недела Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nedela/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Oct 2024 17:11:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png недела Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nedela/ 32 32 Привремен режим на сообраќај за време на одржувањето на Скопскиот маратон в недела https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/privremen-rezhim-na-soobrakaj-za-vreme-na-odrzhuvaneto-na-skopskiot-maraton-v-nedela/ Fri, 04 Oct 2024 17:11:51 +0000 https://republika.mk/?p=822838

Поради претстојното 20. јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон, што ќе се одржи на в недела, на 6 октомври, а на кој ќе учествуваат рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји, во недела со почеток од 03:00 часот, ќе важи привремен режим на сообраќај во главниот град.

Ова значи дека одредени улици ќе бидат целосно или делумно затворени за сообраќај во периодот на одржување на маратонот, а променетиот режим ќе биде на сила до завршувањето на маратонот, до 14 часот.

На 6 октомври, започнувајќи од 03:00 часот, сообраќајот ќе биде затворен од Градска Болница, сѐ до Палома Бјанка, а целата патека се затвора исто во недела, 06.10.2024, од 06:00 часот.

Целта на сите трки е на Плоштад Македонија. Локација за старт на сите трки e Собрание на Р. Македонија. Време за старт на сите трки e 08:00 часот, но организаторите апелираат тркачит да дојдат барем 20 минути порано. При влез во старт зоната, се апелира секој тркач да влезе во соодветниот бокс за својата трка или таргет време што го има одбрано при процесот на регистрација, сѐ со цел да не се создаваат турканици. Тркачите на маратонската, полумаратонската и штафетната трка ќе тргнат во правец кон Католичка Црква, а тркачите на трката Комерцијална Банка 5км ќе трнат во правец кон Црвен Крст.

Патеката за маратонската трка, полумаратонот и штафетната трка, ќе стартува на улицата „11 Октомври“ пред Собранието и тргнува во правец кон запад по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Тркачите ќе трчаат право во двете насоки до крај на овој булевар и продолжуваат право по ул. „Васил Чакаларов“, каде по семафорите во населба Хром, ќе свртат полукружно и ќе се вратат во правец кон центар по истите улици и булевари. Кога ќе се враќаат тркачите кај Собрание, ја продолжуваат трасата по улица „11 Октомври“ кон Црвен Крст и ќе свртат кај Тутунски комбинат лево на бул. „Крушевска Република“ и десно на „Трета Македонска Бригада“. По неа ќе се трча до раскрсницата кај Американ Колеџ и ќе се врти лево по улица „Васко Карангелески“. Потоа ќе трчаат право сѐ до раскрсницата со бул. „Јане Сандански“. На раскрсницата ќе се врти десно и ќе се трча сѐ до раскрсницата со Бул. „Србија“, каде, пред неа се врти полукружно во истата коловозна страна (другата страна од булеварот е слободна за сообраќај во правец кон Центар) и ќе трчаат до пред раскрсницата кај Тобако 2. Тркачите полукружно ќе се враќаат до раскрсницата кај Сансет, ул. „Васко Карангелески“, десно до крај и повторно десно ќе излезат на „Трета Македонска Бригада“. Трчаат по истата патека до Собрание, полумаратонците финишираат на Плоштад Македонија, а Маратонците трчаат уште еден круг.

За патеката за трката на 5 км, стартот е пред Собранието, по кое натпреварувачите ќе трчаат во правец на населба Аеродром, односно кај Тутунски комбинат ќе свртат лево, по „Трета македонска бригада“ и кај Супермаркетот Тинекс ќе свртат полукружно и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“.

Организаторите на Виз Ер Скопскиот маратон ги замолуваат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ги користат алтернативните решенија за сообраќај. Исто така, СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката. Од ЈСП Скопје, пак, ги информираат скопјани дека во период од 07:00 до 14:00 часот, поради одржување на маратонот, дел од возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај. Во период од 07:00 до 14:00 часот нема да сообраќаат линиите: 3, 3Б, 4, 4А, 9, 16, 22А, 24, 25, 59Б.

На Маратон и Спорт Експо 2024 на 4 и 5 октомври во СЦ Јане Сандански секој тркач може да го подигне својот стартен пакет во период од 10:00 до 20:00 часот. Влезот на Експото е бесплатен. На 5 октомври (сабота) од 17:00 до 20:00 часот ќе се одржи и традиционалната pasta party.

Министерството за спорт е главен покровител на Виз Ер Скопски маратон 2024, а покровители се Град Скопје и Делегацијата на ЕУ во Скопје.

The post Привремен режим на сообраќај за време на одржувањето на Скопскиот маратон в недела appeared first on Република.

]]>

Поради претстојното 20. јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон, што ќе се одржи на в недела, на 6 октомври, а на кој ќе учествуваат рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји, во недела со почеток од 03:00 часот, ќе важи привремен режим на сообраќај во главниот град. Ова значи дека одредени улици ќе бидат целосно или делумно затворени за сообраќај во периодот на одржување на маратонот, а променетиот режим ќе биде на сила до завршувањето на маратонот, до 14 часот. На 6 октомври, започнувајќи од 03:00 часот, сообраќајот ќе биде затворен од Градска Болница, сѐ до Палома Бјанка, а целата патека се затвора исто во недела, 06.10.2024, од 06:00 часот. Целта на сите трки е на Плоштад Македонија. Локација за старт на сите трки e Собрание на Р. Македонија. Време за старт на сите трки e 08:00 часот, но организаторите апелираат тркачит да дојдат барем 20 минути порано. При влез во старт зоната, се апелира секој тркач да влезе во соодветниот бокс за својата трка или таргет време што го има одбрано при процесот на регистрација, сѐ со цел да не се создаваат турканици. Тркачите на маратонската, полумаратонската и штафетната трка ќе тргнат во правец кон Католичка Црква, а тркачите на трката Комерцијална Банка 5км ќе трнат во правец кон Црвен Крст. Патеката за маратонската трка, полумаратонот и штафетната трка, ќе стартува на улицата „11 Октомври“ пред Собранието и тргнува во правец кон запад по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Тркачите ќе трчаат право во двете насоки до крај на овој булевар и продолжуваат право по ул. „Васил Чакаларов“, каде по семафорите во населба Хром, ќе свртат полукружно и ќе се вратат во правец кон центар по истите улици и булевари. Кога ќе се враќаат тркачите кај Собрание, ја продолжуваат трасата по улица „11 Октомври“ кон Црвен Крст и ќе свртат кај Тутунски комбинат лево на бул. „Крушевска Република“ и десно на „Трета Македонска Бригада“. По неа ќе се трча до раскрсницата кај Американ Колеџ и ќе се врти лево по улица „Васко Карангелески“. Потоа ќе трчаат право сѐ до раскрсницата со бул. „Јане Сандански“. На раскрсницата ќе се врти десно и ќе се трча сѐ до раскрсницата со Бул. „Србија“, каде, пред неа се врти полукружно во истата коловозна страна (другата страна од булеварот е слободна за сообраќај во правец кон Центар) и ќе трчаат до пред раскрсницата кај Тобако 2. Тркачите полукружно ќе се враќаат до раскрсницата кај Сансет, ул. „Васко Карангелески“, десно до крај и повторно десно ќе излезат на „Трета Македонска Бригада“. Трчаат по истата патека до Собрание, полумаратонците финишираат на Плоштад Македонија, а Маратонците трчаат уште еден круг. За патеката за трката на 5 км, стартот е пред Собранието, по кое натпреварувачите ќе трчаат во правец на населба Аеродром, односно кај Тутунски комбинат ќе свртат лево, по „Трета македонска бригада“ и кај Супермаркетот Тинекс ќе свртат полукружно и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“. Организаторите на Виз Ер Скопскиот маратон ги замолуваат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ги користат алтернативните решенија за сообраќај. Исто така, СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката. Од ЈСП Скопје, пак, ги информираат скопјани дека во период од 07:00 до 14:00 часот, поради одржување на маратонот, дел од возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај. Во период од 07:00 до 14:00 часот нема да сообраќаат линиите: 3, 3Б, 4, 4А, 9, 16, 22А, 24, 25, 59Б. На Маратон и Спорт Експо 2024 на 4 и 5 октомври во СЦ Јане Сандански секој тркач може да го подигне својот стартен пакет во период од 10:00 до 20:00 часот. Влезот на Експото е бесплатен. На 5 октомври (сабота) од 17:00 до 20:00 часот ќе се одржи и традиционалната pasta party. Министерството за спорт е главен покровител на Виз Ер Скопски маратон 2024, а покровители се Град Скопје и Делегацијата на ЕУ во Скопје.

The post Привремен режим на сообраќај за време на одржувањето на Скопскиот маратон в недела appeared first on Република.

]]>
Од недела повторно ќе биде многу топло https://arhiva3.republika.mk/vesti/od-nedela-povtorno-ke-bide-mnogu-toplo/ Fri, 30 Aug 2024 10:30:37 +0000 https://republika.mk/?p=811510

Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, наместа засилен ветер од североисточен правец. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност и со умерен североисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Минималната температура ќе биде 18, а максималната 32 степени.

Од недела следува период на претежно стабилно време, освен во планинските подрачја каде ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст и ќе бидат во интервал од 32 до 35 степени.

 

The post Од недела повторно ќе биде многу топло appeared first on Република.

]]>

Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, наместа засилен ветер од североисточен правец. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност и со умерен североисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Минималната температура ќе биде 18, а максималната 32 степени. Од недела следува период на претежно стабилно време, освен во планинските подрачја каде ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст и ќе бидат во интервал од 32 до 35 степени.  

The post Од недела повторно ќе биде многу топло appeared first on Република.

