негативни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/negativni/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Jan 2022 11:44:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png негативни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/negativni/ 32 32 Македонските ракометари негативни на коронавирус, дуелите против Израел зад затворени врати https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/makedonskite-rakometari-negativni-na-koronavirus-duelite-protiv-izrael-zad-zatvoreni-vrati/ Sun, 02 Jan 2022 11:44:31 +0000 https://republika.mk/?p=439548

Македонската ракометна репрезентација во комплетен состав го почна вториот дел од подготовките за претстојното Европско првенство, откако сите репрезентативци се негативни на коронавирус на последното тестирање, соопшти денеска Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

Од РФМ посочуваат дека согласно протоколите за учество одредени од Европската ракометна федерација (ЕХФ), сите ракометари во репрезентативниот табор се имунизирани против вирусот Ковид-19, а во текот на подготовките биле извршени превентивни ковид тестирања и истите биле негативни.

Македонската репрезентација ќе ги одработи последните тренинзи во Скопје пред заминување за Дебрецин, а предвидени се два контролни натпревари, на 3 и 4 јануари против Израел, кои ќе бидат од затворен тип.

Протоколот од ЕХФ за учество на ЕП 2022 предвидува ковид тестирања на учесниците на 4-ти, 7-ми и 10-ти јануари, а ракометните репрезентативци заминуваат за Дебрецин на 11-ти јануари. Првиот натпревар е против селекцијата на Словенија на 13 јануари, со почеток во 18:00 часот.

The post Македонските ракометари негативни на коронавирус, дуелите против Израел зад затворени врати appeared first on Република.

]]>

Македонската ракометна репрезентација во комплетен состав го почна вториот дел од подготовките за претстојното Европско првенство, откако сите репрезентативци се негативни на коронавирус на последното тестирање, соопшти денеска Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Од РФМ посочуваат дека согласно протоколите за учество одредени од Европската ракометна федерација (ЕХФ), сите ракометари во репрезентативниот табор се имунизирани против вирусот Ковид-19, а во текот на подготовките биле извршени превентивни ковид тестирања и истите биле негативни. Македонската репрезентација ќе ги одработи последните тренинзи во Скопје пред заминување за Дебрецин, а предвидени се два контролни натпревари, на 3 и 4 јануари против Израел, кои ќе бидат од затворен тип. Протоколот од ЕХФ за учество на ЕП 2022 предвидува ковид тестирања на учесниците на 4-ти, 7-ми и 10-ти јануари, а ракометните репрезентативци заминуваат за Дебрецин на 11-ти јануари. Првиот натпревар е против селекцијата на Словенија на 13 јануари, со почеток во 18:00 часот.

The post Македонските ракометари негативни на коронавирус, дуелите против Израел зад затворени врати appeared first on Република.

]]>