувањето без да имаме можност да реагираме, затоа што основот по кој беше поништувано решението за градба сите овие години наназад го падна Министерството заедно со второстепената комисија и на тоа решение е потпишан Благој Бочварски“ пишува Пецаков.

Тој уште најавува дека во текот на утрешниот ден ќе презентира и писмени докази односно документација во прилог на неговите тврдења.

Националната комисија за УНЕСКО на Општина Охрид ѝ препорача повторно да ги разгледа активностите поврзани за изградба на објект на крајбрежјето во Лагадин, притоа водејќи се по препораките од Реактивните мониторинг-мисии на советодавните тела на УНЕСКО и одлуките на Комитетот за светско наследство и почитувајќи го Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион.

Министерката за култура која раководи и со Националната комисија на УНЕСКО исто така и препорача да ја поништи Одлуката за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, како и за начинот на водење на постапките за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, број 08-17370/61 од 22 декември 2022 година и да донесе нова Одлука која ќе биде во согласност со Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион и со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, имајќи предвид дека во Законот управувањето со светското природно и културно наследство е од јавен интерес.

The post Градоначалникот на Охрид тврди дека два пати дал негативно мислење по одобрението за градба на хотелот во Лагадин appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на својот приватен фејсбук-профил реагира на тврдењата на Министерството за култура дека Општина Охрид спроведува активности што би го одобриле градењето на оспоруваниот хотел во населбата Лагадин. Пецаков вели дека шест години Oпштина Охрид и градоначниците претходни даваат негативно мислење за предметот и шест години второстепената комисија на Министерство за транспорт и врски го враќа на повторно одлучување во Општина Охрид.
За оваа околу една година мандат два пати сум дал негативно мислење како градоначалник за претходно даденото одобрение за градба“, вели Пецаков во врска со вчерашното излагање на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која рече дека Општина Охрид треба да ја преиспита изградбата на објектот во Лагадин, а до конечната одлука таму да нема активности.
https://republika.mk/vesti/kultura/bisera-kostadinovska-stojchevska-unishtuvanata-na-vlaho-i-na-lagadin-se-presedan-shto-ne-smee-da-se-povtori/ „Овој пат второстепената комисија, веројатно за прв пат во историја одлучува мериторно за овoј предмет и го уважува одобрението за градба од 2015-16 година кое било издадено во тој момент, а покрај мериторната одлука во рок од 2 недели му дава и правосилност на истото, а на нас како општина само ни стигна известувањето без да имаме можност да реагираме, затоа што основот по кој беше поништувано решението за градба сите овие години наназад го падна Министерството заедно со второстепената комисија и на тоа решение е потпишан Благој Бочварски“ пишува Пецаков. Тој уште најавува дека во текот на утрешниот ден ќе презентира и писмени докази односно документација во прилог на неговите тврдења. Националната комисија за УНЕСКО на Општина Охрид ѝ препорача повторно да ги разгледа активностите поврзани за изградба на објект на крајбрежјето во Лагадин, притоа водејќи се по препораките од Реактивните мониторинг-мисии на советодавните тела на УНЕСКО и одлуките на Комитетот за светско наследство и почитувајќи го Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион. Министерката за култура која раководи и со Националната комисија на УНЕСКО исто така и препорача да ја поништи Одлуката за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, како и за начинот на водење на постапките за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, број 08-17370/61 од 22 декември 2022 година и да донесе нова Одлука која ќе биде во согласност со Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион и со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, имајќи предвид дека во Законот управувањето со светското природно и културно наследство е од јавен интерес.

The post Градоначалникот на Охрид тврди дека два пати дал негативно мислење по одобрението за градба на хотелот во Лагадин appeared first on Република.

]]>
Формулацијата „негативно мислење“ избришана од новиот предлог за измени на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/formulacijata-negativno-mislenje-izbrishana-od-noviot-predlog-za-izmeni-na-zakonot-za-gragjanska-odgovornost-za-navreda-i-kleveta/ Tue, 08 Feb 2022 16:31:08 +0000 https://republika.mk/?p=455833

Владата денеска донесе заклучок да го повлече Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета од собраниската постапка и на усвојување пред пратениците да го достави новиот текст на предлог-законот во кој во членот 6 е избришана формулацијата „негативно мислење“.

Со таа измена членот 6 од предложениот закон гласи: „За навреда одговара тој што со намера да омаловажи, со изјава, однесување, објавување или на друг начин ќе изрази за друг со утврден или очевиден идентитет омаловажувачко или понижувачко мислење, со кое се повредува неговата чест и углед, соопшти владината прес-служба.

The post Формулацијата „негативно мислење“ избришана од новиот предлог за измени на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета appeared first on Република.

Милошоски: Тупанчевски да го смени последниот министер на Милошевиќ, кој што на мала врата го протнува овој вербален деликт https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-tupanchevski-da-go-smeni-posledniot-minister-na-miloshevikj-koj-shto-na-mala-vrata-go-protnuva-ovoj-verbalen-delikt/ Tue, 08 Feb 2022 13:55:47 +0000 https://republika.mk/?p=455762

Пратеникот Антонио Милошоски денеска во Собранието пред медиумите го сподели ставот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата по однос на, како што вели, скандалозниот предлог закон кој што дојде во Собранието, а се однесуваше на именување на членовите за одговорност за клевета и навреда.