]]>
Од утре пороен дожд со грмежи – прогнозира УХМР https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/od-utre-poroen-dozhd-so-grmezhi-prognozira-uhmr/ Sat, 24 Aug 2024 16:57:57 +0000 https://republika.mk/?p=809815

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. УВ индексот ќе биде 8 – информираат од УХМР.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Синоптичарите најавуваат дека од утре во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд со грмежи и засилување на ветерот, а повеќе услови за нестабилност ќе има од вторник. Температурата во овој период ќе биде во постепено опаѓање.

 

The post Од утре пороен дожд со грмежи – прогнозира УХМР appeared first on Република.

]]>

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. УВ индексот ќе биде 8 – информираат од УХМР. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 38 степени. Синоптичарите најавуваат дека од утре во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд со грмежи и засилување на ветерот, а повеќе услови за нестабилност ќе има од вторник. Температурата во овој период ќе биде во постепено опаѓање.  

The post Од утре пороен дожд со грмежи – прогнозира УХМР appeared first on Република.

]]>
Од недела попладне нестабилно време со дожд, грмежи и ветер https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/od-nedela-popladne-nestabilno-vreme-so-dozhd-grmezhi-i-veter/ Fri, 23 Aug 2024 09:47:35 +0000 https://republika.mk/?p=809375

Од недела во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд со грмежи и засилување на ветерот, а повеќе услови за нестабилност ќе има од вторник.

Температурата во овој период ќе биде во постепено опаѓање, соопшти УХМР.

 

The post Од недела попладне нестабилно време со дожд, грмежи и ветер appeared first on Република.

]]>

Од недела во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд со грмежи и засилување на ветерот, а повеќе услови за нестабилност ќе има од вторник. Температурата во овој период ќе биде во постепено опаѓање, соопшти УХМР.  

The post Од недела попладне нестабилно време со дожд, грмежи и ветер appeared first on Република.

]]>
Занаетчиската комора бара услужните дејности да работат во недела https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zanaetchiskata-komora-bara-usluzhnite-dejnosti-da-rabotat-vo-nedela/ Fri, 26 Jul 2024 12:42:36 +0000 https://republika.mk/?p=800558

Надлежните институции да ги земат предвид потребите на малите занаетчии кои трпат штета од работа во недела, повикаа денеска од занаетчиската комора на Република Македонија.

Малите занаетчии од услужните дејности, цвеќари, фризери, козметичари, се надеваат дека ќе можат да работат во недела. Од комората велат дека Законот за неработен ден во неделата уште при донесувањето предизвикал различни реакции и дека занаетчиската комора веднаш го оспорила.

 

-Верувам дека дијалогот во контекст на законот и во многу други области ќе се продлабочи и во нашата комора. Токму законот за неработен ден во недела ги ограничува и несоодветно се однесува и за микро и малите бизниси. Факт е дека околу 70 илјади микро и мали компании се ограничени да работат во недела, а токму тоа влијае на ликвидноста на многу занаетчиски дејности кои се услужни и не можат да работат во недела, нормално почитувајќи ги сите други законски одредби, вели претседателот на ЗКРСМ, Агрон Фазлији.

Комората ќе придонесе за да се разгледа законот и да овозможи сите вршители на занаетчиска дејност и самостојните занаетчии да имаат право да работат во недела почитувајќи ги другите законски одредби. Комората ги повика институциите да ги земат предвид специфичните потреби на занаетчиите и да предложат алтернативни решенија кои ќе ги заштитат нивните интереси и ќе овозможат континуитет на нивната работа. Оттаму велат дека е потребно е да се ревидира и олесни регулативата, со цел да им се дозволи на овие занаетчии да работат и во недела, за да можат да го задржат нивниот приход и да ги задоволат потребите на клиентите.

 

– Соочени сме со предизвици кои ќе имаат сериозни импликации врз нашите занаетчии. Неработната недела во изминатиот период предизвика дополнителен притисок пред сè врз фризерите, козметичарите и цвеќарите, но и кон другите дејности, кои веќе се борат да ги одржат своите бизниси поради економската криза. Овие занаетчии работат напорно за да обезбедат квалитетни услуги на нашите граѓани, а воведувањето на неработната недела им го отежни тоа. Занаетчиството е значаен дел од нашата економија и култура, и треба да се посвети посебно внимание за неговиот развој и поддршка, изјави извршната директорка на ЗКРСМ, Јелена Спасова.

ЗКРСМ ќе продолжи да работи активно на пронаоѓање на најдобри решенија за своите членови и да ги застапува нивните интереси пред надлежните органи, како што се Министерството за економија и Министерството за труд и социјална политика, како и пред Владата и Собранието на Република Македонија. Од комората најавија дека ќе ги пратат нивните забелешки до Владата и до премиерот во најкус можен рок.

The post Занаетчиската комора бара услужните дејности да работат во недела appeared first on Република.

]]>

Надлежните институции да ги земат предвид потребите на малите занаетчии кои трпат штета од работа во недела, повикаа денеска од занаетчиската комора на Република Македонија.
Малите занаетчии од услужните дејности, цвеќари, фризери, козметичари, се надеваат дека ќе можат да работат во недела. Од комората велат дека Законот за неработен ден во неделата уште при донесувањето предизвикал различни реакции и дека занаетчиската комора веднаш го оспорила.
  -Верувам дека дијалогот во контекст на законот и во многу други области ќе се продлабочи и во нашата комора. Токму законот за неработен ден во недела ги ограничува и несоодветно се однесува и за микро и малите бизниси. Факт е дека околу 70 илјади микро и мали компании се ограничени да работат во недела, а токму тоа влијае на ликвидноста на многу занаетчиски дејности кои се услужни и не можат да работат во недела, нормално почитувајќи ги сите други законски одредби, вели претседателот на ЗКРСМ, Агрон Фазлији.
Комората ќе придонесе за да се разгледа законот и да овозможи сите вршители на занаетчиска дејност и самостојните занаетчии да имаат право да работат во недела почитувајќи ги другите законски одредби. Комората ги повика институциите да ги земат предвид специфичните потреби на занаетчиите и да предложат алтернативни решенија кои ќе ги заштитат нивните интереси и ќе овозможат континуитет на нивната работа. Оттаму велат дека е потребно е да се ревидира и олесни регулативата, со цел да им се дозволи на овие занаетчии да работат и во недела, за да можат да го задржат нивниот приход и да ги задоволат потребите на клиентите.   – Соочени сме со предизвици кои ќе имаат сериозни импликации врз нашите занаетчии. Неработната недела во изминатиот период предизвика дополнителен притисок пред сè врз фризерите, козметичарите и цвеќарите, но и кон другите дејности, кои веќе се борат да ги одржат своите бизниси поради економската криза. Овие занаетчии работат напорно за да обезбедат квалитетни услуги на нашите граѓани, а воведувањето на неработната недела им го отежни тоа. Занаетчиството е значаен дел од нашата економија и култура, и треба да се посвети посебно внимание за неговиот развој и поддршка, изјави извршната директорка на ЗКРСМ, Јелена Спасова. ЗКРСМ ќе продолжи да работи активно на пронаоѓање на најдобри решенија за своите членови и да ги застапува нивните интереси пред надлежните органи, како што се Министерството за економија и Министерството за труд и социјална политика, како и пред Владата и Собранието на Република Македонија. Од комората најавија дека ќе ги пратат нивните забелешки до Владата и до премиерот во најкус можен рок.

The post Занаетчиската комора бара услужните дејности да работат во недела appeared first on Република.

]]>
В недела во Скопје посебен режим на сообраќај https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/v-nedela-vo-skopje-poseben-rezhim-na-soobrakaj/ Fri, 10 May 2024 11:45:01 +0000 https://republika.mk/?p=776780

Поради одржување улична трка во Скопје, на 12 мај (недела) од 08.30 часот до 10.30 часот ќе има посебен режим на сообраќај по сообраќајниците по кои ќе се движат натпреварувачите.

СВР Скопје соопшти дека стартната позиција на натпреварувачите е на бул.„Илинден“–локација Фонтана, а потоа ќе се движат по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, од таму до крстосница со бул.„Партизански одреди“, десно (кон населба Ѓорче Петров) до мостот Влајко, каде што вртат полукружно и назад по истиот коловоз до крстосницата со ул.„Љубљанска“, каде вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на ул.„Никола Парапунов“ и по бул.„Илинден“ до целта на локација Фонтана на бул.„Илинден“.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

 

The post В недела во Скопје посебен режим на сообраќај appeared first on Република.

]]>

Поради одржување улична трка во Скопје, на 12 мај (недела) од 08.30 часот до 10.30 часот ќе има посебен режим на сообраќај по сообраќајниците по кои ќе се движат натпреварувачите. СВР Скопје соопшти дека стартната позиција на натпреварувачите е на бул.„Илинден“–локација Фонтана, а потоа ќе се движат по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, од таму до крстосница со бул.„Партизански одреди“, десно (кон населба Ѓорче Петров) до мостот Влајко, каде што вртат полукружно и назад по истиот коловоз до крстосницата со ул.„Љубљанска“, каде вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на ул.„Никола Парапунов“ и по бул.„Илинден“ до целта на локација Фонтана на бул.„Илинден“. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.  

The post В недела во Скопје посебен режим на сообраќај appeared first on Република.

]]>
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/utre-i-zadutre-lokalni-vrnezhi-vo-nedela-stabilno-i-potoplo/ Thu, 02 May 2024 10:07:37 +0000 https://republika.mk/?p=773353

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, освен во недела кога ќе биде претежно стабилно и потопло. Утре, како што информира УХМР, особено во источните делови, на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Утре ќе биде променливо облачно, особено претпладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Температурата ќе се движи од 5 до 22 степена.

