недела неработен ден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nedela-neraboten-den/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Dec 2023 11:56:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png недела неработен ден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nedela-neraboten-den/ 32 32 Одлуката да се работи во недела е врв на непочитување на работникот од „социјалдемократската“ влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/odlukata-da-se-raboti-vo-nedela-e-vrv-na-nepochituvane-na-rabotnikot-od-sotsijaldemokratskata-vlada/ Fri, 29 Dec 2023 11:56:40 +0000 https://republika.mk/?p=727811

Претседателката на „Гласен Текстилец“ Кристина Ампева реагира на препораката на Владата до работодавачите, со којашто се овозможува продавници, киосци, штандови да работат за време на новогодишните и божиќни празници. Посочува дека со оваа препорака се кршат работничките права, а реакции до нив веќе има пристигнато во работниците од овој сектор.

Со голема загриженост ја добивме веста дека владата на седница оддржана на 28.12.2023 година дава препорака до работодавачите односно за деновите 31 декември 2023 година и 1 јануари 2024 година, како и 7 јануари и 8 јануари 2024 година, да работат продавниците, штандовите и киосците коишто вршат трговија на мало. Сведоци сме дека прекувремената работа, работата на празник и во ден на неделен одмор, не се плаќа од мнозинството приватни фирми „Гласен Текстилец“ даде особен ангажман да има забрана за работа во недела на огромен дел од дејностите, сепак владата сега им дава препорака на работодавачите да го кршат законот кој тие го донесоа, базиран на наши долгогодишни барања, вели Ампева во пишаното соопштение.

Забележува дека оваа Влада која е социјалдемократска, треба да тежнее кон просперитет и да биде блиска до работниците.

Оваа последна одлука е врв на нелогичност, на непочитување на работникот да биде за најголемите празници дома со семејството, да има право на одмор. Ова не ги одразува социјалдемократските вредности, напротив, како и многу пати до сега, да го бранат суровиот капитализам пред работничките права и работничкото достоинство, вели Ампева.

Таа ја повика Владата да ја променат оваа какошто вели несреќна препорака со која даваат ветер во грб на работодавачите, да ги кршат законите и работничките права.

Ги повикуваме да ја повлечат оваа катастрофална одлука/препорака која е во интерес на работодавачите, но не и на работниците, порача Ампева.

The post Одлуката да се работи во недела е врв на непочитување на работникот од „социјалдемократската“ влада appeared first on Република.

]]>

По 60 часовна работна недела, Груби сега сака да го укине и недела како неработен ден https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-60-chasovna-rabotna-nedela-grubi-sega-saka-da-go-ukine-i-nedela-kako-neraboten-den/ Tue, 25 Apr 2023 15:00:46 +0000 https://republika.mk/?p=634018

Првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби вели дека поддржува законски измени во однос на укинување на недела неработен ден и смета дека со ова законско решение, како што изјави денеска, ни затајуваат процеси во државата.

- Апсолутно поддржувам, бидејќи гледам дека со одлуката, со законското решение, ни затајуваат процеси во државата. Подготвени сме да направиме промени во законското решение, но тоа треба да биде консензуално од сите членови на Владата, потврдено од страна на Собранието, рече Груби на прашање од претставници на Стопанската комора на Македонија на денешниот состанок во врска со проектот со „Бехтел и Енка“.

Груби, кој е и координатор за проектот за изградба на автопатите на коридорите 8 и 10д што ќе ги гради „Бехтел и Енка“, рече дека „кога се соочил со овие проблеми, увидел дека е неопходно да се направат законски измени“.

- Затоа поддржувам, ќе се ангажирам, ќе видиме со колегите од Владата, не се сите на исто мислење, а секако не се на исто мислење и сите пратеници.

The post По 60 часовна работна недела, Груби сега сака да го укине и недела како неработен ден appeared first on Република.

Тој би секој ден да се работи: Груби поддржува укинување на недела неработен ден https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/toj-bi-sekoj-den-da-se-raboti-grubi-poddrzhuva-ukinuvane-na-nedela-neraboten-den/ Tue, 25 Apr 2023 12:44:51 +0000 https://republika.mk/?p=633976

Првиот вицепремиер Артан Груби апсолутно поддржува укинување на недела неработен ден. Тој на настан организиран од Стопанска комора посветен на автопатите што треба да ги гради конзорциумот Бехтел и Енка рече дека со законското решение за недела неработен ден затајуваат процеси во државата.

Гледам дека е неопходно да се направат законски измени и затоа поддржувам, ќе се ангажирам да видиме со колегите во владата, не се сите со исто мнение, а не се со исто и сите пратеници, но во оваа група секако дека имате поддржувачи - рече Груби, кој на настанот беше придружуван од министрите за финансии, економија и за транспорт и врски.

Стопанска комора бара да се укине законското решение за недела неработен ден. Комората поднесе иницијатива пред Уставен суд против овој закон, но Уставен ја отфрли и одлуки недела да остане неработен ден.

Законот за недела неработен ден стапи на сила на 1 јануари 2022 година. Според него 92 отсто од работниците не требаше да работат во недела, а тие што работат во индустрии кои не може да бидат прекинати, добиваат повисоки дневници и дополнителен слободен ден.

The post Тој би секој ден да се работи: Груби поддржува укинување на недела неработен ден appeared first on Република.

]]>

Првиот вицепремиер Артан Груби апсолутно поддржува укинување на недела неработен ден. Тој на настан организиран од Стопанска комора посветен на автопатите што треба да ги гради конзорциумот Бехтел и Енка рече дека со законското решение за недела неработен ден затајуваат процеси во државата.
Гледам дека е неопходно да се направат законски измени и затоа поддржувам, ќе се ангажирам да видиме со колегите во владата, не се сите со исто мнение, а не се со исто и сите пратеници, но во оваа група секако дека имате поддржувачи - рече Груби, кој на настанот беше придружуван од министрите за финансии, економија и за транспорт и врски.
Стопанска комора бара да се укине законското решение за недела неработен ден. Комората поднесе иницијатива пред Уставен суд против овој закон, но Уставен ја отфрли и одлуки недела да остане неработен ден. Законот за недела неработен ден стапи на сила на 1 јануари 2022 година. Според него 92 отсто од работниците не требаше да работат во недела, а тие што работат во индустрии кои не може да бидат прекинати, добиваат повисоки дневници и дополнителен слободен ден.

The post Тој би секој ден да се работи: Груби поддржува укинување на недела неработен ден appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Ковачевски и Груби ќе одговараат, нема да има милост за грабежот на народот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-kovachevski-i-grubi-ke-odgovaraat-nema-da-ima-milost-za-grabezhot-na-narodot/ Tue, 11 Apr 2023 12:04:28 +0000 https://republika.mk/?p=629819

Тоа е шокантно, имаше и медиуми кои прикажаа докази и договорот кој го има потпишано Димитар Ковачевски и Артан Груби со фирмата изведувач. Компанијата го штити својот интерес како и секоја компанија, прашањето е колкава е вината на тие кои наместо да го штитат државниот интерес и  интересот и граѓаните на Македонија го штитат интересот на приватната компанија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ при посетата на Зрновци, одговарајќи на новинарско прашање во врска со преземената обврска на власта да плаќа пенали ако не се донесат на законот за работни односи за продолжување на работната недела на 60 часа заради изградба на коридорите.

Од тоа што можев да го видам во договорот кој беше приложен во медиумите е дека доколку во рок од 45 дена од потпишувањето на тој договор не се смени законот за работни односи и не се продолжи работната недела од 40 на 60 работни часа, тогаш  Македонија треба да плати еднократен финансиски надомест, пенали од миниум 53 милиони евра, рече Мицкоски.

Тој додаде дека тоа не е се, дополнително  околу 2 милиони евра секој месец се до моментот додека не се промени овој закон.

Сакам да кажам дека и Уставниот суд по ова прашање се изјаснил многу пати во минатото, некој свесно знаел дека ова што се бара е невозможно и одлучил да го направи, односно да потпише договор кој свесно презема обврска буџетот на Македонија, на сите граѓани да исплати би рекол стотици милиони евра пенали на компанијата која е изведувач, истакна Мицкоски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ova-se-milionskite-penali-shto-ke-gi-plakame-ako-ne-se-zgolemi-rabotnata-nedela-kako-shto-potpisha-vladata/

Мицкоски посочи дека од власта можеби мислеле имајќи го предвид партизираното обвинителството каде еден коалиционен партнер си поставува обвинител во делот за организиран криминал и корупција и со Кацарска претседателот на Уставен суд дека ќе ја сменат својата одлука од минатото и можеби на тој начин под притисок на овие политичари ќе донесат спротивна одлука на одлуките дека е неуставно зголемувањето на работната недела.

Ова е шокантно и јавно кажувам дека по промената на власта и по формирање на владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе има одговорност. Јавно им кажувам и на Ковачевски и на Артан Груби дека ќе има одговорност. Ова се средства кои ги плаќаат граѓаните и тешко ги заработуваат.  Граѓаните не ги заработуваат парите со тоа што местат државни тендери и земаат дебели провизии, туку крваво заработуваат по овие ниви што ги гледаме и се молат да добијат вода, за да може да извадат денар плус да ги прехранат своите семејства и да го платат данокот кој некој го краде. За ова ќе има сериозна одговорност, изјави Мицкоски.

The post Мицкоски: Ковачевски и Груби ќе одговараат, нема да има милост за грабежот на народот appeared first on Република.

Уставниот суд не донесе одлука за работа во недела https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ustavniot-sud-ne-donese-odluka-za-rabota-vo-nedela/ Wed, 14 Sep 2022 10:56:20 +0000 https://republika.mk/?p=550680

Уставниот суд не донесе одлука за предметот кој опфаќа работа во недела, поради недоволно мнозинство гласови, изјави портпаролката на Судот Христина Беловска по седницата на која се расправаше по иницијативата поднесена од Стопанската комора на Македонија во која е оспорен Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи кој во својата содржина опфаќа „работа во недела”.

Беловска нагласи дека ова е уште еден од 40-те предмети кои не поминаа на седница поради тоа што нема доволно мнозинство.

