недела на шведски филм Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nedela-na-shvedski-film/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Aug 2023 08:08:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png недела на шведски филм Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nedela-na-shvedski-film/ 32 32 Шведските документаристи не само што низ критичка призма го перцепираат сопственото општество, туку ги откриваат и личните судбини на поединци од различни социјални слоеви https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/shvedskite-dokumentaristi-ne-samo-shto-niz-kritichka-prizma-go-pertsepiraat-sopstvenoto-opshtestvo-tuku-gi-otkrivaat-i-lichnite-sudbini-na-poedintsi-od-razlichni-sotsijalni-sloevi/ Tue, 08 Aug 2023 08:08:42 +0000 https://republika.mk/?p=669847

Скандинавските филмови предизвикуваат драматични, изненадувачки естетски искуства.
Во оваа земја постои силна традиција на успешни документарци, започнувајќи со Mods Trilogy, документарна трилогија креирана од Стефан Јарл и Јан Троел.

Во серијата филмови, тие го прикажуваат животот на младите и бунтовни момчиња од Стокхолм, во втората половина на дваесеттиот век. Последна потврда за квалитетот на шведските документарци е Searching For Sugar Man, шведско-британска копродукција од 2012. Авторот на филмот Malik Bendjellou се закити со Оскар токму за ова остварување. Покрај сево ова, документаристиката секогаш била „сиромашниот братучед“ во развиената филмска индустрија на Шведска.
Со цел да се подржи и развие документаристиката, во Стокхолм се одржува Tempo Documentary Festival, кој ги подржува проектите кои инаку не би биле прикажани во комерцијалните кино сали. Фестивалот има натпреварувачки карактер, доделувајќи награда за најдобар документарец – Tempo Documentary Award, во соработка со Шведскиот филмски институт и градот Стокхолм.
Приказнатата за скандалот на неколку видни политичари инволвирани во мрежа на проституција во 70-те години од минатиот век Eat, Sleep, Die or Call Girl, е провокативна документарна сторија која потврдува дека во Шведска нема пардон за аферите на јавните личности, особено тие што се платени од државниот буџет кој го полнат граѓаните, даночни обврзници.
Документарец кој заслужува внимание е и Everyone Is Older Than I Am. На авторот Мартин Видерберг му беа потребни цели четири години да го комплетира проектот. Филмот е поетска презентација на односите меѓу неколку генерации креативци од иста фамилија.
Шведските документаристи не само што низ критичка призма го перцепираат сопственото општество, туку ги откриваат и личните судбини на поединци од различни социјални слоеви кои инаку не би биле препознаени од јавноста.

Селекцијата на документарните филмови што ќе имаме привилегија да ја видиме, најдобро го потврдува неоспорниот факт дека новиот шведски документарен филм изобилува со интригантни стории, на оригинален начин пренесени на големото платно. Веруваме дека тоа не само што ќе продолжи, туку ќе се искачи на уште повисоки скалила на квалитетот, велат од Кинотека.

 

10 АВГУСТ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.
ПРЕДРАСУДИ И ГОРДОСТ – ШВЕДСКИ ФИЛМСКИ КВИР
(Fördom & stolthet – en queer filmhistoria)
Документарен филм, Шведска /Финска/Исланд
2022, 100 мин., колор, ДЦП
Режија: Ева Белинг (Eva Beling)
Сценарио: Ева Белинг (Eva Beling)
Учествуваат: Хариет Андерсон, Лив Улман, Леван Акин, Грета Гарбо, Ингрид Бергман (Harriet Andersson, Liv Ullmann, Levan Akin, Greta Garbo, Ingrid Bergman )

Овој документарец е фасцинантно патување низ богатата историја и застапеноста на квир и транс заедницата во шведската кинематографија. Филмот содржи импресивни архивски материјали, и опфаќа период од повеќе од 100 години. Меѓу другите, во филмот има делови за Грета Гарбо, Ингрид Бергман како и за шведскиот камп жанр од 1970-тите. Овие архиви се испрекинати со дискусии за полот и сексуалноста и ја покриваат еволуцијата на перцепцијата на општеството за квир и транс заедницата.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

