назим буши Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nazim-bushi/ За подобро да се разбереме Fri, 31 May 2024 09:16:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png назим буши Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nazim-bushi/ 32 32 Тошковски: Изминатиот период исполнет со многу предизвици, покажавме дека со макотрпна работа, професионализам и чесност може да се постигне многу https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-izminatiot-period-ispolnet-so-mnogu-predizvitsi-pokazhavme-deka-so-makotrpna-rabota-profesionalizam-i-chesnost-mozhe-da-se-postigne-mnogu/ Fri, 31 May 2024 09:16:17 +0000 https://republika.mk/?p=783450

Во текот на вчерашниот ден Државната изборна комисија ги објави конечните резултати од Парламентарните избори 2024 година со што мојот мандат како министер за внатрешни работи во преодната Влада за спроведување на избори на пратеници официјално заврши, а согласно Законот за Влада досегашниот заменик министер за внатрешни работи, Назим Буши ја презема надлежноста, односно ќе ја врши функцијата министер за внатрешни работи до избор на нова Влада, извести преку соопштение досегашниот министер во техничката влада, Панче Тошковски.

Во оваа прилика сакам да истакнам дека изминатиот период беше исполнет со многу предизвици, но заедно со мојот тим покажавме дека со макотрпна работа, професионализам и чесност може да се постигне многу за нашата држава. Успеавме да обезбедиме стабилност и доверба во изборниот процес, односно слободно можам да кажам дека ги организиравме најдемократските избори досега, што впрочем беше и нашата главна цел.

Покрај тоа, вложивме напори за подобрување на безбедноста и редот во нашата земја, справувајќи се со повеќе предизвици и ситуации кои бараа брзи и ефикасни реакции. Со гордост можам да кажам дека како тим кој раководеше со Министерството во овие четири месеци, функциониравме транспарентно и одговорно, секогаш со целосна посветеност на потребите на граѓаните и државата.

Посакувам што поскоро да се формира новата Влада, за да можат државните институции да профункционираат со целосен капацитет. Потребни се итни и темелни реформи кои се неопходни за Македонија што поскоро да се стабилизира и да го продолжи својот раст и развој. Верувам дека со заеднички напори можеме да создадеме подобра и поквалитетна иднина за сите нас.

На крајот, уште еднаш сакам да се заблагодарам на мојот тим кој вложи натчовечки напори во изминатите четири месеци, но и на сите вработени во Министерството за внатрешни работи кои навистина беа на висина на задачата. Благодарност и до граѓаните кои во континуитет нѐ поддржуваа и веруваа во нас. Заедно ќе продолжиме да се залагаме за безбедна, стабилна и просперитетна Македонија, се додава во соопштението.

The post Тошковски: Изминатиот период исполнет со многу предизвици, покажавме дека со макотрпна работа, професионализам и чесност може да се постигне многу appeared first on Република.

]]>

Во текот на вчерашниот ден Државната изборна комисија ги објави конечните резултати од Парламентарните избори 2024 година со што мојот мандат како министер за внатрешни работи во преодната Влада за спроведување на избори на пратеници официјално заврши, а согласно Законот за Влада досегашниот заменик министер за внатрешни работи, Назим Буши ја презема надлежноста, односно ќе ја врши функцијата министер за внатрешни работи до избор на нова Влада, извести преку соопштение досегашниот министер во техничката влада, Панче Тошковски. Во оваа прилика сакам да истакнам дека изминатиот период беше исполнет со многу предизвици, но заедно со мојот тим покажавме дека со макотрпна работа, професионализам и чесност може да се постигне многу за нашата држава. Успеавме да обезбедиме стабилност и доверба во изборниот процес, односно слободно можам да кажам дека ги организиравме најдемократските избори досега, што впрочем беше и нашата главна цел. Покрај тоа, вложивме напори за подобрување на безбедноста и редот во нашата земја, справувајќи се со повеќе предизвици и ситуации кои бараа брзи и ефикасни реакции. Со гордост можам да кажам дека како тим кој раководеше со Министерството во овие четири месеци, функциониравме транспарентно и одговорно, секогаш со целосна посветеност на потребите на граѓаните и државата. Посакувам што поскоро да се формира новата Влада, за да можат државните институции да профункционираат со целосен капацитет. Потребни се итни и темелни реформи кои се неопходни за Македонија што поскоро да се стабилизира и да го продолжи својот раст и развој. Верувам дека со заеднички напори можеме да создадеме подобра и поквалитетна иднина за сите нас. На крајот, уште еднаш сакам да се заблагодарам на мојот тим кој вложи натчовечки напори во изминатите четири месеци, но и на сите вработени во Министерството за внатрешни работи кои навистина беа на висина на задачата. Благодарност и до граѓаните кои во континуитет нѐ поддржуваа и веруваа во нас. Заедно ќе продолжиме да се залагаме за безбедна, стабилна и просперитетна Македонија, се додава во соопштението.

The post Тошковски: Изминатиот период исполнет со многу предизвици, покажавме дека со макотрпна работа, професионализам и чесност може да се постигне многу appeared first on Република.

]]>
Раководството на МВР на средба со американската амбасадорка Агелер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rakovodstvoto-na-mvr-na-sredba-so-amerikanskata-ambasadorka-ageler/ Thu, 15 Feb 2024 16:25:07 +0000 https://republika.mk/?p=744500

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, Заменик министерот Назим Буши и Дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев денес остварија работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави Н.Е. Анџела Агелер.

Министерот Тошковски ја запозна амбасадорката Агелер за функционирањето на Министерството за внатрешни работи во техничката Влада, кое ја има првенствената улога во спроведувањето на изборите кои ни претстојат, а тоа е законито и професионално постапување во организирањето и спроведувањето фер и демократски изборен процес.

Во тој контекст, Министерот Тошковски укажа на неможноста согласно Закон во рамки осумте раководни работници во секторите за внатрешни работи да назначи началник на СВР Тетово, со што се нарушува можноста да биде гарант на изборниот процес за тоа подрачје.

Министерот Тошковски ги образложи преземените активности во врска со важноста на патните исправи и го потенцираше решавањето на овој проблем на идентичен начин како и со возачките дозволи, односно преку промена на Законот за патни исправи, ставајќи се во улога на заштита на човековите права во однос на слободното движење на граѓаните.

На средбата, амбасадорката Агелер изјави дека го разбира целокупниот процес во насока на решавање на проблемот со личните документи и истакна дека нуди целокупна поддршка во насока на решавање на проблемот, од аспект на технички или кои било други ресурси. Воедно изрази уверување дека Министерството за внатрешни работи професионално ќе ги изврши своите обврски за организирање безбедни, фер и демократски избори и ја поздрави успешната билатерална соработка, ставајќи притоа акцент на тековните проекти започнати во соработка со Програмите кои работат на нивна реализација од аспект на зголемување на капацитетите на македонската полиција.

Дополнителниот заменик министер Бојмацалиев се заблагодари за досегашната соработка со САД, особено за остварувањето на неодамнешната посета на Вашингтон. Воедно нагласи дека раководството на МВР во овој состав на техничката Влада, засега функционира професионално и законито, без политички влијанија и на истиот начин треба да продолжи во целиот свој мандат.

The post Раководството на МВР на средба со американската амбасадорка Агелер appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, Заменик министерот Назим Буши и Дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев денес остварија работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави Н.Е. Анџела Агелер. Министерот Тошковски ја запозна амбасадорката Агелер за функционирањето на Министерството за внатрешни работи во техничката Влада, кое ја има првенствената улога во спроведувањето на изборите кои ни претстојат, а тоа е законито и професионално постапување во организирањето и спроведувањето фер и демократски изборен процес. Во тој контекст, Министерот Тошковски укажа на неможноста согласно Закон во рамки осумте раководни работници во секторите за внатрешни работи да назначи началник на СВР Тетово, со што се нарушува можноста да биде гарант на изборниот процес за тоа подрачје. Министерот Тошковски ги образложи преземените активности во врска со важноста на патните исправи и го потенцираше решавањето на овој проблем на идентичен начин како и со возачките дозволи, односно преку промена на Законот за патни исправи, ставајќи се во улога на заштита на човековите права во однос на слободното движење на граѓаните. На средбата, амбасадорката Агелер изјави дека го разбира целокупниот процес во насока на решавање на проблемот со личните документи и истакна дека нуди целокупна поддршка во насока на решавање на проблемот, од аспект на технички или кои било други ресурси. Воедно изрази уверување дека Министерството за внатрешни работи професионално ќе ги изврши своите обврски за организирање безбедни, фер и демократски избори и ја поздрави успешната билатерална соработка, ставајќи притоа акцент на тековните проекти започнати во соработка со Програмите кои работат на нивна реализација од аспект на зголемување на капацитетите на македонската полиција. Дополнителниот заменик министер Бојмацалиев се заблагодари за досегашната соработка со САД, особено за остварувањето на неодамнешната посета на Вашингтон. Воедно нагласи дека раководството на МВР во овој состав на техничката Влада, засега функционира професионално и законито, без политички влијанија и на истиот начин треба да продолжи во целиот свој мандат.

