НБА Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nba/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Jan 2024 10:09:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png НБА Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nba/ 32 32 Дончиќ постигна 73 поени, стана четвртиот играч во историјата на НБА со таков ефект https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/donchik-postigna-73-poeni-stana-chetvrtiot-igrach-vo-istorijata-na-nba-so-takov-efekt/ Sat, 27 Jan 2024 10:09:01 +0000 https://republika.mk/?p=737406

Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ постигна 73 поени на натпреварот од регуларниот дел од НБА сезоната против Атланта (148:143). Со овој ефект, Дончиќ постави нов личен рекорд.

Дваесет и четиригодишниот словенечки репрезентативец стана и четвртиот играч во историјата на НБА кој достигнал 73 поени на еден натпревар. Претходно ова им успеа на Вилт Чембрлен, Коби Брајант и Дејвид Томпсон.

Со триумфот против Атланта, Далас ја прекина серијата од три порази и се наоѓа на осмото место во западната конференција.

Претходно во понеделникот, центарот на Филаделфија, Џоел Ембид, постигна 70 поени на дуелот против Сан Антонио.

https://www.youtube.com/watch?v=GRblNTXolvo

The post Дончиќ постигна 73 поени, стана четвртиот играч во историјата на НБА со таков ефект appeared first on Република.

]]>

Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ постигна 73 поени на натпреварот од регуларниот дел од НБА сезоната против Атланта (148:143). Со овој ефект, Дончиќ постави нов личен рекорд. Дваесет и четиригодишниот словенечки репрезентативец стана и четвртиот играч во историјата на НБА кој достигнал 73 поени на еден натпревар. Претходно ова им успеа на Вилт Чембрлен, Коби Брајант и Дејвид Томпсон. Со триумфот против Атланта, Далас ја прекина серијата од три порази и се наоѓа на осмото место во западната конференција. Претходно во понеделникот, центарот на Филаделфија, Џоел Ембид, постигна 70 поени на дуелот против Сан Антонио. https://www.youtube.com/watch?v=GRblNTXolvo

The post Дончиќ постигна 73 поени, стана четвртиот играч во историјата на НБА со таков ефект appeared first on Република.

]]>
Детроит пистонс ја прекинаа најдолгата серија порази во историјата на НБА https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/detroit-pistons-ja-prekinaa-najdolgata-serija-porazi-vo-istorijata-na-nba/ Sun, 31 Dec 2023 11:21:55 +0000 https://republika.mk/?p=728523

Кошаркарите на Детроит ја прекинаа најдолгата серија порази во историјата на НБА лигата со триумфот над Торонто од 129-127. За Детроит ова беше третата победа сезонава и прва по серија од 28 порази.

Најефикасен во редовите на Детроит беше првиот избор на драфтот во 2021 година, Кејд Канингем, кој постигна 30 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=TGI_31S8K4o

Во преостанатите четири натпревари одиграни изминатата ноќ во НБА лигата, Далас предводен од Лука Дончиќ (39 поени) триумфираше на гостински терен над Голден Стејт (132-122), додека домашни победи извојуваа Минесота против ЛА Лејкерс (108-106), Чикаго против Филаделфија (105-92) и Индијана против Њујорк (140-126).

The post Детроит пистонс ја прекинаа најдолгата серија порази во историјата на НБА appeared first on Република.

]]>

Кошаркарите на Детроит ја прекинаа најдолгата серија порази во историјата на НБА лигата со триумфот над Торонто од 129-127. За Детроит ова беше третата победа сезонава и прва по серија од 28 порази. Најефикасен во редовите на Детроит беше првиот избор на драфтот во 2021 година, Кејд Канингем, кој постигна 30 поени. https://www.youtube.com/watch?v=TGI_31S8K4o Во преостанатите четири натпревари одиграни изминатата ноќ во НБА лигата, Далас предводен од Лука Дончиќ (39 поени) триумфираше на гостински терен над Голден Стејт (132-122), додека домашни победи извојуваа Минесота против ЛА Лејкерс (108-106), Чикаго против Филаделфија (105-92) и Индијана против Њујорк (140-126).

The post Детроит пистонс ја прекинаа најдолгата серија порази во историјата на НБА appeared first on Република.

]]>
Дурант испиша историја во НБА лигата https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/durant-ispisha-istorija-vo-nba-ligata/ Sat, 02 Dec 2023 10:31:56 +0000 https://republika.mk/?p=718618

Актуелниот шампион во НБА лигата, Денвер, триумфира на гостински терен против Феникс со 119-111, но причини за славје имаше и кошаркарот на поразениот тим, Кевин Дурант, кој испиша историја. На овој натпревар, Дурант се искачи на десеттото место на вечната листа на најдобри стрелци во НБА лигата.

Дурент на дуелот со Денвер постигна 30 поени со што дојде на бројката од вкупно 27.423 поени во кариерата.

Од десеттото место на вечната листа Дурент го истисна легендарниот Мозес Малоун, кој во кариерата постигна вкупно 27.409 поени.

Најдобар стрелец во историјата на НБА лигата е Леброн Џејмс (39.124), кој меѓу првите му честиташе на Дурент на рекордното остварување.

The post Дурант испиша историја во НБА лигата appeared first on Република.

]]>

Актуелниот шампион во НБА лигата, Денвер, триумфира на гостински терен против Феникс со 119-111, но причини за славје имаше и кошаркарот на поразениот тим, Кевин Дурант, кој испиша историја. На овој натпревар, Дурант се искачи на десеттото место на вечната листа на најдобри стрелци во НБА лигата. Дурент на дуелот со Денвер постигна 30 поени со што дојде на бројката од вкупно 27.423 поени во кариерата. Од десеттото место на вечната листа Дурент го истисна легендарниот Мозес Малоун, кој во кариерата постигна вкупно 27.409 поени. Најдобар стрелец во историјата на НБА лигата е Леброн Џејмс (39.124), кој меѓу првите му честиташе на Дурент на рекордното остварување.

The post Дурант испиша историја во НБА лигата appeared first on Република.

]]>
Јокиќ забележа трипл-дабл и личен рекорд во асистенции, но Денвер загуби https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/jokik-zabelezha-tripl-dabl-i-lichen-rekord-vo-asistentsii-no-denver-zagubi/ Sat, 18 Nov 2023 09:41:09 +0000 https://republika.mk/?p=702799

Центарот на Денвер, Никола Јокиќ го постигна својот петти трипл-дабл сезонава, но неговата екипа загуби од Њу Орлеанс со 115:110.

