недостиг на лекови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nedostig-na-lekovi/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Mar 2024 08:17:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png недостиг на лекови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nedostig-na-lekovi/ 32 32 Повторно поради тендер пацинетите со мултипла склероза се оставени без лекови https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/povtorno-poradi-tender-patsinetite-so-multipla-skleroza-se-ostaveni-bez-lekovi/ Wed, 13 Mar 2024 18:56:35 +0000 https://republika.mk/?p=754524

Живот во болка заради неизвесни тендери – вака живеат пациентите со ретки болести во Македонија. Болните со мултипла склероза повторно се соочуваат со недостиг на терапија, пренесува „Алфа“, откривајќи дека инекциите „копаксон”, кои им се неопходни, ги нема на Клиниката за неврологија, а кога ќе пристигнат не се знае. Директорот оваа здравствена установа за телевизијата вели дека во тек е постапката за набавка на лекот, но не откри кога ќе го добијат пацинетите.

Постапката е во тек.Се очекува да заврши во брзо време.Односно, да помине управната контрола.Нема потреба за грижа, пацинетите ќе ја добијат потребната терапија, вели директорот на неврологија Висар Мифтари.

Но проблемот на болните со мултипла склероза не е само недостигот на терапија. Пациентите се жалат дека се приморани да патуваат по три часа до Скопје за да си ги подигнат лековите, затоа што терапиите ги има само на Клиниката за неврологија.

Лицата со МС бараат навремена дијагностика и современ третман со нови лекови.

Доцнењето на терапии поради тендерски процедури е проблем заради кој Здруженијата на пациенти бараат нешто да се смени во ситемот на набавки. Најпогодени се пацинетите со ретки болести.

The post Повторно поради тендер пацинетите со мултипла склероза се оставени без лекови appeared first on Република.

]]>

Живот во болка заради неизвесни тендери – вака живеат пациентите со ретки болести во Македонија. Болните со мултипла склероза повторно се соочуваат со недостиг на терапија, пренесува „Алфа“, откривајќи дека инекциите „копаксон”, кои им се неопходни, ги нема на Клиниката за неврологија, а кога ќе пристигнат не се знае. Директорот оваа здравствена установа за телевизијата вели дека во тек е постапката за набавка на лекот, но не откри кога ќе го добијат пацинетите.
Постапката е во тек.Се очекува да заврши во брзо време.Односно, да помине управната контрола.Нема потреба за грижа, пацинетите ќе ја добијат потребната терапија, вели директорот на неврологија Висар Мифтари.
Но проблемот на болните со мултипла склероза не е само недостигот на терапија. Пациентите се жалат дека се приморани да патуваат по три часа до Скопје за да си ги подигнат лековите, затоа што терапиите ги има само на Клиниката за неврологија. Лицата со МС бараат навремена дијагностика и современ третман со нови лекови. Доцнењето на терапии поради тендерски процедури е проблем заради кој Здруженијата на пациенти бараат нешто да се смени во ситемот на набавки. Најпогодени се пацинетите со ретки болести.

The post Повторно поради тендер пацинетите со мултипла склероза се оставени без лекови appeared first on Република.

]]>