не е завршена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ne-e-zavrshena/ За подобро да се разбереме Mon, 23 May 2022 07:56:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png не е завршена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ne-e-zavrshena/ 32 32 Пандемијата од Ковид-19 не е завршена, предупредува генералниот директор на СЗО https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pandemijata-od-kovid-19-ne-e-zavrshena-predupreduva-generalniot-direktor-na-szo/ Mon, 23 May 2022 07:56:21 +0000 https://republika.mk/?p=505753

Пандемијата од Ковид-19 не е завршена, предупреди шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Гебрејесус и покрај падот на пријавени случаи.

Генералниот директор на СЗО пред официнални лица, собрани на отворање на годишниот состанок во Женева, појасни дека „одбивање на тестирања и секвенцирања значи оти сме слепи за еволуцијата на вирусот“, јави Анадолија.

Тој напомена дека речиси милијарда луѓе во земји со пониски приходи, не се вакцинирани.

Во неделниот извештај во четвртокот, за глобалната ситуација, СЗО наведе дека се чини оти бројот нови случаи со Ковид-19 се стабилизира. Во пад е вкупниот број неделни смртни случаи.

Иако има напредок, со вакцинираност на 60 отсто од светската популација, „никаде не е готово, додека секаде не биде готово“, додаде тој.

Тој додаде дека е регистриран раст на смртните случаи во Африка, континентот со најниска стапка на вакцинација.

Само во 57 земји, речиси сите богати, се вакцинирале 70 отсто од жителите.

– Генерално, гледаме неодлучност околу вакцината, предводена од дезинформации. Пандемијата нема магично да исчезне, но, можеме да ја докрајчиме, смета Тедрос.

Медиуми наведуваат дека се очекува Тедрос да биде именуван за нов петгодишен мандат оваа недела на годишниот состанок на земјите членки.

 

The post Пандемијата од Ковид-19 не е завршена, предупредува генералниот директор на СЗО appeared first on Република.

]]>

Пандемијата од Ковид-19 не е завршена, предупреди шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Гебрејесус и покрај падот на пријавени случаи. Генералниот директор на СЗО пред официнални лица, собрани на отворање на годишниот состанок во Женева, појасни дека „одбивање на тестирања и секвенцирања значи оти сме слепи за еволуцијата на вирусот“, јави Анадолија. Тој напомена дека речиси милијарда луѓе во земји со пониски приходи, не се вакцинирани. Во неделниот извештај во четвртокот, за глобалната ситуација, СЗО наведе дека се чини оти бројот нови случаи со Ковид-19 се стабилизира. Во пад е вкупниот број неделни смртни случаи. Иако има напредок, со вакцинираност на 60 отсто од светската популација, „никаде не е готово, додека секаде не биде готово“, додаде тој. Тој додаде дека е регистриран раст на смртните случаи во Африка, континентот со најниска стапка на вакцинација. Само во 57 земји, речиси сите богати, се вакцинирале 70 отсто од жителите. – Генерално, гледаме неодлучност околу вакцината, предводена од дезинформации. Пандемијата нема магично да исчезне, но, можеме да ја докрајчиме, смета Тедрос. Медиуми наведуваат дека се очекува Тедрос да биде именуван за нов петгодишен мандат оваа недела на годишниот состанок на земјите членки.  

The post Пандемијата од Ковид-19 не е завршена, предупредува генералниот директор на СЗО appeared first on Република.

]]>