Јокиќ имаше учинок од 26 поени, 16 скока и 18 асистенции. Со тоа, српскиот кошаркар го израмни својот рекорд по број на асистенции во некој натпревар од НБА лигата.

За 36 минути игра Јокиќ имаше шут 10 од 20 од поле и 5 од 5 од линија за слободни фрлања.

Денвер со девет победи и три порази е лидер на табелата во Западната конференција.

https://www.youtube.com/watch?v=_AZTJe6K_Xk

The post Јокиќ забележа трипл-дабл и личен рекорд во асистенции, но Денвер загуби appeared first on Република.

]]>

Центарот на Денвер, Никола Јокиќ го постигна својот петти трипл-дабл сезонава, но неговата екипа загуби од Њу Орлеанс со 115:110. Јокиќ имаше учинок од 26 поени, 16 скока и 18 асистенции. Со тоа, српскиот кошаркар го израмни својот рекорд по број на асистенции во некој натпревар од НБА лигата. За 36 минути игра Јокиќ имаше шут 10 од 20 од поле и 5 од 5 од линија за слободни фрлања. Денвер со девет победи и три порази е лидер на табелата во Западната конференција. https://www.youtube.com/watch?v=_AZTJe6K_Xk

The post Јокиќ забележа трипл-дабл и личен рекорд во асистенции, но Денвер загуби appeared first on Република.

]]>
Батлер и Адебајо го предводеа Мајами до нов триумф во Бостон и водство од 2:0 во победи https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/batler-i-adebajo-go-predvodea-majami-do-nov-triumf-vo-boston-i-vodstvo-od-2-0-vo-pobedi/ Sat, 20 May 2023 06:47:02 +0000 https://republika.mk/?p=642856

Мајами го победи Бостон со 111:105 во вториот натпревар од финалето на Источната конференција на НБА плејофот. Ова беше втора победа на „жешките“ на теренот на Селтикс за водство од 2-0 во серијата прв до четири.

Најефикасен кошаркар на натпреварот беше кошаркарот на Бостон, Џејсон Тејтум со 34 поени, при тоа додавајќи и 13 скока, но тоа беше недоволно за неговиот тим да избегне пораз.

Кај Мајами се истакнаа Џими Батлер со 27 поени и Бам Адебајо со 22 поена и 17 скокови.

Следните два натпревара ќе се играат во Мајами.

 

И во финалето на Западната конференција резултатот е 2-0. Таму Денвер нагетс го искористи домашниот терен на првите две средби со Лос Анџелес лејкерс.

The post Батлер и Адебајо го предводеа Мајами до нов триумф во Бостон и водство од 2:0 во победи appeared first on Република.

]]>

Мајами го победи Бостон со 111:105 во вториот натпревар од финалето на Источната конференција на НБА плејофот. Ова беше втора победа на „жешките“ на теренот на Селтикс за водство од 2-0 во серијата прв до четири. Најефикасен кошаркар на натпреварот беше кошаркарот на Бостон, Џејсон Тејтум со 34 поени, при тоа додавајќи и 13 скока, но тоа беше недоволно за неговиот тим да избегне пораз. Кај Мајами се истакнаа Џими Батлер со 27 поени и Бам Адебајо со 22 поена и 17 скокови. Следните два натпревара ќе се играат во Мајами.   И во финалето на Западната конференција резултатот е 2-0. Таму Денвер нагетс го искористи домашниот терен на првите две средби со Лос Анџелес лејкерс.

The post Батлер и Адебајо го предводеа Мајами до нов триумф во Бостон и водство од 2:0 во победи appeared first on Република.

]]>
Јокиќ го турна сопственикот на Феникс санс, му се заканува суспензија за петтиот плејоф дуел https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/jokik-go-turna-sopstvenikot-na-feniks-sans-mu-se-zakanuva-suspenzija-za-pettiot-plejof-duel/ Mon, 08 May 2023 08:15:30 +0000 https://republika.mk/?p=638189

Најдобриот кошаркар на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, имаше инцидент со сопстеникот на Феникс санс, Мет Ишбија, за време на четвртиот натпревар од полуфиналната плејоф серија во Западната конференција на НБА лигата.

Во финишот на првото полувреме Јокиќ го блокираше Деандре Ајтон, по што топката заврши во делот на трибината каде што седеше Ишбија, заедно со кошаркарот на Феникс, Џош Окоги, кој се фрли во обид да спаси аут.

Во тие моменти, Јокиќ се втурна кон Ишбија и се обиде да му ја грабне топката, по што настана мало кошкање. Сопственикот на Феникс реагираше, по што Јокиќ со подлактицата го „залепи“ за столчето.

Страстите брзо се смирија, а судиите откако го разгледаа видеоснимката, досудија техничка грешка за српскиот кошаркар.

Сепак, иако Јокиќ го доигра натпреварот, според правилата на лигата, му се зканува суспензија за петтиот натпревар, поради влегување меѓу публиката.

Доколку некој играч намерно влезе во навивачите и причината за тоа не е продолжување на играта (борба за топка, на пример), мора да биде исфрлен од игра“, се вели во точката 4 од правилникот според кој Јокиќ би можело да биде казнет.

https://twitter.com/KevinOConnorNBA/status/1655399641331142656?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1655399641331142656%7Ctwgr%5E5b29b5a7af1458e86479cb289032ae09857f91f3%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Fnba%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2023mm%3D05dd%3D08nav_id%3D2329811

Случениот инцидент, сепак не му пречеше на Јокиќ да пружи феноменална партија. Тој оствари учинок од 53 поени (личен рекорд), 11 асистенции и четири скокови. Тоа е првпат во историјата на НБА некој кошаркар во плејоф натпревар да има над 50 поени и 10 асистенции.

Таквиот ефект на Јокиќ, сепак, не беше доволен за Денвер, кој загуби со 129:124. Во редовите на Феникс, Девин Букер и Кевин Дурант постигнаа по 36 поени. Букер додаде 12 асистенции и шест скокови, додека Дурант зад своето име запиша 11 скокови и шест асистенции.

