Неџат Курт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nedhat-kurt/ За подобро да се разбереме Thu, 08 Aug 2024 12:06:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Неџат Курт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nedhat-kurt/ 32 32 Царина ќе ги зајакнува контролите и присуството на Меѓународниот аеродром – Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tsarina-ke-gi-zajaknuva-kontrolite-i-prisustvoto-na-megunarodniot-aerodrom-skopje/ Thu, 08 Aug 2024 12:06:48 +0000 https://republika.mk/?p=804579

Унапредување на процесите на царинење преку унапредување на анализата на ризик со цел поголеми приходи во Буџетот, поголемо присуство на царинските службеници во делот на селекција на сомнителни пратки, како и подобрување на информираноста на граѓаните за пријавување на стоката при влез и излез од државата. Ова беа суштинските заклучоци од денешната средба на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски со генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, сооштуваат од Царинската управа.

Главен приоритет ми е жестока борба со криминалот и корупцијата, но и менување на свеста кај царинските службеници. Ова е тимска работа и заедно мора да водиме заедничка борба со цел да ги движиме работите напред. Секој царински службеник мора да стане свесен дека секој ден доаѓа на работа за да испорача конкретни резултати кои ќе бидат видливи преку поголеми приходи во Буџетот и да спречи криминал, истакнал Николовски.

Двете страни се согласиле дека ова е заедничка борба и оти заеднички мора да се работи на унапредување на соработката, сè со цел модернизација на процесите и подобрување на имиџот на институциите кои се огледало на државата, како и сузбивање на криминалот.

The post Царина ќе ги зајакнува контролите и присуството на Меѓународниот аеродром – Скопје appeared first on Република.

]]>

На скопскиот аеродром веќе нема да се доаѓа три часа пред летот, заврши системот за ракување со багаж https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/na-skopskiot-aerodrom-veke-nema-da-se-doaga-tri-chasa-pred-letot-zavrshi-sistemot-za-rakuvane-so-bagazh/ Wed, 06 Dec 2023 15:33:50 +0000 https://republika.mk/?p=720422

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, ја заврши надградбата на системот за ракување со багаж и инсталацијата на нов уред за скенирање багаж на скопскиот аеродром, што претставува уште една капитална инвестиција во вредност од 2,4 милиони евра.

Процесот на надградба на системот за ракување со багаж на Меѓународниот Аеродром Скопје и инсталацијата на новиот уред за скенирање почна на 9-ти октомври, а заврши на 28-ми ноември.

Целиот проект е завршен за помалку од 2 месеца, а во тој период активностите опфатија демонтирање на рендген уредот „Стандард 2“, инсталирање нов, уред за скенирање „Стандард 3“ и опрема и тестирање на најнова технологија пред пуштањето во употреба.

„ТАВ како водечки аеродромски оператор, со задоволство го објавува завршувањето на големиот проект и значајната инвестиција во надградбата на системот за ракување со багаж на Меѓународниот Аеродром Скопје. Оваа голема инвестиција од 2,4 милиони евра на скопскиот аеродром и самиот проект за надградба на системот за ракување со багаж ќе резултира со оптимизација на внатрешните аеродромски операции и значително ќе придонесе за подобрување на целокупното патничко искуство за нашите патници. Со најновата технологија за безбедносна проверка, компјутерска томографија, капацитетот за проверка на багажот сега е зголемен за 30%, или 1800 парчиња багаж на час. Новата, врвна технологија на системот за ракување со багаж, напредното следење на багажот, зголемениот капацитет и намаленото време на обработка, се дел од нашата визија за иднината на воздушниот сообраќај и ја докажуваат нашата посветеност да обезбедиме беспрекорно патничко искуство, оперативна ефикасност и патничко задоволство. Затоа, скопскиот аеродром сега е подготвен да ги редефинира стандардите за ракување со багажот во регионот. Уверени сме дека ваквите подобрувања и обезбедувањето неспоредлива услуга за нашите патници и авиокомпании дополнително ќе ја зајакнат позицијата на скопскиот аеродром во регионот.“ – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Сега патниците кои патуваат од скопскиот аеродром за да ги завршат сите аеродромски процедури, може да пристигнуваат на аеродромот 2 часа пред летот.  

The post На скопскиот аеродром веќе нема да се доаѓа три часа пред летот, заврши системот за ракување со багаж appeared first on Република.

]]>

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, ја заврши надградбата на системот за ракување со багаж и инсталацијата на нов уред за скенирање багаж на скопскиот аеродром, што претставува уште една капитална инвестиција во вредност од 2,4 милиони евра. Процесот на надградба на системот за ракување со багаж на Меѓународниот Аеродром Скопје и инсталацијата на новиот уред за скенирање почна на 9-ти октомври, а заврши на 28-ми ноември. Целиот проект е завршен за помалку од 2 месеца, а во тој период активностите опфатија демонтирање на рендген уредот „Стандард 2“, инсталирање нов, уред за скенирање „Стандард 3“ и опрема и тестирање на најнова технологија пред пуштањето во употреба.