негативен природен прираст Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/negativen-priroden-prirast/ За подобро да се разбереме Sat, 01 Jul 2023 08:21:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png негативен природен прираст Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/negativen-priroden-prirast/ 32 32 Се помалку бебиња се раѓаат во градовите, селата се селат во градовите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-pomalku-bebina-se-ragaat-vo-gradovite-selata-se-selat-vo-gradovite/ Sat, 01 Jul 2023 08:53:11 +0000 https://republika.mk/?p=657057

Според податоците на Државниот завод за статистика во градските подрачја лани се евидентирани 10.866 живородени деца или 60.1 % од вкупниот број на живородените деца во земјава, додека 7 207 или 39.9 % се живородени деца во селските подрачја.

Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања има Скопскиот регион со 39.6 %, а најмало Источниот регион со 6.6 %.

Во градските подрачја умреле 14 354 лица или 63.9 %, а 8 105 или 36.1 % умреле во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број умрени лица по региони има Скопскиот со 31.0 %, а најмало Североисточниот регион со 7.7 %.

Во градските подрачја умреле 34 доенчиња, додека во селските подрачја 24.

Природниот прираст кај населението e негативен и во градските подрачја е -3 488 лица, a во селските подрачја -898 лица.

Од вкупниот број склучени бракови, 6 975 или 51.1 % се во градските подрачја, а 5 907 или 45.9 % во селските подрачја.

Во градските подрачја имало 1005 разводи, односно 62.3 %, додека во селските подрачја 608 односно 37.7 % од вкупниот број разводи.

Податоците за внатрешните миграции, покажуваат дека најголемо учество од 37.9 % имаат преселбите од село во град, наспроти меѓуградските преселби со 9.4 %. Во вкупните миграции на ниво на регион од село во град, најголемо учество има Источниот регион со 49.0 %, додека во Полошкиот регион најголемо учество имаат меѓуселските преселби, кои учествуваат со 54.4 %.

Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот регион, 1 450 лица, а најмало во Југозападниот регион, односно -172 лица.

The post Се помалку бебиња се раѓаат во градовите, селата се селат во градовите appeared first on Република.

]]>

Според податоците на Државниот завод за статистика во градските подрачја лани се евидентирани 10.866 живородени деца или 60.1 % од вкупниот број на живородените деца во земјава, додека 7 207 или 39.9 % се живородени деца во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања има Скопскиот регион со 39.6 %, а најмало Источниот регион со 6.6 %. Во градските подрачја умреле 14 354 лица или 63.9 %, а 8 105 или 36.1 % умреле во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број умрени лица по региони има Скопскиот со 31.0 %, а најмало Североисточниот регион со 7.7 %. Во градските подрачја умреле 34 доенчиња, додека во селските подрачја 24. Природниот прираст кај населението e негативен и во градските подрачја е -3 488 лица, a во селските подрачја -898 лица. Од вкупниот број склучени бракови, 6 975 или 51.1 % се во градските подрачја, а 5 907 или 45.9 % во селските подрачја. Во градските подрачја имало 1005 разводи, односно 62.3 %, додека во селските подрачја 608 односно 37.7 % од вкупниот број разводи. Податоците за внатрешните миграции, покажуваат дека најголемо учество од 37.9 % имаат преселбите од село во град, наспроти меѓуградските преселби со 9.4 %. Во вкупните миграции на ниво на регион од село во град, најголемо учество има Источниот регион со 49.0 %, додека во Полошкиот регион најголемо учество имаат меѓуселските преселби, кои учествуваат со 54.4 %. Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот регион, 1 450 лица, а најмало во Југозападниот регион, односно -172 лица.

The post Се помалку бебиња се раѓаат во градовите, селата се селат во градовите appeared first on Република.

]]>