недвижнини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nedviznini/ За подобро да се разбереме Sat, 18 May 2024 09:48:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png недвижнини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nedviznini/ 32 32 Граѓаните лани потрошиле повеќе од 900 милиони евра за недвижности – еве што најмногу се купувало https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/graganite-lani-potroshile-poveke-od-900-milioni-evra-za-nedvizhnosti-eve-shto-najmnogu-se-kupuvalo/ Sat, 18 May 2024 09:48:20 +0000 https://republika.mk/?p=779450

Лани се регистрирани 32.971 трансакција за продажба и закуп на недвижнини. Од нив 23.545 се за купопродажби на недвижности и 9.426 закупи на недвижен имот. Ова го покажуваат податоците од Регистарот на цени и закупнини.

Купопродажбите според овие податоци лани се намалени за 4% споредено со тие во 2022 година, а закупите се зголемени за 9%.

Вредноста на регистрираните купопродажби со недвижности во 2023 година изнесува 910 милиони евра.

Минатата година најмногу купопродажби се регистрирани во март, 2.464, а најмалку. 1.722 имало во април.

Регистрирани се 19.093 продажби во вредност од 670 милиони евра, 3.712 купопродажби од инвеститор од 226 милиони евра, 683 откупи од страна на државата со вредност од 6 милиони евра, како и 54 продажби на лицитација во вредност од 57 милиони евра.

The post Граѓаните лани потрошиле повеќе од 900 милиони евра за недвижности – еве што најмногу се купувало appeared first on Република.

]]>

Лани се регистрирани 32.971 трансакција за продажба и закуп на недвижнини. Од нив 23.545 се за купопродажби на недвижности и 9.426 закупи на недвижен имот. Ова го покажуваат податоците од Регистарот на цени и закупнини. Купопродажбите според овие податоци лани се намалени за 4% споредено со тие во 2022 година, а закупите се зголемени за 9%. Вредноста на регистрираните купопродажби со недвижности во 2023 година изнесува 910 милиони евра. Минатата година најмногу купопродажби се регистрирани во март, 2.464, а најмалку. 1.722 имало во април. Регистрирани се 19.093 продажби во вредност од 670 милиони евра, 3.712 купопродажби од инвеститор од 226 милиони евра, 683 откупи од страна на државата со вредност од 6 милиони евра, како и 54 продажби на лицитација во вредност од 57 милиони евра.

The post Граѓаните лани потрошиле повеќе од 900 милиони евра за недвижности – еве што најмногу се купувало appeared first on Република.

]]>
Во следната деценија се очекува значителен раст на цените на недвижниот имот во целиот свет https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-slednata-detsenija-se-ochekuva-znachitelen-rast-na-tsenite-na-nedvizhniot-imot-vo-tseliot-svet/ Mon, 31 Jul 2023 13:16:18 +0000 https://republika.mk/?p=667314

Во следните 10 години цените на недвижниот имот значително ќе се зголемат во сите делови на светот, објави денеска Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.

Според резултатите од кварталното истражување на ИФО и Институтот за швајцарска економска политика (ИВП), цените на недвижностите ќе се зголемат во просек за девет отсто на глобално ниво во следната деценија.

Порастот на цените на недвижностите е повеќе поттикнат од факторите на побарувачка отколку од понудата, изјави истражувачот на ИФО, Тимо Вонер.

Цените на недвижностите во Западна Европа ќе се зголемат во просек за 6,4 отсто, а во Северна Европа за 9,9 проценти, додека во следните 10 години Јужна Европа очекува цените на недвижностите да пораснат за дури 18,4 отсто, а во Источна Европа за 14,9 проценти.

Цените на недвижностите во Велика Британија ќе се зголемат за 8,4 отсто, во Германија за 7,2 проценти, во Франција за 5,5 проценти и во САД - за шест отсто.

Според прогнозата во цените на недвижностите во Јужна Азија ќе пораснат за 25,1 проценти, во Западна Азија – за 22,4 отсто и Централна Америка - за 24,4 отсто.

Во многу региони во светот, зголемената побарувачка за недвижен имот расте поради повисокиот животен стандард и повисоките приходи, како и поради растот на населението и желбата за повеќе простор за живеење.

За 37 отсто од анкетираните експерти поради овие фактори е зголемувањето на цените на недвижниот имот на глобално ниво.

Додека 27 проценти од анкетираните експерти оценуваат дека растот на недвижниот имот се должи на ограничените производствени капацитети за изградба на нови станбени области, повисоките цени на градежните материјали и недостатокот на парцели.

Околу 12 отсто од експертите сметаат дека за поскапувањето на недвижностите најмногу се виновни монетарната политика, инфлацијата и владините политики во одредени земји.

На регионално ниво, очекувањата на експертите за цените на недвижностите се во голема корелација со нивните прогнози за инфлација.

Истражувањето е спроведено од 14 јуни до 2 јули, при што учествуваа 1.405 економски експерти од 133 земји.

The post Во следната деценија се очекува значителен раст на цените на недвижниот имот во целиот свет appeared first on Република.

