НБ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nb/ За подобро да се разбереме Wed, 15 May 2024 09:08:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png НБ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nb/ 32 32 НБ: Натамошно забавување на инфлацијата, при што на среден рок ќе се врати кон историскиот просек од 2 проценти https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nb-natamoshno-zabavuvane-na-inflatsijata-pri-shto-na-sreden-rok-ke-se-vrati-kon-istoriskiot-prosek-od-2-protsenti/ Wed, 15 May 2024 09:08:44 +0000 https://republika.mk/?p=778205

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска ги претстави најновите макроекономски проекции на Народната банка пред дипломатскиот кор и пред претставниците на меѓународните институции. На настанот, којшто се организира редовно, по секој нов циклус макроекономски проекции на Народната банка, присуствуваа претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светската банка (СБ), Делегацијата на ЕУ (ДЕУ), Обединетите нации (ОН), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), како и на дипломатските претставништва на Бугарија, Кина, Косово, САД, Словачка, Унгарија, Холандија, Швајцарија, Шпанија и Шведска, соопштија од Народната банка.

Во презентацијата било наведено дека се предвидува натамошно забавување на инфлацијата, којашто минатата година се сведе на едноцифрено ниво, во согласност со остварувањата во првиот квартал оваа година, со просечна годишна стапка од 3,4 отсто, коишто се пониски од октомвриските проекции.

Се предвидува дека просечната инфлација за 2024 година ќе забави сведувајќи се на 3,5 отсто, од 9,4 отсто минатата година, одразувајќи го натамошниот пад на цените на нафтата и храната на светските пазари, забавувањето на странската ефективна инфлација, како и затегнатите финансиски услови.

На среден рок, се очекува натамошно забавување на инфлацијата и нејзино сведување на историскиот просек од околу 2 проценти.

Сепак, ризиците околу инфлацијата сѐ уште постојат и се поврзани главно со цените на примарните производи, промените на регулираните цени, како и со политиките на страната на побарувачката. Притоа, гувернерката истакна дека засега е задржана определбата за претпазливост во монетарната политика, а идните промени ќе зависат од трендовите на девизниот пазар и движењето на инфлацијата и инфлациските очекувања, како и од поставеноста на ЕЦБ, се вели во соопштението од Народната банка.

Осврнувајќи се на останатите макроекономски показатели, гувернерката посочила дека при раст на глобалната економија, а особено на нашите трговски партнери, се очекува дека македонската економија ќе расте со стапка од 2,6 проценти оваа година и 3,6 проценти во следната година, а потоа растот умерено ќе забрза на среден рок. При проектирани солидни нето-приливи на финансиската сметка, коишто би го надминале умерениот дефицит на тековната сметка, се очекува натамошен раст на девизните резерви, како гаранција за стабилноста на девизниот курс.

Глобалните услови и натаму се неизвесни и непредвидливи, што создава ризици за економскиот раст, инфлацијата и екстерната позиција, нагласувајќи ја потребата за водење претпазливи домашни макроекономски и структурни политики. Народната банка внимателно, на дневна основа, и натаму ќе ги следи макроекономските податоци и ризиците и како и досега, ќе ги презема сите неопходни мерки, користејќи ги сите расположливи инструменти, заради одржување на стабилноста на девизниот курс и стабилизирање на инфлацијата на среден рок, се посочува во соопштението.

The post НБ: Натамошно забавување на инфлацијата, при што на среден рок ќе се врати кон историскиот просек од 2 проценти appeared first on Република.

]]>

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска ги претстави најновите макроекономски проекции на Народната банка пред дипломатскиот кор и пред претставниците на меѓународните институции. На настанот, којшто се организира редовно, по секој нов циклус макроекономски проекции на Народната банка, присуствуваа претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светската банка (СБ), Делегацијата на ЕУ (ДЕУ), Обединетите нации (ОН), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), како и на дипломатските претставништва на Бугарија, Кина, Косово, САД, Словачка, Унгарија, Холандија, Швајцарија, Шпанија и Шведска, соопштија од Народната банка. Во презентацијата било наведено дека се предвидува натамошно забавување на инфлацијата, којашто минатата година се сведе на едноцифрено ниво, во согласност со остварувањата во првиот квартал оваа година, со просечна годишна стапка од 3,4 отсто, коишто се пониски од октомвриските проекции. Се предвидува дека просечната инфлација за 2024 година ќе забави сведувајќи се на 3,5 отсто, од 9,4 отсто минатата година, одразувајќи го натамошниот пад на цените на нафтата и храната на светските пазари, забавувањето на странската ефективна инфлација, како и затегнатите финансиски услови. На среден рок, се очекува натамошно забавување на инфлацијата и нејзино сведување на историскиот просек од околу 2 проценти. Сепак, ризиците околу инфлацијата сѐ уште постојат и се поврзани главно со цените на примарните производи, промените на регулираните цени, како и со политиките на страната на побарувачката. Притоа, гувернерката истакна дека засега е задржана определбата за претпазливост во монетарната политика, а идните промени ќе зависат од трендовите на девизниот пазар и движењето на инфлацијата и инфлациските очекувања, како и од поставеноста на ЕЦБ, се вели во соопштението од Народната банка. Осврнувајќи се на останатите макроекономски показатели, гувернерката посочила дека при раст на глобалната економија, а особено на нашите трговски партнери, се очекува дека македонската економија ќе расте со стапка од 2,6 проценти оваа година и 3,6 проценти во следната година, а потоа растот умерено ќе забрза на среден рок. При проектирани солидни нето-приливи на финансиската сметка, коишто би го надминале умерениот дефицит на тековната сметка, се очекува натамошен раст на девизните резерви, како гаранција за стабилноста на девизниот курс. Глобалните услови и натаму се неизвесни и непредвидливи, што создава ризици за економскиот раст, инфлацијата и екстерната позиција, нагласувајќи ја потребата за водење претпазливи домашни макроекономски и структурни политики. Народната банка внимателно, на дневна основа, и натаму ќе ги следи макроекономските податоци и ризиците и како и досега, ќе ги презема сите неопходни мерки, користејќи ги сите расположливи инструменти, заради одржување на стабилноста на девизниот курс и стабилизирање на инфлацијата на среден рок, се посочува во соопштението.

The post НБ: Натамошно забавување на инфлацијата, при што на среден рок ќе се врати кон историскиот просек од 2 проценти appeared first on Република.

]]>
НБ: Основната каматна стапка останува на нивото од 6,30 отсто, тековната монетарна поставеност соодветна на условите во економијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nb-osnovnata-kamatna-stapka-ostanuva-na-nivoto-od-6-30-otsto-tekovnata-monetarna-postavenost-soodvetna-na-uslovite-vo-ekonomijata/ Wed, 20 Dec 2023 11:11:05 +0000 https://republika.mk/?p=724826

На 19 декември 2023 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика.

На оваа седница на Комитетот беше одлучено каматните стапки да останат непроменети, во услови на значително забавување на инфлацијата и поволен девизен пазар, но и при се уште присутни ризици. Со тоа, каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30%, со истовремено задржување на каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20% и 4,25%, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари. На седницата беше оценето дека задржувањето на тековното ниво на каматните стапки, заедно со промените кај задолжителната резерва (последните со примена од декември 2023 година) и со макропрудентните мерки преземени досега, ќе придонесат за натамошно забавување на инфлацијата и задржување на стабилноста на девизниот курс.