– И уште еднаш, за жал, преку ваков значаен предмет за граѓаните се истакна потребата за пополнување на судиските места, потенцира Беловска.

На денешната 28-ма седница на Уставниот суд на дневен ред беа три предмети меѓу кој и тој кој опфаќа работа во недела.

– Рефератот на овој предмет гласеше да не се поведе постапка што значи Законот да остане во правниот поредок односно недела да остане неработен ден освен за дејностите за кои е исклучок и кои се предвидени токму во овој Закон. Овој предмет не го доби доволното мнозинство, а еден од судиите се изјасни дека нема да го поддржи рефератот, заклучи Беловска.

За да се донесе одлука на Уставниот суд му се потребни најмалку пет гласа, а во моментов има вкупно претмина судии од кои еден имаше спротивставено мислење, па порди тоа предметот не помина на седницата.

По иницијативата за овој предмет судиите ќе се навратат тогаш кога Собранието на Република Македонија ќе го комплетира Уставниот суд со доволен број на судии.

Во иницијативата се наведува дека ден на неделен одмор може да биде кој било друг ден во неделата, дека е утврден и додаток на плата за работа во недела во износ од најмалку 50 проценти за секој час поминат на работа и од тие причини е дозволена нееднаквост на граѓаните пред законите, велат од Уставен суд.

Содржани се и наводи дека со ова законско решение работодавачите од економските дејности на кои им се забранува работа во недела и имаат еднаква правна положба од аспект да ги намируваат данокот и другите јавни давачки кон државата кои се утврдени со закон се ставени во нееднаква правна положба со работодавците од економските дејности на кои им е дозволено да работат во недела, од аспект да остваруваат приходи и добивка

The post Уставниот суд не донесе одлука за работа во недела appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд не донесе одлука за предметот кој опфаќа работа во недела, поради недоволно мнозинство гласови, изјави портпаролката на Судот Христина Беловска по седницата на која се расправаше по иницијативата поднесена од Стопанската комора на Македонија во која е оспорен Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи кој во својата содржина опфаќа „работа во недела”. Беловска нагласи дека ова е уште еден од 40-те предмети кои не поминаа на седница поради тоа што нема доволно мнозинство. – И уште еднаш, за жал, преку ваков значаен предмет за граѓаните се истакна потребата за пополнување на судиските места, потенцира Беловска. На денешната 28-ма седница на Уставниот суд на дневен ред беа три предмети меѓу кој и тој кој опфаќа работа во недела. – Рефератот на овој предмет гласеше да не се поведе постапка што значи Законот да остане во правниот поредок односно недела да остане неработен ден освен за дејностите за кои е исклучок и кои се предвидени токму во овој Закон. Овој предмет не го доби доволното мнозинство, а еден од судиите се изјасни дека нема да го поддржи рефератот, заклучи Беловска. За да се донесе одлука на Уставниот суд му се потребни најмалку пет гласа, а во моментов има вкупно претмина судии од кои еден имаше спротивставено мислење, па порди тоа предметот не помина на седницата. По иницијативата за овој предмет судиите ќе се навратат тогаш кога Собранието на Република Македонија ќе го комплетира Уставниот суд со доволен број на судии. Во иницијативата се наведува дека ден на неделен одмор може да биде кој било друг ден во неделата, дека е утврден и додаток на плата за работа во недела во износ од најмалку 50 проценти за секој час поминат на работа и од тие причини е дозволена нееднаквост на граѓаните пред законите, велат од Уставен суд. Содржани се и наводи дека со ова законско решение работодавачите од економските дејности на кои им се забранува работа во недела и имаат еднаква правна положба од аспект да ги намируваат данокот и другите јавни давачки кон државата кои се утврдени со закон се ставени во нееднаква правна положба со работодавците од економските дејности на кои им е дозволено да работат во недела, од аспект да остваруваат приходи и добивка

The post Уставниот суд не донесе одлука за работа во недела appeared first on Република.

]]>
ССМ го повикува Уставниот суд да ја отфрли иницијативата на Стопанската комоа за „работа во недела” https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ssm-go-povikuva-ustavniot-sud-da-ja-otfrli-inicijativata-na-stopanskata-komoa-za-rabota-vo-nedela/ Tue, 13 Sep 2022 12:13:29 +0000 https://republika.mk/?p=550390

Сојузот на синдикатите на Македонија го повикува Уставниот суд да ја отфрли иницијативата на Стопанската комора на Македонија која се однесува на оспорениот Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, којшто во својата содржина опфаќа „работа во недела” бидејќи, како што велат, е спротивна на Уставот.

Според ССМ, со иницијативата ќе се задре во веќе утврдено право на непрекинат неделен одмор што се состои од најмалку 24 часа, за период од седум дена, на илјадници работници во државата.

– Го повикуваме Уставниот суд веднаш да ја отфрли иницијативата на Стопанската комора која е спротивна на Уставот, а ги охрабруваме почитуваните судии разгледувањето на иницијативата и нејзиното отфрлање кое е предвидено за во среда, да ја одложат точката и седницата да ја закажат оваа недела и расправата да ја продолжат и неколку денови во денот недела. Да ги повикаат сите работодавачи од Стопанската комора на Македонија кои се многу загрижени да им се дозволи да работат во недела за да почуствуваат како се чувствуваат и нивните колеги работници кои досега работеа во ден недела без ограничување и без за тоа да бидат платени. Но се сомневаме дека газдите ќе дојдат, поради тоа што сите или 90 отсто од нив ќе бидат по монденските одмаралишта на продолжени викенди на грбот и од потта на работниците кои со нивниот труд им го ствараат капиталот, а ние работниците и оваа недела и секоја наредна ќе бидеме во судница на покана на Судот, се наведува во денешното соопштение од ССМ.

Од ССМ му предлагаат на Уставниот суд по ова егзистенцијално прашање за работниците да расправа секој ден – недела до крајот на годината и тогаш повторно да ги прашаат работодавачите кои стојат зад иницијативата правото на неделен одмор да не биде регулирано со закон, дали се против и дали остануваат на ставот истакнат во иницијативата.

Сојузот на синдикатите на Македонија како репрезентативен синдикат и национален социјален партнер во државата, како што е посочено во соопштението, беше иницијатор и најголем поддржувач на законските измени со кои денот недела е уреден како неработен ден за најголемиот број на вработени во државата и затоа нагласуваме дека недела конечно е ден на неделен одмор и е реалност колку и тоа на одредени работодавачи да не им се допаѓа.

-Работниците веќе го чуствуваат бенифитот од ова право, ден на неделен одмор да биде недела кое е уредено во Закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи Сл.Весник бр.288 од 21 декември 2021 година и Законот за изменување и дополнување на Законот за трговијата Сл.Весник бр.295 од 27 декември 2021 година што е во целост согласно горенаведеното и член 32 од Уставот на Република Македонија дека секој вработен има право на платен неделен одмор и дека од тоа право работниците не смеаат да се откажат, а работодавачите не смеат да го ограничат, велат од ССМ.

Во поглед на иницијативата од страна на Стопанската комора која е предвидено Уставниот суд да ја разгледува утре на седница, ССМ нагласува дека согласно член 11 од Уставот „Се забранува присилна работа.“, согласно член 32 од Уставот „Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор“, а „Од овие права вработените не можат да се откажат“ и истиот член утврдува дека „Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори.“

- На секоја држава ѝ се потребни здрави работници и граѓани, а тоа особено дојде до израз во последните две години за време на ковид пандемијата, недвосмислено се докажа дека без здрави работници и граѓани не може да се обезбеди опстанок на државата, ниту да се одржат економските и општествените процеси, потенцираат од ССМ.

Додаваат дека нивна правна водилка во обезбедувањето на ова право се националните и меѓународните закони и документи: Уставот и работно правното законодавство на државата, Општа декларација за човековите права, Европската конвенција за заштита на правата,Конвенцијата за неделен одмор и др.

-Сите овие закони и фундаментални документи за човековите права од национална и меѓународна природа поаѓаат од постулатот дека секој има право на работа и работни услови кои го почитуваат човековото достоинство. Во таа насока секој има право на ограничување на максималниот број на работни часови, дневен, седмичен, годишен одмор и право на платено отсуство. (Член 31 Повелба на основните права на ЕУ), посочуваат од ССМ.

Истовремено, од ССМ укажуваат дека согласно Конвенцијата за неделен одмор C 106 е јасно наведено дека сите работници треба да имаат право на непрекинат неделен одмор што се состои од најмалку 24 часа за период од седум дена, дека периодот на неделен одмор треба да коинцидира со денот од неделата што се смета за ден за одмор согласно на традицијата и обичаите на земјата или регионот, дека секоја земја може да се примени посебен режим на неделен одмор или, за определни категории на лица или организации опфатени со Конвенцијата, да им се плати за сите соодветни социјални и економски барања и др.

-Истовремено Конвенцијата упатува и дека во определувањето на условите во кои привремените иземања за неделен одмор се дозволени, репрезентативните организации на работниците и работодавачите, онаму каде што истите постојат, треба да бидат консултирани што е случај во нашата Држава поради тоа што на ваквото законско решение дадоа согласно сите репрезентативни претставници на работниците и работодавачите преку процесот на социјалниот дијалог на Економско – социјалниот совет, велат од ССМ.

Дополнително нагласуваат дека дури во Конвенцијата е јасно наведено дека ниту една одредба од оваа Конвенција нема да влијае на закон, одлука, обичај или договор кој обезбедува поблагопријатни услови за работниците од оние што се обезбедуваат со оваа Конвенција што е случај со Измените на Законот за работните односи со кои се прогласи недела за ден на неделан одмор за над 92 отсто од работниците.

Работодавачите со ваквите постапки го покажуваат своето вистинско лице, дека не ги почитуваат работничките права дека не ги почитуваат работниците и дека најважен им е личниот интерес и нивното богатење на грбот на трудот на работникот.