The post Раководството на МВР на средба со американската амбасадорка Агелер appeared first on Република.

]]>
АА: Антикорупциска да не го замолчи скандалот со Назим Буши https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/aa-antikoruptsiska-da-ne-go-zamolchi-skandalot-so-nazim-bushi/ Fri, 13 Jan 2023 15:27:50 +0000 https://republika.mk/?p=596526

Алијанса за Албанците денеска преку соопштение побара Јавното обвинителство да го истражи скандалот на заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши, во врска со неговиот престој во луксузен хотел во Истанбул во октомври 2020 година. „Овој престој е вреден десетици илјади евра, а според признанието на самиот заменик министер, е платен од непознати лица, што пак, според важечките закони, претставува незаконски подарок“, нагласува партијата.

Поминаа две недели откако Алијанса за Албанците до Државната комисија за спречување корупција достави пријава за сомневање за корупција против Назим Буши, заменик министер за внатрешни работи. До денес, оваа Комисија нема преземено никакво конкретно дејствие или одговор на извештајот, освен телефонска потврда дека пријавата е примена.

Неуспехот на надлежните институции да го истражат овој коруптивен случај уште повеќе ги зајакнува сознанијата дека кај нас нема правда и дека таа е во служба на политиката и организираниот криминал. Со непостапувањето на Државната комисија за спречување корупција, за жал оваа институција се реди во иста група со партизираните судови и обвинителства, наведува Алијанса за Албанците.

The post АА: Антикорупциска да не го замолчи скандалот со Назим Буши appeared first on Република.

]]>

Алијанса за Албанците денеска преку соопштение побара Јавното обвинителство да го истражи скандалот на заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши, во врска со неговиот престој во луксузен хотел во Истанбул во октомври 2020 година. „Овој престој е вреден десетици илјади евра, а според признанието на самиот заменик министер, е платен од непознати лица, што пак, според важечките закони, претставува незаконски подарок“, нагласува партијата.
Поминаа две недели откако Алијанса за Албанците до Државната комисија за спречување корупција достави пријава за сомневање за корупција против Назим Буши, заменик министер за внатрешни работи. До денес, оваа Комисија нема преземено никакво конкретно дејствие или одговор на извештајот, освен телефонска потврда дека пријавата е примена. Неуспехот на надлежните институции да го истражат овој коруптивен случај уште повеќе ги зајакнува сознанијата дека кај нас нема правда и дека таа е во служба на политиката и организираниот криминал. Со непостапувањето на Државната комисија за спречување корупција, за жал оваа институција се реди во иста група со партизираните судови и обвинителства, наведува Алијанса за Албанците.
 
The post АА: Антикорупциска да не го замолчи скандалот со Назим Буши appeared first on Република.

]]>
Како може да не ве интересира кој ја платил сметката на Буши, му рече Ковачки на Ковачевски нарекувајќи го „слуга на ДУИ“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kako-mozhe-da-ne-ve-interesira-koj-ja-platil-smetkata-na-bushi-mu-reche-kovachki-na-kovachevski-narekuvajki-go-sluga-na-dui/ Thu, 29 Dec 2022 13:20:09 +0000 https://republika.mk/?p=591484

Кабинетот на претседателот на Владата провери во Министерството за внатрешни работи и нема функционер на кој му е платено патување во странство на државна сметка, кратко одговори премиерот Димитар Ковачевски на пратеничко прашање поставено од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачки го праша премиерот дали го оправдува однесувањето на заменик-министерот за внатрешни работи од ДУИ и доколку одговорот е негативен, дали би поднел предлог до Собранието за негово разрешување.

По краткиот одговор на премиерот, тој посочи дека Владата бега од одговорност и го обвини Ковачевски дека е уценет од ДУИ.

Од одговорот докажавте дека сте уценет човек и дека цело време сте под притисок од ДУИ. Вие сте обичен слуга на ДУИ. Како може да не ве интересира кој му ја платил сметката и да толерирате изјава дека „не знае кој му ја платил сметката“. Ако на заменик-министер не му е важно кој него го корумпира, како тој човек ќе се бори утре против корупција, рече Ковачки.

Минатата недела, албанскиот портал „Ора њуз“ објави истражување за албански функционери, меѓу кои се најде и заменик-министерот на МВР, Назин Буши. Согласно податоците на албанскиот протал, Буши престојувал во Турција и платил 20.000 евра за едно ноќевање во луксузен хотел. По објавувањето на ова истражување, Буши одговори дека повеќе лица престојувале во хотелот и не знае кој ја платил сметката, но и дека сумата од 20.000 евра е претерана.

The post Како може да не ве интересира кој ја платил сметката на Буши, му рече Ковачки на Ковачевски нарекувајќи го „слуга на ДУИ“ appeared first on Република.

]]>

Кабинетот на претседателот на Владата провери во Министерството за внатрешни работи и нема функционер на кој му е платено патување во странство на државна сметка, кратко одговори премиерот Димитар Ковачевски на пратеничко прашање поставено од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Ковачки го праша премиерот дали го оправдува однесувањето на заменик-министерот за внатрешни работи од ДУИ и доколку одговорот е негативен, дали би поднел предлог до Собранието за негово разрешување. По краткиот одговор на премиерот, тој посочи дека Владата бега од одговорност и го обвини Ковачевски дека е уценет од ДУИ.
Од одговорот докажавте дека сте уценет човек и дека цело време сте под притисок од ДУИ. Вие сте обичен слуга на ДУИ. Како може да не ве интересира кој му ја платил сметката и да толерирате изјава дека „не знае кој му ја платил сметката“. Ако на заменик-министер не му е важно кој него го корумпира, како тој човек ќе се бори утре против корупција, рече Ковачки.
Минатата недела, албанскиот портал „Ора њуз“ објави истражување за албански функционери, меѓу кои се најде и заменик-министерот на МВР, Назин Буши. Согласно податоците на албанскиот протал, Буши престојувал во Турција и платил 20.000 евра за едно ноќевање во луксузен хотел. По објавувањето на ова истражување, Буши одговори дека повеќе лица престојувале во хотелот и не знае кој ја платил сметката, но и дека сумата од 20.000 евра е претерана.

The post Како може да не ве интересира кој ја платил сметката на Буши, му рече Ковачки на Ковачевски нарекувајќи го „слуга на ДУИ“ appeared first on Република.

]]>
Спасовски нема да поведе постапка за разрешување на Буши, оставал на премиерот да одлучи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-nema-da-povede-postapka-za-razreshuvane-na-bushi-ostaval-na-premierot-da-odluchi/ Mon, 26 Dec 2022 21:22:51 +0000 https://republika.mk/?p=590294

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, нема да поведе постапка за разрешување на својот заменик Назим Буши, затоа што тоа било работа на премиерот Димитар Ковачевски, објавува „Алфа“.

Министерот не сакал ниту да одговори дали, по објавата не големиот скандал, ќе иницира одговорност за Буши на владина седница. И за овој случај топката ја префрла кај премиерот.

Владата си има мандатар, тој именува и разрешува министри и заменици министри. Јас не можам да го разрешам, тоа може само премиерот. Немам ингеренции за такво нешто, кажа Спасовски.

Како што објави Ора њуз, сместувањето на заменик министерот за само една ноќ чинело фантастични 20 илјади евра во екслузивен хотел. Буши веројатно бил воодушевен од раскошот на претседателскиот апартман, па решил да го сними луксузот во кој престојувал. Заменик министерот потврдува дека бил во Инстабул, но не верува дека сумата која тој не ја платил, била толку висока.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bushi-patuvav-privatno-poradi-zdravstveni-prichini-ne-znam-koj-ja-platil-smetkata-i-kolku-chinel-prestojot/

Бевме во Турција за интервенција на внукот во болницата „Коч Хоспитал“. Во хотелскиот ппартман престојувавме повеќе лица, бевме гости на двајца пријатели од Скопје и не знам кој ја платил сметката и колку чинел престојот. Но сумата од 20.000 евра е претерана, изјави Буши.

Тој во Истанбул ноќевал во мегалуксузниот хотел со пет ѕвезди „Парк Босфор“. Она што е дополнително проблематично во овој момент е што тој не платил за своето сместување, во моменти кога Македонија е бод лупа на Европската Унија и САД токму за проблемот наречен корупција.

