недоверба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nedoverba/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Mar 2024 16:25:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png недоверба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nedoverba/ 32 32 Четири грчки опозициски партии бараат гласање недоверба на Владата на Мицотакис https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/chetiri-grchki-opozitsiski-partii-baraat-glasane-nedoverba-na-vladata-na-mitsotakis/ Tue, 26 Mar 2024 16:30:10 +0000 https://republika.mk/?p=759038

Пратениците од пратеничките групи на ПАСОК, СИРИЗА, Нова левица и на Курс на слобода попладнево до Парламентот доставија заеднички предлог за гласање недоверба на Владата на Кирјакос Мицотакис, по иницијативата на лидерот на ПАСОК Никос Андрулакис, а расправата на пленарна седница ќе започне вечерва и ќе заврши со гласање в четврток на полноќ, јави дописничката на МИА од Атина.

Текстот во весникот „То вима“ за монтираните аудиозаписи за железничката несреќа кај Темпи на 28 февруари 2023 година во која загинаа 57 лица, кај опозициските партии во Грција предизвика низа реакции, кои кулминираа со доставување на предлогот за гласање недоверба на актуелната Влада.

-Денеска преземам клучна институционална иницијатива, бидејќи веќе ѝ стана навика на Владата на Нова демократија, систематски да го поткопува владеењето на правото во земјата. Во низа скандали го живееме истото: корупција, прикривање, неказнивост. Во секој скандал, во секој владин неуспех, вашиот политички избор е да ја скриете вистината, наместо да тргнете по тешкиот пат на одговорност, порача лидерот на ПАСОК Никос Андрулакис на почетокот на неговото обраќање во Парламентот, истакнувајќи дека грчкиот народ бара отчет од одговорните.

Предлогот за гласање недоверба е потпишан од 85 пратеници (од вкупно 300 во Парламентот) и е поддржан од ПАСОК, СИРИЗА, Нова левица и Курс на слобода, а во него детално се објаснети причините за одлуката.

Потписниците се осврнуваат на сето она што следеше по железничката несреќа и како Владата управуваше со целиот случај, упатувајќи ѝ критики и обвинувања.

-Во методичниот обид да се прикрие вистината за трагедијата кај Темпи, сега се додаваат нови податоци кои покажуваат промена на разговорите на одговорниот на железничката станица со машиновозачите во Лариса ноќта на трагедијата, со цел да се зголеми, според приказната на Владата, човечката грешка како единствена причина за судирот и со тоа да се намалат постоечките владини одговорности во однос на состојбата на железничката мрежа, пишуваат потписниците на предлогот за гласање недоверба на Владата.

Дополнително обвинуваат дека Владата континуирано го деградира владеењето на правото, ја поткопува самата демократија и ја разнишува довербата на граѓаните кон политиката, институциите и правдата

-Ова, досега невидено, дискредитирање на владеењето на правото и институциите од страна на Владата не може да продолжи. Управувањето со земјата повеќе не може да биде оставено во рацете на Влада која систематски ја поткопува демократијата и нејзините институции и која за да ја задржи власта и да ги заштити нејзините функционери, не се колеба да го поткопа секој обид за расчистување на трагедијата со многу жртви, дефокусирајќи ја јавноста и стигнувајќи до точка да фалсификува докази за да го гарантира нејзиниот политички опстанок, пишуваат пратениците од четирите опозициски партии.

Откако предлогот за гласање недоверба на Владата беше доставен до претседателот на Парламентот Константинос Тасулас и беше одобрен со оглед на тоа дека ги исполнува условите за минимум 50 потписници, тридневната расправа ќе започне веднаш.

Тасулас објасни дека пратениците ќе расправаат денеска, утре и в четврток кога најдоцна до полноќ треба да се одржи гласањето.

Речиси невозможно е предлогот на опозициските партии да биде изгласан, со оглед на тоа што за Владата да ја загуби довербата потребно е да гласаат најмалку 151 од вкупно 300 пратеници во Парламентот, додека пак владејачката Нова демократија има мнозинство од 158 пратенички места.

The post Четири грчки опозициски партии бараат гласање недоверба на Владата на Мицотакис appeared first on Република.

