Народната банка денеска ги објави позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците за јуни 2024 година.
Како што се наведува во соопштението од НБ, годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,48 п.п., при што во јуни таа изнесува 1,88 отсто.
Во јуни 2024 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,47 отсто и забележа месечен пад од 0,02 п.п., при годишно зголемување од 0,35 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити е зголемена на месечна и на годишна основа за 0,02 п.п. и 0,48 п.п., соодветно и изнесува 1,88 отсто.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во јуни, изнесува 5,08 отсто и забележа месечно и годишно намалување од 0,11 п.п. и 0,18 п.п., соодветно.
Просечната каматна стапка на новопримените депозити е повисока за 0,16 п.п. на месечно ниво и изнесува 2,52 отсто, при годишен пад од 0,18 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен раст од 0,35 п.п. и изнесува 5,47 отсто.
Кај каматни стапки на корпоративниот сектор се наведува дека во јуни 2024 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор, изнесува 5,26 отсто и на месечна основа е намалена за 0,05 п.п. Притоа, надолната промена се должи на падот на каматните стапки на сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,04 п.п., соодветно). На годишна основа, оваа каматна стапка е зголемена за 0,40 п.п.
Овој месец, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0,21 п.п. на месечно ниво и изнесува 4,95 отсто. Анализирано по валута, месечниот пад е резултат на намалените каматни стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,99 п.п. и 0,25 п.п., соодветно), во услови на раст на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,95 п.п.). Анализирано на годишна основа, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0,31 п.п.
Во јуни, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е зголемена за 0,04 п.п. во споредба со претходниот месец и изнесува 2,25 отсто. Нагорната промена во целост се должи на растот на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,11 п.п.), додека каматните стапки на денарските депозити без и со валутна клаузула се непроменети. Анализирано на годишна основа, каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор бележи раст од 0,26 п.п.
Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор, овој месец изнесува 2,39 отсто и бележи месечен раст од 0,01 п.п. Притоа, промената во целост е резултат на растот на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,15 п.п.). Во јуни, кај банките и штедилниците не се евидентирани новопримени депозити со валутна клаузула, додека каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула забележаа пад (за 0,11 п.п.). Во споредба со јуни претходната година, оваа каматна стапка е зголемена за 0,28 п.п.
Во однос на каматни стапки на домаќинствата, се посочува дека во јуни, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата изнесува 5,66 отсто и бележи месечен раст од 0,01 п.п. Притоа, растот произлегува од зголемените каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,02 п.п.), во услови кога каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула се непроменети, а каматните стапки на кредитите во странска валута бележат пад (за 0,01 п.п.). Годишниот раст на каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата изнесува 0,31 п.п.
Овој месец, како што стои во соопштението на НБ, кај просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата е забележан месечен раст од 0,03 п.п. и изнесува 5,29 отсто. Промената во целост се должи на растот на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,09 п.п.), додека кај каматните стапки на кредитите во странска валута и на денарските кредити со валутна клаузула е забележан пад (за 0,21 п.п. и 0,02 п.п., соодветно). На годишно ниво, оваа каматна стапка е повисока за 0,02 п.п.
Во јуни 2024 година, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата, изнесува 1,84 отсто и бележи месечно зголемување од 0,03 п.п. Анализирано по валута, промената произлегува од растот на каматните стапки на депозитите во странска валута и денарските депозити без валутна клаузула (за 0,03 п.п. и 0,02 п.п., соодветно), во услови на пад на каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула (за 0,06 п.п.). Годишниот раст на каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата изнесува 0,50 п.п.
Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата, пак, овој месец, е зголемена за 0,19 п.п. и изнесува 2,55 отсто. Притоа, растот се должи на повисоките каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,25 п.п. и 0,14 п.п., соодветно). Овој месец, кај банките и штедилниците не се евидентирани новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Во споредба со јуни претходната година, оваа каматна стапка е намалена за 0,32 п.п., наведуваат од Народната банка.
The post Пораснаа камaтите: Просечната за кредитите изнесува 5,47%, а кај депозитите 1,88% appeared first on Република.
]]>The post Пораснаа камaтите: Просечната за кредитите изнесува 5,47%, а кај депозитите 1,88% appeared first on Република.
]]>Аплицирање и добивање извештај од Кредитниот регистар дигитално е услуга којашто е достапна за граѓаните 24 часа, седум дена во неделата, на македонски и на албански јазик. За да ја ползуваат оваа услуга, граѓаните треба да отворат свој профил на uslugi.gov.mk. Услугата од Кредитниот регистар се добива бесплатно и преку дигиталниот канал, и со физичко поднесување барање до Архивата на Народната банка, наведува директорот на Дирекцијата за вонтеренска супервизија и лиценцирање, Илија Андовски, во изјава за „Само прашај“, проект на Институтот за комуникациски студии.
Андовски објаснува дека извештајот од Кредитниот регистар содржи податоци за моменталната состојба на долгот на граѓаните, податоци за просечната категорија ризик определена од страна на секоја од банките каде што граѓанинот има кредити, дали некаде се јавува како гарант или жирант и исто така дали некоја банка за него има пријавено отпишано побарување. Податоците во извештајот се со последната расположлива состојба којашто ја има Народната банка.
Досега овој извештај можеше да се добие единствено преку поднесување барање лично во просториите на Народната банка. Заради поедноставување на начинот на добивање на оваа услуга, Народната банка овозможи и нов канал и тој е сега достапен преку националниот портал на услуги uslugi.gov.mk, вели Андовски.
Кредитниот регистар претставува база на податоци во која банките и штедилниците, на редовна месечна основа, ги пријавуваат изложеностите за сите свои клиенти, правни и физички лица во Народната банка. Народната банка ги користи податоците од Кредитниот регистар за супервизорски цели за анализа на кредитниот ризик на кој се изложени банките и штедилниците. Банките и штедилниците, пак, ги користат овие податоци во процесот на определување на кредитната способност на своите нови или постојни клиенти.
