неадекватни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/neadekvatni/ За подобро да се разбереме Fri, 10 Nov 2023 10:57:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png неадекватни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/neadekvatni/ 32 32 Мерките за намалување на инфлацијата не се адекватни, велат од Стопанската комора на северозападна Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/merkite-za-namaluvane-na-inflatsijata-ne-se-adekvatni-velat-od-stopanskata-komora-na-severozapadna-makedonija/ Fri, 10 Nov 2023 10:57:07 +0000 https://republika.mk/?p=700224

Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) смета дека актуелните мерки за налување на инфлацијата не се адекватни и затоа треба да се преземат алтернативни мерки и во иднина да прекине праксата на институциите да не се консултираат со стопанските комори при нивното донесување.

Стопанската комора на северозападна Македонија како институција чија мисија е заштита и унапредување на бизнисите, но и на стопанството воопшто, секогаш апелира дека мерките преземени од Владата и надлежните институции треба да се базираат на анализа и детално прогнозирање на ризиците кои може да ги донесуваат истите. Таков беше случајот со континуираното замрзнување на цените на десетици производи, што на крајот докажа дека оваа мерка не го постигна очекуваниот и прокламираниот ефект. Врз основа на изјавата на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска, инфлацијата достигна 9,5%, што сведочи за тоа дека преземената мерка не ги донесе очекуваните ефекти, додека бизнисите, особено производителите и трговците се оштетени, а од друга страна, граѓаните и понатаму остануваат незаштитени од инфлацијата, се наведува во соопштението од комората.

The post Мерките за намалување на инфлацијата не се адекватни, велат од Стопанската комора на северозападна Македонија appeared first on Република.

]]>