Последната одлука за монетарната политика се темели на остварените движења и оцени за клучните показатели за монетарната политика. Домашната инфлација и натаму забавува и се сведе на 3,1% на годишно ниво во ноември 2023 година. Овие остварувања го одразуваат значителното намалување на притисокот од прехранбената и енергетската ценовна компонента, како и намалените ценовни притисоци од помалку променливите категории, во согласност и со преземените монетарни мерки. Притоа, годишната стапка на инфлација кај нас позначително забави во споредба со еврозоната, со што разликата во инфлацијата е незначителна. Поумерени се и инфлациските очекувања на потрошувачите искажани во ноемвриските анкети на Европската комисија. Сепак, просечната стапка на инфлација и натаму е на релативно високо ниво, во споредба со историскиот просек. Ризиците во однос на идната динамика на цените и натаму постојат, за што покрај неизвесноста од движењето на цените на светските берзи, придонесуваат и одредени домашни фактори. Оттука, потребна е натамошна претпазливост, вклучително и во однос на политиките што делуваат врз побарувачката на економијата.

Во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), на последната седница во декември беше донесена одлука за задржување на основните каматни стапки на истото ниво, при оцени за натамошно забавување на инфлацијата во наредната година и достигнување на среднорочната целна инфлација во 2025 година.

Состојбата на девизниот пазар е стабилна и движењата се поволни. Нивото на девизните резерви на крајот на ноември изнесува 3.963,7 милиони евра, што според меѓународните стандарди и показателите коишто се следат, е соодветно ниво за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Од почетокот на годината, девизните резерви бележат раст, при поволни поместувања на девизниот пазар и интервенции со нето-откуп на девизи од страна на Народната банка. Остварувањата се резултат на намалените притисоци од енергетската криза, а со тоа и помалата побарувачка од страна на фирмите, зголемениот нето-откуп од физичките лица како сигнал за доверба во домашната валута, како и општо добрата девизна ликвидност на банките. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор за октомври 2023 година, тие засега упатуваат на малку понизок трговски дефицит за последниот квартал од годината од очекувањата според октомвриската проекција, а поповолни се остварувањата и на менувачкиот пазар заклучно со ноември 2023 година.

Растот на економската активност е умерен и се движи во согласност со очекувањата, коишто според последните проекции упатуваат на забавен економски раст оваа година, во услови на послаба странска побарувачка. Реалниот раст на БДП во третиот квартал од 2023 година изнесува 1,2% на годишна основа (по растот од 1,1% во претходниот квартал) и е во согласност со растот проектиран за овој квартал според октомврискиот циклус проекции. Анализирано по компоненти, растот произлегува од нето-извозот, надополнет со натамошниот раст на личната потрошувачка. Со оглед на ограничениот број расположливи податоци, сѐ уште е рано за поцелосни согледувања за економската активност за четвртото тримесечје од 2023 година. Засега, податоците за октомври 2023 година покажуваат солидни позитивни движења кај индустриското производство, како и забавување на реалниот пад кај прометот во вкупната трговија.

Во монетарниот сектор, според првичните податоци заклучно со ноември 2023 година, депозитите и кредитите и натаму растат со темпо коешто засега е во рамките на очекувањата за последниот квартал од годината.

Општо земено, најновите податоци за клучните макроекономски показатели се движат главно во согласност со очекувањата. Сепак, условите за водење на монетарната политика и натаму се неизвесни и налагаат натамошно внимателно следење на динамиката и факторите на инфлацијата и на инфлациските очекувања. Оттука, потребна е натамошна претпазливост во водењето на монетарна политика, односно при водењето на макроекономските политики коишто влијаат врз побарувачката во економијата. Народната банка и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок.

The post НБ: Основната каматна стапка останува на нивото од 6,30 отсто, тековната монетарна поставеност соодветна на условите во економијата appeared first on Република.

]]>

На 19 декември 2023 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На оваа седница на Комитетот беше одлучено каматните стапки да останат непроменети, во услови на значително забавување на инфлацијата и поволен девизен пазар, но и при се уште присутни ризици. Со тоа, каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30%, со истовремено задржување на каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20% и 4,25%, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари. На седницата беше оценето дека задржувањето на тековното ниво на каматните стапки, заедно со промените кај задолжителната резерва (последните со примена од декември 2023 година) и со макропрудентните мерки преземени досега, ќе придонесат за натамошно забавување на инфлацијата и задржување на стабилноста на девизниот курс. Последната одлука за монетарната политика се темели на остварените движења и оцени за клучните показатели за монетарната политика. Домашната инфлација и натаму забавува и се сведе на 3,1% на годишно ниво во ноември 2023 година. Овие остварувања го одразуваат значителното намалување на притисокот од прехранбената и енергетската ценовна компонента, како и намалените ценовни притисоци од помалку променливите категории, во согласност и со преземените монетарни мерки. Притоа, годишната стапка на инфлација кај нас позначително забави во споредба со еврозоната, со што разликата во инфлацијата е незначителна. Поумерени се и инфлациските очекувања на потрошувачите искажани во ноемвриските анкети на Европската комисија. Сепак, просечната стапка на инфлација и натаму е на релативно високо ниво, во споредба со историскиот просек. Ризиците во однос на идната динамика на цените и натаму постојат, за што покрај неизвесноста од движењето на цените на светските берзи, придонесуваат и одредени домашни фактори. Оттука, потребна е натамошна претпазливост, вклучително и во однос на политиките што делуваат врз побарувачката на економијата. Во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), на последната седница во декември беше донесена одлука за задржување на основните каматни стапки на истото ниво, при оцени за натамошно забавување на инфлацијата во наредната година и достигнување на среднорочната целна инфлација во 2025 година. Состојбата на девизниот пазар е стабилна и движењата се поволни. Нивото на девизните резерви на крајот на ноември изнесува 3.963,7 милиони евра, што според меѓународните стандарди и показателите коишто се следат, е соодветно ниво за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Од почетокот на годината, девизните резерви бележат раст, при поволни поместувања на девизниот пазар и интервенции со нето-откуп на девизи од страна на Народната банка. Остварувањата се резултат на намалените притисоци од енергетската криза, а со тоа и помалата побарувачка од страна на фирмите, зголемениот нето-откуп од физичките лица како сигнал за доверба во домашната валута, како и општо добрата девизна ликвидност на банките. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор за октомври 2023 година, тие засега упатуваат на малку понизок трговски дефицит за последниот квартал од годината од очекувањата според октомвриската проекција, а поповолни се остварувањата и на менувачкиот пазар заклучно со ноември 2023 година. Растот на економската активност е умерен и се движи во согласност со очекувањата, коишто според последните проекции упатуваат на забавен економски раст оваа година, во услови на послаба странска побарувачка. Реалниот раст на БДП во третиот квартал од 2023 година изнесува 1,2% на годишна основа (по растот од 1,1% во претходниот квартал) и е во согласност со растот проектиран за овој квартал според октомврискиот циклус проекции. Анализирано по компоненти, растот произлегува од нето-извозот, надополнет со натамошниот раст на личната потрошувачка. Со оглед на ограничениот број расположливи податоци, сѐ уште е рано за поцелосни согледувања за економската активност за четвртото тримесечје од 2023 година. Засега, податоците за октомври 2023 година покажуваат солидни позитивни движења кај индустриското производство, како и забавување на реалниот пад кај прометот во вкупната трговија. Во монетарниот сектор, според првичните податоци заклучно со ноември 2023 година, депозитите и кредитите и натаму растат со темпо коешто засега е во рамките на очекувањата за последниот квартал од годината. Општо земено, најновите податоци за клучните макроекономски показатели се движат главно во согласност со очекувањата. Сепак, условите за водење на монетарната политика и натаму се неизвесни и налагаат натамошно внимателно следење на динамиката и факторите на инфлацијата и на инфлациските очекувања. Оттука, потребна е натамошна претпазливост во водењето на монетарна политика, односно при водењето на макроекономските политики коишто влијаат врз побарувачката во економијата. Народната банка и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок.

The post НБ: Основната каматна стапка останува на нивото од 6,30 отсто, тековната монетарна поставеност соодветна на условите во економијата appeared first on Република.