The post Граѓаните може бесплатно да извадат дигитален извештај од Кредитниот регистар 24/7 appeared first on Република.
]]>Досега овој извештај можеше да се добие единствено преку поднесување барање лично во просториите на Народната банка. Заради поедноставување на начинот на добивање на оваа услуга, Народната банка овозможи и нов канал и тој е сега достапен преку националниот портал на услуги uslugi.gov.mk, вели Андовски.Кредитниот регистар претставува база на податоци во која банките и штедилниците, на редовна месечна основа, ги пријавуваат изложеностите за сите свои клиенти, правни и физички лица во Народната банка. Народната банка ги користи податоците од Кредитниот регистар за супервизорски цели за анализа на кредитниот ризик на кој се изложени банките и штедилниците. Банките и штедилниците, пак, ги користат овие податоци во процесот на определување на кредитната способност на своите нови или постојни клиенти.
The post Граѓаните може бесплатно да извадат дигитален извештај од Кредитниот регистар 24/7 appeared first on Република.
]]>Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека e лажна пријавата за наводно поставена бомба во зградата на Народна банка на Македонија во Скопје.
Благодарение на воспоставените протоколи за безбедност од изминатата година за институциите а кои и НБРСМ ги имплементира, безбедноста е загарантирана со висок степен.
Денеска (13.01.2024) по добиена пријава за наводно поставена бомба, од страна на Единицата за антитероризам при Бирото за јавна безбедност се направени потребните проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава.
Апелираме до граѓаните да не се вознемируваат. Институциите имаат обврска да ги следат и имплементираат мерките на Владата во целост и на тој начин да ја засилат безбедноста на своите објекти“, велат од МВР.
The post Лажна е дојавата за бомба во Народна банка appeared first on Република.
]]>Благодарение на воспоставените протоколи за безбедност од изминатата година за институциите а кои и НБРСМ ги имплементира, безбедноста е загарантирана со висок степен. Денеска (13.01.2024) по добиена пријава за наводно поставена бомба, од страна на Единицата за антитероризам при Бирото за јавна безбедност се направени потребните проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава. Апелираме до граѓаните да не се вознемируваат. Институциите имаат обврска да ги следат и имплементираат мерките на Владата во целост и на тој начин да ја засилат безбедноста на своите објекти“, велат од МВР.
The post Лажна е дојавата за бомба во Народна банка appeared first on Република.
]]>Во изминативе неколку години беше постигнат натамошен значаен напредок во зајакнување на финансискиот сектор. Беше донесен Закон за финансиска стабилност со кој на Народната банка и се даде макропрудентен мандат, а истовремено се поставија механизми за зајакната координација помеѓу сите финансиски регулатори, како и зајакната рамка за следење на системските ризици.
Исто така, беше донесен и нов Закон за решавање на банки, а тековно се работи на подзаконска регулатива која произлегува од овој закон. Со цел соодветно вградување на ризиците од климатските промени во банкарскиот систем беше донесена првата Национална стратегија за зелени финансии, а беше подготвен и циркулар за банките.
За сите овие активности Светската банка обезбеди значајна поддршка.
Ова беше заеднички констатирано на состанокот помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и нејзиниот тим со делегацијата на Светската банка, предводена од потпретседателката за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, директорката за Западен Балкан, Шаочинг Ју, како и директорот за Македонија и Косово, Масимилијано Паолучи, при што беше изразена благодарност од двете страни за досегашната соработка и изразена надеж и заложба за продолжување на успешните релации.
Посетата на потпретседателката за Европа и Централна Азија, Антонела Басани беше во рамки на активностите за одбележување на триесет години на партнерство на земјава со Светската банка.
Во изминатите три децении Светската банка претставува значаен партнер на Народната банка, во развојот на капацитетите и градењето на функционалната рамка за воспоставување и одржување на макроекономската стабилност. Соработката помеѓу двете институции ќе продолжи и во идниот период, особено преку понатамошното јакнење на макропрудентната рамка, подготовка на подзаконски акти со цел операционализација на Законот за решавање банки, унапредување на платежната сфера, како и справување со предизвиците од климатските промени.
The post Гувернерката на НБРМ на средба со Светска банка: Народната банка ќе продолжи со успешно спроведување на реформите во финансискиот сектор appeared first on Република.
]]>Во изминативе неколку години беше постигнат натамошен значаен напредок во зајакнување на финансискиот сектор. Беше донесен Закон за финансиска стабилност со кој на Народната банка и се даде макропрудентен мандат, а истовремено се поставија механизми за зајакната координација помеѓу сите финансиски регулатори, како и зајакната рамка за следење на системските ризици. Исто така, беше донесен и нов Закон за решавање на банки, а тековно се работи на подзаконска регулатива која произлегува од овој закон. Со цел соодветно вградување на ризиците од климатските промени во банкарскиот систем беше донесена првата Национална стратегија за зелени финансии, а беше подготвен и циркулар за банките. За сите овие активности Светската банка обезбеди значајна поддршка.Ова беше заеднички констатирано на состанокот помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и нејзиниот тим со делегацијата на Светската банка, предводена од потпретседателката за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, директорката за Западен Балкан, Шаочинг Ју, како и директорот за Македонија и Косово, Масимилијано Паолучи, при што беше изразена благодарност од двете страни за досегашната соработка и изразена надеж и заложба за продолжување на успешните релации. Посетата на потпретседателката за Европа и Централна Азија, Антонела Басани беше во рамки на активностите за одбележување на триесет години на партнерство на земјава со Светската банка. Во изминатите три децении Светската банка претставува значаен партнер на Народната банка, во развојот на капацитетите и градењето на функционалната рамка за воспоставување и одржување на макроекономската стабилност. Соработката помеѓу двете институции ќе продолжи и во идниот период, особено преку понатамошното јакнење на макропрудентната рамка, подготовка на подзаконски акти со цел операционализација на Законот за решавање банки, унапредување на платежната сфера, како и справување со предизвиците од климатските промени.