Инаку, заменик министерот за внатрешни работи се најде во центарот на друг скандал пред помалку од еден месец, кога медиумите објавија дека неговиот син неовластено возел автомобил со полициски флешери. На крајот од МВР соопштија дека не станувало збор за синот на Буши.

The post Спасовски нема да поведе постапка за разрешување на Буши, оставал на премиерот да одлучи appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, нема да поведе постапка за разрешување на својот заменик Назим Буши, затоа што тоа било работа на премиерот Димитар Ковачевски, објавува „Алфа“. Министерот не сакал ниту да одговори дали, по објавата не големиот скандал, ќе иницира одговорност за Буши на владина седница. И за овој случај топката ја префрла кај премиерот.
Владата си има мандатар, тој именува и разрешува министри и заменици министри. Јас не можам да го разрешам, тоа може само премиерот. Немам ингеренции за такво нешто, кажа Спасовски.
Како што објави Ора њуз, сместувањето на заменик министерот за само една ноќ чинело фантастични 20 илјади евра во екслузивен хотел. Буши веројатно бил воодушевен од раскошот на претседателскиот апартман, па решил да го сними луксузот во кој престојувал. Заменик министерот потврдува дека бил во Инстабул, но не верува дека сумата која тој не ја платил, била толку висока. https://republika.mk/vesti/makedonija/bushi-patuvav-privatno-poradi-zdravstveni-prichini-ne-znam-koj-ja-platil-smetkata-i-kolku-chinel-prestojot/
Бевме во Турција за интервенција на внукот во болницата „Коч Хоспитал“. Во хотелскиот ппартман престојувавме повеќе лица, бевме гости на двајца пријатели од Скопје и не знам кој ја платил сметката и колку чинел престојот. Но сумата од 20.000 евра е претерана, изјави Буши.
Тој во Истанбул ноќевал во мегалуксузниот хотел со пет ѕвезди „Парк Босфор“. Она што е дополнително проблематично во овој момент е што тој не платил за своето сместување, во моменти кога Македонија е бод лупа на Европската Унија и САД токму за проблемот наречен корупција. Инаку, заменик министерот за внатрешни работи се најде во центарот на друг скандал пред помалку од еден месец, кога медиумите објавија дека неговиот син неовластено возел автомобил со полициски флешери. На крајот од МВР соопштија дека не станувало збор за синот на Буши.

The post Спасовски нема да поведе постапка за разрешување на Буши, оставал на премиерот да одлучи appeared first on Република.

]]>
АА: Сценарио со полиција на Табановце за покривање на срамот од Назим Буши https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/aa-stsenario-so-politsija-na-tabanovtse-za-pokrivane-na-sramot-od-nazim-bushi/ Mon, 26 Dec 2022 14:16:13 +0000 https://republika.mk/?p=590168

За Алијанса за Албанците (АА) нема дилеми дека има мито и корупција на граничните премини меѓу цариниците и полицајците, но и дека нема дилеми ниту за граѓаните кои синоќа преку Табановце се враќале во татковината дека се применуваат груевистички сценарија со полициска акција да се  покрие најголемиот скандал во последните неколку дена на чело на МВР, а тоа е, нагласува партијата, видеото на заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши од прескапиот хотел во Истанбул каде за едно ноќевање се плаќаат 20 илјади евра.

https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-go-plati-nokjevanjeto-od-20-000-evra-na-zamenik-ministerot-na-mvr-bushi-vo-istanbul/

Мала плата, голем профит, нагласува Алијанса за Албанците потсетувајќи на старата мисла со која се опишува состојбата во која нашата земја е опфатена во секоја сфера од чумата на корупцијата.

Корупцијата сега стана генерализирана и мотив да се влезе во политика, да се работи во кое било министерство, државна агенција, во судство, на универзитет или на клиника, за значителен дел од државните функционери партизирани и недопирливи од правдата, веќе не е подобрување на животот на граѓаните или платата во јавниот сектор. Главен мотив за овие функционери е процентот добиен од јавниот тендер, поткупот и подароците од мрежите на организиран криминал. А безбедносниот сектор веќе е еден од најпогодените од корупцијата, наведува Алијанса за Албанците како вовед во соопштението во кое уште се нагласува дека така се објаснува и како рускиот олигарх, санкциониран од САД, стекнал македонско државјанство.

Според Алијанса за Албанците, тоа објаснува и како политичарите, судиите, обвинителите но, и високите полициски и царински службеници водат луксузен живот, со скапи автомобили и одмори во далечни земји коишто нашите граѓани ги гледаат само на филмови.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uapseni-komandir-zamenik-i-osum-politsajtsi-na-tabanovtse-kriele-pari-vo-kutii-od-tsigari/

Оваа јавна тајна синоќа ја потврди и акцијата на граничниот премин Табановце, при што беа запленети значителни суми пари. Јавна тајна, затоа што секој граѓанин на оваа земја знае дека митото и рекетот се правило на граничните точки на државата, кои се гнездо на криминалот и корупцијата. Граѓаните знаеја дека уапсените полицајци и цариници синоќа, се криминализирани. На граѓаните им е јасно и зошто оваа холивудска акција се случи синоќа и за време на големиот бран на иселениците кои се враќаат во татковината, бидејќи веќе се навикнати на груевистичките сценарија кои ја карактеризираат 20-годишната влада на ДУИ. Затоа и ние немаме зошто да не се сомневаме дека оваа акција е спроведена за да се покрие најголемиот скандал во последните неколку дена на чело на МВР, а тоа е видеото на заменик министерот Буши, кое стана вирално на социјалните мрежи. На таа снимка го гледаме заменик министерот за внатрешни работи како се забавува во претседателскиот апартман на еден од најлуксузните хотели во Истанбул, кадешто една ноќ чини ни помалку ни повеќе туку 20.000 евра. Така, министер со месечна плата од 1.000 евра и без пријавен имот на негово име во Антикорупциска комисија, се забавува со семејството во хотел каде што ноќевањето чини 20.000 евра, наведува партијата.

Наведувајќи дека примерот на Буши е илустрација како со мала плата се прави голем профит.

Или заменик министерот излажал во изјавата за имотна состојба или некој му платил 20.000 евра од ноќевање во Истанбул. Ако лажел, треба да одговара според законот. Ако ова било подарок, тој сепак треба да даде отчет, бидејќи подароците што ги добиваат владините функционери од трети лица се регулирани со закон поради ризикот од судир на интереси, уште повеќе во чувствителен сектор како внатрешните работи. Постои уште една изрека што ја карактеризира нашата корумпирана реалност. Рибата скапува од главата. Затоа, наместо функционерите од Табановце, кои се опашка на корупцијата, го повикуваме обвинителството да ја истражи главата на корупција во МВР. Овој случај е уште една причина зошто не може да се бориме против криминалот и корупцијата без точките што веќе ги презентираше Алијанса за Албанците за воспоставување владеење на правото: ветинг во политиката, ветинг во правдата, конфискација на неоправдани имоти и двојно зголемување на јавните инвестиции во судството, во јавното обвинителство и во институциите надлежни за спречување на корупцијата. Овој случај е еклатантен пример и за тимот истражители од САД кои се подготвуваат да ја прошират црната листа на корумпирани функционери во Македонија, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.

The post АА: Сценарио со полиција на Табановце за покривање на срамот од Назим Буши appeared first on Република.