]]>
НБ: Годинава раст од 1,9 отсто и инфлација од 9,5 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nb-godinava-rast-od-1-9-otsto-i-inflatsija-od-9-5-otsto/ Thu, 09 Nov 2023 10:49:51 +0000 https://republika.mk/?p=699812

Годинава ќе ја завршиме со раст од 1,9 отсто и инфлација од 9,5 отсто, истакна гувернерката на Нардна банка Анита Ангеловска Бежоска.

За наредната година, како што кажа на денешната прес - конференција, НБ предвидува раст од 3 отсто и инфлација од 3,5 до 4 отсто, а на среден рок за 2025 и 2026 година се предвидува раст од 4 отсто и инфлација од околу 2 отсто

The post НБ: Годинава раст од 1,9 отсто и инфлација од 9,5 отсто appeared first on Република.

]]>

Годинава ќе ја завршиме со раст од 1,9 отсто и инфлација од 9,5 отсто, истакна гувернерката на Нардна банка Анита Ангеловска Бежоска. За наредната година, како што кажа на денешната прес - конференција, НБ предвидува раст од 3 отсто и инфлација од 3,5 до 4 отсто, а на среден рок за 2025 и 2026 година се предвидува раст од 4 отсто и инфлација од околу 2 отсто

The post НБ: Годинава раст од 1,9 отсто и инфлација од 9,5 отсто appeared first on Република.

]]>
НБ: Основната каматна стапка останува на нивото од 6,30%, монетарната политика и натаму е затегната https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nb-osnovnata-kamatna-stapka-ostanuva-na-nivoto-od-6-30-monetarnata-politika-i-natamu-e-zategnata/ Wed, 01 Nov 2023 10:28:15 +0000 https://republika.mk/?p=697000

Каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30%, со истовремено задржување на каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20% и 4,25%, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари, одлучи Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка.

Тековното ниво на основната каматна стапка, во комбинација со промените кај задолжителна резерва, како и со макропрудентните мерки преземени досега, ќе придонесе за натамошно забавување на инфлацијата и задржување на стабилноста на девизниот курс. Затегнувањето на монетарната политика започна уште од крајот на 2021 година, прво преку интервенциите на девизниот пазар и оптималното управување со ликвидноста, а потоа од април минатата година и преку зголемување на основната каматна стапка, во вкупно 14 наврати досега, соопшти НБ.

Последната одлука за монетарната политика главно е условена од остварените движења и оцени за клучните показатели за монетарната политика, со посебен акцент на инфлацијата. Домашната инфлација и натаму забавува но посилно, сведувајќи се на 6,6% на годишно ниво во септември 2023 година. Забавувањето на годишната стапка на инфлација е резултат на забавениот раст на цените кај сите три компоненти, со најголем придонес од прехранбената компонента. Сепак, вкупната инфлација забавува малку послабо од очекувањата според последните проекции, а нејзиното ниво сѐ уште е над историскиот просек. Од друга страна, базичната стапка на инфлација забавува во целост во согласност со очекувањата, укажувајќи на намалување на ценовните притисоци од помалку променливите ценовни категории, а во согласност и со преземените монетарни мерки. Најновите очекувања за увозните цени, односно светските цени на примарните производи, се ревидирани главно во надолна насока, при што и натаму преовладуваат очекувања за пад на цените во наредниот период. Ризиците од надворешното окружување во однос на идното движење на цените и натаму се неповолни и неизвесни, пред сѐ поради непредвидливиот карактер на војната во Украина и најново, на Блискиот Исток, како нов фактор на ризик.

Во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), по циклус од десет последователни зголемувања, на последната седница во октомври ЕЦБ не направи дополнителни промени, односно го задржа истото ниво на основните каматни стапки, врз основа на оцени дека досегашните промени ги даваат очекуваните резултати и со очекувања за задржување на тековното високо ниво на каматните стапки подолг период.

Состојбата на девизниот пазар е стабилна и движењата се поволни. Нивото на девизните резерви на крајот на септември е во согласност co меѓународните стандарди за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Од почетокот на годината, девизните резерви бележат раст, при поволни поместувања на девизниот пазар и интервенции со нето-откуп на девизи од страна на Народната банка од почетокот на годината. Ова е одраз на намалените притисоци од енергетската криза, а со тоа и помалата побарувачка од страна на фирмите, зголемениот нето-откуп од физичките лица како сигнал за доверба во домашната валута, како и општо добрата девизна ликвидност на банките. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, трговскиот дефицит во периодот јули ‒ август 2023 година е понизок од очекувањата според априлската проекција, а податоците за менувачкото работење заклучно со септември 2023 година се во согласност со очекуваните нето-приливи од приватните трансфери за третиот квартал.

Гледано од аспект на домашната економска активност, реалниот раст на БДП во вториот квартал од 2023 година забави сведувајќи се на 1,1% на годишна основа (по растот од 2,1% во претходниот квартал), при што се доближува до растот проектиран за овој квартал според априлскиот циклус проекции. Високофреквентните податоци за економската активност за третото тримесечје од 2023 година со кои се располага во моментов засега упатуваат на послаб економски раст во овој квартал, во однос на априлските очекувања. Исто така, најновите очекувања упатуваат на надолна ревизија на растот на странската побарувачка до крајот на 2024 година, со изгледи и за побавно закрепнување на домашната економија во следниот период.

Во монетарниот сектор, последните податоци заклучно со септември 2023 година и натаму упатуваат на посилен раст кај депозитите во однос на априлските очекувања, а кредитната активност и натаму забавува, во согласност со очекуваната динамика.

Општо земено, условите за водење на монетарната политика и понатаму сe неизвесни и упатуваат на неопходност од внимателно следење на динамиката и факторите на инфлацијата, како и на инфлациските очекувања. Ова подразбира и внимателност во водењето на макроекономските политики коишто влијаат врз побарувачката во економијата. Народната банка и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок, се вели во соопштението од централната банка.

The post НБ: Основната каматна стапка останува на нивото од 6,30%, монетарната политика и натаму е затегната appeared first on Република.