The post Гувернерката на НБРМ на средба со Светска банка: Народната банка ќе продолжи со успешно спроведување на реформите во финансискиот сектор appeared first on Република.
]]>Народната банка и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација склучија Меморандум за соработка, со кој се овозможува размена на искуства и знаења, добри практики, како и стручна консултација за прашања од интерес.
Меморандумот има за цел да ја промовира еднаквоста и недискриминацијата, да ги зајакне институционалните капацитети и меѓусебната поддршка и да поттикне заеднички иницијативи во областа на еднаквоста и недискриминацијата. Спроведувањето на одредбите на Меморандумот е значајно за двете институции, со оглед на тоа дека директната и отворена соработка ќе придонесе за унапредување на примената на принципите на еднаквост и недискриминација. За спроведување на Меморандумот се предвидени обуки за прашањата поврзани со дискриминаторските практики и трендови, заради јакнење на капацитетите на вработените и спречување на дискриминацијата.
Притоа, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска истакна дека институционализирањето на соработката со Комисијата е уште еден показател за интересот на банката за практикување здрава и етичка институционална култура, со еднакви можности за сите. Претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Исмаил Камбери, посочи дека Народната банка е одличен пример помеѓу институциите во земјава од аспект на поддршката на еднаквоста и борбата против дискриминацијата.
Зајакнувањето на соработката со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е активност на Народната банка за поддршка на примената на принципите на Законот за спречување и заштита од дискриминација, преку одржување високи етички стандарди и примена на висок степен на професионално и непристрасно постапување при спроведувањето на целите и задачите.
The post Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Народната банка и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација appeared first on Република.
]]>The post Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Народната банка и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација appeared first on Република.
]]>Во јануари годинава, во согласност со сезонската динамика, паричната маса забележа пад од 1,7 отсто на месечна основа, што се должи на надолните движења кај сите компоненти, со поголем придонес на депозитните пари, готовите пари во оптек и краткорочните депозити. На годишна основа, паричната маса е зголемена за 4,5 отсто, во најголем дел како резултат на растот на краткорочните депозити и депозитните пари, информираат од Народната банка.
Посочуваат дека вкупните депозити во јануари се намалени за 1,2 отсто на месечно ниво, во целост како резултат на падот на депозитите на корпоративниот сектор. Анализирано на годишна основа, вкупните депозити бележат раст од 4,5 отсто, којшто во поголем дел се должи на повисоките депозити на секторот „домаќинства“.
Во јануари, вкупните кредити бележат месечен пад од 0,8 проценти, којшто во целост се должи на намаленото кредитирање на корпоративниот сектор. На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 8,5 отсто како резултат на повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор, се наведува во денешното соопштението од Народната банка за монетарните движења.
Минатиот месец вкупните депозити на корпоративниот сектор се намалени за 4,1 отсто на месечна основа.
Надолната промена пред сè е резултат на падот на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута. Споредено на годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор се зголемени за 2,6 отсто, во поголем дел како резултат на растот на краткорочните депозити во странска валута и во денари, при дополнителен придонес и на депозитните пари, а во услови на пад на долгорочните депозити во странска валута и во денари, посочуваат од Народната банка.
Оттаму информираат дека кредитите на корпоративниот сектор овој месец бележат месечен пад од 1,6 отсто, којшто се должи на пониските одобрени кредити во денари и во странска валута, со поголем придонес на денарските кредити.
Во споредба со јануари претходната година, кредитите на корпоративниот сектор се зголемени за 9,7 проценти, како резултат на повисокото кредитирање во денари и во странска валута, поизразено кај кредитите одобрени во странска валута, нагласуваат од Народната банка.
Депозитите на домаќинствата во јануари, како што е наведено во соопштението, се непроменети на месечна основа. Анализирано на годишна основа, овие депозити се зголемени за 5,9 отсто, како резултат на растот на краткорочните депозити во странска валута, депозитните пари и долгорочните депозити во странска валута, при забележан пад на краткорочните и долгорочните депозити во денари.
Во јануари, кај кредитите на домаќинствата е забележан минимален месечен раст од 0,1 отсто, којшто во целост се должи на растот на кредитите одобрени во странска валута во услови на пад на денарските кредити. Во споредба со истиот месец претходната година, кредитите на домаќинствата се зголемени за 7,4 проценти, поради растот на кредитите одобрени во денари и во странска валута, којшто е поизразен кај кредитите во странска валута, велат од Народната банка.
Во јануари годинава анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај потрошувачките кредити, како најзастапена категорија, како што е наведено во соопштението, е забележан месечен пад од 0,5 отсто, при годишен раст од 6,5 проценти.
Одобрените станбени кредити, овој месец, бележат раст од 0,4 отсто и 12,6 проценти, на месечна и годишна основа, соодветно. Во јануари, кај автомобилските кредити и кредитите одобрени на кредитни картички е остварен месечен пад од 0,8 отсто и 0,9 проценти, соодветно, додека на годишна основа е забележан раст од 10,7 отсто и 1,0 проценти соодветно. Овој месец, негативните салда на тековните сметки се зголемени за 8,7 отсто на месечна основа и 0,9 проценти на годишна основа, соодветно, додека кредитите одобрени врз други основи бележат месечен и годишен пад за 1,1 отсто и 15,1 проценти, соодветно, се наведува во соопштението од Народната банка.
The post Во јануари годишен раст од 4,5 отсто на вкупните депозити и од 8,5 проценти на вкупната кредитна поддршка appeared first on Република.
]]>The post Во јануари годишен раст од 4,5 отсто на вкупните депозити и од 8,5 проценти на вкупната кредитна поддршка appeared first on Република.
]]>Дигиталната револуција во плаќањата, која особено се засили за време на пандемијата на ковид-19 како во светски рамки, така и во нашата земја, придонесе за сѐ позачестена употреба на дигиталните решенија за плаќање, коишто се најсоодветни за нивното едноставно, достапно, сигурно и технолошки современо (паметно) извршување.