-Законот за работни односи Сл.в. бр.288 од 21.12.2021 година и Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија Сл.в.бр.295 од 27.12.2021 година е во целост во согласност со Уставот на РСМ и позитивното право во државата, исто така тоа се потврдува и со Конвенцијата за неделен одмор С 106 на МОТ и согласно горенаведеното бараме Уставниот Суд на РСМ да ја отфрли иницијативата, бидејќи со истата ќе се задре во веќе утврдено право на непрекинат неделен одмор што се состои од најмалку 24 часа за период од седум дена на илјадници работници во државата, нагласуваат во соопштението од ССМ.

The post ССМ го повикува Уставниот суд да ја отфрли иницијативата на Стопанската комоа за „работа во недела” appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикатите на Македонија го повикува Уставниот суд да ја отфрли иницијативата на Стопанската комора на Македонија која се однесува на оспорениот Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, којшто во својата содржина опфаќа „работа во недела” бидејќи, како што велат, е спротивна на Уставот. Според ССМ, со иницијативата ќе се задре во веќе утврдено право на непрекинат неделен одмор што се состои од најмалку 24 часа, за период од седум дена, на илјадници работници во државата.
– Го повикуваме Уставниот суд веднаш да ја отфрли иницијативата на Стопанската комора која е спротивна на Уставот, а ги охрабруваме почитуваните судии разгледувањето на иницијативата и нејзиното отфрлање кое е предвидено за во среда, да ја одложат точката и седницата да ја закажат оваа недела и расправата да ја продолжат и неколку денови во денот недела. Да ги повикаат сите работодавачи од Стопанската комора на Македонија кои се многу загрижени да им се дозволи да работат во недела за да почуствуваат како се чувствуваат и нивните колеги работници кои досега работеа во ден недела без ограничување и без за тоа да бидат платени. Но се сомневаме дека газдите ќе дојдат, поради тоа што сите или 90 отсто од нив ќе бидат по монденските одмаралишта на продолжени викенди на грбот и од потта на работниците кои со нивниот труд им го ствараат капиталот, а ние работниците и оваа недела и секоја наредна ќе бидеме во судница на покана на Судот, се наведува во денешното соопштение од ССМ.
Од ССМ му предлагаат на Уставниот суд по ова егзистенцијално прашање за работниците да расправа секој ден – недела до крајот на годината и тогаш повторно да ги прашаат работодавачите кои стојат зад иницијативата правото на неделен одмор да не биде регулирано со закон, дали се против и дали остануваат на ставот истакнат во иницијативата. Сојузот на синдикатите на Македонија како репрезентативен синдикат и национален социјален партнер во државата, како што е посочено во соопштението, беше иницијатор и најголем поддржувач на законските измени со кои денот недела е уреден како неработен ден за најголемиот број на вработени во државата и затоа нагласуваме дека недела конечно е ден на неделен одмор и е реалност колку и тоа на одредени работодавачи да не им се допаѓа.
-Работниците веќе го чуствуваат бенифитот од ова право, ден на неделен одмор да биде недела кое е уредено во Закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи Сл.Весник бр.288 од 21 декември 2021 година и Законот за изменување и дополнување на Законот за трговијата Сл.Весник бр.295 од 27 декември 2021 година што е во целост согласно горенаведеното и член 32 од Уставот на Република Македонија дека секој вработен има право на платен неделен одмор и дека од тоа право работниците не смеаат да се откажат, а работодавачите не смеат да го ограничат, велат од ССМ.
Во поглед на иницијативата од страна на Стопанската комора која е предвидено Уставниот суд да ја разгледува утре на седница, ССМ нагласува дека согласно член 11 од Уставот „Се забранува присилна работа.“, согласно член 32 од Уставот „Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор“, а „Од овие права вработените не можат да се откажат“ и истиот член утврдува дека „Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори.“
- На секоја држава ѝ се потребни здрави работници и граѓани, а тоа особено дојде до израз во последните две години за време на ковид пандемијата, недвосмислено се докажа дека без здрави работници и граѓани не може да се обезбеди опстанок на државата, ниту да се одржат економските и општествените процеси, потенцираат од ССМ.
Додаваат дека нивна правна водилка во обезбедувањето на ова право се националните и меѓународните закони и документи: Уставот и работно правното законодавство на државата, Општа декларација за човековите права, Европската конвенција за заштита на правата,Конвенцијата за неделен одмор и др.
-Сите овие закони и фундаментални документи за човековите права од национална и меѓународна природа поаѓаат од постулатот дека секој има право на работа и работни услови кои го почитуваат човековото достоинство. Во таа насока секој има право на ограничување на максималниот број на работни часови, дневен, седмичен, годишен одмор и право на платено отсуство. (Член 31 Повелба на основните права на ЕУ), посочуваат од ССМ.
Истовремено, од ССМ укажуваат дека согласно Конвенцијата за неделен одмор C 106 е јасно наведено дека сите работници треба да имаат право на непрекинат неделен одмор што се состои од најмалку 24 часа за период од седум дена, дека периодот на неделен одмор треба да коинцидира со денот од неделата што се смета за ден за одмор согласно на традицијата и обичаите на земјата или регионот, дека секоја земја може да се примени посебен режим на неделен одмор или, за определни категории на лица или организации опфатени со Конвенцијата, да им се плати за сите соодветни социјални и економски барања и др.
-Истовремено Конвенцијата упатува и дека во определувањето на условите во кои привремените иземања за неделен одмор се дозволени, репрезентативните организации на работниците и работодавачите, онаму каде што истите постојат, треба да бидат консултирани што е случај во нашата Држава поради тоа што на ваквото законско решение дадоа согласно сите репрезентативни претставници на работниците и работодавачите преку процесот на социјалниот дијалог на Економско – социјалниот совет, велат од ССМ.
Дополнително нагласуваат дека дури во Конвенцијата е јасно наведено дека ниту една одредба од оваа Конвенција нема да влијае на закон, одлука, обичај или договор кој обезбедува поблагопријатни услови за работниците од оние што се обезбедуваат со оваа Конвенција што е случај со Измените на Законот за работните односи со кои се прогласи недела за ден на неделан одмор за над 92 отсто од работниците. Работодавачите со ваквите постапки го покажуваат своето вистинско лице, дека не ги почитуваат работничките права дека не ги почитуваат работниците и дека најважен им е личниот интерес и нивното богатење на грбот на трудот на работникот.
-Законот за работни односи Сл.в. бр.288 од 21.12.2021 година и Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија Сл.в.бр.295 од 27.12.2021 година е во целост во согласност со Уставот на РСМ и позитивното право во државата, исто така тоа се потврдува и со Конвенцијата за неделен одмор С 106 на МОТ и согласно горенаведеното бараме Уставниот Суд на РСМ да ја отфрли иницијативата, бидејќи со истата ќе се задре во веќе утврдено право на непрекинат неделен одмор што се состои од најмалку 24 часа за период од седум дена на илјадници работници во државата, нагласуваат во соопштението од ССМ.

The post ССМ го повикува Уставниот суд да ја отфрли иницијативата на Стопанската комоа за „работа во недела” appeared first on Република.

]]>
ССМ реагира на одлуката во туристичките места трговците да работат и во недела https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ssm-reagira-na-odlukata-vo-turistichkite-mesta-trgovcite-da-rabotat-i-vo-nedela/ Tue, 28 Jun 2022 08:13:51 +0000 https://republika.mk/?p=520588

ССМ реагираше на измената во законот за Недела неработен ден, со што на трговците на мало во туристичките места им се дозволува да работат и во недела и на празник.

Реакцијата на ССм ја прнесуваме во целост.

ССМ со право, уште на самиот почеток на процесот на уредување на недела како ден на неделен одмор укажуваше дека ова право во никој случај не смее да се регулира со друг закон освен со Законот за работните односи и дека во тој случај му се дава можност на еден министер со потпис да одлучува за судбината на работниците, што по 6 месеци се покажа како точно, иако во тој период од министрите бевме убедувани дека тоа нема да биде случај.

Министерот, кој на 2 јануари се фалеше дека недела неработен ден е реалност, на 27 јуни се фали дека сите трговци во туристичките дестинации ќе работат во недела.

Трговците можеа и до сега да работат, но самите, а на министерот очигледно не му се допаѓа тоа па сега работниците ќе им работат на трговците.

Министерот за економија тргува со човечки судбини, па прашуваме дали на работниците им е потребен министер трговец како него.

Истовремено, потсетуваме дека овластен предлагач на Законот била пратеничката Жаклина Лазаревска, истата пратеничка која за амандманот на ССМ од говорница викаше дека на работниците лесно можеле да им дадат 2.806 денари, ама не сакале да им дадат за да не ги расипат од многу пари.

Работниците мора да се прашаат на кого го даваат својот глас на избори, ако знаат дека сите пратеници сложно се против работниците.

Работникот памти и ќе врати!!! - се вели во реакцијата на ССМ.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/izmenet-zakonot-za-nedela-neraboten-den-site-trgovci-vo-turistichkite-mesta-kje-moze-da-rabotat-vo-nedela-i-na-praznici/

The post ССМ реагира на одлуката во туристичките места трговците да работат и во недела appeared first on Република.

]]>

ССМ реагираше на измената во законот за Недела неработен ден, со што на трговците на мало во туристичките места им се дозволува да работат и во недела и на празник. Реакцијата на ССм ја прнесуваме во целост.
ССМ со право, уште на самиот почеток на процесот на уредување на недела како ден на неделен одмор укажуваше дека ова право во никој случај не смее да се регулира со друг закон освен со Законот за работните односи и дека во тој случај му се дава можност на еден министер со потпис да одлучува за судбината на работниците, што по 6 месеци се покажа како точно, иако во тој период од министрите бевме убедувани дека тоа нема да биде случај.   Министерот, кој на 2 јануари се фалеше дека недела неработен ден е реалност, на 27 јуни се фали дека сите трговци во туристичките дестинации ќе работат во недела.   Трговците можеа и до сега да работат, но самите, а на министерот очигледно не му се допаѓа тоа па сега работниците ќе им работат на трговците.   Министерот за економија тргува со човечки судбини, па прашуваме дали на работниците им е потребен министер трговец како него.   Истовремено, потсетуваме дека овластен предлагач на Законот била пратеничката Жаклина Лазаревска, истата пратеничка која за амандманот на ССМ од говорница викаше дека на работниците лесно можеле да им дадат 2.806 денари, ама не сакале да им дадат за да не ги расипат од многу пари.   Работниците мора да се прашаат на кого го даваат својот глас на избори, ако знаат дека сите пратеници сложно се против работниците.   Работникот памти и ќе врати!!! - се вели во реакцијата на ССМ.
https://republika.mk/vesti/ekonomija/izmenet-zakonot-za-nedela-neraboten-den-site-trgovci-vo-turistichkite-mesta-kje-moze-da-rabotat-vo-nedela-i-na-praznici/

The post ССМ реагира на одлуката во туристичките места трговците да работат и во недела appeared first on Република.

