навреда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/navreda/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Apr 2024 07:35:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png навреда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/navreda/ 32 32 Кузеска: Поради масовноста на митингот не успеав да го слушнам коментарот и да го спречам https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kuzeska-poradi-masovnosta-na-mitingot-ne-uspeav-da-go-slushnam-komentarot-i-da-go-sprecham/ Mon, 15 Apr 2024 06:01:27 +0000 https://republika.mk/?p=766081

Ниту претседателот Пендаровски ниту јас не го поддржуваме коментарот, вели портпаролот на СДСМ Богданка Кузеска преку „Фејсбук“, откако јавноста бурно реагираше на навредите изнесени кон претседателската кандидатка проф. Гордана Силјановска Давкова за време на митингот на партијата во Куманово.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sred-miting-ja-navreduvaat-siljanovska-davkova-i-sekoja-edna-zhena-stevo-i-bogdanka-se-kezat/

На видеото од митингот се гледа поддржувач на СДСМ кој, меѓудругото, на микрофон ја нарекува Силјановска Давкова „баба“, а и Стево Пендаровски и самата Кузеска се смеат. Таа вели дека поради „масовноста“ не успала да го чуе.

Почитувани пријатели кои ме познавате и кои не ме познавате. По повод коментарот на еден од присутните на митингот на кандидатите на претседател во Куманово, сакам да бидам транспарентна и искрена кон целата јавност. Пред сѐ, поради масовноста на митингот за жал не успеав целосно да го слушнам коментарот на еден од учесниците и да го спречам. Тие кои ме познаваат и како поддржувачи на партијата на којашто сум гласноговорник, но и од сите други политички партии, знаат дека остро ги осудувам коментарите кои се навредливи за жена и знаат дека сум гласна во борбата против говор на омраза кон жените. Така е и во овој случај.
Коментарот е недоличен, навредлив и го осудувам. Ниту претседателот Пендаровски ниту јас не го поддржуваме коментарот, вели Кузеска.

The post Кузеска: Поради масовноста на митингот не успеав да го слушнам коментарот и да го спречам appeared first on Република.

]]>

Ниту претседателот Пендаровски ниту јас не го поддржуваме коментарот, вели портпаролот на СДСМ Богданка Кузеска преку „Фејсбук“, откако јавноста бурно реагираше на навредите изнесени кон претседателската кандидатка проф. Гордана Силјановска Давкова за време на митингот на партијата во Куманово. https://republika.mk/vesti/makedonija/sred-miting-ja-navreduvaat-siljanovska-davkova-i-sekoja-edna-zhena-stevo-i-bogdanka-se-kezat/ На видеото од митингот се гледа поддржувач на СДСМ кој, меѓудругото, на микрофон ја нарекува Силјановска Давкова „баба“, а и Стево Пендаровски и самата Кузеска се смеат. Таа вели дека поради „масовноста“ не успала да го чуе.
Почитувани пријатели кои ме познавате и кои не ме познавате. По повод коментарот на еден од присутните на митингот на кандидатите на претседател во Куманово, сакам да бидам транспарентна и искрена кон целата јавност. Пред сѐ, поради масовноста на митингот за жал не успеав целосно да го слушнам коментарот на еден од учесниците и да го спречам. Тие кои ме познаваат и како поддржувачи на партијата на којашто сум гласноговорник, но и од сите други политички партии, знаат дека остро ги осудувам коментарите кои се навредливи за жена и знаат дека сум гласна во борбата против говор на омраза кон жените. Така е и во овој случај. Коментарот е недоличен, навредлив и го осудувам. Ниту претседателот Пендаровски ниту јас не го поддржуваме коментарот, вели Кузеска.

The post Кузеска: Поради масовноста на митингот не успеав да го слушнам коментарот и да го спречам appeared first on Република.

]]>
Среде митинг ја навредуваат Силјановска Давкова и секоја една жена – Стево и Богданка се ќезат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/srede-miting-ja-navreduvaat-siljanovska-davkova-i-sekoja-edna-zhena-stevo-i-bogdanka-se-kezat/ Sun, 14 Apr 2024 20:23:51 +0000 https://republika.mk/?p=766052

Кандидатот на СДСМ, кој бара втор мандат да е претседател на Македонија, Стево Пендаровски, како да заборава дека сè уште е претседател, па на неговите митинзи го пробива и дното на јавни испади, кое претходно го држеа претседателите на партијата, Зоран Заев и Димитар Ковачевски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/analiza-mizoginskite-napadi-na-pendarovski-vrz-siljanovska-davkova-se-manifestatsija-na-totalitarizam/

Пендаровски продолжува со навреди и омаложување на неговата противкандидатка, професорката Гордана Силјановска Давкова во секој негов говор, а денес без срам се изнасмеа кога поддржувач на СДСМ ја нарече баба.

Од другава страна оваа што ја дигаат до небеса, јас ќе ви кажам само едно, од баба невеста не бива!, вели возбудениот поддржувач, по што Пендаровски слатко си се смее.

Како да заборави дека и самата е жена, на оваа „шега“, се смее и портпаролката на партијата, Богданка Кузеска.

The post Среде митинг ја навредуваат Силјановска Давкова и секоја една жена – Стево и Богданка се ќезат appeared first on Република.

]]>

Кандидатот на СДСМ, кој бара втор мандат да е претседател на Македонија, Стево Пендаровски, како да заборава дека сè уште е претседател, па на неговите митинзи го пробива и дното на јавни испади, кое претходно го држеа претседателите на партијата, Зоран Заев и Димитар Ковачевски. https://republika.mk/vesti/makedonija/analiza-mizoginskite-napadi-na-pendarovski-vrz-siljanovska-davkova-se-manifestatsija-na-totalitarizam/ Пендаровски продолжува со навреди и омаложување на неговата противкандидатка, професорката Гордана Силјановска Давкова во секој негов говор, а денес без срам се изнасмеа кога поддржувач на СДСМ ја нарече баба.
Од другава страна оваа што ја дигаат до небеса, јас ќе ви кажам само едно, од баба невеста не бива!, вели возбудениот поддржувач, по што Пендаровски слатко си се смее.
Како да заборави дека и самата е жена, на оваа „шега“, се смее и портпаролката на партијата, Богданка Кузеска.