И во третиот квартал на 2022 година, граѓаните сѐ повеќе ги користат платежните картички од домашните издавачи за плаќање во трговијата во земјата, што доведе до годишен раст кај вредноста и кај бројот на остварените трансакции од 14,9% и 8,5%, соодветно. Годишниот раст на бројот на плаќањата во трговијата, кој произлегува пред сѐ од повисокиот годишен раст на бројот на плаќањата со платежни картички на виртуелните (интернет) места на продажба (10,1%), иако послаб, продолжува и во третиот квартал од 2022 година, а продолжува и годишниот раст на бројот на плаќањата на физичките места на продажба (8,3%).
Кај плаќањата на граѓаните со кредитни трансфери во истиот период е забележан годишен пад на бројот на плаќања за 8,6%, при раст на вредноста од 5,6%. Притоа, постепената промена на навиките на граѓаните при вршење на плаќањата во земјата со цел користење на придобивките од електронското банкарство е видлива во начинот на вршење на кредитните трансфери, па така во третиот квартал од 2022 година е забележан годишен раст од 5,2% кај бројот на плаќањата извршени електронски, односно годишен пад на бројот на трансакциите извршени на шалтерите на банките (12,5%). За извршување на електронските плаќања најчесто се користат мобилните апликации со 54,7% или висок годишен раст од 19,6%, што повторно укажува на натамошно менување на платежните навики во прилог на користењето на поудобните дигитални канали за плаќање.
The post Дигитализацијата на платежните услуги продолжува и во третиот квартал од 2022 appeared first on Република.

]]>Нето надворешниот долг на земјава на 30 септември 2022 година изнесувал 3.905 милиони евра или 28 проценти од проектираниот БДП, соопшти Народната банка.
Во најново статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција на НБ, се посочува дека нето надворешниот долг на земјата во третиот квартал од 2022 година е намален за 51 милион евра или за 1,3 проценти.
Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 61 отсто.
Во текот на третиот квартал од 2022 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 79 милиони евра и изнесува 7.851 милион евра, што претставува 56,3 отсто од проектираниот БДП за 2022 година.
The post Надворешниот долг на земјава на крајот на септември бил 28 отсто од БДП appeared first on Република.
]]>The post Надворешниот долг на земјава на крајот на септември бил 28 отсто од БДП appeared first on Република.
]]>Народната банка соодветно реагира на притисоците кои од меѓународните пазари на примарни производи, односно основни прехрамбени производи и енергенти, се пренесуваат на домашните цени и нагорно ја придвижуваат инфлацијата.
Неизвесноста и понатаму останува висока, оттаму Народната банка и понатаму треба да продолжи да ги следи меѓународните и домашните движења и доколку е потребно, соодветно да реагира. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, директорката на Светска банка за Западен Балкан, Шиаочинг Ју и директорот на Светска банка за земјава, Масимилијано Паолучи.
На средбата беше зборувано за есенските макроекономски проекции на Народната банка, кои во предвид го земаат влошениот глобален амбиент, како резултат на натамошните геополитички тензии од воената инвазија на Русија врз Украина, пандемијата на ковид-19 и дополнителните притисоци врз цените на светските пазари на примарни производи. Согласно ова, во октомвриските проекции на Народната банка инфлацијата е ревидирана нагоре, во услови на нагорни корекции на оцените за увозните цени, односно на 14,3%. За следната година се очекува намалување на увозните цени, со што би се намалиле и притисоците врз домашната инфлација и во отсуство на поголеми притисоци од побарувачката се очекува дека просечната стапка на инфлација ќе биде поумерена, односно 8%-9%. Очекувањата на среден рок се дека инфлацијата значително ќе забави, сведувајќи се на 2,4% во 2024 и ќе се врати на историскиот просек од 2% во 2025 година.
Гувернерката на Народната банка истакна дека нашата е во редот на централните банки кои први реагирале на глобалните инфлаторни движења, односно кон крајот на 2021 година, со повлекување на ликвидност преку интервенции на девизниот пазар. Понатаму, неколкупати е покачена основната каматна стапка со вкупен ефект на раст од 3 процентни поени. Покрај ова донесени се и повеќе мерки, како промените во задолжителната резерва во насока на денаризацијата, како и поддршка на проекти за енергетска одржливост, но и воведување на контрацикличен заштитен слој на капитал кај банките, соопштуваат од банката.
The post Народната банка соодветно реагира на ценовните притисоци appeared first on Република.
]]>The post Народната банка соодветно реагира на ценовните притисоци appeared first on Република.
]]>Имајќи ја предвид потребата од обезбедување детални и сеопфатни податоци за финансиските инструменти, Народната банка на Република Македонија започна со објавување нови статистички податоци за показателот должнички хартии од вредност. Овој показател ги прикажува финансиските врски помеѓу секторите во националната економија, како и помеѓу секторите на националната економија и секторот странство, врз основа на должничките хартии од вредност.
Со изработката и објавувањето на овие податоци се збогати сетот расположливи статистички податоци усогласени со меѓународните и европските статистички стандарди, коишто на редовна основа ќе се објавуваат на интернет-страницата на Народната банка. Со тоа, на носителите на економските политики, но и општо на пошироката јавност им се става на располагање детален стандардизиран преглед, изработен по принципот „од кого на кого“, за состојбата на должничките хартии од вредност по институционални сектори иматели и издавачи на хартиите од вредност.
Податоците се изработуваат со квартална динамика и се однесуваат на состојбата на крајот на секој квартал, на неконсолидирана основа, искажани во домашна валута (во милиони денари). На интернет-страницата на Народната банка е објавена временска серија податоци за периодот од првиот квартал на 2016 до вториот квартал на 2022 година, како и кратки методолошки објаснувања коишто содржат подетални информации за дефиницијата, опфатот, меѓународните стандарди, секторизацијата, изворите на податоци и вреднувањето на должничките хартии од вредност.