И во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне во делови од котлината нестабилно, со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.

Според УХМР, во сабота ќе дува засилен северен ветер, а температурата ќе достигне 21 степен.

 

The post Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло appeared first on Република.

]]>

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, освен во недела кога ќе биде претежно стабилно и потопло. Утре, како што информира УХМР, особено во источните делови, на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Утре ќе биде променливо облачно, особено претпладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Температурата ќе се движи од 5 до 22 степена. И во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне во делови од котлината нестабилно, со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Според УХМР, во сабота ќе дува засилен северен ветер, а температурата ќе достигне 21 степен.  

The post Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло appeared first on Република.

]]>
Филмот „Недела“ за Џеј Рамадановски во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид https://arhiva3.republika.mk/scena/film/filmot-nedela-za-dhej-ramadanovski-vo-tsentarot-za-kultura-grigor-prlichev-vo-ohrid/ Thu, 21 Mar 2024 19:30:10 +0000 https://republika.mk/?p=757190

Центар за култура „Григор Прличев“

Од 29.03.2024 - 20:00 до 29.03.2024 - 21:30

На кино репертоарот на Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид следната недела долго очекуваниот филм „Недела“ за Џеј Рамадановски. Проекцијата е закажана на 29-ти март со почеток во 20.00 часот, а цената на карта е 150 денари!

Филмот „Недела“ го следи животот на еден од омилените пејачи на овие простори, Џеј Рамадановски. Инспириран од вистински настани, ја раскажува приказната за Џеј од најраната младост до големиот успех што го оствари. Иако немал лесно детство, кое главно го поминал на улица и во поправен дом, Џеј успеа да го заземе своето место на музичката сцена и преку песна да стане дел од животот на многумина.

Режијата е на Немања Ќераниќ и Милош Радуновиќ, додека улогите ги играатт Хусеин Алијевиќ, Марко Јанкетиќ, Стефан Вукиќ, Алексеј Бјелогрлиќ, Ален Селими, Ана Пиндовиќ, Златан Видовиќ, Милица Јаневски.

Карти во продажба на билетара по цена од 150 денари од понеделник 25-ти март.

The post Филмот „Недела“ за Џеј Рамадановски во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид appeared first on Република.

]]>

Центар за култура „Григор Прличев“

Од 29.03.2024 - 20:00 до 29.03.2024 - 21:30

На кино репертоарот на Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид следната недела долго очекуваниот филм „Недела“ за Џеј Рамадановски. Проекцијата е закажана на 29-ти март со почеток во 20.00 часот, а цената на карта е 150 денари! Филмот „Недела“ го следи животот на еден од омилените пејачи на овие простори, Џеј Рамадановски. Инспириран од вистински настани, ја раскажува приказната за Џеј од најраната младост до големиот успех што го оствари. Иако немал лесно детство, кое главно го поминал на улица и во поправен дом, Џеј успеа да го заземе своето место на музичката сцена и преку песна да стане дел од животот на многумина. Режијата е на Немања Ќераниќ и Милош Радуновиќ, додека улогите ги играатт Хусеин Алијевиќ, Марко Јанкетиќ, Стефан Вукиќ, Алексеј Бјелогрлиќ, Ален Селими, Ана Пиндовиќ, Златан Видовиќ, Милица Јаневски. Карти во продажба на билетара по цена од 150 денари од понеделник 25-ти март.

The post Филмот „Недела“ за Џеј Рамадановски во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид appeared first on Република.

]]>
Недела на гостувања во Драмски театар Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nedela-na-gostuvana-vo-dramski-teatar-skopje/ Tue, 05 Mar 2024 14:28:36 +0000 https://republika.mk/?p=751569

Публиката на Драмски театар неделава ја има можноста да проследи претстави на четири ансамбли. На 6 март гостува театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ од Велес со претставата „Нема струја за електричниот стол“ на режисерот Дејан Пројковски. Улогите ги толкуваат Васил Зафирчев и Исидор Јовановски.

Традиционалната поддршка на Драмски театар Скопје на колегите од независната сцена продолжува и годинава. Во првиот циклус оваа сезона, настапуваат три театарски ансамбли. Сите претстави почнуваат во 20 часот.

Во четврток на 7ми март ќе се претстават „Штрих“ со претставата „Вилицата на Ибен Бајерс“. Улогите ги играат актерите: Марјан Наумов, Гоце Андонов, Благојчо Стојанов, Ава Хусеини, Томислав Давидовски, Катерина Јовановиќ, Ана Грамосли и Јанка Лефкова. Претставата е на авторот Филип Грујиќ. Режисер е Борис Василески.

Театарот „Златен Елец“ се претставува во петок, 8ми март, со „Кенди“ според истоименото дело на Лук Дејвис. Адаптацијата и режијата е на Тамара Стојаноска, а улогите ги играат: Лео Поповиќ и Бобан Алексоски.

Во сабота на 9ти март е претставата „Бура и продор“ на групата „Стурм унд дранг“ Теа Беговска е автор и режисер, а настапуваат: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски и Дин Ибрахим.

Од Драмски театар информираат дека интересот на публиката за гостувањата е голем и со тоа ги покануваат и охрабруваат и останатите професионални ансамбли и театри од независната сцена за соработка и гостувања во оваа и наредните театарски сезони.

 

The post Недела на гостувања во Драмски театар Скопје appeared first on Република.

]]>

Публиката на Драмски театар неделава ја има можноста да проследи претстави на четири ансамбли. На 6 март гостува театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ од Велес со претставата „Нема струја за електричниот стол“ на режисерот Дејан Пројковски. Улогите ги толкуваат Васил Зафирчев и Исидор Јовановски. Традиционалната поддршка на Драмски театар Скопје на колегите од независната сцена продолжува и годинава. Во првиот циклус оваа сезона, настапуваат три театарски ансамбли. Сите претстави почнуваат во 20 часот. Во четврток на 7ми март ќе се претстават „Штрих“ со претставата „Вилицата на Ибен Бајерс“. Улогите ги играат актерите: Марјан Наумов, Гоце Андонов, Благојчо Стојанов, Ава Хусеини, Томислав Давидовски, Катерина Јовановиќ, Ана Грамосли и Јанка Лефкова. Претставата е на авторот Филип Грујиќ. Режисер е Борис Василески. Театарот „Златен Елец“ се претставува во петок, 8ми март, со „Кенди“ според истоименото дело на Лук Дејвис. Адаптацијата и режијата е на Тамара Стојаноска, а улогите ги играат: Лео Поповиќ и Бобан Алексоски. Во сабота на 9ти март е претставата „Бура и продор“ на групата „Стурм унд дранг“ Теа Беговска е автор и режисер, а настапуваат: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски и Дин Ибрахим. Од Драмски театар информираат дека интересот на публиката за гостувањата е голем и со тоа ги покануваат и охрабруваат и останатите професионални ансамбли и театри од независната сцена за соработка и гостувања во оваа и наредните театарски сезони.  

The post Недела на гостувања во Драмски театар Скопје appeared first on Република.

]]>
Вечерва премиера на филмот „Недела“ во киното „Синеплекс“, главниот актер во скопски ресторан на Боемска во живо го изведе хитот https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/vecherva-premiera-na-filmot-nedela-vo-kinoto-sinepleks-glavniot-akter-vo-skopski-restoran-na-boemska-vo-zhivo-go-izvede-hitot/ Fri, 26 Jan 2024 17:22:25 +0000 https://republika.mk/?p=737238

Премиерaта на филмот „Недела“ ќе се одржи во киното „Синеплекс“ е за неколку часа, а на промоцијата ќе биде и Хусеин Алијевиќ-Хуса, кој го глуми Џеј Рамадановски. Пред големиот настан, Хуса попладнето го помина боемски, во кафеаната „Чардак“ на скопската улица „Боемска“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Скопје1 / Skopje1 (@skopje1mk)

 

извор: Скопје 1

 

The post Вечерва премиера на филмот „Недела“ во киното „Синеплекс“, главниот актер во скопски ресторан на Боемска во живо го изведе хитот appeared first on Република.

]]>

Премиерaта на филмот „Недела“ ќе се одржи во киното „Синеплекс“ е за неколку часа, а на промоцијата ќе биде и Хусеин Алијевиќ-Хуса, кој го глуми Џеј Рамадановски. Пред големиот настан, Хуса попладнето го помина боемски, во кафеаната „Чардак“ на скопската улица „Боемска“.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Скопје1 / Skopje1 (@skopje1mk)

  извор: Скопје 1  

The post Вечерва премиера на филмот „Недела“ во киното „Синеплекс“, главниот актер во скопски ресторан на Боемска во живо го изведе хитот appeared first on Република.

]]>
На 18 јануари во Белград, премиера на филмот „Недеља“ за Џеј Рамадановски https://arhiva3.republika.mk/scena/film/na-18-januari-vo-belgrad-premiera-na-filmot-nedela-za-dhej-ramadanovski/ Fri, 12 Jan 2024 10:42:39 +0000 https://republika.mk/?p=732325

На 18-ти јануари во Белград ќе биде одржана премиерата на филмот „Недеља“ кој е биографска приказна за детството на познатиот српски пејач Џеј Рамадановски. Креаторите на филмот одржаа прес конференција и промоција на филмот за медиумите каде открија повеќе детали од снимањето.

Филмот Nedelja, 90 отсто е снимен според вистински настани. Миќа Совтиќ, најдобриот пријател на Џеј, организираше часови и часови за раскажување и благодарение на тие приказни дојдовме до дејствието во филмот.

