НБМ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nbm/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 11:44:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png НБМ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nbm/ 32 32 Раст и на депозитите и на кредитирањето, граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбените кредити https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/rast-i-na-depozitite-i-na-kreditiraneto-graganite-najmnogu-zemaat-potroshuvachki-i-stanbenite-krediti/ Thu, 21 Nov 2024 11:44:23 +0000 https://republika.mk/?p=840333

Годишниот раст на вкупните депозити во октомври изнесува 11,0%, а произлегува од зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства. Вкупните кредити, пак, на годишна основа се зголемени за 9,2% како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес кон растот на кредитите на корпоративниот сектор, соопшти Народна банка.

Во октомври 2024 година, паричната маса се зголеми за 1,6% на месечна основа, како резултат на зголемувањето на депозитните пари, краткорочните депозити и долгорочните депозити до две години, при остварен пад на готовите пари во оптек. Анализирано на годишно ниво, паричната маса бележи зголемување од 9,1%, во поголем дел поради растот на депозитните пари, при позитивен придонес и на долгорочните депозити до две години и готовите пари во оптек, додека краткорочните депозити забележаа пад.

Вкупните депозити во октомври, забележаа месечно зголемување од 1,7% поради растот на депозитите кај двата сектора, којшто е поизразен кај корпоративниот сектор. Годишниот раст на вкупните депозити од 11,0% произлегува од зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот „домаќинства“.

Во октомври, вкупните кредити остварија раст од 1,8% и 9,2% на месечна и на годишна основа, соодветно. Месечната и годишната промена се резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес кон растот на кредитите на корпоративниот сектор.

Кај вкупните депозити на корпоративниот сектор, во октомври, е забележан месечен раст од 3,2%, којшто пред сè се должи на повисоките депозитни пари и краткорочни депозити во денари, при остварен раст и на долгорочните депозити, додека краткорочните депозити во странска валута забележаа пад. Споредено на годишно ниво, депозитите на корпоративниот сектор се повисоки за 10,0%, во поголем дел како резултат на растот на депозитните пари, а дополнителен позитивен придонес имаат и долгорочните депозити и краткорочните депозити во денари, додека краткорочните депозити во странска валута бележат намалување.

Овој месец, кредитите на корпоративниот сектор5 остварија месечен раст од 2,8%, при годишен раст од 10,4%, соодветно. Притоа, месечната и годишната промена во целост се должат на зголеменото кредитирање во денари, при остварен пад на кредитите во странска валута.

Вкупните депозити на домаќинствата, во октомври, се зголемени за 0,7% на месечно ниво, во целост како резултат на растот на долгорочните депозити во денари и во странска валута, во услови на забележан пад кај краткорочните депозити и депозитните пари. Годишниот раст од 11,7% се должи на повисоките депозитни пари и долгорочните депозити во денари и во странска валута, додека краткорочните депозити бележат намалување.

Кредитите на домаќинствата во октомври забележаа месечно и годишно зголемување од 0,9% и 8,2%, соодветно. Промената кај двете основи произлегува од растот на кредитите во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во денари.

Гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити како најзастапени категории бележат месечен раст од 0,9% и 1,1%, соодветно, како и годишен раст од 7,2% и 11,3%, соодветно. Овој месец, кај автомобилските кредити е остварено месечно и годишно зголемување од 0,9% и 13,6%, соодветно. Кредитите одобрени на
кредитни картички и негативните салда на тековните сметки, во октомври, се повисоки за 0,2% и 1,5%, соодветно, на месечна основа, додека на годишна основа бележат намалување од 8,5% и 0,8%, соодветно. Кај кредитите одобрени врз други основи е забележано месечно зголемување од 0,4%, во услови на годишен пад од 16,1%.

The post Раст и на депозитите и на кредитирањето, граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбените кредити appeared first on Република.

]]>

Годишниот раст на вкупните депозити во октомври изнесува 11,0%, а произлегува од зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства. Вкупните кредити, пак, на годишна основа се зголемени за 9,2% како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес кон растот на кредитите на корпоративниот сектор, соопшти Народна банка. Во октомври 2024 година, паричната маса се зголеми за 1,6% на месечна основа, како резултат на зголемувањето на депозитните пари, краткорочните депозити и долгорочните депозити до две години, при остварен пад на готовите пари во оптек. Анализирано на годишно ниво, паричната маса бележи зголемување од 9,1%, во поголем дел поради растот на депозитните пари, при позитивен придонес и на долгорочните депозити до две години и готовите пари во оптек, додека краткорочните депозити забележаа пад. Вкупните депозити во октомври, забележаа месечно зголемување од 1,7% поради растот на депозитите кај двата сектора, којшто е поизразен кај корпоративниот сектор. Годишниот раст на вкупните депозити од 11,0% произлегува од зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот „домаќинства“. Во октомври, вкупните кредити остварија раст од 1,8% и 9,2% на месечна и на годишна основа, соодветно. Месечната и годишната промена се резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес кон растот на кредитите на корпоративниот сектор. Кај вкупните депозити на корпоративниот сектор, во октомври, е забележан месечен раст од 3,2%, којшто пред сè се должи на повисоките депозитни пари и краткорочни депозити во денари, при остварен раст и на долгорочните депозити, додека краткорочните депозити во странска валута забележаа пад. Споредено на годишно ниво, депозитите на корпоративниот сектор се повисоки за 10,0%, во поголем дел како резултат на растот на депозитните пари, а дополнителен позитивен придонес имаат и долгорочните депозити и краткорочните депозити во денари, додека краткорочните депозити во странска валута бележат намалување. Овој месец, кредитите на корпоративниот сектор5 остварија месечен раст од 2,8%, при годишен раст од 10,4%, соодветно. Притоа, месечната и годишната промена во целост се должат на зголеменото кредитирање во денари, при остварен пад на кредитите во странска валута. Вкупните депозити на домаќинствата, во октомври, се зголемени за 0,7% на месечно ниво, во целост како резултат на растот на долгорочните депозити во денари и во странска валута, во услови на забележан пад кај краткорочните депозити и депозитните пари. Годишниот раст од 11,7% се должи на повисоките депозитни пари и долгорочните депозити во денари и во странска валута, додека краткорочните депозити бележат намалување. Кредитите на домаќинствата во октомври забележаа месечно и годишно зголемување од 0,9% и 8,2%, соодветно. Промената кај двете основи произлегува од растот на кредитите во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во денари. Гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити како најзастапени категории бележат месечен раст од 0,9% и 1,1%, соодветно, како и годишен раст од 7,2% и 11,3%, соодветно. Овој месец, кај автомобилските кредити е остварено месечно и годишно зголемување од 0,9% и 13,6%, соодветно. Кредитите одобрени на кредитни картички и негативните салда на тековните сметки, во октомври, се повисоки за 0,2% и 1,5%, соодветно, на месечна основа, додека на годишна основа бележат намалување од 8,5% и 0,8%, соодветно. Кај кредитите одобрени врз други основи е забележано месечно зголемување од 0,4%, во услови на годишен пад од 16,1%.

The post Раст и на депозитите и на кредитирањето, граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбените кредити appeared first on Република.

]]>
Во септември годишен пад на каматната стапка на вкупните кредити, а раст кај депозитите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-septemvri-godishen-pad-na-kamatnata-stapka-na-vkupnite-krediti-a-rast-kaj-depozitite/ Thu, 31 Oct 2024 13:04:06 +0000 https://republika.mk/?p=832810

Најновите податоци на Народната банка покажуваат во септември годишен пад на просечната каматна стапка на вкупните кредити од 0,08 процентни поени, а кај депозитите годишен раст од 0,42 процентни поени.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во септември изнесува 5,41 процент, а на депозитите 2,01 проценти.

Кај корпоративниот сектор, просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи месечен пад од 0,05 процентни поени, а кај вкупните депозити мечсене раст од 0,14 процентни поени.

Каматната стапка на вкупните кредити за домаќинствата е непроменета на месечна основа, а кај вкупните депозити има месечно зголемување од 0,04 процентни поени.

The post Во септември годишен пад на каматната стапка на вкупните кредити, а раст кај депозитите appeared first on Република.

]]>

Најновите податоци на Народната банка покажуваат во септември годишен пад на просечната каматна стапка на вкупните кредити од 0,08 процентни поени, а кај депозитите годишен раст од 0,42 процентни поени. Просечната каматна стапка на вкупните кредити во септември изнесува 5,41 процент, а на депозитите 2,01 проценти. Кај корпоративниот сектор, просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи месечен пад од 0,05 процентни поени, а кај вкупните депозити мечсене раст од 0,14 процентни поени. Каматната стапка на вкупните кредити за домаќинствата е непроменета на месечна основа, а кај вкупните депозити има месечно зголемување од 0,04 процентни поени.

The post Во септември годишен пад на каматната стапка на вкупните кредити, а раст кај депозитите appeared first on Република.

]]>
Вицегувернерката Нацевска: Со Единствениот регистар на сметки ќе изградиме поефикасен платен систем во земјава https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vitseguvernerkata-natsevska-so-edinstveniot-registar-na-smetki-ke-izgradime-poefikasen-platen-sistem-vo-zemjava/ Thu, 31 Oct 2024 09:08:59 +0000 https://republika.mk/?p=832638

Со очекуваното воспоставување на Единствениот регистар на сметки, пропишан со Законот за платежни услуги и платни системи, покрај тоа што ќе се исполни едно од главните барања од Петтата директива на Европската Унија за борба против перење пари и финансирање на тероризмот, се преземаат и важни чекори за натамошниот развој на платниот систем на земјата и негова интеграција во платежната инфраструктура на Европската Унија. Воспоставувањето на овој регистар е значајно за приклучувањето во Единствената област за плаќања во евра ‒ СЕПА и за обезбедувањето на потребната регулативна и функционална еквивалентност, есенцијална за нашата позиција во европскиот економски простор. Ова го порача вицегувернерката на Народната банка Емилија Нацевска во своето обраќање по повод одбележувањето на деновите на Централниот регистар, на кое присуствуваа и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и директорката на Централниот регистар, Анита Стамнова.


Вицегувернерката истакна дека Народната банка, преку користење на податоците од овој регистар, ќе може да го подобри извршувањето на супервизорските задачи, како и да ги зголеми сигурноста, стабилноста и ефикасноста на платниот систем на земјата, а сето тоа во прилог на стабилноста на финансискиот систем на државата.

Единствениот регистар на сметки ја овозможува правовременоста и достапноста на информациите до сите релевантни институции и засегнати страни. Овој регистар претставува важна основа за ефикасноста на плаќањата, за подобра финансиска контрола и спречување нелегални активности, но и за поголема ефикасност на процесите за присилната наплата, според најдобрите европски практики. Сето тоа, исто така, ќе овозможи и подобра заштита на правата на граѓаните и на деловните субјекти, овозможувајќи директен и транспарентен пристап до информациите за сметките - нагласи Нацевска, при што додаде дека со оваа платформа, којашто е компатибилна со европските стандарди, не само што се зајакнува финансискиот систем, туку се создава и цврста основа за идната интеграција на нашата економија во европските пазари.

Вицегувернерката Емилија Нацевска рече дека регулаторните реформи направени во изминатиот период преку донесување нови закони и подзаконски акти во платежната сфера и во сферата на спречувањето перење пари и финансирањето тероризам, не само што ја приближуваат нашата земја кон стандардите на ЕУ, туку и создаваат услови за унапредување на конкуренцијата, поттикнување иновации и забрзана дигитализација.

The post Вицегувернерката Нацевска: Со Единствениот регистар на сметки ќе изградиме поефикасен платен систем во земјава appeared first on Република.

]]>

Со очекуваното воспоставување на Единствениот регистар на сметки, пропишан со Законот за платежни услуги и платни системи, покрај тоа што ќе се исполни едно од главните барања од Петтата директива на Европската Унија за борба против перење пари и финансирање на тероризмот, се преземаат и важни чекори за натамошниот развој на платниот систем на земјата и негова интеграција во платежната инфраструктура на Европската Унија. Воспоставувањето на овој регистар е значајно за приклучувањето во Единствената област за плаќања во евра ‒ СЕПА и за обезбедувањето на потребната регулативна и функционална еквивалентност, есенцијална за нашата позиција во европскиот економски простор. Ова го порача вицегувернерката на Народната банка Емилија Нацевска во своето обраќање по повод одбележувањето на деновите на Централниот регистар, на кое присуствуваа и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и директорката на Централниот регистар, Анита Стамнова. Вицегувернерката истакна дека Народната банка, преку користење на податоците од овој регистар, ќе може да го подобри извршувањето на супервизорските задачи, како и да ги зголеми сигурноста, стабилноста и ефикасноста на платниот систем на земјата, а сето тоа во прилог на стабилноста на финансискиот систем на државата.
Единствениот регистар на сметки ја овозможува правовременоста и достапноста на информациите до сите релевантни институции и засегнати страни. Овој регистар претставува важна основа за ефикасноста на плаќањата, за подобра финансиска контрола и спречување нелегални активности, но и за поголема ефикасност на процесите за присилната наплата, според најдобрите европски практики. Сето тоа, исто така, ќе овозможи и подобра заштита на правата на граѓаните и на деловните субјекти, овозможувајќи директен и транспарентен пристап до информациите за сметките - нагласи Нацевска, при што додаде дека со оваа платформа, којашто е компатибилна со европските стандарди, не само што се зајакнува финансискиот систем, туку се создава и цврста основа за идната интеграција на нашата економија во европските пазари.
Вицегувернерката Емилија Нацевска рече дека регулаторните реформи направени во изминатиот период преку донесување нови закони и подзаконски акти во платежната сфера и во сферата на спречувањето перење пари и финансирањето тероризам, не само што ја приближуваат нашата земја кон стандардите на ЕУ, туку и создаваат услови за унапредување на конкуренцијата, поттикнување иновации и забрзана дигитализација.

