нефер практики во трговијата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nefer-praktiki-vo-trgovijata/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Sep 2023 12:12:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нефер практики во трговијата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nefer-praktiki-vo-trgovijata/ 32 32 Владата нема да биде нем сведок на нефер практики во трговијата кои одат директно на штета на семејниот буџет на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-nema-da-bide-nem-svedok-na-nefer-praktiki-vo-trgovijata-koi-odat-direktno-na-shteta-na-semejniot-budhet-na-graganite/ Tue, 12 Sep 2023 10:37:38 +0000 https://republika.mk/?p=681216

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи во просториите на Комисијата за заштита на конкуренцијата имаше работен состанок со нејзиниот претседател Владимир Наумовски.

На состанокот се зборуваше за ценовните движења во малопродажната мрежа на прехранбени продукти и постоењето на можности за присуство на трговски практики кои освен што ја нарушуваат слободната пазарна економија и конкуренцијата, носат и директна штета на граѓаните.

Вицепремиерот Битиќи истакна дека Владата нема да биде нем сведок на нефер или неетички практики во трговијата кои одат директно на штета на семејниот буџет на граѓаните.

Постојат реални околности кои укажуваат на вештачко фиксирање на цените на високо ниво како резултат на координирано договарање помеѓу трговците на цените на одредени производи, со што го контролираат и ограничуваат нивното слободно пазарно формирање, а со цел зголемување на нивната добивка. Оваа пракса оди директно на штета на граѓаните и производителите, и ова нема да го дозволиме, посочи вицепремиерот Битиќи.

Заеднички на состанокот беше констатирано дека е потребно отпочнување на постапки од страна на надлежните институции, вклучително и на Комисијата, а согласно законските надлежности, за истражување дали постојат одредени законски повреди и злоупотреби кои доведуваат до нефер зголемување на крајните цени за потрошувачите.

The post Владата нема да биде нем сведок на нефер практики во трговијата кои одат директно на штета на семејниот буџет на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи во просториите на Комисијата за заштита на конкуренцијата имаше работен состанок со нејзиниот претседател Владимир Наумовски.

На состанокот се зборуваше за ценовните движења во малопродажната мрежа на прехранбени продукти и постоењето на можности за присуство на трговски практики кои освен што ја нарушуваат слободната пазарна економија и конкуренцијата, носат и директна штета на граѓаните. Вицепремиерот Битиќи истакна дека Владата нема да биде нем сведок на нефер или неетички практики во трговијата кои одат директно на штета на семејниот буџет на граѓаните.