 

 

11 АВГУСТ (ПЕТОК), 20:00 ч.
ИСТОРИЈА – КОНЦИ ЗА САМИ
(Historjá – Stygn för Sápmi)
Документарен филм, Шведска
2022, 97 мин., колор, ДЦП
Режија: Томас Џексон (Thomas Jackson)
Сценарио: Томас Џексон (Thomas Jackson)
Учествуваат: Брита Маракат- Лабаџон, Исак Лаба (Britta Marakatt-LabbaJohn, Isak Labba )

Брита Маракат-Лаба e уметник која со децении ја прикажува митологијата на Сами народот, нивниот однос кон природата и нивната политичка борба за правата и земјата. Нејзиното најпознато дело „Historjá“ е вез од текстил, во кој се прикажани мотиви од историјата на Самите. Ова дело е почетна точка за документарниот филм на Томас Џексон, кој раскажува за културата на Самите, чија историја е обележана со борба против мнозинското население за правото на земјата и нивниот начин на живот. Во нејзиното дело, историските настани и митолошките слики се исткаени заедно со проблемот на климатските промени и како тие го загрозуваат денешното одгледување ирваси, а со тоа и постоењето на културата на Самите.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

 

12 АВГУСТ (САБОТА), 20:00 ч.
ДЕЦАТА НА НЕПРИЈАТЕЛОТ
(Children of the Enemy)
Документарен филм, Шведска/Данска
2021, 97 мин., колор, ДЦП
Режија: Горки Гласер – Милер (Gorki Glaser-Müller)
Сценарио: Горки Гласер – Милер (Gorki Glaser-Müller)
Учествуваат: Патрицио Галвез, Клив Стафорд Смит, Изабел Колес (Patricio Galvez, Clive Stafford Smith, Isabel Coles)

Ќерката на Патрисио Галвез се мажи за еден од најозлогласените шведски терористи на ИСИС. Во 2014 година таа со мажот заминува во Сирија и се приклучува на штотуку прогласениот калифат. И двајцата се убиени во 2019 година, но нивните седум мали деца преживуваат и се префлрени во злогласниот затворски логор Ал Хол како „Деца на непријателот“. Кога шведските власти не покажуваат интерес да ги ослободат, Патрисио започнува кампања да ги спаси нивните животи и да ги врати дома.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

 

 

 

14 АВГУСТ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.
ХОР – ЕДНА ПРИКАЗНА ЗА ГОСПЕЛ ХОРОТ ТЕНСТА
(Kören – En film om Tensta Gospel Choir)
Документарен филм, Шведска
2021, 97 мин., колор, ДЦП
Режија: Аманда Пешикан (Amanda Pesikan)
Сценарио: Аманда Пешикан (Amanda Pesikan)
Учествуваат: Госпел хорот Тенста (Tensta Gospel Choir)

Филм за госпел хор во една од најсекуларните земји во светот – Шведска. Филмот следи еден од најпопуларните шведски хорови на патувањето до Чикаго, родниот град на госпелот. За хорот ова патување е духовен и емотивен предизвик каде дилемите поврзани со верата, лидерството и духовноста ќе ги стават ченовите на хорот на тест. Извонреден музички документарец кој поставува прашања за човечката потреба за заедништво и духовност.

Возрасна категорија: 8 години
Влезница: 150 денари

 

 

 

15 АВГУСТ (ВТОРНИК), 20:00 ч.
САБАЈА
(Sabaya)
Документарен филм, Шведска
2021, 90 мин., колор, ДЦП
Режија: Хогир Хирори (Hogir Hirori)
Сценарио: Хогир Хирори (Hogir Hirori)

Филмот ги следи Махмуд, Зијад и нивната група кои ги ризикуваат своите животи (вооружени со ништо друго освен стар мобилен телефон и мал пиштол) обидувајќи се да ги спасат жените и девојките Јазиди кои ИСИС ги држи како сексуални робинки во озлогласениот камп Ал Хол во Сирија.
Ова е филм на набљудување, режиран, снимен и монтиран од познатиот шведски/курдски режисер Хогир Хирори.

