недоверба на влада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nedoverba-na-vlada/ За подобро да се разбереме Mon, 20 Mar 2023 18:42:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png недоверба на влада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nedoverba-na-vlada/ 32 32 Француската влада го „преживеа“ гласањето недоверба во парламентот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsuskata-vlada-go-prezhivea-glasaneto-nedoverba-vo-parlamentot/ Mon, 20 Mar 2023 19:40:17 +0000 https://republika.mk/?p=621743

Француската влада денеска со мало мнозинство го „преживеа“ гласањето недоверба во собранието.

За недоверба на француската Влада гласаа 278 пратеници, а за усвојување на тој предлог беа потребни уште девет гласа - 287.

Гласањето дојде откако Долниот дом на парламентот минатата недела ја усвои непопуларната реформа на пензискиот систем, со која минималната возраст за пензионирање ќе се зголеми од 62 на 64 години.

The post Француската влада го „преживеа“ гласањето недоверба во парламентот appeared first on Република.

]]>

Француската влада денеска со мало мнозинство го „преживеа“ гласањето недоверба во собранието.

За недоверба на француската Влада гласаа 278 пратеници, а за усвојување на тој предлог беа потребни уште девет гласа - 287.

Гласањето дојде откако Долниот дом на парламентот минатата недела ја усвои непопуларната реформа на пензискиот систем, со која минималната возраст за пензионирање ќе се зголеми од 62 на 64 години.

The post Француската влада го „преживеа“ гласањето недоверба во парламентот appeared first on Република.

]]>
Собранието на Црна Гора расправа за недоверба на Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sobranieto-na-crna-gora-rasprava-za-nedoverba-na-vladata/ Fri, 04 Feb 2022 14:54:11 +0000 https://republika.mk/?p=454300

Пратениците во црногорскиот Парламент расправаат за предлогот на опозицијата и коалицијата „Црно-бело“ да и се изгласа недоверба на Владата.

Премиерот Здравко Кривокапиќ и поголем дел од министрите во пресрет на почетокот на седницата ја напуштија собраниската сала. Министерот за капитални инвестиции Младен Бојаниќ е единствен претставник на Владата во собраниската сала.

Предлогот за гласање недоверба го образложи пратеникот на ГП УРА, Милош Конатар, кој рече дека не верувал дека ниту премиерот, ниту министрите, освен министерот за капитални инвестиции, нема да бидат во салата кога ќе се разговара за предлогот за недоверба на Владата.

Нивниот однос е една од причините зошто разговараме за ова. Разговараме за одлука која е тешка. Тешките времиња и политичката криза бараа тешки одлуки од нас. Подготвени сме да преземеме одговорност за оваа одлука - изјави Конатар.

Тој додаде дека нема одлука која е доволно тешка кога е во прашање интересот на граѓаните на Црна Гора.

Оваа влада од почетокот функционираше како малцинска, често се случуваше да не можеме да дојдеме ниту до 41 глас поддршка, а не 49 за важни одлуки и избор на клучни луѓе во судството - рече Конатар.

Тој оцени дека Владата денеска ќе падне.

Денеска е јасно дека Владата нема доверба од Парламентот и ќе и биде изгласана недоверба. Обрнете внимание колку пратеници денеска ќе гласаат против овој предлог, јас проценувам 11 или 12 пратеници. Тоа покажува колку поддршка има оваа Влада - истакна Конатар.

The post Собранието на Црна Гора расправа за недоверба на Владата appeared first on Република.

]]>

Пратениците во црногорскиот Парламент расправаат за предлогот на опозицијата и коалицијата „Црно-бело“ да и се изгласа недоверба на Владата. Премиерот Здравко Кривокапиќ и поголем дел од министрите во пресрет на почетокот на седницата ја напуштија собраниската сала. Министерот за капитални инвестиции Младен Бојаниќ е единствен претставник на Владата во собраниската сала. Предлогот за гласање недоверба го образложи пратеникот на ГП УРА, Милош Конатар, кој рече дека не верувал дека ниту премиерот, ниту министрите, освен министерот за капитални инвестиции, нема да бидат во салата кога ќе се разговара за предлогот за недоверба на Владата.
Нивниот однос е една од причините зошто разговараме за ова. Разговараме за одлука која е тешка. Тешките времиња и политичката криза бараа тешки одлуки од нас. Подготвени сме да преземеме одговорност за оваа одлука - изјави Конатар.
Тој додаде дека нема одлука која е доволно тешка кога е во прашање интересот на граѓаните на Црна Гора.
Оваа влада од почетокот функционираше како малцинска, често се случуваше да не можеме да дојдеме ниту до 41 глас поддршка, а не 49 за важни одлуки и избор на клучни луѓе во судството - рече Конатар.
Тој оцени дека Владата денеска ќе падне.
Денеска е јасно дека Владата нема доверба од Парламентот и ќе и биде изгласана недоверба. Обрнете внимание колку пратеници денеска ќе гласаат против овој предлог, јас проценувам 11 или 12 пратеници. Тоа покажува колку поддршка има оваа Влада - истакна Конатар.

The post Собранието на Црна Гора расправа за недоверба на Владата appeared first on Република.

]]>
Грчкиот парламент вечерва ќе гласа доверба на Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grchkiot-parlament-vecherva-kje-glasa-doverba-na-vladata/ Sun, 30 Jan 2022 08:05:53 +0000 https://republika.mk/?p=451424

Грчкиот Парламент вечерва ќе гласа за предлогот на опозициската СИРИЗА за недоверба на Владата, предлог што се чини дека нема да биде изгласан со оглед на тоа дека Нова демократија има 157 пратеници, шест повеќе од минималната граница за парламентарно мнозинство, јави дописничката на МИА од Атина.