Изработката на показателот за должничките хартии од вредност е уште еден исчекор на Народната банка кон обезбедување на потребните дополнителни показатели во рамките на највисокиот статистичкиот стандард за дисеминација на податоци СДДС плус на Меѓународниот монетарен фонд. Народната банка го исполни овој стандард во 2019 година, придружувајќи ѝ се на групата 18 земји во светот коишто го исполнуваат.
Податоци и методолошки објаснувања
The post Народната банка продолжува со збогатување на статистиката ‒ нов показател за должничките хартии од вредност appeared first on Република.

]]>На 10 октомври 2022 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари.
На седницата на Комитетот за оперативна монетарна политика беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за 0,5 п.п. до нивото од 3,5%. Понудата на благајнички записи на редовната аукција останува непроменета и изнесува 10 милијарди денари. На седницата беше одлучено да се зголемат и каматните стапки на расположливите депозити преку ноќ и на седум дена, исто така за по 0,5 п.п. При носењето на одлуката беше обрнато особено внимание на нагорните придвижувања на инфлацијата, којашто во септември повторно забрза, исклучиво поради прехранбената и енергетската компонента. Исто така, со оглед на монетарната стратегија на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото, промените во домашната монетарната политика ги одразуваат и промените во монетарната политика на Европската централна банка.
Народната банка уште од крајот на минатата година отпочна со постепено нормализирање на монетарната политика, заради одржување на среднорочната ценовна стабилност. Ова беше направено преку соодветно управување со ликвидноста, како и со постепено зголемување на основната каматна стапка. Ваквата монетарна поставеност беше поддржана и со дополнителни мерки, односно со промени кај инструментот задолжителна резерва насочени кон намалување на евроизацијата, како и со системски мерки, односно со воведување противцикличен заштитен слој на капиталот од 0,5%, со што дополнително се јакнат заштитните механизми во банкарскиот систем. Се очекува дека со зголемувањето на основната каматна стапка, заедно со направените промени во стапките на издвојување задолжителна резерва коишто се поповолни во однос на домашната валута, и понатаму ќе се делува врз каматната политика на банките и ќе се стимулира штедењето во денари.
Најновите податоци покажуваат годишна стапка на инфлација од 18,7% во септември, или просечна годишна инфлација во периодот јануари – септември 2022 година од 12,4%. Домашната инфлација и понатаму во најголем дел е определена од надворешни фактори, односно од порастот на увозните цени на храната и енергентите, вклучително и на домашната цена на електрична и топлинска енергија, коишто се под влијание на случувањата на глобалниот пазар на енергија. Од тие причини, околу 80% од годишната стапка на инфлацијата во септември, односно 75% од инфлацијата во првите девет месеци од годината, се должат на растот на цените на прехранбените производи и на енергијата. Со оглед на подолготрајните притисоци од овие цени под влијание на непредвидливи надворешни фактори и нивните преносни ефекти врз цените и на останатите производи и услуги, се подгреваат и инфлациските очекувања на економските субјекти. Поради тоа, потребно е водење претпазливи домашни политики заради внимателно управување со побарувачката. Иако кај цените на храната веќе се видливи поизразени надолни приспособувања на светските берзи, сепак нагорните притисоци од цените на електричната енергија го отежнуваат, односно го забавуваат пренесувањето на овие трендови кај цените на храната на домашниот пазар. Покрај тоа, на ова делува и неизвесноста од идната динамика на цените на примарните производи на берзите, а особено на енергентите, којашто е нагласена поради воените случувања во Украина и санкциите кон Русија.
Домашниот девизен пазар и натаму е стабилен, а од јули наваму, девизните резерви бележат постојан раст, којшто заклучно со септември е над проектираниот. Во услови на малку поумерени притисоци од енергетската криза и прилив на девизи на менувачкиот пазар којшто е значително повисок од очекувањата, како и солидна девизна ликвидност на банките, Народната банка и натаму врши откуп на девизи и ги јакне девизните резерви. Девизните резерви се во сигурната зона, а нивното ниво ги задоволува барањата за адекватност согласно со меѓународните стандарди.
Во однос на активноста во домашната економија, во вториот квартал од 2022 година беше остварен реален раст на бруто домашниот производ од 2,8% на годишна основа, колку што изнесуваше и очекуваната стапка на раст според последните проекции на Народната банка. Збирно, за првото полугодие остварувањата се малку подобри од проекциите на Народната банка. Сепак, расположливите високофреквентни податоци за домашната економска активност во третиот квартал упатуваат на забавување на реалниот економски раст, што заедно со надолните ревизии на странската побарувачка поради ефектите од воениот конфликт во Украина и сè поголемата енергетска криза, ги нагласуваат надолните ризици за растот во следниот период.
Од аспект на движењата во монетарниот сектор, според последните податоци, кредитната активност и натаму расте солидно и малку над нашите проекции, при поизразено забрзување на растот на вкупните депозити, но малку поумерено од очекувањата.
Во септември, најголемите централни банки продолжија со позначителни зголемувања на референтните каматни стапки, при нагорни корекции на очекуваната патека на инфлацијата на глобално ниво. Во такви околности, цените на државните обврзници во САД и во еврозоната и понатаму се намалуваа, односно нивните приноси забележаа пораст. Истовремено, вредноста на САД-доларот во однос на еврото и натаму зајакнува, согласно со зголемената побарувачка за САД-долари, како и при релативно поповолни изгледи за американската економија. Во текот на месецот, цените на повеќето енергенти и на храната на светските берзи се намалија.
Општо земено, неповолното надворешно окружување носи нагласени ризици и налага водење претпазливи домашни политики. Геополитичките тензии неповолно влијаат и врз цените и врз економската активност во глобални рамки и се главен извор за актуелната енергетска криза во Европа. Неизвесноста од овие случувања и натаму е главен ризик за целокупниот макроекономски контекст. Народната банка внимателно ги следи макроекономските податоци и ризиците и како и досега ќе ги презема сите неопходни мерки, користејќи ги сите расположливи инструменти, со цел да се одржи стабилноста на девизниот курс и среднорочната ценовна стабилност.