]]>
Во туристичките центри ќе може да се работи и во недела и на празници, работниците со двојна дневница https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-turistichkite-centri-kje-moze-da-se-raboti-i-vo-nedela-i-na-praznici-rabotnicite-so-dvojna-dnevnica/ Tue, 28 Jun 2022 04:59:14 +0000 https://republika.mk/?p=520362

Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за трговија со кој се овозможува работа во недела и државни празници на сите трговци на мало и на големо во туристичките места, утврдени со Законот за туристичка дејност, објави на Фејсбук министерот за економија Крешник Бектеши.

Според министерот, со измените и дополнувањата на Законот за трговија се очекува дополнително да се поттикне  економската активност во земјата, посебно во туристичките места.

Имајќи ги во предвид податоците кои што ги имаме од Државниот завод за статистика за раст на бројот на туристи од почетокот на годината, а и очекувањата согласно веќе направени резервации за странски туристи кои што оваа туристичка сезона ќе ја посетат Македонија, посебно Охрид и Струга, согласно законските измени очекуваме  зголемување на туристичката активност во целата земја. Измените на Законот за трговија се донесени со заеднички дијалог во инклузивен процес со сите засегнати страни, посебно во туристичкиот сектор. Работниците во трговските објекти кои ќе работат во недела и празници ќе добијат дневница поголема за 100 проценти - објави министерот.

Согласно најновите измени на Законот за трговија им се дава можност на продавниците, киосците и штандовите  во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност, да работат во ден недела и на празници. Воедно, и на слободните царински продавници лоцирани на меѓународните аеродроми после царинските контролни точки и на цветните пазари, им се дава можност да работат во ден недела и на празници.

Овие законски измени стапуваат на сила веднаш откако ќе бидат објавени во Службен весник.

The post Во туристичките центри ќе може да се работи и во недела и на празници, работниците со двојна дневница appeared first on Република.

]]>

Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за трговија со кој се овозможува работа во недела и државни празници на сите трговци на мало и на големо во туристичките места, утврдени со Законот за туристичка дејност, објави на Фејсбук министерот за економија Крешник Бектеши. Според министерот, со измените и дополнувањата на Законот за трговија се очекува дополнително да се поттикне  економската активност во земјата, посебно во туристичките места.
Имајќи ги во предвид податоците кои што ги имаме од Државниот завод за статистика за раст на бројот на туристи од почетокот на годината, а и очекувањата согласно веќе направени резервации за странски туристи кои што оваа туристичка сезона ќе ја посетат Македонија, посебно Охрид и Струга, согласно законските измени очекуваме  зголемување на туристичката активност во целата земја. Измените на Законот за трговија се донесени со заеднички дијалог во инклузивен процес со сите засегнати страни, посебно во туристичкиот сектор. Работниците во трговските објекти кои ќе работат во недела и празници ќе добијат дневница поголема за 100 проценти - објави министерот.
Согласно најновите измени на Законот за трговија им се дава можност на продавниците, киосците и штандовите  во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност, да работат во ден недела и на празници. Воедно, и на слободните царински продавници лоцирани на меѓународните аеродроми после царинските контролни точки и на цветните пазари, им се дава можност да работат во ден недела и на празници. Овие законски измени стапуваат на сила веднаш откако ќе бидат објавени во Службен весник.

The post Во туристичките центри ќе може да се работи и во недела и на празници, работниците со двојна дневница appeared first on Република.

]]>
Изменет законот за недела неработен ден: Сите трговци во туристичките места ќе може да работат во недела и на празници https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/izmenet-zakonot-za-nedela-neraboten-den-site-trgovci-vo-turistichkite-mesta-kje-moze-da-rabotat-vo-nedela-i-na-praznici/ Mon, 27 Jun 2022 14:55:39 +0000 https://republika.mk/?p=520359

Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за трговија со кој се овозможува работа во недела и државни празници на сите трговци на мало и на големо во туристичките места, утврдени со Законот за туристичка дејност, објави на Фејсбук министерот за економија Крешник Бектеши.

Според министерот, со измените и дополнувањата на Законот за трговија се очекува дополнително да се поттикне економската активност во земјата, посебно во туристичките места.

Имајќи ги во предвид податоците кои што ги имаме од Државниот завод за статистика за раст на бројот на туристи од почетокот на годината, а и очекувањата согласно веќе направени резервации за странски туристи кои што оваа туристичка сезона ќе ја посетат Македонија, посебно Охрид и Струга, согласно законските измени очекуваме зголемување на туристичката активност во целата земја. Измените на Законот за трговија се донесени со заеднички дијалог во инклузивен процес со сите засегнати страни, посебно во туристичкиот сектор. Работниците во трговските објекти кои ќе работат во недела и празници ќе добијат дневница поголема за 100 проценти - објави министерот.

Согласно најновите измени на Законот за трговија им се дава можност на продавниците, киосците и штандовите во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност, да работат во ден недела и на празници. Воедно, и на слободните царински продавници лоцирани на меѓународните аеродроми по царинските контролни точки и на цветните пазари, им се дава можност да работат во ден недела и на празници.

Овие законски измени стапуваат на сила веднаш откако ќе бидат објавени во Службен весник.

The post Изменет законот за недела неработен ден: Сите трговци во туристичките места ќе може да работат во недела и на празници appeared first on Република.

]]>

Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за трговија со кој се овозможува работа во недела и државни празници на сите трговци на мало и на големо во туристичките места, утврдени со Законот за туристичка дејност, објави на Фејсбук министерот за економија Крешник Бектеши. Според министерот, со измените и дополнувањата на Законот за трговија се очекува дополнително да се поттикне економската активност во земјата, посебно во туристичките места.
Имајќи ги во предвид податоците кои што ги имаме од Државниот завод за статистика за раст на бројот на туристи од почетокот на годината, а и очекувањата согласно веќе направени резервации за странски туристи кои што оваа туристичка сезона ќе ја посетат Македонија, посебно Охрид и Струга, согласно законските измени очекуваме зголемување на туристичката активност во целата земја. Измените на Законот за трговија се донесени со заеднички дијалог во инклузивен процес со сите засегнати страни, посебно во туристичкиот сектор. Работниците во трговските објекти кои ќе работат во недела и празници ќе добијат дневница поголема за 100 проценти - објави министерот.
Согласно најновите измени на Законот за трговија им се дава можност на продавниците, киосците и штандовите во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност, да работат во ден недела и на празници. Воедно, и на слободните царински продавници лоцирани на меѓународните аеродроми по царинските контролни точки и на цветните пазари, им се дава можност да работат во ден недела и на празници. Овие законски измени стапуваат на сила веднаш откако ќе бидат објавени во Службен весник.

The post Изменет законот за недела неработен ден: Сите трговци во туристичките места ќе може да работат во недела и на празници appeared first on Република.

]]>
ССМ бара да бидат повлечени од собраниска процедура измените на Законот за недела – неработен ден https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ssm-bara-da-bidat-povlecheni-od-sobraniska-procedura-izmenite-na-zakonot-za-nedela-neraboten-den/ Tue, 31 May 2022 15:45:51 +0000 https://republika.mk/?p=509346

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), во врска со Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи во делот на одредбите кои се однесуваат на регулирање на правото недела – неработен ден, смета дека недопустиво и несериозно е измените во овој фундаментален закон за работно-правните односи во државата во кои се дадени основните постулати и принципи на социјалниот дијалог, да се носат без учество на социјалните партнери и ЕСС.

На овој начин се врши кршење на законските одредби и подривање на принципите за градење на националните стратегии и политики во сите области, а најзначајно во областа на работно – правните односи по пат на социјален дијалог со активно учество на социјалните партнери. Поради тоа ССМ како најброен и репрезентативен синдикат бара предложените измени и дополнувања на ЗРО да се повлечат од собраниска процедура, затоа што не е спроведена постапка на анализа и целосен увид на резултатите од досегашната примена на одредбите од законот за недела неработен ден за да можат да се видат ефектите од примената на овие одредби, па дури потоа да се преземаат активности за подобрување на законскиот текст, но не во правец на намалување на правата на работниците - објавија од ССМ на нивниот фејсбук профил.

Како што велат од ССМ, едностраното, необјективно и тенденциозно додавање на дејности во исклучоците во кои работниот процес е од таква природа што не може да се прекине и поради тоа за овие работници ден на неделен одмор може да биде друг ден, го разнишува концептот и причините поради кои се воведоа законските измени за недела – неработен ден, а тоа беше најголемиот број на работници да го користат денот недела за обнова на својата работна сила, грижа за семејството, културните, образовните, спортските и сите други реални животни потреби кои ќе обезбедат достоинствен живот за работникот и неговото семејство.

као што наведуваат синдикалците, со тоа ќе се постигне поголема продуктивност, мотивираност и успешност во обавувањето на работните задачи што ќе резултира со зголемено производство и продуктивност во работењето.

Уште еднаш укажуваме дека ССМ бара Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи во делот на одредбите кои се однесуваат на регулирање на правото недела – неработен ден, да се повлече од собраниска процедура и да не се расправа, ниту пак да се гласа по истиот затоа што во донесувањето на законските измени исклучени се од учество работниците и синдикатите, како и поради тоа што овие измени преставуваат намалување на правата на работниците.

Го следиме однесувањето на сите пратеници и партии, Вашата поддршка сега ќе биде основа за наша поддршка кон Вас во иднина - објавија од ССМ на фејсбук.