The post Вицегувернерката Нацевска: Со Единствениот регистар на сметки ќе изградиме поефикасен платен систем во земјава appeared first on Република.

]]>
Просечната каматна стапка на вкупните кредити 5,44%, а на депозитите 1,96% https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/prosechnata-kamatna-stapka-na-vkupnite-krediti-5-44-a-na-depozitite-1-96/ Mon, 30 Sep 2024 12:53:17 +0000 https://republika.mk/?p=821083

Во август 2024 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,44% и е намалена на месечна и на годишна основа за 0,02 п.п. и 0,05 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити забележа месечен и годишен раст од 0,03 п.п. и 0,41 п.п., соодветно и изнесува 1,96%, соопшти Народна банка.

Кај просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во август е остварен месечен и годишен пад од 0,08 п.п. и 0,49 п.п., соодветно и изнесува 5,04%. Просечната каматна стапка на новопримените депозити, во август, е намалена за
0,33 п.п. на месечна основа и изнесува 2,43%, при годишен раст од 0,26 п.п.

Во август, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0,03 п.п. на месечно ниво и изнесува 5,20%. Надолната промена се должи на падот на каматните стапки на сите компоненти, и тоа: каматните стапки
на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,04 п.п. и 0,03 п.п., соодветно) и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,02 п.п.). На годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор бележи
намалување за 0,16 п.п.

Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, овој месец, изнесува 4,90% и забележа месечен пад од 0,06 п.п. Анализирано по валута, падот е резултат на намалените каматни стапки на кредитите во странска валута и на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,23 п.п. и 0,12 п.п.), додека каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула бележат раст (за 0,79 п.п.). Споредено на годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,83 п.п.

Во август, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор оствари месечен пад од 0,08 п.п. и изнесува 2,20%. Промената произлегува од намалените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на
каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,10 п.п. и 0,09 п.п., соодветно), при непроменети каматни стапки на денарските депозити со валутна клаузула. Во споредба со истиот месец од претходната година, оваа каматна стапка е зголемена за 0,12 п.п.

Каматната стапка на новопримените депозити4 на корпоративниот сектор, овој месец, е намалена за 1,04 п.п. на месечна основа и изнесува 1,99%. Надолната промена е резултат на падот на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 1,13 п.п. и 0,44 п.п., соодветно). Овој месец, банките и штедилниците не евидентирале новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор е зголемена за 0,18 п.п. на годишна основа.

Во август, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата изнесува 5,66% и забележа месечен пад од 0,01 п.п. Притоа, падот во целост се должи на намалените каматни стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,02 п.п.), во услови на непроменети каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула и на кредитите во странска валута. Оваа каматна стапка е зголемена за 0,05 п.п. на годишна основа.

Кај просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, во август, е забележан месечен пад од 0,06 п.п. и изнесува 5,28%. Анализирано на годишна основа, каматната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата е
зголемена за 0,04 п.п.

Во август, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата изнесува 1,93% и на месечно ниво е зголемена за 0,04 п.п. Нагорната промена произлегува од растот на каматните стапки на сите компоненти: каматните стапки на денарските депозити со и без валутна клаузула (за 0,12 п.п. и 0,05 п.п., соодветно) и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,03 п.п.). На годишно ниво, оваа каматна стапка бележи раст за 0,43 п.п.

Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата, овој месец, е повисока за 0,08 п.п. и изнесува 2,76%. Месечниот раст се должи на зголемените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на каматните стапки
на депозитите во странска валута (за 0,08 п.п. и 0,07 п.п., соодветно), во услови кога кај банките и штедилниците не се евидентирани новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Споредено на годишна основа, каматната стапка на
новопримените депозити на домаќинствата е зголемена за 0,44 п.п

The post Просечната каматна стапка на вкупните кредити 5,44%, а на депозитите 1,96% appeared first on Република.

]]>

Во август 2024 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,44% и е намалена на месечна и на годишна основа за 0,02 п.п. и 0,05 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити забележа месечен и годишен раст од 0,03 п.п. и 0,41 п.п., соодветно и изнесува 1,96%, соопшти Народна банка. Кај просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во август е остварен месечен и годишен пад од 0,08 п.п. и 0,49 п.п., соодветно и изнесува 5,04%. Просечната каматна стапка на новопримените депозити, во август, е намалена за 0,33 п.п. на месечна основа и изнесува 2,43%, при годишен раст од 0,26 п.п. Во август, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0,03 п.п. на месечно ниво и изнесува 5,20%. Надолната промена се должи на падот на каматните стапки на сите компоненти, и тоа: каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,04 п.п. и 0,03 п.п., соодветно) и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,02 п.п.). На годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор бележи намалување за 0,16 п.п. Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, овој месец, изнесува 4,90% и забележа месечен пад од 0,06 п.п. Анализирано по валута, падот е резултат на намалените каматни стапки на кредитите во странска валута и на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,23 п.п. и 0,12 п.п.), додека каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула бележат раст (за 0,79 п.п.). Споредено на годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,83 п.п. Во август, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор оствари месечен пад од 0,08 п.п. и изнесува 2,20%. Промената произлегува од намалените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,10 п.п. и 0,09 п.п., соодветно), при непроменети каматни стапки на денарските депозити со валутна клаузула. Во споредба со истиот месец од претходната година, оваа каматна стапка е зголемена за 0,12 п.п. Каматната стапка на новопримените депозити4 на корпоративниот сектор, овој месец, е намалена за 1,04 п.п. на месечна основа и изнесува 1,99%. Надолната промена е резултат на падот на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 1,13 п.п. и 0,44 п.п., соодветно). Овој месец, банките и штедилниците не евидентирале новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор е зголемена за 0,18 п.п. на годишна основа. Во август, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата изнесува 5,66% и забележа месечен пад од 0,01 п.п. Притоа, падот во целост се должи на намалените каматни стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,02 п.п.), во услови на непроменети каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула и на кредитите во странска валута. Оваа каматна стапка е зголемена за 0,05 п.п. на годишна основа. Кај просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, во август, е забележан месечен пад од 0,06 п.п. и изнесува 5,28%. Анализирано на годишна основа, каматната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата е зголемена за 0,04 п.п. Во август, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата изнесува 1,93% и на месечно ниво е зголемена за 0,04 п.п. Нагорната промена произлегува од растот на каматните стапки на сите компоненти: каматните стапки на денарските депозити со и без валутна клаузула (за 0,12 п.п. и 0,05 п.п., соодветно) и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,03 п.п.). На годишно ниво, оваа каматна стапка бележи раст за 0,43 п.п. Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата, овој месец, е повисока за 0,08 п.п. и изнесува 2,76%. Месечниот раст се должи на зголемените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,08 п.п. и 0,07 п.п., соодветно), во услови кога кај банките и штедилниците не се евидентирани новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Споредено на годишна основа, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е зголемена за 0,44 п.п

The post Просечната каматна стапка на вкупните кредити 5,44%, а на депозитите 1,96% appeared first on Република.

]]>
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/prosechnata-kamatna-stapka-na-novoodobrenite-krediti-za-domakinstvata-vo-mart-5-4-protsenti/ Tue, 30 Apr 2024 09:19:39 +0000 https://republika.mk/?p=772522

Народната банка информира дека во март годинава просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,50 проценти и бележи месечно намалување од 0,02 п.п., додека на годишно ниво е зголемена за 0,46 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити, пак, изнесувала 1,80 проценти и забележала месечно и годишно зголемување за 0,04 п.п. и 0,69 п.п., соодветно.

Податоците што ги сподели денеска централната банка покажуваат дека просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во март, изнесувала 4,98 проценти и забележала месечно и годишно намалување од 0,37 п.п. и 0,28 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на новопримените депозити, пак, остварила месечен и годишен раст од 0,15 п.п. и 0,42 п.п., соодветно и изнесувала 2,46 проценти.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, овој месец, изнесува 5,40 проценти и на месечна основа е намалена за 0,05 п.п. Надолната промена е резултат на намалените каматни стапки на денарските кредити со валутна клаузула и на кредитите во странска валута (за 0,12 п.п. и 0,07 п.п., соодветно), при раст на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,10 п.п.). На годишно ниво, каматната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата е зголемена за 0,17 п.п, соопшти НБ.

Оттаму дополнуваат дека каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата, во март, изнесува 1,76 проценти и оствари месечно зголемување од 0,03 п.п. Промената се должи на растот на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,03 п.п.) и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,02 п.п.), додека каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула се намалени (за 0,01 п.п.) На годишна основа, оваа каматна стапка е повисока за 0,72 п.п.

Овој месец, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата6 оствари месечен раст од 0,07 п.п. и изнесува 2,42 проценти. Нагорната промена целосно произлегува од растот на каматните стапки на новопримените депозити во странска валута (за 0,19 п.п.), во услови кога каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула се непроменети. Овој месец банките и штедилниците не евидентирале новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Во однос на март претходната година, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е зголемена за 0,15 п.п, информира централната банка.

Во март, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 5,35 проценти и е намалена за 0,05 п.п. на месечно ниво. Надолната промена се должи на падот на сите компоненти, и тоа: каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,09 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,05 п.п. и 0,03 п.п., соодветно). На годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор забележа раст од 0,65 п.п.

Од НБ истакнуваат дека во март каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, оствари месечно намалување од 0,52 п.п. и изнесува 4,73 проценти. Анализирано по валута, промената е резултат на намалувањето на каматните стапки на сите компоненти, и тоа: денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,60 п.п. и 0,54 п.п., соодветно) и кредитите во странска валута (за 0,24 п.п.). Споредено на годишно ниво, оваа каматна стапка е намалена за 0,54 п.п.

Кај просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, во март, е забележано месечно зголемување од 0,04 п.п. и изнесува 2,12 проценти. Притоа, промената се должи на зголемените каматни стапки на депозитите во странска валута (за 0,17 п.п.) и на каматните стапки на денарските депозити со и без валутна клаузула (за 0,14 п.п. и 0,01 п.п., соодветно). Во споредба со март минатата година, оваа каматна стапка е повисока за 0,38 п.п.

Овој месец, кај каматната стапка на новопримените депозити4 на корпоративниот сектор е забележан месечен раст од 0,33 п.п. и изнесува 2,52 проценти. Растот е резултат на зголемените каматни стапки на депозитите без валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,55 п.п. и 0,09 п.п., соодветно), при намалени каматни стапки на денарските депозити со валутна клаузула (за 1,52 п.п.). Споредено на годишна основа, оваа каматна стапка бележи раст од 1,42 п.п, соопшти Народната банка.

The post Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти appeared first on Република.

]]>

Народната банка информира дека во март годинава просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,50 проценти и бележи месечно намалување од 0,02 п.п., додека на годишно ниво е зголемена за 0,46 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити, пак, изнесувала 1,80 проценти и забележала месечно и годишно зголемување за 0,04 п.п. и 0,69 п.п., соодветно. Податоците што ги сподели денеска централната банка покажуваат дека просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во март, изнесувала 4,98 проценти и забележала месечно и годишно намалување од 0,37 п.п. и 0,28 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на новопримените депозити, пак, остварила месечен и годишен раст од 0,15 п.п. и 0,42 п.п., соодветно и изнесувала 2,46 проценти. Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, овој месец, изнесува 5,40 проценти и на месечна основа е намалена за 0,05 п.п. Надолната промена е резултат на намалените каматни стапки на денарските кредити со валутна клаузула и на кредитите во странска валута (за 0,12 п.п. и 0,07 п.п., соодветно), при раст на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,10 п.п.). На годишно ниво, каматната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата е зголемена за 0,17 п.п, соопшти НБ. Оттаму дополнуваат дека каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата, во март, изнесува 1,76 проценти и оствари месечно зголемување од 0,03 п.п. Промената се должи на растот на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,03 п.п.) и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,02 п.п.), додека каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула се намалени (за 0,01 п.п.) На годишна основа, оваа каматна стапка е повисока за 0,72 п.п. Овој месец, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата6 оствари месечен раст од 0,07 п.п. и изнесува 2,42 проценти. Нагорната промена целосно произлегува од растот на каматните стапки на новопримените депозити во странска валута (за 0,19 п.п.), во услови кога каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула се непроменети. Овој месец банките и штедилниците не евидентирале новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Во однос на март претходната година, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е зголемена за 0,15 п.п, информира централната банка. Во март, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 5,35 проценти и е намалена за 0,05 п.п. на месечно ниво. Надолната промена се должи на падот на сите компоненти, и тоа: каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,09 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,05 п.п. и 0,03 п.п., соодветно). На годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор забележа раст од 0,65 п.п. Од НБ истакнуваат дека во март каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, оствари месечно намалување од 0,52 п.п. и изнесува 4,73 проценти. Анализирано по валута, промената е резултат на намалувањето на каматните стапки на сите компоненти, и тоа: денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,60 п.п. и 0,54 п.п., соодветно) и кредитите во странска валута (за 0,24 п.п.). Споредено на годишно ниво, оваа каматна стапка е намалена за 0,54 п.п. Кај просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, во март, е забележано месечно зголемување од 0,04 п.п. и изнесува 2,12 проценти. Притоа, промената се должи на зголемените каматни стапки на депозитите во странска валута (за 0,17 п.п.) и на каматните стапки на денарските депозити со и без валутна клаузула (за 0,14 п.п. и 0,01 п.п., соодветно). Во споредба со март минатата година, оваа каматна стапка е повисока за 0,38 п.п. Овој месец, кај каматната стапка на новопримените депозити4 на корпоративниот сектор е забележан месечен раст од 0,33 п.п. и изнесува 2,52 проценти. Растот е резултат на зголемените каматни стапки на депозитите без валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,55 п.п. и 0,09 п.п., соодветно), при намалени каматни стапки на денарските депозити со валутна клаузула (за 1,52 п.п.). Споредено на годишна основа, оваа каматна стапка бележи раст од 1,42 п.п, соопшти Народната банка.