The post Среде митинг ја навредуваат Силјановска Давкова и секоја една жена – Стево и Богданка се ќезат appeared first on Република.

]]>
Јанша осуден на условна казна затвор поради навреда на новинарки https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/jansha-osuden-na-uslovna-kazna-zatvor-poradi-navreda-na-novinarki/ Wed, 03 Jan 2024 13:53:35 +0000 https://republika.mk/?p=729350

Врховниот суд на Словенија денеска ја одби жалбата на адвокатот на претседателот на Словенечката демократска партија (СДС) и поранешен премиер на таа земја, Јанез Јанша, против пресудата на Основниот суд, со која тој е прогласен за виновен за навреда на новинарите Еугенија Карл и Мојца Шетниќ Пашек и го осуди на условна затворска казна.

Две години по изрекувањето на таа пресуда, Врховниот суд се согласил со првобитната пресуда и му наложил да ја плати судската такса.

Јанша е прогласен за виновен за клевета откако напишал твит за новинарите на ТВ Словенија, Еугенија Карл и Мојца Шетинч Пашек, објави порталот „24ур“.

Тој е осуден на условна затворска казна од три месеци, а мора да плати судска такса од 480 евра и обвинителски трошоци.

Обврзан е да плати и надомест за трошоците на законскиот застапник на новинарките.

 

The post Јанша осуден на условна казна затвор поради навреда на новинарки appeared first on Република.

]]>

Врховниот суд на Словенија денеска ја одби жалбата на адвокатот на претседателот на Словенечката демократска партија (СДС) и поранешен премиер на таа земја, Јанез Јанша, против пресудата на Основниот суд, со која тој е прогласен за виновен за навреда на новинарите Еугенија Карл и Мојца Шетниќ Пашек и го осуди на условна затворска казна. Две години по изрекувањето на таа пресуда, Врховниот суд се согласил со првобитната пресуда и му наложил да ја плати судската такса. Јанша е прогласен за виновен за клевета откако напишал твит за новинарите на ТВ Словенија, Еугенија Карл и Мојца Шетинч Пашек, објави порталот „24ур“. Тој е осуден на условна затворска казна од три месеци, а мора да плати судска такса од 480 евра и обвинителски трошоци. Обврзан е да плати и надомест за трошоците на законскиот застапник на новинарките.  

The post Јанша осуден на условна казна затвор поради навреда на новинарки appeared first on Република.

]]>
Република Српска со закон одреди дека клеветата и навредата ќе бидат кривични дела https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/republika-srpska-so-zakon-odredi-deka-klevetata-i-navredata-ke-bidat-krivichni-dela/ Thu, 23 Mar 2023 16:45:42 +0000 https://republika.mk/?p=622943

Народното собрание на Република Српска, го усвои Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик на Република Српска, со кој, меѓу другото, клеветата и навредата се квалификуваат како кривични дела.

Со измените на законот се воведе и ново кривично дело – неовластено објавување и прикажување на туѓи документи, портрети и снимки.

Предлог-законот го поддржаа 49 пратеници, а против беа 21. Никој не беше воздржан, пренесува агенцијата Срна.

За време на собраниската расправа, пратениците од опозицијата тврдеа дека криминализацијата на клеветата и навредата ќе ги загрози демократскиот амбиент и слободата на говорот во Република Српска.

Пратениците од владејачкото мнозинство, пак, тврдеа дека целта на законот е сузбивање на лагите во јавниот простор.

The post Република Српска со закон одреди дека клеветата и навредата ќе бидат кривични дела appeared first on Република.

]]>

Народното собрание на Република Српска, го усвои Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик на Република Српска, со кој, меѓу другото, клеветата и навредата се квалификуваат како кривични дела. Со измените на законот се воведе и ново кривично дело – неовластено објавување и прикажување на туѓи документи, портрети и снимки. Предлог-законот го поддржаа 49 пратеници, а против беа 21. Никој не беше воздржан, пренесува агенцијата Срна. За време на собраниската расправа, пратениците од опозицијата тврдеа дека криминализацијата на клеветата и навредата ќе ги загрози демократскиот амбиент и слободата на говорот во Република Српска. Пратениците од владејачкото мнозинство, пак, тврдеа дека целта на законот е сузбивање на лагите во јавниот простор.

The post Република Српска со закон одреди дека клеветата и навредата ќе бидат кривични дела appeared first on Република.

]]>
Нова навреда од Бугарија, испраќаат три генератори на границите за системот веќе да не паѓал https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nova-navreda-od-bugarija-isprakaat-tri-generatori-na-granitsite-za-sistemot-veke-da-ne-pagal/ Mon, 06 Feb 2023 14:36:37 +0000 https://republika.mk/?p=605543

Бугарија денеска испраќа три генератори за електрична енергија на три гранични пункта со Република Македонија, изјави бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев.

Трите генератроти Демерџиев ги најави во саботата за време на престојот во Скопје по повод одбележувањето 151 година од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, а по информациите дека бугарски граѓани не можат да ја поминат границата зашто е паднат системот за проверка на лични документи поради прекин во напојувањето со струја.

По минатотонеделниот состанок со наговиот македонски колега Оливер Спасовски, Демерџиев најави дека е можно до крајот на неделава да има нови средби со претставници на македонските власти, овој пат во Делчево, а не во Скопје.