]]>

За Алијанса за Албанците (АА) нема дилеми дека има мито и корупција на граничните премини меѓу цариниците и полицајците, но и дека нема дилеми ниту за граѓаните кои синоќа преку Табановце се враќале во татковината дека се применуваат груевистички сценарија со полициска акција да се  покрие најголемиот скандал во последните неколку дена на чело на МВР, а тоа е, нагласува партијата, видеото на заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши од прескапиот хотел во Истанбул каде за едно ноќевање се плаќаат 20 илјади евра. https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-go-plati-nokjevanjeto-od-20-000-evra-na-zamenik-ministerot-na-mvr-bushi-vo-istanbul/ Мала плата, голем профит, нагласува Алијанса за Албанците потсетувајќи на старата мисла со која се опишува состојбата во која нашата земја е опфатена во секоја сфера од чумата на корупцијата.
Корупцијата сега стана генерализирана и мотив да се влезе во политика, да се работи во кое било министерство, државна агенција, во судство, на универзитет или на клиника, за значителен дел од државните функционери партизирани и недопирливи од правдата, веќе не е подобрување на животот на граѓаните или платата во јавниот сектор. Главен мотив за овие функционери е процентот добиен од јавниот тендер, поткупот и подароците од мрежите на организиран криминал. А безбедносниот сектор веќе е еден од најпогодените од корупцијата, наведува Алијанса за Албанците како вовед во соопштението во кое уште се нагласува дека така се објаснува и како рускиот олигарх, санкциониран од САД, стекнал македонско државјанство.
Според Алијанса за Албанците, тоа објаснува и како политичарите, судиите, обвинителите но, и високите полициски и царински службеници водат луксузен живот, со скапи автомобили и одмори во далечни земји коишто нашите граѓани ги гледаат само на филмови. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uapseni-komandir-zamenik-i-osum-politsajtsi-na-tabanovtse-kriele-pari-vo-kutii-od-tsigari/
Оваа јавна тајна синоќа ја потврди и акцијата на граничниот премин Табановце, при што беа запленети значителни суми пари. Јавна тајна, затоа што секој граѓанин на оваа земја знае дека митото и рекетот се правило на граничните точки на државата, кои се гнездо на криминалот и корупцијата. Граѓаните знаеја дека уапсените полицајци и цариници синоќа, се криминализирани. На граѓаните им е јасно и зошто оваа холивудска акција се случи синоќа и за време на големиот бран на иселениците кои се враќаат во татковината, бидејќи веќе се навикнати на груевистичките сценарија кои ја карактеризираат 20-годишната влада на ДУИ. Затоа и ние немаме зошто да не се сомневаме дека оваа акција е спроведена за да се покрие најголемиот скандал во последните неколку дена на чело на МВР, а тоа е видеото на заменик министерот Буши, кое стана вирално на социјалните мрежи. На таа снимка го гледаме заменик министерот за внатрешни работи како се забавува во претседателскиот апартман на еден од најлуксузните хотели во Истанбул, кадешто една ноќ чини ни помалку ни повеќе туку 20.000 евра. Така, министер со месечна плата од 1.000 евра и без пријавен имот на негово име во Антикорупциска комисија, се забавува со семејството во хотел каде што ноќевањето чини 20.000 евра, наведува партијата.
Наведувајќи дека примерот на Буши е илустрација како со мала плата се прави голем профит.
Или заменик министерот излажал во изјавата за имотна состојба или некој му платил 20.000 евра од ноќевање во Истанбул. Ако лажел, треба да одговара според законот. Ако ова било подарок, тој сепак треба да даде отчет, бидејќи подароците што ги добиваат владините функционери од трети лица се регулирани со закон поради ризикот од судир на интереси, уште повеќе во чувствителен сектор како внатрешните работи. Постои уште една изрека што ја карактеризира нашата корумпирана реалност. Рибата скапува од главата. Затоа, наместо функционерите од Табановце, кои се опашка на корупцијата, го повикуваме обвинителството да ја истражи главата на корупција во МВР. Овој случај е уште една причина зошто не може да се бориме против криминалот и корупцијата без точките што веќе ги презентираше Алијанса за Албанците за воспоставување владеење на правото: ветинг во политиката, ветинг во правдата, конфискација на неоправдани имоти и двојно зголемување на јавните инвестиции во судството, во јавното обвинителство и во институциите надлежни за спречување на корупцијата. Овој случај е еклатантен пример и за тимот истражители од САД кои се подготвуваат да ја прошират црната листа на корумпирани функционери во Македонија, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.

The post АА: Сценарио со полиција на Табановце за покривање на срамот од Назим Буши appeared first on Република.

]]>
Апасиев до Буши: А бе, брат, земав станбен кредит 60.000 евра, шо не дое, три вечери, кај мене да отспиеш? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/apasiev-do-bushi-a-be-brat-zemav-stanben-kredit-60-000-evra-sho-ne-doe-tri-vecheri-kaj-mene-da-otspiesh/ Sun, 25 Dec 2022 15:28:58 +0000 https://republika.mk/?p=589745

Пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев е шокиран од веста дека заменик министерот за внатрешни работи, од редовите на ДУИ, Назим Буши платил 20.000 евра за една вечер во суперлуксузен претседателски апартман, во хотел во Истанбул!?

https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-go-plati-nokjevanjeto-od-20-000-evra-na-zamenik-ministerot-na-mvr-bushi-vo-istanbul/

А бе, браааат... Па ја земав станбен кредит 60.000 €, шо ќе го отплаќам до пензија. Шо не дое, три вечери, кај мене да отспиеш?
#ПрашањаКоиМеМачат, пишува Апасиев.

The post Апасиев до Буши: А бе, брат, земав станбен кредит 60.000 евра, шо не дое, три вечери, кај мене да отспиеш? appeared first on Република.

]]>

Пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев е шокиран од веста дека заменик министерот за внатрешни работи, од редовите на ДУИ, Назим Буши платил 20.000 евра за една вечер во суперлуксузен претседателски апартман, во хотел во Истанбул!? https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-go-plati-nokjevanjeto-od-20-000-evra-na-zamenik-ministerot-na-mvr-bushi-vo-istanbul/
А бе, браааат... Па ја земав станбен кредит 60.000 €, шо ќе го отплаќам до пензија. Шо не дое, три вечери, кај мене да отспиеш? #ПрашањаКоиМеМачат, пишува Апасиев.

The post Апасиев до Буши: А бе, брат, земав станбен кредит 60.000 евра, шо не дое, три вечери, кај мене да отспиеш? appeared first on Република.

]]>
Ковачки: Буши да каже како заработил 20.000 евра, за да плати едно ноќевање https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-bushi-da-kaze-kako-zarabotil-20-000-evra-za-da-plati-edno-nokjevanje/ Sun, 25 Dec 2022 10:57:11 +0000 https://republika.mk/?p=589671

Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на новинарско прашање поврзано со сместувањето на Назим Буши, заменик министер за внатрешни работи кое изнесувало 20 илјади евра побара уште еднаш Буши да каже како успеал да го плати тоа ноќевање односно како ги стекнал тие пари.

Имено Ковачки додаде дека ако пак Буши не го платил тоа сместување да се даде одговор кој е тој што го платил тоа сместување односно кој е интересот на тој што го платил тоа сместување.

Секако дека ќе продолжиме да бараме одговорност. Господинот Назим Буши е владин функционер и тој како јавна личност мора да биде одговорен пред граѓаните. Мора да каже како со 20 илјади евра успеал да си го плати тоа ноќевање, односно од каде ги стекнал тие пари и доколку тој не го платил, тогаш кој е тој што го платил тоа сместување односно кој е интересот на тој што го платил тоа сместување. Јавноста ги чека одговорите - рече Ковачки.

The post Ковачки: Буши да каже како заработил 20.000 евра, за да плати едно ноќевање appeared first on Република.

]]>

Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на новинарско прашање поврзано со сместувањето на Назим Буши, заменик министер за внатрешни работи кое изнесувало 20 илјади евра побара уште еднаш Буши да каже како успеал да го плати тоа ноќевање односно како ги стекнал тие пари. Имено Ковачки додаде дека ако пак Буши не го платил тоа сместување да се даде одговор кој е тој што го платил тоа сместување односно кој е интересот на тој што го платил тоа сместување.
Секако дека ќе продолжиме да бараме одговорност. Господинот Назим Буши е владин функционер и тој како јавна личност мора да биде одговорен пред граѓаните. Мора да каже како со 20 илјади евра успеал да си го плати тоа ноќевање, односно од каде ги стекнал тие пари и доколку тој не го платил, тогаш кој е тој што го платил тоа сместување односно кој е интересот на тој што го платил тоа сместување. Јавноста ги чека одговорите - рече Ковачки.

The post Ковачки: Буши да каже како заработил 20.000 евра, за да плати едно ноќевање appeared first on Република.

]]>
Буши: Патував приватно поради здравствени причини, не знам кој ја платил сметката и колку чинел престојот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bushi-patuvav-privatno-poradi-zdravstveni-prichini-ne-znam-koj-ja-platil-smetkata-i-kolku-chinel-prestojot/ Sat, 24 Dec 2022 16:47:41 +0000 https://republika.mk/?p=589519

Информацијата на албанскиот портал „Ора њуз“ дека заменик-министерот за внатершни работи Назим Буши наводно платил 20.000 евра за едно ноќевање за суперлуксузен апартман во луксузен хотел во Истанбул на директен начин го отвори прашањето за финансиската моќ на одредени функционери. ДУИ, чиј кадар е Буши, неодамна повторно ја отвори темата за ветинг на функционерите и ако толку многу се залага за тоа тие проверки нив треба да ги почне токму со заменик-министерот.

Телма го праша Буши како престојувал во хотелот, а неговиот одговор е дека тоа било приватно патување од здравствени причини, планирано пред да стане заменик-министер. Во Турција патувал во октомври 2020 година, а стана заменик-министер на 23 септември истата година.

„Бевме во Турција за интервенција на внукот во болницата ‘Коч хоспитал’. Во хотелскиот апартман престојувавме повеќе лица, бевме гости на двајца пријатели од Скопје и не знам кој ја платил сметката и колку чинел престојот. Но сумата од 20.000 евра е претерана“, изјави Буши за Телма.

