НЕДЕЛА НА ШПАНСКИ ФИЛМ
https://www.youtube.com/watch?v=tKkSrt84c0Q&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fkinoteka.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE
СМРТТА НА ВЕЛОСИПЕДИСТОТ
(Muerte de un ciclista/ Death of a Cyclist)
Игран филм, Шпанија
1955 г., 88 мин., црно-бел, ДСП
Режија: Хуан Антонио Бардем (Juan Antonio Bardem)
Сценарио: Хуан Антонио Бардем (Juan Antonio Bardem)
Улоги: Лусија Босе, Алберто Клосас, Бруна Кора (Lucia Bosé, Alberto Closas, Bruna Corrà)
Маж и жена што се во тајна љубовна афера удираат со нивниот автомобил во велосипедист, и од страв да не бидат откриени како љубовници, не му пружаат помош. Велосипедистот умира.
Хуан е академски образован човек, предава на Универзитетот поради борба за престиж со неговиот зет. Марија Хозе е богато омажена: во бракот и животот ѝ е досадно, но не би се откажала од удобностите што ги ужива. Двајцата се љубовници. Откако ќе го усмртат случајниот велосипедист, Хуан е вознемирен и неправеден кон студентите, па еден од нив паѓа на испит. Рафа, научник од нивниот круг на пријатели, навестува дека знае нешто, и тој се заканува дека ќе му ја открие нивната врска на Мигел, сопругот на Марија. Но, токму горделивоста на Мигел можеби е најголемата надеж на љубовниците: Хуан им предлага решение…
Возрасна категорија: 16 години
Влез бесплатен
The post „Смртта на велосипедистот“ вечерва во Кинотека во рамките на Недела на шпански филм appeared first on Република.
]]>The post „Смртта на велосипедистот“ вечерва во Кинотека во рамките на Недела на шпански филм appeared first on Република.
]]>Од 18 до 23 ноември е недела на шпанскиот филм во Кинотека на Македонија и според најавата претставува патување низ различни епохи на шпанската кинематографија, претставувајќи класични и современи дела на некои од најпознатите режисери.
Оваа филмска недела, посветена на шпанскиот филм, ги обединува богатите теми и стилови од 1950-тите, преку револуционерната енергија на 1970-тите, до современите, постмодернистички визии од 2000-тите години. Посебно внимание ќе биде посветено на делата на легендарните Карлос Саура, Алехандро Аменабар и Алекс де ла Иглесија“, инфомираат од Кинотека.
Карлос Саура, еден од најзначајните автори на шпанската кинематографија, како што велат оттаму, ќе биде претставен со некои од своите најпознати дела од 70-тите години.
Саура ги користи филмот и танцот како медиуми за да ги изрази политичките и социјалните конфликти на своето време, истражувајќи ги шпанската историја и култура преку извонредни визуелни прикази и драматични елементи. Неговите дела се длабоко вкоренети во шпанската култура, но истовремено универзално разбирливи, бидејќи ги истражуваат вечните теми на слободата, љубовта и страдањето, велат тие.
Од 2000-тите, ќе бидат прикажани филмовите на Алехандро Аменабар и Алекс де ла Иглесија, едни од најталентираните современи шпански режисери, според Кинотека.
Филмот ‘Mar Adentro’ кој ќе биде прикажан на големото платно во Кинотека, ќе ја воодушеви публиката со својата длабочина, емоционалност и филозофски прашања. Аменабар мајсторски ги комбинира трилерот и драмата, а истражува теми како смртта, страдањето и човечката психа. Неговата визуелна иновативност и емотивна искреност ги прават овие филмови извонредно впечатливи“, наведуваат од Кинотека.
Оттаму додаваат и дека Алекс де ла Иглесија, познат по својот уникатен стил кој ги спојува црниот хумор и надреализмот, ќе биде претставен со својот незаборавен трилер „Ferpect Crime“.
Де ла Иглесија ја комбинира сатиричната критика на современото општество со напнати и апсурдни ситуации. Неговите филмови се полни со енергија и визуелни пресврти, предизвикувајќи ја публиката да размислува за границите на моралот, амбицијата и општествените норми“, сметаат тие.
Според нив, неделата на шпански филм 2024 во Кинотека на Македонија е ретка можност да се види разновидноста на шпанската кинематографија, од класични до современи дела. Ова патување низ времето и жанровите ќе им овозможи на гледачите не само да ги запознаат културните и историските контексти на Шпанија, туку и да ги искусат универзалните човечки приказни, обработени преку уникатниот визуелен јазик на големите режисери како Саура, Аменабар и Де ла Иглесија.