The post ССМ бара да бидат повлечени од собраниска процедура измените на Законот за недела – неработен ден appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), во врска со Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи во делот на одредбите кои се однесуваат на регулирање на правото недела – неработен ден, смета дека недопустиво и несериозно е измените во овој фундаментален закон за работно-правните односи во државата во кои се дадени основните постулати и принципи на социјалниот дијалог, да се носат без учество на социјалните партнери и ЕСС.
На овој начин се врши кршење на законските одредби и подривање на принципите за градење на националните стратегии и политики во сите области, а најзначајно во областа на работно – правните односи по пат на социјален дијалог со активно учество на социјалните партнери. Поради тоа ССМ како најброен и репрезентативен синдикат бара предложените измени и дополнувања на ЗРО да се повлечат од собраниска процедура, затоа што не е спроведена постапка на анализа и целосен увид на резултатите од досегашната примена на одредбите од законот за недела неработен ден за да можат да се видат ефектите од примената на овие одредби, па дури потоа да се преземаат активности за подобрување на законскиот текст, но не во правец на намалување на правата на работниците - објавија од ССМ на нивниот фејсбук профил.
Како што велат од ССМ, едностраното, необјективно и тенденциозно додавање на дејности во исклучоците во кои работниот процес е од таква природа што не може да се прекине и поради тоа за овие работници ден на неделен одмор може да биде друг ден, го разнишува концептот и причините поради кои се воведоа законските измени за недела – неработен ден, а тоа беше најголемиот број на работници да го користат денот недела за обнова на својата работна сила, грижа за семејството, културните, образовните, спортските и сите други реални животни потреби кои ќе обезбедат достоинствен живот за работникот и неговото семејство. као што наведуваат синдикалците, со тоа ќе се постигне поголема продуктивност, мотивираност и успешност во обавувањето на работните задачи што ќе резултира со зголемено производство и продуктивност во работењето.
Уште еднаш укажуваме дека ССМ бара Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи во делот на одредбите кои се однесуваат на регулирање на правото недела – неработен ден, да се повлече од собраниска процедура и да не се расправа, ниту пак да се гласа по истиот затоа што во донесувањето на законските измени исклучени се од учество работниците и синдикатите, како и поради тоа што овие измени преставуваат намалување на правата на работниците. Го следиме однесувањето на сите пратеници и партии, Вашата поддршка сега ќе биде основа за наша поддршка кон Вас во иднина - објавија од ССМ на фејсбук.

The post ССМ бара да бидат повлечени од собраниска процедура измените на Законот за недела – неработен ден appeared first on Република.

]]>
„Недела-неработен ден“ почнува да пронаоѓа „законски дупки“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nedela-neraboten-den-pochnuva-da-pronaogja-zakonski-dupki/ Tue, 24 May 2022 15:38:19 +0000 https://republika.mk/?p=505915

„Недела-неработен ден“ почнува да пронаоѓа „законски дупки“ затоа што не им одговара на сите.

На барање на трговците и дел од занаетчиите, нема да важи за туристичките места. Ова го најави министерот за економија Крешник Бектеши.

Трговците бараат законот да се смени и да можат да работат во недела особено сега, за време на летната сезона.

Бектеши веќе предложил до Собранието измени за Законот за трговија, со кои се дозволува работа во неделите и празниците во туристичките места.

Постојат дејности кои се под занаетчиство, тоа се фризери и шминкери. Нивната дејност е поврзана со свадби и прослави. Посебно шминкерите работат единствено во сабота и недела. Останатите денови тие речиси и немаат работа. Ако не ја работат неделата практично би требало да не работат воопшто. Требаше добро да истражат и да направат категории. Не може се во еден кош, ова е ставот на дел од занаетчиите во оваа сфера кои исто така бараат да бидат изземени од законот за недела-неработен ден.

The post „Недела-неработен ден“ почнува да пронаоѓа „законски дупки“ appeared first on Република.

]]>

„Недела-неработен ден“ почнува да пронаоѓа „законски дупки“ затоа што не им одговара на сите. На барање на трговците и дел од занаетчиите, нема да важи за туристичките места. Ова го најави министерот за економија Крешник Бектеши.
Трговците бараат законот да се смени и да можат да работат во недела особено сега, за време на летната сезона. Бектеши веќе предложил до Собранието измени за Законот за трговија, со кои се дозволува работа во неделите и празниците во туристичките места.
Постојат дејности кои се под занаетчиство, тоа се фризери и шминкери. Нивната дејност е поврзана со свадби и прослави. Посебно шминкерите работат единствено во сабота и недела. Останатите денови тие речиси и немаат работа. Ако не ја работат неделата практично би требало да не работат воопшто. Требаше добро да истражат и да направат категории. Не може се во еден кош, ова е ставот на дел од занаетчиите во оваа сфера кои исто така бараат да бидат изземени од законот за недела-неработен ден.

The post „Недела-неработен ден“ почнува да пронаоѓа „законски дупки“ appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Со законските измени во туристичките места ќе може да се работи и недела https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-so-zakonskite-izmeni-vo-turistichkite-mesta-kje-moze-da-se-raboti-i-nedela/ Sun, 22 May 2022 11:39:35 +0000 https://republika.mk/?p=505466

Работа во недела и во трговијата на мало и на големо во туристичките места, вклучувајќи ги Охрид и Струга, предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за трговија, кои се во Собраниска процедура, изјави министерот за економија Крешник Бектеши, пред денешната средба во Охрид со стопанственици и трговци од охридско-струшкиот регион, по што направи обиколка низ трговските објекти во Охридската чаршија.

Целта, посочи, е сите стопанствениците да имаат поголема можност во делот на зголемување на економската активност.

Имајќи ги предвид податоците за првите месеци, посебно во првиот квартал во делот на зголемување на туристите и тоа што е најавено во текот на летото кога има резервации согласно податоците на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за странски туристи кои ќе ја посетат Македонија, посебно регионот на Охрид и на Струга, истакна Бектеши.

Примената на новото законско решение очекува да почне најдоцна за две недели, по Собраниските процедури и излегувањето во Службен весник.

Министерството за економија и Владата ќе продолжат со мерки за поттикнување и на домашниот и на странскиот туризам. Со ребалансот на Буџетот предвидени се 15 милиони денари за продолжиме со мерката за доделување ваучери за вработените со ниски приходи. На тој начин ќе овозможиме зголемување на бројот на домашни туристи, а со мерките на АППТ ќе продолжиме и со чартер летови да поттикнеме што повеќе странски туристи да го посетат овој регион, изјави министерот за економија.

Според него, дуќанџиите во туристичките места, ќе може да работат во текот на целата година, согласно одредбите во Законот и согласно Законот за туристичка дејност.

Во законското решение не е утврдено до кога ќе важи. Наведено е во сите туристички места и тоа може да важи и цела година. Дуќанџиите нема што да се плашат, ние тоа сме го ветиле и Законот за работни односи и Законот за трговија во делот на недела неработен ден и кога беше усвоен беше најавено дека во туристичките места ќе може да се работи и во недела во зависност од сезоната. Ние сега даваме простор да биде преку цела година во зависнот од тоа како ќе бидат и барањата, но ќе имаме поголем простор за да можеме да одлучуваме, рече Бектеши.

Законското решение, нагласи, било донесено во инклузивен процес и тогаш е најавено дека во туристичките места ќе се дозволи работа и во недела, имајќи предвид дека токму во викенди има повеќе туристи, а вработените треба добијат 100 отсто поголема дневница

Како што е наведено за шопинг моловите, посебно во Скопје и во други градови, сите тие работници кои ќе работат во недела, согласно ова законско решение, ќе добијат дневници зголемени 100 проценти. Тоа ќе важи за сите тие што ќе одлучат да ги отворат нивните продавници во недела и во Охрид и во Струга и во другите туристички места. Сите работници кои ќе сакаат да работат и во недела, ќе добијат дневници поголеми за 100 посто, а тие што се одредуваат согласно Законот за работни односи ќе добиваат 50 проценти, изјави министерот Бектеши.

Претседателката на здружението „Чаршиски еснаф“ од Охрид, Маја Бакалова ги поздрави законските измени, со надеж за нивно брзо усвојување и следната недела да може да ги отворат дуќаните за посетителите.

Туристичката сезона е почната ние сме затворени, се надеваме дека од следната недела веќе ќе можеме да бидеме отворени. Досега претрпевме големи штети овие пет месеци што не работевме, но се надеваме дека според најавите ова ќе биде многу јака туристичка сезона и со работа во недела и празници ќе успееме да дојдеме до позитивна нула, рече Бакалова, нагласувајќи дека повисоките дневници и слободен ден за вработените не биле проблем, бидејќи и претходно тоа го применувале

The post Бектеши: Со законските измени во туристичките места ќе може да се работи и недела appeared first on Република.

