Не се клади на Енглези Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ne-se-kladi-na-englezi/ За подобро да се разбереме Wed, 01 Feb 2023 13:46:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Не се клади на Енглези Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ne-se-kladi-na-englezi/ 32 32 „Не се клади на Енглези“ вечерва во МНТ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ne-se-kladi-na-englezi-vecherva-vo-mnt/ Wed, 01 Feb 2023 13:46:29 +0000 https://republika.mk/?p=603431

„Не се клади на Енглези“ од Владимир Ѓурѓевиќ, во режија на Синиша Евтимов, вечерва е на репертоарот на МНТ.

Улогите ги толкуваат: Сашко Коцев, Оливер Митковски и Александар Миќкиќ. Сценографијата е на Илина Ангеловска (мебел – Home by Almak), костимограф: Ана Данчевска, превод: Александар Микиќ.

Претставата го третира феноменот „спортско обложување“. Текстот во суштина се занимава со прицините и последиците од истиот. Бескрајно долгата транзициска беда, надежта на пониските социјални слоеви за брза заработка, дегенерација на нацијата итн.

Жанровски претставата е комедија, но во текстот може да се насетат и болните аспекти на девијантната појава, обложувањето. На секундарно ниво оваа претстава ја истражува и границата помеѓу човековата себичност и искреното пријателство.

Сашко Коцев на прес-конференцијата рече дека проектот е почнат во 2010 година, со истата актерска екипа, но поради обврски е пролонгиран за септември 2013 година.

Текстот е многу примамлив. Хит е во Белград и Загреб и веќе шест-седум години се игра. Дејството се случува во едно маало, со препознатливи ликови и ситуации. Еден многу важен феномен кај нас е обложувањето, – рече Коцев и додаде дека текстот е напишан на сленг.

Микиќ истакна дека насловот е цитат од човек кој се споменува 20 или 30 пати во претставата, со специфичен говор и затоа е изведен насловот.

Според Митковски, темата на претставата е карактеристична за постранзициските држави во регионот каде, како што рече, игрите на среќа заземаат доминантно место во животите на голем дел од луѓето и претставуваат единствена надеж за заработка и за подобар живот.

Ова е актерска претстава. Се работи за еден текст кој до максимум може да ги доведе актерските можности. Трите фантастични ролји се работени низ документарна призма, – потенцира режисерот Евтимов. Додаде дека претставата е и за пријателството, за нарушените односи во цивилизацијата, во човештвото.

The post „Не се клади на Енглези“ вечерва во МНТ appeared first on Република.

]]>

„Не се клади на Енглези“ од Владимир Ѓурѓевиќ, во режија на Синиша Евтимов, вечерва е на репертоарот на МНТ.

Улогите ги толкуваат: Сашко Коцев, Оливер Митковски и Александар Миќкиќ. Сценографијата е на Илина Ангеловска (мебел – Home by Almak), костимограф: Ана Данчевска, превод: Александар Микиќ.

Претставата го третира феноменот „спортско обложување“. Текстот во суштина се занимава со прицините и последиците од истиот. Бескрајно долгата транзициска беда, надежта на пониските социјални слоеви за брза заработка, дегенерација на нацијата итн. Жанровски претставата е комедија, но во текстот може да се насетат и болните аспекти на девијантната појава, обложувањето. На секундарно ниво оваа претстава ја истражува и границата помеѓу човековата себичност и искреното пријателство. Сашко Коцев на прес-конференцијата рече дека проектот е почнат во 2010 година, со истата актерска екипа, но поради обврски е пролонгиран за септември 2013 година.
Текстот е многу примамлив. Хит е во Белград и Загреб и веќе шест-седум години се игра. Дејството се случува во едно маало, со препознатливи ликови и ситуации. Еден многу важен феномен кај нас е обложувањето, – рече Коцев и додаде дека текстот е напишан на сленг.
Микиќ истакна дека насловот е цитат од човек кој се споменува 20 или 30 пати во претставата, со специфичен говор и затоа е изведен насловот. Според Митковски, темата на претставата е карактеристична за постранзициските држави во регионот каде, како што рече, игрите на среќа заземаат доминантно место во животите на голем дел од луѓето и претставуваат единствена надеж за заработка и за подобар живот.
Ова е актерска претстава. Се работи за еден текст кој до максимум може да ги доведе актерските можности. Трите фантастични ролји се работени низ документарна призма, – потенцира режисерот Евтимов. Додаде дека претставата е и за пријателството, за нарушените односи во цивилизацијата, во човештвото.