]]>

Каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30%, со истовремено задржување на каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20% и 4,25%, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари, одлучи Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка. Тековното ниво на основната каматна стапка, во комбинација со промените кај задолжителна резерва, како и со макропрудентните мерки преземени досега, ќе придонесе за натамошно забавување на инфлацијата и задржување на стабилноста на девизниот курс. Затегнувањето на монетарната политика започна уште од крајот на 2021 година, прво преку интервенциите на девизниот пазар и оптималното управување со ликвидноста, а потоа од април минатата година и преку зголемување на основната каматна стапка, во вкупно 14 наврати досега, соопшти НБ. Последната одлука за монетарната политика главно е условена од остварените движења и оцени за клучните показатели за монетарната политика, со посебен акцент на инфлацијата. Домашната инфлација и натаму забавува но посилно, сведувајќи се на 6,6% на годишно ниво во септември 2023 година. Забавувањето на годишната стапка на инфлација е резултат на забавениот раст на цените кај сите три компоненти, со најголем придонес од прехранбената компонента. Сепак, вкупната инфлација забавува малку послабо од очекувањата според последните проекции, а нејзиното ниво сѐ уште е над историскиот просек. Од друга страна, базичната стапка на инфлација забавува во целост во согласност со очекувањата, укажувајќи на намалување на ценовните притисоци од помалку променливите ценовни категории, а во согласност и со преземените монетарни мерки. Најновите очекувања за увозните цени, односно светските цени на примарните производи, се ревидирани главно во надолна насока, при што и натаму преовладуваат очекувања за пад на цените во наредниот период. Ризиците од надворешното окружување во однос на идното движење на цените и натаму се неповолни и неизвесни, пред сѐ поради непредвидливиот карактер на војната во Украина и најново, на Блискиот Исток, како нов фактор на ризик. Во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), по циклус од десет последователни зголемувања, на последната седница во октомври ЕЦБ не направи дополнителни промени, односно го задржа истото ниво на основните каматни стапки, врз основа на оцени дека досегашните промени ги даваат очекуваните резултати и со очекувања за задржување на тековното високо ниво на каматните стапки подолг период. Состојбата на девизниот пазар е стабилна и движењата се поволни. Нивото на девизните резерви на крајот на септември е во согласност co меѓународните стандарди за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Од почетокот на годината, девизните резерви бележат раст, при поволни поместувања на девизниот пазар и интервенции со нето-откуп на девизи од страна на Народната банка од почетокот на годината. Ова е одраз на намалените притисоци од енергетската криза, а со тоа и помалата побарувачка од страна на фирмите, зголемениот нето-откуп од физичките лица како сигнал за доверба во домашната валута, како и општо добрата девизна ликвидност на банките. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, трговскиот дефицит во периодот јули ‒ август 2023 година е понизок од очекувањата според априлската проекција, а податоците за менувачкото работење заклучно со септември 2023 година се во согласност со очекуваните нето-приливи од приватните трансфери за третиот квартал. Гледано од аспект на домашната економска активност, реалниот раст на БДП во вториот квартал од 2023 година забави сведувајќи се на 1,1% на годишна основа (по растот од 2,1% во претходниот квартал), при што се доближува до растот проектиран за овој квартал според априлскиот циклус проекции. Високофреквентните податоци за економската активност за третото тримесечје од 2023 година со кои се располага во моментов засега упатуваат на послаб економски раст во овој квартал, во однос на априлските очекувања. Исто така, најновите очекувања упатуваат на надолна ревизија на растот на странската побарувачка до крајот на 2024 година, со изгледи и за побавно закрепнување на домашната економија во следниот период. Во монетарниот сектор, последните податоци заклучно со септември 2023 година и натаму упатуваат на посилен раст кај депозитите во однос на априлските очекувања, а кредитната активност и натаму забавува, во согласност со очекуваната динамика. Општо земено, условите за водење на монетарната политика и понатаму сe неизвесни и упатуваат на неопходност од внимателно следење на динамиката и факторите на инфлацијата, како и на инфлациските очекувања. Ова подразбира и внимателност во водењето на макроекономските политики коишто влијаат врз побарувачката во економијата. Народната банка и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок, се вели во соопштението од централната банка.

The post НБ: Основната каматна стапка останува на нивото од 6,30%, монетарната политика и натаму е затегната appeared first on Република.

]]>
НБ: Во септември годишен раст од 8,9% на вкупните депозити и 5,8% на кредитите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nb-vo-septemvri-godishen-rast-od-8-9-na-vkupnite-depoziti-i-5-8-na-kreditite/ Fri, 20 Oct 2023 09:29:08 +0000 https://republika.mk/?p=693192

Вкупните депозити во септември, на годишно ниво, се зголемени за 8,9%, како резултат на зголемувањето на депозитите на двата сектора, со малку поголем придонес на секторот домаќинства, соопшти Народната банка. Годишниот пораст на кредитите, пак, е 5,8% и произлегува од повисокото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес на секторот домаќинства.

Во септември 2023 година, паричната маса бележи месечен пад од 0,5%, што во најголем дел се должи на намалувањето на краткорочните депозити и депозитните пари, а во помала мера и на пониските готови пари во оптек и долгорочните депозити до две години. Во споредба со септември претходната година, паричната маса е зголемена за 5,9% и главно произлегува од зголемувањето на депозитните пари и краткорочните депозити, при помало позитивно влијание и на готовите пари во оптек и долгорочните депозити до две години.

Вкупните депозити во септември, се намалија за 0,2% на месечно ниво и во целост е одраз на падот на депозитите на корпоративниот сектор, при раст на депозитите на домаќинствата. Годишниот раст од 8,9% произлегува од зголемувањето на депозитите на двата сектора, со малку поголем придонес на секторот „домаќинства“.

Во септември, вкупните кредити остварија месечно зголемување од 0,4%, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор. Анализирано на годишна основа, кредитите растат за 5,8% што произлегува од повисокото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес на секторот „домаќинства“.

Вкупните депозити на корпоративниот сектор, во септември, се намалија за 1,4% на месечна основа, главно под влијание на падот на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, а во помала мера и на краткорочните депозити во денари, во услови на забележан раст на долгорочните депозити. Годишниот раст од 15,7% во поголем дел е одраз на зголемувањето на краткорочните депозити во странска валута, депозитните пари и долгорочните депозити во денари.

Кредитите на корпоративниот сектор во септември бележат месечен раст од 0,5%, во целост како резултат на зголемувањето на кредитите во денари, при остварен пад на кредитите во странска валута. Во однос на септември минатата
година, кредитите на корпоративниот сектор се зголемија за 5,1%, што се должи на растот на кредитите во денари и во странска валута, со поголем придонес кон растот на кредитите во денари.

Во септември, месечната стапка на раст на депозитите на домаќинствата изнесува 0,9% во поголем дел поради зголемените депозитни пари и долгорочните депозити, додека помало позитивно влијание и на краткорочните депозити. Анализирано на годишно ниво, депозитите на домаќинствата забележаа раст од 6,8%, што главно се должи на зголемувањето на долгорочните депозити и депозитните пари, а во помала мера и на краткорочните депозити во денари, во услови на остварен пад на краткорочните депозити во странска валута.

Кредитите на домаќинствата, во септември, остварија месечно зголемување од 0,3%, во поголем дел поради зголеменото кредитирање во странска валута, при позитивен придонес и на кредитите во денари. Годишниот раст од 6,4% се објаснува
со зголемувањето на кредитите во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во странска валута.

Во септември, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, забележаа месечен раст од 0,4% и 0,8%, соодветно, како и годишно зголемување
од 6,0% и 10,7%, соодветно. Автомобилските кредити, во септември, се намалени за 1,5% на месечна основа, при годишен раст од 15,5%, додека кредитите одобрени на кредитни картички остварија месечно и годишно намалување од 0,6% и 2,6%, соодветно. Во септември, негативните салда на тековните сметки бележат пад од 1,1% на месечно ниво, додека на годишно ниво се зголемени за 7,9%. Кредитите одобрени врз други основи, во септември, се намалија на месечно и на годишно ниво за 1,8% и 17,4%, соодветно, се наведува во соопштението од НБ

The post НБ: Во септември годишен раст од 8,9% на вкупните депозити и 5,8% на кредитите appeared first on Република.