]]>

Пратениците од пратеничките групи на ПАСОК, СИРИЗА, Нова левица и на Курс на слобода попладнево до Парламентот доставија заеднички предлог за гласање недоверба на Владата на Кирјакос Мицотакис, по иницијативата на лидерот на ПАСОК Никос Андрулакис, а расправата на пленарна седница ќе започне вечерва и ќе заврши со гласање в четврток на полноќ, јави дописничката на МИА од Атина. Текстот во весникот „То вима“ за монтираните аудиозаписи за железничката несреќа кај Темпи на 28 февруари 2023 година во која загинаа 57 лица, кај опозициските партии во Грција предизвика низа реакции, кои кулминираа со доставување на предлогот за гласање недоверба на актуелната Влада. -Денеска преземам клучна институционална иницијатива, бидејќи веќе ѝ стана навика на Владата на Нова демократија, систематски да го поткопува владеењето на правото во земјата. Во низа скандали го живееме истото: корупција, прикривање, неказнивост. Во секој скандал, во секој владин неуспех, вашиот политички избор е да ја скриете вистината, наместо да тргнете по тешкиот пат на одговорност, порача лидерот на ПАСОК Никос Андрулакис на почетокот на неговото обраќање во Парламентот, истакнувајќи дека грчкиот народ бара отчет од одговорните. Предлогот за гласање недоверба е потпишан од 85 пратеници (од вкупно 300 во Парламентот) и е поддржан од ПАСОК, СИРИЗА, Нова левица и Курс на слобода, а во него детално се објаснети причините за одлуката. Потписниците се осврнуваат на сето она што следеше по железничката несреќа и како Владата управуваше со целиот случај, упатувајќи ѝ критики и обвинувања. -Во методичниот обид да се прикрие вистината за трагедијата кај Темпи, сега се додаваат нови податоци кои покажуваат промена на разговорите на одговорниот на железничката станица со машиновозачите во Лариса ноќта на трагедијата, со цел да се зголеми, според приказната на Владата, човечката грешка како единствена причина за судирот и со тоа да се намалат постоечките владини одговорности во однос на состојбата на железничката мрежа, пишуваат потписниците на предлогот за гласање недоверба на Владата. Дополнително обвинуваат дека Владата континуирано го деградира владеењето на правото, ја поткопува самата демократија и ја разнишува довербата на граѓаните кон политиката, институциите и правдата -Ова, досега невидено, дискредитирање на владеењето на правото и институциите од страна на Владата не може да продолжи. Управувањето со земјата повеќе не може да биде оставено во рацете на Влада која систематски ја поткопува демократијата и нејзините институции и која за да ја задржи власта и да ги заштити нејзините функционери, не се колеба да го поткопа секој обид за расчистување на трагедијата со многу жртви, дефокусирајќи ја јавноста и стигнувајќи до точка да фалсификува докази за да го гарантира нејзиниот политички опстанок, пишуваат пратениците од четирите опозициски партии. Откако предлогот за гласање недоверба на Владата беше доставен до претседателот на Парламентот Константинос Тасулас и беше одобрен со оглед на тоа дека ги исполнува условите за минимум 50 потписници, тридневната расправа ќе започне веднаш. Тасулас објасни дека пратениците ќе расправаат денеска, утре и в четврток кога најдоцна до полноќ треба да се одржи гласањето. Речиси невозможно е предлогот на опозициските партии да биде изгласан, со оглед на тоа што за Владата да ја загуби довербата потребно е да гласаат најмалку 151 од вкупно 300 пратеници во Парламентот, додека пак владејачката Нова демократија има мнозинство од 158 пратенички места.

The post Четири грчки опозициски партии бараат гласање недоверба на Владата на Мицотакис appeared first on Република.

]]>
81,8% од Македонците сметаат дека законот не важи подеднакво за сите, 83% дека немаме независно судство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/81-8-od-makedontsite-smetaat-deka-zakonot-ne-vazhi-podednakvo-za-site-83-deka-nemame-nezavisno-sudstvo/ Sun, 19 Feb 2023 16:01:28 +0000 https://republika.mk/?p=610738

Две третини од граѓаните не веруваат дека во Македонија може да се добие фер и правично судење а близу три четвртини се на ставот дека законот не важи подеднакво за сите, покажува последната анкета која за „Детектор“ ја спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје.