The post Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти appeared first on Република.

]]>
Се шопингувало, купувало станови и автомобили: Во март било зголеменo кредитирањето на домаќинствата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-shopinguvalo-kupuvalo-stanovi-i-avtomobili-vo-mart-bilo-zgolemeno-kreditiraneto-na-domakinstvata/ Fri, 19 Apr 2024 10:41:55 +0000 https://republika.mk/?p=767981

Вкупните кредити, во март, забележаа месечен раст од 0,3 проценти, поради зголеменото кредитирање на секторот „домаќинства“. Годишниот раст изнесува 6,1 процент и се должи на повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“, објави денеска Народната банка.

Кредитите на домаќинствата се зголемени за 0,5 проценти на месечна основа, при годишен раст од 6,8 проценти. Месечниот и годишниот раст, посочува НБ; се резултат на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во странска валута.

Кај кредитите на корпоративниот сектор во март нема промена во споредба со претходниот месец. На годишна основа, е забележан раст од 5,4 проценти, којшто во целост произлегува од зголеменото кредитирање во денари, во услови на пад на кредитите во странска валута.

Во март 2024 година, гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, е забележан месечен раст од 0,4 проценти и еден процент, соодветно, при годишен раст од 5,8 проценти и 10,4 проценти, соодветно. Автомобилските кредити, овој месец, се зголемени за 1,8 проценти и 13,1 процент на месечна и на годишна основа, соодветно, додека кредитите одобрени на кредитните картички забележаа месечен и годишен пад од 0,8 проценти и 6,8 проценти, соодветно. Во март, негативните салда на тековните сметки остварија месечен раст од 2,3 проценти, при годишно зголемување од 6,1 процент. Кај кредитите одобрени врз други основи е остварен месечен пад од 1,7 процент, додека на годишна основа се намалени за 21,2 проценти, информира НБ.

Вкупните депозити во март, се намалени за 0,9 проценти на месечна основа, во целост како резултат на падот на депозитите на корпоративниот сектор, при раст на депозитите на секторот „домаќинства“. Споредено на годишна основа, остварен е раст од 9,3 проценти, поради зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес кон растот на депозитите на секторот „домаќинства“.

Како што наведува централната банка, вкупните депозити на домаќинствата во март се повисоки за 0,1 процент и 8,7 проценти на месечна и на годишна основа, соодветно. Растот кај двете основи се должи на повисоките долгорочни депозити и депозитните пари, во услови на забележан пад на краткорочните депозити.

Во март, вкупните депозити на корпоративниот сектор, се намалени за 2,4 проценти на месечно ниво. Надолната промена пред сè се должи на намалените депозитни пари, при дополнителен пад и на краткорочните депозити, а во услови на раст на долгорочните депозити. На годишно ниво, депозитите на корпоративниот сектор се зголемени за 12,2 проценти, во поголем дел како резултат на растот на депозитните пари, краткорочните депозити во странска валута и долгорочните депозити во денари, при дополнителен позитивен придонес и на останатите компоненти.

The post Се шопингувало, купувало станови и автомобили: Во март било зголеменo кредитирањето на домаќинствата appeared first on Република.

]]>

Вкупните кредити, во март, забележаа месечен раст од 0,3 проценти, поради зголеменото кредитирање на секторот „домаќинства“. Годишниот раст изнесува 6,1 процент и се должи на повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“, објави денеска Народната банка. Кредитите на домаќинствата се зголемени за 0,5 проценти на месечна основа, при годишен раст од 6,8 проценти. Месечниот и годишниот раст, посочува НБ; се резултат на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во странска валута. Кај кредитите на корпоративниот сектор во март нема промена во споредба со претходниот месец. На годишна основа, е забележан раст од 5,4 проценти, којшто во целост произлегува од зголеменото кредитирање во денари, во услови на пад на кредитите во странска валута. Во март 2024 година, гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, е забележан месечен раст од 0,4 проценти и еден процент, соодветно, при годишен раст од 5,8 проценти и 10,4 проценти, соодветно. Автомобилските кредити, овој месец, се зголемени за 1,8 проценти и 13,1 процент на месечна и на годишна основа, соодветно, додека кредитите одобрени на кредитните картички забележаа месечен и годишен пад од 0,8 проценти и 6,8 проценти, соодветно. Во март, негативните салда на тековните сметки остварија месечен раст од 2,3 проценти, при годишно зголемување од 6,1 процент. Кај кредитите одобрени врз други основи е остварен месечен пад од 1,7 процент, додека на годишна основа се намалени за 21,2 проценти, информира НБ. Вкупните депозити во март, се намалени за 0,9 проценти на месечна основа, во целост како резултат на падот на депозитите на корпоративниот сектор, при раст на депозитите на секторот „домаќинства“. Споредено на годишна основа, остварен е раст од 9,3 проценти, поради зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес кон растот на депозитите на секторот „домаќинства“. Како што наведува централната банка, вкупните депозити на домаќинствата во март се повисоки за 0,1 процент и 8,7 проценти на месечна и на годишна основа, соодветно. Растот кај двете основи се должи на повисоките долгорочни депозити и депозитните пари, во услови на забележан пад на краткорочните депозити. Во март, вкупните депозити на корпоративниот сектор, се намалени за 2,4 проценти на месечно ниво. Надолната промена пред сè се должи на намалените депозитни пари, при дополнителен пад и на краткорочните депозити, а во услови на раст на долгорочните депозити. На годишно ниво, депозитите на корпоративниот сектор се зголемени за 12,2 проценти, во поголем дел како резултат на растот на депозитните пари, краткорочните депозити во странска валута и долгорочните депозити во денари, при дополнителен позитивен придонес и на останатите компоненти.

The post Се шопингувало, купувало станови и автомобили: Во март било зголеменo кредитирањето на домаќинствата appeared first on Република.

]]>
Народна банка: Новa веб-услуга за автоматизирано преземање податоци од курсната листа https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/narodna-banka-nova-veb-usluga-za-avtomatizirano-prezemane-podatotsi-od-kursnata-lista/ Mon, 15 Apr 2024 08:36:59 +0000 https://republika.mk/?p=766181

Народната банка информира дека е изработена нова веб услуга за автоматизирано преземање на податоците од курсната листа, којашто може да се користи паралелно со старата.

Старата веб-услуга, како што информира Народната банка, ќе биде достапна на веб-страницата до крајот на мај годинава и дотогаш сите корисници треба да почнат да ја употребуваат новата веб-услуга.

Деловните банки веќе се префрлија на новата апликација и автоматизирано ја читаат Курсната листа секој ден. Оваа апликација на Народната банка за Курсната листа и за курсевите за државните органи е изработена со нови современи алатки и е достапна на следнава врска: https://www.nbrm.mk/web-servis-novo.nspx , на која има и упатство за корисниците за нејзиното користење, велат од централната банка.

Посочуваат дека воведувањето на новата услуга е во рамки на унапредувањето на ИТ-безбедноста на процесите преку примена на нови технологии што се поотпорни на нападите од дигиталниот простор.

Постојаното јакнење на киберотпорноста, како и користењето на технологиите за подобрување на услугите кон корисниците е заложба на централната банка. Оттука, неодамна започна билатерална соработка со централната банка на Италија, проект на Европската Унија, чијашто цел е преку пренесување на искуствата да се зајакнат стандардите и најдобрите практики во Народната банка за развивање и одржување апликативен софтвер, се наведува во соопштението

The post Народна банка: Новa веб-услуга за автоматизирано преземање податоци од курсната листа appeared first on Република.

]]>

Народната банка информира дека е изработена нова веб услуга за автоматизирано преземање на податоците од курсната листа, којашто може да се користи паралелно со старата. Старата веб-услуга, како што информира Народната банка, ќе биде достапна на веб-страницата до крајот на мај годинава и дотогаш сите корисници треба да почнат да ја употребуваат новата веб-услуга. Деловните банки веќе се префрлија на новата апликација и автоматизирано ја читаат Курсната листа секој ден. Оваа апликација на Народната банка за Курсната листа и за курсевите за државните органи е изработена со нови современи алатки и е достапна на следнава врска: https://www.nbrm.mk/web-servis-novo.nspx , на која има и упатство за корисниците за нејзиното користење, велат од централната банка. Посочуваат дека воведувањето на новата услуга е во рамки на унапредувањето на ИТ-безбедноста на процесите преку примена на нови технологии што се поотпорни на нападите од дигиталниот простор. Постојаното јакнење на киберотпорноста, како и користењето на технологиите за подобрување на услугите кон корисниците е заложба на централната банка. Оттука, неодамна започна билатерална соработка со централната банка на Италија, проект на Европската Унија, чијашто цел е преку пренесување на искуствата да се зајакнат стандардите и најдобрите практики во Народната банка за развивање и одржување апликативен софтвер, се наведува во соопштението

The post Народна банка: Новa веб-услуга за автоматизирано преземање податоци од курсната листа appeared first on Република.

]]>
Како да се заштитат од измами преку сомнителни пораки: Народната банка ги едуцира граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kako-da-se-zashtitat-od-izmami-preku-somnitelni-poraki-narodnata-banka-gi-edutsira-graganite/ Tue, 27 Feb 2024 10:37:36 +0000 https://republika.mk/?p=748839

Народната банка соопшти дека обезбедува финансиска едукација преку која ги информира граѓаните за ризиците од кибернапади, како што е измамата преку сомнителни пораки (фишинг). Според Банката, брзиот технолошки развој и дигитализацијата, отворањето на ИТ-системите кон надворешни платформи за комуникација, сѐ повисокиот износ на електронски трансакции, наметна потреба од јакнење на свесноста и засилена едукација на граѓаните за безбедносните стандарди во борбата против измамите преку сомнителни пораки.

Народната банка е задолжена за воведување безбедносни стандарди од страна на деловните банки. Меѓутоа, очигледно е дека со развојот на технологијата, клиентите на оние банки со послаби безбедносни стандарди полесно стануваат жртви на измама. Како најраспространет начин на напад претставуваат измамите преку сомнителни пораки. Станува збор за кибернапад во кој напаѓачите користат измамнички тактики за да обезбедат чувствителни информации, како што се кориснички имиња, лозинки, броеви на платежни картички или други лични податоци - вели Горан Јанкоски, главен одговорен супервизор за информативните системи во Народната банка за платформата „Само прашај“ на Институтот за комуникациски студии.

Јанкоски објаснува дека овој вид измама е мрежна измама во која напаѓачите испраќаат електронски пораки коишто изгледаат како да доаѓаат од постоечки банки и бараат од вас да наведете определени чувствителни податоци. Најчесто тоа се постигнува со вклучување врска којашто ги носи граѓаните до веб-локација каде што би требало да ги внесат своите податоци, но веб-локацијата е лажна, а информациите одат директно во рацете на напаѓачите. Истакнува дека е многу битно при ваквите измами да се провери од каде доаѓа адресата, дали е онаа адреса преку која банката вообичаено воспоставува контакт, дали пораката упатува на итност и дали има некаква е-врска во самата порака.

Тоа се црвените сигнали според кои граѓаните треба да сфатат дека се работи за порака со сомнителна содржина. Таа може да дојде од различни канали, па покрај преку електронските пораки, може да дојде и од лажни веб-локации коишто имитираат легитимни веб-страници или преку испраќање лажни текстуални пораки (СМС) коишто стигнуваат на вашиот телефон. Сакам да укажам дека граѓаните треба да обрнат внимание и на објавите на социјалните мрежи и злонамерното рекламирање - истакнува Јанкоски.