Во изјава за новинарите во Софија, тој рече дека дијалогот со Македонија продолжува, нагласувајќи оти „насилството и провокациите треба да прекинат бидејќи раѓаат ново насилство и провокации, и тој маѓепсан круг мора да се прекине“.

Сакам македонската страна да разбере дека патот до добрососедските односи и патот кон Европа е преку дела, а не со зборови. Кога тоа ќе се случи, односите меѓу двете земји ќе влезат во насока во која би сакале и која сме должни да ја обезбедиме, рече Демерџиев.

Според него, не му бил даден ниту еден доказ дека на 4 февруари на граница имало луѓе кои имале радикално однесување.

Нормално е луѓето да реагираат кога ќе видат дека се обработуваат возилата кои влегуваа во Бугарија, но во другата насока не, рече Демерџиев.

Според него, немало причина да се спречуваат луѓето кои сакале да дојдата во Скопје за „да положат цвеќе“.

The post Нова навреда од Бугарија, испраќаат три генератори на границите за системот веќе да не паѓал appeared first on Република.

]]>

Бугарија денеска испраќа три генератори за електрична енергија на три гранични пункта со Република Македонија, изјави бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев. Трите генератроти Демерџиев ги најави во саботата за време на престојот во Скопје по повод одбележувањето 151 година од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, а по информациите дека бугарски граѓани не можат да ја поминат границата зашто е паднат системот за проверка на лични документи поради прекин во напојувањето со струја. По минатотонеделниот состанок со наговиот македонски колега Оливер Спасовски, Демерџиев најави дека е можно до крајот на неделава да има нови средби со претставници на македонските власти, овој пат во Делчево, а не во Скопје. Во изјава за новинарите во Софија, тој рече дека дијалогот со Македонија продолжува, нагласувајќи оти „насилството и провокациите треба да прекинат бидејќи раѓаат ново насилство и провокации, и тој маѓепсан круг мора да се прекине“.
Сакам македонската страна да разбере дека патот до добрососедските односи и патот кон Европа е преку дела, а не со зборови. Кога тоа ќе се случи, односите меѓу двете земји ќе влезат во насока во која би сакале и која сме должни да ја обезбедиме, рече Демерџиев.
Според него, не му бил даден ниту еден доказ дека на 4 февруари на граница имало луѓе кои имале радикално однесување.
Нормално е луѓето да реагираат кога ќе видат дека се обработуваат возилата кои влегуваа во Бугарија, но во другата насока не, рече Демерџиев.
Според него, немало причина да се спречуваат луѓето кои сакале да дојдата во Скопје за „да положат цвеќе“.

The post Нова навреда од Бугарија, испраќаат три генератори на границите за системот веќе да не паѓал appeared first on Република.

]]>
Пратениците расправаа за Предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pratenicite-raspravaa-za-predlog-zakonot-za-gragjanska-odgovornost-za-navreda-i-kleveta/ Wed, 06 Apr 2022 15:06:34 +0000 https://republika.mk/?p=484225

Во рамки на петтото продолжение на 64. седница на Собранието, пратениците расправаа Предлогот на закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета. По овој предлог во Собранието ќе се гласа кога ќе бидат создадени услови.

Според пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со оваа законско решение се прави рестрикција на мисловниот процес и информираа дека ќе поднесат амандмани по вака даденото законско решение. Пратениците од владејачката СДСМ, пак, оценија дека е отворена дебатата во Парламентот, во работните тела и не е во ред да се тврди дека на затворена врата се обидуваме да цензурираат слобода на говорот и цензура на говорот, кко што потенцираа пратениците од опозицијата.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи истакна дека оваа законско решение е неизменето, некорегирано, нецелосно и прави рестрикција на мисловниот процес.

Можеби сметаме дека во плејадата на закони кои што поминуваат низ Парламентот, ќе помине и овој незабележано, но кога-тогаш законот ќе застане на свои нозе меѓу јавноста. Очекувам од новинарската фела да го разгледа уште еднаш и да ги даде своите критики, како и целокупното општество, рече Мизрахи.

Заменик министерот за правда Агим Нухиу во реплика на пратеничката Мизрахи, рече дека овој Предлог на закон пред да дојде на пленарна седница поминал неколку фази.

Министерството за правда интервенираше и го прецизираше член 6 – за навреда одговара тој што со намера, со изјава, однесување, објавување или на некој друг ќе искаже за некој друг со определен интегритет едно деграридарчко мислење со кое што се нарушува репутацијата и угледот. Законот е создадено од членови од сите заинтересирани групи, вклучувајќи ги здруженијата на новинарите и синдикати, судии, универзитетски професори и не треба да се сомневаме во нивната компетентност во работната група. При формулирањето на овие одредби на законот за граѓанска одговорност се преземени и критиките на неколку извештаи посебно во делот каде се определува целта на законот за да не се ограничи слободата на изразување, што се однесува на финанскискиот износ, согласно со член 10 од Европската Конвенција за човековите права и Уставот на Република Македонија, рече Нухиу.

Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, Министерството за правда со овој закон има единствена цел да ги спаси функционерите од власта од јавната критика. Тој апелира и побара зборот „мислење“ од оваа законско решение да биде сменето со „тврдење“.

Во реплика на пратеникот Лефков, Нухиу рече целта на овој закон не е да се направи цензура врз слободното изразување и слободниот говор или да има барикади за да ги заштити државните функционери. Доказ дека овој закон гарантира поголема слобода на изразување и на мислењето, рече Нухиу, е и фактот дека ние намаливме нематеријалните штети кои ќе бидат за навреда и клевета да не биде поголем од 400 евра за новинарите.

Диме Велковски, пратеник на СДСМ, истакна дека основниот темел на ова законско решение е „правото на слободата на изразување е едно од темелните човекови права кое што е особено значајно за постоењето на демократското општество“. Тој посочи дека целта е да се подобри закононското решение.