Според неа, 65,7% од граѓаните се на ставот дека Во Македонија не може да се добие фер и правично судење додека во спротивното се убедени 19,3%.
Македонците и етнички Албанци комплетно различно гледаат на ова прашање, иако во мнозинство се согласуваат дека фер судење во Македонија не може да се добие. Сепак додека ваков став делат 73,2% од Македонците, „само“ 42% етнички Албанци сметаат дека не можете да добиете фер судење за разлика од 32,7% кои се на ставот дека во Македонија може да ви биде судено во фер постапка. Овој процент кај етничките Македонци е спуштен на само 14,8%.

73,9% од граѓаните велат дека во Македонија законот не важи подеднакво за сите, додека неселективност во правдата гледаат само 17,3%.

Споредбата на оваа анкета со анкетата која ИПИС за Детектор ја спроведе пред 4 години покажува дека нема некоја значителна разлика, иако постои благ раст на граѓани кои денеска сметаат дека законот не важи подеднакво за сите.

И по ова прашање значително се разликуваат ставовите ако се направи анализа на етничката структура на испитаниците. Па така, 81,8% од Македонците сметаат дека законот не важи подеднакво за сите, додека ваков став делат 51% етнички Албанци.

Гледано по региони, во вардарскиот и источниот регион над 90% од анкетираните сметаат дека правдата е селективна додека на југоистокот и во полошкиот регион ваков став делат околу 60% од истпитаниците.

70,9% од анкетираните велат дека македонското судство не е ефикасно, додека ефикасност перцепираат 16,4%.

И тука споредбата со претходната анкета која ИПИС за Детектор ја спроведе во 2019 дава раст на бројот на граѓани кои сметаат дека судството не е ефикасно, иако разликата не е многу голема.

Сепак, голема е разликата меѓу ставовите на Македонците и етничките Албанци по ова прашање. Додека близу 80% Македонци сметаат дека судството не е ефикасно ваков став делат само 46% етнички Албанци.

Генерално гледано, граѓаните имаат многу мала доверба во правосудниот систем. Во судството доверба имаат само 24% додека не му веруваат точно 70% од анкетираните. Тука некаде се и бројките за обвинителството. Тоа има недоверба кај 67% од анкетираните додека му веруваат 25%.

Во народниот правобранител доверба имаат 35% од граѓаните а недоверба 50,4%.

75,3% од анкетираните сметаат дека македонското правосудство не е независно додека само 11% сметаат дека тоа е отпорно на надворешни влијанија. Во споредба со нашата анкета од пред 4 години, има значителен раст на бројот на граѓани кои денеска сметаат дека судството не е независно. Ако оваа бројка во 2019 била фиксирана на нешто под 60%, денеска таа оди над 75%. И тука Македонците и етничките Албанци имаат прилично различни ставови. Додека 83%
Македонци сметаат дека немаме независно судство, ваков став делат 52,9% етнички Албанци.

Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1115 испитаници во периодот од 01 до 04 февруари оваа година.

The post 81,8% од Македонците сметаат дека законот не важи подеднакво за сите, 83% дека немаме независно судство appeared first on Република.