 

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

The post Шведските документаристи не само што низ критичка призма го перцепираат сопственото општество, туку ги откриваат и личните судбини на поединци од различни социјални слоеви appeared first on Република.

]]>

Скандинавските филмови предизвикуваат драматични, изненадувачки естетски искуства. Во оваа земја постои силна традиција на успешни документарци, започнувајќи со Mods Trilogy, документарна трилогија креирана од Стефан Јарл и Јан Троел. Во серијата филмови, тие го прикажуваат животот на младите и бунтовни момчиња од Стокхолм, во втората половина на дваесеттиот век. Последна потврда за квалитетот на шведските документарци е Searching For Sugar Man, шведско-британска копродукција од 2012. Авторот на филмот Malik Bendjellou се закити со Оскар токму за ова остварување. Покрај сево ова, документаристиката секогаш била „сиромашниот братучед“ во развиената филмска индустрија на Шведска. Со цел да се подржи и развие документаристиката, во Стокхолм се одржува Tempo Documentary Festival, кој ги подржува проектите кои инаку не би биле прикажани во комерцијалните кино сали. Фестивалот има натпреварувачки карактер, доделувајќи награда за најдобар документарец – Tempo Documentary Award, во соработка со Шведскиот филмски институт и градот Стокхолм. Приказнатата за скандалот на неколку видни политичари инволвирани во мрежа на проституција во 70-те години од минатиот век Eat, Sleep, Die or Call Girl, е провокативна документарна сторија која потврдува дека во Шведска нема пардон за аферите на јавните личности, особено тие што се платени од државниот буџет кој го полнат граѓаните, даночни обврзници. Документарец кој заслужува внимание е и Everyone Is Older Than I Am. На авторот Мартин Видерберг му беа потребни цели четири години да го комплетира проектот. Филмот е поетска презентација на односите меѓу неколку генерации креативци од иста фамилија. Шведските документаристи не само што низ критичка призма го перцепираат сопственото општество, туку ги откриваат и личните судбини на поединци од различни социјални слоеви кои инаку не би биле препознаени од јавноста.
Селекцијата на документарните филмови што ќе имаме привилегија да ја видиме, најдобро го потврдува неоспорниот факт дека новиот шведски документарен филм изобилува со интригантни стории, на оригинален начин пренесени на големото платно. Веруваме дека тоа не само што ќе продолжи, туку ќе се искачи на уште повисоки скалила на квалитетот, велат од Кинотека.
  10 АВГУСТ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч. ПРЕДРАСУДИ И ГОРДОСТ – ШВЕДСКИ ФИЛМСКИ КВИР (Fördom & stolthet – en queer filmhistoria) Документарен филм, Шведска /Финска/Исланд 2022, 100 мин., колор, ДЦП Режија: Ева Белинг (Eva Beling) Сценарио: Ева Белинг (Eva Beling) Учествуваат: Хариет Андерсон, Лив Улман, Леван Акин, Грета Гарбо, Ингрид Бергман (Harriet Andersson, Liv Ullmann, Levan Akin, Greta Garbo, Ingrid Bergman ) Овој документарец е фасцинантно патување низ богатата историја и застапеноста на квир и транс заедницата во шведската кинематографија. Филмот содржи импресивни архивски материјали, и опфаќа период од повеќе од 100 години. Меѓу другите, во филмот има делови за Грета Гарбо, Ингрид Бергман како и за шведскиот камп жанр од 1970-тите. Овие архиви се испрекинати со дискусии за полот и сексуалноста и ја покриваат еволуцијата на перцепцијата на општеството за квир и транс заедницата. Возрасна категорија: 16 години Влезница: 150 денари       11 АВГУСТ (ПЕТОК), 20:00 ч. ИСТОРИЈА – КОНЦИ ЗА САМИ (Historjá – Stygn för Sápmi) Документарен филм, Шведска 2022, 97 мин., колор, ДЦП Режија: Томас Џексон (Thomas Jackson) Сценарио: Томас Џексон (Thomas Jackson) Учествуваат: Брита Маракат- Лабаџон, Исак Лаба (Britta Marakatt-LabbaJohn, Isak Labba ) Брита Маракат-Лаба e уметник која со децении ја прикажува митологијата на Сами народот, нивниот однос кон природата и нивната политичка борба за правата и земјата. Нејзиното најпознато дело „Historjá“ е вез од текстил, во кој се прикажани мотиви од историјата на Самите. Ова дело е почетна точка за документарниот филм на Томас Џексон, кој раскажува за културата на Самите, чија историја е обележана со борба против мнозинското население за правото на земјата и нивниот начин на живот. Во нејзиното дело, историските настани и митолошките слики се исткаени заедно со проблемот на климатските промени и како тие го загрозуваат денешното одгледување ирваси, а со тоа и постоењето на културата на Самите. Возрасна категорија: 16 години Влезница: 150 денари     12 АВГУСТ (САБОТА), 20:00 ч. ДЕЦАТА НА НЕПРИЈАТЕЛОТ (Children of the Enemy) Документарен филм, Шведска/Данска 2021, 97 мин., колор, ДЦП Режија: Горки Гласер – Милер (Gorki Glaser-Müller) Сценарио: Горки Гласер – Милер (Gorki Glaser-Müller) Учествуваат: Патрицио Галвез, Клив Стафорд Смит, Изабел Колес (Patricio Galvez, Clive Stafford Smith, Isabel Coles) Ќерката на Патрисио Галвез се мажи за еден од најозлогласените шведски терористи на ИСИС. Во 2014 година таа со мажот заминува во Сирија и се приклучува на штотуку прогласениот калифат. И двајцата се убиени во 2019 година, но нивните седум мали деца преживуваат и се префлрени во злогласниот затворски логор Ал Хол како „Деца на непријателот“. Кога шведските власти не покажуваат интерес да ги ослободат, Патрисио започнува кампања да ги спаси нивните животи и да ги врати дома. Возрасна категорија: 16 години Влезница: 150 денари         14 АВГУСТ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч. ХОР – ЕДНА ПРИКАЗНА ЗА ГОСПЕЛ ХОРОТ ТЕНСТА (Kören – En film om Tensta Gospel Choir) Документарен филм, Шведска 2021, 97 мин., колор, ДЦП Режија: Аманда Пешикан (Amanda Pesikan) Сценарио: Аманда Пешикан (Amanda Pesikan) Учествуваат: Госпел хорот Тенста (Tensta Gospel Choir) Филм за госпел хор во една од најсекуларните земји во светот – Шведска. Филмот следи еден од најпопуларните шведски хорови на патувањето до Чикаго, родниот град на госпелот. За хорот ова патување е духовен и емотивен предизвик каде дилемите поврзани со верата, лидерството и духовноста ќе ги стават ченовите на хорот на тест. Извонреден музички документарец кој поставува прашања за човечката потреба за заедништво и духовност. Возрасна категорија: 8 години Влезница: 150 денари       15 АВГУСТ (ВТОРНИК), 20:00 ч. САБАЈА (Sabaya) Документарен филм, Шведска 2021, 90 мин., колор, ДЦП Режија: Хогир Хирори (Hogir Hirori) Сценарио: Хогир Хирори (Hogir Hirori) Филмот ги следи Махмуд, Зијад и нивната група кои ги ризикуваат своите животи (вооружени со ништо друго освен стар мобилен телефон и мал пиштол) обидувајќи се да ги спасат жените и девојките Јазиди кои ИСИС ги држи како сексуални робинки во озлогласениот камп Ал Хол во Сирија. Ова е филм на набљудување, режиран, снимен и монтиран од познатиот шведски/курдски режисер Хогир Хирори.   Возрасна категорија: 16 години Влезница: 150 денари

The post Шведските документаристи не само што низ критичка призма го перцепираат сопственото општество, туку ги откриваат и личните судбини на поединци од различни социјални слоеви appeared first on Република.

]]>