Тридневната расправа започна во петокот попладне, а вечерва ќе кулминира со обраќањата на претседателите на партиите и на грчкиот премиер, по што ќе следи гласањето.

Жестоката дискусија меѓу лидерот на СИРИЗА и премиерот дојде 24 часа порано од очекувањето, откако по говорот на министерот за климатска криза и цивилна заштита, збор побара Ципрас, а веднаш по него и Мицотакис.

Христос Стилијанидис, министерот надлежен за цивилна заштита, говореше за справувањето со снежната бура, рече дека постоеле пропусти, грешки, недостиг на координација, дека потребна е „воена соба“ (War Room) за брзо носење одлуки, но и дека земјата нема современи радари за навремена прогноза.

Сепак одговорност ја префрли на приватната компанија концесионер што управува со автопатот на кој со часови беа заглавени автомобили.

Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, веднаш по говорот на Стилијанидис побара збор, порача дека извинувањето на Владата е лицемерно, побара да се објави записникот од состаноците и надлежните да кажат каде згрешиле.

-Кога се извинувате, ќе објасните зошто се извинувате. Ако ја префрлате одговорноста на другите, тогаш ова извинување, господине Мицотакис, е изговор, лицемерно е и ќе ви суди грчкиот народ. Во многу тешки моменти за мојата Влада презедов политичка одговорност и министри си поднесоа оставки. Тогаш велевте дека нема политичка одговорност без оставки, истакна Ципрас.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис рече дека преферира искрено извинување со самокритика, наспроти никакво извинување, ги спомена пожарите и поплавите во Атина за време на Владата на СИРИЗА, велејќи дека тогаш, од Ципрас не слушнале извинување за 120 мртви.

Во однос на снежната бура и заглавените возила, повтори дека иако постоеле грешки, сепак најголемата одговорност ја има приватната компанија што управува со автопатот, а не државата.

-Што се однесува на прашањето со снегот, сакам да ви кажам дека ниту еден метеоролог не го предвиде обемот на снег што падна во центарот на Атина. И за разлика од други снежни бури, снегот паѓаше напладне, обично паѓа ноќе, а ниту еден метеоролог не предвиде дека ќе падне половина метар во центарот на Атина и во северните предградија, рече Мицотакис.

Додаде дека ако имале можност за такво предвидување, тогаш градот ќе го затвореа уште од претходната вечер и објасни дека не станува збор за политичка храброст, туку за искористување и анализа на податоците што се на располагање.

The post Грчкиот парламент вечерва ќе гласа доверба на Владата appeared first on Република.

]]>

Грчкиот Парламент вечерва ќе гласа за предлогот на опозициската СИРИЗА за недоверба на Владата, предлог што се чини дека нема да биде изгласан со оглед на тоа дека Нова демократија има 157 пратеници, шест повеќе од минималната граница за парламентарно мнозинство, јави дописничката на МИА од Атина. Тридневната расправа започна во петокот попладне, а вечерва ќе кулминира со обраќањата на претседателите на партиите и на грчкиот премиер, по што ќе следи гласањето. Жестоката дискусија меѓу лидерот на СИРИЗА и премиерот дојде 24 часа порано од очекувањето, откако по говорот на министерот за климатска криза и цивилна заштита, збор побара Ципрас, а веднаш по него и Мицотакис. Христос Стилијанидис, министерот надлежен за цивилна заштита, говореше за справувањето со снежната бура, рече дека постоеле пропусти, грешки, недостиг на координација, дека потребна е „воена соба“ (War Room) за брзо носење одлуки, но и дека земјата нема современи радари за навремена прогноза. Сепак одговорност ја префрли на приватната компанија концесионер што управува со автопатот на кој со часови беа заглавени автомобили. Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, веднаш по говорот на Стилијанидис побара збор, порача дека извинувањето на Владата е лицемерно, побара да се објави записникот од состаноците и надлежните да кажат каде згрешиле. -Кога се извинувате, ќе објасните зошто се извинувате. Ако ја префрлате одговорноста на другите, тогаш ова извинување, господине Мицотакис, е изговор, лицемерно е и ќе ви суди грчкиот народ. Во многу тешки моменти за мојата Влада презедов политичка одговорност и министри си поднесоа оставки. Тогаш велевте дека нема политичка одговорност без оставки, истакна Ципрас. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис рече дека преферира искрено извинување со самокритика, наспроти никакво извинување, ги спомена пожарите и поплавите во Атина за време на Владата на СИРИЗА, велејќи дека тогаш, од Ципрас не слушнале извинување за 120 мртви. Во однос на снежната бура и заглавените возила, повтори дека иако постоеле грешки, сепак најголемата одговорност ја има приватната компанија што управува со автопатот, а не државата. -Што се однесува на прашањето со снегот, сакам да ви кажам дека ниту еден метеоролог не го предвиде обемот на снег што падна во центарот на Атина. И за разлика од други снежни бури, снегот паѓаше напладне, обично паѓа ноќе, а ниту еден метеоролог не предвиде дека ќе падне половина метар во центарот на Атина и во северните предградија, рече Мицотакис. Додаде дека ако имале можност за такво предвидување, тогаш градот ќе го затвореа уште од претходната вечер и објасни дека не станува збор за политичка храброст, туку за искористување и анализа на податоците што се на располагање.

The post Грчкиот парламент вечерва ќе гласа доверба на Владата appeared first on Република.

]]>