Плејоф серијата е изедначена 2:2, а петтиот натпревар ќе се игра во Денвер, ноќта од вторник кон среда.

https://www.youtube.com/watch?v=LiMcpkTTfBo

The post Јокиќ го турна сопственикот на Феникс санс, му се заканува суспензија за петтиот плејоф дуел appeared first on Република.

]]>

Најдобриот кошаркар на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, имаше инцидент со сопстеникот на Феникс санс, Мет Ишбија, за време на четвртиот натпревар од полуфиналната плејоф серија во Западната конференција на НБА лигата. Во финишот на првото полувреме Јокиќ го блокираше Деандре Ајтон, по што топката заврши во делот на трибината каде што седеше Ишбија, заедно со кошаркарот на Феникс, Џош Окоги, кој се фрли во обид да спаси аут. Во тие моменти, Јокиќ се втурна кон Ишбија и се обиде да му ја грабне топката, по што настана мало кошкање. Сопственикот на Феникс реагираше, по што Јокиќ со подлактицата го „залепи“ за столчето. Страстите брзо се смирија, а судиите откако го разгледаа видеоснимката, досудија техничка грешка за српскиот кошаркар. Сепак, иако Јокиќ го доигра натпреварот, според правилата на лигата, му се зканува суспензија за петтиот натпревар, поради влегување меѓу публиката.
Доколку некој играч намерно влезе во навивачите и причината за тоа не е продолжување на играта (борба за топка, на пример), мора да биде исфрлен од игра“, се вели во точката 4 од правилникот според кој Јокиќ би можело да биде казнет.
https://twitter.com/KevinOConnorNBA/status/1655399641331142656?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1655399641331142656%7Ctwgr%5E5b29b5a7af1458e86479cb289032ae09857f91f3%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Fnba%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2023mm%3D05dd%3D08nav_id%3D2329811 Случениот инцидент, сепак не му пречеше на Јокиќ да пружи феноменална партија. Тој оствари учинок од 53 поени (личен рекорд), 11 асистенции и четири скокови. Тоа е првпат во историјата на НБА некој кошаркар во плејоф натпревар да има над 50 поени и 10 асистенции. Таквиот ефект на Јокиќ, сепак, не беше доволен за Денвер, кој загуби со 129:124. Во редовите на Феникс, Девин Букер и Кевин Дурант постигнаа по 36 поени. Букер додаде 12 асистенции и шест скокови, додека Дурант зад своето име запиша 11 скокови и шест асистенции. Плејоф серијата е изедначена 2:2, а петтиот натпревар ќе се игра во Денвер, ноќта од вторник кон среда. https://www.youtube.com/watch?v=LiMcpkTTfBo

The post Јокиќ го турна сопственикот на Феникс санс, му се заканува суспензија за петтиот плејоф дуел appeared first on Република.

]]>
Победи на ЛА Лејкерс и Мајами и Феникс, Филаделфија го „исчисти“ Бруклин во НБА плејофот https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/pobedi-na-la-lejkers-i-majami-i-feniks-filadelfija-go-ischisti-bruklin-vo-nba-plejofot/ Sun, 23 Apr 2023 08:09:53 +0000 https://republika.mk/?p=633148

Кошаркарите на Феникс Санс се на чекор од пласман во полуфиналето на Западната конференција во НБА лигата, откако со 112-100 го совладаа тимот на ЛА Клиперс на негов терен и стигнаа до третата победа во серијата.

Најефикасен кај победничката екипа беше Кевин Дурент кој постигна 31 поен, додека на средбата најдобар беше кошаркарот на ЛА Клиперс Расел Весбрук со 37 поени.

Во следната фаза доколку помине Феникс ќе игра со подобриот од Денвер – Минесота. Денвер во таа серија има предност од 3-0.

Првиот тим кој се пласираше во следната фаза е Филаделфија, кој со 4-0 го „збриша“ тимот на Бруклин во рамките на Истошната Конференција.

Тимовите на Мајами и ЛА Лејкерс дојдоа до предност од 2-1 против Милвоки, односно Мемфис и се еден чекор поблиску од полуфиналето на своите конференции. Мајами успеа да убедлив начин го совлада Милвоки со 121-99.

Најпрецизен во победничката екипа беше Џими Батлер со 30 поени, додека во составот на Милвоки Крис Мидлтон уфрли 23 поени.

Лос Анџелес Лејкерс победникот го решија уште во првата четвртина, која ја добија со неверојатни 35-9 и не му оставија многу простор на Мемфис да се надева дека ќе дојде до победата во „Крипто Арената“.

Гостите се обидуваа да се вратат во игра, но само за да доживеат чесен пораз од 10 поени разлика, односно 111-101.

Најпрецизен на теренот беше кошаркарот на Мемфис, Џа Морант со дури 45 поени, речиси половина од својата екипа, но и тоа не беше доволно за победа. Во победничкиот состав најпрецизен беше Ентони Дејвис со 23 поени.

The post Победи на ЛА Лејкерс и Мајами и Феникс, Филаделфија го „исчисти“ Бруклин во НБА плејофот appeared first on Република.

]]>

Кошаркарите на Феникс Санс се на чекор од пласман во полуфиналето на Западната конференција во НБА лигата, откако со 112-100 го совладаа тимот на ЛА Клиперс на негов терен и стигнаа до третата победа во серијата. Најефикасен кај победничката екипа беше Кевин Дурент кој постигна 31 поен, додека на средбата најдобар беше кошаркарот на ЛА Клиперс Расел Весбрук со 37 поени. Во следната фаза доколку помине Феникс ќе игра со подобриот од Денвер – Минесота. Денвер во таа серија има предност од 3-0. Првиот тим кој се пласираше во следната фаза е Филаделфија, кој со 4-0 го „збриша“ тимот на Бруклин во рамките на Истошната Конференција. Тимовите на Мајами и ЛА Лејкерс дојдоа до предност од 2-1 против Милвоки, односно Мемфис и се еден чекор поблиску од полуфиналето на своите конференции. Мајами успеа да убедлив начин го совлада Милвоки со 121-99. Најпрецизен во победничката екипа беше Џими Батлер со 30 поени, додека во составот на Милвоки Крис Мидлтон уфрли 23 поени. Лос Анџелес Лејкерс победникот го решија уште во првата четвртина, која ја добија со неверојатни 35-9 и не му оставија многу простор на Мемфис да се надева дека ќе дојде до победата во „Крипто Арената“. Гостите се обидуваа да се вратат во игра, но само за да доживеат чесен пораз од 10 поени разлика, односно 111-101. Најпрецизен на теренот беше кошаркарот на Мемфис, Џа Морант со дури 45 поени, речиси половина од својата екипа, но и тоа не беше доволно за победа. Во победничкиот состав најпрецизен беше Ентони Дејвис со 23 поени.

