небезбедна храна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nebezbedna-hrana/ За подобро да се разбереме Sat, 28 Sep 2024 09:46:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png небезбедна храна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nebezbedna-hrana/ 32 32 Tри ресторани и месарница во Кавадарци служеле небезбедна храна https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/tri-restorani-i-mesarnitsa-vo-kavadartsi-sluzhele-nebezbedna-hrana/ Sat, 28 Sep 2024 10:30:56 +0000 https://republika.mk/?p=820502

На три ресторани и една месарница во Кавадарци им се изречени парични казни за пласирање во промет небезбедна храна и неспроведени санитарни прегледи за вработените лица, информира денеска Агенцијата за храна и ветеринарство.

Недоследностите се најдени при вонредните инспекциски контроли што биле спроведени кај оператори за храна неделава во Кавадарци.

Изречените глоби се движат од 600 до 3 илјади евра во денарска противвредност за правните лица, зависно од големината на субјектот и по 400 и 500 евра во денарска противвредност за одговорните лица во правните субјекти. Уништени се 87 килограми небезбедна храна ( месо, замрзнати производи, замрзната риба).

The post Tри ресторани и месарница во Кавадарци служеле небезбедна храна appeared first on Република.

]]>

На три ресторани и една месарница во Кавадарци им се изречени парични казни за пласирање во промет небезбедна храна и неспроведени санитарни прегледи за вработените лица, информира денеска Агенцијата за храна и ветеринарство. Недоследностите се најдени при вонредните инспекциски контроли што биле спроведени кај оператори за храна неделава во Кавадарци.
Изречените глоби се движат од 600 до 3 илјади евра во денарска противвредност за правните лица, зависно од големината на субјектот и по 400 и 500 евра во денарска противвредност за одговорните лица во правните субјекти. Уништени се 87 килограми небезбедна храна ( месо, замрзнати производи, замрзната риба).

The post Tри ресторани и месарница во Кавадарци служеле небезбедна храна appeared first on Република.

]]>
АХВ: Во некои објекти за храна во Охрид, на Пластичарска и во Чаршија се продава небезбедна храна https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ahv-vo-nekoi-objekti-za-hrana-vo-ohrid-na-plasticharska-i-vo-charshija-se-prodava-nebezbedna-hrana/ Mon, 26 Aug 2024 10:32:08 +0000 https://republika.mk/?p=810226

По вонредните засилени контроли кои Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги спроведе во туристичките центри во земјава, покрај редовните контроли, инспекциските служби на АХВ продолжуваат со спроведување на засилени контроли на целата територија на државава.

Во моментов, како што информираат од АХВ, во тек е спроведување на вонредни контроли во угостителските објекти во целата земја.

Минатата недела спроведени беа засилени контроли во главниот град како честа туристичка дестинација. Контроли беа спроведени кај оператори со храна, вклучувајќи ги и пазарот Бит Пазар, познатата Пластичарска улица и старата скопската чаршија како еден од најпосетуваните туристички дестинации во Скопје.

Таму контроли беа спроведени кај 62 оператори – кафе барови, ресторани, гостилници, сендвичарници, пекарници, слаткарници бурекџилници, ќебапчилници, месарници и чајџилници и други.

Вонредни контроли во Скопје минатата недела беа спроведени и кај оператори кои се занимаваат со трговија на производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храната.

Надзори се спроведени кај десеттина оператори и еден магацин за оваа категорија производи. Со контролите најдени се оператори со нерегистрирана дејност при што е наложено нивна регистрација.

Кај некои оператори со храна утврдени се недоследности во однос на хигиената за што е наредено спроведување на мерки за чистење и дезинфекција, немање санирани книшки за вработените, но и недоследности од поголем обем како што се ставање во промет на небезбеден производ, недеклариран производ, чување на храна ва амбиентална температура, а пронајдени се и оператори со нерегистрирана дејност.

Во тридневните спроведени вонредни контроли, инспекциските служби на АХВ издадоа 33 решенија за утврдените недоследности, а изречени се и 14 парични казни. Покрај ова изречени се и мерки за забрана за вршење на дејност до исполнување на условите, наредено е регистрирање на нерегистрираните оператори со храна, а како небезбедни уништени се 640 килограми храна од животинско потекло.