]]>

Вкупните депозити во септември, на годишно ниво, се зголемени за 8,9%, како резултат на зголемувањето на депозитите на двата сектора, со малку поголем придонес на секторот домаќинства, соопшти Народната банка. Годишниот пораст на кредитите, пак, е 5,8% и произлегува од повисокото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес на секторот домаќинства. Во септември 2023 година, паричната маса бележи месечен пад од 0,5%, што во најголем дел се должи на намалувањето на краткорочните депозити и депозитните пари, а во помала мера и на пониските готови пари во оптек и долгорочните депозити до две години. Во споредба со септември претходната година, паричната маса е зголемена за 5,9% и главно произлегува од зголемувањето на депозитните пари и краткорочните депозити, при помало позитивно влијание и на готовите пари во оптек и долгорочните депозити до две години. Вкупните депозити во септември, се намалија за 0,2% на месечно ниво и во целост е одраз на падот на депозитите на корпоративниот сектор, при раст на депозитите на домаќинствата. Годишниот раст од 8,9% произлегува од зголемувањето на депозитите на двата сектора, со малку поголем придонес на секторот „домаќинства“. Во септември, вкупните кредити остварија месечно зголемување од 0,4%, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор. Анализирано на годишна основа, кредитите растат за 5,8% што произлегува од повисокото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес на секторот „домаќинства“. Вкупните депозити на корпоративниот сектор, во септември, се намалија за 1,4% на месечна основа, главно под влијание на падот на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, а во помала мера и на краткорочните депозити во денари, во услови на забележан раст на долгорочните депозити. Годишниот раст од 15,7% во поголем дел е одраз на зголемувањето на краткорочните депозити во странска валута, депозитните пари и долгорочните депозити во денари. Кредитите на корпоративниот сектор во септември бележат месечен раст од 0,5%, во целост како резултат на зголемувањето на кредитите во денари, при остварен пад на кредитите во странска валута. Во однос на септември минатата година, кредитите на корпоративниот сектор се зголемија за 5,1%, што се должи на растот на кредитите во денари и во странска валута, со поголем придонес кон растот на кредитите во денари. Во септември, месечната стапка на раст на депозитите на домаќинствата изнесува 0,9% во поголем дел поради зголемените депозитни пари и долгорочните депозити, додека помало позитивно влијание и на краткорочните депозити. Анализирано на годишно ниво, депозитите на домаќинствата забележаа раст од 6,8%, што главно се должи на зголемувањето на долгорочните депозити и депозитните пари, а во помала мера и на краткорочните депозити во денари, во услови на остварен пад на краткорочните депозити во странска валута. Кредитите на домаќинствата, во септември, остварија месечно зголемување од 0,3%, во поголем дел поради зголеменото кредитирање во странска валута, при позитивен придонес и на кредитите во денари. Годишниот раст од 6,4% се објаснува со зголемувањето на кредитите во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во странска валута. Во септември, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, забележаа месечен раст од 0,4% и 0,8%, соодветно, како и годишно зголемување од 6,0% и 10,7%, соодветно. Автомобилските кредити, во септември, се намалени за 1,5% на месечна основа, при годишен раст од 15,5%, додека кредитите одобрени на кредитни картички остварија месечно и годишно намалување од 0,6% и 2,6%, соодветно. Во септември, негативните салда на тековните сметки бележат пад од 1,1% на месечно ниво, додека на годишно ниво се зголемени за 7,9%. Кредитите одобрени врз други основи, во септември, се намалија на месечно и на годишно ниво за 1,8% и 17,4%, соодветно, се наведува во соопштението од НБ

The post НБ: Во септември годишен раст од 8,9% на вкупните депозити и 5,8% на кредитите appeared first on Република.

]]>
Средба на Ангеловска-Бежоска со Мисијата на ММФ: НБ со преземените мерки успешно ја одржува стабилноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sredba-na-angelovska-bezhoska-so-misijata-na-mmf-nb-so-prezemenite-merki-uspeshno-ja-odrzhuva-stabilnosta/ Sat, 10 Jun 2023 13:02:09 +0000 https://republika.mk/?p=649896

Тим на Народната банка, предводен од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска се сретна со членовите на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводена од Жак Минијан, кои деновиве е во посета на нашата држава. На состанокот присуствуваше и резидентната претставничка на ММФ во земјава, Стефани Ебле.

Како што информираа од НБ, на средбата стана збор за актуелните макроекономски остварувања во земјата, како и за очекувањата и проекциите на Народната банка за следниот период.

Шефот на Мисијата на ММФ, Минијан, истакна дека Народната банка има преземено навремени и соодветни мерки коишто придонесуваат за одржување на финансиската и ценовната стабилност. Затегнувањето на монетарната политика дава резултати, што може да се види од забавувањето на инфлацијата. Сепак, со инфлација којашто сѐ уште е висока и тука, и во странство, треба да се биде претпазлив, со што целосно се согласува и гувернерката. Од друга страна, ММФ ги пофали макропрудентните мерки преземени досега, коишто ја зголемуваат отпорноста на банкарскиот систем на можни ризици. ММФ го оценува банкарскиот систем како здрав и отпорен, со доволен капацитет за справување со можните шокови. Сепак, неизвесноста постои и од клучно значење е да се продолжи со водењето претпазливи политики, се наведува во соопштението.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска, од своја страна, се осврна на мерките преземени досега од страна на централната банка, преку затегнување на монетарната политика и системските мерки за зголемување на отпорноста на банкарскиот систем. Притоа, таа посочи на трендот на забавување на инфлацијата, постепеното стабилизирање на инфлациските очекувања, поволниот девизен пазар и сѐ поголемата денаризација на депозитната база на банките, како показатели за ефектите од досегашните мерки.

Билансите на нашите банки се солидни, високо капитализирани и ликвидни и со солиден квалитет на кредитното портфолио. Сепак, и натаму е неопходно будно следење на состојбите и претпазливост, нагласи Ангеловска-Бежоска, истакнувајќи дека банкарскиот сектор и натаму е стабилен.

Во однос на макроекономските проекции на Народната банка, се додава во соопштението, беа истакнати очекувањата за стабилизирање на економскиот раст и умерено забрзување на среден рок, како и за постепено забавување на инфлацијата.

Притоа, се разговараше и за ризиците за проекциите коишто главно произлегуваат од надворешниот сектор, како и за неизвесноста во поглед на идните движења на светските цени на енергијата и храната и интензитетот на пренос врз домашната инфлација. Исто така, беше посочено и на растот на платите, а особено на соодносот со растот на продуктивноста, како елемент што треба внимателно да се следи. Девизните резерви и натаму се соодветни и овозможуваат непречени монетарни реакции заради остварување на основната цел ‒ ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс на денарот. На средбата беше изразено задоволство од постојаната соработка помеѓу Народната банка и ММФ, наведуваат од Народната банка.

The post Средба на Ангеловска-Бежоска со Мисијата на ММФ: НБ со преземените мерки успешно ја одржува стабилноста appeared first on Република.

]]>

Тим на Народната банка, предводен од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска се сретна со членовите на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводена од Жак Минијан, кои деновиве е во посета на нашата држава. На состанокот присуствуваше и резидентната претставничка на ММФ во земјава, Стефани Ебле. Како што информираа од НБ, на средбата стана збор за актуелните макроекономски остварувања во земјата, како и за очекувањата и проекциите на Народната банка за следниот период. Шефот на Мисијата на ММФ, Минијан, истакна дека Народната банка има преземено навремени и соодветни мерки коишто придонесуваат за одржување на финансиската и ценовната стабилност. Затегнувањето на монетарната политика дава резултати, што може да се види од забавувањето на инфлацијата. Сепак, со инфлација којашто сѐ уште е висока и тука, и во странство, треба да се биде претпазлив, со што целосно се согласува и гувернерката. Од друга страна, ММФ ги пофали макропрудентните мерки преземени досега, коишто ја зголемуваат отпорноста на банкарскиот систем на можни ризици. ММФ го оценува банкарскиот систем како здрав и отпорен, со доволен капацитет за справување со можните шокови. Сепак, неизвесноста постои и од клучно значење е да се продолжи со водењето претпазливи политики, се наведува во соопштението. Гувернерката Ангеловска-Бежоска, од своја страна, се осврна на мерките преземени досега од страна на централната банка, преку затегнување на монетарната политика и системските мерки за зголемување на отпорноста на банкарскиот систем. Притоа, таа посочи на трендот на забавување на инфлацијата, постепеното стабилизирање на инфлациските очекувања, поволниот девизен пазар и сѐ поголемата денаризација на депозитната база на банките, како показатели за ефектите од досегашните мерки. Билансите на нашите банки се солидни, високо капитализирани и ликвидни и со солиден квалитет на кредитното портфолио. Сепак, и натаму е неопходно будно следење на состојбите и претпазливост, нагласи Ангеловска-Бежоска, истакнувајќи дека банкарскиот сектор и натаму е стабилен. Во однос на макроекономските проекции на Народната банка, се додава во соопштението, беа истакнати очекувањата за стабилизирање на економскиот раст и умерено забрзување на среден рок, како и за постепено забавување на инфлацијата. Притоа, се разговараше и за ризиците за проекциите коишто главно произлегуваат од надворешниот сектор, како и за неизвесноста во поглед на идните движења на светските цени на енергијата и храната и интензитетот на пренос врз домашната инфлација. Исто така, беше посочено и на растот на платите, а особено на соодносот со растот на продуктивноста, како елемент што треба внимателно да се следи. Девизните резерви и натаму се соодветни и овозможуваат непречени монетарни реакции заради остварување на основната цел ‒ ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс на денарот. На средбата беше изразено задоволство од постојаната соработка помеѓу Народната банка и ММФ, наведуваат од Народната банка.