The post Победи на ЛА Лејкерс и Мајами и Феникс, Филаделфија го „исчисти“ Бруклин во НБА плејофот appeared first on Република.

]]>
Повредата не е сериозна: Јанис најверојатно ќе може да игра во вториот натпревар од плејоф серијата против Мајами https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/povredata-ne-e-seriozna-janis-najverojatno-ke-mozhe-da-igra-vo-vtoriot-natprevar-od-plejof-serijata-protiv-majami/ Mon, 17 Apr 2023 19:47:37 +0000 https://republika.mk/?p=631567

Најдобриот кошаркар на Милвоки, Јанис Антетокумпо, нема посериозна повреда и најверојатно ќе биде во состојба да игра на вториот меч од НБА плејоф серијата против Мајами, објави инсајдерот на „Атлетик“, Шамс Шаранија.

Шаранија објави дека раководството на Милвоки, сепак, не сака да ги форсира работите и решиле да игра на сигурно.

Гркот доби повреда на долниотн дел од грбот при непријатен пад во првата четвртина. Тој се обиде да ја продолжи играта и покрај болките, но го напушти теренот во втората четвртина.

https://twitter.com/ClutchPointsApp/status/1647733851123507200?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1647733851123507200%7Ctwgr%5E148a92a11791b5558c385042230a9735487d5aa4%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fas.com%2Fbaloncesto%2Fnba%2Fla-nba-contiene-la-respiracion-giannis-lesionado-n%2F

Милвоки и Мајами вториот натпревар од серијата во првото коло во НБА-плејофот ќе го играат на 20 април, a Мајами води со 1:0 во победи.

The post Повредата не е сериозна: Јанис најверојатно ќе може да игра во вториот натпревар од плејоф серијата против Мајами appeared first on Република.

]]>

Најдобриот кошаркар на Милвоки, Јанис Антетокумпо, нема посериозна повреда и најверојатно ќе биде во состојба да игра на вториот меч од НБА плејоф серијата против Мајами, објави инсајдерот на „Атлетик“, Шамс Шаранија. Шаранија објави дека раководството на Милвоки, сепак, не сака да ги форсира работите и решиле да игра на сигурно. Гркот доби повреда на долниотн дел од грбот при непријатен пад во првата четвртина. Тој се обиде да ја продолжи играта и покрај болките, но го напушти теренот во втората четвртина. https://twitter.com/ClutchPointsApp/status/1647733851123507200?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1647733851123507200%7Ctwgr%5E148a92a11791b5558c385042230a9735487d5aa4%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fas.com%2Fbaloncesto%2Fnba%2Fla-nba-contiene-la-respiracion-giannis-lesionado-n%2F Милвоки и Мајами вториот натпревар од серијата во првото коло во НБА-плејофот ќе го играат на 20 април, a Мајами води со 1:0 во победи.

The post Повредата не е сериозна: Јанис најверојатно ќе може да игра во вториот натпревар од плејоф серијата против Мајами appeared first on Република.

]]>
Дончиќ казнет со 35.000 долари поради гестот со кој покажа дека судиите се корумпирани https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/donchik-kaznet-so-35-000-dolari-poradi-gestot-so-koj-pokazha-deka-sudiite-se-korumpirani/ Sat, 25 Mar 2023 09:46:28 +0000 https://republika.mk/?p=623490

Најдобриот кошаркар на Далас маверикс, Лука Дончиќ е казнет со 35.000 долари поради недоличен гест кон судиите во поразот од Голден Стејт со 125:127 пред два дена.

Во финишот на мечот, Словенецот по еден обид за да постигне поени имаше контакт со Дрејмонд Грин, но судиите не досудија прекршок. Потаквата одлука, Дончиќ кон судиите покажа гест кој симболизира земање пари, алудирајќи на тоа дека се потплатени.

Дваесет и четиригодишниот Дончиќ оваа сезона има просек од 32,9 поени, 8,6 скока и 8,2 асистенции за 36,4 минути.

Далас е на 11. место во поредокот на Западната конференција со 36 победи и 38 порази.

The post Дончиќ казнет со 35.000 долари поради гестот со кој покажа дека судиите се корумпирани appeared first on Република.

]]>

Најдобриот кошаркар на Далас маверикс, Лука Дончиќ е казнет со 35.000 долари поради недоличен гест кон судиите во поразот од Голден Стејт со 125:127 пред два дена. Во финишот на мечот, Словенецот по еден обид за да постигне поени имаше контакт со Дрејмонд Грин, но судиите не досудија прекршок. Потаквата одлука, Дончиќ кон судиите покажа гест кој симболизира земање пари, алудирајќи на тоа дека се потплатени. Дваесет и четиригодишниот Дончиќ оваа сезона има просек од 32,9 поени, 8,6 скока и 8,2 асистенции за 36,4 минути. Далас е на 11. место во поредокот на Западната конференција со 36 победи и 38 порази.

The post Дончиќ казнет со 35.000 долари поради гестот со кој покажа дека судиите се корумпирани appeared first on Република.

]]>
Џејсон Тејтум стана најмлад кошаркар во историјата на НБА со 1.000 погодени „тројки“ https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/dhejson-tejtum-stana-najmlad-kosharkar-vo-istorijata-na-nba-so-1-000-pogodeni-trojki/ Sat, 11 Feb 2023 11:07:28 +0000 https://republika.mk/?p=607690

Бостон селтикс пред своите гледачи го совладаа Шарлот хорнетс со 127-116, во натпревар во кој кошаркарот на домашниот тим, Џејсон Тејтум, постигна 41 поени и стана најмладиот играч во историјата на НБА лигата кој стигнал до бројката од 1.000 погодени „тројки“.

Третиот избор на драфтот во 2017 година дојде до рекордот на три недели пред својот 25 роденден.