Тој беше популарна личност и многу се знае за него, но детството е неоткриено, па затоа најмногу се задржавме на тоа. Слушајќи ги тие приказни, сфатив дека неговото творештво настанало потпирајќи се на неговото растење“ – изјави режисерот Немања Ќераниќ.

Продуцентот на филмот, Владан Анѓелковиќ, откри дека најголем предизвик било да ги најдат актерите кои што ќе ја толкуваат главната улога. Тој раскажа како сосема случајно го нашле момчето Ален Исмаили, што ја толкува улогата на малиот Џеј.

Интересно е тоа што малиот Џеј, односно Ален го најдовме така што тој на Скадарлија ѝ пријде на нашата организаторка за да ѝ продаде ружа, таа го сними и утредента дојде на кастинг и ја отпра песната „Недеља“, па сфативме дека покрај сличноста, тој има и неверојатен талент за глума“ – рече Анѓелковиќ.

Кога станува збор за актерот што го толкува возрасниот Џеј, Хусеин Алијевиќ Хуса, авторите на филмот не можеле веднаш да одлучат. Дури 4 месеци размислувале на кого да му ја дадат оваа улога.

Во еден миг кога Хуса се појави и дојде на кастинг, ние сфативме дека и тој го познавал Џеј и дека во 92-ра година бил негов танчар и дека доаѓаат од иста ‘заднина’. Во тој миг знаевме дека тој е вистинскиот и сметам дека тој донесе една автентика за нашиот филм“ – раскажа сценаристот.

Во филмот се појавува и нашата актерка Емра Куртишова на која ѝ припадна честа да ја толкува улогата на мајката на Џеј.

 

https://www.youtube.com/watch?v=_g-D_itKkmQ

The post На 18 јануари во Белград, премиера на филмот „Недеља“ за Џеј Рамадановски appeared first on Република.

]]>

На 18-ти јануари во Белград ќе биде одржана премиерата на филмот „Недеља“ кој е биографска приказна за детството на познатиот српски пејач Џеј Рамадановски. Креаторите на филмот одржаа прес конференција и промоција на филмот за медиумите каде открија повеќе детали од снимањето.

Филмот Nedelja, 90 отсто е снимен според вистински настани. Миќа Совтиќ, најдобриот пријател на Џеј, организираше часови и часови за раскажување и благодарение на тие приказни дојдовме до дејствието во филмот. Тој беше популарна личност и многу се знае за него, но детството е неоткриено, па затоа најмногу се задржавме на тоа. Слушајќи ги тие приказни, сфатив дека неговото творештво настанало потпирајќи се на неговото растење“ – изјави режисерот Немања Ќераниќ.

Продуцентот на филмот, Владан Анѓелковиќ, откри дека најголем предизвик било да ги најдат актерите кои што ќе ја толкуваат главната улога. Тој раскажа како сосема случајно го нашле момчето Ален Исмаили, што ја толкува улогата на малиот Џеј.

Интересно е тоа што малиот Џеј, односно Ален го најдовме така што тој на Скадарлија ѝ пријде на нашата организаторка за да ѝ продаде ружа, таа го сними и утредента дојде на кастинг и ја отпра песната „Недеља“, па сфативме дека покрај сличноста, тој има и неверојатен талент за глума“ – рече Анѓелковиќ.

Кога станува збор за актерот што го толкува возрасниот Џеј, Хусеин Алијевиќ Хуса, авторите на филмот не можеле веднаш да одлучат. Дури 4 месеци размислувале на кого да му ја дадат оваа улога.

Во еден миг кога Хуса се појави и дојде на кастинг, ние сфативме дека и тој го познавал Џеј и дека во 92-ра година бил негов танчар и дека доаѓаат од иста ‘заднина’. Во тој миг знаевме дека тој е вистинскиот и сметам дека тој донесе една автентика за нашиот филм“ – раскажа сценаристот.

Во филмот се појавува и нашата актерка Емра Куртишова на која ѝ припадна честа да ја толкува улогата на мајката на Џеј.

  https://www.youtube.com/watch?v=_g-D_itKkmQ

The post На 18 јануари во Белград, премиера на филмот „Недеља“ за Џеј Рамадановски appeared first on Република.

]]>
„Глесен текстилец“ бара Владата да ја повлече одлуката за работа на продавниците за празниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/glesen-tekstilets-bara-vladata-da-ja-povleche-odlukata-za-rabota-na-prodavnitsite-za-praznitsite/ Fri, 29 Dec 2023 11:46:38 +0000 https://republika.mk/?p=727807

Претседателката на „Гласен Текстилец“ Кристина Ампева бара владата да ја повлече препораката со која се овозможува продавници, киосци, штандови да работат за време на новогодишните и божиќни празници. Според неа, со тоа се кршат работничките права.

Ги повикуваме да ја повлечат оваа катастрофална одлука/препорака која е во интерес на работодавачите, но не и на работниците. Сведоци сме дека прекувремената работа, работата на празник и во ден на неделен одмор, не се плаќа од мнозинството приватни фирми. Оваа последна одлука е врв на нелогичност, на непочитување на работникот да биде за најголемите празници дома со семејството, да има право на одмор. Ова не ги одразува социјалдемократските вредности, напротив, како и многу пати до сега, да го бранат суровиот капитализам пред работничките права и работничкото достоинство – вели Ампева.

Таа додава дека до организацијата стигнеле голем број на поплаки од работници од трговијата.

The post „Глесен текстилец“ бара Владата да ја повлече одлуката за работа на продавниците за празниците appeared first on Република.

]]>

Претседателката на „Гласен Текстилец“ Кристина Ампева бара владата да ја повлече препораката со која се овозможува продавници, киосци, штандови да работат за време на новогодишните и божиќни празници. Според неа, со тоа се кршат работничките права.
Ги повикуваме да ја повлечат оваа катастрофална одлука/препорака која е во интерес на работодавачите, но не и на работниците. Сведоци сме дека прекувремената работа, работата на празник и во ден на неделен одмор, не се плаќа од мнозинството приватни фирми. Оваа последна одлука е врв на нелогичност, на непочитување на работникот да биде за најголемите празници дома со семејството, да има право на одмор. Ова не ги одразува социјалдемократските вредности, напротив, како и многу пати до сега, да го бранат суровиот капитализам пред работничките права и работничкото достоинство – вели Ампева.
Таа додава дека до организацијата стигнеле голем број на поплаки од работници од трговијата.

The post „Глесен текстилец“ бара Владата да ја повлече одлуката за работа на продавниците за празниците appeared first on Република.

]]>
Над 11 илјади учесници од 53 земји ќе учестуваат на Скопскиот маратон во недела https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/nad-11-iljadi-uchesnitsi-od-53-zemji-ke-uchestuvaat-na-skopskiot-maraton-vo-nedela/ Thu, 28 Sep 2023 12:29:09 +0000 https://republika.mk/?p=686042

На најголемата спортска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон, в недела, на први октомври, на 19. издание ќе трчаат повеќе од 11.000 учесници, соопшти денеска на прес-конференција организаторот на настанот.

Заклучно со 20. септември, системот за пријавување на учесници брои точно 11.079 пријавени.

На Виз Ер Скопскиот маратон се трчаат следниве трки: маратон (42.195 км), полумаратон (21.097 км), штафетен маратон, „ЕУ за спорт“ (10км - 11км - 10км - 11км), како и трката за рекреативци на 5 км, која е и најмасовната трка од сите и ќе започне точно во осум часот.

Организаторите апелираат до сите тркачи добро да се информираат од која страна да пристапат во недела на стартната линија, затоа што ќе има разминувачки старт.

Бројките мора да кажам дека нѐ изненадија, бидејќи минатата година имавме околу 8.000 учесници. Не очекувавме волку голем интерес. Сѐ уште сме далеку од онаа бројка од 2019 година, кога имавме 12.500 учесници, но сепак бројот на учесници е огромен. Патеката на трката останува иста како и минатата година. Истата е сертифицирана од Светска атлетика и од Меѓународната асоцијација на улични трки и маратони – АИМС. Тоа значи дека сите резултати и рекорди ќе бидат признати, а оваа година сме пред олимписка година, така што важно е за сите учесници резултатите да им бидат валидни. Покрај тоа, оваа година се враќаат повторно и државното првенство во организација на Атлетската Федерација на Македонија во маратон и ќе ги имаме најдобрите македонски натпреварувачи на патеката. Ги повикувам сите Скопјани, во што поголем број да излезат на улиците и да ги бодрат маратонците, рече изјави Кире Синадиновски, директор на трката.

Голема помош на целосната организација даваат и сите пријавени волонтери, кои ќе бидат вклучени во реализацијата на овогодинешното издание, но секако и сите поддржувачи и покровители на овој голем настан.

Едно од успешните имиња во македонската атлетика е секако Дарио Ивановски, кој во недела очекува нов рекорд.

Можам да кажам дека сум во одлична, врвна форма, тоа си го докажав пред неколку недели, кога станав балкански шампион на полумаратон и од тој момент со тој резултат верувам дека можам да постигнам нов државен рекорд и дека ќе го извадам најдобриот резултат за да се пласирам на Олимписките Игри во Париз. Многу ми е мило што ќе биде државно првенство, што имаме шанса да се покажеме пред најблиските и ги поканувам сите да дојдат и да навиваат, бидејќи ова е денот за нас, ова е денот кадешто јас можам да покажам како работам напорно секој ден, сѐ посилно и посилно до наредните цели, изјави најдобриот македонски маратонец Дарио Ивановски.

Синадиновски ги потсети сите тркачки и тркачи за подигнувањето на стартните пакети.

Од утре почнува издавањето на стартните пакети за сите учесници во Спортскиот Центар Јане Сандански, во петок и сабота, од 10 до 20 часот, а ги повикувам и сите граѓани да дојдат, затоа што ќе има еден мини спортски саем, кадешто дел од нашите партнери и други заинтересирани компании ќе ги претстават своите производи и тука ќе се подигнуваат и стартните пакети. А во сабота вечер, во 19 часот, заедно во соработка со Италијанската Амбасада во Скопје, организираме и една мала забава, „Pasta Party“, којашто е вообичаена за сите маратони во светот, па затоа ги повикувам и сите заинтересирани да дојдат на таа забава. Еден купон за паста ќе чини 100 денари, но сите собрани средства ќе одат во хуманитарни цели, во здружението „Проект Среќа“, дополни Синадиновски.

 

The post Над 11 илјади учесници од 53 земји ќе учестуваат на Скопскиот маратон во недела appeared first on Република.

]]>

На најголемата спортска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон, в недела, на први октомври, на 19. издание ќе трчаат повеќе од 11.000 учесници, соопшти денеска на прес-конференција организаторот на настанот. Заклучно со 20. септември, системот за пријавување на учесници брои точно 11.079 пријавени. На Виз Ер Скопскиот маратон се трчаат следниве трки: маратон (42.195 км), полумаратон (21.097 км), штафетен маратон, „ЕУ за спорт“ (10км - 11км - 10км - 11км), како и трката за рекреативци на 5 км, која е и најмасовната трка од сите и ќе започне точно во осум часот. Организаторите апелираат до сите тркачи добро да се информираат од која страна да пристапат во недела на стартната линија, затоа што ќе има разминувачки старт.
Бројките мора да кажам дека нѐ изненадија, бидејќи минатата година имавме околу 8.000 учесници. Не очекувавме волку голем интерес. Сѐ уште сме далеку од онаа бројка од 2019 година, кога имавме 12.500 учесници, но сепак бројот на учесници е огромен. Патеката на трката останува иста како и минатата година. Истата е сертифицирана од Светска атлетика и од Меѓународната асоцијација на улични трки и маратони – АИМС. Тоа значи дека сите резултати и рекорди ќе бидат признати, а оваа година сме пред олимписка година, така што важно е за сите учесници резултатите да им бидат валидни. Покрај тоа, оваа година се враќаат повторно и државното првенство во организација на Атлетската Федерација на Македонија во маратон и ќе ги имаме најдобрите македонски натпреварувачи на патеката. Ги повикувам сите Скопјани, во што поголем број да излезат на улиците и да ги бодрат маратонците, рече изјави Кире Синадиновски, директор на трката.
Голема помош на целосната организација даваат и сите пријавени волонтери, кои ќе бидат вклучени во реализацијата на овогодинешното издание, но секако и сите поддржувачи и покровители на овој голем настан. Едно од успешните имиња во македонската атлетика е секако Дарио Ивановски, кој во недела очекува нов рекорд.
Можам да кажам дека сум во одлична, врвна форма, тоа си го докажав пред неколку недели, кога станав балкански шампион на полумаратон и од тој момент со тој резултат верувам дека можам да постигнам нов државен рекорд и дека ќе го извадам најдобриот резултат за да се пласирам на Олимписките Игри во Париз. Многу ми е мило што ќе биде државно првенство, што имаме шанса да се покажеме пред најблиските и ги поканувам сите да дојдат и да навиваат, бидејќи ова е денот за нас, ова е денот кадешто јас можам да покажам како работам напорно секој ден, сѐ посилно и посилно до наредните цели, изјави најдобриот македонски маратонец Дарио Ивановски.
Синадиновски ги потсети сите тркачки и тркачи за подигнувањето на стартните пакети.
Од утре почнува издавањето на стартните пакети за сите учесници во Спортскиот Центар Јане Сандански, во петок и сабота, од 10 до 20 часот, а ги повикувам и сите граѓани да дојдат, затоа што ќе има еден мини спортски саем, кадешто дел од нашите партнери и други заинтересирани компании ќе ги претстават своите производи и тука ќе се подигнуваат и стартните пакети. А во сабота вечер, во 19 часот, заедно во соработка со Италијанската Амбасада во Скопје, организираме и една мала забава, „Pasta Party“, којашто е вообичаена за сите маратони во светот, па затоа ги повикувам и сите заинтересирани да дојдат на таа забава. Еден купон за паста ќе чини 100 денари, но сите собрани средства ќе одат во хуманитарни цели, во здружението „Проект Среќа“, дополни Синадиновски.
 

The post Над 11 илјади учесници од 53 земји ќе учестуваат на Скопскиот маратон во недела appeared first on Република.

]]>
„Алтернатива“ в недела ќе се изјасни околу идното партиципирање во Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/alternativa-vo-nedela-ke-se-izjasni-okolu-idnoto-partitsipirane-vo-vladata/ Fri, 10 Feb 2023 19:05:50 +0000 https://republika.mk/?p=607535

„Алтернатива“ во недела ќе го донесе конечниот став околу партиципирањето во Владата. Одлуката ќе биде донесена на седница на Централното собрание што ќе се одржи во 16 часот во партиското седиште во Тетово.

Најтесното партиско раководство на Алтернатива е во перманентно заседание. Со внимание ги разгледуваме сите околности кои ги нарушуваат принципите врз кои требаше да почива Европската коалиција. Особено начинот на кој некој го потценува нашиот учинок пред 12 месеци за спас на владејачкото мнозинство, изборот на Димитар Ковачевски за премиер и следствено обезбедувањето на почеток на преговори со ЕУ, пишува на официјалната страна на „Алтернатива“ на „Фејсбук“.

Расудуваме трезвено, без емоции, велат од „Алтернатива“ целосно свесни за предизвиците кои не очекуваат.

Уште еднаш потенцираме дека нема да влетаме во замката што ни се подметнува. Нема да оставиме ниту минимум простор дека Алтернатива на било каков начин самата придонесе за процесите кои неминовно следат, се вели во објавата на Фејсбук.

 

The post „Алтернатива“ в недела ќе се изјасни околу идното партиципирање во Владата appeared first on Република.

]]>

„Алтернатива“ во недела ќе го донесе конечниот став околу партиципирањето во Владата. Одлуката ќе биде донесена на седница на Централното собрание што ќе се одржи во 16 часот во партиското седиште во Тетово.
Најтесното партиско раководство на Алтернатива е во перманентно заседание. Со внимание ги разгледуваме сите околности кои ги нарушуваат принципите врз кои требаше да почива Европската коалиција. Особено начинот на кој некој го потценува нашиот учинок пред 12 месеци за спас на владејачкото мнозинство, изборот на Димитар Ковачевски за премиер и следствено обезбедувањето на почеток на преговори со ЕУ, пишува на официјалната страна на „Алтернатива“ на „Фејсбук“.
Расудуваме трезвено, без емоции, велат од „Алтернатива“ целосно свесни за предизвиците кои не очекуваат.
Уште еднаш потенцираме дека нема да влетаме во замката што ни се подметнува. Нема да оставиме ниту минимум простор дека Алтернатива на било каков начин самата придонесе за процесите кои неминовно следат, се вели во објавата на Фејсбук.
 

The post „Алтернатива“ в недела ќе се изјасни околу идното партиципирање во Владата appeared first on Република.

]]>
До недела стабилно време, температурата до 15 степени https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/do-nedela-stabilno-vreme-temperaturata-do-15-stepeni/ Tue, 03 Jan 2023 11:12:59 +0000 https://republika.mk/?p=593124

До недела ќе се задржи периодот на стабилно и претежно тивко време, информира УХМР. По котлините и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет.

Утре и в петок ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен долж Повардарието што ќе предизвика во текот на денот по одделни котлини условите за магла да се намалат.

Температурата утре ќе се движи од минимални -2 до максимални 14 степени, а во Скопје утринскитата се очекува да биде еден, додека дневната осум степени.

 

The post До недела стабилно време, температурата до 15 степени appeared first on Република.

]]>

До недела ќе се задржи периодот на стабилно и претежно тивко време, информира УХМР. По котлините и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет. Утре и в петок ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен долж Повардарието што ќе предизвика во текот на денот по одделни котлини условите за магла да се намалат. Температурата утре ќе се движи од минимални -2 до максимални 14 степени, а во Скопје утринскитата се очекува да биде еден, додека дневната осум степени.  

The post До недела стабилно време, температурата до 15 степени appeared first on Република.