]]>

Две третини од граѓаните не веруваат дека во Македонија може да се добие фер и правично судење а близу три четвртини се на ставот дека законот не важи подеднакво за сите, покажува последната анкета која за „Детектор“ ја спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје. Според неа, 65,7% од граѓаните се на ставот дека Во Македонија не може да се добие фер и правично судење додека во спротивното се убедени 19,3%. Македонците и етнички Албанци комплетно различно гледаат на ова прашање, иако во мнозинство се согласуваат дека фер судење во Македонија не може да се добие. Сепак додека ваков став делат 73,2% од Македонците, „само“ 42% етнички Албанци сметаат дека не можете да добиете фер судење за разлика од 32,7% кои се на ставот дека во Македонија може да ви биде судено во фер постапка. Овој процент кај етничките Македонци е спуштен на само 14,8%. 73,9% од граѓаните велат дека во Македонија законот не важи подеднакво за сите, додека неселективност во правдата гледаат само 17,3%. Споредбата на оваа анкета со анкетата која ИПИС за Детектор ја спроведе пред 4 години покажува дека нема некоја значителна разлика, иако постои благ раст на граѓани кои денеска сметаат дека законот не важи подеднакво за сите. И по ова прашање значително се разликуваат ставовите ако се направи анализа на етничката структура на испитаниците. Па така, 81,8% од Македонците сметаат дека законот не важи подеднакво за сите, додека ваков став делат 51% етнички Албанци. Гледано по региони, во вардарскиот и источниот регион над 90% од анкетираните сметаат дека правдата е селективна додека на југоистокот и во полошкиот регион ваков став делат околу 60% од истпитаниците. 70,9% од анкетираните велат дека македонското судство не е ефикасно, додека ефикасност перцепираат 16,4%. И тука споредбата со претходната анкета која ИПИС за Детектор ја спроведе во 2019 дава раст на бројот на граѓани кои сметаат дека судството не е ефикасно, иако разликата не е многу голема. Сепак, голема е разликата меѓу ставовите на Македонците и етничките Албанци по ова прашање. Додека близу 80% Македонци сметаат дека судството не е ефикасно ваков став делат само 46% етнички Албанци. Генерално гледано, граѓаните имаат многу мала доверба во правосудниот систем. Во судството доверба имаат само 24% додека не му веруваат точно 70% од анкетираните. Тука некаде се и бројките за обвинителството. Тоа има недоверба кај 67% од анкетираните додека му веруваат 25%. Во народниот правобранител доверба имаат 35% од граѓаните а недоверба 50,4%. 75,3% од анкетираните сметаат дека македонското правосудство не е независно додека само 11% сметаат дека тоа е отпорно на надворешни влијанија. Во споредба со нашата анкета од пред 4 години, има значителен раст на бројот на граѓани кои денеска сметаат дека судството не е независно. Ако оваа бројка во 2019 била фиксирана на нешто под 60%, денеска таа оди над 75%. И тука Македонците и етничките Албанци имаат прилично различни ставови. Додека 83% Македонци сметаат дека немаме независно судство, ваков став делат 52,9% етнички Албанци. Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1115 испитаници во периодот од 01 до 04 февруари оваа година.

The post 81,8% од Македонците сметаат дека законот не важи подеднакво за сите, 83% дека немаме независно судство appeared first on Република.

]]>
Си купи уште време за владеење: Грчките пратеници не ѝ изгласаа недоверба на актуелната Влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/si-kupi-ushte-vreme-za-vladeene-grchkite-pratenitsi-ne-izglasaa-nedoverba-na-aktuelnata-vlada/ Fri, 27 Jan 2023 13:52:11 +0000 https://republika.mk/?p=601675

Со 143 гласа „за“ и 156 „против“, грчкиот Парламент го отфрли предлогот на опозициската СИРИЗА за недоверба на актуелната Влада.

За пад на Владата на Мицотакис, потребно беше предлогот на СИРИЗА да добие гласови од најмалку 151 од вкупно 300 пратеници во Парламентот.

Владејачката Нова демократија има 156 пратеници и сите беа против предлогот за недоверба на Владата.

На гласањето му претходеше тридневна расправа и говори на лидерите на сите политички партии, како и на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Поради скандалот со прислушувањата во земјата, лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, во средата достави предлог за гласање недоверба на Владата.

The post Си купи уште време за владеење: Грчките пратеници не ѝ изгласаа недоверба на актуелната Влада appeared first on Република.

]]>

Со 143 гласа „за“ и 156 „против“, грчкиот Парламент го отфрли предлогот на опозициската СИРИЗА за недоверба на актуелната Влада. За пад на Владата на Мицотакис, потребно беше предлогот на СИРИЗА да добие гласови од најмалку 151 од вкупно 300 пратеници во Парламентот. Владејачката Нова демократија има 156 пратеници и сите беа против предлогот за недоверба на Владата. На гласањето му претходеше тридневна расправа и говори на лидерите на сите политички партии, како и на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Поради скандалот со прислушувањата во земјата, лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, во средата достави предлог за гласање недоверба на Владата.

The post Си купи уште време за владеење: Грчките пратеници не ѝ изгласаа недоверба на актуелната Влада appeared first on Република.