За таков успех, на Тејтум му беа потребни 418 натпревари одиграни во регуларниот дел од сезоните.

На дуелот против Шарлот, кошаркарот на Бостон погоди пет „тројки“ од 10 обиди со реализација од поле 13/21.

The post Џејсон Тејтум стана најмлад кошаркар во историјата на НБА со 1.000 погодени „тројки“ appeared first on Република.

]]>

Бостон селтикс пред своите гледачи го совладаа Шарлот хорнетс со 127-116, во натпревар во кој кошаркарот на домашниот тим, Џејсон Тејтум, постигна 41 поени и стана најмладиот играч во историјата на НБА лигата кој стигнал до бројката од 1.000 погодени „тројки“. Третиот избор на драфтот во 2017 година дојде до рекордот на три недели пред својот 25 роденден. За таков успех, на Тејтум му беа потребни 418 натпревари одиграни во регуларниот дел од сезоните. На дуелот против Шарлот, кошаркарот на Бостон погоди пет „тројки“ од 10 обиди со реализација од поле 13/21.

The post Џејсон Тејтум стана најмлад кошаркар во историјата на НБА со 1.000 погодени „тројки“ appeared first on Република.

]]>
Леброн Џејмс го надмина Меџик Џонсон https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/lebron-dzejms-go-nadmina-medzik-dzonson/ Sat, 03 Dec 2022 12:39:07 +0000 https://republika.mk/?p=581328

Одличните изданија на Ентони Дејвис и Леброн Џејмс му донесоа изненадувачки триумф на Лос Анџелес лејкерс против Милвоки на гостински терен од 133-129.

Дејвис го заврши натпреварот со 44 поени и 10 скокови, додека Леброн Џејмс запиша 28 поени и 11 асистенции.

Со ваквиот учинок, Џејмс дојде до бројката од 10.144 додавања во кариерата и на вечната листа го премина легендарниот кошаркар на „езерџиите“, Меџик Џонсон, со кого до овој натпревар, го делеше шестото место.

The post Леброн Џејмс го надмина Меџик Џонсон appeared first on Република.

]]>

Одличните изданија на Ентони Дејвис и Леброн Џејмс му донесоа изненадувачки триумф на Лос Анџелес лејкерс против Милвоки на гостински терен од 133-129. Дејвис го заврши натпреварот со 44 поени и 10 скокови, додека Леброн Џејмс запиша 28 поени и 11 асистенции. Со ваквиот учинок, Џејмс дојде до бројката од 10.144 додавања во кариерата и на вечната листа го премина легендарниот кошаркар на „езерџиите“, Меџик Џонсон, со кого до овој натпревар, го делеше шестото место.

The post Леброн Џејмс го надмина Меџик Џонсон appeared first on Република.

]]>
Феникс санс на пат да биде продаден за рекордни четири милијарди долари https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/feniks-sans-na-pat-da-bide-prodaden-za-rekordni-chetiri-milijardi-dolari/ Tue, 04 Oct 2022 13:00:49 +0000 https://republika.mk/?p=557241

Феникс санс би можел да биде продаден по највисока цена во историјата на НБА-лигата.

Според инсајдерот Марк Стајн, вредноста на „сонцата“ би можела да достигне четири милијарди долари.

Актуелниот рекорд беше поставен со купувањето на Бруклин нетс од страна на Џозеф Цаи за 3,5 милијарди долари.

Се очекува акции во Феникс да купат, поранешниот извршен директор на Дизни, Боб Ајгер, основачот и поранешен извршен директор на Амазон, Џеф Безос, ко-основачот на Оракл, Лери Елисон, и ко-сопственикот на Визардс, Лорен Пауел Џобс (вдовица на ко-основачот на Ејпл и поранешен извршен директор Стив Џобс).

Во октомври 2021 година, Форбс процени дека Феникс санс вредат 1,8 милијарди долари, рангирајќи се на 18-то место од 30 клубови во НБА.

Сопственикот на Феникс, Роберт Сарвер одлучи да ги продаде своите акции во Санс и Меркјури (женскиот клуб), откако истрагата на лигата потврди недолично однесување на работното место, расистички изјави и сексистичко однесување кон вработените жени во неговите клубови.

The post Феникс санс на пат да биде продаден за рекордни четири милијарди долари appeared first on Република.

]]>

Феникс санс би можел да биде продаден по највисока цена во историјата на НБА-лигата. Според инсајдерот Марк Стајн, вредноста на „сонцата“ би можела да достигне четири милијарди долари. Актуелниот рекорд беше поставен со купувањето на Бруклин нетс од страна на Џозеф Цаи за 3,5 милијарди долари. Се очекува акции во Феникс да купат, поранешниот извршен директор на Дизни, Боб Ајгер, основачот и поранешен извршен директор на Амазон, Џеф Безос, ко-основачот на Оракл, Лери Елисон, и ко-сопственикот на Визардс, Лорен Пауел Џобс (вдовица на ко-основачот на Ејпл и поранешен извршен директор Стив Џобс). Во октомври 2021 година, Форбс процени дека Феникс санс вредат 1,8 милијарди долари, рангирајќи се на 18-то место од 30 клубови во НБА. Сопственикот на Феникс, Роберт Сарвер одлучи да ги продаде своите акции во Санс и Меркјури (женскиот клуб), откако истрагата на лигата потврди недолично однесување на работното место, расистички изјави и сексистичко однесување кон вработените жени во неговите клубови.

The post Феникс санс на пат да биде продаден за рекордни четири милијарди долари appeared first on Република.

]]>
Леброн Џејмс: Ги мразам навивачите на Бостон зато што се еб*ни расисти https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/lebron-dzejms-gi-mrazam-navivachite-na-boston-zato-shto-se-eb-ni-rasisti/ Sat, 16 Jul 2022 09:03:45 +0000 https://republika.mk/?p=529670

Леброн Џејмс изјави дека навивачите на Бостон се расисти, одговарајќи на прашањето во која НБА арена е најтешко да се игра поради притисокот од трибините.