Собранието денеска одржа и продолженија на две други седници, на кои на дневен ред беа неколку предлог на закони за кои расправата беше завршена поради очекување за нивно гласање или поради отсуство на нивен претставник.

The post Пратениците расправаа за Предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета appeared first on Република.

]]>

Во рамки на петтото продолжение на 64. седница на Собранието, пратениците расправаа Предлогот на закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета. По овој предлог во Собранието ќе се гласа кога ќе бидат создадени услови. Според пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со оваа законско решение се прави рестрикција на мисловниот процес и информираа дека ќе поднесат амандмани по вака даденото законско решение. Пратениците од владејачката СДСМ, пак, оценија дека е отворена дебатата во Парламентот, во работните тела и не е во ред да се тврди дека на затворена врата се обидуваме да цензурираат слобода на говорот и цензура на говорот, кко што потенцираа пратениците од опозицијата. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи истакна дека оваа законско решение е неизменето, некорегирано, нецелосно и прави рестрикција на мисловниот процес.
Можеби сметаме дека во плејадата на закони кои што поминуваат низ Парламентот, ќе помине и овој незабележано, но кога-тогаш законот ќе застане на свои нозе меѓу јавноста. Очекувам од новинарската фела да го разгледа уште еднаш и да ги даде своите критики, како и целокупното општество, рече Мизрахи.
Заменик министерот за правда Агим Нухиу во реплика на пратеничката Мизрахи, рече дека овој Предлог на закон пред да дојде на пленарна седница поминал неколку фази.
Министерството за правда интервенираше и го прецизираше член 6 – за навреда одговара тој што со намера, со изјава, однесување, објавување или на некој друг ќе искаже за некој друг со определен интегритет едно деграридарчко мислење со кое што се нарушува репутацијата и угледот. Законот е создадено од членови од сите заинтересирани групи, вклучувајќи ги здруженијата на новинарите и синдикати, судии, универзитетски професори и не треба да се сомневаме во нивната компетентност во работната група. При формулирањето на овие одредби на законот за граѓанска одговорност се преземени и критиките на неколку извештаи посебно во делот каде се определува целта на законот за да не се ограничи слободата на изразување, што се однесува на финанскискиот износ, согласно со член 10 од Европската Конвенција за човековите права и Уставот на Република Македонија, рече Нухиу.
Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, Министерството за правда со овој закон има единствена цел да ги спаси функционерите од власта од јавната критика. Тој апелира и побара зборот „мислење“ од оваа законско решение да биде сменето со „тврдење“. Во реплика на пратеникот Лефков, Нухиу рече целта на овој закон не е да се направи цензура врз слободното изразување и слободниот говор или да има барикади за да ги заштити државните функционери. Доказ дека овој закон гарантира поголема слобода на изразување и на мислењето, рече Нухиу, е и фактот дека ние намаливме нематеријалните штети кои ќе бидат за навреда и клевета да не биде поголем од 400 евра за новинарите.
Диме Велковски, пратеник на СДСМ, истакна дека основниот темел на ова законско решение е „правото на слободата на изразување е едно од темелните човекови права кое што е особено значајно за постоењето на демократското општество“. Тој посочи дека целта е да се подобри закононското решение.
Собранието денеска одржа и продолженија на две други седници, на кои на дневен ред беа неколку предлог на закони за кои расправата беше завршена поради очекување за нивно гласање или поради отсуство на нивен претставник.

The post Пратениците расправаа за Предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета appeared first on Република.

]]>
Во музејот на неостварени права и слободи https://arhiva3.republika.mk/kolumni/vo-muzejot-na-neostvareni-prava-i-slobodi/ Thu, 10 Feb 2022 09:00:02 +0000 https://republika.mk/?p=456604

 Васко Шутаров

 Реликти и деликти

„Кој злонамерно или невистинито ги прикажува општествено-политичките прилики во земјата, ќе биде казнет со затвор од една до единаесет години“ (чл.133 од Кривичниот закон на СФРЈ)

Во 1979 година Вишиот суд во Белград констатира дека во едно средно училиште во Зрењанин, проф. Милорад Новаковиќ „зборува банални работи за нашиот политички и економски систем“. Па, во еден брз кафкијански судски процес ќе биде осуден на пет и пол години затвор, „затоа што зборува дека нашиот систем нема иднина, дека може да се распадне, дека може да дојде до одвојување на републиките и покраините и дека неминовно ќе дојде до крвопролевање помеѓу југословенските народи“.

Професорот Новаковиќ поради тие изречени зборови одлежал цели четири години и четири месеци затворска казна. Пресудата против него не е позајмена од Орвеловата „1984“ и неговата „Полиција за вистината“, туку од судските досиеја за една од најскандалозните пресуди донесени во последната деценија од социјалистичкото владеење во Југославија, која се повикува на вербалниот деликт од озлогласениот член 133 од Кривичниот  закон на тогашната СФРЈ.

Истата таа 1979 година, тогаш најпознатиот актер на македонското глумиште Ристо Шишков, бил обвинет за навреда на српски и хрватски актери и навреди кон Тито. Претходно, во својство на секретар на Друштвото на драмски уметници, јавно го изразил своето незадоволство од праксата на повикување не само на југословенски туку и на актери од Полска, Романија и тогашниот СССР во ретките македонски играни филмови.  Сраснат до корен со голготата на Македонците од Егејот, по премиерата на филмот „Црно семе“ не го одмолчува ни коментарот на некој од присутните од политичкиот врв, дека филмот може да ги влоши односите со Грција. Во 1980 година заминува на одлежување казна затвор за овие сторени вербални деликти. Умира 6 години подоцна, на 46-годишна возраст.