The post Основната каматна стапка зголемена за 0,5 п.п. до нивото од 3,50% appeared first on Република.

]]>Во периодот јули-септември годинава, споредено со претходните три месеци, растот на цените на недвижностите е за 4,7 отсто, покажуваат податоците на Народната банка.
Во вториот квартал годинава цените на становите забележаа зголемување од 16,5 отсто на годишно, односно од 6,8 проценти на квартало ниво, додека во првиот квартал исто така имаше раст на годишно ниво од 12,4 отсто , односно од 2,9 на квартално ниво.
Државниот завод за статистика претходно објави дека во септември годинава се издадени 318 одобренија за градење, за 28,2 проценти повеќе во однос на септември лани. Од издадените одобренија за градење, 184 (57,9 проценти) се за објекти од високоградба, 35 (11 проценти) од нискоградба, а 99 (31.1 процент) се објекти за реконструкција. Во извештајниот период е предвидена изградба на 618 станови, со вкупна корисна површина од 56 849 метри квадратни. Најмногу станови ќе се градат во Скопскиот регион, 216, од кои 196 се во Општина Гази Баба. Меѓу општините со пoголем број планирани нови станови се и Струмица, 87, Гевгелија, 86, Гостивар, 76, Дебар, 40,.
The post Недвижностите поскапеле за 21,2 отсто во третиот квартал годинава appeared first on Република.
]]>The post Недвижностите поскапеле за 21,2 отсто во третиот квартал годинава appeared first on Република.
]]>Во јули годинава според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапените категории – потрошувачките и станбените кредити, е забележан раст од 0,4 проценти и 0,8 проценти на месечна основа, при годишен раст од 6,4 проценти и 13,5 проценти, соодветно, покажуваат податоците на Народната банка.
Минатиот месец автомобилските кредити на граѓаните бележат месечен и годишен пад од 1,4 проценти и 6,4 проценти, соодветно, а кредитите одобрени на кредитни картички забележале месечен раст од 0,2 проценти, при годишен пад за 1,6 проценти.
Негативните салда на тековните сметки во јули се намалени за 1,3 проценти на месечна основа, при годишен раст од 2,6 проценти, додека кредитите одобрени врз други основи, забележале месечен и годишен пад од 1 процент и 19,1 процент, соодветно.
Во јули, вкупните кредити на домаќинствата се со месечен раст од 0,5 проценти, во поголем дел, како што информира НБ, под влијание на зголеменото кредитирање во странска валута, при раст и на кредитите во денари. Споредено на годишна основа, кредитите на домаќинствата бележат раст од 7,6 проценти, којшто во услови на повисоки кредити во денари и во странска валута, е поизразен кај кредитирањето во денари.
На годишна основа, вкупните депозити во јули годинава бележат раст од 2,3 проценти, кој во целост се должи на повисоките депозити на секторот домаќинства, а вкупните кредити се зголемени за 9,7 проценти, во поголем дел под влијание на растот на кредитирањето на корпоративниот сектор.
Вкупните депозити на домаќинствата, во јули, се повисоки за 0,4 проценти на месечно ниво. Промената се должи на растот на краткорочните депозити во странска валута, депозитните пари и долгорочните депозити во странска валута, додека краткорочните и долгорочните депозити во денари бележат пад. На годишна основа е забележан раст од 5,2 процент, во најголем дел под влијание на повисоките краткорочни депозити во странска валута, при забележан раст и на долгорочните депозити во странска валута и депозитните пари, а при остварен пад на долгорочните и краткорочните депозити во денари.
Во јули, кај вкупните кредити е забележан месечен раст од 0,5 проценти, како резултат на зголеменото кредитирање кај двата сектора, при малку поголем придонес на кредитите на корпоративниот сектор. На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 9,7 проценти, во поголем дел под влијание на растот на кредитирањето на корпоративниот сектор.
-Овој месец, кредитите на корпоративниот сектор се зголемени за 0,5 проценти, во целост како резултат на повисоките кредити во странска валута, при забележан пад на кредитите во денари. Годишниот раст изнесува 12,1 процент и е резултат на зголемувањето на кредитите во денари и во странска валута, коешто е поизразено кај кредитите во денари, информира Народната банка.
Како што наведуваат, во јули годинава вкупните депозити се зголемени за 0,9 проценти на месечна основа, поради растот на депозитите кај двата сектора, којшто е поизразен кај корпоративниот сектор. Годишниот раст изнесува 2,3 проценти и во целост се должи на повисоките депозити на секторот „домаќинства“.
Во јули, вкупните депозити на корпоративниот сектор, се зголемени за 1,7 проценти на месечна основа. Нагорната промена пред сè, се должи на растот на краткорочните депозити во странска валута, со позитивен придонес и на краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити во денари и во странска валута, при остварено намалување на депозитните пари. На годишна основа, остварен е пад од 2,9 проценти, којшто произлегува од намалувањето на сите компоненти, освен краткорочните депозити во странска валута кои бележат раст.
The post Граѓаните ги враќаат минусите appeared first on Република.

]]>Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во јануари 2022 година. Таа се сведе на ниво од 4,35%.
Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,71%.
Во четвртиот квартал на 2021 година, вкупните средства на останатите финансиски институции, достигнаа ниво од 165.579 милиони денари и се зголемија за 7.762 милиони денари на квартално ниво. Структурата на средствата, укажува дека доминантно учество од 65,6% имаат пензиските фондови, а по нив следуваат осигурителните друштва, со учество од 17,7%.
Најголем дел од средствата на ОФИ се вложувања во должнички хартии од вредност со учество од 49,1%. Потоа следуваат сопственички хартии од вредност со учество од 26,1% и валути и депозити со учество од 11,3%. Обврските на ОФИ пред сѐ се однесуваат на техничките резерви на осигурување , како и на капиталните сметки со учество од 55,1% и 36,7%, соодветно.