Од Министерството за внатрешни работи тврдат дека тие не го платиле патувањето на Буши.

Можеби МВР навистина не ги платило трошоците, можеби и апартманот не чинел фантастични 20.000 евра. Но со тоа не се елиминираат прашањата.

Најважните од нив се: кои се тие двајца пријатели од Скопје кои го платиле престојот во скапиот хотел; дали поради тоа заменикот-министер Назим Буши може да има одредено чувство на обврска спрема нив во каква и да било ситуација и дали престојувањето во толку скап хотел не ја нарушува неговата позиција во МВР на која стапил неколку недели подоцна. И најпосле, како може Назим Буши да престојува во суперлуксузен апартаман а да не знае кој ја платил сметката. Ако не бара отчетност за самиот себеси како ќе може да бара од другите.

Назим Буши не може да се оправда само со објаснувањето дека ноќевањето во луксузниот апартман го платиле „двајца пријатели од Скопје“, а и ДУИ треба да побара одговори од Буши за неговите пријатели пред да продолжи да зборува за ветинг на функционерите.

https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-go-plati-nokjevanjeto-od-20-000-evra-na-zamenik-ministerot-na-mvr-bushi-vo-istanbul/

The post Буши: Патував приватно поради здравствени причини, не знам кој ја платил сметката и колку чинел престојот appeared first on Република.

]]>

Информацијата на албанскиот портал „Ора њуз“ дека заменик-министерот за внатершни работи Назим Буши наводно платил 20.000 евра за едно ноќевање за суперлуксузен апартман во луксузен хотел во Истанбул на директен начин го отвори прашањето за финансиската моќ на одредени функционери. ДУИ, чиј кадар е Буши, неодамна повторно ја отвори темата за ветинг на функционерите и ако толку многу се залага за тоа тие проверки нив треба да ги почне токму со заменик-министерот. Телма го праша Буши како престојувал во хотелот, а неговиот одговор е дека тоа било приватно патување од здравствени причини, планирано пред да стане заменик-министер. Во Турција патувал во октомври 2020 година, а стана заменик-министер на 23 септември истата година.
„Бевме во Турција за интервенција на внукот во болницата ‘Коч хоспитал’. Во хотелскиот апартман престојувавме повеќе лица, бевме гости на двајца пријатели од Скопје и не знам кој ја платил сметката и колку чинел престојот. Но сумата од 20.000 евра е претерана“, изјави Буши за Телма.
Од Министерството за внатрешни работи тврдат дека тие не го платиле патувањето на Буши. Можеби МВР навистина не ги платило трошоците, можеби и апартманот не чинел фантастични 20.000 евра. Но со тоа не се елиминираат прашањата. Најважните од нив се: кои се тие двајца пријатели од Скопје кои го платиле престојот во скапиот хотел; дали поради тоа заменикот-министер Назим Буши може да има одредено чувство на обврска спрема нив во каква и да било ситуација и дали престојувањето во толку скап хотел не ја нарушува неговата позиција во МВР на која стапил неколку недели подоцна. И најпосле, како може Назим Буши да престојува во суперлуксузен апартаман а да не знае кој ја платил сметката. Ако не бара отчетност за самиот себеси како ќе може да бара од другите. Назим Буши не може да се оправда само со објаснувањето дека ноќевањето во луксузниот апартман го платиле „двајца пријатели од Скопје“, а и ДУИ треба да побара одговори од Буши за неговите пријатели пред да продолжи да зборува за ветинг на функционерите. https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-go-plati-nokjevanjeto-od-20-000-evra-na-zamenik-ministerot-na-mvr-bushi-vo-istanbul/

The post Буши: Патував приватно поради здравствени причини, не знам кој ја платил сметката и колку чинел престојот appeared first on Република.

]]>
Кој го плати ноќевањето од 20.000 евра на заменик министерот на МВР Буши во Истанбул? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koj-go-plati-nokjevanjeto-od-20-000-evra-na-zamenik-ministerot-na-mvr-bushi-vo-istanbul/ Sat, 24 Dec 2022 10:51:04 +0000 https://republika.mk/?p=589433

Заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши, платил 20.000 евра за едно ноќевање во лускузен хотел, открива албанскиот портал „Ора њуз“, кој објави истражување за албански функционери кои се луксузирале во хотели, но меѓу нив се најде и функционерот од македонската влада.

Според информациите на „Ора“, Буши престојувал една ноќ во претседателскиот апартман на „CVK Park Bosphorus Hotel“ во Истанбул. За тоа сведочи видеото направено од Буши во просториите на претседателскиот апартман, кој е огромен простор од 850 метри квадратни, пишува порталот.

На ова видео јасно се гледа дека заменик министерот го снима ентериерот на луксузниот апартман.

Во друг момент на видеото се гледа и синот на заменик министерот, Ќерим Буши во друштво на две девојки.

https://youtu.be/ITn68iJt6Y0

Спонтано, пишува порталот, се поставуваат некои прашања:

- Може ли г. Буши треба да плати 20.000 евра за ноќевање во хотел, кога се знае дека има месечна плата од околу 1.500 евра?

- Дали резервацијата на претседателскиот апартман ја направил самиот заменик министер за внатрешни работи или турски државјанин?

- Со кое лице патувал г. Буши во Истанбул во октомври 2020 година?

Во наредните денови Тв Ора ќе објави и други материјали, каде познати личности од политиката директно или индиректно се поврзани со луѓе кои имаат матно минато и се обележани од правдата, ветуваат оттаму.

The post Кој го плати ноќевањето од 20.000 евра на заменик министерот на МВР Буши во Истанбул? appeared first on Република.

]]>

Заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши, платил 20.000 евра за едно ноќевање во лускузен хотел, открива албанскиот портал „Ора њуз“, кој објави истражување за албански функционери кои се луксузирале во хотели, но меѓу нив се најде и функционерот од македонската влада.
Според информациите на „Ора“, Буши престојувал една ноќ во претседателскиот апартман на „CVK Park Bosphorus Hotel“ во Истанбул. За тоа сведочи видеото направено од Буши во просториите на претседателскиот апартман, кој е огромен простор од 850 метри квадратни, пишува порталот.
На ова видео јасно се гледа дека заменик министерот го снима ентериерот на луксузниот апартман. Во друг момент на видеото се гледа и синот на заменик министерот, Ќерим Буши во друштво на две девојки. https://youtu.be/ITn68iJt6Y0 Спонтано, пишува порталот, се поставуваат некои прашања:
- Може ли г. Буши треба да плати 20.000 евра за ноќевање во хотел, кога се знае дека има месечна плата од околу 1.500 евра? - Дали резервацијата на претседателскиот апартман ја направил самиот заменик министер за внатрешни работи или турски државјанин? - Со кое лице патувал г. Буши во Истанбул во октомври 2020 година?
Во наредните денови Тв Ора ќе објави и други материјали, каде познати личности од политиката директно или индиректно се поврзани со луѓе кои имаат матно минато и се обележани од правдата, ветуваат оттаму.

The post Кој го плати ноќевањето од 20.000 евра на заменик министерот на МВР Буши во Истанбул? appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски и МВР молчат за скандалот со синот на Назим Буши https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-spasovski-i-mvr-molchat-za-skandalot-so-sinot-na-nazim-bushi/ Mon, 12 Dec 2022 09:14:14 +0000 https://republika.mk/?p=584606

Оставки од Оливер Спасовски и Назим Буши заради заташкување на случајот со синот на Буши, но и заради сите криминали и скандали во Министерството за внатрешни работи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

По кој знае кој пат гледаме прикривање на скандали кои се поврзани со високи функционери на ДУИ од стана на Спасовски и МВР.

МВР и Спасовски од петни жили се обидуваат да го сокријаот овој скандал, од страв да не се наруши коалицијата на СДС и ДУИ.

Целосен молк од стана на МВР и Спасовски на прашањата кои ја интересираат јавноста поврзани со дивеењето низ скопските улици на синот на неговиот заменик во МВР.

Нема одговори за ургенциите од заменик началникот на СВР Скопје возилото мерцедес кое беснеело, а воедно и возело со недозволени флешери, нема одговори и зошто полициските службеници биле изманипулирани дека ова возило е службено, а не приватно возило кое го вози синот на Назим Буши.

Нема ни одговори од страна на македонски телеком дали ова возило му било продадено, токму на Назим Буши, за истиот да го подари на битолска фирма која е во сопственост на блиски роднини на Назим Буши.

Одговорите на овие прашања се наоѓаат во евидинцијата на МВР, ама од таму ни трага ни глас.

Одговорност за овој скандал, како и за многу други поврзани со киднапираното Министерство за внатрешни работи ќе има.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски и МВР молчат за скандалот со синот на Назим Буши appeared first on Република.