]]>

Работа во недела и во трговијата на мало и на големо во туристичките места, вклучувајќи ги Охрид и Струга, предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за трговија, кои се во Собраниска процедура, изјави министерот за економија Крешник Бектеши, пред денешната средба во Охрид со стопанственици и трговци од охридско-струшкиот регион, по што направи обиколка низ трговските објекти во Охридската чаршија. Целта, посочи, е сите стопанствениците да имаат поголема можност во делот на зголемување на економската активност.
Имајќи ги предвид податоците за првите месеци, посебно во првиот квартал во делот на зголемување на туристите и тоа што е најавено во текот на летото кога има резервации согласно податоците на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за странски туристи кои ќе ја посетат Македонија, посебно регионот на Охрид и на Струга, истакна Бектеши.
Примената на новото законско решение очекува да почне најдоцна за две недели, по Собраниските процедури и излегувањето во Службен весник.
Министерството за економија и Владата ќе продолжат со мерки за поттикнување и на домашниот и на странскиот туризам. Со ребалансот на Буџетот предвидени се 15 милиони денари за продолжиме со мерката за доделување ваучери за вработените со ниски приходи. На тој начин ќе овозможиме зголемување на бројот на домашни туристи, а со мерките на АППТ ќе продолжиме и со чартер летови да поттикнеме што повеќе странски туристи да го посетат овој регион, изјави министерот за економија.
Според него, дуќанџиите во туристичките места, ќе може да работат во текот на целата година, согласно одредбите во Законот и согласно Законот за туристичка дејност.
Во законското решение не е утврдено до кога ќе важи. Наведено е во сите туристички места и тоа може да важи и цела година. Дуќанџиите нема што да се плашат, ние тоа сме го ветиле и Законот за работни односи и Законот за трговија во делот на недела неработен ден и кога беше усвоен беше најавено дека во туристичките места ќе може да се работи и во недела во зависност од сезоната. Ние сега даваме простор да биде преку цела година во зависнот од тоа како ќе бидат и барањата, но ќе имаме поголем простор за да можеме да одлучуваме, рече Бектеши.
Законското решение, нагласи, било донесено во инклузивен процес и тогаш е најавено дека во туристичките места ќе се дозволи работа и во недела, имајќи предвид дека токму во викенди има повеќе туристи, а вработените треба добијат 100 отсто поголема дневница
Како што е наведено за шопинг моловите, посебно во Скопје и во други градови, сите тие работници кои ќе работат во недела, согласно ова законско решение, ќе добијат дневници зголемени 100 проценти. Тоа ќе важи за сите тие што ќе одлучат да ги отворат нивните продавници во недела и во Охрид и во Струга и во другите туристички места. Сите работници кои ќе сакаат да работат и во недела, ќе добијат дневници поголеми за 100 посто, а тие што се одредуваат согласно Законот за работни односи ќе добиваат 50 проценти, изјави министерот Бектеши.
Претседателката на здружението „Чаршиски еснаф“ од Охрид, Маја Бакалова ги поздрави законските измени, со надеж за нивно брзо усвојување и следната недела да може да ги отворат дуќаните за посетителите.
Туристичката сезона е почната ние сме затворени, се надеваме дека од следната недела веќе ќе можеме да бидеме отворени. Досега претрпевме големи штети овие пет месеци што не работевме, но се надеваме дека според најавите ова ќе биде многу јака туристичка сезона и со работа во недела и празници ќе успееме да дојдеме до позитивна нула, рече Бакалова, нагласувајќи дека повисоките дневници и слободен ден за вработените не биле проблем, бидејќи и претходно тоа го применувале

The post Бектеши: Со законските измени во туристичките места ќе може да се работи и недела appeared first on Република.

]]>
Сите трговци во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/site-trgovci-vo-turistichkite-mesta-kje-mozat-da-rabotat-vo-nedela-i-na-praznici/ Sun, 22 May 2022 09:54:11 +0000 https://republika.mk/?p=505416

Измените и дополнувањата на Законот за трговија се поднесени во Собрание, а се однесуваат на одредбите во однос на недела неработен ден, со што ќе се дозволи да се работи и во недела во туристичките места, вклучувајќи ги Охрид и Струга, и во трговија на мало и на големо. Се очекува најкасно за две недели да почне примената на новото, изменето законско решение.

Ова го изјави министерот за економија Крешник Бектеши, пред денешната средба со трговци од охридско-струшкиот регион, по што ќе направи обиколка низ трговските објекти во Охридската чаршија

Целта е, посочи минситерот Бектеши, сите стопанствениците да имаат поголема можност во делот на зголемување на економската активност,  имајќи ги предвид, рече, податоците за првите месеци, посебно во првиот квартал во делот на зголемување на туристите и тоа што е најавено во текот на летото кога има резервации, како и согласно сите податоци што ги има Агенцијата за туризам за странски туристи кои ќе ја посетат Македонија, посебно регионот на Охрид и на Струга.

– Министерството за економија и Владата ќе продолжи со мерки за поттикнување и на домашниот и на странскиот туризам. За мерките со ребалансот сме предвиделе 15 милиони денари и ќе продолжиме со мерката за доделување ваучери за вработените со ниски приходи и на тој начин да го зголемиме бројот на домашни туристи. Секако дека ќе продолжиме и со другите мерки што ги спроведува Агенцијата за туризам и со чартер летови и да поттикнеме што повеќе странски туристи да го посетат овој регион –  изјави министерот за економија.

Кога зборуваме за туристичките места, информира тој, тоа ќе важи за целата година и ќе се одреди согласно одредбите кои веќе ги има во Законот и согласно Законот за туристичка дејност.

– Дуќанџиите нема што да се плашат, ние тоа сме го ветиле и во Законот за работни односи и Законот за трговија во делот на недела неработен ден и кога беше усвоен беше најавено дека во туристичките места ќе може да се работи и во недела во зависност од сезоната. Ние сега даваме простор да биде преку цела година во зависност од тоа како ќе бидат и барањата, но ќе имаме поголем простор за да можеме да одлучуваме – рече Бектеши.

Додаде дека кога беше донесено ова законско решение, во инклузивен процес и тогаш е најавено дека во туристичките места ќе се дозволи работа и во недела имајќи предвид дека токму викенди има повеќе туристи во овие дестнации.

– Како што е наведено за шопинг моловите, посебно во Скопје и во други градови, сите тие работници кои ќе работат во недела, согласно ова ззконско решение, ќе добијат дневници зголемени 100 проценти. Тоа ќе важи за сите тие што ќе одлучат да ги отворат нивните продавници во недела и во Охрид и во Струга и во другите туристички места. Сите работници кои ќе сакаат да работат и во недела, ќе добијат дневници поголеми за 100 посто, а тие што се одредуваат согласно Законот за работни односи ќе добиваат 20 проценти – изјави министерот Бектеши.

The post Сите трговци во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници appeared first on Република.

]]>

Измените и дополнувањата на Законот за трговија се поднесени во Собрание, а се однесуваат на одредбите во однос на недела неработен ден, со што ќе се дозволи да се работи и во недела во туристичките места, вклучувајќи ги Охрид и Струга, и во трговија на мало и на големо. Се очекува најкасно за две недели да почне примената на новото, изменето законско решение. Ова го изјави министерот за економија Крешник Бектеши, пред денешната средба со трговци од охридско-струшкиот регион, по што ќе направи обиколка низ трговските објекти во Охридската чаршија Целта е, посочи минситерот Бектеши, сите стопанствениците да имаат поголема можност во делот на зголемување на економската активност,  имајќи ги предвид, рече, податоците за првите месеци, посебно во првиот квартал во делот на зголемување на туристите и тоа што е најавено во текот на летото кога има резервации, како и согласно сите податоци што ги има Агенцијата за туризам за странски туристи кои ќе ја посетат Македонија, посебно регионот на Охрид и на Струга.
– Министерството за економија и Владата ќе продолжи со мерки за поттикнување и на домашниот и на странскиот туризам. За мерките со ребалансот сме предвиделе 15 милиони денари и ќе продолжиме со мерката за доделување ваучери за вработените со ниски приходи и на тој начин да го зголемиме бројот на домашни туристи. Секако дека ќе продолжиме и со другите мерки што ги спроведува Агенцијата за туризам и со чартер летови и да поттикнеме што повеќе странски туристи да го посетат овој регион –  изјави министерот за економија.
Кога зборуваме за туристичките места, информира тој, тоа ќе важи за целата година и ќе се одреди согласно одредбите кои веќе ги има во Законот и согласно Законот за туристичка дејност.
– Дуќанџиите нема што да се плашат, ние тоа сме го ветиле и во Законот за работни односи и Законот за трговија во делот на недела неработен ден и кога беше усвоен беше најавено дека во туристичките места ќе може да се работи и во недела во зависност од сезоната. Ние сега даваме простор да биде преку цела година во зависност од тоа како ќе бидат и барањата, но ќе имаме поголем простор за да можеме да одлучуваме – рече Бектеши.
Додаде дека кога беше донесено ова законско решение, во инклузивен процес и тогаш е најавено дека во туристичките места ќе се дозволи работа и во недела имајќи предвид дека токму викенди има повеќе туристи во овие дестнации.
– Како што е наведено за шопинг моловите, посебно во Скопје и во други градови, сите тие работници кои ќе работат во недела, согласно ова ззконско решение, ќе добијат дневници зголемени 100 проценти. Тоа ќе важи за сите тие што ќе одлучат да ги отворат нивните продавници во недела и во Охрид и во Струга и во другите туристички места. Сите работници кои ќе сакаат да работат и во недела, ќе добијат дневници поголеми за 100 посто, а тие што се одредуваат согласно Законот за работни односи ќе добиваат 20 проценти – изјави министерот Бектеши.

The post Сите трговци во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници appeared first on Република.

]]>
Уставен суд не расправаше за иницијативата на Стопанската комора за недела неработен ден https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ustaven-sud-ne-raspravashe-za-inicijativata-na-stopanskata-komora-za-nedela-neraboten-den/ Wed, 20 Apr 2022 10:05:43 +0000 https://republika.mk/?p=491081

Иницијативата на Стопанската комора, поднесена до Уставниот суд за законската одредба со која недела е неработен ден, на денешната седница на судот беше повлечена од технички причини и ќе биде ставена на дневен ред во некоја од следните седници.

Судијата известител Вангелина Маркудова не даде поопширно образложение за техничкиот дел кој треба да биде обработен, јави МИА. Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, пак, апелираше до советот кој работи на овој предмет да направи исправки на рефератот во најкраток можен рок имајќи предвид дека се работи за актуелен предмет за кој јавноста е заинтересирана.

Стопанската комора преку оваа иницијатива ги оспоруваа последните измени на Законот за работните односи, во однос на недела неработен ден во државата.

Според подносителот, ваквата законска одредба е спротивна на слободата и пазарот на претприемништво, темелните вредности и еднаквоста на граѓаните. Во иницијативата се наведува дека Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи го уредува користењето на неделен одмор преку воведување забрана за работа во недела и притоа таксативно ги набројува исклучоците на одредени дејности кај кои неделниот одмор може да се користи во друг ден во неделата и се укажува дека ова законско решение не е во полза ниту на економските субјекти ниту на работниците и директно задира во темелните вредности на уставниот поредок на државата.

The post Уставен суд не расправаше за иницијативата на Стопанската комора за недела неработен ден appeared first on Република.