Истата таа 1979 година една тогашна генерација полуматуранти, пишуваат на зададена тема со наслов, „Како го замислувам 21 век“. Поштедени од злокобната моќ на живиот вербален деликт со кој се опкружени, сонуваат и пишуваат за остварување на еден нов свет со сите можни слободи и права, за свет без војни, за свет без гладни, за свет без болести.

А само десетина години подоцна, таа симпатична интелигенција од нивото на приказни и бајки за златната рипка, ја потресуваат првите сериозни животни и интелектуални распаметувања. Не било сè така прозаично и сјајно во годините во кои сме посакувале нов свет и век со поголеми слободи и права, отсуства на војни, глад и болести.

Како студент на меѓународна политика на белградскиот Факултет за политички науки и меѓу редови читајќи ја проф. Смиља Аврамов (тогаш еден од водечките светски авторитети за меѓународно јавно право), разбирам дека во меѓународното право ни тогаш, а уште помалку во некоја далечна иднина, нема често да пронаоѓаме  забележителни траги од морал или етика за кои бевме спремни да учиме и сонувавме. Бргу разбирам и дека светот нема да може да живее без војни  и дека може никогаш нема да се повторат Првата и Втората светска војна, но дека во меѓувреме во стотина граѓански, локални и регионални  војни животите ги изгубиле  26 милиони луѓе, од кои најголем број биле цивили.

Од други професори разбирам дека веќе биле потписници на петиција против вербалниот деликт од членот 133 од Кривичниот закон на СФРЈ и дека се подготвени  повторно да го вложат целиот свој авторитет против оваа законска одредба со која стотици илјади граѓани кои изразиле свое критичко мислење за состојбите во Југославија, или одлежуваат казни или на друг начин ја носат стигмата на непријатели на државата.

Веќе денес, по триесетгодишната голгота и најдолгиот пат за признавање на една независна држава и народ, како што се македонската држава и македонскиот народ, не само што разбирам, туку јасно ми е како бел ден за каков морален амбиент зборуваме кога се повикуваме (и крстиме) во меѓународното право и меѓународните организации. А уште појасно, дека во домашното право реликтите и деликтите од време на комунизмот ќе ги загрозуваат кревките слободи и права на сите граѓани подеднакво, барем сè додека комунистичката матрица на дејствување е жива преку наследното комунистичко право и нивните потомци да владеат со нас и со институциите на државата.

И за жал, како најболно распаметување, денес кога се пребројуваат вработените со минималец од 18.000 денари  или вчера кога се пребројуваа пензионерите со минималецот од 9.000 денари, дека токму во мојата држава во 21 век, стотици илјади сограѓани едвај скрпуваат крај со крај со своите животи и дека сите заедно, сосе наследниците на црвената буржоазија и новосоздадената транзициска олигархија сме длабоко закопани на дното од сиромаштија на европското тло. А покрај пандемијата, која само го соголи до коска одвај функционалниот здравствен систем, разбираме до најдлабока болка на поразеност, дека имаме и највисок процент на смртност од болести меѓу европските држави и дека никогаш порано, па ни во време на југословенскиот „социјализам со човечки лик“, стравот од болести и стравот да се пречекори прагот на било која здравствена институција не бил никогаш толку изразен.

Зад секоја забрана стои нечиј интерес! И идеолошки монопол на вистината

И толку години по падот на комунизмот, денес, низ (демек!) широка дебата и на мала врата (патем, со развиорено европско знаменце), актуелната македонска власт се дрзнува да протне законска материја со која ја регулира граѓанската одговорност за клевета и навреда, испишана со неподнослива леснотија на сè уште функционална рака останата од комунизмот, која предвидела и санкции за навреда поради негативно мислење за неа. Што да се каже а да не се заплаче, среде музејов од неостварени приказни за правата и слободите на македонските граѓани во 21 век?!

Каква дрскост, цели три децении по падот на комунизмот и времето кога можеше да се допушти тој луксуз да се криминализира нечиј говор како невистинит (бидејќи комунистичката власт беше единствен креатор на неприкосновената вистина), да се подметне таква законска алатка, типичен токсичен рецидив од комунизмот, со кој повторно ќе се ловат вештици кои мислат поинаку и замислете (!!), дури и негативно за власта која се практикува. Како да не беа доволни неброените лични и семејни трагедии поставени како жртва на олтарот на комунистичкиот вербален деликт, па требаше да се посегне по враќање на овој типичен комунистички реликт и во денешно време.

Што се должни младите денес, кои ни како виц не можат да ги разберат казните што нивните претци ги добивале за раскажан виц за Тито или за скандирање од трибини на фудбалски натпревари за повикот „Среќен Божик да ви биде!“, па допрва да се соочуваат со вакви токсични остатоци од некогашното комунистичко едноумие. Не сакам да верувам дека младите генерации родени после комунизмат, ќе го свиткаат својот грб за повторно  „дисциплинирање на кичмата“, низ какво нивните родители поминувале, на еден, на друг или на трет начин, во зависност од начинот на комуницирање со непогрешливата комунистичка власт.

Кога ќе и стане јасно на оваа изгубена во просторот и времето власт, дека слободата на говорот не претставува слобода која тие ја дозволуваат некому со кого веќе се согласуваат, туку таа слобода  е неотуѓиво човеково право кое постои и се почитува (барем во останатиот нормален и цивилизиран свет) за да се изрази и друго мислење, различен став, издржана критика или потполно негативно мислење кое може да биде искажано на сите можни демократски начини.

Освен тоа, ако баш толку држи актуелнава власт до европските вредности и правила на игра, свое видување и став по овие прашања има Европскиот суд за човекови права кој смета, дека оние кои вршат јавни функции мора да имаат повишен праг и критериум за примање критики, што значи, мора да бидат подготвени и на негативни критики и мислење за нивната работа.