]]>

Во следните 10 години цените на недвижниот имот значително ќе се зголемат во сите делови на светот, објави денеска Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен. Според резултатите од кварталното истражување на ИФО и Институтот за швајцарска економска политика (ИВП), цените на недвижностите ќе се зголемат во просек за девет отсто на глобално ниво во следната деценија. Порастот на цените на недвижностите е повеќе поттикнат од факторите на побарувачка отколку од понудата, изјави истражувачот на ИФО, Тимо Вонер. Цените на недвижностите во Западна Европа ќе се зголемат во просек за 6,4 отсто, а во Северна Европа за 9,9 проценти, додека во следните 10 години Јужна Европа очекува цените на недвижностите да пораснат за дури 18,4 отсто, а во Источна Европа за 14,9 проценти. Цените на недвижностите во Велика Британија ќе се зголемат за 8,4 отсто, во Германија за 7,2 проценти, во Франција за 5,5 проценти и во САД - за шест отсто. Според прогнозата во цените на недвижностите во Јужна Азија ќе пораснат за 25,1 проценти, во Западна Азија – за 22,4 отсто и Централна Америка - за 24,4 отсто. Во многу региони во светот, зголемената побарувачка за недвижен имот расте поради повисокиот животен стандард и повисоките приходи, како и поради растот на населението и желбата за повеќе простор за живеење. За 37 отсто од анкетираните експерти поради овие фактори е зголемувањето на цените на недвижниот имот на глобално ниво. Додека 27 проценти од анкетираните експерти оценуваат дека растот на недвижниот имот се должи на ограничените производствени капацитети за изградба на нови станбени области, повисоките цени на градежните материјали и недостатокот на парцели. Околу 12 отсто од експертите сметаат дека за поскапувањето на недвижностите најмногу се виновни монетарната политика, инфлацијата и владините политики во одредени земји. На регионално ниво, очекувањата на експертите за цените на недвижностите се во голема корелација со нивните прогнози за инфлација. Истражувањето е спроведено од 14 јуни до 2 јули, при што учествуваа 1.405 економски експерти од 133 земји.

The post Во следната деценија се очекува значителен раст на цените на недвижниот имот во целиот свет appeared first on Република.

]]>
Срби во последните неколку месеци купиле 15.000 недвижнини на Халкидики https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbi-vo-poslednite-nekolku-meseci-kupile-15-000-nedviznini-na-halkidiki/ Sat, 06 Aug 2022 20:51:59 +0000 https://republika.mk/?p=537555

Во страв од тоа што може да се случи со еврото, српските граѓани кои имаа заштеди побрзаа да купат недвижен имот. Во последните неколку месеци купиле 15.000 станови на грчки Халкидики.

Причината поради која во последните неколку месеци граѓаните на Србија, кои сакаа да ги вложат своите заштеди во недвижен имот, пазаруваат на северот на Грција е бидејќи цената за квадрат е пониска од онаа во Белград.

„Цената на квадрат во Солун, олимпискиот регион, на Халкидики е од 700-800 евра во предградијата до 1.800 евра на самиот Халкидики“, вели Ивана Апостоло од Атина за РТС.

Ивана Апостолу наведува дека за српските жители особено е привлечен северниот дел на Грција, кој е блиску до Солун и местата каде што традиционално летуваат.

Купувачи, додава, се претежно семејства, а најчесто се купуваат станови. За нив е важно станот да е блиску до море или барем да има поглед на море - околу 50 квадрати, да има еднен салон и една спална соба, како и една бања.

Постапката не се разликува многу кога странските државјани купуваат недвижен имот, но тешкотијата е јазикот.

Ивана Апостолу наведува дека данокот при купување недвижен имот е три отсто, а данокот што се плаќа секоја година зависи од повеќе фактори.

„Во зависност од тоа каде се наоѓа имотот, на кој кат се наоѓа и неколку други параметри – данокот е од три до седум евра за метар квадратен. Значи не е голема сума што ја одвојувате годишно. Ако имате стан од 50 квадрати ќе плаќаш данок од 150 годишно до 200 евра“, објаснува таа.

Во однос на економските проблеми и кризи во Грција, таа забележува дека земјата е во Европската унија, што на клиентите им дава уверување дека нема „да ја пуштат низ вода“ доколку нешто тргне наопаку.

The post Срби во последните неколку месеци купиле 15.000 недвижнини на Халкидики appeared first on Република.

]]>

Во страв од тоа што може да се случи со еврото, српските граѓани кои имаа заштеди побрзаа да купат недвижен имот. Во последните неколку месеци купиле 15.000 станови на грчки Халкидики. Причината поради која во последните неколку месеци граѓаните на Србија, кои сакаа да ги вложат своите заштеди во недвижен имот, пазаруваат на северот на Грција е бидејќи цената за квадрат е пониска од онаа во Белград. „Цената на квадрат во Солун, олимпискиот регион, на Халкидики е од 700-800 евра во предградијата до 1.800 евра на самиот Халкидики“, вели Ивана Апостоло од Атина за РТС. Ивана Апостолу наведува дека за српските жители особено е привлечен северниот дел на Грција, кој е блиску до Солун и местата каде што традиционално летуваат. Купувачи, додава, се претежно семејства, а најчесто се купуваат станови. За нив е важно станот да е блиску до море или барем да има поглед на море - околу 50 квадрати, да има еднен салон и една спална соба, како и една бања. Постапката не се разликува многу кога странските државјани купуваат недвижен имот, но тешкотијата е јазикот. Ивана Апостолу наведува дека данокот при купување недвижен имот е три отсто, а данокот што се плаќа секоја година зависи од повеќе фактори. „Во зависност од тоа каде се наоѓа имотот, на кој кат се наоѓа и неколку други параметри – данокот е од три до седум евра за метар квадратен. Значи не е голема сума што ја одвојувате годишно. Ако имате стан од 50 квадрати ќе плаќаш данок од 150 годишно до 200 евра“, објаснува таа. Во однос на економските проблеми и кризи во Грција, таа забележува дека земјата е во Европската унија, што на клиентите им дава уверување дека нема „да ја пуштат низ вода“ доколку нешто тргне наопаку.

The post Срби во последните неколку месеци купиле 15.000 недвижнини на Халкидики appeared first on Република.

]]>