]]>
ССМ ја поздравува одлуката: Недела останува неработен ден, Уставниот суд – заштитник на работниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ssm-ja-pozdravuva-odlukata-nedela-ostanuva-neraboten-den-ustavniot-sud-zashtitnik-na-rabotnicite/ Thu, 01 Dec 2022 14:04:43 +0000 https://republika.mk/?p=580539

Уставниот суд застана на страната на вистината и правдата и не ја прифати иницијативата на Стопанската комора, односно го потврди ставот на Сојузот на синдикатите на Македонија и ги остави на сила одредбите од законските решенија со кои недела е неработен ден за најголем број на работници и на тој начин придонесе за зацврстување на правниот поредок и правната сигурност на работниците и граѓаните во државата, се вели во сопштението од Синдикатот по одлуката на Уставниот суд да не поведе постапка за предметот во кој беше оспорено работењето во недела.
На овој начин, велат од ССМ, Уставниот суд ја враќа вербата на работниците и синдикатот како нивни претставник и застапник, во владеењето на законите и правда за сите во државата и покрај барањето и притисоците на одделени работодавачи кои водени од желбата за сопствен профит се обидоа да го намалат и елиминираат ова гарантирано право на работниците.
Уставниот суд како гарант на уставноста и законитоста во државата потврди дека Сојузот на синдикатите на Македонија е вистински заштитник на работничките права и дека работодавачите немаат моќ пред институциите доколку постапуваат без аргументи и без на закон засновани барања и решенија. Работниците ќе ја искористат неработната недела за одмор и обнова на нивната работна сила во интерес на подобрување на нивната продуктивност од што бенефит ќе има целата држава .Во демократските држави каде претендира да биде вклучена и нашата држава, неработната недела е креативно време посветено на семејството , грижа за децата , но и време потребно за подигнување на културно, спортско и образовно ниво на работниците и граѓаните кои се најважниот ресурс на секоја држава, велат од Сојузот на синдикатите на Македонија.
Уште една битка е добиена, велат од ССМ, но ние продолжуваме натаму, наша правна водилка во обезбедувањето на работничките права се националните закони, меѓународните трудови стандарди и европски документи без, како што нагласуваат, кои не се можни евроинтеграциските процеси во државата

The post ССМ ја поздравува одлуката: Недела останува неработен ден, Уставниот суд – заштитник на работниците appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд застана на страната на вистината и правдата и не ја прифати иницијативата на Стопанската комора, односно го потврди ставот на Сојузот на синдикатите на Македонија и ги остави на сила одредбите од законските решенија со кои недела е неработен ден за најголем број на работници и на тој начин придонесе за зацврстување на правниот поредок и правната сигурност на работниците и граѓаните во државата, се вели во сопштението од Синдикатот по одлуката на Уставниот суд да не поведе постапка за предметот во кој беше оспорено работењето во недела. На овој начин, велат од ССМ, Уставниот суд ја враќа вербата на работниците и синдикатот како нивни претставник и застапник, во владеењето на законите и правда за сите во државата и покрај барањето и притисоците на одделени работодавачи кои водени од желбата за сопствен профит се обидоа да го намалат и елиминираат ова гарантирано право на работниците. Уставниот суд како гарант на уставноста и законитоста во државата потврди дека Сојузот на синдикатите на Македонија е вистински заштитник на работничките права и дека работодавачите немаат моќ пред институциите доколку постапуваат без аргументи и без на закон засновани барања и решенија. Работниците ќе ја искористат неработната недела за одмор и обнова на нивната работна сила во интерес на подобрување на нивната продуктивност од што бенефит ќе има целата држава .Во демократските држави каде претендира да биде вклучена и нашата држава, неработната недела е креативно време посветено на семејството , грижа за децата , но и време потребно за подигнување на културно, спортско и образовно ниво на работниците и граѓаните кои се најважниот ресурс на секоја држава, велат од Сојузот на синдикатите на Македонија. Уште една битка е добиена, велат од ССМ, но ние продолжуваме натаму, наша правна водилка во обезбедувањето на работничките права се националните закони, меѓународните трудови стандарди и европски документи без, како што нагласуваат, кои не се можни евроинтеграциските процеси во државата

The post ССМ ја поздравува одлуката: Недела останува неработен ден, Уставниот суд – заштитник на работниците appeared first on Република.

]]>
Недела останува неработен ден, Уставен суд не поведе постапка https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nedela-ostanuva-neraboten-den-ustaven-sud-ne-povede-postapka/ Thu, 01 Dec 2022 12:57:49 +0000 https://republika.mk/?p=580494

Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка за предметот во кој беше оспорено работењето во недела, информира на прес-конференција портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска.

Тоа, како што појасни таа, значи дека во правниот поредок останува Законот кој го уредува правото на работниците да не работат во недела, освен во дејностите кои се исклучоци, а секако се предвидени со сегашното законско решение.

За Уставниот суд неосновани се наводите на Стопанската комора на Македонија која е подносител на оваа иницијатива и која бараше да се запре извршувањето на овој Закон. Оваа одлука е конечна и секој мора да ја почитува, нагласи Беловска.

Уставниот суд расправаше за овој случај на седница што се одржа на 14 септември годинава, но одлука не беше донесена поради недоволно мнозинство гласови.

На денешната 38-ма седница на дневен ред беа закажани осум иницијативи по кои се разгледуваше и оценуваше уставноста и законитоста.

The post Недела останува неработен ден, Уставен суд не поведе постапка appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка за предметот во кој беше оспорено работењето во недела, информира на прес-конференција портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска. Тоа, како што појасни таа, значи дека во правниот поредок останува Законот кој го уредува правото на работниците да не работат во недела, освен во дејностите кои се исклучоци, а секако се предвидени со сегашното законско решение. За Уставниот суд неосновани се наводите на Стопанската комора на Македонија која е подносител на оваа иницијатива и која бараше да се запре извршувањето на овој Закон. Оваа одлука е конечна и секој мора да ја почитува, нагласи Беловска. Уставниот суд расправаше за овој случај на седница што се одржа на 14 септември годинава, но одлука не беше донесена поради недоволно мнозинство гласови. На денешната 38-ма седница на дневен ред беа закажани осум иницијативи по кои се разгледуваше и оценуваше уставноста и законитоста.

The post Недела останува неработен ден, Уставен суд не поведе постапка appeared first on Република.

]]>
В недела дел од автобусите ќе возат по изменет режим https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/v-nedela-del-od-avtobusite-kje-vozat-po-izmenet-rezim/ Fri, 11 Nov 2022 09:51:29 +0000 https://republika.mk/?p=572669

Во недела, 13 ноември, во период од 16.30 до 19 часот, поради одржување на улична трка по повод празникот 13 Ноември, поголем дел од линиите од јавниот превоз ќе имаат изменет режим на сообраќање од вообичаениот.

ТРАСИ НА ДВИЖЕЊЕ

Линиии 3, 3А и 3Б
* во насока од Аеродром кон Клинички центар и Панорама, од Југодрво ќе продолжуваат право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат ќе вртат лево по булевар „Мајка Тереза“ до Клинички центар и Панорама

* во обратна насока, по булевар „Мајка Тереза“ према центар, ќе вртат десно по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе вртат лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и ќе продолжуваат по своите вообичаени траси

Линија 4
* во насока од населба 11 Октомври кон Хром, од улица „11 Октомври“ ќе врти лево по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски“, па лево на булевар „Партизански одреди“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса

* во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по булевар „Климент Охридски“, па лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе врти лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа десно по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса

Линија 4А
* во насока од Усје кон Тафталиџе, од улица „11 Октомври“ ќе врти лево по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат ќе продолжува право и од кружнит тек кај Католичка црква ќе продолжува по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ по својата вообичаена траса

* во обратна насока, од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улица „Димитрие Чуповски“, десно по булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе врти лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа десно по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса

Линија 5
* во насока од Ново Лисиче кон Ѓорче Петров, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат ќе продолжува право и од кружнит тек кај Католичка црква ќе продолжува по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ по својата вообичаена траса

* во обратна насока, од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улица „Димитрие Чуповски“, десно по булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе врти лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса

Линија 7
* во насока од Лисиче кон Карпош, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски“, лево на булевар „Партизански одреди и ќе продолжува по својата вообичаена траса

* во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе врти лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа десно по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса

Линија 15
* во насока на Ново Лисиче кон Карпош, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски“, лево на булевар „Партизански одреди и ќе продолжува по својата вообичаена траса

* во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе врти лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса

Линии 21, 21A, 21Б и 22
* во насока од Транспортен центар кон Бардовци и Волково, кај Комплекс банки ќе продолжуваат по булевар „Крсте Мисирков“, лево по булевар „Гоце Делчев“, булевар „Партизански одреди“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса

* во обратна насока ќе сообраќа по истата изменета траса

Линија 23
* во насока од Аеродром кон Дом на печат, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“ до Дом на печат

*во обратна насока, од булевар „Мајка Тереза“ лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе вртат лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа десно по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса

Линија 24
* во насока од Кисела Вода кон Тафталиџе, кај подвозникот ќе врти лево по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по бул. „Климент Охридски“, па лево на булевар „Партизански одреди и продолжува по својата траса

* во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Јордан Мијалков“ и ќе продолжува по својата вообичаеена траса

Линија 27
* во насока од населба Аеродром кон Дом на печат, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“ до Дом на печат

* во обратна насока од булевар „Мајка Тереза“, лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе врти лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса

Линии 50, 50А, 57 и 59
*во насока на Клинички центар, Дом на печат, Козле и Карпош, од постојка Бит пазар ќе вртат десно по булевар „Гоце Делчев“, после мост Гоце Делчев и булевар „ВМРО“ ќе продолжуваат по својата вообичаена траса

*во обратна насока ќе се движат по истата вообичаена траса

The post В недела дел од автобусите ќе возат по изменет режим appeared first on Република.