Според него, важно е граѓаните да се едуцираат како да се заштитат од кибернапад, а Народната банка во соработка со Институтот за комуникациски студии објави едукативен видеоматеријал на платформата „Само прашај“.

The post Како да се заштитат од измами преку сомнителни пораки: Народната банка ги едуцира граѓаните appeared first on Република.

]]>

Народната банка соопшти дека обезбедува финансиска едукација преку која ги информира граѓаните за ризиците од кибернапади, како што е измамата преку сомнителни пораки (фишинг). Според Банката, брзиот технолошки развој и дигитализацијата, отворањето на ИТ-системите кон надворешни платформи за комуникација, сѐ повисокиот износ на електронски трансакции, наметна потреба од јакнење на свесноста и засилена едукација на граѓаните за безбедносните стандарди во борбата против измамите преку сомнителни пораки.
Народната банка е задолжена за воведување безбедносни стандарди од страна на деловните банки. Меѓутоа, очигледно е дека со развојот на технологијата, клиентите на оние банки со послаби безбедносни стандарди полесно стануваат жртви на измама. Како најраспространет начин на напад претставуваат измамите преку сомнителни пораки. Станува збор за кибернапад во кој напаѓачите користат измамнички тактики за да обезбедат чувствителни информации, како што се кориснички имиња, лозинки, броеви на платежни картички или други лични податоци - вели Горан Јанкоски, главен одговорен супервизор за информативните системи во Народната банка за платформата „Само прашај“ на Институтот за комуникациски студии.
Јанкоски објаснува дека овој вид измама е мрежна измама во која напаѓачите испраќаат електронски пораки коишто изгледаат како да доаѓаат од постоечки банки и бараат од вас да наведете определени чувствителни податоци. Најчесто тоа се постигнува со вклучување врска којашто ги носи граѓаните до веб-локација каде што би требало да ги внесат своите податоци, но веб-локацијата е лажна, а информациите одат директно во рацете на напаѓачите. Истакнува дека е многу битно при ваквите измами да се провери од каде доаѓа адресата, дали е онаа адреса преку која банката вообичаено воспоставува контакт, дали пораката упатува на итност и дали има некаква е-врска во самата порака.
Тоа се црвените сигнали според кои граѓаните треба да сфатат дека се работи за порака со сомнителна содржина. Таа може да дојде од различни канали, па покрај преку електронските пораки, може да дојде и од лажни веб-локации коишто имитираат легитимни веб-страници или преку испраќање лажни текстуални пораки (СМС) коишто стигнуваат на вашиот телефон. Сакам да укажам дека граѓаните треба да обрнат внимание и на објавите на социјалните мрежи и злонамерното рекламирање - истакнува Јанкоски.
Според него, важно е граѓаните да се едуцираат како да се заштитат од кибернапад, а Народната банка во соработка со Институтот за комуникациски студии објави едукативен видеоматеријал на платформата „Само прашај“.

The post Како да се заштитат од измами преку сомнителни пораки: Народната банка ги едуцира граѓаните appeared first on Република.

]]>
НБ: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 проценти https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nb-osnovnata-kamatna-stapka-se-zadrzhuva-na-nivoto-od-6-30-protsenti/ Wed, 31 Jan 2024 11:47:39 +0000 https://republika.mk/?p=738988

Каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30 проценти, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20 проценти и 4,25 проценти, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е исто така непроменета и изнесува 10 милијарди денари, одлучил вчера на редовна седница Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка.

На седницата, како што соопшти НБ, било оценето дека тековното ниво на каматните стапки е соодветно на условите во економијата и заедно со досегашните промени кај задолжителната резерва и со преземените макропрудентни мерки, ќе придонесат за натамошно забавување на инфлацијата и за задржување на стабилноста на девизниот курс.

Од НБ објаснуваат дека во услови на поволен девизен пазар, главниот акцент при носењето на одлуката за задржување на тековната поставеност на монетарната политика бил ставен на потребата од стабилизирање на инфлациските очекувања и инфлацијата на потрајна основа, а имајќи ги предвид ризиците. - Домашната инфлација во декември 2023 година изнесува 3,6 проценти на годишно ниво, при значително намален притисок од цените на храната и енергијата, но и пониски ценовни притисоци од помалку променливите категории, во согласност и со преземените монетарни мерки. Во услови на слични движења на инфлацијата кај нас и во еврозоната, разликата во годишните стапки е мала. Поумерени се и инфлациските очекувања на потрошувачите искажани во декемвриските анкети на Европската комисија. Просечната домашна стапка на инфлација се сведе на 9,4 проценти во 2023 година, во согласност со очекуваната стапка од 9,5 проценти, велат од централната банка.

Сепак, дополнуваат, нивото сѐ уште е над историскиот просек, а ризиците во однос на идната динамика на цените и натаму постојат, за што придонесуваат неизвесноста од движењето на цените на светските берзи, но и одредени домашни фактори. Оттука, беше оценето дека е потребна натамошна претпазливост при водењето на политиките, вклучително и на политиките што делуваат врз побарувачката во економијата. Во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), на последната седница во јануари повторно беше донесена одлука за задржување на основните каматни стапки на истото ниво, наведува Народната банка.

Оттаму истакнуваат дека состојбата на девизниот пазар е стабилна и движењата се поволни. Нивото на девизните резерви на крајот на декември изнесува 4.538,5 милиони евра, што според меѓународните стандарди и показателите коишто се следат, е соодветно ниво за задржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Во текот на изминатата година, потсетува НБ, девизните резерви забележаа раст, којшто ги надмина очекувањата и главно е резултат на релативно високите интервенции на Народната банка за нето-откуп на вишокот девизни средства од банкарскиот систем. Поволните поместувања на девизниот пазар се резултат на намалените притисоци од енергетската криза, а со тоа и помалата побарувачка од страна на фирмите, зголемената понуда на девизи од физичките лица како сигнал за доверба во домашната валута, како и општо добрата девизна ликвидност на банките.

Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор за периодот октомври − ноември 2023 година, НБ наведува дека тие засега упатуваат на малку понизок трговски дефицит за последниот квартал од годината од очекувањата според октомвриската проекција, а поповолни се остварувањата и на менувачкиот пазар заклучно со декември 2023 година.

Во третиот квартал од 2023 година, реалниот раст на БДП изнесува 1,2 проценти на годишна основа, што е во согласност со октомврискиот циклус проекции (раст од 1,1 процент). Високофреквентните податоци за периодот октомври ‒ ноември 2023 година засега се во склад со очекувањата за забрзување на растот на економската активност во последниот квартал од годината. Така, во овој период се забележува реален раст на индустриското производство, прометот во вкупната трговија и градежништвото, по падот во претходниот квартал, додека кај реалниот промет во угостителството се забележува забрзување на годишниот раст. Во однос на ризиците за растот, тие и за следниот период се претежно надолни и се поврзани пред сѐ со зголемените геополитички тензии, посочува НБ.

Во монетарниот сектор, според податоците заклучно со декември 2023 година, депозитниот потенцијал на банките расте малку посилно од очекувањата, со стапка од 9,1 процент, а кредитната поддршка на приватниот сектор и натаму расте, но поумерено и изнесува 5,1 процент.

Општо земено, клучните макроекономски показатели упатуваат на остварувања коишто се во согласност со очекувањата. Сепак, условите за водење на монетарната политика сѐ уште се неизвесни и налагаат натамошно внимателно следење на динамиката и факторите на инфлацијата и инфлациските очекувања и претпазливост во водењето на макроекономските политики коишто влијаат врз побарувачката во економијата. Народната банка и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок, се наведува во соопштението.

The post НБ: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 проценти appeared first on Република.

]]>

Каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30 проценти, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20 проценти и 4,25 проценти, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е исто така непроменета и изнесува 10 милијарди денари, одлучил вчера на редовна седница Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка. На седницата, како што соопшти НБ, било оценето дека тековното ниво на каматните стапки е соодветно на условите во економијата и заедно со досегашните промени кај задолжителната резерва и со преземените макропрудентни мерки, ќе придонесат за натамошно забавување на инфлацијата и за задржување на стабилноста на девизниот курс. Од НБ објаснуваат дека во услови на поволен девизен пазар, главниот акцент при носењето на одлуката за задржување на тековната поставеност на монетарната политика бил ставен на потребата од стабилизирање на инфлациските очекувања и инфлацијата на потрајна основа, а имајќи ги предвид ризиците. - Домашната инфлација во декември 2023 година изнесува 3,6 проценти на годишно ниво, при значително намален притисок од цените на храната и енергијата, но и пониски ценовни притисоци од помалку променливите категории, во согласност и со преземените монетарни мерки. Во услови на слични движења на инфлацијата кај нас и во еврозоната, разликата во годишните стапки е мала. Поумерени се и инфлациските очекувања на потрошувачите искажани во декемвриските анкети на Европската комисија. Просечната домашна стапка на инфлација се сведе на 9,4 проценти во 2023 година, во согласност со очекуваната стапка од 9,5 проценти, велат од централната банка. Сепак, дополнуваат, нивото сѐ уште е над историскиот просек, а ризиците во однос на идната динамика на цените и натаму постојат, за што придонесуваат неизвесноста од движењето на цените на светските берзи, но и одредени домашни фактори. Оттука, беше оценето дека е потребна натамошна претпазливост при водењето на политиките, вклучително и на политиките што делуваат врз побарувачката во економијата. Во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), на последната седница во јануари повторно беше донесена одлука за задржување на основните каматни стапки на истото ниво, наведува Народната банка. Оттаму истакнуваат дека состојбата на девизниот пазар е стабилна и движењата се поволни. Нивото на девизните резерви на крајот на декември изнесува 4.538,5 милиони евра, што според меѓународните стандарди и показателите коишто се следат, е соодветно ниво за задржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Во текот на изминатата година, потсетува НБ, девизните резерви забележаа раст, којшто ги надмина очекувањата и главно е резултат на релативно високите интервенции на Народната банка за нето-откуп на вишокот девизни средства од банкарскиот систем. Поволните поместувања на девизниот пазар се резултат на намалените притисоци од енергетската криза, а со тоа и помалата побарувачка од страна на фирмите, зголемената понуда на девизи од физичките лица како сигнал за доверба во домашната валута, како и општо добрата девизна ликвидност на банките. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор за периодот октомври − ноември 2023 година, НБ наведува дека тие засега упатуваат на малку понизок трговски дефицит за последниот квартал од годината од очекувањата според октомвриската проекција, а поповолни се остварувањата и на менувачкиот пазар заклучно со декември 2023 година. Во третиот квартал од 2023 година, реалниот раст на БДП изнесува 1,2 проценти на годишна основа, што е во согласност со октомврискиот циклус проекции (раст од 1,1 процент). Високофреквентните податоци за периодот октомври ‒ ноември 2023 година засега се во склад со очекувањата за забрзување на растот на економската активност во последниот квартал од годината. Така, во овој период се забележува реален раст на индустриското производство, прометот во вкупната трговија и градежништвото, по падот во претходниот квартал, додека кај реалниот промет во угостителството се забележува забрзување на годишниот раст. Во однос на ризиците за растот, тие и за следниот период се претежно надолни и се поврзани пред сѐ со зголемените геополитички тензии, посочува НБ. Во монетарниот сектор, според податоците заклучно со декември 2023 година, депозитниот потенцијал на банките расте малку посилно од очекувањата, со стапка од 9,1 процент, а кредитната поддршка на приватниот сектор и натаму расте, но поумерено и изнесува 5,1 процент. Општо земено, клучните макроекономски показатели упатуваат на остварувања коишто се во согласност со очекувањата. Сепак, условите за водење на монетарната политика сѐ уште се неизвесни и налагаат натамошно внимателно следење на динамиката и факторите на инфлацијата и инфлациските очекувања и претпазливост во водењето на макроекономските политики коишто влијаат врз побарувачката во економијата. Народната банка и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок, се наведува во соопштението.

The post НБ: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 проценти appeared first on Република.

]]>
ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mmf-dobroto-vodene-na-monetarnata-politika-pridonese-kon-namaluvane-na-inflatsijata/ Fri, 26 Jan 2024 10:29:53 +0000 https://republika.mk/?p=737035

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) даде високи оценки за монетарната политика, финансискиот и надворешниот сектор, девизниот курс, како и за квалитетот на податоците, коишто се во рамки на надлежностите на Народната банка, а кои се предуслов за квалификување за Кредитната линија за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ), информираат од Народната банка на Македонија.

Во извештајот на Мисијата на ММФ врз основа на член 4 од Договорот за членство во Фондот, како и првиот преглед во рамки на аранжманот за ПЛЛ, се наведува дека промените на монетарната политика, преку зголемување на основната камата и други мерки, заедно со намалувањето на цените на светско ниво, придонесоа кон намалување на инфлацијата. Инфлациските очекувања се зацврстени, а девизниот пазар е стабилен. И покрај кризите, стабилноста на банкарскиот сектор продолжи да се зголемува, додека растот на депозитите и кредитите постепено се враќа на предкризните нивоа.

Во Извештајот на Мисијата се наведува дека инфлацијата постепено се намалува и дека се очекува таа да продолжи во истата насока, стремејќи се да се врати на ниските стапки од претходно. Сепак, ризиците и натаму се присутни. Во овој контекст, централната банка треба да биде подготвена, доколку се остварат ризиците, да реагира преку затегнување на монетарна политика, наведуваат од ММФ.