За првпат, после едноумието се воведува една формулација каде што би се санкционирало и негативно мислење. Сега гледаме дека власта ретерира и тоа негативно мислење има намера да го преформулира во омаловажувачко или понижувачко мислење но сепак се гледа дека тенденцијата е да се ограничи критиката кон функционерите од власта. Ова воопшто не зачудува бидејќи автор на овој текст е академикот Камбовски кој што во 1987 година го казнуваше професорот Маријановиќ зошто сакал да се укине вербалниот деликт.
Нашата порака до министерот Тупанчевски е да го смени последниот министер на Милошевиќ кој што на мала врата го протнува овој вербален деликт, порача Милошоски.

The post Милошоски: Тупанчевски да го смени последниот министер на Милошевиќ, кој што на мала врата го протнува овој вербален деликт appeared first on Република.

]]>

Пратеникот Антонио Милошоски денеска во Собранието пред медиумите го сподели ставот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата по однос на, како што вели, скандалозниот предлог закон кој што дојде во Собранието, а се однесуваше на именување на членовите за одговорност за клевета и навреда.
За првпат, после едноумието се воведува една формулација каде што би се санкционирало и негативно мислење. Сега гледаме дека власта ретерира и тоа негативно мислење има намера да го преформулира во омаловажувачко или понижувачко мислење но сепак се гледа дека тенденцијата е да се ограничи критиката кон функционерите од власта. Ова воопшто не зачудува бидејќи автор на овој текст е академикот Камбовски кој што во 1987 година го казнуваше професорот Маријановиќ зошто сакал да се укине вербалниот деликт. Нашата порака до министерот Тупанчевски е да го смени последниот министер на Милошевиќ кој што на мала врата го протнува овој вербален деликт, порача Милошоски.

The post Милошоски: Тупанчевски да го смени последниот министер на Милошевиќ, кој што на мала врата го протнува овој вербален деликт appeared first on Република.

]]>
Реагира и АВМУ: Законот за клевета е спротивен на сите демократски практики, води кон самоцензурирање https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/reagira-i-avmu-zakonot-za-kleveta-e-sprotiven-na-site-demokratski-praktiki-vodi-kon-samocenzuriranje/ Mon, 07 Feb 2022 09:55:59 +0000 https://republika.mk/?p=455029

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) потенцира дека повикувањето на одговорност за изразено „негативно мислење“, на начинот на којшто е дефинирано во Предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета кој е во прва фаза на читање во Собранието, е спротивно на сите демократски практики и може да предизвика медиумско самоцензурирање.

Можноста за санкционирање поради искажано негативно мислење остава простор за злоупотреба и казнување на медиумските професионалци. Новинарите се гласот на јавноста и тие честопати при вршење на својата работа упатуваат критика за одредени политики или појави во општеството и на тој начин поттикнуваат јавна дебата и придонесуваат за поголема одговорност, отчетност и транспарентност на претставниците на власта, велат од АВМУ.

Правото на слобода на изразување, нагласуваат, е уставно загарантирано право и е гарантирано и со Европската конвенција за заштита на човековите права. Ова право ги опфаќа слободата на мислење и слободата на примање и пренесување информации или идеи, без мешање на јавната власт.

The post Реагира и АВМУ: Законот за клевета е спротивен на сите демократски практики, води кон самоцензурирање appeared first on Република.

Казната за „негативно мислење“ е појасна кога ќе се види кој ја предложил https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kaznata-za-negativno-mislenje-e-pojasna-koga-kje-se-vidi-koj-ja-predlozil/ Mon, 07 Feb 2022 08:58:28 +0000 https://republika.mk/?p=454988

Јавноста беше непријатно изненадена што владата предложи закон за клевета и навреда каде санкциониран би бил секој граѓанин/ новинар кој изнесол „негативно мислење". Според пратеникот Антонио Милошоски, да биде апсурдот поголем, предлогот за казна за „негативно мислење" во Собранието дојде со злоупотреба на европското знаменце, со цел да помине по итна постапка и без јавна дебата.

Но, вели Милошоски, работите стануваат појасни доколку се види кој раководел со групата за таканаречени реформи во Министерството за правда.

Тоа е академикот Камбовски, или „главниот партиски обвинител" кој во едноумието го гонеше професорот Ѓорѓе Марјановиќ што се дрзнал да предложи укинување на вербалниот деликт. Тоа што не му успеало на Камбовски во едноумието, сега нашол прилика да го протне како „негативно мислење" со европско знаменце со актуелнава влада. Ова е лош старт за новиот министер за правда, кој го наследил и предлог законот и академикот. Но, доколку министерот Тупанчевски има желба да ја увери јавноста дека не се согласува со предложениот „вербален деликт" не е доволно само да соопшти дека станува збор за грешка во текстот, туку да го смени и авторот на текстот и да го тргне Камбовски од челната позиција на Работната група за реформи на законите во Министерството за равда. Така не само што ќе заштеди на исплатените хонорари за Камбовски, туку ќе се поштеди и од слични бламажи во иднина, порача Милошоски.

The post Казната за „негативно мислење“ е појасна кога ќе се види кој ја предложил appeared first on Република.

]]>

Јавноста беше непријатно изненадена што владата предложи закон за клевета и навреда каде санкциониран би бил секој граѓанин/ новинар кој изнесол „негативно мислење". Според пратеникот Антонио Милошоски, да биде апсурдот поголем, предлогот за казна за „негативно мислење" во Собранието дојде со злоупотреба на европското знаменце, со цел да помине по итна постапка и без јавна дебата. Но, вели Милошоски, работите стануваат појасни доколку се види кој раководел со групата за таканаречени реформи во Министерството за правда.