]]>

Оставки од Оливер Спасовски и Назим Буши заради заташкување на случајот со синот на Буши, но и заради сите криминали и скандали во Министерството за внатрешни работи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

По кој знае кој пат гледаме прикривање на скандали кои се поврзани со високи функционери на ДУИ од стана на Спасовски и МВР. МВР и Спасовски од петни жили се обидуваат да го сокријаот овој скандал, од страв да не се наруши коалицијата на СДС и ДУИ. Целосен молк од стана на МВР и Спасовски на прашањата кои ја интересираат јавноста поврзани со дивеењето низ скопските улици на синот на неговиот заменик во МВР. Нема одговори за ургенциите од заменик началникот на СВР Скопје возилото мерцедес кое беснеело, а воедно и возело со недозволени флешери, нема одговори и зошто полициските службеници биле изманипулирани дека ова возило е службено, а не приватно возило кое го вози синот на Назим Буши. Нема ни одговори од страна на македонски телеком дали ова возило му било продадено, токму на Назим Буши, за истиот да го подари на битолска фирма која е во сопственост на блиски роднини на Назим Буши. Одговорите на овие прашања се наоѓаат во евидинцијата на МВР, ама од таму ни трага ни глас. Одговорност за овој скандал, како и за многу други поврзани со киднапираното Министерство за внатрешни работи ќе има.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски и МВР молчат за скандалот со синот на Назим Буши appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да не го заташкува случајот со дивеењето на синот на неговиот заменик Назим Буши https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-spasovski-da-ne-go-zatashkuva-sluchajot-so-diveenjeto-na-sinot-na-negoviot-zamenik-nazim-bushi/ Sun, 11 Dec 2022 08:42:38 +0000 https://republika.mk/?p=584193

Оливер Спасовски, човекот кој што скоро 7 години е прв човек на министерството за внатрешни работи, човекот на кој што се случија десетици скандали и овој пат молчи и се крие од одговорност за случајот со дивеењето на синот на неговиот заменик Назим Буши, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Веќе два дена Спасовски молчи и не одговара на прашањата кои ги интересира јавноста поврзани незаконските дела, брзо возење и возење со флешери, а потоа и ургенциите за пуштање на возилото мерцедес на синот на Назим Буши, Керим Буши. Нема одговори, зошто е пуштено возилото мерцедес, по ургенциите на началникот на СВР Скопје Вулнет Аземи. И покрај тоа што имало потерница по скопските улици по возилото кое истото возело со флешери. МВР и Спасовски не одговараат и на прашањето дали таблиците СК0202 АП се уште постојат во системот на МВР. А, нема ни одговори зошто МВР сокрива дека возилото го возело синот на Назим Буши, кога за тоа постојат сведоци и докази. Молчат и за сопственоста на возилото, кое во 2021 година Македонски телеком го дава возилото на Назим Буши, а сега истото возило е во сопственост на битолска компанија. Оваа компанија е сопственост на блиски роднини на заменик министерот на МВР, Буши. Оливер Спасовски молчи заради тоа што се плаши дека ќе ја наруши коалиција СДС- ДУИ, коалицијата на криминал и корупција, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Заради функционирањето на криминалната коалиција, министерството за внатрешни се држи заложник. Оставки веднаш, порачуваат од таму.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да не го заташкува случајот со дивеењето на синот на неговиот заменик Назим Буши appeared first on Република.

]]>

Оливер Спасовски, човекот кој што скоро 7 години е прв човек на министерството за внатрешни работи, човекот на кој што се случија десетици скандали и овој пат молчи и се крие од одговорност за случајот со дивеењето на синот на неговиот заменик Назим Буши, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Веќе два дена Спасовски молчи и не одговара на прашањата кои ги интересира јавноста поврзани незаконските дела, брзо возење и возење со флешери, а потоа и ургенциите за пуштање на возилото мерцедес на синот на Назим Буши, Керим Буши. Нема одговори, зошто е пуштено возилото мерцедес, по ургенциите на началникот на СВР Скопје Вулнет Аземи. И покрај тоа што имало потерница по скопските улици по возилото кое истото возело со флешери. МВР и Спасовски не одговараат и на прашањето дали таблиците СК0202 АП се уште постојат во системот на МВР. А, нема ни одговори зошто МВР сокрива дека возилото го возело синот на Назим Буши, кога за тоа постојат сведоци и докази. Молчат и за сопственоста на возилото, кое во 2021 година Македонски телеком го дава возилото на Назим Буши, а сега истото возило е во сопственост на битолска компанија. Оваа компанија е сопственост на блиски роднини на заменик министерот на МВР, Буши. Оливер Спасовски молчи заради тоа што се плаши дека ќе ја наруши коалиција СДС- ДУИ, коалицијата на криминал и корупција, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Заради функционирањето на криминалната коалиција, министерството за внатрешни се држи заложник. Оставки веднаш, порачуваат од таму.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да не го заташкува случајот со дивеењето на синот на неговиот заменик Назим Буши appeared first on Република.

]]>
Коцевски: Дали Македонски телеком во 2021 година му продава црн мерцедес со таблички СК 0202 АП на Назим Буши? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kocevski-dali-makedonski-telekom-vo-2021-godina-mu-prodava-crn-mercedes-so-tablichki-sk-0202-ap-na-nazim-bushi/ Sat, 10 Dec 2022 14:27:33 +0000 https://republika.mk/?p=584009

Како што претпоставивме МВР на Спасовски продолжува со молкот за дивеењето во Скопје со приватно возило со флешери, кое според нашите сознанија било управувано од Ќерим Буши, син на заменик министерот во МВР, Назим Буши, изјави на денешната прес-конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Коцевски.

Како што веќе рековме ќе продолжиме да објавуваме детали. Уште еднаш прашуваме дали регистарските ознаки СК 0202 АП кои биле официјални таблички на мерцедесот со флешери сега постојат? И ако не, зошто не? Воедно го прашуваме Македонски телеком дали им се познати регистарските таблички СК 0202 АП, и дали тие биле таблиците на црниот мерцедес 350 компакт кој тие го купиле во 2017-та година, како службено за Назим Буши? Македонски телеком треба да одговори дотолку повеќе што во бордот на директори седат луѓе назначени од владата како Зоран Китанов, Нина Ангеловска и Дардишта. Дали Македонски телеком во 2021 година му продава црн мерцедес со таблички СК 0202 АП на Назим Буши? Ова се лесно проверливи работи и очекуваме одговор. Мерцедесот на синот на Буши е купен од телеком, а потоа даден на Буши. Одиме понатаму. Дали Назим Буши истото возило го дава на битолската фирма во сопственост на негови роднини, во чија сопственост било возилото на денот на инцидентот? Кого штити овде Спасовски? Одговорот на овие прашања им е познат на МВР. Зошто досега не е постапено? И дали целиот случај треба да заврши со казна за заменикот началник на СВР Скопје кој интервенирал за возилото да биде пуштено? Дали Оливер Спасовски молчи и не смее да одговори на овие прашања, затоа што се плаши да не ја наруши коалицијата СДС – ДУИ? Се држи ли МВР заложник за функционирањето на криминалната влада? Прашува Коцевски.

Наместо заташкување на случајот со казна на полициски службеници, веднаш оставки од Назим Буши и Оливер Спасовски, додава тој.

The post Коцевски: Дали Македонски телеком во 2021 година му продава црн мерцедес со таблички СК 0202 АП на Назим Буши? appeared first on Република.

]]>

Како што претпоставивме МВР на Спасовски продолжува со молкот за дивеењето во Скопје со приватно возило со флешери, кое според нашите сознанија било управувано од Ќерим Буши, син на заменик министерот во МВР, Назим Буши, изјави на денешната прес-конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Коцевски. Како што веќе рековме ќе продолжиме да објавуваме детали. Уште еднаш прашуваме дали регистарските ознаки СК 0202 АП кои биле официјални таблички на мерцедесот со флешери сега постојат? И ако не, зошто не? Воедно го прашуваме Македонски телеком дали им се познати регистарските таблички СК 0202 АП, и дали тие биле таблиците на црниот мерцедес 350 компакт кој тие го купиле во 2017-та година, како службено за Назим Буши? Македонски телеком треба да одговори дотолку повеќе што во бордот на директори седат луѓе назначени од владата како Зоран Китанов, Нина Ангеловска и Дардишта. Дали Македонски телеком во 2021 година му продава црн мерцедес со таблички СК 0202 АП на Назим Буши? Ова се лесно проверливи работи и очекуваме одговор. Мерцедесот на синот на Буши е купен од телеком, а потоа даден на Буши. Одиме понатаму. Дали Назим Буши истото возило го дава на битолската фирма во сопственост на негови роднини, во чија сопственост било возилото на денот на инцидентот? Кого штити овде Спасовски? Одговорот на овие прашања им е познат на МВР. Зошто досега не е постапено? И дали целиот случај треба да заврши со казна за заменикот началник на СВР Скопје кој интервенирал за возилото да биде пуштено? Дали Оливер Спасовски молчи и не смее да одговори на овие прашања, затоа што се плаши да не ја наруши коалицијата СДС – ДУИ? Се држи ли МВР заложник за функционирањето на криминалната влада? Прашува Коцевски. Наместо заташкување на случајот со казна на полициски службеници, веднаш оставки од Назим Буши и Оливер Спасовски, додава тој.

