небо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nebo/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Sep 2024 10:29:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png небо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nebo/ 32 32 Се огласи и М-НАВ: Отворена е истрага за безбедносниот настан на небото над Скопје на 7 септември https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-oglasi-i-m-nav-otvorena-e-istraga-za-bezbednosniot-nastan-na-neboto-nad-skopje-na-7-septemvri/ Fri, 13 Sep 2024 10:29:19 +0000 https://republika.mk/?p=816002

Во пропишаниот рок, поднесена е пријава за безбедосниот настан на небото на Скопје што се случи на 7.месецов и отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините, информира денеска Давателот на навигациски услуги М-НАВ, по објавите за избегнат инцидент со судир на два авиона.

Од М-НАВ потенцираат дека таквите настани како и секаде во Европа, секогаш се навремено пријавени и процесирани од сите релевантни одделенија.

- На 7 септември во 18.30 часот поднесена е пријава за безбедосен настан во пропишаниот рок од извршителите кои работеле на засегнатиот сектор. Согласно правилата и пропишаните процедури, пријавата е регистрирана од страна на одделението ИМС (Integrated Management Systems) и доставена до Агенцијата за Цивилно Воздухопловство. Исто така, согласно важечките процедури, од страна на одделението ИМС (Integrated Management Systems) отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините за настанот. Би сакале да укажеме дека ваквите настани како и секаде во Европа, секогаш се навремено пријавени и процесирани од сите релевантни одделенија, служби и институции, согласно постоечките правни процедури, наведе М-НАВ во соопштение.

Претходно од АЦВ за МИА потврдија постапуваат по настан пријавен од Давателот на навигациски услуги М-НАВ.

Давателот на навигациски услиги М-НВ уредно го пријави настанот и АЦВ ќе постапи по истиот, изјавија од АЦВ.

Порталот СДК.мк, повикувајќи се на сајтот за следење летови Флајтрадар24, објави дека авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18.32 часот.

Станува збор за авионот на „Туркиш ерлајнс“ на летот ТК1358 од Мадрид за Истанбул и авионот на „Санекспрес“ од турскиот крајбрежен аеродром Даламан за Лондон – Гетвик. Според Флајтрадар24, 30 секунди пред да се разминат двата авиона биле на иста висина од 36.000 стапки. Непосредно пред да се разминат, едниот се кренал на 36.325 стапки, а другиот се спуштил на 35.475 стапки. Според правилата на авиосообраќајот, меѓу авионите треба да има 2.000 стапки вертикална далечина, пишува порталот .

The post Се огласи и М-НАВ: Отворена е истрага за безбедносниот настан на небото над Скопје на 7 септември appeared first on Република.

]]>

Во пропишаниот рок, поднесена е пријава за безбедосниот настан на небото на Скопје што се случи на 7.месецов и отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините, информира денеска Давателот на навигациски услуги М-НАВ, по објавите за избегнат инцидент со судир на два авиона. Од М-НАВ потенцираат дека таквите настани како и секаде во Европа, секогаш се навремено пријавени и процесирани од сите релевантни одделенија. - На 7 септември во 18.30 часот поднесена е пријава за безбедосен настан во пропишаниот рок од извршителите кои работеле на засегнатиот сектор. Согласно правилата и пропишаните процедури, пријавата е регистрирана од страна на одделението ИМС (Integrated Management Systems) и доставена до Агенцијата за Цивилно Воздухопловство. Исто така, согласно важечките процедури, од страна на одделението ИМС (Integrated Management Systems) отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините за настанот. Би сакале да укажеме дека ваквите настани како и секаде во Европа, секогаш се навремено пријавени и процесирани од сите релевантни одделенија, служби и институции, согласно постоечките правни процедури, наведе М-НАВ во соопштение. Претходно од АЦВ за МИА потврдија постапуваат по настан пријавен од Давателот на навигациски услуги М-НАВ. Давателот на навигациски услиги М-НВ уредно го пријави настанот и АЦВ ќе постапи по истиот, изјавија од АЦВ. Порталот СДК.мк, повикувајќи се на сајтот за следење летови Флајтрадар24, објави дека авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18.32 часот. Станува збор за авионот на „Туркиш ерлајнс“ на летот ТК1358 од Мадрид за Истанбул и авионот на „Санекспрес“ од турскиот крајбрежен аеродром Даламан за Лондон – Гетвик. Според Флајтрадар24, 30 секунди пред да се разминат двата авиона биле на иста висина од 36.000 стапки. Непосредно пред да се разминат, едниот се кренал на 36.325 стапки, а другиот се спуштил на 35.475 стапки. Според правилата на авиосообраќајот, меѓу авионите треба да има 2.000 стапки вертикална далечина, пишува порталот .

The post Се огласи и М-НАВ: Отворена е истрага за безбедносниот настан на небото над Скопје на 7 септември appeared first on Република.

]]>
Цените на горивата во Грција вивнаа до небо https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/cenite-na-gorivata-vo-grcija-vivnaa-do-nebo/ Wed, 08 Jun 2022 08:04:46 +0000 https://republika.mk/?p=512495

Цените на горивата во Грција нема да им се допаднат на граѓаните, ниту туристите, бидејќи оваа земја последните денови бележи ценовни рекорди на бензинот и дизелот во регионот.

Според најновите податоци, цената на дизелот е 1,92 евра (околу 118 денари), а на бензинот 2,34 евра (околу 144 денари). Само една недела претходно дизелот беше 1,84 евра, а бензинот 2,08 евра.

За споредба, литар гориво во Грција чини и до 30 денари повеќе отколку во Македонија.

Земја / Цена на еуродизел / Цена на бензин
-Грција 118/144
-Македонија 102/110 (за литар)

 

The post Цените на горивата во Грција вивнаа до небо appeared first on Република.