Мисијата оценува дека банкарскиот сектор е соодветно капитализиран, со понатамошен раст на адекватноста на капиталот и историски најниско ниво на нефункционалните кредити од 2,9%. Се наведува дека поради глобалното монетарно затегнување, Народната банка засилено ги следи ризиците, забележувајќи напредок во однос на спроведените стрес-тестови. Како резултат на монетарното затегнување, растот на депозитите и кредитите се нормализира на преткризното ниво, со раст на депозитите од 8,9% и на кредитите за 5,8% на годишна основа во септември. Како резултат на макропрудентната политика и мерките преземени од страна на Народната банка, се забележува стабилизирање на пазарот на недвижности. Мисијата посочува дека макропрудентната рамка во текот на минатата година е зајакната со усвојување на Стратегијата за спроведување на макропрудентната политика, како и усвојувањето на Законот за решавање на банки.

ММФ го потенцираше и значењето на независноста на централната банка за успешно остварување на нејзините законски цели.

Првиот преглед врз основа на инструментот ПЛЛ е завршен успешно, при што е оценето дека е зачувана стабилноста на јавните финансии, намалени се енергетските субвенции, како и дека е стабилизирана инфлацијата. Соодветно, ММФ, во рамки на инструментот, на земјата ѝ доделува 161,35 милиони специјални права на влечење или околу 200 милиони евра. Инаку, ММФ го доделува инструментот ПЛЛ на земји со стабилни економски основи, велат од НБМ.

The post ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата appeared first on Република.

]]>

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) даде високи оценки за монетарната политика, финансискиот и надворешниот сектор, девизниот курс, како и за квалитетот на податоците, коишто се во рамки на надлежностите на Народната банка, а кои се предуслов за квалификување за Кредитната линија за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ), информираат од Народната банка на Македонија. Во извештајот на Мисијата на ММФ врз основа на член 4 од Договорот за членство во Фондот, како и првиот преглед во рамки на аранжманот за ПЛЛ, се наведува дека промените на монетарната политика, преку зголемување на основната камата и други мерки, заедно со намалувањето на цените на светско ниво, придонесоа кон намалување на инфлацијата. Инфлациските очекувања се зацврстени, а девизниот пазар е стабилен. И покрај кризите, стабилноста на банкарскиот сектор продолжи да се зголемува, додека растот на депозитите и кредитите постепено се враќа на предкризните нивоа. Во Извештајот на Мисијата се наведува дека инфлацијата постепено се намалува и дека се очекува таа да продолжи во истата насока, стремејќи се да се врати на ниските стапки од претходно. Сепак, ризиците и натаму се присутни. Во овој контекст, централната банка треба да биде подготвена, доколку се остварат ризиците, да реагира преку затегнување на монетарна политика, наведуваат од ММФ. Мисијата оценува дека банкарскиот сектор е соодветно капитализиран, со понатамошен раст на адекватноста на капиталот и историски најниско ниво на нефункционалните кредити од 2,9%. Се наведува дека поради глобалното монетарно затегнување, Народната банка засилено ги следи ризиците, забележувајќи напредок во однос на спроведените стрес-тестови. Како резултат на монетарното затегнување, растот на депозитите и кредитите се нормализира на преткризното ниво, со раст на депозитите од 8,9% и на кредитите за 5,8% на годишна основа во септември. Како резултат на макропрудентната политика и мерките преземени од страна на Народната банка, се забележува стабилизирање на пазарот на недвижности. Мисијата посочува дека макропрудентната рамка во текот на минатата година е зајакната со усвојување на Стратегијата за спроведување на макропрудентната политика, како и усвојувањето на Законот за решавање на банки. ММФ го потенцираше и значењето на независноста на централната банка за успешно остварување на нејзините законски цели. Првиот преглед врз основа на инструментот ПЛЛ е завршен успешно, при што е оценето дека е зачувана стабилноста на јавните финансии, намалени се енергетските субвенции, како и дека е стабилизирана инфлацијата. Соодветно, ММФ, во рамки на инструментот, на земјата ѝ доделува 161,35 милиони специјални права на влечење или околу 200 милиони евра. Инаку, ММФ го доделува инструментот ПЛЛ на земји со стабилни економски основи, велат од НБМ.

The post ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата appeared first on Република.

]]>
За затворање на платежна сметка и за одржување на неактивна сметка не треба да се наплатуваат финансиски средства https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/za-zatvorane-na-platezhna-smetka-i-za-odrzhuvane-na-neaktivna-smetka-ne-treba-da-se-naplatuvaat-finansiski-sredstva/ Tue, 22 Aug 2023 07:35:14 +0000 https://republika.mk/?p=674421

За затворање на платежна сметка која се користи подолго од шест месеци или за одржување на неактивните сметки, банките и штедилниците не смеат да им наплатуваат надоместоци на граѓаните и на фирмите. Тоа значи дека доколку некој сака да затвори платежна сметка или доколку има неактивна сметка во некоја банка или штедилница, не треба да плаќа финансиски средства за овие услуги на банката.

Од Народната банка појаснуваат дека со новиот Закон за платежни услуги и платни системи што почна да се применува од 1 јануари годинава, се зајакнува заштитата на граѓаните и компаниите во однос на надоместоците за платежните услуги кои од нив ги наплатуваат давателите на платежни услуги.

Имено, доколку рамковниот договор со кој се уредува отворањето, одржувањето и затворањето на платежната сметка е во сила во период подолг од шест месеци, давателот на платежни услуги не смее да му наплати на сопственикот за затворањето на сметката. Се забранува и наплатата на надоместоци од страна на давателот на платежни услуги за сметки кои подолг период не се употребуваат од граѓаните, објаснуваат од Народната банка за МИА.

Платежната сметка се смета за неактивна ако не е користена во последните две години, а депозитната сметка е неактивна доколку не е користена 10 години. Банката или штедилницата е должна да се обиде да воспостави контакт со сопственикот на сметката пред промена на статусот на сметката од активна во неактивна. За неактивните сметки не смее да се наплатуваат надоместоци, но како што појаснуваат од НБ, банките и штедилниците мора да продолжат да пресметуваат камата на позитивното салдо согласно договорните услови.

На прашањето како да се заштитат граѓаните и фирмите во вакви случаи, од Народната банка велат дека за секоја поплака или совет, може да се обратат до Дирекцијата за финансиска едукација и заштита на потрошувачите која е задолжена да ги разгледува и соодветно да постапува по поднесени претставки.

Оттаму не откриваат дали досега има пристигнато поплаки од граѓани за наплата на ваквиот тип на услуги од страна на банките или штедилниците.

За кршење на законските одредби, како што наведуваат од Народната банка, предвидени се парични казни за сторителите.

The post За затворање на платежна сметка и за одржување на неактивна сметка не треба да се наплатуваат финансиски средства appeared first on Република.

]]>

За затворање на платежна сметка која се користи подолго од шест месеци или за одржување на неактивните сметки, банките и штедилниците не смеат да им наплатуваат надоместоци на граѓаните и на фирмите. Тоа значи дека доколку некој сака да затвори платежна сметка или доколку има неактивна сметка во некоја банка или штедилница, не треба да плаќа финансиски средства за овие услуги на банката. Од Народната банка појаснуваат дека со новиот Закон за платежни услуги и платни системи што почна да се применува од 1 јануари годинава, се зајакнува заштитата на граѓаните и компаниите во однос на надоместоците за платежните услуги кои од нив ги наплатуваат давателите на платежни услуги. Имено, доколку рамковниот договор со кој се уредува отворањето, одржувањето и затворањето на платежната сметка е во сила во период подолг од шест месеци, давателот на платежни услуги не смее да му наплати на сопственикот за затворањето на сметката. Се забранува и наплатата на надоместоци од страна на давателот на платежни услуги за сметки кои подолг период не се употребуваат од граѓаните, објаснуваат од Народната банка за МИА. Платежната сметка се смета за неактивна ако не е користена во последните две години, а депозитната сметка е неактивна доколку не е користена 10 години. Банката или штедилницата е должна да се обиде да воспостави контакт со сопственикот на сметката пред промена на статусот на сметката од активна во неактивна. За неактивните сметки не смее да се наплатуваат надоместоци, но како што појаснуваат од НБ, банките и штедилниците мора да продолжат да пресметуваат камата на позитивното салдо согласно договорните услови. На прашањето како да се заштитат граѓаните и фирмите во вакви случаи, од Народната банка велат дека за секоја поплака или совет, може да се обратат до Дирекцијата за финансиска едукација и заштита на потрошувачите која е задолжена да ги разгледува и соодветно да постапува по поднесени претставки. Оттаму не откриваат дали досега има пристигнато поплаки од граѓани за наплата на ваквиот тип на услуги од страна на банките или штедилниците. За кршење на законските одредби, како што наведуваат од Народната банка, предвидени се парични казни за сторителите.

The post За затворање на платежна сметка и за одржување на неактивна сметка не треба да се наплатуваат финансиски средства appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата ќе се намалува, на среден рок ќе се сведе близу до историскиот просек https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezhoska-inflatsijata-ke-se-namaluva-na-sreden-rok-ke-se-svede-blizu-do-istoriskiot-prosek/ Thu, 18 May 2023 11:07:11 +0000 https://republika.mk/?p=642255

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска ги претставила најновите макроекономски проекции на Народната банка пред дипломатскиот кор и пред претставниците на меѓународните институции.

На настанот, што се организира редовно по секој нов циклус макроекономски проекции на централната банка, присуствувале претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Обединетите нации (ОН), Програмата за развој на ОН (УНДП), делегацијата на Европската Унија (ЕУ), како и на дипломатските претставништва на Албанија, Словачка, Бугарија, Холандија, Кина, Италија, Франција, Швајцарија, Шпанија, Косово, Шведска, Унгарија, САД, Грција, Германија и Словенија.

Имајќи ги предвид досегашните остварувања, како и проекциите на меѓународните финансиски институции за пад / стабилизирање на цените на храната и енергијата, затегнувањето на монетарните услови и другите мерки, се предвидува забавување на инфлацијата, односно таа би се свела на едноцифрено ниво од 8 до 9 проценти во 2023 година, а потоа на среден рок би забележала натамошно намалување и сведување под 3 проценти, како што беше и октомвриската проекција. Со оглед на геополитичките случувања, ризиците околу проекцијата за инфлацијата и натаму постојат, но засега проекциите на МФИ предвидуваат поголем пад на цените на примарните производи, што упатува и на одредени надолни ризици. Потребно е и внимателно следење на сите мерки коишто влијаат на агрегатната побарувачка - истакнала Ангеловска- Бежоска.

Нагласила дека идната поставеност на монетарната политика ќе зависи од динамиката на инфлацијата и инфлациските очекувања, но и од движењата на девизниот пазар и нивото на девизните резерви.

Во моментов, надворешната позиција на домашната економија во овој циклус се оценува како поповолна, при значително помал притисок врз тековната сметка во 2023 година, пред сѐ заради падот на цените на енергентите. Ова позитивно се одразува на девизните резерви. Во услови на очекувани солидни текови во финансиската сметка, се очекува дека девизните резерви и натаму ќе растат на збирна основа и ќе се задржат на соодветно ниво, што е потребно за одржување стабилен курс на денарот - оценила гувернерката.

Се осврнала и на очекувањата за економската активност при што посочила дека растот на македонската економија годинава се очекува да изнесува 2,1 процент, а на среден рок би забрзал на 3,6 проценти во 2024 година и на 4 проценти во 2025 година.

Растот на економијата ќе продолжи да биде поддржуван од банкарскиот систем со стапка на кредитен раст од 5,7 проценти во 2023 година. На среден рок се очекува забрзување на растот на кредитната активност, согласно со очекувањата за подинамичен економски раст и стабилизација на очекувањата. Кредитниот раст, како и досега, ќе биде поддржан од растот на депозитите, кој е главен извор на финансирање. Годинава се очекува забрзување на растот на депозитите кој би изнесувал 6,9 проценти, како и натамошен солиден раст во следните години, заедно со закрепнувањето на домашната економија и зголемена куповна моќ на населението, информирала гувернерката на состанокот со дипломатскиот кор и меѓународните финансиски институции.

The post Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата ќе се намалува, на среден рок ќе се сведе близу до историскиот просек appeared first on Република.