]]>

Во недела, 13 ноември, во период од 16.30 до 19 часот, поради одржување на улична трка по повод празникот 13 Ноември, поголем дел од линиите од јавниот превоз ќе имаат изменет режим на сообраќање од вообичаениот. ТРАСИ НА ДВИЖЕЊЕ Линиии 3, 3А и 3Б * во насока од Аеродром кон Клинички центар и Панорама, од Југодрво ќе продолжуваат право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат ќе вртат лево по булевар „Мајка Тереза“ до Клинички центар и Панорама * во обратна насока, по булевар „Мајка Тереза“ према центар, ќе вртат десно по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе вртат лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и ќе продолжуваат по своите вообичаени траси Линија 4 * во насока од населба 11 Октомври кон Хром, од улица „11 Октомври“ ќе врти лево по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски“, па лево на булевар „Партизански одреди“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса * во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по булевар „Климент Охридски“, па лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе врти лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа десно по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса Линија 4А * во насока од Усје кон Тафталиџе, од улица „11 Октомври“ ќе врти лево по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат ќе продолжува право и од кружнит тек кај Католичка црква ќе продолжува по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ по својата вообичаена траса * во обратна насока, од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улица „Димитрие Чуповски“, десно по булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе врти лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа десно по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса Линија 5 * во насока од Ново Лисиче кон Ѓорче Петров, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат ќе продолжува право и од кружнит тек кај Католичка црква ќе продолжува по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ по својата вообичаена траса * во обратна насока, од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улица „Димитрие Чуповски“, десно по булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе врти лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса Линија 7 * во насока од Лисиче кон Карпош, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски“, лево на булевар „Партизански одреди и ќе продолжува по својата вообичаена траса * во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе врти лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа десно по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса Линија 15 * во насока на Ново Лисиче кон Карпош, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски“, лево на булевар „Партизански одреди и ќе продолжува по својата вообичаена траса * во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе врти лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса Линии 21, 21A, 21Б и 22 * во насока од Транспортен центар кон Бардовци и Волково, кај Комплекс банки ќе продолжуваат по булевар „Крсте Мисирков“, лево по булевар „Гоце Делчев“, булевар „Партизански одреди“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса * во обратна насока ќе сообраќа по истата изменета траса Линија 23 * во насока од Аеродром кон Дом на печат, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“ до Дом на печат *во обратна насока, од булевар „Мајка Тереза“ лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе вртат лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа десно по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса Линија 24 * во насока од Кисела Вода кон Тафталиџе, кај подвозникот ќе врти лево по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по бул. „Климент Охридски“, па лево на булевар „Партизански одреди и продолжува по својата траса * во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Јордан Мијалков“ и ќе продолжува по својата вообичаеена траса Линија 27 * во насока од населба Аеродром кон Дом на печат, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“ до Дом на печат * во обратна насока од булевар „Мајка Тереза“, лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе врти лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса Линии 50, 50А, 57 и 59 *во насока на Клинички центар, Дом на печат, Козле и Карпош, од постојка Бит пазар ќе вртат десно по булевар „Гоце Делчев“, после мост Гоце Делчев и булевар „ВМРО“ ќе продолжуваат по својата вообичаена траса *во обратна насока ќе се движат по истата вообичаена траса

The post В недела дел од автобусите ќе возат по изменет режим appeared first on Република.

]]>
Jавниот превоз в недела со изменет режим поради маратонот https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/javniot-prevoz-v-nedela-so-izmenet-rezim-poradi-maratonot/ Fri, 30 Sep 2022 10:00:06 +0000 https://republika.mk/?p=555900

В недела (2.10.2022 година), во период од 7 до 13:30 часот поради одржување на „Визер скопски маратон 2022“, дел од возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај.

Од 7 до 13:30 часот нема да сообраќаат линиите 4, 4А, 22А, 24, 25Б и 59Б.

Во период од 8 до 9 часот нема да сообраќаат линиите 9, 16, 23, 25, 27, 50, 50А и 57.

Линии со непроменета траса

– градски линии: 2, 2А, 8, 12, 19, 20, 45 и 65В.

– приградски линии: 11, 11а, 18, 32, 47, 47а, 52, 53, 55, 56, 56а, 60, 61, 63, 63а, 63б, 65, 65а, 65б, 66, 66а, 68, 71 и 81.

Ги потсетуваме сите учесници на маратонот дека в недела ќе можат бесплатно да го користат јавниот превоз со приложување на стартниот број (маица).

ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЊЕ

Линија 3

– од Спортска сала „Јане Сандански“ до Југодрво по редовна траса, продолжува по ул. „Кирил и Методиј“, лево бул. „Мајка Тереза“ до Панорама

– во обратна насока, од Панорама, ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, бул. „Кочо Рацин“ и продолжува по редовната траса до Мајчин дом, па лево до Спортска сала „Јане Сандански“

Линија 3Б

– од Кванташки пазар до Jугодрво по редовната траса, потоа продолжува по ул. „Кирил и Методиј“ (Рамстор), лево по бул. „Мајка Тереза“ до Панорама

– вo oбратна насока, од Панорама, ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, бул. „Кочо Рацин“ (Jугодрво) и продолжува по редовната траса до Мајчин дом, па лево по бул. „АСНОМ“, лево по бул. „Киро Глигоров“ и продолжува по редовната траса

Линија 5

– од Дексион, ул. „Ѓорче Петров“, бул. „Партизански одреди“, бул. „Гоце Делчев“, бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево, бул. „АСНОМ“, Ново Лисиче (терминал)

– од Ново Лисиче, по редовна траса до Комплекс банки, па десно по бул. „Крсте Мисирков“, лево по бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“ до Дексион (терминал)

Линија 7

– од Горно Лисиче (Хемтекс), бул. „12 Македонска бригада“, десно по бул. „Србија“, лево по бул. „Јане Сандански“, бул. „К.Ј.Питу“, десно по бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), лево по бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“ до Карпош 3 (терминал)

– од Карпош 3, по редовна траса до Соборен храм, лево по бул. „ВМРО“, десно по бул. „Гоце Делчев“, десно по бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), лево по бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево по бул. „АСНОМ“, десно по бул. „Србија“, лево по бул. „12 македонска бригада“ и по редовната траса до крајна станица

Линија 9

– од Скопје Север по својата редовна траса

– во обратен правец од Клинички центар, ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, бул. „Кочо Рацин“ и продолжува по редовната траса

Линии 15 и 15А

– од Ново Лисиче по редовна траса до Комплекс банки, па десно по бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), лево по бул. „Гоце Делчев“ и продолжува по редовна траса

– од Карпош 4 до Соборен храм по редовна траса, па по бул. „Гоце Делчев“, десно по бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево по бул. „АСНОМ“, Ново Лисиче (терминал)

Линија 16

– од Пржино, бул. „Кочо Рацин“, бул. „Крсте Мисирков“, Бит-пазар и продолжува по редовна траса

– во обратна насока по редовна траса до Бит-пазар, право по бул. „Крсте Мисирков“, бул. „Кочо Рацин“ и продолжува по редовна траса до крајна станица

Линии 21 и 22

– од Транспортен центар, бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“ и продолжува по своја траса

– во обратна насока по истата изменета траса

Линија 23

– од Ченто по редовна траса до Југодрво, потоа продолжува по ул. „Кирил и Методиј“, на постојката спроти Рамстор

– во обратна насока од постојка пред Рамстор, лево по бул. „Мајка Тереза“, лево по ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, Југодрво и продолжува по својата траса до Мајчин Дом, лево по бул. „АСНОМ“, лево по бул. „Киро Глигоров“ и продолжува по својата редовна траса

Линија 25

– од Транспортен центар до Југодрво по редовна траса, потоа продолжува по ул. „Кирил и Методиј“ (Рамстор), лево по бул. „Мајка Тереза“ и продолжува по редовната траса

– во обратна насока од Средно Водно до Клинички центар по редовна траса, потоа десно по ул. „ Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, бул. „Кочо Рацин“ и продолжува по редовната траса

Линија 25А

– од почетна постојка пред „Автомакедонија“ до Средно Водно по редовна траса

– во обратна насока од Средно Водно до Клинички центар по редовна траса, потоа десно по ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, лево кон терминал „Автомакедонија“

Линија 27

– од ул. „Вардарска“ по редовна траса до Југодрво, потоа продолжува по ул. „Кирил и Методиј“ до постојката спроти „Рамстор“

– во обратна насока од постојка пред „Рамстор“, лево по бул. „Мајка Тереза“, лево по ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, Југодрво и продолжува по својата редовна траса до Мајчин дом, лево по бул. „АСНОМ“, десно по бул. „Србија“ и до крајна постојка по редовната траса

Линија 28

– од Македонско село, с. Горно Нерези до Козле терминал 57

– во обратна насока по истата изменета траса

Линии 41, 31, 51, 67 и 70

– од почетен терминал по редовна траса по бул. „Борис Трајковски“, десно по бул. „Србија“, лево по бул. „Јане Сандански“ до Транспортен центар

– во обратна насока од Транспортен центар десно по бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево по бул. „АСНОМ“, десно по бул. „Србија“, лево по бул. „Борис Трајковски“ до крајна станица по редовната траса

Линии 50 и 50А

– од Хиподром и Маџари по редовната траса до Бит-пазар, потоа продолжува до Југодрво, ул. „Кирил и Методиј“, лево бул. „Мајка Тереза“ до Клинички центар

– во обратен правец од Клинички центар, ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, бул. „Кочо Рацин“, Југодрво, Бит-пазар и продолжува по редовната траса

Линија 57

– од Козле по редовна траса до крстосница со бул. „Мајка Тереза“, право по ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, бул. „Кочо Рацин“, Југодрво, Бит-пазар и продолжува по редовната траса

– од Радишани до Бит пазар по редовна траса, потоа продолжува до Југодрво, ул. „Кирил и Методиј“, лево бул. „Мајка Тереза“, десно по ул. „Васил Ѓоргов“ и продолжува по редовна траса

Линија 59

– од Карпош 3 по редовна траса до Соборен храм, лево по бул. „ВМРО“, бул. „Гоце Делчев“, лево кај Бит-пазар и продолжува по редовната траса до крајна станица

– во обратна насока по истата изменета траса

Линија 59А

– од Ново Лисиче по редовна траса до Комплекс банки, десно по бул. „Крсте Мисирков“ кон Бит-пазар и продолжува по редовната траса до крајна станица

– во обратна насока по редовна траса до Бит пазар, право по бул. „Крсте Мисирков“, лево по бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево по бул. „АСНОМ“ до Ново Лисиче (терминал)

Линии 58, 58а и 58б

– од почетни станици во Добри дол, Света Петка и Брзовец по редовна траса до семафорот со ул. „Борис Трајковски“, потоа десно кај Општина Кисела Вода по бул. „Борис Трајковски“ и продолжува по својата редовна траса

 

The post Jавниот превоз в недела со изменет режим поради маратонот appeared first on Република.