Во новата епизода од своето ток-шоу „The Shop“, Леброн го издвои Бостон како место каде што навивачите доаѓаат на натпреварот со намера на секаков начин да го попречат противникот да победат. На прашањето зошто го мрази Бостон, Леброн без двоумење одговори: „Затоа што се еб**и расисти, затоа“.

https://twitter.com/Ballislife/status/1548102549177131009?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1548102549177131009%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Flebron-james-zasto-mrzim-navijace-bostona-jer-su-jebeni-rasisti%2F2380346.aspx

Тој објасни дека навредите од трибините не му пречат, но ги слуша и додаде дека не е невообичаено тамошните навивачи да го таргетираат него лично.

Ги слушам овие навреди, а ако слушнам некого во близина, набрзина го гледам и продолжувам со играта. И онака ќе кажат што сакаат. Можат и да фрлат нешто по тебе, еднаш ми фрлија пиво додека заминував од теренот.

 

Имаат и маици на кои пишува „е*и го ЛБЈ“, верувам дека се распродадени во клупската продавница - изјави четирикратниот шампион во НБА

The post Леброн Џејмс: Ги мразам навивачите на Бостон зато што се еб*ни расисти appeared first on Република.

]]>

Леброн Џејмс изјави дека навивачите на Бостон се расисти, одговарајќи на прашањето во која НБА арена е најтешко да се игра поради притисокот од трибините. Во новата епизода од своето ток-шоу „The Shop“, Леброн го издвои Бостон како место каде што навивачите доаѓаат на натпреварот со намера на секаков начин да го попречат противникот да победат. На прашањето зошто го мрази Бостон, Леброн без двоумење одговори: „Затоа што се еб**и расисти, затоа“. https://twitter.com/Ballislife/status/1548102549177131009?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1548102549177131009%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Flebron-james-zasto-mrzim-navijace-bostona-jer-su-jebeni-rasisti%2F2380346.aspx Тој објасни дека навредите од трибините не му пречат, но ги слуша и додаде дека не е невообичаено тамошните навивачи да го таргетираат него лично.
Ги слушам овие навреди, а ако слушнам некого во близина, набрзина го гледам и продолжувам со играта. И онака ќе кажат што сакаат. Можат и да фрлат нешто по тебе, еднаш ми фрлија пиво додека заминував од теренот.   Имаат и маици на кои пишува „е*и го ЛБЈ“, верувам дека се распродадени во клупската продавница - изјави четирикратниот шампион во НБА

The post Леброн Џејмс: Ги мразам навивачите на Бостон зато што се еб*ни расисти appeared first on Република.

]]>
Никола Јокиќ го потпиша најбогатиот договор во историјата на НБА https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/nikola-jokikj-go-potpisha-najbogatiot-dogovor-vo-istorijata-na-nba/ Fri, 01 Jul 2022 08:48:03 +0000 https://republika.mk/?p=521994

Двократниот најкорисен играч (МВП) во американската професионална кошаркарска НБА лига Србинот Никола Јокиќ (27) договори продолжување на соработката со Денвер, а за петгодишната верност од 2023 до 2028 година ќе инкасира рекордни 264 милиони долари.

Петгодишниот договор, кој српскиот кошаркар го постигна со Денвер, е најбогат во историјата на НБА лигата.

Минатата сезона стана прв играч во историјата кој успеал да оствари повеќе од 2.000 кошеви, 1.000 скокови и 500 асистенции.

Со договорените 264 милиони долари Јокиќ го надмина петгодишниот договор вреден 251 милиони долари, кој само неколку часа претходно го потпиша Бредли Бил (29) со НБА лигашот Вашингтон.

 

The post Никола Јокиќ го потпиша најбогатиот договор во историјата на НБА appeared first on Република.

]]>

Двократниот најкорисен играч (МВП) во американската професионална кошаркарска НБА лига Србинот Никола Јокиќ (27) договори продолжување на соработката со Денвер, а за петгодишната верност од 2023 до 2028 година ќе инкасира рекордни 264 милиони долари. Петгодишниот договор, кој српскиот кошаркар го постигна со Денвер, е најбогат во историјата на НБА лигата. Минатата сезона стана прв играч во историјата кој успеал да оствари повеќе од 2.000 кошеви, 1.000 скокови и 500 асистенции. Со договорените 264 милиони долари Јокиќ го надмина петгодишниот договор вреден 251 милиони долари, кој само неколку часа претходно го потпиша Бредли Бил (29) со НБА лигашот Вашингтон.  

The post Никола Јокиќ го потпиша најбогатиот договор во историјата на НБА appeared first on Република.

]]>
Хрватот Зубац договори 33 милиони долари за тригодишен договор со ЛА Клиперс https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/hrvatot-zubac-dogovori-33-milioni-dolari-za-trigodishen-dogovor-so-la-klipers/ Wed, 29 Jun 2022 09:49:48 +0000 https://republika.mk/?p=521010

Лос Анџелес клиперс се договорија за продолжување на договорот со хрватскиот центар Ивица Зубац.

Агентите на Зубац објавија дека кошаркарот ќе заработи 33 милиони во следните три години.

Минатата сезона Зубац имаше просек од 10,3 поени, 8,4 скока и една блокада по натпревар.

The post Хрватот Зубац договори 33 милиони долари за тригодишен договор со ЛА Клиперс appeared first on Република.

]]>

Лос Анџелес клиперс се договорија за продолжување на договорот со хрватскиот центар Ивица Зубац. Агентите на Зубац објавија дека кошаркарот ќе заработи 33 милиони во следните три години. Минатата сезона Зубац имаше просек од 10,3 поени, 8,4 скока и една блокада по натпревар.

The post Хрватот Зубац договори 33 милиони долари за тригодишен договор со ЛА Клиперс appeared first on Република.

]]>
Мајкл Џордан го врати Стив Клифорд на клупата на Шарлот https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/majkl-dzordan-go-vrarti-stiv-kliford-na-klupata-na-sharlot/ Sat, 25 Jun 2022 10:56:35 +0000 https://republika.mk/?p=519573

НБА тимот Шарлот хорнетс, чиј сопственик е легендарниот американски кошаркар Мајкл Џордан, објави дека на клупата се враќа тренерот Стив Клифорд.

Воодушевени сме што Стив е повторно со нас. Мислиме дека неговото претходно искуство и неговата филозофија на игра го прават најдобриот тренер за нашата екипа - изјави претседателот на Шарлот, Мич Купчек.

Шеесетгодишниот Клифорд го тренираше Шарлот од 2013 до 2018 година, пред да мине три години на клупата на Орландо.