]]>

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска ги претставила најновите макроекономски проекции на Народната банка пред дипломатскиот кор и пред претставниците на меѓународните институции. На настанот, што се организира редовно по секој нов циклус макроекономски проекции на централната банка, присуствувале претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Обединетите нации (ОН), Програмата за развој на ОН (УНДП), делегацијата на Европската Унија (ЕУ), како и на дипломатските претставништва на Албанија, Словачка, Бугарија, Холандија, Кина, Италија, Франција, Швајцарија, Шпанија, Косово, Шведска, Унгарија, САД, Грција, Германија и Словенија.
Имајќи ги предвид досегашните остварувања, како и проекциите на меѓународните финансиски институции за пад / стабилизирање на цените на храната и енергијата, затегнувањето на монетарните услови и другите мерки, се предвидува забавување на инфлацијата, односно таа би се свела на едноцифрено ниво од 8 до 9 проценти во 2023 година, а потоа на среден рок би забележала натамошно намалување и сведување под 3 проценти, како што беше и октомвриската проекција. Со оглед на геополитичките случувања, ризиците околу проекцијата за инфлацијата и натаму постојат, но засега проекциите на МФИ предвидуваат поголем пад на цените на примарните производи, што упатува и на одредени надолни ризици. Потребно е и внимателно следење на сите мерки коишто влијаат на агрегатната побарувачка - истакнала Ангеловска- Бежоска.
Нагласила дека идната поставеност на монетарната политика ќе зависи од динамиката на инфлацијата и инфлациските очекувања, но и од движењата на девизниот пазар и нивото на девизните резерви.
Во моментов, надворешната позиција на домашната економија во овој циклус се оценува како поповолна, при значително помал притисок врз тековната сметка во 2023 година, пред сѐ заради падот на цените на енергентите. Ова позитивно се одразува на девизните резерви. Во услови на очекувани солидни текови во финансиската сметка, се очекува дека девизните резерви и натаму ќе растат на збирна основа и ќе се задржат на соодветно ниво, што е потребно за одржување стабилен курс на денарот - оценила гувернерката.
Се осврнала и на очекувањата за економската активност при што посочила дека растот на македонската економија годинава се очекува да изнесува 2,1 процент, а на среден рок би забрзал на 3,6 проценти во 2024 година и на 4 проценти во 2025 година. Растот на економијата ќе продолжи да биде поддржуван од банкарскиот систем со стапка на кредитен раст од 5,7 проценти во 2023 година. На среден рок се очекува забрзување на растот на кредитната активност, согласно со очекувањата за подинамичен економски раст и стабилизација на очекувањата. Кредитниот раст, како и досега, ќе биде поддржан од растот на депозитите, кој е главен извор на финансирање. Годинава се очекува забрзување на растот на депозитите кој би изнесувал 6,9 проценти, како и натамошен солиден раст во следните години, заедно со закрепнувањето на домашната економија и зголемена куповна моќ на населението, информирала гувернерката на состанокот со дипломатскиот кор и меѓународните финансиски институции.

The post Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата ќе се намалува, на среден рок ќе се сведе близу до историскиот просек appeared first on Република.

]]>
НБМ за 2023 година проектира економски раст од 2,1 отсто, а просечна инфлација од 8 до 9 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nbm-za-2023-godina-proektira-ekonomski-rast-od-2-1-otsto-a-prosechna-inflatsija-od-8-do-9-otsto/ Tue, 16 May 2023 10:35:17 +0000 https://republika.mk/?p=641303

Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај, во чии рамки се вклучени и пролетните макроекономски проекции на Народната банка. По усвојувањето на Извештајот, гувернерката ги претстави макроекономските проекции во јавноста на конференцијата за печатот.

Според последните проекции, макроекономската слика не е значително променета во споредба со претходните оцени. И понатаму се очекува стабилизирање на растот и умерено забрзување на среден рок, како и постепено забавување на инфлацијата, при оцени за исцрпување на надворешните шокови и позатегнати финансиски услови. Во надворешниот сектор, притисоците врз дефицитот во тековната сметка се помали, поради пониските цени на примарните производи во моментов, но и очекувањата на меѓународните финансиски институции за нивно натамошно намалување за следниот период. Девизните резерви и на краток и на среден рок се во сигурната зона. Ризиците околу проекциите и понатаму постојат, а главно се поврзани со надворешното окружување.

Во однос на економскиот раст, при незначителни промени во претпоставките за домашното и надворешното окружување и земајќи ги предвид најновите достапни информации околу најавените инфраструктурни проекти, проектираниот економски раст за 2023 година изнесува 2,1%, што е помалку во однос на основното сценарио, но во средината на интервалот од двете сценарија од октомвриската проекција. За 2024 и 2025 година, проекциите за БДП се непроменети, односно се очекува забрзување на растот при што тој би изнесувал 3,6% и 4%, соодветно, во согласност со закрепнувањето на глобалната економска активност, а особено активноста на нашите најзначајни трговски партнери. Во поглед на структурата на растот во периодот 2023 ‒ 2024 година, се очекува дека растот и во тековните проекции ќе произлегува од домашната побарувачка, а нето-извозот ќе има мал негативен придонес.

Во поглед на идната патека на цените во домашната економија, најновите проекции упатуваат на непроменети очекувања за движењето на инфлацијата, односно ги потврдуваат октомвриските согледувања за нејзино забавување и сведување на едноцифрено ниво, во интервалот од 8 до 9% во 2023 година. Енергетската компонента во значителна мера би придонесла за забавување на инфлацијата во 2023 година, што се должи на претпоставките за намалување на цените на енергентите, а се очекува постепено ублажување на ценовните притисоци и кај храната. На среден рок се очекува дека стапката на инфлација и натаму ќе забавува и ќе се сведе под 3%, близу до историскиот просек. Ризиците за проекцијата на инфлацијата на среден рок и натаму се поврзани со неизвесноста во поглед на идните движења на светските цени на енергијата и храната и интензитетот на пренос врз домашната инфлација. Исто така, растот на платите, а особено соодносот со растот на продуктивноста треба внимателно да се следат.

Посилната надолна корекција на очекувањата за берзанските цени на енергијата и храната ги изменија проекциите, поточно сега се очекува значително понизок дефицит на тековната сметка во 2023 година, во споредба со октомвриската проекција, односно стеснување на дефицитот на 3,6% од БДП во 2023 година. Во следниот период се очекува стабилизација на цените, што заедно со очекувањата за подобра глобална економија и закрепнувањето на најзначајните трговски партнери би придонесле за понатамошно стеснување на дефицитот кај тековните трансакции на 3,2% од БДП во 2024 година и 2,7% од БДП во 2025 година. Финансиските нето-приливи во периодот 2023 ‒ 2025 година во целост би го финансирале дефицитот на тековната сметка и ќе овозможат дополнителен раст на девизните резерви. Најголемиот дел од финансирањето би се остварил преку странските директни инвестиции, како и долгорочното задолжување на државата. Во целиот период на проекцијата се очекува дека девизните резерви ќе се задржат на ниво соодветно на меѓународните стандарди за одржување на стабилноста на девизниот курс.

Последните оцени за кредитната активност на банкарскиот сектор посочуваат на поумерен раст во однос на октомвриските проекции. На крајот на 2023 година кредитниот раст би забавил сведувајќи се на 5,7% на годишна основа, при што одреден придонес за ваквите движења имаат и донесените монетарни и макропрудентни мерки. Со постепеното забрзување на економскиот раст и стабилизирањето на очекувањата, се предвидува забрзување на растот и на кредитната активност во наредниот период, при што кредитниот раст за периодот 2024 ‒ 2025 година би изнесувал 6,6% во просек. Гледано од аспект на изворите на финансирање, се очекува дека кредитниот раст, како и досега, ќе биде поддржан од растот на депозитите, којшто би изнесувал 6,9% во 2023 година и 7,7% во периодот од 2024 до 2025 година, во просек.

Народната банка внимателно ги следи макроекономските податоци и ризиците и како и досега, ќе ги презема сите неопходни мерки користејќи ги сите расположливи инструменти за одржување на стабилноста на девизниот курс и за стабилизирање на инфлацијата на среден рок.

The post НБМ за 2023 година проектира економски раст од 2,1 отсто, а просечна инфлација од 8 до 9 отсто appeared first on Република.

]]>

Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај, во чии рамки се вклучени и пролетните макроекономски проекции на Народната банка. По усвојувањето на Извештајот, гувернерката ги претстави макроекономските проекции во јавноста на конференцијата за печатот. Според последните проекции, макроекономската слика не е значително променета во споредба со претходните оцени. И понатаму се очекува стабилизирање на растот и умерено забрзување на среден рок, како и постепено забавување на инфлацијата, при оцени за исцрпување на надворешните шокови и позатегнати финансиски услови. Во надворешниот сектор, притисоците врз дефицитот во тековната сметка се помали, поради пониските цени на примарните производи во моментов, но и очекувањата на меѓународните финансиски институции за нивно натамошно намалување за следниот период. Девизните резерви и на краток и на среден рок се во сигурната зона. Ризиците околу проекциите и понатаму постојат, а главно се поврзани со надворешното окружување. Во однос на економскиот раст, при незначителни промени во претпоставките за домашното и надворешното окружување и земајќи ги предвид најновите достапни информации околу најавените инфраструктурни проекти, проектираниот економски раст за 2023 година изнесува 2,1%, што е помалку во однос на основното сценарио, но во средината на интервалот од двете сценарија од октомвриската проекција. За 2024 и 2025 година, проекциите за БДП се непроменети, односно се очекува забрзување на растот при што тој би изнесувал 3,6% и 4%, соодветно, во согласност со закрепнувањето на глобалната економска активност, а особено активноста на нашите најзначајни трговски партнери. Во поглед на структурата на растот во периодот 2023 ‒ 2024 година, се очекува дека растот и во тековните проекции ќе произлегува од домашната побарувачка, а нето-извозот ќе има мал негативен придонес. Во поглед на идната патека на цените во домашната економија, најновите проекции упатуваат на непроменети очекувања за движењето на инфлацијата, односно ги потврдуваат октомвриските согледувања за нејзино забавување и сведување на едноцифрено ниво, во интервалот од 8 до 9% во 2023 година. Енергетската компонента во значителна мера би придонесла за забавување на инфлацијата во 2023 година, што се должи на претпоставките за намалување на цените на енергентите, а се очекува постепено ублажување на ценовните притисоци и кај храната. На среден рок се очекува дека стапката на инфлација и натаму ќе забавува и ќе се сведе под 3%, близу до историскиот просек. Ризиците за проекцијата на инфлацијата на среден рок и натаму се поврзани со неизвесноста во поглед на идните движења на светските цени на енергијата и храната и интензитетот на пренос врз домашната инфлација. Исто така, растот на платите, а особено соодносот со растот на продуктивноста треба внимателно да се следат. Посилната надолна корекција на очекувањата за берзанските цени на енергијата и храната ги изменија проекциите, поточно сега се очекува значително понизок дефицит на тековната сметка во 2023 година, во споредба со октомвриската проекција, односно стеснување на дефицитот на 3,6% од БДП во 2023 година. Во следниот период се очекува стабилизација на цените, што заедно со очекувањата за подобра глобална економија и закрепнувањето на најзначајните трговски партнери би придонесле за понатамошно стеснување на дефицитот кај тековните трансакции на 3,2% од БДП во 2024 година и 2,7% од БДП во 2025 година. Финансиските нето-приливи во периодот 2023 ‒ 2025 година во целост би го финансирале дефицитот на тековната сметка и ќе овозможат дополнителен раст на девизните резерви. Најголемиот дел од финансирањето би се остварил преку странските директни инвестиции, како и долгорочното задолжување на државата. Во целиот период на проекцијата се очекува дека девизните резерви ќе се задржат на ниво соодветно на меѓународните стандарди за одржување на стабилноста на девизниот курс. Последните оцени за кредитната активност на банкарскиот сектор посочуваат на поумерен раст во однос на октомвриските проекции. На крајот на 2023 година кредитниот раст би забавил сведувајќи се на 5,7% на годишна основа, при што одреден придонес за ваквите движења имаат и донесените монетарни и макропрудентни мерки. Со постепеното забрзување на економскиот раст и стабилизирањето на очекувањата, се предвидува забрзување на растот и на кредитната активност во наредниот период, при што кредитниот раст за периодот 2024 ‒ 2025 година би изнесувал 6,6% во просек. Гледано од аспект на изворите на финансирање, се очекува дека кредитниот раст, како и досега, ќе биде поддржан од растот на депозитите, којшто би изнесувал 6,9% во 2023 година и 7,7% во периодот од 2024 до 2025 година, во просек. Народната банка внимателно ги следи макроекономските податоци и ризиците и како и досега, ќе ги презема сите неопходни мерки користејќи ги сите расположливи инструменти за одржување на стабилноста на девизниот курс и за стабилизирање на инфлацијата на среден рок.

The post НБМ за 2023 година проектира економски раст од 2,1 отсто, а просечна инфлација од 8 до 9 отсто appeared first on Република.

]]>
Народната банка ја затегна монетарната политика: Каматните стапки зголемени за дополнителни 0,5 п.п. https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/narodnata-banka-ja-zategna-monetarnata-politika-kamatnite-stapki-zgolemeni-za-dopolnitelni-0-5-p-p/ Thu, 09 Feb 2023 09:13:01 +0000 https://republika.mk/?p=606794

На 7 февруари 2023 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика.

На седницата на Комитетот беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за 0,5 п.п. до нивото од 5,25%. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари. Во согласност со зголемувањето на основната каматна стапка, ќе се применува и повисока каматна стапка на кредитот преку ноќ. На седницата беше донесена одлука за зголемување и на каматните стапки на расположливите депозити преку ноќ и на седум дена, исто така за по 0,5 п.п. Овие каматни стапки ќе се применуваат од 15.2.2023 година.Со овие промени, Народната банка и на почетокот на оваа година продолжува со затегнување на монетарната политика, коешто започна уште од крајот на 2021 година, преку примена на повеќе инструменти, заради одржување на стабилноста на девизниот курс и стабилизирање на инфлацијата на среден рок.