]]>
Грчкиот Парламент денеска ќе гласа за предлогот на СИРИЗА за недоверба на Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grchkiot-parlament-deneska-ke-glasa-za-predlogot-na-siriza-za-nedoverba-na-vladata/ Fri, 27 Jan 2023 10:11:23 +0000 https://republika.mk/?p=601572

Грчкиот Парламент, по тридневна расправа, попладнево ќе гласа за предлогот на опозициската СИРИЗА за недоверба на актуелната Влада.

Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, поради скандалот со прислушувањата во земјата, во средата достави предлог за гласање недоверба на Владата.

На гласањето ќе му претходат говори на лидерите на сите политички партии, како и на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

За да биде изгласан предлогот на СИРИЗА и Владата да добие недоверба, потребно е мнозинство од 151 од вкупно 300 пратеници во Парламентот, додека пак владејачката Нова демократија има 156 пратеници.

The post Грчкиот Парламент денеска ќе гласа за предлогот на СИРИЗА за недоверба на Владата appeared first on Република.

]]>

Грчкиот Парламент, по тридневна расправа, попладнево ќе гласа за предлогот на опозициската СИРИЗА за недоверба на актуелната Влада. Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, поради скандалот со прислушувањата во земјата, во средата достави предлог за гласање недоверба на Владата. На гласањето ќе му претходат говори на лидерите на сите политички партии, како и на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. За да биде изгласан предлогот на СИРИЗА и Владата да добие недоверба, потребно е мнозинство од 151 од вкупно 300 пратеници во Парламентот, додека пак владејачката Нова демократија има 156 пратеници.

The post Грчкиот Парламент денеска ќе гласа за предлогот на СИРИЗА за недоверба на Владата appeared first on Република.

]]>
Петков по паѓањето на владата: Еден ден ќе имаме држава без задкулисни игри и без мафија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/petkov-po-pagjanjeto-na-vladata-eden-den-kje-imame-drzava-bez-zadkulisni-igri-i-bez-mafija/ Wed, 22 Jun 2022 17:23:10 +0000 https://republika.mk/?p=518585

Попладнево во бугарското Собрание со 116 гласови „за“ Владата и 123 против, од вкупно 239 пратеници, е изгласана недоверба на Владата на премиерот Кирил Петков.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, гласањето за недоверба, поднесено од партијата ГЕРБ-СДС против Владата на премиерот Петков, успеа.

Со тоа Кабинетот на доскорешната четирипартиска коалиција, од која неодамна излезе „Има таков народ“, не ги доби потребните 121 глас во пленарната сала, за да остане на власт.

Ми беше чест да водам Влада што е соборена од Пеевски, Борисов, Слави Трифонов и Митрофанова. Ветувам дека ќе продолжиме да ја браниме државата. Еден ден ќе имаме држава без задкулисни игри и без мафија. Една нормална европска држава - потенцира Петков од собраниската говорница.

Ова е прво успешно гласање за недоверба на Влада на Бугарија во нејзината понова историја. Аргументот на најголемата опозициска партија беше „неуспех на владата во финансиската политика“.

Сега претстои владата да си поднесе оставка. Претседателот на државата треба да почне консултации со партиите во Парламентот.

Бугарскиот премиер Кирил Петков по гласањето недоверба за неговата Влада во Парламентот на Бугарија, рече дека „ова гласање е мал чекор од еден долг пат“.

Според процедурата предвидена во Уставот на Бугарија, доколку гласањето недоверба на актуелна влада биде поддржано од мнозинство пратеници, ќе се направи нов обид за формирање на кабинет во рамките на тоа Народно собрание.

Првиот мандат ќе го добие најголемата група – „Продолжуваме со промената “, вториот до вториот по големина – ГЕРБ-СДС, а третиот ќе биде доделен на една од другите групи избрани од претседателот на државата. Ако и тогаш не се избере кабинет, шефот на државата назначува преодна влада, го распушта Националното собрание и закажува избори.

Падот на Владата на Петков е кулминација на политичката криза во Бугарија откако партијата „Има таков народ“ (ИТН) на Слави Трифонов ја напушти владината коалиција на 8 јуни. Трифонов тогаш рече дека ја напушта владата поради Македонија, тврдејќи дека Петков води паралелна надворешна политика од официјалната предводена од министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, која е од редовите на ИТН.

Владата на Петков, беше избрана со 134 гласа „за“ на 13 декември 2021 година, по одржани три циклуси парламентарни избори во земјата.