The post Коцевски: Дали Македонски телеком во 2021 година му продава црн мерцедес со таблички СК 0202 АП на Назим Буши? appeared first on Република.

]]>
Премиерот остро за синот на Буши: Ниту еден човек без разлика чиј син е не може да биде санкциониран различно од кој било друг граѓанин во државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/premierot-ostro-za-sinot-na-bushi-nitu-eden-chovek-bez-razlika-chij-sin-e-ne-moze-da-bide-sankcioniran-razlichno-od-koj-bilo-drug-gragjanin-vo-drzavata/ Mon, 05 Dec 2022 11:30:58 +0000 https://republika.mk/?p=582139

Прашан за тоа дека нема реакција на институциите во однос на сообраќајниот прекршок на син на заменик министерот за внатрешни работи, Ковачевски побара новинарите да се држат до информациите што ги сподели МВР.

-Ниту еден човек без разлика чиј син е не може да биде санкциониран различно од кој било друг граѓанин во државата, така што и министерот кажа дека се работело за приватно возило коешто го управувало одредено лице и кое ќе биде третирано согласно одредбите на Законот за сообраќај, рече Ковачевски, на прес-конференцијата во Владата.

The post Премиерот остро за синот на Буши: Ниту еден човек без разлика чиј син е не може да биде санкциониран различно од кој било друг граѓанин во државата appeared first on Република.

„Мерцедесот“ со флешери бил на приватна фирма, а Спасовски уште утрврдува дали го возел синот на Буши https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mercedesot-so-flesheri-bil-na-privatna-firma-a-spasovski-ushte-utrvrduva-dali-go-vozel-sinot-na-bushi/ Fri, 02 Dec 2022 14:19:14 +0000 https://republika.mk/?p=580943

Се утврди дека пријавата доаѓа од граѓанин упатена на број, се утврди патничко возило „мерцедес“ кое не е во државна сопственост или на некое министерство, туку на приватна фирма, а возилото било упатено според нашите сознанија кон приватна болница, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање поврзано со инцидент и нелегална употреба на флешери од синот на заменик-министерот Назим Буши.

Спасовски по посетата на СВР Скопје нагласи дека е убеден оти не е синот на неговиот заменик. Додаде дека имало многу шпекулации за овој случај.

Беа изнесени многу податоци дека е тоа „ауди“ возило, дека е возило на СОЗР, дека е возило на МВР, затоа се вклучи и делот на внатрешна контрола итн. Се утврди прво дека пријавата доаѓа од граѓанин која што е упатена до нашиот Центар за известување на МВР за возило кое што се движи со поголема брзина. Се утврди патничко моторно возило „мерцедес“ кое што не е сопственост на СОЗР, не е сопственост на МВР и не е сопственост на кој било државен орган, туку е приватна сопственост на приватно правно лице кое се движело во тој период и според наши сознанија се упатило некаде во болницата „Систина“, рече Спасовски.

Посочи оти МВР ги обезбедило сите снимки и нагласи дека одговорност ќе има за се тоа што ќе се утврди во зависност од снимките.

Ќе се детектира прекршок, така што во тој дел нема отстапки за кој и да се однесува. Меѓутоа, и шпекулација беше во тој момент дека е тоа не знам син на функционер, дека не знам тоа возило учествувало и во други кривични дела итн. Затоа реков, сите сознанија што ги имате и во овој дел дали вие или граѓаните не е важно, ако ги имаме такви сознанија, бидејќи се тврдеше со прилично голема сигурност, треба да се дадат на ЈО и тука нема функционер бил, не бил функционер. Секој еден ќе си одговара за тоа што си го има направено. Не зборувам само за овој настан како прекршок, туку и за кривично дело, рече Спасовски.

Тој што пријавил, како што рече, не кажал кој вози, ниту има какво било сознание.

Денеска го утврдуваат колегите тоа да видиме кој возел, бидејќи мораме да утврдиме, тој што пријавува не кажува кој вози, ниту има какво било сознание, го утврдуваме преку некои други механизми, штом ќе излезат колегите со детална информација ќе испратиме соопштение и ќе ги знаеме тие детали, рече Спасовски.

The post „Мерцедесот“ со флешери бил на приватна фирма, а Спасовски уште утрврдува дали го возел синот на Буши appeared first on Република.

]]>

Се утврди дека пријавата доаѓа од граѓанин упатена на број, се утврди патничко возило „мерцедес“ кое не е во државна сопственост или на некое министерство, туку на приватна фирма, а возилото било упатено според нашите сознанија кон приватна болница, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање поврзано со инцидент и нелегална употреба на флешери од синот на заменик-министерот Назим Буши. Спасовски по посетата на СВР Скопје нагласи дека е убеден оти не е синот на неговиот заменик. Додаде дека имало многу шпекулации за овој случај.
Беа изнесени многу податоци дека е тоа „ауди“ возило, дека е возило на СОЗР, дека е возило на МВР, затоа се вклучи и делот на внатрешна контрола итн. Се утврди прво дека пријавата доаѓа од граѓанин која што е упатена до нашиот Центар за известување на МВР за возило кое што се движи со поголема брзина. Се утврди патничко моторно возило „мерцедес“ кое што не е сопственост на СОЗР, не е сопственост на МВР и не е сопственост на кој било државен орган, туку е приватна сопственост на приватно правно лице кое се движело во тој период и според наши сознанија се упатило некаде во болницата „Систина“, рече Спасовски.
Посочи оти МВР ги обезбедило сите снимки и нагласи дека одговорност ќе има за се тоа што ќе се утврди во зависност од снимките.
Ќе се детектира прекршок, така што во тој дел нема отстапки за кој и да се однесува. Меѓутоа, и шпекулација беше во тој момент дека е тоа не знам син на функционер, дека не знам тоа возило учествувало и во други кривични дела итн. Затоа реков, сите сознанија што ги имате и во овој дел дали вие или граѓаните не е важно, ако ги имаме такви сознанија, бидејќи се тврдеше со прилично голема сигурност, треба да се дадат на ЈО и тука нема функционер бил, не бил функционер. Секој еден ќе си одговара за тоа што си го има направено. Не зборувам само за овој настан како прекршок, туку и за кривично дело, рече Спасовски.
Тој што пријавил, како што рече, не кажал кој вози, ниту има какво било сознание.
Денеска го утврдуваат колегите тоа да видиме кој возел, бидејќи мораме да утврдиме, тој што пријавува не кажува кој вози, ниту има какво било сознание, го утврдуваме преку некои други механизми, штом ќе излезат колегите со детална информација ќе испратиме соопштение и ќе ги знаеме тие детали, рече Спасовски.

The post „Мерцедесот“ со флешери бил на приватна фирма, а Спасовски уште утрврдува дали го возел синот на Буши appeared first on Република.

]]>
Според Спасовски шпекулации се фотографиите од автомобилот на синот на Буши пред ограбената фабрика https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spored-spasovski-shpekulacii-se-fotografiite-od-avtomobilot-na-sinot-na-bushi-pred-ograbenata-fabrika/ Wed, 30 Nov 2022 10:09:24 +0000 https://republika.mk/?p=579964

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со наводите за вмешаност на синот на заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши во кражба на масло од канабис од фабриката „5 Леттерс“, рече дека станува збор за шпекулации и дека денеска ќе информираат за случајот, нагласувајќи дека секој кој направил прекршок мора да сноси одговорност, сеедно дали станува збор за министер, директор или обичен граѓанин.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/avtomobilot-na-sinot-na-zamenikot-vo-mvr-nazim-bushi-snimen-i-pred-ograbena-fabrika-za-marihuana/

Ова е прашање коешто не се заснова на ниту еден факт и мислам дека е најдобро да ги чуете, да ги дочекаме сите аргументи и факти коишто се однесуваат на целиот овој процес и тие аргументи и факти да ги пласираме во јавноста. Ние во текот на денот ќе излеземе со конкретна информација за овој случај и ќе ги знаеме сите податоци и факти. Тие факти и податоци не соодветствуваат со вашите факти и шпекулации. Многу работи што ги кажавте се шпекулации, нагласи Спасовски, одговарајќи на прашањето колку синот на Буши е опфатен со истрагата за кражбата на маслото од канабис со оглед на тоа што неговиот автомобил бил фотографиран дента кога се случила кражбата во „5 Леттерс“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sin-na-zamenik-ministerot-vo-mvr-e-vozachot-koj-so-flesheri-begashe-od-policijata-koja-se-obide-da-go-sokrie-sluchajot/