The post Средба на Ангеловска-Бежоска со Мисијата на ММФ: НБ со преземените мерки успешно ја одржува стабилноста appeared first on Република.

]]>
НБ: Граѓаните сè повеќе ги прифаќаат дигиталните плаќања https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nb-graganite-se-poveke-gi-prifakaat-digitalnite-plakana/ Wed, 05 Apr 2023 08:48:13 +0000 https://republika.mk/?p=627415

Дигиталните платформи и канали за извршување на плаќањата сѐ почесто се користат од граѓаните на нашата земја, за што говорат и податоците за последниот квартал од 2022 година, како и за целата година, коишто Народната банка редовно ги обработува и ги објавува.

На крајот од 2022 година во оптек беа 2,1 милион платежни картички, од коишто 70 отсто засновани на бесконтактна технологија. Инфраструктурата за прифаќање плаќања со платежни картички, пак, брои 30.011 уреди на физичките места на продажба, кај 13.359 трговци во земјата, од кои дури 86 проценти ја поддржуваат бесконтактната технологија. Според овие податоци, граѓаните во земјата можеа на удобен и сигурен начин да ги извршуваат плаќањата. Бројот на картички со бесконтактна технологија и уредите на физичките места на продажба коишто ја поддржуваат оваа технологија забележа годишен раст (во споредба со 2021 година) од 1 отсто односно 3 отсто. Годишен раст од 16 проценти во однос на 2021 година е забележан и кај бројот на трговците коишто прифаќаат платежни картички при продажба на стоки и услуги на физичките места на продажба во земјата, се наведува во соопштението од Народна банка.

Во четвртиот квартал од 2022 година и натаму се зголемува употребата на платежните картички од страна на граѓаните за извршување на плаќањата во трговијата во земјата, што се согледува преку засилениот годишен раст на бројот и вредноста на плаќањата, за 11 отсто и 16 проценти, соодветно.

Бројот и вредноста на плаќањата на граѓаните со кредитни трансфери (т.н. платни налози) забележуваат раст од 6 отсто и 2 проценти, соодветно. Иако плаќањата со кредитни трансфери сѐ уште најмногу се вршат на шалтерите на банките (74%), податоците за последниот квартал од годината ја потврдуваат и сѐ поголемата употреба на дигиталните канали, со годишен раст од 12 отсто кај бројот и 14 проценти кај вредноста на плаќањата иницирани електронски и раст од 21 отсто кај бројот и 25 проценти кај вредноста на плаќањата иницирани со употреба на мобилните апликации, велат од Народна банка.

Менувањето на навиките на граѓаните, како што е наведено во соопштението, поточно сѐ почестото користење на дигиталните канали за извршување на плаќањата, до крајот на 2022 година, доведе до годишен раст од 13 отсто на плаќањата со платежни картички во трговијата и годишен раст од 8 проценти на плаќањата со кредитни трансфери иницирани електронски.

За извршувањето на плаќањата со прифаќање на платежните картички, според најновите податоци за 2022 година, трговците плаќале просечен надоместок во висина од 1,13 отсто од вредноста на прометот, што е помалку за 0,06 п.п. во споредба со 2021 година. Најголемо намалување се забележува кај надоместот за плаќањата на бензинските станици (за 0,19 п.п.), на јавните и комуналните услуги (за 0,19 п.п.) и во електронската трговија (за 0,14 п.п.), се наведува во соопштението.

Од Народна банка посочуваат дека показателите преку кои се следи финансиската вклученост на населението и натаму ја потврдуваат високата стапка на финансиска вклученост преку клучниот показател ‒ поседувањето платежна сметка. - Имено, на крајот на 2022 година граѓаните располагале во просек со 1,8 сметки по глава на жител, што е за 0,1 сметка повеќе во однос на просечниот број сметки на глава на жител кај населението во Европската Унија. Притоа, сопствениците на сметките ги користеле дигиталните услуги за увид кај околу 42 отсто од сметките, додека, пак, електронски плаќања се извршуваат кај 18 проценти од сметките, се додава во соопштението.

Според податоците за возрасната структура на имателите на сметките, во 2022 година е видлива поголема употреба на дигиталните услуги кај сите возрасни групи, во споредба со минатата година. Забележан е годишен раст на бројот на платежни сметки на активни пристапувачи и бројот на платежни сметки на активни плаќачи за 19 отсто и 9 проценти, соодветно. Притоа, најголеми корисници на дигиталните канали за увид во сметките и за извршување на електронските плаќања се возрасните групи од 25 до 54 години, со 2,3 сметки по глава на жител. Поголемиот дел од сметките во нивна сопственост, односно над 51 проценти им биле достапни за електронски увид, а 24 отсто за извршување електронски плаќања.

Од аспект на родовата структура, како што информираат од Народна банка, податоците посочуваат на родов јаз од 0,5 сметки повеќе во корист на мажите (2,1 сметки по глава на жител од машкиот пол, наспроти 1,6 сметки по глава на жител од женскиот пол). Сепак, во споредба со мажите, во текот на 2022 година жените биле умерено поактивни во користењето на дигиталните канали за увид во сметките и за извршување на плаќањата. Така, 41 отсто од сметките коишто се во сопственост на жените биле искористени за плаќање преку интернет-банкарство или мобилна платежна апликација, додека за таа намена мажите користеле 40 проценти од своите сметки. Воедно, жените направиле најмалку еден електронски увид во состојбата и промените кај 63 отсто од нивните сметки, а мажите кај 62 отсто.

Според достапноста на инфраструктурата по општини, најголема покриеност со банкомати на десет илјади жители е забележана во Маврово и Ростуше (12), Охрид, Дојран и Гевгелија (10), а најголема покриеност со уреди на физичките места на продажба на десет илјади жители е евидентирана во Гевгелија (321), Охрид (285) и Скопје (269). Во рамките на Градот Скопје, најголема покриеност со банкомати и уреди на физичките места на продажба на десет илјади жители имаат општините Центар, Карпош и Аеродром, посочуваат од Народна банка.

The post НБ: Граѓаните сè повеќе ги прифаќаат дигиталните плаќања appeared first on Република.