Селектор на програмата е Бојан Станишиќ, уредник на филмската програма при Кинотека. Неделата на Шпански филм е во организација на Амбасадата на Кралството Шпанија и Кинотека на Македонија.
The post Недела на шпанскиот филм во Кинотека на Македонија од 18 до 23 ноември appeared first on Република.
]]>Оваа филмска недела, посветена на шпанскиот филм, ги обединува богатите теми и стилови од 1950-тите, преку револуционерната енергија на 1970-тите, до современите, постмодернистички визии од 2000-тите години. Посебно внимание ќе биде посветено на делата на легендарните Карлос Саура, Алехандро Аменабар и Алекс де ла Иглесија“, инфомираат од Кинотека.Карлос Саура, еден од најзначајните автори на шпанската кинематографија, како што велат оттаму, ќе биде претставен со некои од своите најпознати дела од 70-тите години.
Саура ги користи филмот и танцот како медиуми за да ги изрази политичките и социјалните конфликти на своето време, истражувајќи ги шпанската историја и култура преку извонредни визуелни прикази и драматични елементи. Неговите дела се длабоко вкоренети во шпанската култура, но истовремено универзално разбирливи, бидејќи ги истражуваат вечните теми на слободата, љубовта и страдањето, велат тие.Од 2000-тите, ќе бидат прикажани филмовите на Алехандро Аменабар и Алекс де ла Иглесија, едни од најталентираните современи шпански режисери, според Кинотека.
Филмот ‘Mar Adentro’ кој ќе биде прикажан на големото платно во Кинотека, ќе ја воодушеви публиката со својата длабочина, емоционалност и филозофски прашања. Аменабар мајсторски ги комбинира трилерот и драмата, а истражува теми како смртта, страдањето и човечката психа. Неговата визуелна иновативност и емотивна искреност ги прават овие филмови извонредно впечатливи“, наведуваат од Кинотека.Оттаму додаваат и дека Алекс де ла Иглесија, познат по својот уникатен стил кој ги спојува црниот хумор и надреализмот, ќе биде претставен со својот незаборавен трилер „Ferpect Crime“.
Де ла Иглесија ја комбинира сатиричната критика на современото општество со напнати и апсурдни ситуации. Неговите филмови се полни со енергија и визуелни пресврти, предизвикувајќи ја публиката да размислува за границите на моралот, амбицијата и општествените норми“, сметаат тие.Според нив, неделата на шпански филм 2024 во Кинотека на Македонија е ретка можност да се види разновидноста на шпанската кинематографија, од класични до современи дела. Ова патување низ времето и жанровите ќе им овозможи на гледачите не само да ги запознаат културните и историските контексти на Шпанија, туку и да ги искусат универзалните човечки приказни, обработени преку уникатниот визуелен јазик на големите режисери како Саура, Аменабар и Де ла Иглесија. Селектор на програмата е Бојан Станишиќ, уредник на филмската програма при Кинотека. Неделата на Шпански филм е во организација на Амбасадата на Кралството Шпанија и Кинотека на Македонија.
The post Недела на шпанскиот филм во Кинотека на Македонија од 18 до 23 ноември appeared first on Република.
]]>Седум шпански филмови ќе бидат прикажани во рамки на десеттото издание на Неделата на шпанскиот филм („Semana de cine Español“) што ќе се одржи од денеска до 17 ноември во организација на Амбасадата на Шпанија во соработка со Кинотеката на Македонија и Скопје Филмски Фестивал.
Манифестацијата ќе биде отворена со проекцијата на филмот Шампиони „Кампеони“ од 2018 година во режија на Хавиер Фезер.
Филмот во 2018 година беше номиран во 11 категории за Гоја наградите, а освои три награди – за најдобар филм, актерско откритие и песна. Истата година за Ариел наградите беше номиниран за најдобар ибероамерикански филм, а за Feroz Awards од четири номинации беше прогласен за најдобра комедија. Во рамки на Forqué Awards истата 2018 година беше носител на наградата за најдобар филм и филмска награда за образование во вредности, а во 2019 година беше во конкуренција во пет кагегории за Платинум награди, а ја освои за кино и образование во вредности.
Според содржина, Марко, професионален кошаркарски тренер, еден ден се наоѓа себеси, среде лична криза, како тренира тим составен од луѓе со интелектуална попреченост. Она што започнува како проблем, завршува како животна лекција…
Влезот е бесплатен, но поради ограничениот број седишта неопходна е резервација во Кинотеката.
The post Јубилејно 10. издание на Неделата на шпанскиот филм во Кинотека appeared first on Република.
]]>The post Јубилејно 10. издание на Неделата на шпанскиот филм во Кинотека appeared first on Република.
]]>