На седницата беше утврдено дека остварувањата кај клучните макроекономски показатели главно се во согласност со очекуваните. Сепак, амбиентот за спроведување на монетарната политика и натаму е неизвесен и бара претпазливост. Вкупната инфлација почна да забавува кон крајот на минатата година, во согласност и со намалувањето на светските цени, а се очекува дека овој тренд ќе продолжи и во тековната година. Сепак, со оглед на силината и долготрајноста на надворешните ценовни шокови, и покрај поволните поместувања, инфлацијата и натаму е на повисоко ниво и наметнува потреба од внимателно следење на инфлациските очекувања. Во однос на другите показатели коишто се битни за монетарната политика, движењата на девизниот пазар се стабилни, а се забележуваат и поповолни трендови во делот на штедењето во домашна валута и на долг рок.

Со оглед на врзаноста на нашата валута со еврото, при одлучувањето за монетарната политика влијаат и промените во монетарната политика на Европската централна банка, којашто на состанокот на 2 февруари донесе одлука за зголемување на основните каматни стапки за 0,5 п.п.

Во однос на најновите показатели, домашните цени во декември забележаа мал пад, со што годишната стапка на инфлација и натаму забавува сведувајќи се на 18,7%. Просечната годишна стапка на инфлација за целата 2022 година изнесува 14,2% и е во согласност со последните проекции на Народната банка од 14,3%, а произлегува претежно од порастот на светските цени на храната и енергијата, вклучително и на домашната цена на електрична и топлинска енергија и нивниот преносен ефект и врз цените на останатите производи и услуги, во отсуство на доволно домашни ресурси за ублажување на овие шокови. Неизвесноста од идната динамика на цените на примарните производи на берзите, а особено на енергентите, и натаму постои поради воените случувања во Украина и санкциите кон Русија, поради што и натаму од исклучителна важност е водењето претпазливи домашни политики и внимателното управување со домашната побарувачка.

Нивото на девизните резерви, заклучно со крајот на јануари, ги задоволува меѓународните стандарди неопходни за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута, односно тие и понатаму се на соодветно ниво. Движењата на домашниот девизен пазар и во текот на јануари беа релативно стабилни, при што Народната банка само повремено беше присутна на девизниот пазар. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, трговскиот дефицит во 2022 година е понизок од очекуваниот, што придонесе за подобри остварувања кај девизните резерви. Најновите остварувања на менувачкиот пазар од почетокот на годината се поволни и засега се во склад со проектираните нето-приливи од приватните трансфери за првиот квартал од 2023 година.

Што се однесува до домашната економска активност, остварувањата во првите три квартали од 2022 година се многу блиску до проектираните (растот е 2,7% при проекции на Народната банка од 2,5%), а расположливите високофреквентни податоци за четвртиот квартал се во прилог на очекувањата дека забавувањето на растот ќе продолжи до крајот на годината. Имено, податоците за овој период покажуваат реален годишен пад на прометот во вкупната трговија, по малиот раст во претходниот квартал, како и натамошни неповолни движења кај индустриското производство и извршените градежни работи. Од друга страна, растот кај прометот во угостителството и натаму е висок и забрзува на годишно ниво.

Во однос на монетарните движења, во декември 2022 година кредитната активност и натаму расте на годишна основа, но поумерено, особено во сегментот на домаќинствата, во согласност со очекувањата. Растот кај депозитите забрза и ги надмина очекувањата, при што кај населението се забележува пораст на склоноста за штедење во денари и на подолг рок.

Општо земено, неизвесното и променливо окружување и нагласените ризици налагаат натамошна претпазливост од носителите на политиките. Народната банка внимателно ги следи макроекономските податоци и ризиците и е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок, информираат од НБМ.

The post Народната банка ја затегна монетарната политика: Каматните стапки зголемени за дополнителни 0,5 п.п. appeared first on Република.

]]>

На 7 февруари 2023 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата на Комитетот беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за 0,5 п.п. до нивото од 5,25%. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари. Во согласност со зголемувањето на основната каматна стапка, ќе се применува и повисока каматна стапка на кредитот преку ноќ. На седницата беше донесена одлука за зголемување и на каматните стапки на расположливите депозити преку ноќ и на седум дена, исто така за по 0,5 п.п. Овие каматни стапки ќе се применуваат од 15.2.2023 година.Со овие промени, Народната банка и на почетокот на оваа година продолжува со затегнување на монетарната политика, коешто започна уште од крајот на 2021 година, преку примена на повеќе инструменти, заради одржување на стабилноста на девизниот курс и стабилизирање на инфлацијата на среден рок. На седницата беше утврдено дека остварувањата кај клучните макроекономски показатели главно се во согласност со очекуваните. Сепак, амбиентот за спроведување на монетарната политика и натаму е неизвесен и бара претпазливост. Вкупната инфлација почна да забавува кон крајот на минатата година, во согласност и со намалувањето на светските цени, а се очекува дека овој тренд ќе продолжи и во тековната година. Сепак, со оглед на силината и долготрајноста на надворешните ценовни шокови, и покрај поволните поместувања, инфлацијата и натаму е на повисоко ниво и наметнува потреба од внимателно следење на инфлациските очекувања. Во однос на другите показатели коишто се битни за монетарната политика, движењата на девизниот пазар се стабилни, а се забележуваат и поповолни трендови во делот на штедењето во домашна валута и на долг рок. Со оглед на врзаноста на нашата валута со еврото, при одлучувањето за монетарната политика влијаат и промените во монетарната политика на Европската централна банка, којашто на состанокот на 2 февруари донесе одлука за зголемување на основните каматни стапки за 0,5 п.п. Во однос на најновите показатели, домашните цени во декември забележаа мал пад, со што годишната стапка на инфлација и натаму забавува сведувајќи се на 18,7%. Просечната годишна стапка на инфлација за целата 2022 година изнесува 14,2% и е во согласност со последните проекции на Народната банка од 14,3%, а произлегува претежно од порастот на светските цени на храната и енергијата, вклучително и на домашната цена на електрична и топлинска енергија и нивниот преносен ефект и врз цените на останатите производи и услуги, во отсуство на доволно домашни ресурси за ублажување на овие шокови. Неизвесноста од идната динамика на цените на примарните производи на берзите, а особено на енергентите, и натаму постои поради воените случувања во Украина и санкциите кон Русија, поради што и натаму од исклучителна важност е водењето претпазливи домашни политики и внимателното управување со домашната побарувачка. Нивото на девизните резерви, заклучно со крајот на јануари, ги задоволува меѓународните стандарди неопходни за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута, односно тие и понатаму се на соодветно ниво. Движењата на домашниот девизен пазар и во текот на јануари беа релативно стабилни, при што Народната банка само повремено беше присутна на девизниот пазар. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, трговскиот дефицит во 2022 година е понизок од очекуваниот, што придонесе за подобри остварувања кај девизните резерви. Најновите остварувања на менувачкиот пазар од почетокот на годината се поволни и засега се во склад со проектираните нето-приливи од приватните трансфери за првиот квартал од 2023 година. Што се однесува до домашната економска активност, остварувањата во првите три квартали од 2022 година се многу блиску до проектираните (растот е 2,7% при проекции на Народната банка од 2,5%), а расположливите високофреквентни податоци за четвртиот квартал се во прилог на очекувањата дека забавувањето на растот ќе продолжи до крајот на годината. Имено, податоците за овој период покажуваат реален годишен пад на прометот во вкупната трговија, по малиот раст во претходниот квартал, како и натамошни неповолни движења кај индустриското производство и извршените градежни работи. Од друга страна, растот кај прометот во угостителството и натаму е висок и забрзува на годишно ниво. Во однос на монетарните движења, во декември 2022 година кредитната активност и натаму расте на годишна основа, но поумерено, особено во сегментот на домаќинствата, во согласност со очекувањата. Растот кај депозитите забрза и ги надмина очекувањата, при што кај населението се забележува пораст на склоноста за штедење во денари и на подолг рок. Општо земено, неизвесното и променливо окружување и нагласените ризици налагаат натамошна претпазливост од носителите на политиките. Народната банка внимателно ги следи макроекономските податоци и ризиците и е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок, информираат од НБМ.

The post Народната банка ја затегна монетарната политика: Каматните стапки зголемени за дополнителни 0,5 п.п. appeared first on Република.

]]>
Основната каматна стапка останува на ниво од 2,5 проценти https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/osnovnata-kamatna-stapka-ostanuva-na-nivo-od-2-5-procenti/ Wed, 10 Aug 2022 09:33:09 +0000 https://republika.mk/?p=538673

Основната каматна стапка останува непроменета на ниво од 2,5 проценти, а понудата на благајничките записи исто така останува непроменета и изнесува 10 милијарди денари, информира денеска Народната банка.

При носењето на ваквата одлука беа земени предвид неколку клучни фактори, пред сѐ, досега преземените чекори за нормализирање на монетарната политика, како и последните движења кај инфлацијата и на девизниот пазар. На девизниот пазар се забележува значајно стабилизирање во последниот период, а Народната банка интервенира со откуп на девизи. Притоа, притисоците од енергетската криза се намалени значително, додека приливот на девизи на менувачкиот пазар во овој период е значително повисок од очекувањата. Воедно, на девизниот пазар видливи се и одредени позитивни поместувања во однос на побарувачката на девизи од страна на домашните физички лица, што укажува на постепено стабилизирање на очекувањата и довербата на домашните субјекти, велат од Народната банка.

На вчерашната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика разгледани се најновите податоци за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и домашните финансиски пазари при што е оценето дека ризиците за целокупниот макроекономски контекст и натаму се изразени и дека главен ризик и понатаму претставува неизвесноста предизвикана од глобалните геополитички тензии и нивното влијание врз цените и економската активност во глобални рамки.

Најновите податоци за инфлацијата покажуваат просечна инфлација од 10,9 проценти во периодот јануари – јули, при што три четвртини од овој раст се објаснува со растечките цени на храната и енергијата.

Оттука, динамиката на инфлацијата и натаму главно е одраз на фактори на страната на понудата, односно на порастот на увозните цени на храната и енергијата, вклучително и на домашната цена на електрична енергија, која е под влијание на случувањата во глобалниот пазар на енергија. Сепак, со оглед на долготрајноста на овие трендови, ваквите притисоци брзо се прелеваат врз цените и на останатите производи и услуги и дополнително ги подгреваат инфлациските очекувања, што упатува на потребата од водење претпазливи домашни политики. Сепак, месечната промена на потрошувачките цени покажува одредено забавување, а голем дел од месечниот раст се должи и на донесената одлука за промени во регулираната цена на електричната енергија. Воедно, годишната динамика на базичната инфлација остана стабилна, посочува централната банка.

Најновите очекувања на светските пазари, како што велат од Народната банка, навестуваат постепено стивнување на ценовните притисоци, односно очекувањата за цените на храната се ревидирани надолу, додека кај цените на нафтата се очекува стабилизирање на крајот на годинава, а потоа и нивно намалување.

Сепак, ризиците на страната на понудата, особено во поглед на идните движења на цените на енергијата и храната и натаму се значително изразени поради воените случувања во Украина, со што останува голема и неизвесноста поврзана со пренесените ефекти врз домашната инфлација, се вели во соопштението.

Девизните резерви се одржуваат во сигурна зона, а податоците за активноста во домашната економија во првиот квартал од 2,4 проценти, како и оцените за понатамошен раст согласно со високофреквентните податоци за периодот април – јунизасега се во согласност со последните очекувања. Во овој период се забележува натамошен, но малку поумерен годишен раст кај индустријата, прометот во вкупната трговија и угостителството, додека активноста во градежништвото во периодот април – мај бележи забавување на падот. Последните податоци покажуваат и понатамошен раст на кредитите и на депозитите.

The post Основната каматна стапка останува на ниво од 2,5 проценти appeared first on Република.