The post Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците appeared first on Република.

]]>Стабилноста на финансискиот систем е поддршка за економијата, особено во услови на сè поголеми предизвици кои доаѓаат од надворешното окружување. На седницата на Советот на Народната банка беа разгледани последните макроекономски показатели, а беше дискутирано и за најновите случувања во Украина и последиците за економијата коишто можат да произлезат од натамошниот развој на ситуацијата.
На седницата беше констатирано дека треба да се продолжи со внимателно следење на ситуацијата, која се менува од час во час. Со оглед на малата поврзаност на нашата економија со економиите на Русија и Украина, не се очекуваат директни последици, но можни се индиректни. Најновите случувања влијаат особено на глобалните пазари на енергенси и храна, што заедно со сè поголемата неизвесност може да ги влоши изгледите за раст на европската и на светската економија.
Заштитните механизми во нашиот финансиски систем се соодветни и тој ќе продолжи да функционира непречено и да овозможи поддршка на економијата. Руски или украински капитал не е присутен во сопственичката структура на нашите банки, така што од тој аспект нема изложеност врз стабилноста на домашниот банкарски систем. Истовремено, на седницата на Советот беше констатирано дека девизните резерви се во сигурната зона и обезбедуваат доволна девизна ликвидност на домашната економија и стабилност на домашната валута.
На седницата на Советот беа разгледани и други точки поврзани со редовното работење на Народната банка. Советот ги разгледа и ги усвои Финансиските извештаи на Народната банка и Годишната сметка за 2021 година, коишто беа предмет на ревизија на независно друштво за ревизија. Според мислењето на независниот ревизор, Финансиските извештаи ја прикажуваат објективно финансиската состојба на Народната банка, како и резултатите од работењето и паричните текови, во согласност со меѓународните стандарди за финансиско известување.
The post НБРМ: Не се очекуваат директни последици врз економијата поради војната во Украина appeared first on Република.

]]>На 15 февруари 2022 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.
Врз основа на оцената на последните показатели и на амбиентот на монетарната политика, беше одлучено основната каматна стапка да остане иста, на нивото од 1,25%, а на аукцијата на благајнички записи да се понудат благајнички записи во непроменет износ од 10 милијарди денари. На седницата на Комитетот беше потврдена потребата од внимателност и постојано следењe на показателите, а во контекст на евентуална потреба од промени во поставеноста на монетарната политика. При носењето на одлуките, Народната банка ги има предвид особено движењата кај девизните резерви и кај инфлацијата.
Девизните резерви и натаму се во сигурната зона, а остварувањата во јануари се во рамките на очекувањата за првиот квартал од 2022 година. Во однос на факторите коишто влијаат на девизните резерви, податоците за менувачкиот пазар за јануари 2022 година не отстапуваат значително од октомвриската проекција, а покажуваат понатамошен годишен раст на нето-откупот на девизи. Податоците за надворешнотрговската размена за четвртото тримесечје од 2021 година упатуваат на малку повисок остварен трговски дефицит во однос на очекувањата според октомвриската проекција.
Во јануари 2022 година е остварена годишна стапка на инфлација од 6,7%. Забрзувањето на годишната инфлација е одраз на порастот на регулираните цени на енергенсите, како и на растот на дел од прехранбените производи коишто имаат променлива динамика. Придонесот на базичната инфлација (инфлацијата од која е исклучено влијанието на цените на храната и енергенсите) кон растот на ценовното ниво е сѐ уште умерен и стабилен. Оттука, ценовните притисоци и натаму главно произлегуваат од фактори на страната на понудата, поврзани со промените на цените на глобалните пазари и влијанието на пандемијата. Остварената инфлација е над проекцијата, а очекувањата за идната динамика на увозните цени е коригирана во нагорна насока, со што ризиците за проекцијата на инфлацијата на краток рок се нагорни. Сепак, меѓународните институции очекуваат стабилизирање на растот на овие цени во втората половина на годината и со тоа намалување на инфлациските притисоци. Неизвесноста поврзана со ценовните промени и понатаму е нагласена, согласно со неизвесните економски ефекти поврзани со развојот и справувањето со пандемијата и актуелните геополитички тензии. Народната банка, внимателно ги следи сите промени и доколку растот на цените е од продолжен карактер и позначително влијае на инфлациските очекувања, таа е подготвена за соодветна реакција со инструментите со кои располага.
Во однос на движењата во реалната економија, во просек, во првите три квартали на 2021 година економијата бележи реален раст од 4,6%, што е блиску до очекувањата на Народната банка од октомвриската проекција. Тековно расположливите високофреквентни податоци за четвртиот квартал на 2021 година главно упатуваат на натамошен годишен раст на економската активност, но забавен во однос на претходните два квартала. Податоците за овој период покажуваат високи, но поумерени годишни стапки на раст кај прометот во вкупната трговија и угостителството и забавување на падот кај индустриското производство, а кај извршените градежни работи во периодот октомври ‒ ноември се забележува натамошен годишен пад.
Закрепнувањето на економијата е поддржано од солидните движења во монетарниот сектор. Според првичните податоци за јануари 2022 година, солидниот раст на депозитите и кредитите продолжува, но посилно во однос на проекциите за првиот квартал на 2022 година.
Општо земено, на седницата на Комитетот беше заклучено дека неизвесноста и ризиците од понатамошниот тек на пандемијата предизвикана од ковид-19 и од актуелните геополитички тензии и нивните ефекти пред сѐ врз глобалниот раст на цените и понатаму постојат, што налага будно следење на состојбите, и покрај тоа што засега макроекономските показатели главно се движат во согласност со очекувањата. ФЕД и ЕЦБ, како централни банки коишто значително делуваат врз глобалните финансиски пазари, иако сѐ уште не ја зголемија основната каматна стапка, преку своите објави упатуваат на можно побрзо затегнување на глобалните финансиски услови од досега очекуваното. Народната банка, како и досега, и во следниот период внимателно ќе ги следи трендовите, ризиците и промените на глобалните услови и и натаму е подготвена за соодветна реакција преку расположливиот инструментариум.