The post Според Спасовски шпекулации се фотографиите од автомобилот на синот на Буши пред ограбената фабрика appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со наводите за вмешаност на синот на заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши во кражба на масло од канабис од фабриката „5 Леттерс“, рече дека станува збор за шпекулации и дека денеска ќе информираат за случајот, нагласувајќи дека секој кој направил прекршок мора да сноси одговорност, сеедно дали станува збор за министер, директор или обичен граѓанин. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/avtomobilot-na-sinot-na-zamenikot-vo-mvr-nazim-bushi-snimen-i-pred-ograbena-fabrika-za-marihuana/
Ова е прашање коешто не се заснова на ниту еден факт и мислам дека е најдобро да ги чуете, да ги дочекаме сите аргументи и факти коишто се однесуваат на целиот овој процес и тие аргументи и факти да ги пласираме во јавноста. Ние во текот на денот ќе излеземе со конкретна информација за овој случај и ќе ги знаеме сите податоци и факти. Тие факти и податоци не соодветствуваат со вашите факти и шпекулации. Многу работи што ги кажавте се шпекулации, нагласи Спасовски, одговарајќи на прашањето колку синот на Буши е опфатен со истрагата за кражбата на маслото од канабис со оглед на тоа што неговиот автомобил бил фотографиран дента кога се случила кражбата во „5 Леттерс“.
https://republika.mk/vesti/makedonija/sin-na-zamenik-ministerot-vo-mvr-e-vozachot-koj-so-flesheri-begashe-od-policijata-koja-se-obide-da-go-sokrie-sluchajot/

The post Според Спасовски шпекулации се фотографиите од автомобилот на синот на Буши пред ограбената фабрика appeared first on Република.

]]>
Автомобилот на синот на заменикот во МВР, Назим Буши, снимен и пред ограбена фабрика за марихуана https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/avtomobilot-na-sinot-na-zamenikot-vo-mvr-nazim-bushi-snimen-i-pred-ograbena-fabrika-za-marihuana/ Tue, 29 Nov 2022 17:10:50 +0000 https://republika.mk/?p=579719

Пролетта кога беше ограбена фабриката за марихуана во стечај, „5 леттерс“ во Крушево беше објавена фотографија од автомобилот на синот на заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши.

Со истиот автомобил со вклучени нелегално поставени флешери, помладиот Буши во петокот бегал од полициски патроли, а откако бил сопрен полицајците што го проверувале излажале дека автомобилот е владин и во државна сопственост по што возачот е пуштен на Качанички пат, објави телевизијата „Телма“.

Фотографијата пак на аудито А6 паркирано пред фирмата 5 Леттерс во април беше дополнета со коментар дека е направена истиот ден кога од фирмата која беше во стечај се украдени 108 шишиња со масло од канабис вредно над 2 милиони евра.

https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-kako-vo-vremeto-na-eskobar-vo-fabrika-za-marihuana-blizu-krushevo-ukradeno-maslo-od-kanabis-vo-vrednost-od-dva-milioni-dolari/

Претходно во декември 2020-тата беше украдена марихуана од истата фабрика при што беше осомничен и роднина на заменик министерот Буши.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zaev-prvpat-slusha-deka-drogata-vo-krushevo-bil-blizok-rodnina-na-zamenik-ministerot-za-vnatreshni-bushi/

The post Автомобилот на синот на заменикот во МВР, Назим Буши, снимен и пред ограбена фабрика за марихуана appeared first on Република.

]]>

Пролетта кога беше ограбена фабриката за марихуана во стечај, „5 леттерс“ во Крушево беше објавена фотографија од автомобилот на синот на заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши. Со истиот автомобил со вклучени нелегално поставени флешери, помладиот Буши во петокот бегал од полициски патроли, а откако бил сопрен полицајците што го проверувале излажале дека автомобилот е владин и во државна сопственост по што возачот е пуштен на Качанички пат, објави телевизијата „Телма“. Фотографијата пак на аудито А6 паркирано пред фирмата 5 Леттерс во април беше дополнета со коментар дека е направена истиот ден кога од фирмата која беше во стечај се украдени 108 шишиња со масло од канабис вредно над 2 милиони евра. https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-kako-vo-vremeto-na-eskobar-vo-fabrika-za-marihuana-blizu-krushevo-ukradeno-maslo-od-kanabis-vo-vrednost-od-dva-milioni-dolari/ Претходно во декември 2020-тата беше украдена марихуана од истата фабрика при што беше осомничен и роднина на заменик министерот Буши. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zaev-prvpat-slusha-deka-drogata-vo-krushevo-bil-blizok-rodnina-na-zamenik-ministerot-za-vnatreshni-bushi/

The post Автомобилот на синот на заменикот во МВР, Назим Буши, снимен и пред ограбена фабрика за марихуана appeared first on Република.

]]>
Син на заменик министерот во МВР е возачот кој со флешери бегаше од полицијата, која се обиде да го сокрие случајот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sin-na-zamenik-ministerot-vo-mvr-e-vozachot-koj-so-flesheri-begashe-od-policijata-koja-se-obide-da-go-sokrie-sluchajot/ Tue, 29 Nov 2022 09:42:41 +0000 https://republika.mk/?p=579493

Во инцидентот во петокот попладне на периферија на Скопје, син на функционер на МВР бил запрен по бегство од полициска патрола поради нелегално користење флешери, но полицајците го пуштиле со образложение дека „станува збор за службен автомобил на СОЗР“, објави Телма. Инцидентот за ТВ Телма го потврдиле полициски извори.

Од МВР на прашањето на ТВ Телма одговориле дека ќе го испитаат случајот и доколку се утврди полициско постапување спротивно на законот, полициските службеници кои згрешиле ќе бидат санкционирани.

К.Б., синот на заменик министерот предложен од ДУИ, Назиф Буши, бил забележан од полициска патрола во Чаир како со темно ауди со флешери (ротациони светла на хаубата на автомобилот) се движи побрзо од дозволеното по што го стигнале и побарале да застане. Но возачот со ауди не застанувал по што патролата повикала помош и на крај успеала да го сопре возачот на Качанички пат.

Кога при легитимирањето е откриено дека станува збор за функционерски син, полицајците кои го сопреле преку радио врска јавиле дека станува збор за владино возило од Службата за општи и заеднички работи. Но од централата на СВР Скопје им одговориле дека регистрацијата која ја јавиле (позната на Телма) не припаѓа на службени владини возила туку на приватно ауди.

И покрај се, полицајците од патролата го пуштиле синот на заменик министерот да си замине, но доказите не можеле да се избришат бидејќи радио-комуникацијата на полициските службеници е снимена во согласност со законските прописи.

The post Син на заменик министерот во МВР е возачот кој со флешери бегаше од полицијата, која се обиде да го сокрие случајот appeared first on Република.

]]>

Во инцидентот во петокот попладне на периферија на Скопје, син на функционер на МВР бил запрен по бегство од полициска патрола поради нелегално користење флешери, но полицајците го пуштиле со образложение дека „станува збор за службен автомобил на СОЗР“, објави Телма. Инцидентот за ТВ Телма го потврдиле полициски извори. Од МВР на прашањето на ТВ Телма одговориле дека ќе го испитаат случајот и доколку се утврди полициско постапување спротивно на законот, полициските службеници кои згрешиле ќе бидат санкционирани. К.Б., синот на заменик министерот предложен од ДУИ, Назиф Буши, бил забележан од полициска патрола во Чаир како со темно ауди со флешери (ротациони светла на хаубата на автомобилот) се движи побрзо од дозволеното по што го стигнале и побарале да застане. Но возачот со ауди не застанувал по што патролата повикала помош и на крај успеала да го сопре возачот на Качанички пат. Кога при легитимирањето е откриено дека станува збор за функционерски син, полицајците кои го сопреле преку радио врска јавиле дека станува збор за владино возило од Службата за општи и заеднички работи. Но од централата на СВР Скопје им одговориле дека регистрацијата која ја јавиле (позната на Телма) не припаѓа на службени владини возила туку на приватно ауди. И покрај се, полицајците од патролата го пуштиле синот на заменик министерот да си замине, но доказите не можеле да се избришат бидејќи радио-комуникацијата на полициските службеници е снимена во согласност со законските прописи.

The post Син на заменик министерот во МВР е возачот кој со флешери бегаше од полицијата, која се обиде да го сокрие случајот appeared first on Република.

]]>