Не вреди да гласаш Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ne-vredi-da-glasash/ За подобро да се разбереме Mon, 08 Apr 2024 10:36:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Не вреди да гласаш Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ne-vredi-da-glasash/ 32 32 Познати актери, музичари, водители, доктори во кампањата „Не е до нив, до тебе е“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/poznati-akteri-muzichari-voditeli-doktori-vo-kampanata-ne-e-do-niv-do-tebe-e/ Mon, 08 Apr 2024 10:36:18 +0000 https://republika.mk/?p=763755

„Не вреди да гласаш“, „Нема ништо да се смени“, „Еден глас ништо не менува“, „Сѐ ќе биде исто“... И така до недоглед, може да се набројуваат изговори кои нѐ делат од иднината што ја посакуваме и која можеме сами да ја креираме, затоа не е до нив, до тебе е - гласај без изговори.

„Не е до нив, до тебе е“ е моќна кампања во која никој ништо не ветува, а сепак секој делува за поголема одговорност пред својата граѓанска должност.

Бојан Кирковски, Александар Микиќ, Тања Кочовска, Емра Куртишова, Ненад Георгиевски, Филип Поповски, Стефан Лазаров, Александар Динев, Сара Мејс, Денис Абдула, Христијан Станковски - Бомбакис, Вера Јанковиќ, Сашо Шотаровски, Алмедина Исмаили, Бисера Чадловска, Христијан Бузалковски, Александар Микиќ и Виктор Камнар ги тргнаа сите изговори на страна и се приклучија кон кампањата, со цел секој од нив да ја искористи моќта на гласот. Познатите, заедно со граѓаните ќе се обидат да ги променат навиките и да ја издигнат свеста во Македонија за вредноста на правото на глас на повисоко ниво.

Затоа што секогаш ќе наидете на некој што ќе ви каже „Твоето едно гласче на овие избори нема да промени ама баш ништо“, подготвена е видео приказна со силна порака која ќе биде најсилен демант на сите такви коментари. Одговорот е јасен и едноставен „Ќе гласам затоа што дефинитивно не е до нив, до мене е“.

Оваа моќна порака ќе патува низ повеќе градови во Македонија и ќе стигне до секој што има дури и најмал сомнеж дека неговиот глас нема да направи промена. Караванот „Не е до нив, до тебе е“ започнува на 08.04.2024, а првата станица ќе биде Градскиот парк во Струмица.

Актерот Бојан Кирковски со својот стенд ап настап ќе го води караванот и низ Штип - Плоштад Слобода (09.04), Карпош - Антички театар (11.04), Аеродром - Парк Авионче (14.04), Велес - Градски парк (15.04), Ѓорче Петров – Парк (17.04), Куманово - Градски плоштад (18.04), Кочани - Градски плоштад (19.04), Центар – Школка, Градски парк (21.04), Битола - Широк сокак (22.04), Прилеп - Градски плоштад (24.04) и Охрид - Плоштад ‚‚Св. Климент Охридски‘‘ (27.04).

Зачувајте ги датумите, одвојте време за одлична забава со диџеј Мац и урнебесна комедија со Бојан Кирковски и и ќе дознаете зошто не е до нив, туку е до вас, до нас.

https://youtu.be/c370wrZ4JJc?si=zOGO_tS67vZpGT5c

The post Познати актери, музичари, водители, доктори во кампањата „Не е до нив, до тебе е“ appeared first on Република.

]]>

„Не вреди да гласаш“, „Нема ништо да се смени“, „Еден глас ништо не менува“, „Сѐ ќе биде исто“... И така до недоглед, може да се набројуваат изговори кои нѐ делат од иднината што ја посакуваме и која можеме сами да ја креираме, затоа не е до нив, до тебе е - гласај без изговори. „Не е до нив, до тебе е“ е моќна кампања во која никој ништо не ветува, а сепак секој делува за поголема одговорност пред својата граѓанска должност. Бојан Кирковски, Александар Микиќ, Тања Кочовска, Емра Куртишова, Ненад Георгиевски, Филип Поповски, Стефан Лазаров, Александар Динев, Сара Мејс, Денис Абдула, Христијан Станковски - Бомбакис, Вера Јанковиќ, Сашо Шотаровски, Алмедина Исмаили, Бисера Чадловска, Христијан Бузалковски, Александар Микиќ и Виктор Камнар ги тргнаа сите изговори на страна и се приклучија кон кампањата, со цел секој од нив да ја искористи моќта на гласот. Познатите, заедно со граѓаните ќе се обидат да ги променат навиките и да ја издигнат свеста во Македонија за вредноста на правото на глас на повисоко ниво. Затоа што секогаш ќе наидете на некој што ќе ви каже „Твоето едно гласче на овие избори нема да промени ама баш ништо“, подготвена е видео приказна со силна порака која ќе биде најсилен демант на сите такви коментари. Одговорот е јасен и едноставен „Ќе гласам затоа што дефинитивно не е до нив, до мене е“. Оваа моќна порака ќе патува низ повеќе градови во Македонија и ќе стигне до секој што има дури и најмал сомнеж дека неговиот глас нема да направи промена. Караванот „Не е до нив, до тебе е“ започнува на 08.04.2024, а првата станица ќе биде Градскиот парк во Струмица. Актерот Бојан Кирковски со својот стенд ап настап ќе го води караванот и низ Штип - Плоштад Слобода (09.04), Карпош - Антички театар (11.04), Аеродром - Парк Авионче (14.04), Велес - Градски парк (15.04), Ѓорче Петров – Парк (17.04), Куманово - Градски плоштад (18.04), Кочани - Градски плоштад (19.04), Центар – Школка, Градски парк (21.04), Битола - Широк сокак (22.04), Прилеп - Градски плоштад (24.04) и Охрид - Плоштад ‚‚Св. Климент Охридски‘‘ (27.04). Зачувајте ги датумите, одвојте време за одлична забава со диџеј Мац и урнебесна комедија со Бојан Кирковски и и ќе дознаете зошто не е до нив, туку е до вас, до нас. https://youtu.be/c370wrZ4JJc?si=zOGO_tS67vZpGT5c

The post Познати актери, музичари, водители, доктори во кампањата „Не е до нив, до тебе е“ appeared first on Република.

]]>