]]>

Цените на горивата во Грција нема да им се допаднат на граѓаните, ниту туристите, бидејќи оваа земја последните денови бележи ценовни рекорди на бензинот и дизелот во регионот. Според најновите податоци, цената на дизелот е 1,92 евра (околу 118 денари), а на бензинот 2,34 евра (околу 144 денари). Само една недела претходно дизелот беше 1,84 евра, а бензинот 2,08 евра. За споредба, литар гориво во Грција чини и до 30 денари повеќе отколку во Македонија. Земја / Цена на еуродизел / Цена на бензин -Грција 118/144 -Македонија 102/110 (за литар)  

The post Цените на горивата во Грција вивнаа до небо appeared first on Република.

]]>
Прајс: Одлуката на Скопје, Софија и Подгорица за забрана за прелет на авионот на Лавров е почитување на обврските кон НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prajs-odlukata-na-skopje-sofija-i-podgorica-za-zabrana-za-prelet-na-avionot-na-lavrov-e-pochituvanje-na-obvrskite-kon-nato/ Tue, 07 Jun 2022 08:19:22 +0000 https://republika.mk/?p=512038

Одлуката на Македонија, Бугарија и Црна Гора за забрана за прелет на авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров е почитување на обврските кон НАТО, оцени портпаролот на Стејт департментот на САД Нед Прајс.

Сите три земји се членки на НАТО и имаат обврски согласно Членот 5. Заедно ја прославивме петта годишнина од членството на Црна Гора во НАТО и втората годишнина од членството на Македонија во НАТО, рече Прајс на брифинг на Стејт департментот, одговорајќи на прашање на Гласот на Америка.

Прајс посочи дека се работи за суверени одлуки на три суверени држави за затворањето на прелет на нивниот воздушен простор.

Одлуката, според него, е дел од европската заложба да се држи Русија одговорна за своите акции и постапки во Украина.

Ја повикуваме и Србија да се држи до европски пат, да ја намали зависноста од руски енергетски ресурси и да ја усклади надворешната политика согласно принципите и правилата на ЕУ, рече портпаролот на Стејт департментот.

 

The post Прајс: Одлуката на Скопје, Софија и Подгорица за забрана за прелет на авионот на Лавров е почитување на обврските кон НАТО appeared first on Република.

]]>

Одлуката на Македонија, Бугарија и Црна Гора за забрана за прелет на авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров е почитување на обврските кон НАТО, оцени портпаролот на Стејт департментот на САД Нед Прајс.
Сите три земји се членки на НАТО и имаат обврски согласно Членот 5. Заедно ја прославивме петта годишнина од членството на Црна Гора во НАТО и втората годишнина од членството на Македонија во НАТО, рече Прајс на брифинг на Стејт департментот, одговорајќи на прашање на Гласот на Америка.
Прајс посочи дека се работи за суверени одлуки на три суверени држави за затворањето на прелет на нивниот воздушен простор. Одлуката, според него, е дел од европската заложба да се држи Русија одговорна за своите акции и постапки во Украина.
Ја повикуваме и Србија да се држи до европски пат, да ја намали зависноста од руски енергетски ресурси и да ја усклади надворешната политика согласно принципите и правилата на ЕУ, рече портпаролот на Стејт департментот.
 

The post Прајс: Одлуката на Скопје, Софија и Подгорица за забрана за прелет на авионот на Лавров е почитување на обврските кон НАТО appeared first on Република.

]]>
Албанија го затвори воздушниот простор за руски авиони, а воведе и други санкции https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/albanija-go-zatvori-vozdushniot-prostor-za-ruski-avioni-a-vovede-i-drugi-sankcii/ Sun, 27 Feb 2022 21:35:42 +0000 https://republika.mk/?p=464905

Албанија од вечерва го затвори воздушниот простор за сите руски авиокомпании или секој авион регистриран во Русија, информираше министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка.

Според неа од тоа се изземаат оние летови кои се за хуманитарни или медицински цели или меѓудржавни потреби.

Џачка информираше и за други економски санкции против Русија, што ќе траат „сè додека Русија продолжува со агресијата врз Украина“.

Економските санкции опфаќаат ограничувачки мерки во секторот финансии, енергија, транспорт и технологија. Исто така Албанија нема да учествува на ниту еден спортски натпревар со Руската Федерација, истакна меѓу другото Џачка соопштувајќи ја одлуката на албанската Влада.

Во целина рестриктивните мерки ќе важат за 654 личности и 52 субјекта. Дополнително, како што нагласи, воведена е забрана за патување на албанска територија за лица наведени од ЕУ.

The post Албанија го затвори воздушниот простор за руски авиони, а воведе и други санкции appeared first on Република.

]]>

Албанија од вечерва го затвори воздушниот простор за сите руски авиокомпании или секој авион регистриран во Русија, информираше министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка. Според неа од тоа се изземаат оние летови кои се за хуманитарни или медицински цели или меѓудржавни потреби. Џачка информираше и за други економски санкции против Русија, што ќе траат „сè додека Русија продолжува со агресијата врз Украина“.
Економските санкции опфаќаат ограничувачки мерки во секторот финансии, енергија, транспорт и технологија. Исто така Албанија нема да учествува на ниту еден спортски натпревар со Руската Федерација, истакна меѓу другото Џачка соопштувајќи ја одлуката на албанската Влада.
Во целина рестриктивните мерки ќе важат за 654 личности и 52 субјекта. Дополнително, како што нагласи, воведена е забрана за патување на албанска територија за лица наведени од ЕУ.

The post Албанија го затвори воздушниот простор за руски авиони, а воведе и други санкции appeared first on Република.

]]>