По триесет години обиди за градење македонско демократско општество, добро ќе беше денес да зборуваме за јавен и приватен простор во кој сите граѓани подеднакво би биле заштитени од клевети, навреди или негативни мислење по сите основи, а посебно од оние кои во својата основа содржат предрасуди и стереотипи од родова, етничка, верска или расна основа. На кој граѓанин не му е важен угледот, честа и јавниот суд од непосредната околина или пошироката општествена заедница?!

Смрт на комунизмот! Да живее вербалниот деликт!

Но, „увреѓениве млади“ од власта, најпрво би да се заштитат себеси и сопствената чест и углед, бидејќи така најдобро се чуваат наследените привилегии кои генерациски ги уживаат, небаре за свети крави станува збор. На ова се вели, парафразирајќи една комунистичка крилатица: „Смрт на комунизмот, да живее вербалниот деликт! “

Ние живееме во време на наопаку свртена или потполно искривена стварност, креирана од јавно изречени наративи и зборорови. Монополот и доминацијата на владиниот наратив во креирањето лажна или замаглена стварност е директно загрозена со експлозијата од слободно изразена мисла  која секој граѓанин, денес, може да ја пласира преку социјалните мрежи.

Некој ќе каже, па мора некако да се регулира „дигиталниот Див запад“ во кој секој против секого може да пука со цел арсенал од клевети, навреди и пакости кои го пречекоруваат секој праг на елементарна пристојност и приватност. Но, само во држави со длабоко комунистичко досие и долга традиција на казнувања и дисциплинирања на граѓаните може, најпрво и најлесно да се посегне по законски алатки со кои ќе се казнува загрозувањето  на личниот углед, честа и достоинството само на владејачката класа.

Тоа се и држави во кои најчесто отсуствува демократски и отворен дијалог помеѓу власта и граѓаните и држави каде најлесно е со подигање на „ментални концентрациони логори“, да се тренира посакувано мислење и политичка коректност во каква власта милува да живее. Е токму таков, новокомпониран политички апартхејд ќе ни се случеше, ако поминеше одредбата за заштита од негативно мислење во законската материја за граѓанската одговорност, три децении по падот на комунизмот во светот.

Но, едно треба да ни биде сосема јасно по неуспешниов обид за враќањето на вербалниот деликт во нашите животи. Ова беше израз на крајна демократска немоќ на една власт, која со години во континуитет продуцира незадоволства и негативни мислења, во сите политики кои ги практикува. Дури и според нарачаните анкети од провладини агенции за истражување на јавното мислење, не постои сегмент од власта, од законодавната, преку извршната, до судската, кој не продуцира мнозинско негативно расположение.

Патем, на кого не му е јасно дека во сегашниов систем на темелно разнебитување и раздробување до последен атом на македонското општество, токму таквото негативно мислење и перцепција за актуелната влада е скоро единствениот и најмоќен кохезивен елемент кој сè уште чини некаква целина, уште жива, па уште и жилаво спротивставена против сите владини политики преку кои се гази по човечкото, граѓанското и националното достоинство, како и честа и угледот на македонскиот граѓанин.

За крај, мала, не неслучајна дигресија. На добрите студенти од „Харвард“, какви биле погоре споменатата професорка Аврамов или актуелниот бугарски премиер Петков, сосема им е јасна длабоката иронија дека ограничувањата на слободата на мислење своето родно место го имат во левиот тоталитаризам. Комунистичкиот блок држави предводени од некогашниот СССР, откога не успеале да ја вметнат забраната за говор на омраза во Универзалната декларација за човекови права во ООН, успеале во тоа преку Меѓународниот пакт за граѓански и политички права, склучувајќи пакт со држави како Судан и Тахити, познати најмногу по кршењето на човековите права и слободи. На „Харвард“, за држави со нефункционална демократија и пазарна економија, сè уште се вели дека страдаат од типична балканска посткомунистичка дисфункционалност, бидејќи функцинираат како музеи од неостварени права и слободи на граѓаните.

„Наш Таче“ дали на „Харвард“ има слушнато за ова?

The post Во музејот на неостварени права и слободи appeared first on Република.