The post Петков по паѓањето на владата: Еден ден ќе имаме држава без задкулисни игри и без мафија appeared first on Република.

]]>

Попладнево во бугарското Собрание со 116 гласови „за“ Владата и 123 против, од вкупно 239 пратеници, е изгласана недоверба на Владата на премиерот Кирил Петков. Како што јави дописникот на МИА од Софија, гласањето за недоверба, поднесено од партијата ГЕРБ-СДС против Владата на премиерот Петков, успеа. Со тоа Кабинетот на доскорешната четирипартиска коалиција, од која неодамна излезе „Има таков народ“, не ги доби потребните 121 глас во пленарната сала, за да остане на власт.
Ми беше чест да водам Влада што е соборена од Пеевски, Борисов, Слави Трифонов и Митрофанова. Ветувам дека ќе продолжиме да ја браниме државата. Еден ден ќе имаме држава без задкулисни игри и без мафија. Една нормална европска држава - потенцира Петков од собраниската говорница.
Ова е прво успешно гласање за недоверба на Влада на Бугарија во нејзината понова историја. Аргументот на најголемата опозициска партија беше „неуспех на владата во финансиската политика“. Сега претстои владата да си поднесе оставка. Претседателот на државата треба да почне консултации со партиите во Парламентот. Бугарскиот премиер Кирил Петков по гласањето недоверба за неговата Влада во Парламентот на Бугарија, рече дека „ова гласање е мал чекор од еден долг пат“. Според процедурата предвидена во Уставот на Бугарија, доколку гласањето недоверба на актуелна влада биде поддржано од мнозинство пратеници, ќе се направи нов обид за формирање на кабинет во рамките на тоа Народно собрание. Првиот мандат ќе го добие најголемата група – „Продолжуваме со промената “, вториот до вториот по големина – ГЕРБ-СДС, а третиот ќе биде доделен на една од другите групи избрани од претседателот на државата. Ако и тогаш не се избере кабинет, шефот на државата назначува преодна влада, го распушта Националното собрание и закажува избори. Падот на Владата на Петков е кулминација на политичката криза во Бугарија откако партијата „Има таков народ“ (ИТН) на Слави Трифонов ја напушти владината коалиција на 8 јуни. Трифонов тогаш рече дека ја напушта владата поради Македонија, тврдејќи дека Петков води паралелна надворешна политика од официјалната предводена од министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, која е од редовите на ИТН. Владата на Петков, беше избрана со 134 гласа „за“ на 13 декември 2021 година, по одржани три циклуси парламентарни избори во земјата.

The post Петков по паѓањето на владата: Еден ден ќе имаме држава без задкулисни игри и без мафија appeared first on Република.

]]>
Пратениците од „Преродба“, „ИТН“ и ДПС ќе дадат поддршка за гласањето недоверба на владата на Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pratenicite-od-prerodba-itn-i-dps-kje-dadat-poddrshka-za-glasanjeto-nedoverba-na-vladata-na-bugarija/ Wed, 15 Jun 2022 07:38:52 +0000 https://republika.mk/?p=515344

Поддршка за изгласување недоверба на кабинетот „Петков“ изразија пратениците од бугарските политички партии„Преродба“, „Има таков народ“ и од ДПС, јави БТА.

Гласањето утринава го поднесе пратеничката група на ГЕРБ-СДС во Народното собрание со 59 потписи, а подносителите најавија дека тоа е неуспех на владата во финансиската и економската политика.

Пратениците од ИТН Станислав Балабанов, Ива Митева и претседателот на пратеничката група Тошко Јорданов ја коментираа темата пред новинарите пред почетокот на денешната седница на Народното собрание.

Изгласувањето недоверба на сегашниот кабинет ИТН го даде кога Трифонов рече дека ја напушта коалицијата - рече Јорданов.

Ива Митева изјави дека лично ќе го поддржи гласањето и очекува да се запознае со мотивите.

Има многу причини за тоа, рече таа и додаде дека очекува повеќето нејзини колеги да бидат за, но ова прашање се уште не е разговарано во пратеничката група.

Станислав Балабанов посочи дека бугарското општество треба да биде мирно за ажурирањето на буџетот. Според него, притисокот врз пратениците од нивната пратеничка група продолжува.