Шарлот, кој не избори пласман во плејофот во НБА лигата во последните шест сезони, со ангажманот на Клифорд ја заврши потрагата по наследник на Џејмс Борего, кому во април му беше врачен отказ.

The post Мајкл Џордан го врати Стив Клифорд на клупата на Шарлот appeared first on Република.

]]>

НБА тимот Шарлот хорнетс, чиј сопственик е легендарниот американски кошаркар Мајкл Џордан, објави дека на клупата се враќа тренерот Стив Клифорд.
Воодушевени сме што Стив е повторно со нас. Мислиме дека неговото претходно искуство и неговата филозофија на игра го прават најдобриот тренер за нашата екипа - изјави претседателот на Шарлот, Мич Купчек.
Шеесетгодишниот Клифорд го тренираше Шарлот од 2013 до 2018 година, пред да мине три години на клупата на Орландо. Шарлот, кој не избори пласман во плејофот во НБА лигата во последните шест сезони, со ангажманот на Клифорд ја заврши потрагата по наследник на Џејмс Борего, кому во април му беше врачен отказ.

The post Мајкл Џордан го врати Стив Клифорд на клупата на Шарлот appeared first on Република.

]]>
Леброн Џејмс сака да стане сопственик на НБА екипа во Лас Вегас https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/lebron-dzejms-saka-da-stane-sopstvenik-na-nba-ekipa-vo-las-vegas/ Fri, 10 Jun 2022 17:39:17 +0000 https://republika.mk/?p=513629

Кошаркарската ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, кого магазинот „Форбс“ го прогласи за прв активен играч во НБА лигата вреден една милијарда долари, има нов цел.

Како што пишуваат американските медиуми, Џејмс сака да стане сопственик на НБА екипа, чие седиште ќе биде Лас Вегас.

Сакам да бидам сопственик на екипа, сакам да имам екипа во Лас Вегас - порача Џејмс во најновото издание на шоуто „The Shop“.

Лас Вегас и Сиетл често се споменувани како градови кандидати за ширење на НБА лигата, но комесарот на натпреварувањето Адам Силвер претходно оваа недела изјави оти засега не се планира експанзија на Лигата.

Леброн Џејмс е сопственик на компанијата „SpringHill“, која се занимава со продукција на филмови, а има удел и во групацијата „Fenway Sports“ во чија сопственост се безбол клубот Бостон Ред сокс, премиерлигашот Ливерпул и НХЛ екипата Питсбург.

The post Леброн Џејмс сака да стане сопственик на НБА екипа во Лас Вегас appeared first on Република.

]]>

Кошаркарската ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, кого магазинот „Форбс“ го прогласи за прв активен играч во НБА лигата вреден една милијарда долари, има нов цел. Како што пишуваат американските медиуми, Џејмс сака да стане сопственик на НБА екипа, чие седиште ќе биде Лас Вегас.
Сакам да бидам сопственик на екипа, сакам да имам екипа во Лас Вегас - порача Џејмс во најновото издание на шоуто „The Shop“.
Лас Вегас и Сиетл често се споменувани како градови кандидати за ширење на НБА лигата, но комесарот на натпреварувањето Адам Силвер претходно оваа недела изјави оти засега не се планира експанзија на Лигата. Леброн Џејмс е сопственик на компанијата „SpringHill“, која се занимава со продукција на филмови, а има удел и во групацијата „Fenway Sports“ во чија сопственост се безбол клубот Бостон Ред сокс, премиерлигашот Ливерпул и НХЛ екипата Питсбург.

The post Леброн Џејмс сака да стане сопственик на НБА екипа во Лас Вегас appeared first on Република.

]]>
Драматичен финиш и очаен шут за победа на Милвоки против Бостон https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/dramatichen-finish-i-ochaen-shut-za-pobeda-na-milvoki-protiv-boston/ Sun, 08 May 2022 08:36:55 +0000 https://republika.mk/?p=499368

Актуелниот НБА шампион, Милвоки бакс, пред своите гледачи во драматичен натпревар го совлада Бостон со 103:101 и поведе со 2-1 во полуфиналето во Источната конференција

Милвоки до втората победа во конференциското полуфинале беше предводен од Јанис Антетокумпо, кој оствари 42 поени од 30 шутеви. Грчкиот кошаркар додаде 12 скокови, осум асистенции и две блокади.

Милвоки имаше очаен процент за три поени од 9/34, а речиси идентичен ефект имаше и Бостон (9/33), што на крајот гостите ги чинеше пораз.

https://www.youtube.com/watch?v=j3hZf1lkum4

Четвртиот натпревар во серијата до четири победи се игра повторно во Милвоки, ноќта меѓу понеделник и вторник во 01:30 часот по средноевропско време.

До предност од 2-1 во Западната конференција дојде и Голден Стејт со триумф над Мемфис од 142:112.

Стеф Кари со 30 поени и шест асистенции го предводеше Голден Стејт до убедливиот триумф пред четвртиот натпревар кој е на програмата утревечер повторно во „Чејс Центар“ во Сан Франциско.

https://www.youtube.com/watch?v=f9b55Ry_1Ms

The post Драматичен финиш и очаен шут за победа на Милвоки против Бостон appeared first on Република.

]]>

Актуелниот НБА шампион, Милвоки бакс, пред своите гледачи во драматичен натпревар го совлада Бостон со 103:101 и поведе со 2-1 во полуфиналето во Источната конференција Милвоки до втората победа во конференциското полуфинале беше предводен од Јанис Антетокумпо, кој оствари 42 поени од 30 шутеви. Грчкиот кошаркар додаде 12 скокови, осум асистенции и две блокади. Милвоки имаше очаен процент за три поени од 9/34, а речиси идентичен ефект имаше и Бостон (9/33), што на крајот гостите ги чинеше пораз. https://www.youtube.com/watch?v=j3hZf1lkum4 Четвртиот натпревар во серијата до четири победи се игра повторно во Милвоки, ноќта меѓу понеделник и вторник во 01:30 часот по средноевропско време. До предност од 2-1 во Западната конференција дојде и Голден Стејт со триумф над Мемфис од 142:112. Стеф Кари со 30 поени и шест асистенции го предводеше Голден Стејт до убедливиот триумф пред четвртиот натпревар кој е на програмата утревечер повторно во „Чејс Центар“ во Сан Франциско. https://www.youtube.com/watch?v=f9b55Ry_1Ms

The post Драматичен финиш и очаен шут за победа на Милвоки против Бостон appeared first on Република.