]]>

 Васко Шутаров

 Реликти и деликти

„Кој злонамерно или невистинито ги прикажува општествено-политичките прилики во земјата, ќе биде казнет со затвор од една до единаесет години“ (чл.133 од Кривичниот закон на СФРЈ) Во 1979 година Вишиот суд во Белград констатира дека во едно средно училиште во Зрењанин, проф. Милорад Новаковиќ „зборува банални работи за нашиот политички и економски систем“. Па, во еден брз кафкијански судски процес ќе биде осуден на пет и пол години затвор, „затоа што зборува дека нашиот систем нема иднина, дека може да се распадне, дека може да дојде до одвојување на републиките и покраините и дека неминовно ќе дојде до крвопролевање помеѓу југословенските народи“. Професорот Новаковиќ поради тие изречени зборови одлежал цели четири години и четири месеци затворска казна. Пресудата против него не е позајмена од Орвеловата „1984“ и неговата „Полиција за вистината“, туку од судските досиеја за една од најскандалозните пресуди донесени во последната деценија од социјалистичкото владеење во Југославија, која се повикува на вербалниот деликт од озлогласениот член 133 од Кривичниот  закон на тогашната СФРЈ. Истата таа 1979 година, тогаш најпознатиот актер на македонското глумиште Ристо Шишков, бил обвинет за навреда на српски и хрватски актери и навреди кон Тито. Претходно, во својство на секретар на Друштвото на драмски уметници, јавно го изразил своето незадоволство од праксата на повикување не само на југословенски туку и на актери од Полска, Романија и тогашниот СССР во ретките македонски играни филмови.  Сраснат до корен со голготата на Македонците од Егејот, по премиерата на филмот „Црно семе“ не го одмолчува ни коментарот на некој од присутните од политичкиот врв, дека филмот може да ги влоши односите со Грција. Во 1980 година заминува на одлежување казна затвор за овие сторени вербални деликти. Умира 6 години подоцна, на 46-годишна возраст. Истата таа 1979 година една тогашна генерација полуматуранти, пишуваат на зададена тема со наслов, „Како го замислувам 21 век“. Поштедени од злокобната моќ на живиот вербален деликт со кој се опкружени, сонуваат и пишуваат за остварување на еден нов свет со сите можни слободи и права, за свет без војни, за свет без гладни, за свет без болести. А само десетина години подоцна, таа симпатична интелигенција од нивото на приказни и бајки за златната рипка, ја потресуваат првите сериозни животни и интелектуални распаметувања. Не било сè така прозаично и сјајно во годините во кои сме посакувале нов свет и век со поголеми слободи и права, отсуства на војни, глад и болести. Како студент на меѓународна политика на белградскиот Факултет за политички науки и меѓу редови читајќи ја проф. Смиља Аврамов (тогаш еден од водечките светски авторитети за меѓународно јавно право), разбирам дека во меѓународното право ни тогаш, а уште помалку во некоја далечна иднина, нема често да пронаоѓаме  забележителни траги од морал или етика за кои бевме спремни да учиме и сонувавме. Бргу разбирам и дека светот нема да може да живее без војни  и дека може никогаш нема да се повторат Првата и Втората светска војна, но дека во меѓувреме во стотина граѓански, локални и регионални  војни животите ги изгубиле  26 милиони луѓе, од кои најголем број биле цивили. Од други професори разбирам дека веќе биле потписници на петиција против вербалниот деликт од членот 133 од Кривичниот закон на СФРЈ и дека се подготвени  повторно да го вложат целиот свој авторитет против оваа законска одредба со која стотици илјади граѓани кои изразиле свое критичко мислење за состојбите во Југославија, или одлежуваат казни или на друг начин ја носат стигмата на непријатели на државата. Веќе денес, по триесетгодишната голгота и најдолгиот пат за признавање на една независна држава и народ, како што се македонската држава и македонскиот народ, не само што разбирам, туку јасно ми е како бел ден за каков морален амбиент зборуваме кога се повикуваме (и крстиме) во меѓународното право и меѓународните организации. А уште појасно, дека во домашното право реликтите и деликтите од време на комунизмот ќе ги загрозуваат кревките слободи и права на сите граѓани подеднакво, барем сè додека комунистичката матрица на дејствување е жива преку наследното комунистичко право и нивните потомци да владеат со нас и со институциите на државата. И за жал, како најболно распаметување, денес кога се пребројуваат вработените со минималец од 18.000 денари  или вчера кога се пребројуваа пензионерите со минималецот од 9.000 денари, дека токму во мојата држава во 21 век, стотици илјади сограѓани едвај скрпуваат крај со крај со своите животи и дека сите заедно, сосе наследниците на црвената буржоазија и новосоздадената транзициска олигархија сме длабоко закопани на дното од сиромаштија на европското тло. А покрај пандемијата, која само го соголи до коска одвај функционалниот здравствен систем, разбираме до најдлабока болка на поразеност, дека имаме и највисок процент на смртност од болести меѓу европските држави и дека никогаш порано, па ни во време на југословенскиот „социјализам со човечки лик“, стравот од болести и стравот да се пречекори прагот на било која здравствена институција не бил никогаш толку изразен.

Зад секоја забрана стои нечиј интерес! И идеолошки монопол на вистината

И толку години по падот на комунизмот, денес, низ (демек!) широка дебата и на мала врата (патем, со развиорено европско знаменце), актуелната македонска власт се дрзнува да протне законска материја со која ја регулира граѓанската одговорност за клевета и навреда, испишана со неподнослива леснотија на сè уште функционална рака останата од комунизмот, која предвидела и санкции за навреда поради негативно мислење за неа. Што да се каже а да не се заплаче, среде музејов од неостварени приказни за правата и слободите на македонските граѓани во 21 век?! Каква дрскост, цели три децении по падот на комунизмот и времето кога можеше да се допушти тој луксуз да се криминализира нечиј говор како невистинит (бидејќи комунистичката власт беше единствен креатор на неприкосновената вистина), да се подметне таква законска алатка, типичен токсичен рецидив од комунизмот, со кој повторно ќе се ловат вештици кои мислат поинаку и замислете (!!), дури и негативно за власта која се практикува. Како да не беа доволни неброените лични и семејни трагедии поставени како жртва на олтарот на комунистичкиот вербален деликт, па требаше да се посегне по враќање на овој типичен комунистички реликт и во денешно време. Што се должни младите денес, кои ни како виц не можат да ги разберат казните што нивните претци ги добивале за раскажан виц за Тито или за скандирање од трибини на фудбалски натпревари за повикот „Среќен Божик да ви биде!“, па допрва да се соочуваат со вакви токсични остатоци од некогашното комунистичко едноумие. Не сакам да верувам дека младите генерации родени после комунизмат, ќе го свиткаат својот грб за повторно  „дисциплинирање на кичмата“, низ какво нивните родители поминувале, на еден, на друг или на трет начин, во зависност од начинот на комуницирање со непогрешливата комунистичка власт. Кога ќе и стане јасно на оваа изгубена во просторот и времето власт, дека слободата на говорот не претставува слобода која тие ја дозволуваат некому со кого веќе се согласуваат, туку таа слобода  е неотуѓиво човеково право кое постои и се почитува (барем во останатиот нормален и цивилизиран свет) за да се изрази и друго мислење, различен став, издржана критика или потполно негативно мислење кое може да биде искажано на сите можни демократски начини. Освен тоа, ако баш толку држи актуелнава власт до европските вредности и правила на игра, свое видување и став по овие прашања има Европскиот суд за човекови права кој смета, дека оние кои вршат јавни функции мора да имаат повишен праг и критериум за примање критики, што значи, мора да бидат подготвени и на негативни критики и мислење за нивната работа. По триесет години обиди за градење македонско демократско општество, добро ќе беше денес да зборуваме за јавен и приватен простор во кој сите граѓани подеднакво би биле заштитени од клевети, навреди или негативни мислење по сите основи, а посебно од оние кои во својата основа содржат предрасуди и стереотипи од родова, етничка, верска или расна основа. На кој граѓанин не му е важен угледот, честа и јавниот суд од непосредната околина или пошироката општествена заедница?!