Инспекциските надзори на зелените пазари во главниот град продолжуваат и во наредниов период, најави АХВ.

Инспекциските служби на АХВ во петокот спроведоа надзор и во месарница во туристичкиот центар Охрид. Поради нечитка декларација и пласирање на небезбеден производ на пазарот, нештетно се уништени 10,7 килограми смеса од мелено месо. На правното лице изречена му е глоба од 1000 евра, а на одговорното лице во правното лице дополнителни 400 евра казна во денарска противвредност.

Според агенцијата, покрај вонредните засилени контроли, инспекциските служби на АХВ продолжуваат со
спроведување и на редовните контроли согласно Годишниот план.

Во првите 6 месеци од годинава во внатрешниот промет спроведени се 24. 335 инспекциски контроли. Изречени биле вкупно 2 433 инспекциски мерки а уништени се 37,6 тони и 13.654 литри небезбедна храна.

 

The post АХВ: Во некои објекти за храна во Охрид, на Пластичарска и во Чаршија се продава небезбедна храна appeared first on Република.

]]>

По вонредните засилени контроли кои Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги спроведе во туристичките центри во земјава, покрај редовните контроли, инспекциските служби на АХВ продолжуваат со спроведување на засилени контроли на целата територија на државава. Во моментов, како што информираат од АХВ, во тек е спроведување на вонредни контроли во угостителските објекти во целата земја. Минатата недела спроведени беа засилени контроли во главниот град како честа туристичка дестинација. Контроли беа спроведени кај оператори со храна, вклучувајќи ги и пазарот Бит Пазар, познатата Пластичарска улица и старата скопската чаршија како еден од најпосетуваните туристички дестинации во Скопје. Таму контроли беа спроведени кај 62 оператори – кафе барови, ресторани, гостилници, сендвичарници, пекарници, слаткарници бурекџилници, ќебапчилници, месарници и чајџилници и други. Вонредни контроли во Скопје минатата недела беа спроведени и кај оператори кои се занимаваат со трговија на производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храната. Надзори се спроведени кај десеттина оператори и еден магацин за оваа категорија производи. Со контролите најдени се оператори со нерегистрирана дејност при што е наложено нивна регистрација. Кај некои оператори со храна утврдени се недоследности во однос на хигиената за што е наредено спроведување на мерки за чистење и дезинфекција, немање санирани книшки за вработените, но и недоследности од поголем обем како што се ставање во промет на небезбеден производ, недеклариран производ, чување на храна ва амбиентална температура, а пронајдени се и оператори со нерегистрирана дејност. Во тридневните спроведени вонредни контроли, инспекциските служби на АХВ издадоа 33 решенија за утврдените недоследности, а изречени се и 14 парични казни. Покрај ова изречени се и мерки за забрана за вршење на дејност до исполнување на условите, наредено е регистрирање на нерегистрираните оператори со храна, а како небезбедни уништени се 640 килограми храна од животинско потекло. Инспекциските надзори на зелените пазари во главниот град продолжуваат и во наредниов период, најави АХВ. Инспекциските служби на АХВ во петокот спроведоа надзор и во месарница во туристичкиот центар Охрид. Поради нечитка декларација и пласирање на небезбеден производ на пазарот, нештетно се уништени 10,7 килограми смеса од мелено месо. На правното лице изречена му е глоба од 1000 евра, а на одговорното лице во правното лице дополнителни 400 евра казна во денарска противвредност. Според агенцијата, покрај вонредните засилени контроли, инспекциските служби на АХВ продолжуваат со спроведување и на редовните контроли согласно Годишниот план. Во првите 6 месеци од годинава во внатрешниот промет спроведени се 24. 335 инспекциски контроли. Изречени биле вкупно 2 433 инспекциски мерки а уништени се 37,6 тони и 13.654 литри небезбедна храна.  

The post АХВ: Во некои објекти за храна во Охрид, на Пластичарска и во Чаршија се продава небезбедна храна appeared first on Република.

]]>