Дејан Петков, еден од оние кои ја напуштија пратеничката група на ИТН, рече дека ќе гласаат по сопствено убедување.

The post Пратениците од „Преродба“, „ИТН“ и ДПС ќе дадат поддршка за гласањето недоверба на владата на Бугарија appeared first on Република.

]]>

Поддршка за изгласување недоверба на кабинетот „Петков“ изразија пратениците од бугарските политички партии„Преродба“, „Има таков народ“ и од ДПС, јави БТА. Гласањето утринава го поднесе пратеничката група на ГЕРБ-СДС во Народното собрание со 59 потписи, а подносителите најавија дека тоа е неуспех на владата во финансиската и економската политика. Пратениците од ИТН Станислав Балабанов, Ива Митева и претседателот на пратеничката група Тошко Јорданов ја коментираа темата пред новинарите пред почетокот на денешната седница на Народното собрание.
Изгласувањето недоверба на сегашниот кабинет ИТН го даде кога Трифонов рече дека ја напушта коалицијата - рече Јорданов.
Ива Митева изјави дека лично ќе го поддржи гласањето и очекува да се запознае со мотивите. Има многу причини за тоа, рече таа и додаде дека очекува повеќето нејзини колеги да бидат за, но ова прашање се уште не е разговарано во пратеничката група. Станислав Балабанов посочи дека бугарското општество треба да биде мирно за ажурирањето на буџетот. Според него, притисокот врз пратениците од нивната пратеничка група продолжува. Дејан Петков, еден од оние кои ја напуштија пратеничката група на ИТН, рече дека ќе гласаат по сопствено убедување.

The post Пратениците од „Преродба“, „ИТН“ и ДПС ќе дадат поддршка за гласањето недоверба на владата на Бугарија appeared first on Република.

]]>
Почнува тридневна расправа за недоверба на грчката Влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pochnuva-tridnevna-rasprava-za-nedoverba-na-grchkata-vlada/ Fri, 28 Jan 2022 11:08:37 +0000 https://republika.mk/?p=450638

По доставеното барање од опозициската СИРИЗА, попладнево, во грчкиот Парламент започнува тридневната расправа за гласање недоверба на Владата, а гласањето ќе се одржи во недела навечер, јави дописничката на МИА од Атина.

За да биде изгласана недоверба на Владата потребно е мнозинство од 151 пратеник од вкупно 300 колку што брои грчкиот Парламент, а во моментов владата на Нова демократија има 157 пратеници, шест повеќе од минималната граница за парламентарно мнозинство.

Согласно грчкиот Устав и Деловникот на Парламентот, расправата трае три дена, завршува најдоцна на полноќ на третиот ден, а во случај на отфрлање и неизгласување на предлогот за недоверба, не е дозволено, во следните шест месеци да биде повторно доставено.

Лидерот на грчката опозициска партија СИРИЗА Алексис Ципрас за време на вчерашната расправа во Парламентот за закон од Министерството за развој, вонредно побара збор, упати остри критики и обвинувања до Владата за справувањето со снежната бура и достави предлог за гласање недоверба, на како што рече, „најлошата Влада во земјата по падот на Хунтата”.

-Оваа Влада треба што поскоро да си замине, што побрзо, толку подобро. Пред да биде доцна за општеството, за земјата, за демократијата, рече лидерот на СИРИЗА.

Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, коментираше дека Ципрас со конкретниот потег сака да остави впечаток „гледајќи дека неговото политичко влијание се намалува, а политичката иднина на неговата партија е несигурна”.

-Граѓаните ќе имаат можност да слушнат за низа прашања што ги засегаат, кои влијаат на нивните животи и сами да извлечат заклучоци, истакна Иконому во однос на расправата во Парламентот.

Лидерот на партијата Движење на промена- ПАСОК, Никос Андрулакис во интервју за телевизијата „Опен”, синоќа рече дека тие како партија нема да ѝ дадат никаква поддршка на Владата, но и потенцираше дека со 100 смртни случаи дневно од Ковид, смета дека не е време за избори.

Последен пат, предлог за гласање недоверба СИРИЗА достави во октомври 2020 година, а се однесуваше на министерот за финансии Христос Стајкурас.