]]>

В недела (2.10.2022 година), во период од 7 до 13:30 часот поради одржување на „Визер скопски маратон 2022“, дел од возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај. Од 7 до 13:30 часот нема да сообраќаат линиите 4, 4А, 22А, 24, 25Б и 59Б. Во период од 8 до 9 часот нема да сообраќаат линиите 9, 16, 23, 25, 27, 50, 50А и 57. Линии со непроменета траса – градски линии: 2, 2А, 8, 12, 19, 20, 45 и 65В. – приградски линии: 11, 11а, 18, 32, 47, 47а, 52, 53, 55, 56, 56а, 60, 61, 63, 63а, 63б, 65, 65а, 65б, 66, 66а, 68, 71 и 81. Ги потсетуваме сите учесници на маратонот дека в недела ќе можат бесплатно да го користат јавниот превоз со приложување на стартниот број (маица). ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЊЕ Линија 3 – од Спортска сала „Јане Сандански“ до Југодрво по редовна траса, продолжува по ул. „Кирил и Методиј“, лево бул. „Мајка Тереза“ до Панорама – во обратна насока, од Панорама, ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, бул. „Кочо Рацин“ и продолжува по редовната траса до Мајчин дом, па лево до Спортска сала „Јане Сандански“ Линија 3Б – од Кванташки пазар до Jугодрво по редовната траса, потоа продолжува по ул. „Кирил и Методиј“ (Рамстор), лево по бул. „Мајка Тереза“ до Панорама – вo oбратна насока, од Панорама, ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, бул. „Кочо Рацин“ (Jугодрво) и продолжува по редовната траса до Мајчин дом, па лево по бул. „АСНОМ“, лево по бул. „Киро Глигоров“ и продолжува по редовната траса Линија 5 – од Дексион, ул. „Ѓорче Петров“, бул. „Партизански одреди“, бул. „Гоце Делчев“, бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево, бул. „АСНОМ“, Ново Лисиче (терминал) – од Ново Лисиче, по редовна траса до Комплекс банки, па десно по бул. „Крсте Мисирков“, лево по бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“ до Дексион (терминал) Линија 7 – од Горно Лисиче (Хемтекс), бул. „12 Македонска бригада“, десно по бул. „Србија“, лево по бул. „Јане Сандански“, бул. „К.Ј.Питу“, десно по бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), лево по бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“ до Карпош 3 (терминал) – од Карпош 3, по редовна траса до Соборен храм, лево по бул. „ВМРО“, десно по бул. „Гоце Делчев“, десно по бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), лево по бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево по бул. „АСНОМ“, десно по бул. „Србија“, лево по бул. „12 македонска бригада“ и по редовната траса до крајна станица Линија 9 – од Скопје Север по својата редовна траса – во обратен правец од Клинички центар, ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, бул. „Кочо Рацин“ и продолжува по редовната траса Линии 15 и 15А – од Ново Лисиче по редовна траса до Комплекс банки, па десно по бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), лево по бул. „Гоце Делчев“ и продолжува по редовна траса – од Карпош 4 до Соборен храм по редовна траса, па по бул. „Гоце Делчев“, десно по бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево по бул. „АСНОМ“, Ново Лисиче (терминал) Линија 16 – од Пржино, бул. „Кочо Рацин“, бул. „Крсте Мисирков“, Бит-пазар и продолжува по редовна траса – во обратна насока по редовна траса до Бит-пазар, право по бул. „Крсте Мисирков“, бул. „Кочо Рацин“ и продолжува по редовна траса до крајна станица Линии 21 и 22 – од Транспортен центар, бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“ и продолжува по своја траса – во обратна насока по истата изменета траса Линија 23 – од Ченто по редовна траса до Југодрво, потоа продолжува по ул. „Кирил и Методиј“, на постојката спроти Рамстор – во обратна насока од постојка пред Рамстор, лево по бул. „Мајка Тереза“, лево по ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, Југодрво и продолжува по својата траса до Мајчин Дом, лево по бул. „АСНОМ“, лево по бул. „Киро Глигоров“ и продолжува по својата редовна траса Линија 25 – од Транспортен центар до Југодрво по редовна траса, потоа продолжува по ул. „Кирил и Методиј“ (Рамстор), лево по бул. „Мајка Тереза“ и продолжува по редовната траса – во обратна насока од Средно Водно до Клинички центар по редовна траса, потоа десно по ул. „ Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, бул. „Кочо Рацин“ и продолжува по редовната траса Линија 25А – од почетна постојка пред „Автомакедонија“ до Средно Водно по редовна траса – во обратна насока од Средно Водно до Клинички центар по редовна траса, потоа десно по ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, лево кон терминал „Автомакедонија“ Линија 27 – од ул. „Вардарска“ по редовна траса до Југодрво, потоа продолжува по ул. „Кирил и Методиј“ до постојката спроти „Рамстор“ – во обратна насока од постојка пред „Рамстор“, лево по бул. „Мајка Тереза“, лево по ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, Југодрво и продолжува по својата редовна траса до Мајчин дом, лево по бул. „АСНОМ“, десно по бул. „Србија“ и до крајна постојка по редовната траса Линија 28 – од Македонско село, с. Горно Нерези до Козле терминал 57 – во обратна насока по истата изменета траса Линии 41, 31, 51, 67 и 70 – од почетен терминал по редовна траса по бул. „Борис Трајковски“, десно по бул. „Србија“, лево по бул. „Јане Сандански“ до Транспортен центар – во обратна насока од Транспортен центар десно по бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево по бул. „АСНОМ“, десно по бул. „Србија“, лево по бул. „Борис Трајковски“ до крајна станица по редовната траса Линии 50 и 50А – од Хиподром и Маџари по редовната траса до Бит-пазар, потоа продолжува до Југодрво, ул. „Кирил и Методиј“, лево бул. „Мајка Тереза“ до Клинички центар – во обратен правец од Клинички центар, ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, бул. „Кочо Рацин“, Југодрво, Бит-пазар и продолжува по редовната траса Линија 57 – од Козле по редовна траса до крстосница со бул. „Мајка Тереза“, право по ул. „Јордан Мијалков“, подвозник Кисела Вода, бул. „Кочо Рацин“, Југодрво, Бит-пазар и продолжува по редовната траса – од Радишани до Бит пазар по редовна траса, потоа продолжува до Југодрво, ул. „Кирил и Методиј“, лево бул. „Мајка Тереза“, десно по ул. „Васил Ѓоргов“ и продолжува по редовна траса Линија 59 – од Карпош 3 по редовна траса до Соборен храм, лево по бул. „ВМРО“, бул. „Гоце Делчев“, лево кај Бит-пазар и продолжува по редовната траса до крајна станица – во обратна насока по истата изменета траса Линија 59А – од Ново Лисиче по редовна траса до Комплекс банки, десно по бул. „Крсте Мисирков“ кон Бит-пазар и продолжува по редовната траса до крајна станица – во обратна насока по редовна траса до Бит пазар, право по бул. „Крсте Мисирков“, лево по бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево по бул. „АСНОМ“ до Ново Лисиче (терминал) Линии 58, 58а и 58б – од почетни станици во Добри дол, Света Петка и Брзовец по редовна траса до семафорот со ул. „Борис Трајковски“, потоа десно кај Општина Кисела Вода по бул. „Борис Трајковски“ и продолжува по својата редовна траса  

The post Jавниот превоз в недела со изменет режим поради маратонот appeared first on Република.

]]>
Полицијата казни 12 продавници во Чаир бидејќи работат и во недела https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/policijata-kazni-12-prodavnici-vo-chair-bidejkji-rabotat-i-vo-nedela/ Sun, 14 Aug 2022 16:46:55 +0000 https://republika.mk/?p=540285

Денеска во период од 10.00 до 17.00 часот припадници на Единицата за интервентна полиција во координација со инспектори од Државниот инспекторат за труд на подрачјето на општина Чаир извршиле контроли во објекти на ул.„Цветан Димов” и „Џон Кенеди” со цел да се утврди дали работодавачите ги почитуваат законските одредби кои се однесуваат на забраната за работа во недела во оние дејности кои не спаѓаат во исклучоците утврдени со Законот за работни односи.

Од вкупно извршените контроли изречени се 12 мерки, односно издадени се осум решенија за забрана за вршење дејност во рок од 15 дена, три решенија за наредба за засновање работен однос за лица затекнати во објектите без регулиран работен однос и едно решение за опомена за регистрирање на нерегистрирана дејност.

 

The post Полицијата казни 12 продавници во Чаир бидејќи работат и во недела appeared first on Република.

]]>

Денеска во период од 10.00 до 17.00 часот припадници на Единицата за интервентна полиција во координација со инспектори од Државниот инспекторат за труд на подрачјето на општина Чаир извршиле контроли во објекти на ул.„Цветан Димов” и „Џон Кенеди” со цел да се утврди дали работодавачите ги почитуваат законските одредби кои се однесуваат на забраната за работа во недела во оние дејности кои не спаѓаат во исклучоците утврдени со Законот за работни односи. Од вкупно извршените контроли изречени се 12 мерки, односно издадени се осум решенија за забрана за вршење дејност во рок од 15 дена, три решенија за наредба за засновање работен однос за лица затекнати во објектите без регулиран работен однос и едно решение за опомена за регистрирање на нерегистрирана дејност.  

The post Полицијата казни 12 продавници во Чаир бидејќи работат и во недела appeared first on Република.

]]>