не отворам врата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ne-otvoram-vrata/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Mar 2022 12:47:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png не отворам врата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ne-otvoram-vrata/ 32 32 Цената на бојкотот ја платија Македониците – останаа 132.260 непопишани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/cenata-na-bojkotot-ja-platija-makedonicite-ostanaa-132-260-nepopishani/ Wed, 30 Mar 2022 12:27:51 +0000 https://republika.mk/?p=480856

Резултатите на пописот спроведен минатата година покажаа дека 132.260 жители останале непопишани. Многу врати останаа затворени поради повиците да се бојкотира пописот. На многу врати не тропнаа попишувачите од едни или други причини, но тоа не ги натера Македонците да заминат во пунктовите и да се попишат самите. Со други зборови, цената на бојкотот и на апатијата ја платија Македонците.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски на денешната презентација на резултатите од пописот како еден од факторите за тоа што не се попишале 7,2 отсто граѓани, ги посочи оние кои отворено повикуваа на бојкот.

Да не беа црните кампањите дека работиме надвор од стандардните на ЕУ, дека веќе претходно се сме договориле, ќе беше многу помала оваа бројка. Ќе сфатат тие што ја злоупотребија кампањата, дека згрешиле. Мое мислење е дека никој не треба да биде казнет што не се попишал. Не знаеме дали поради отворен бојкот не се попишале, изјави Симовски.

Тој додаде и дека во периодот на попис голем број граѓани биле и на годишни одмори.

Плажите беа полни во тој период, особено по една година во која никој не можеше да оди на одмор, наведе првиот човек на ДЗС.

Симовски додаде дека постојат и други фактори кои ја диктирале оваа бројка.

Луѓето беа по нивите, доаѓаа по 20.00 часот, тешко се наоѓаа. Имавме ковид, исплашени луѓе имаше од евентуално ширење на болеста иако ги презедовме сите мерки, додаде тој.

Сепак, не летуваа и не копаа само Македонците. На плажите и по нивите одеа и Албанците. Но, нивната политика не остана рамнодушна и не дозволи „исончаните“ да останат непопишани.

Со жестока кампања спроведена и во дијаспората и дома ДУИ ги повика сите Албанци да се попшат. Не се противеа и не бојкотираа ниту опозициските партии на етничките Албанци.

Со месеци Артан Груби, Бујар Османи и други влијателни членови на владејачката партија одеа од куќа до куќа и во Македонија, но и во Швајцарија, Албанија, секаде каде што живеат Албанци,, агитираа, а имаа поддршка од сите албански партии. Денес ги гледаме плодовите од таа работа.

https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-na-albanski-jazik-ja-povika-dijasporata-da-se-registrira-makedonskata-ne-e-informirana-za-popisot/

Секој ден се броеја попишаните од дијаспората и се објавуваа постери со бројките.

Со денови на јавни настапи функционерите на ДУИ одговараа на прашања кои можат да се појават како нејаснотии поврзани со пописот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-moze-da-se-popishat-i-tie-koi-se-otkazale-od-makedonsko-drzavjanstvo/

И како што велат албанските политичари наместо да се занимаваат со својот број, Македонците се грижат за бројот на Албанците. Всушност, на крајот гледаме дека Македонците не се гриже ниту за својот број ниту за својата држава.

The post Цената на бојкотот ја платија Македониците – останаа 132.260 непопишани appeared first on Република.

]]>

Резултатите на пописот спроведен минатата година покажаа дека 132.260 жители останале непопишани. Многу врати останаа затворени поради повиците да се бојкотира пописот. На многу врати не тропнаа попишувачите од едни или други причини, но тоа не ги натера Македонците да заминат во пунктовите и да се попишат самите. Со други зборови, цената на бојкотот и на апатијата ја платија Македонците. Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски на денешната презентација на резултатите од пописот како еден од факторите за тоа што не се попишале 7,2 отсто граѓани, ги посочи оние кои отворено повикуваа на бојкот.
Да не беа црните кампањите дека работиме надвор од стандардните на ЕУ, дека веќе претходно се сме договориле, ќе беше многу помала оваа бројка. Ќе сфатат тие што ја злоупотребија кампањата, дека згрешиле. Мое мислење е дека никој не треба да биде казнет што не се попишал. Не знаеме дали поради отворен бојкот не се попишале, изјави Симовски.
Тој додаде и дека во периодот на попис голем број граѓани биле и на годишни одмори.
Плажите беа полни во тој период, особено по една година во која никој не можеше да оди на одмор, наведе првиот човек на ДЗС.
Симовски додаде дека постојат и други фактори кои ја диктирале оваа бројка.
Луѓето беа по нивите, доаѓаа по 20.00 часот, тешко се наоѓаа. Имавме ковид, исплашени луѓе имаше од евентуално ширење на болеста иако ги презедовме сите мерки, додаде тој.
Сепак, не летуваа и не копаа само Македонците. На плажите и по нивите одеа и Албанците. Но, нивната политика не остана рамнодушна и не дозволи „исончаните“ да останат непопишани. Со жестока кампања спроведена и во дијаспората и дома ДУИ ги повика сите Албанци да се попшат. Не се противеа и не бојкотираа ниту опозициските партии на етничките Албанци. Со месеци Артан Груби, Бујар Османи и други влијателни членови на владејачката партија одеа од куќа до куќа и во Македонија, но и во Швајцарија, Албанија, секаде каде што живеат Албанци,, агитираа, а имаа поддршка од сите албански партии. Денес ги гледаме плодовите од таа работа. https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-na-albanski-jazik-ja-povika-dijasporata-da-se-registrira-makedonskata-ne-e-informirana-za-popisot/ Секој ден се броеја попишаните од дијаспората и се објавуваа постери со бројките. Со денови на јавни настапи функционерите на ДУИ одговараа на прашања кои можат да се појават како нејаснотии поврзани со пописот. https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-moze-da-se-popishat-i-tie-koi-se-otkazale-od-makedonsko-drzavjanstvo/ И како што велат албанските политичари наместо да се занимаваат со својот број, Македонците се грижат за бројот на Албанците. Всушност, на крајот гледаме дека Македонците не се гриже ниту за својот број ниту за својата држава.

The post Цената на бојкотот ја платија Македониците – останаа 132.260 непопишани appeared first on Република.

]]>