Смрт на комунизмот! Да живее вербалниот деликт!

Но, „увреѓениве млади“ од власта, најпрво би да се заштитат себеси и сопствената чест и углед, бидејќи така најдобро се чуваат наследените привилегии кои генерациски ги уживаат, небаре за свети крави станува збор. На ова се вели, парафразирајќи една комунистичка крилатица: „Смрт на комунизмот, да живее вербалниот деликт! “ Ние живееме во време на наопаку свртена или потполно искривена стварност, креирана од јавно изречени наративи и зборорови. Монополот и доминацијата на владиниот наратив во креирањето лажна или замаглена стварност е директно загрозена со експлозијата од слободно изразена мисла  која секој граѓанин, денес, може да ја пласира преку социјалните мрежи. Некој ќе каже, па мора некако да се регулира „дигиталниот Див запад“ во кој секој против секого може да пука со цел арсенал од клевети, навреди и пакости кои го пречекоруваат секој праг на елементарна пристојност и приватност. Но, само во држави со длабоко комунистичко досие и долга традиција на казнувања и дисциплинирања на граѓаните може, најпрво и најлесно да се посегне по законски алатки со кои ќе се казнува загрозувањето  на личниот углед, честа и достоинството само на владејачката класа. Тоа се и држави во кои најчесто отсуствува демократски и отворен дијалог помеѓу власта и граѓаните и држави каде најлесно е со подигање на „ментални концентрациони логори“, да се тренира посакувано мислење и политичка коректност во каква власта милува да живее. Е токму таков, новокомпониран политички апартхејд ќе ни се случеше, ако поминеше одредбата за заштита од негативно мислење во законската материја за граѓанската одговорност, три децении по падот на комунизмот во светот. Но, едно треба да ни биде сосема јасно по неуспешниов обид за враќањето на вербалниот деликт во нашите животи. Ова беше израз на крајна демократска немоќ на една власт, која со години во континуитет продуцира незадоволства и негативни мислења, во сите политики кои ги практикува. Дури и според нарачаните анкети од провладини агенции за истражување на јавното мислење, не постои сегмент од власта, од законодавната, преку извршната, до судската, кој не продуцира мнозинско негативно расположение. Патем, на кого не му е јасно дека во сегашниов систем на темелно разнебитување и раздробување до последен атом на македонското општество, токму таквото негативно мислење и перцепција за актуелната влада е скоро единствениот и најмоќен кохезивен елемент кој сè уште чини некаква целина, уште жива, па уште и жилаво спротивставена против сите владини политики преку кои се гази по човечкото, граѓанското и националното достоинство, како и честа и угледот на македонскиот граѓанин. За крај, мала, не неслучајна дигресија. На добрите студенти од „Харвард“, какви биле погоре споменатата професорка Аврамов или актуелниот бугарски премиер Петков, сосема им е јасна длабоката иронија дека ограничувањата на слободата на мислење своето родно место го имат во левиот тоталитаризам. Комунистичкиот блок држави предводени од некогашниот СССР, откога не успеале да ја вметнат забраната за говор на омраза во Универзалната декларација за човекови права во ООН, успеале во тоа преку Меѓународниот пакт за граѓански и политички права, склучувајќи пакт со држави како Судан и Тахити, познати најмногу по кршењето на човековите права и слободи. На „Харвард“, за држави со нефункционална демократија и пазарна економија, сè уште се вели дека страдаат од типична балканска посткомунистичка дисфункционалност, бидејќи функцинираат како музеи од неостварени права и слободи на граѓаните. „Наш Таче“ дали на „Харвард“ има слушнато за ова?

The post Во музејот на неостварени права и слободи appeared first on Република.

]]>
Се пишмани: Министерството за правда го повлекува предлогот за казнивост за изразено „негативно мислење“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-pishmani-ministerstvoto-za-pravda-go-povlekuva-predlogot-za-kaznivost-za-izrazeno-negativno-mislenje/ Sun, 06 Feb 2022 09:10:39 +0000 https://republika.mk/?p=454688

Формулацијата во однос на предлог Законот за граѓанска одговорност каде за навреда се одговара и за „негативно мислење", е грешна формулација за што ќе се интервенира веднаш во амандманската расправа, се вели во реакцијата на Министерството за правда по жестоките реакции во јавноста за предлогот за казнивост за изразено негативно мислење.

Целосно ги поддржуваме новинарски слободи и права и сите закони ги носиме заедно со здруженијата, а во интерес на објективното и слободното информирање, се вели во соопштението на Министерството за правда.

The post Се пишмани: Министерството за правда го повлекува предлогот за казнивост за изразено „негативно мислење“ appeared first on Република.

]]>

Формулацијата во однос на предлог Законот за граѓанска одговорност каде за навреда се одговара и за „негативно мислење", е грешна формулација за што ќе се интервенира веднаш во амандманската расправа, се вели во реакцијата на Министерството за правда по жестоките реакции во јавноста за предлогот за казнивост за изразено негативно мислење. Целосно ги поддржуваме новинарски слободи и права и сите закони ги носиме заедно со здруженијата, а во интерес на објективното и слободното информирање, се вели во соопштението на Министерството за правда.

The post Се пишмани: Министерството за правда го повлекува предлогот за казнивост за изразено „негативно мислење“ appeared first on Република.

]]>