]]>
Крис Пол покажа дека е кошаркарско совршенство за напредок на Феникс во НБА плејофот https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/kris-pol-pokaza-deka-e-kosharkarsko-sovrshenstvo-za-napredok-na-feniks-vo-nba-plejofot/ Fri, 29 Apr 2022 08:08:28 +0000 https://republika.mk/?p=495076

Со совршена партија без промашување, Крис Пол, го предводеше Феникс до победа на гостувањето во Њу Орлеанс со 115:109, со што „сонцата“ со 4-2 во победи се пласираа во второто коло од НБА плејофот.

Пол шутираше 14-14 од поле (1-1 за три), како и 4-4 од линијата за слободни фрлања за вкупно 33 поени. Со таквиот учинок, Пол, кој на 6 мај ќе наполни 37 години, стана првиот кошаркар во историјата со толкав број последователни погодици бе промашување во еден плејоф натпревар. Пол додаде и осум асистенции, пет скокови и една украдена топка.

Одлична партија имаше и центарот Деандре Ејтон со 22 поени (10-12 шут од игра), кој мечот го заврши со 22 поени, седум скокови и четири асистенции.

Кај Њу Орлеанс најефикасен беше Брендон Инграм со 22 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=qjG3Gs53T30

Освен Феникс, победи на гостински терен и пласман во второто коло од плејофот обезбедија и Филаделфија и Далас.

Торонто - Филаделфија  97:132 (2-4 во победи)

https://www.youtube.com/watch?v=129kr677Z0Y

Јута - Далас  96:98 (2-4)

https://www.youtube.com/watch?v=wpWS9P4JAps

Во следното коло ќе играат:

Мајами – Филаделфија

Бостон – Милвоки

Феникс – Далас

Голден Стејт – победникот од серијата меѓу Мемфис и Минесота (3-2 моментален резултат)

The post Крис Пол покажа дека е кошаркарско совршенство за напредок на Феникс во НБА плејофот appeared first on Република.

]]>

Со совршена партија без промашување, Крис Пол, го предводеше Феникс до победа на гостувањето во Њу Орлеанс со 115:109, со што „сонцата“ со 4-2 во победи се пласираа во второто коло од НБА плејофот. Пол шутираше 14-14 од поле (1-1 за три), како и 4-4 од линијата за слободни фрлања за вкупно 33 поени. Со таквиот учинок, Пол, кој на 6 мај ќе наполни 37 години, стана првиот кошаркар во историјата со толкав број последователни погодици бе промашување во еден плејоф натпревар. Пол додаде и осум асистенции, пет скокови и една украдена топка. Одлична партија имаше и центарот Деандре Ејтон со 22 поени (10-12 шут од игра), кој мечот го заврши со 22 поени, седум скокови и четири асистенции. Кај Њу Орлеанс најефикасен беше Брендон Инграм со 22 поени. https://www.youtube.com/watch?v=qjG3Gs53T30 Освен Феникс, победи на гостински терен и пласман во второто коло од плејофот обезбедија и Филаделфија и Далас. Торонто - Филаделфија  97:132 (2-4 во победи) https://www.youtube.com/watch?v=129kr677Z0Y Јута - Далас  96:98 (2-4) https://www.youtube.com/watch?v=wpWS9P4JAps

Во следното коло ќе играат:

Мајами – Филаделфија Бостон – Милвоки Феникс – Далас Голден Стејт – победникот од серијата меѓу Мемфис и Минесота (3-2 моментален резултат)

The post Крис Пол покажа дека е кошаркарско совршенство за напредок на Феникс во НБА плејофот appeared first on Република.

]]>
Милвоки и Голден Стејт се пласираа во второто коло на НБА плејофот https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/milvoki-i-golden-stejt-se-plasiraa-vo-vtoroto-kolo-na-nba-plejofot/ Thu, 28 Apr 2022 07:13:41 +0000 https://republika.mk/?p=494541

Актуелниот шампион во НБА лигата, Милвоки бакс, и Голден Стејт вориоср изборија место во второто коло плејофот

Милвоки го победи Чикаго булс со 116:100 во натпревар на кој целосно доминираше и во текот на сите 48 минути ја имаше контролата врз резултатот. „Елените“ ја завршија серијата со вкупни 4:1 во победи.

Противник на Милвоки во конференциското полуфинале ќе биде Бостон селтикс.

https://www.youtube.com/watch?v=HjUfi9MOHVo

Голден стејт до место во четвртфиналето се избори по триумфот над Денвер нагетс со 102:98. Гостите во последната четвртина влегоа со позитива од осум поени, но „воините“ последниот период го добија со 32:20 за триумд во серијата со 4:1 во победи.

Во конференциското полуфинале Голден Стејт ќе игра со поуспешниот од пресметката Мемфис - Минесота (3:2 моментален резултат).

https://www.youtube.com/watch?v=grqqVw7B-V8

The post Милвоки и Голден Стејт се пласираа во второто коло на НБА плејофот appeared first on Република.

]]>

Актуелниот шампион во НБА лигата, Милвоки бакс, и Голден Стејт вориоср изборија место во второто коло плејофот Милвоки го победи Чикаго булс со 116:100 во натпревар на кој целосно доминираше и во текот на сите 48 минути ја имаше контролата врз резултатот. „Елените“ ја завршија серијата со вкупни 4:1 во победи. Противник на Милвоки во конференциското полуфинале ќе биде Бостон селтикс. https://www.youtube.com/watch?v=HjUfi9MOHVo Голден стејт до место во четвртфиналето се избори по триумфот над Денвер нагетс со 102:98. Гостите во последната четвртина влегоа со позитива од осум поени, но „воините“ последниот период го добија со 32:20 за триумд во серијата со 4:1 во победи. Во конференциското полуфинале Голден Стејт ќе игра со поуспешниот од пресметката Мемфис - Минесота (3:2 моментален резултат). https://www.youtube.com/watch?v=grqqVw7B-V8

The post Милвоки и Голден Стејт се пласираа во второто коло на НБА плејофот appeared first on Република.

]]>