The post Поставеноста на монетарната политика засега е оценета како соодветна на макроекономските услови appeared first on Република.

]]>Забележана е појава на фалсификувани банкноти од 2.000 денари, за што е известено и Министерството за внатрешни работи за преземање активности во негова надлежност. Со цел да ги заштити граѓаните и правните лица, Народната банка укажува на начинот на кој може лесно да се провери дали станува збор за фалсификат.
Појавениот тип на фалсификат е изработен на обична (комерцијална), двослојна хартија којашто при допир значително се разликува во дебелината, цврстината и еластичноста во однос на оригиналната хартија на која се изработуваат банкнотите. Покрај тоа, оригиналните банкноти содржат високософистицирани заштитни елементи според кои граѓаните можат да направат разлика и да ја препознаат нивната автентичност.
Фалсификуваната банкнота може многу лесно да се препознае доколку се обрне внимание на основниот заштитен елемент, отпечатен со оптички варијабилна боја, којшто се наоѓа на горниот средиштен дел на предната страна на банкнотата. Овој елемент кај фалсификуваната банкнота воопшто не ја менува бојата со придвижување на банкнотата, додека кај оригиналните банкноти, со придвижување на банкнотата под одреден агол, може да се воочи како се менува неговата боја од зелена во сина и низ елементот се појавува светлозелен прстен којшто симулира ефект на движење, како што е прикажано на следнава слика:
Особено впечатлива е имитацијата на заштитниот конец, којшто е вметнат помеѓу двата слоја хартијата со видливи засеци и со придвижување на банкнотата создава лажен впечаток на делумно менување на боите. Но, доколку се набљудува малку повнимателно јасно ќе се воочи дека е имитиран:
Исто така, фалсификуваните банкноти може да се препознаат доколку се обрне внимание на водениот печат. Водениот печат кај овој тип фалсификат е имитиран со нанесување на основниот мотив со нијанса на жолтеникава и сива боја и е видлив, додека кај оригиналните банкноти е видлив единствено доколку ја поставиме банкнотата под извор на светлина:
Сите информации поврзани со заштитните карактеристики на банкнотите со апоенска вредност од 2.000 денари проследете ги на видеопрезентацијата на веб-страницата на Народната банка: https://www.nbrm.mk/karakteristiki-na-novite-knizni-pari.nspx
Доколку забележите фалсификувана банкнота, треба да се обратите до банките или до Министерството за внатрешни работи, коишто понатаму ќе постапат во согласност со своите надлежности.
The post Внимавајте! Фалсификувани банкноти 2.000 денари во оптек, предупредува НБМ appeared first on Република.
]]>The post Внимавајте! Фалсификувани банкноти 2.000 денари во оптек, предупредува НБМ appeared first on Република.
]]>Заштитата на корисниците на финансиските услуги е високо во приоритетите на Народната банка. Преку зајакнување на регулативата, со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, но и со закон за финансиски омбудсман, со кој би се формирала посебна институција којашто ќе постапува по поплаките на граѓаните, ќе се гради рамка за посилна заштита на правата на потрошувачите, порачува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.
Ангеловска-Бежоска во интервју за националниот сервис МТВ посочува дека иако Народната банка нема експлицитен законски мандат за заштита на потрошувачите, сепак како општествено одговорна институција презема повеќе мерки во овој сегмент. Пример за тоа е Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија како заеднички документ кој беше подготвен и донесе во соработка со Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, која предвидува повеќе активности со цел зголемување на заштитата на корисниците на финансиски услуги.
Тие активности се фокусираат на два сегмента. Едниот сегмент е финансиска едукација, со цел зголемување на информираноста на корисниците на финансиски услуги, за нивните права, но и обврски, како и запознавање со различни финансиски производи за подобра информираност и носење правилни одлуки. Вториот сегмент е подобрување и зајакнување на регулаторната рамка за заштита на потрошувачите. Прв конкретен чекор во ова насока е Законот за платежни системи, којшто ќе обезбеди значаен квалитативен скок во делот на заштита на правата на потрошувачите во користење на услугите за платен промет - вели гувернерката.
Ангеловска-Бежоска истакнува дека нова активност, којашто неодамна почнала во рамки на централната банка, а на која банката ќе работи заедно со другите финансиски регулатори, е изготвување на закон за финансиски омбудсман, односно финансиски правобранител. Идејата на овој закон е воспоставување на посебна институција којашто ќе постапува по поплаките од граѓаните и ќе има експлицитен мандат за заштита на интересите на граѓаните.
The post НБРМ подготвува предлог-закон за финансиски правобранител кој ќе постапува по жалбите на граѓаните appeared first on Република.
]]>Тие активности се фокусираат на два сегмента. Едниот сегмент е финансиска едукација, со цел зголемување на информираноста на корисниците на финансиски услуги, за нивните права, но и обврски, како и запознавање со различни финансиски производи за подобра информираност и носење правилни одлуки. Вториот сегмент е подобрување и зајакнување на регулаторната рамка за заштита на потрошувачите. Прв конкретен чекор во ова насока е Законот за платежни системи, којшто ќе обезбеди значаен квалитативен скок во делот на заштита на правата на потрошувачите во користење на услугите за платен промет - вели гувернерката.Ангеловска-Бежоска истакнува дека нова активност, којашто неодамна почнала во рамки на централната банка, а на која банката ќе работи заедно со другите финансиски регулатори, е изготвување на закон за финансиски омбудсман, односно финансиски правобранител. Идејата на овој закон е воспоставување на посебна институција којашто ќе постапува по поплаките од граѓаните и ќе има експлицитен мандат за заштита на интересите на граѓаните.
The post НБРМ подготвува предлог-закон за финансиски правобранител кој ќе постапува по жалбите на граѓаните appeared first on Република.
]]>