The post „Не се клади на Енглези“ вечерва во МНТ appeared first on Република.

]]>
„Не се клади на Енглези“ на МНТ гостува во Албанија, „Народен непријател“ на БИТ ФЕСТ и на „Охридско лето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ne-se-kladi-na-englezi-na-mnt-gostuva-vo-albanija-naroden-neprijatel-na-bit-fest-i-na-ohridsko-leto/ Fri, 01 Jul 2022 08:32:00 +0000 https://republika.mk/?p=521987

МНТ на летна турнеја

Македонскиот народен театар ова лето со две различни претстави ќе се претстави на повеќе сцени. Гостувањата на кратката летна турнеја ќе се случат во периодот од 3 јули до 15 август.
Патувањето ќе започне со гостувањето на претставата „Не се клади на Енглези“ на 3 јули, во рамките на 15-годишнината од Фестивалот „Македонско културно лето“ во Пустец, Р Албанија. Оваа копродукциска претстава веќе осум години опстојува на репертоарската програма на МНТ, а гостувањето е уште една убава можност да се претставиме и надвор.

Потоа на 5 јули, со новата претстава „Народен непријател“ - добитник на четири големи наградни признанија на МТФ „Војдан Чернодрински“, следи гостувањето на Битолскиот летен фестивал - БИТ ФЕСТ, манифестација на која ќе учествуваат реномирани уметници, во програмата која опфаќа разновидни музичко сценски настани како: театар, филм, концерти на класична, џез, рок и традиционална музика.

Последното гостување ќе биде на 15 август, во рамките на 62. фестивал „Охридско лето“ со изведбата на претставата „Народен непријател“ во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 21:00 часот. Фестивалот и оваа година изобилува со фантастична ревијална програма која ќе трае од 12 јули до 20 август.

The post „Не се клади на Енглези“ на МНТ гостува во Албанија, „Народен непријател“ на БИТ ФЕСТ и на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

МНТ на летна турнеја Македонскиот народен театар ова лето со две различни претстави ќе се претстави на повеќе сцени. Гостувањата на кратката летна турнеја ќе се случат во периодот од 3 јули до 15 август. Патувањето ќе започне со гостувањето на претставата „Не се клади на Енглези“ на 3 јули, во рамките на 15-годишнината од Фестивалот „Македонско културно лето“ во Пустец, Р Албанија. Оваа копродукциска претстава веќе осум години опстојува на репертоарската програма на МНТ, а гостувањето е уште една убава можност да се претставиме и надвор. Потоа на 5 јули, со новата претстава „Народен непријател“ - добитник на четири големи наградни признанија на МТФ „Војдан Чернодрински“, следи гостувањето на Битолскиот летен фестивал - БИТ ФЕСТ, манифестација на која ќе учествуваат реномирани уметници, во програмата која опфаќа разновидни музичко сценски настани како: театар, филм, концерти на класична, џез, рок и традиционална музика. Последното гостување ќе биде на 15 август, во рамките на 62. фестивал „Охридско лето“ со изведбата на претставата „Народен непријател“ во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 21:00 часот. Фестивалот и оваа година изобилува со фантастична ревијална програма која ќе трае од 12 јули до 20 август.

The post „Не се клади на Енглези“ на МНТ гостува во Албанија, „Народен непријател“ на БИТ ФЕСТ и на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>