небезбедни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nebezbedni/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Sep 2024 18:42:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png небезбедни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nebezbedni/ 32 32 „Албанските мажи седат со сопругите, а се џарат во тебе“, раскажува фрапирана туристка од САД https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/albanskite-mazhi-sedat-so-soprugite-a-se-dharat-vo-tebe-raskazhuva-frapirana-turistka-od-sad/ Thu, 26 Sep 2024 18:59:37 +0000 https://republika.mk/?p=819423

Деветнаесетгодишната Ив Ковач од Конектикат, САД, решила полнолетноста да ја прослави со патување низ Европа. Таа за „Дејли мејл“ ги раскажува авантурите низ Стариот континент. Како што вели најмногу ѝ се допаднала Италија, а единствена земја каде што не се чувствувала безбедно била Албанија.

Мажите во Албанија! Се чувствував како плен. Дури и мажите кои седат со своите сопруги си ги кршат вратовите за да зјапаат во тебе додека одиш по улица, раскажува таа за најлошо искуство, велејќи дека таму чувствувала како „мета“.

Таму некој дури и ме допре за косата дури бев во супермаркет, а неколку луѓе ме фотографираа. Сфатив дека бидејќи сум русокоса и ниска, со сини очи, можам да бидам лесна мета, додава таа.

The post „Албанските мажи седат со сопругите, а се џарат во тебе“, раскажува фрапирана туристка од САД appeared first on Република.

]]>

Деветнаесетгодишната Ив Ковач од Конектикат, САД, решила полнолетноста да ја прослави со патување низ Европа. Таа за „Дејли мејл“ ги раскажува авантурите низ Стариот континент. Како што вели најмногу ѝ се допаднала Италија, а единствена земја каде што не се чувствувала безбедно била Албанија.
Мажите во Албанија! Се чувствував како плен. Дури и мажите кои седат со своите сопруги си ги кршат вратовите за да зјапаат во тебе додека одиш по улица, раскажува таа за најлошо искуство, велејќи дека таму чувствувала како „мета“.   Таму некој дури и ме допре за косата дури бев во супермаркет, а неколку луѓе ме фотографираа. Сфатив дека бидејќи сум русокоса и ниска, со сини очи, можам да бидам лесна мета, додава таа.

The post „Албанските мажи седат со сопругите, а се џарат во тебе“, раскажува фрапирана туристка од САД appeared first on Република.

]]>
Лекарите не се чувствуваат безбедно, сакаат построги казни за напад на здравствените работници, вели д-р Чолакова-Дервишова по убиството на колега https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/lekarite-ne-se-chuvstvuvaat-bezbedno-sakaat-postrogi-kazni-za-napad-na-zdravstvenite-rabotnitsi-veli-d-r-cholakova-dervishova-po-ubistvoto-na-kolega/ Mon, 25 Mar 2024 14:14:35 +0000 https://republika.mk/?p=758587

Лекарите не се чувствуваат безбедно зашто сите имаат пациенти кои се зависници, психички нестабилни, со анксиозноно депресивни состојби, биполарни растројства,..., оцени денеска претседателката на Здружението на приватни лекари, Лили Чолакова-Дервишова.

Таа потсети дека од 12 до 16 часот, приватните лекари нема да работат со пациенти, во знак на почит кон убиениот колега А. Т., матичен лекар од поликлиниката „Железара“ од Скопје.

Лекарите бараат услови за безбедно работење и, како што напомена Чолакова-Дервишова, построги казни за напад на здравствените работници.

Матичните лекари денес нема да работат од 12 до 16 часот за да го подигнеме гласот, да разговараме за нови закони кои би значеле појака заштита на здравствениот кадар каде казните би биле поригорозни, сѐ со единствена цел, да се чувствува безбедно здравствениот персонал. Луѓето кои работат во примарното здравство се столбот на овој здравствен систем, тие лекуваат и спасуваат човечки животи. На ваков начин не треба нити еден пациент не треба да биде незадовелен. Ние не ја знаеме причината, но во кругот на здравствен дом е убиен докторот, така што очекуваме органите на прогонот да ни кажат што се случува, изјави Чолакова-Дервишова по потпишувањето на Декларацијата за промоција и поддршка на вакцинацијата во Лекраската комора.

Според неа, пациентите имаат разбирање и почит за целата ситуација, ги поддржуваат.

Ова не е дека ние не работиме или не сакаме да работиме, но навистина, само да стои на закон дека сме службени лица, гледаме дека тоа не врши никаква функција. За секој здравствен работник од примарното, секундарното и терциерното здравство ваков чин не треба да се повтори, нагласи Чолакова-Дервишова.

Телото на лекарот А. Т. беше пронајдено на 21 март, во неговиот автомобил, на паркинг пред зградата на поранешната клиника „Железара“ околу 23 часот од синот. На телото биле уочени видливи убодни рани од остар предмет. Обвинителството презема мерки за расчистувње на убиството.

The post Лекарите не се чувствуваат безбедно, сакаат построги казни за напад на здравствените работници, вели д-р Чолакова-Дервишова по убиството на колега appeared first on Република.

]]>

Лекарите не се чувствуваат безбедно зашто сите имаат пациенти кои се зависници, психички нестабилни, со анксиозноно депресивни состојби, биполарни растројства,..., оцени денеска претседателката на Здружението на приватни лекари, Лили Чолакова-Дервишова. Таа потсети дека од 12 до 16 часот, приватните лекари нема да работат со пациенти, во знак на почит кон убиениот колега А. Т., матичен лекар од поликлиниката „Железара“ од Скопје. Лекарите бараат услови за безбедно работење и, како што напомена Чолакова-Дервишова, построги казни за напад на здравствените работници.