Нова демократија, како опозиција, неколку дена пред потпишувањето на Договорот од Преспа во јуни 2018 година, достави барање за гласање недоверба на тогашната Влада на СИРИЗА и Алексис Ципрас.

The post Почнува тридневна расправа за недоверба на грчката Влада appeared first on Република.

]]>

По доставеното барање од опозициската СИРИЗА, попладнево, во грчкиот Парламент започнува тридневната расправа за гласање недоверба на Владата, а гласањето ќе се одржи во недела навечер, јави дописничката на МИА од Атина. За да биде изгласана недоверба на Владата потребно е мнозинство од 151 пратеник од вкупно 300 колку што брои грчкиот Парламент, а во моментов владата на Нова демократија има 157 пратеници, шест повеќе од минималната граница за парламентарно мнозинство. Согласно грчкиот Устав и Деловникот на Парламентот, расправата трае три дена, завршува најдоцна на полноќ на третиот ден, а во случај на отфрлање и неизгласување на предлогот за недоверба, не е дозволено, во следните шест месеци да биде повторно доставено. Лидерот на грчката опозициска партија СИРИЗА Алексис Ципрас за време на вчерашната расправа во Парламентот за закон од Министерството за развој, вонредно побара збор, упати остри критики и обвинувања до Владата за справувањето со снежната бура и достави предлог за гласање недоверба, на како што рече, „најлошата Влада во земјата по падот на Хунтата”. -Оваа Влада треба што поскоро да си замине, што побрзо, толку подобро. Пред да биде доцна за општеството, за земјата, за демократијата, рече лидерот на СИРИЗА. Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, коментираше дека Ципрас со конкретниот потег сака да остави впечаток „гледајќи дека неговото политичко влијание се намалува, а политичката иднина на неговата партија е несигурна”. -Граѓаните ќе имаат можност да слушнат за низа прашања што ги засегаат, кои влијаат на нивните животи и сами да извлечат заклучоци, истакна Иконому во однос на расправата во Парламентот. Лидерот на партијата Движење на промена- ПАСОК, Никос Андрулакис во интервју за телевизијата „Опен”, синоќа рече дека тие како партија нема да ѝ дадат никаква поддршка на Владата, но и потенцираше дека со 100 смртни случаи дневно од Ковид, смета дека не е време за избори. Последен пат, предлог за гласање недоверба СИРИЗА достави во октомври 2020 година, а се однесуваше на министерот за финансии Христос Стајкурас. Нова демократија, како опозиција, неколку дена пред потпишувањето на Договорот од Преспа во јуни 2018 година, достави барање за гласање недоверба на тогашната Влада на СИРИЗА и Алексис Ципрас.

The post Почнува тридневна расправа за недоверба на грчката Влада appeared first on Република.

]]>
Ципрас достави предлог за гласање недоверба на Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/cipras-dostavi-predlog-za-glasanje-nedoverba-na-vladata/ Thu, 27 Jan 2022 10:57:20 +0000 https://republika.mk/?p=450193

Лидерот на грчката опозициска партија СИРИЗА, Алексис Ципрас достави предлог за гласање недоверба на Владата, јави дописничката на МИА од Атина.

За време на расправата во Парламентот за закон од Министерството за развој, Ципрас вонредно побара збор, упати остри критики и обвинувања до Владата, особено за справувањето со снежната бура и истакна дека вонредно бара збор за да достави предлог за гласање недоверба на „најлошата Влада во земјата по падот на Хунтата“.

Владата на Нова демократија во Парламентот има 157 пратеници, шест повеќе од минималната граница за парламентарно мнозинство.

The post Ципрас достави предлог за гласање недоверба на Владата appeared first on Република.

]]>

Лидерот на грчката опозициска партија СИРИЗА, Алексис Ципрас достави предлог за гласање недоверба на Владата, јави дописничката на МИА од Атина. За време на расправата во Парламентот за закон од Министерството за развој, Ципрас вонредно побара збор, упати остри критики и обвинувања до Владата, особено за справувањето со снежната бура и истакна дека вонредно бара збор за да достави предлог за гласање недоверба на „најлошата Влада во земјата по падот на Хунтата“. Владата на Нова демократија во Парламентот има 157 пратеници, шест повеќе од минималната граница за парламентарно мнозинство.

The post Ципрас достави предлог за гласање недоверба на Владата appeared first on Република.

]]>