не смеат да трошат пари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ne-smeat-da-troshat-pari/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Mar 2024 11:54:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png не смеат да трошат пари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ne-smeat-da-troshat-pari/ 32 32 Претседателските кандидати до кампања не смеат да трошат пари од трансакциска сметка, можат да одржат само еден јавен настан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelskite-kandidati-do-kampana-ne-smeat-da-troshat-pari-od-transaktsiska-smetka-mozhat-da-odrzhat-samo-eden-javen-nastan/ Fri, 22 Mar 2024 11:35:11 +0000 https://republika.mk/?p=757409

Кандидатурите за претседател на државата веќе се потврдени, а согласно измените на Изборниот законик, од моментот на потврдување на кандидатските листи до започнување на изборната кампања на 4 април учесникот во изборната кампања не смее да троши средства од трансакциската сметка наменета за изборна кампања, а учесниците во изборите имаат право да организираат по еден јавен настан за промоција на нивните потврдени листи на кандидати и изборните програми.

Во членот 69-а од Изборниот законик е наведено и дека за изборна кампања се смета јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесникот во изборната кампања, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми, а во ставот 2 стои дека кампањата започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите (молк).

Подносител на листа, односно кандидат може да поднесе приговор за непочитување на одредбите од овој член, а Државната изборна комисија (ДИК) е должна да ги испита наводите, да постапи по поднесениот приговор и да ја образложи својата одлука во рок од 72 часа од денот на поднесувањето на приговорот. Против одлуката на ДИК подносителот на приговорот има право на тужба до Управниот суд во рок од 48 часа од приемот на одлуката. Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 72 часа по приемот на тужбата.

ДИК во четвртокот на седница ги потврди кандидатурите за претседател на Република Македонија 2024 година поднесени од Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, Стевче Јакимовски поддржан од ГРОМ, Максим Димитриевски од партијата ЗНАМ, Арбен Таравари од албанската опозициска коалиција Вреди, Билјана Ванковска Цветковска од Левица, Бујар Османи од ДУИ и Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатите Јакимовски и Таравари во рок од 48 часа до ДИК треба да доставаат единствен даночен број и трансакциска сметка.

Редниот број на кандидатите и изгледот на гласачкото ливче ќе се знае најдоцна до 28 март кога треба да се одржи жребување во ДИК.

 

The post Претседателските кандидати до кампања не смеат да трошат пари од трансакциска сметка, можат да одржат само еден јавен настан appeared first on Република.

]]>

Кандидатурите за претседател на државата веќе се потврдени, а согласно измените на Изборниот законик, од моментот на потврдување на кандидатските листи до започнување на изборната кампања на 4 април учесникот во изборната кампања не смее да троши средства од трансакциската сметка наменета за изборна кампања, а учесниците во изборите имаат право да организираат по еден јавен настан за промоција на нивните потврдени листи на кандидати и изборните програми. Во членот 69-а од Изборниот законик е наведено и дека за изборна кампања се смета јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесникот во изборната кампања, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми, а во ставот 2 стои дека кампањата започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите (молк). Подносител на листа, односно кандидат може да поднесе приговор за непочитување на одредбите од овој член, а Државната изборна комисија (ДИК) е должна да ги испита наводите, да постапи по поднесениот приговор и да ја образложи својата одлука во рок од 72 часа од денот на поднесувањето на приговорот. Против одлуката на ДИК подносителот на приговорот има право на тужба до Управниот суд во рок од 48 часа од приемот на одлуката. Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 72 часа по приемот на тужбата. ДИК во четвртокот на седница ги потврди кандидатурите за претседател на Република Македонија 2024 година поднесени од Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, Стевче Јакимовски поддржан од ГРОМ, Максим Димитриевски од партијата ЗНАМ, Арбен Таравари од албанската опозициска коалиција Вреди, Билјана Ванковска Цветковска од Левица, Бујар Османи од ДУИ и Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатите Јакимовски и Таравари во рок од 48 часа до ДИК треба да доставаат единствен даночен број и трансакциска сметка. Редниот број на кандидатите и изгледот на гласачкото ливче ќе се знае најдоцна до 28 март кога треба да се одржи жребување во ДИК.  

The post Претседателските кандидати до кампања не смеат да трошат пари од трансакциска сметка, можат да одржат само еден јавен настан appeared first on Република.

]]>