]]>

Иницијативата на Стопанската комора, поднесена до Уставниот суд за законската одредба со која недела е неработен ден, на денешната седница на судот беше повлечена од технички причини и ќе биде ставена на дневен ред во некоја од следните седници. Судијата известител Вангелина Маркудова не даде поопширно образложение за техничкиот дел кој треба да биде обработен, јави МИА. Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, пак, апелираше до советот кој работи на овој предмет да направи исправки на рефератот во најкраток можен рок имајќи предвид дека се работи за актуелен предмет за кој јавноста е заинтересирана.
Стопанската комора преку оваа иницијатива ги оспоруваа последните измени на Законот за работните односи, во однос на недела неработен ден во државата.
Според подносителот, ваквата законска одредба е спротивна на слободата и пазарот на претприемништво, темелните вредности и еднаквоста на граѓаните. Во иницијативата се наведува дека Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи го уредува користењето на неделен одмор преку воведување забрана за работа во недела и притоа таксативно ги набројува исклучоците на одредени дејности кај кои неделниот одмор може да се користи во друг ден во неделата и се укажува дека ова законско решение не е во полза ниту на економските субјекти ниту на работниците и директно задира во темелните вредности на уставниот поредок на државата.

The post Уставен суд не расправаше за иницијативата на Стопанската комора за недела неработен ден appeared first on Република.

]]>
Дури 65 отсто од германските инвеститори не успеале да ги предвидат зголемените трошоци од недела неработен ден https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/duri-65-otsto-od-germanskite-investitori-ne-uspeale-da-gi-predvidat-zgolemenite-troshoci-od-nedela-neraboten-den/ Tue, 22 Mar 2022 10:09:16 +0000 https://republika.mk/?p=476506

Кај 39 проценти од стопанствениците нема зголемување на трошоците кои се однесуваат на персоналот со воведување на ден недела како ден на неделен одмор, но кај 12 проценти од нив има раст на трошоците поголем од 30 отсто, додека кај останатите испитаници растот е помеѓу 10 и 30 проценти.

Ова го покажуваат резултатите од анкетата што ја спроведе Делегацијата на германското стопанство (АХК) помеѓу германските инвеститори во земјава која се однесува на измените во Законот за работни односи, односно за забраната за работа во недела и за зголемувањето на минималната плата.

Анкетатa претежно е одговорена од страна на германските инвеститори во земјата кои пред се работат во автомобилската индустрија и вработуваат повеќе од 20 000 лица, но и неколку домашни компании го дадоа својот фидбек. Дури 65 проценти од анкетираните компании не успеале да ги предвидат зголемите трошоци при изготвувањето на буџетот за деловната 2022 година кои ги предизвика измената на Законот за работни односи, недела да биде задолжителен неработен ден. Зголемувањето на минималната плата кај 39 проценти од анкетираните компании има влијае на висината на другите плати кои ги исплаќа фирмата, велат од АХК.

Нагласуваат дека 33 проценти од компаниите успеале при изготвувањето на буџетот за 2022 година да го земат во предвид зголемувањето на минималната плата, додека 67 проценти не го превиделе ова покачување. Дури 67 отсто од компаниите повисоките трошоците за персоналот ги компензираат со намалување на фиксните трошоци.

На прашањето дали компаниите се изложени на ризик да ги изгубат нарачките поради зголемените трошоци за вработените, 73 проценти од компаниите одговориле дека не пости ризик.

Дека има простор за подобрување на дијалогот помеѓу нив и Владата во процесот на креирање политики и носење нови законски решенија предложени од Владата сметаат 84 проценти од компаниите. Дури 56 отсто од компаниите сметаа дека Делегацијата на германското стопанство и Македонско-Германско стопанско здружение треба со свои предлози да бидат вклучени во процесот при креирањето на политиките на Владата.

Во однос на прашањето, дали се зголемила продуктивноста на вработените низ годините на ниво на зголемувањето на платите, 50 отсто од анкетираните компании сметаат дека има зголемување, додека останатите 50 проценти сметаат дека не се одвива пропорционално.

На последното прашање дали сметате дека покачувањето на минимална плата го прави пазарот се уште конкурентен во однос Турција, Бугарија, Тунис, Мароко и Србија, резултатот е еднаков. По една третина од анкетираните компании одговориле со „да“, „не“ и „делумно“.

The post Дури 65 отсто од германските инвеститори не успеале да ги предвидат зголемените трошоци од недела неработен ден appeared first on Република.

]]>

Кај 39 проценти од стопанствениците нема зголемување на трошоците кои се однесуваат на персоналот со воведување на ден недела како ден на неделен одмор, но кај 12 проценти од нив има раст на трошоците поголем од 30 отсто, додека кај останатите испитаници растот е помеѓу 10 и 30 проценти. Ова го покажуваат резултатите од анкетата што ја спроведе Делегацијата на германското стопанство (АХК) помеѓу германските инвеститори во земјава која се однесува на измените во Законот за работни односи, односно за забраната за работа во недела и за зголемувањето на минималната плата. Анкетатa претежно е одговорена од страна на германските инвеститори во земјата кои пред се работат во автомобилската индустрија и вработуваат повеќе од 20 000 лица, но и неколку домашни компании го дадоа својот фидбек. Дури 65 проценти од анкетираните компании не успеале да ги предвидат зголемите трошоци при изготвувањето на буџетот за деловната 2022 година кои ги предизвика измената на Законот за работни односи, недела да биде задолжителен неработен ден. Зголемувањето на минималната плата кај 39 проценти од анкетираните компании има влијае на висината на другите плати кои ги исплаќа фирмата, велат од АХК. Нагласуваат дека 33 проценти од компаниите успеале при изготвувањето на буџетот за 2022 година да го земат во предвид зголемувањето на минималната плата, додека 67 проценти не го превиделе ова покачување. Дури 67 отсто од компаниите повисоките трошоците за персоналот ги компензираат со намалување на фиксните трошоци. На прашањето дали компаниите се изложени на ризик да ги изгубат нарачките поради зголемените трошоци за вработените, 73 проценти од компаниите одговориле дека не пости ризик. Дека има простор за подобрување на дијалогот помеѓу нив и Владата во процесот на креирање политики и носење нови законски решенија предложени од Владата сметаат 84 проценти од компаниите. Дури 56 отсто од компаниите сметаа дека Делегацијата на германското стопанство и Македонско-Германско стопанско здружение треба со свои предлози да бидат вклучени во процесот при креирањето на политиките на Владата. Во однос на прашањето, дали се зголемила продуктивноста на вработените низ годините на ниво на зголемувањето на платите, 50 отсто од анкетираните компании сметаат дека има зголемување, додека останатите 50 проценти сметаат дека не се одвива пропорционално. На последното прашање дали сметате дека покачувањето на минимална плата го прави пазарот се уште конкурентен во однос Турција, Бугарија, Тунис, Мароко и Србија, резултатот е еднаков. По една третина од анкетираните компании одговориле со „да“, „не“ и „делумно“.

The post Дури 65 отсто од германските инвеститори не успеале да ги предвидат зголемените трошоци од недела неработен ден appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска: Исплатата на платите се одвиваше во две фази поради пресметките за недела неработен ден https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-isplatata-na-platite-se-odvivashe-vo-dve-fazi-poradi-presmetkite-za-nedela-neraboten-den/ Mon, 21 Feb 2022 10:16:48 +0000 https://republika.mk/?p=461374

Соработката меѓу Министерството за култура и Синдикатот за култура мора да биде на високо ниво, бидејќи сепак мора да функционираме непречено и мораме да ги сослушаме сите, изјави денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која се надева дека на утрешниот состанок со Синдикатот ќе се изнајде најсоодветното решение онаму каде имало пропуст во толкување на тоа што подразбира Законот за недела неработен ден.

Таа се надева и дека ќе се постапи најсоодветно за да нема застој во работењето на институциите кои се опфатени со Закон, но сепак, како што рече, да се задржи концептот дека недела е ден за семејството.

Во однос на донцењето со исплатите на платите за дел од културните институции, Костадиновска-Стојчевска посочи дека точно е оти како Министерство се доцнело со некои решенија кои требало да бидат добиени од другите референтни министерства, но, дополни дека работат на добивање на позитивен одговорен од останатите министерства.

Во две фази се одвиваше исплатата на платите, едни беа оние кои веќе се исплатија, другите се што во најкус можен рок ќе се исплатат токму заради тие пресмети за недела неработен ден. Исто и со договорците знам дека имаше доцнење, може тоа беше малку од административен карактер, но ве уверувам дека се е потпишано препратено до соодветните институции, и во најбрз можен рок нивните договори, мислам дека и во петокот веќе се постапи во потпишување на договорите, но сите тие пропусти ги исправивме, рече Костадиновска Стојчевска при денешната посета на основното училиште „Јашар Беј Шкупи“ во Чаир.

The post Костадиновска-Стојчевска: Исплатата на платите се одвиваше во две фази поради пресметките за недела неработен ден appeared first on Република.

]]>

Соработката меѓу Министерството за култура и Синдикатот за култура мора да биде на високо ниво, бидејќи сепак мора да функционираме непречено и мораме да ги сослушаме сите, изјави денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која се надева дека на утрешниот состанок со Синдикатот ќе се изнајде најсоодветното решение онаму каде имало пропуст во толкување на тоа што подразбира Законот за недела неработен ден. Таа се надева и дека ќе се постапи најсоодветно за да нема застој во работењето на институциите кои се опфатени со Закон, но сепак, како што рече, да се задржи концептот дека недела е ден за семејството. Во однос на донцењето со исплатите на платите за дел од културните институции, Костадиновска-Стојчевска посочи дека точно е оти како Министерство се доцнело со некои решенија кои требало да бидат добиени од другите референтни министерства, но, дополни дека работат на добивање на позитивен одговорен од останатите министерства.
Во две фази се одвиваше исплатата на платите, едни беа оние кои веќе се исплатија, другите се што во најкус можен рок ќе се исплатат токму заради тие пресмети за недела неработен ден. Исто и со договорците знам дека имаше доцнење, може тоа беше малку од административен карактер, но ве уверувам дека се е потпишано препратено до соодветните институции, и во најбрз можен рок нивните договори, мислам дека и во петокот веќе се постапи во потпишување на договорите, но сите тие пропусти ги исправивме, рече Костадиновска Стојчевска при денешната посета на основното училиште „Јашар Беј Шкупи“ во Чаир.