]]>

Дигиталните платформи и канали за извршување на плаќањата сѐ почесто се користат од граѓаните на нашата земја, за што говорат и податоците за последниот квартал од 2022 година, како и за целата година, коишто Народната банка редовно ги обработува и ги објавува. На крајот од 2022 година во оптек беа 2,1 милион платежни картички, од коишто 70 отсто засновани на бесконтактна технологија. Инфраструктурата за прифаќање плаќања со платежни картички, пак, брои 30.011 уреди на физичките места на продажба, кај 13.359 трговци во земјата, од кои дури 86 проценти ја поддржуваат бесконтактната технологија. Според овие податоци, граѓаните во земјата можеа на удобен и сигурен начин да ги извршуваат плаќањата. Бројот на картички со бесконтактна технологија и уредите на физичките места на продажба коишто ја поддржуваат оваа технологија забележа годишен раст (во споредба со 2021 година) од 1 отсто односно 3 отсто. Годишен раст од 16 проценти во однос на 2021 година е забележан и кај бројот на трговците коишто прифаќаат платежни картички при продажба на стоки и услуги на физичките места на продажба во земјата, се наведува во соопштението од Народна банка. Во четвртиот квартал од 2022 година и натаму се зголемува употребата на платежните картички од страна на граѓаните за извршување на плаќањата во трговијата во земјата, што се согледува преку засилениот годишен раст на бројот и вредноста на плаќањата, за 11 отсто и 16 проценти, соодветно. Бројот и вредноста на плаќањата на граѓаните со кредитни трансфери (т.н. платни налози) забележуваат раст од 6 отсто и 2 проценти, соодветно. Иако плаќањата со кредитни трансфери сѐ уште најмногу се вршат на шалтерите на банките (74%), податоците за последниот квартал од годината ја потврдуваат и сѐ поголемата употреба на дигиталните канали, со годишен раст од 12 отсто кај бројот и 14 проценти кај вредноста на плаќањата иницирани електронски и раст од 21 отсто кај бројот и 25 проценти кај вредноста на плаќањата иницирани со употреба на мобилните апликации, велат од Народна банка. Менувањето на навиките на граѓаните, како што е наведено во соопштението, поточно сѐ почестото користење на дигиталните канали за извршување на плаќањата, до крајот на 2022 година, доведе до годишен раст од 13 отсто на плаќањата со платежни картички во трговијата и годишен раст од 8 проценти на плаќањата со кредитни трансфери иницирани електронски. За извршувањето на плаќањата со прифаќање на платежните картички, според најновите податоци за 2022 година, трговците плаќале просечен надоместок во висина од 1,13 отсто од вредноста на прометот, што е помалку за 0,06 п.п. во споредба со 2021 година. Најголемо намалување се забележува кај надоместот за плаќањата на бензинските станици (за 0,19 п.п.), на јавните и комуналните услуги (за 0,19 п.п.) и во електронската трговија (за 0,14 п.п.), се наведува во соопштението. Од Народна банка посочуваат дека показателите преку кои се следи финансиската вклученост на населението и натаму ја потврдуваат високата стапка на финансиска вклученост преку клучниот показател ‒ поседувањето платежна сметка. - Имено, на крајот на 2022 година граѓаните располагале во просек со 1,8 сметки по глава на жител, што е за 0,1 сметка повеќе во однос на просечниот број сметки на глава на жител кај населението во Европската Унија. Притоа, сопствениците на сметките ги користеле дигиталните услуги за увид кај околу 42 отсто од сметките, додека, пак, електронски плаќања се извршуваат кај 18 проценти од сметките, се додава во соопштението. Според податоците за возрасната структура на имателите на сметките, во 2022 година е видлива поголема употреба на дигиталните услуги кај сите возрасни групи, во споредба со минатата година. Забележан е годишен раст на бројот на платежни сметки на активни пристапувачи и бројот на платежни сметки на активни плаќачи за 19 отсто и 9 проценти, соодветно. Притоа, најголеми корисници на дигиталните канали за увид во сметките и за извршување на електронските плаќања се возрасните групи од 25 до 54 години, со 2,3 сметки по глава на жител. Поголемиот дел од сметките во нивна сопственост, односно над 51 проценти им биле достапни за електронски увид, а 24 отсто за извршување електронски плаќања. Од аспект на родовата структура, како што информираат од Народна банка, податоците посочуваат на родов јаз од 0,5 сметки повеќе во корист на мажите (2,1 сметки по глава на жител од машкиот пол, наспроти 1,6 сметки по глава на жител од женскиот пол). Сепак, во споредба со мажите, во текот на 2022 година жените биле умерено поактивни во користењето на дигиталните канали за увид во сметките и за извршување на плаќањата. Така, 41 отсто од сметките коишто се во сопственост на жените биле искористени за плаќање преку интернет-банкарство или мобилна платежна апликација, додека за таа намена мажите користеле 40 проценти од своите сметки. Воедно, жените направиле најмалку еден електронски увид во состојбата и промените кај 63 отсто од нивните сметки, а мажите кај 62 отсто. Според достапноста на инфраструктурата по општини, најголема покриеност со банкомати на десет илјади жители е забележана во Маврово и Ростуше (12), Охрид, Дојран и Гевгелија (10), а најголема покриеност со уреди на физичките места на продажба на десет илјади жители е евидентирана во Гевгелија (321), Охрид (285) и Скопје (269). Во рамките на Градот Скопје, најголема покриеност со банкомати и уреди на физичките места на продажба на десет илјади жители имаат општините Центар, Карпош и Аеродром, посочуваат од Народна банка.

The post НБ: Граѓаните сè повеќе ги прифаќаат дигиталните плаќања appeared first on Република.

]]>
НБ: Во мај годишен раст од 2,4 отсто на вкупните депозити и 9,9 отсто на вкупната кредитна поддршка https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nb-vo-maj-godishen-rast-od-2-4-otsto-na-vkupnite-depoziti-i-9-9-otsto-na-vkupnata-kreditna-poddrshka/ Tue, 21 Jun 2022 11:33:02 +0000 https://republika.mk/?p=518031

Во мај годинава вкупните депозити на годишна основа бележат раст од 2,4 отсто при зголемување на депозитите на секторот домаќинства, а вкупните кредити се зголемени за 9,9 отсто, како одраз на повисокото кредитирање кај двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор, информира Народната банка (НБ).

Паричната маса (монетарниот агрегат М3 1,2 ), во мај 2022 година оствари пад од 0,1 отсто на месечна основа, пред сè како резултат на намалувањето на краткорочните депозити, готовите пари во оптек и долгорочните депозити до две години, а во услови на раст на депозитните пари. Анализирано на годишно ниво, паричната маса е зголемена за 2,7 отсто, речиси целосно поради зголемувањето на краткорочните депозити, при пад на долгорочните депозити до две години и готовите пари во оптек, соопшти НБ.

Вкупните депозити во мај годинава, се истакнува во соопштението, останаа непроменети споредено со претходниот месец. Годишната промена е позитивна и изнесува 2,4 отсто, што целосно произлегува од зголемувањето на депозитите на секторот „домаќинства“.

Вкупните кредити забележаа месечен раст од 0,8 отсто во текот на овој месец, при зголемено кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“. Годишната стапка на раст од 9,9 отсто е одраз на повисокото кредитирање кај двата сектора, кое е поизразено кај корпоративниот сектор, се нагласува во соопштението од НБ.

Во мај, како што се посочува, вкупните депозити на корпоративниот сектор се зголемија за 0,1 отсто на месечно ниво, пред сè како резултат на зголемените депозитни пари, а во помала мера и на долгорочните депозити во денари, во услови на остварен пад кај останатите компоненти.

Споредено со мај минатата година, вкупните депозити на корпоративниот сектор се пониски за 1,6 отсто, главно заради намалувањето на долгорочните депозити во странска валута, како и краткорочните и долгорочните депозити во денари, а во помал дел и заради депозитните пари, при забележан раст на краткорочните депозити во странска валута. Кај кредитите на корпоративниот сектор , овој месец е забележан месечен раст од 0,5 отсто и годишен од 11,9 отсто поради растот на кредитите во денари и во странска валута, кој е поизразен кај кредитите во денари, нагласуваат од НБ.

Депозитите на домаќинствата, посочуваат, бележат раст од 0,2 отсто во мај во однос на претходниот месец.

Растот во поголем дел се должи на зголемувањето на краткорочните депозити во странска валута, при дополнителен позитивен придонес и на депозитните пари и долгорочните депозити во странска валута, а во услови на пад кај денарските долгорочни и краткорочни депозити. Годишниот раст изнесува 4,5 отсто и пред сè се објаснува со зголемувањето на краткорочните депозити во странска валута, при помало позитивно влијание и на долгорочните депозити во странска валута и депозитните пари, во услови на пад кај денарските долгорочни и краткорочни депозити. Овој месец, вкупните кредити на домаќинствата растат со стапка од 1,1 отсто, како резултат на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, малку поизразено во денари. Споредено на годишна основа, овие кредити бележат раст од 8 отсто и во поголем дел се должи на кредитите одобрени во денари, прецизираат од НБ.