]]>

Основната каматна стапка останува непроменета на ниво од 2,5 проценти, а понудата на благајничките записи исто така останува непроменета и изнесува 10 милијарди денари, информира денеска Народната банка. При носењето на ваквата одлука беа земени предвид неколку клучни фактори, пред сѐ, досега преземените чекори за нормализирање на монетарната политика, како и последните движења кај инфлацијата и на девизниот пазар. На девизниот пазар се забележува значајно стабилизирање во последниот период, а Народната банка интервенира со откуп на девизи. Притоа, притисоците од енергетската криза се намалени значително, додека приливот на девизи на менувачкиот пазар во овој период е значително повисок од очекувањата. Воедно, на девизниот пазар видливи се и одредени позитивни поместувања во однос на побарувачката на девизи од страна на домашните физички лица, што укажува на постепено стабилизирање на очекувањата и довербата на домашните субјекти, велат од Народната банка. На вчерашната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика разгледани се најновите податоци за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и домашните финансиски пазари при што е оценето дека ризиците за целокупниот макроекономски контекст и натаму се изразени и дека главен ризик и понатаму претставува неизвесноста предизвикана од глобалните геополитички тензии и нивното влијание врз цените и економската активност во глобални рамки. Најновите податоци за инфлацијата покажуваат просечна инфлација од 10,9 проценти во периодот јануари – јули, при што три четвртини од овој раст се објаснува со растечките цени на храната и енергијата. Оттука, динамиката на инфлацијата и натаму главно е одраз на фактори на страната на понудата, односно на порастот на увозните цени на храната и енергијата, вклучително и на домашната цена на електрична енергија, која е под влијание на случувањата во глобалниот пазар на енергија. Сепак, со оглед на долготрајноста на овие трендови, ваквите притисоци брзо се прелеваат врз цените и на останатите производи и услуги и дополнително ги подгреваат инфлациските очекувања, што упатува на потребата од водење претпазливи домашни политики. Сепак, месечната промена на потрошувачките цени покажува одредено забавување, а голем дел од месечниот раст се должи и на донесената одлука за промени во регулираната цена на електричната енергија. Воедно, годишната динамика на базичната инфлација остана стабилна, посочува централната банка. Најновите очекувања на светските пазари, како што велат од Народната банка, навестуваат постепено стивнување на ценовните притисоци, односно очекувањата за цените на храната се ревидирани надолу, додека кај цените на нафтата се очекува стабилизирање на крајот на годинава, а потоа и нивно намалување. Сепак, ризиците на страната на понудата, особено во поглед на идните движења на цените на енергијата и храната и натаму се значително изразени поради воените случувања во Украина, со што останува голема и неизвесноста поврзана со пренесените ефекти врз домашната инфлација, се вели во соопштението. Девизните резерви се одржуваат во сигурна зона, а податоците за активноста во домашната економија во првиот квартал од 2,4 проценти, како и оцените за понатамошен раст согласно со високофреквентните податоци за периодот април – јунизасега се во согласност со последните очекувања. Во овој период се забележува натамошен, но малку поумерен годишен раст кај индустријата, прометот во вкупната трговија и угостителството, додека активноста во градежништвото во периодот април – мај бележи забавување на падот. Последните податоци покажуваат и понатамошен раст на кредитите и на депозитите.

The post Основната каматна стапка останува на ниво од 2,5 проценти appeared first on Република.

]]>
Каматната стапка на благајничките записи се зголемува на 1,5 проценти https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kamatnata-stapka-na-blagajnichkite-zapisi-se-zgolemuva-na-1-5-procenti/ Wed, 13 Apr 2022 10:42:35 +0000 https://republika.mk/?p=487820

Каматната стапка на благајничките записи се зголемува за 0,25 процентни поени и отсега ќе изнесува 1,5 проценти, одлучи Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка.

Одлуката, како што соопшти денеска Народната банка, е донесена како превентивен одговор на растечките инфлациски очекувања во услови на задржани оцени за отсуство на поизразени притисоци од домашната побарувачка и присутни надолни ризици за неа во следниот период.

При донесувањето на ваквата одлука во фокус беа најновите движења кај инфлацијата и инфлациските очекувања. Инаку, износот на понудата на благајнички записи на денешната аукција е непроменет, односно 10 милијарди денари, информира централната банка.

На состанокот на Комитетот за оперативна монетарна политика одржан вчера биле разгледани најновите движења на меѓународните и домашните финансиски пазари.

Најновите податоци покажуваат дека инфлацијата продолжи да забрзува и во март 2022 година достигна годишна стапка од 8,8 проценти. Главните фактори на поместувањата на ценовното ниво и понатаму се факторите на страната на понудата, односно цените на енергијата и на прехранбените производи, поради растечките увозни цени. На нив отпаѓа повеќе од три четвртини од растот. Сепак, имајќи предвид дека тие се влезен инпут кај повеќе други производи и услуги, а застојот кај синџирите за производство ги поскапува и другите увозни производи, најновите податоци покажуваат дека растот на цените станува пошироко распространет. Ова заедно со подолготрајниот ценовен притисок од првично очекуваните придонесува и за нагорни поместувања на инфлациските очекувања. Поизразени притисоци од побарувачката врз цените засега не се забележуваат, а воениот конфликт во Украина ги нагласува надолните ризици за домашната побарувачка во следниот период, стои во соопштението од Народната банка.

Оттаму информираат дека по иницијалниот притисок на девизниот пазар, кој вообичаено се случува во сите кризи, а којшто во голема мера беше поттикнат од неоснованите шпекулации за курсот, притисоците постепено се намалуваат и главно се поврзани со повисоката побарувачка од енергетскиот сектор, додека понудата од менувачниците бележи солиден раст надминувајќи го нивото и од пред пандемијата.

Девизните резерви остануваат на високо ниво согласно со сите меѓународни стандарди, а според прелиминарните податоци за март, годишниот раст на кредитите е солиден и е над проектираниот за првиот квартал од годинава, согласно октомвриската проекција.

Од Народната банка оценуваат дека неизвесноста и ризиците остануваат и нагласуваат дека како централна банка ќе продолжат со реоценување на поставеноста на монетарната политика.

Во тек е изработката на новиот циклус на макроекономски проекции во чии рамки ќе се направи сеопфатно реоценување на макроекономската слика и на поставеноста на монетарната политика. Доколку се оцени дека е потребно, централната банка ќе реагира со целиот свој расположлив инструментариум за задржување на ценовната и макроекономската стабилност, стои во соопштението од Народната банка.

The post Каматната стапка на благајничките записи се зголемува на 1,5 проценти appeared first on Република.

]]>

Каматната стапка на благајничките записи се зголемува за 0,25 процентни поени и отсега ќе изнесува 1,5 проценти, одлучи Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка. Одлуката, како што соопшти денеска Народната банка, е донесена како превентивен одговор на растечките инфлациски очекувања во услови на задржани оцени за отсуство на поизразени притисоци од домашната побарувачка и присутни надолни ризици за неа во следниот период. При донесувањето на ваквата одлука во фокус беа најновите движења кај инфлацијата и инфлациските очекувања. Инаку, износот на понудата на благајнички записи на денешната аукција е непроменет, односно 10 милијарди денари, информира централната банка. На состанокот на Комитетот за оперативна монетарна политика одржан вчера биле разгледани најновите движења на меѓународните и домашните финансиски пазари. Најновите податоци покажуваат дека инфлацијата продолжи да забрзува и во март 2022 година достигна годишна стапка од 8,8 проценти. Главните фактори на поместувањата на ценовното ниво и понатаму се факторите на страната на понудата, односно цените на енергијата и на прехранбените производи, поради растечките увозни цени. На нив отпаѓа повеќе од три четвртини од растот. Сепак, имајќи предвид дека тие се влезен инпут кај повеќе други производи и услуги, а застојот кај синџирите за производство ги поскапува и другите увозни производи, најновите податоци покажуваат дека растот на цените станува пошироко распространет. Ова заедно со подолготрајниот ценовен притисок од првично очекуваните придонесува и за нагорни поместувања на инфлациските очекувања. Поизразени притисоци од побарувачката врз цените засега не се забележуваат, а воениот конфликт во Украина ги нагласува надолните ризици за домашната побарувачка во следниот период, стои во соопштението од Народната банка. Оттаму информираат дека по иницијалниот притисок на девизниот пазар, кој вообичаено се случува во сите кризи, а којшто во голема мера беше поттикнат од неоснованите шпекулации за курсот, притисоците постепено се намалуваат и главно се поврзани со повисоката побарувачка од енергетскиот сектор, додека понудата од менувачниците бележи солиден раст надминувајќи го нивото и од пред пандемијата. Девизните резерви остануваат на високо ниво согласно со сите меѓународни стандарди, а според прелиминарните податоци за март, годишниот раст на кредитите е солиден и е над проектираниот за првиот квартал од годинава, согласно октомвриската проекција. Од Народната банка оценуваат дека неизвесноста и ризиците остануваат и нагласуваат дека како централна банка ќе продолжат со реоценување на поставеноста на монетарната политика. Во тек е изработката на новиот циклус на макроекономски проекции во чии рамки ќе се направи сеопфатно реоценување на макроекономската слика и на поставеноста на монетарната политика. Доколку се оцени дека е потребно, централната банка ќе реагира со целиот свој расположлив инструментариум за задржување на ценовната и макроекономската стабилност, стои во соопштението од Народната банка.

The post Каматната стапка на благајничките записи се зголемува на 1,5 проценти appeared first on Република.

]]>
Зголемено е користењето на новите дигитални решенија и променети се корисничките навики при плаќањата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zgolemeno-e-koristenjeto-na-novite-digitalni-reshenija-i-promeneti-se-korisnichkite-naviki-pri-plakjanjata/ Tue, 04 Jan 2022 09:26:58 +0000 https://republika.mk/?p=440348

Дигиталната трансформација, како неопходност на секој пазар, особено поттикната од променетите услови на живеење коишто ги создаде пандемијата на ковид-19, како глобално, така и во нашата земја, придонесе за постојан раст на употребата на дигиталните решенија за плаќање, како најсоодветни за нивното едноставно, достапно, сигурно и технолошки паметно извршување, информираат од Народната банка на Македонија.

И во третиот квартал на оваа година, платежните картички издадени од издавачи во земјата сѐ повеќе се користат од страна на граѓаните за плаќање во трговијата во земјата, што доведе до висок годишен раст кај вредноста и бројот на остварените трансакции од 16% и 14,9%, соодветно. Годишниот раст на бројот на плаќањата во трговијата, што произлегува пред сѐ од високиот годишен раст на бројот на плаќањата со платежни картички на виртуелните (интернет) места на продажба (40,8%), продолжува и во третиот квартал од 2021 година и е повисок за 4,3 пати во споредба со годишниот раст во истиот квартал од 2020 година. Во однос на користењето на платежните картички на физичките места на продажба, во третиот квартал од 2021 година, беше остварен висок годишен раст од 12,8%, којшто е повисок за 2,9 пати од годишниот раст остварен во истиот квартал од 2020 година.

Од аспект на плаќањата со кредитен трансфер, во третиот квартал од 2021 година, исто така е забележан висок раст кај плаќањата на граѓаните, при што годишниот раст кај вредноста на трансакциите изнесува 30,3%, а кај бројот на извршените трансакции е 50,6%.

Електронското банкарство и неговата употреба при иницирањето на кредитните трансфери и натаму бележи тренд на раст, што постоеше и пред пандемијата на ковид-19, но беше дополнително поттикнат со дигиталната трансформација за време на пандемијата. Така, и во третиот квартал од 2021 година, расте употребата на електронски иницираните кредитни трансфери за 22,2% на годишна основа кај бројот, односно за 31,4% кај вредноста на остварените трансакции, во споредба со истиот период од 2020 година, кога бележеа годишен раст од 35,9% кај бројот, односно од 30,8% кај вредноста на остварените трансакции, велат од НБМ.

The post Зголемено е користењето на новите дигитални решенија и променети се корисничките навики при плаќањата appeared first on Република.

]]>

Дигиталната трансформација, како неопходност на секој пазар, особено поттикната од променетите услови на живеење коишто ги создаде пандемијата на ковид-19, како глобално, така и во нашата земја, придонесе за постојан раст на употребата на дигиталните решенија за плаќање, како најсоодветни за нивното едноставно, достапно, сигурно и технолошки паметно извршување, информираат од Народната банка на Македонија. И во третиот квартал на оваа година, платежните картички издадени од издавачи во земјата сѐ повеќе се користат од страна на граѓаните за плаќање во трговијата во земјата, што доведе до висок годишен раст кај вредноста и бројот на остварените трансакции од 16% и 14,9%, соодветно. Годишниот раст на бројот на плаќањата во трговијата, што произлегува пред сѐ од високиот годишен раст на бројот на плаќањата со платежни картички на виртуелните (интернет) места на продажба (40,8%), продолжува и во третиот квартал од 2021 година и е повисок за 4,3 пати во споредба со годишниот раст во истиот квартал од 2020 година. Во однос на користењето на платежните картички на физичките места на продажба, во третиот квартал од 2021 година, беше остварен висок годишен раст од 12,8%, којшто е повисок за 2,9 пати од годишниот раст остварен во истиот квартал од 2020 година. Од аспект на плаќањата со кредитен трансфер, во третиот квартал од 2021 година, исто така е забележан висок раст кај плаќањата на граѓаните, при што годишниот раст кај вредноста на трансакциите изнесува 30,3%, а кај бројот на извршените трансакции е 50,6%. Електронското банкарство и неговата употреба при иницирањето на кредитните трансфери и натаму бележи тренд на раст, што постоеше и пред пандемијата на ковид-19, но беше дополнително поттикнат со дигиталната трансформација за време на пандемијата. Така, и во третиот квартал од 2021 година, расте употребата на електронски иницираните кредитни трансфери за 22,2% на годишна основа кај бројот, односно за 31,4% кај вредноста на остварените трансакции, во споредба со истиот период од 2020 година, кога бележеа годишен раст од 35,9% кај бројот, односно од 30,8% кај вредноста на остварените трансакции, велат од НБМ.

The post Зголемено е користењето на новите дигитални решенија и променети се корисничките навики при плаќањата appeared first on Република.

]]>