The post Костадиновска-Стојчевска: Исплатата на платите се одвиваше во две фази поради пресметките за недела неработен ден appeared first on Република.

]]>
Вработените кои работеа во недела не се исплатени, реагира Синдикатот на културата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vrabotenite-koi-rabotea-vo-nedela-ne-se-isplateni-reagira-sindikatot-na-kulturata/ Wed, 16 Feb 2022 09:32:51 +0000 https://republika.mk/?p=459196

Дел од институциите од културата не исплатиле плата за месец јануари, соопшти Синдикатот на културата.

Оттаму велат дека овие институции пресметките за плата ги направиле согласно последните измени на Законот за работни односи за недела како неработен ден, па како што објаснуваат, Министерството за култура очигледно не знае како да ги процесира.

Другиот дел од институциите каде што е веќе исплатена платата за јануари, не ги почитувале измените во Законот, па така работата на одредени категории на вработени која што се одвива во недела не е исплатена.

Според СКРМ, ова е грубо прекршување на Законот за работни односи од страна на Министерството за култура и дел од институциите.

Поради тоа, итно бараме јавно објаснување од страна на Министерството за култура зошто се прекршува Законот за работни односи и кога и како ќе биде надминат проблемот со недела како неработен ден. Исто така, бараме од Министерството да утврди одговорност кај сите директори на институциите кои го прекршиле Законот за работни односи. Во спротивно, СКРМ ќе започне правни постапки за заштита на правата на вработените во културата“ се вели во соопштението

The post Вработените кои работеа во недела не се исплатени, реагира Синдикатот на културата appeared first on Република.

]]>

Дел од институциите од културата не исплатиле плата за месец јануари, соопшти Синдикатот на културата. Оттаму велат дека овие институции пресметките за плата ги направиле согласно последните измени на Законот за работни односи за недела како неработен ден, па како што објаснуваат, Министерството за култура очигледно не знае како да ги процесира. Другиот дел од институциите каде што е веќе исплатена платата за јануари, не ги почитувале измените во Законот, па така работата на одредени категории на вработени која што се одвива во недела не е исплатена. Според СКРМ, ова е грубо прекршување на Законот за работни односи од страна на Министерството за култура и дел од институциите.
Поради тоа, итно бараме јавно објаснување од страна на Министерството за култура зошто се прекршува Законот за работни односи и кога и како ќе биде надминат проблемот со недела како неработен ден. Исто така, бараме од Министерството да утврди одговорност кај сите директори на институциите кои го прекршиле Законот за работни односи. Во спротивно, СКРМ ќе започне правни постапки за заштита на правата на вработените во културата“ се вели во соопштението

The post Вработените кои работеа во недела не се исплатени, реагира Синдикатот на културата appeared first on Република.

]]>
Исплаќајте ги празниците и прекувремените саати – затоа од 10.000 работници на минималец стасавме до 110.000 https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/isplakjajte-gi-praznicite-i-prekuvremenite-saati-zatoa-od-10-000-rabotnici-na-minimalec-stasavme-do-110-000/ Wed, 09 Feb 2022 19:42:03 +0000 https://republika.mk/?p=456432

По постигнувањето на договор за зголемување на минималната палта на 18.000 денари, работодавачите упатија забелешки дека тој договор, заедно со „недела неработен ден“ и економската и енергетска криза, многу ќе го чини бизнисот и бараат да се постигне компромис токму за неделата како неработен ден.

Претседателот на Стопанска комора на Северозападна Македонија, Дрилон Исени вели дека во државата има премногу неработни денови.

Aко го погледнеме календарот, имаме 52 недели, 14 национални државни празници и 11 верски. Тоа се 67 неработни денови. Знаете ли тоа што значи за бизнисот, рече Исеини во Топ тема.

Но, за потпретседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Иван Пешевски, тоа е несериозен пристап, затоа што еден ден во неделата за одмор на работниците е нужниот минимум.

Истото ги чини и работниците. Дали сметате дека 110.000 работници кои што сега се на минимална палта ги интересира и другата страна, како вас што ве интересира? Бидете еднаш реални и исплаќајте ги празниците и прекувремените саати на работниците. Затоа од 10.000 работници на минимална плата за овие години дојдовме до 110.000, вели Пешевски.

Потпретседателот на ССМ, категорично ја отфрли идејата за постигнување компромис за недела како неработен дек и смета дека работодавачите не сакаат да разберат дека одморениот работник е попродуктивен работник.

The post Исплаќајте ги празниците и прекувремените саати – затоа од 10.000 работници на минималец стасавме до 110.000 appeared first on Република.

]]>

По постигнувањето на договор за зголемување на минималната палта на 18.000 денари, работодавачите упатија забелешки дека тој договор, заедно со „недела неработен ден“ и економската и енергетска криза, многу ќе го чини бизнисот и бараат да се постигне компромис токму за неделата како неработен ден. Претседателот на Стопанска комора на Северозападна Македонија, Дрилон Исени вели дека во државата има премногу неработни денови. Aко го погледнеме календарот, имаме 52 недели, 14 национални државни празници и 11 верски. Тоа се 67 неработни денови. Знаете ли тоа што значи за бизнисот, рече Исеини во Топ тема. Но, за потпретседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Иван Пешевски, тоа е несериозен пристап, затоа што еден ден во неделата за одмор на работниците е нужниот минимум.
Истото ги чини и работниците. Дали сметате дека 110.000 работници кои што сега се на минимална палта ги интересира и другата страна, како вас што ве интересира? Бидете еднаш реални и исплаќајте ги празниците и прекувремените саати на работниците. Затоа од 10.000 работници на минимална плата за овие години дојдовме до 110.000, вели Пешевски.
Потпретседателот на ССМ, категорично ја отфрли идејата за постигнување компромис за недела како неработен дек и смета дека работодавачите не сакаат да разберат дека одморениот работник е попродуктивен работник.  

The post Исплаќајте ги празниците и прекувремените саати – затоа од 10.000 работници на минималец стасавме до 110.000 appeared first on Република.

]]>
Хоџа: Отпуштени 150 работници од една компанија поради мерката „недела неработен ден“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/hodza-otpushteni-150-rabotnici-od-edna-kompanija-poradi-merkata-nedela-neraboten-den/ Tue, 08 Feb 2022 06:40:02 +0000 https://republika.mk/?p=455447

Недела неработен ден не е добар за економијата, истакна претседателот на Стопанскатa комора на северозападна Македонија Неби Хоџа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Тој вели дека тие не биле согласни со таа одлука.

„Многу работници се отпуштија, само една компанија отпушти 150 работници како резултат на оваа одлука“, додава Хоџа.

The post Хоџа: Отпуштени 150 работници од една компанија поради мерката „недела неработен ден“ appeared first on Република.

]]>

Недела неработен ден не е добар за економијата, истакна претседателот на Стопанскатa комора на северозападна Македонија Неби Хоџа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21. Тој вели дека тие не биле согласни со таа одлука.
„Многу работници се отпуштија, само една компанија отпушти 150 работници како резултат на оваа одлука“, додава Хоџа.

The post Хоџа: Отпуштени 150 работници од една компанија поради мерката „недела неработен ден“ appeared first on Република.

]]>
Kовачевски до газдите: Работниците во недела мора да добиваат повисока дневница https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-do-gazdite-rabotnicite-vo-nedela-mora-da-dobivaat-povisoka-dnevnic/ Sun, 23 Jan 2022 13:11:30 +0000 https://republika.mk/?p=448348

Денешната посета на „Дура Аутомотив Системс“ е одлична можност да се види како изгледа примената на законското решение „Недела неработен ден“. Вработените на оваа компанија, која заради сложениот производствен процес мора да работи и во недела, добиваат дополнителни 50 проценти од основната дневница. Со тоа просечната плата на оние вработени кои работат во недела во оваа компанија порасна, истакна премиерот Димитар Ковачевски при денешната посета на фабриката „Дура“, лоцирана во ТИРЗ 2 зоната.

Ковачевски заедно со менаџментот на компанијата, министерската за труд и социјална политика Јована Тренчевска, директорите на ТИРЗ Јован Деспотовски и на Државен инспекторат за труд, Весна Томовска, денешната посета ја искористија и како можност за разговор со дел од работниците кои изразија задоволство од новиот закон.

– Трудот на работниците мора соодветно да се вреднува и почитува. Овој закон има многу позитивен ефект врз економијата, тој ги стимулира работниците и позитивно влијае на нивната продуктивност што е во интерес и на самите компании. Законот недела неработен ден ќе даде одлични резултати во зголемување на продуктивноста на компаниите и унапредување на стопанството. Во оваа прилика би сакал да им честитам на раководството на „Дура“ кои покрај двете фабрики, планираат и нова трета инвестиција во фабрика, инвестиција од над 20 милиони евра. Висината на инвестицијата во двете фабрики каде има 680 вработени е речиси 70 милиони евра. Она што е важно е дека просечната нето-плата во оваа компанија е над 600 евра и има тенденција за натамошен раст, нагласи премиерот.

Тој додаде дека клучот за успешна стратегија во делот на странските инвестиции е обезбедување одржливост и развој на инвестициите, но и натпросечни плати со што се подобрува квалитетот на животот и примањата на граѓаните

The post Kовачевски до газдите: Работниците во недела мора да добиваат повисока дневница appeared first on Република.

]]>

Денешната посета на „Дура Аутомотив Системс“ е одлична можност да се види како изгледа примената на законското решение „Недела неработен ден“. Вработените на оваа компанија, која заради сложениот производствен процес мора да работи и во недела, добиваат дополнителни 50 проценти од основната дневница. Со тоа просечната плата на оние вработени кои работат во недела во оваа компанија порасна, истакна премиерот Димитар Ковачевски при денешната посета на фабриката „Дура“, лоцирана во ТИРЗ 2 зоната. Ковачевски заедно со менаџментот на компанијата, министерската за труд и социјална политика Јована Тренчевска, директорите на ТИРЗ Јован Деспотовски и на Државен инспекторат за труд, Весна Томовска, денешната посета ја искористија и како можност за разговор со дел од работниците кои изразија задоволство од новиот закон.