Нагласуваат дека во мај, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките кредити остварија месечен раст од 0,8 отсто, а станбените од 1,2 отсто, додека на годишно ниво се зголемени за 6,9, односно за 15,8 отсто.

Во мај, автомобилските кредити бележат месечно намалување од 2,4 отсто и годишно и од 8,9 отсто. Кредитите одобрени на кредитни картички овој месец се зголемени за 0,7% отсто на месечна основа, додека на годишна основа тие се намалени за 2,2 отсто. Во мај, кај негативните салда на тековните сметки е забележан месечен раст од 2,1 отсто и годишен од 0,5 отсто. Кредитите одобрени врз други основи се пониски на месечно ниво за 1,9 отсто и на годишно ниво за 34,4 отсто, посочуваат од НБ

The post НБ: Во мај годишен раст од 2,4 отсто на вкупните депозити и 9,9 отсто на вкупната кредитна поддршка appeared first on Република.

]]>

Во мај годинава вкупните депозити на годишна основа бележат раст од 2,4 отсто при зголемување на депозитите на секторот домаќинства, а вкупните кредити се зголемени за 9,9 отсто, како одраз на повисокото кредитирање кај двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор, информира Народната банка (НБ). Паричната маса (монетарниот агрегат М3 1,2 ), во мај 2022 година оствари пад од 0,1 отсто на месечна основа, пред сè како резултат на намалувањето на краткорочните депозити, готовите пари во оптек и долгорочните депозити до две години, а во услови на раст на депозитните пари. Анализирано на годишно ниво, паричната маса е зголемена за 2,7 отсто, речиси целосно поради зголемувањето на краткорочните депозити, при пад на долгорочните депозити до две години и готовите пари во оптек, соопшти НБ. Вкупните депозити во мај годинава, се истакнува во соопштението, останаа непроменети споредено со претходниот месец. Годишната промена е позитивна и изнесува 2,4 отсто, што целосно произлегува од зголемувањето на депозитите на секторот „домаќинства“. Вкупните кредити забележаа месечен раст од 0,8 отсто во текот на овој месец, при зголемено кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“. Годишната стапка на раст од 9,9 отсто е одраз на повисокото кредитирање кај двата сектора, кое е поизразено кај корпоративниот сектор, се нагласува во соопштението од НБ. Во мај, како што се посочува, вкупните депозити на корпоративниот сектор се зголемија за 0,1 отсто на месечно ниво, пред сè како резултат на зголемените депозитни пари, а во помала мера и на долгорочните депозити во денари, во услови на остварен пад кај останатите компоненти. Споредено со мај минатата година, вкупните депозити на корпоративниот сектор се пониски за 1,6 отсто, главно заради намалувањето на долгорочните депозити во странска валута, како и краткорочните и долгорочните депозити во денари, а во помал дел и заради депозитните пари, при забележан раст на краткорочните депозити во странска валута. Кај кредитите на корпоративниот сектор , овој месец е забележан месечен раст од 0,5 отсто и годишен од 11,9 отсто поради растот на кредитите во денари и во странска валута, кој е поизразен кај кредитите во денари, нагласуваат од НБ. Депозитите на домаќинствата, посочуваат, бележат раст од 0,2 отсто во мај во однос на претходниот месец. Растот во поголем дел се должи на зголемувањето на краткорочните депозити во странска валута, при дополнителен позитивен придонес и на депозитните пари и долгорочните депозити во странска валута, а во услови на пад кај денарските долгорочни и краткорочни депозити. Годишниот раст изнесува 4,5 отсто и пред сè се објаснува со зголемувањето на краткорочните депозити во странска валута, при помало позитивно влијание и на долгорочните депозити во странска валута и депозитните пари, во услови на пад кај денарските долгорочни и краткорочни депозити. Овој месец, вкупните кредити на домаќинствата растат со стапка од 1,1 отсто, како резултат на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, малку поизразено во денари. Споредено на годишна основа, овие кредити бележат раст од 8 отсто и во поголем дел се должи на кредитите одобрени во денари, прецизираат од НБ. Нагласуваат дека во мај, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките кредити остварија месечен раст од 0,8 отсто, а станбените од 1,2 отсто, додека на годишно ниво се зголемени за 6,9, односно за 15,8 отсто. Во мај, автомобилските кредити бележат месечно намалување од 2,4 отсто и годишно и од 8,9 отсто. Кредитите одобрени на кредитни картички овој месец се зголемени за 0,7% отсто на месечна основа, додека на годишна основа тие се намалени за 2,2 отсто. Во мај, кај негативните салда на тековните сметки е забележан месечен раст од 2,1 отсто и годишен од 0,5 отсто. Кредитите одобрени врз други основи се пониски на месечно ниво за 1,9 отсто и на годишно ниво за 34,4 отсто, посочуваат од НБ

The post НБ: Во мај годишен раст од 2,4 отсто на вкупните депозити и 9,9 отсто на вкупната кредитна поддршка appeared first on Република.

]]>
Накусо отежнат пристапот до веб-страниците на НБ и домашните банки, доверливоста на податоците не е доведена во прашање https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nakuso-oteznat-pristapot-do-veb-stranicite-na-nb-i-domashnite-banki-doverlivosta-na-podatocite-ne-e-dovedena-vo-prashanje/ Wed, 23 Feb 2022 08:27:40 +0000 https://republika.mk/?p=462295

Вчеравечер, кус временски период беше отежнат или блокиран пристапот до веб-страниците на Народната банка (НБ) и домашните банки, како резултат на ДДоС напад. Ова беше надминато во најкус рок преку мерките кои беа преземени од страна на Народната банка, банките и веб-провајдерите. Безбедноста, односно доверливоста и интегритетот на податоците, во ниту еден момент не беше доведенa во прашање, информираат од НБ.

ДДоС е напад на веб-страниците, во кој огромен број на фиктивни клиенти од различни локации се преправаат дека сакаат да добијат информации од страницата, поради што серверот се преоптоварува и му треба повеќе време за да одговори на барањата од реалните корисници. Но, во ваков случај ниту се исклучува сервисот, ниту пак се менува содржината на веб-страницата, велат од НБ.

Во согласност со глобалните трендови, додаваат, Народна банка, заедно со банките, постојано работи на зајакнување на отпорноста на информативните системи, ги следи новите закани поврзани со дигиталниот простор и континуирано презема мерки во насока на унапредување на сигурносните заштити.

The post Накусо отежнат пристапот до веб-страниците на НБ и домашните банки, доверливоста на податоците не е доведена во прашање appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер, кус временски период беше отежнат или блокиран пристапот до веб-страниците на Народната банка (НБ) и домашните банки, како резултат на ДДоС напад. Ова беше надминато во најкус рок преку мерките кои беа преземени од страна на Народната банка, банките и веб-провајдерите. Безбедноста, односно доверливоста и интегритетот на податоците, во ниту еден момент не беше доведенa во прашање, информираат од НБ. ДДоС е напад на веб-страниците, во кој огромен број на фиктивни клиенти од различни локации се преправаат дека сакаат да добијат информации од страницата, поради што серверот се преоптоварува и му треба повеќе време за да одговори на барањата од реалните корисници. Но, во ваков случај ниту се исклучува сервисот, ниту пак се менува содржината на веб-страницата, велат од НБ. Во согласност со глобалните трендови, додаваат, Народна банка, заедно со банките, постојано работи на зајакнување на отпорноста на информативните системи, ги следи новите закани поврзани со дигиталниот простор и континуирано презема мерки во насока на унапредување на сигурносните заштити.

The post Накусо отежнат пристапот до веб-страниците на НБ и домашните банки, доверливоста на податоците не е доведена во прашање appeared first on Република.

]]>