Навални Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/navalni/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Mar 2024 11:44:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Навални Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/navalni/ 32 32 Рускиот суд ја отфрли тужбата на мајката на Навални дека тој не добил медицинска нега https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskiot-sud-ja-otfrli-tuzhbata-na-majkata-na-navalni-deka-toj-ne-dobil-meditsinska-nega/ Fri, 22 Mar 2024 11:44:03 +0000 https://republika.mk/?p=757415

Судот во Русија денеска ја отфрли тужбата поднесена од мајката на починатиот опозиционер Алексеј Навални, Људмила. Во тужбата се тврдеше дека Навални во затворот не добил соодветна медицинска нега.

Директорот на Фондацијата за борба против корупцијата, Иван Жданов изјави дека судот во градот Лабитнанги, во близина на арктичкиот затвор каде што во февруари почина Навални, ја отфрлил тужбата. Во образложението се наведува дека саот Навални може да биде тужител.

Алексеј поднесе голем број тужби против управата на затворот за необезбедување медицинска нега. Тие тврдења беа отфрлени. Сега кога тој е убиен, тврдењето на неговото семејство се отфрла со потсмев, напиша Жданов на Телеграм.

Навални, кој беше најпознатиот противник на претседателот Владимир Путин, отслужуваше 19-годишна затворска казна во моментот на неговата смрт. Тој во затвор беше од јануари 2021 година, откако се врати во Русија од Германија, каде што се заздравуваше од труење со нервен агенс, за што го обвини Кремљ.

The post Рускиот суд ја отфрли тужбата на мајката на Навални дека тој не добил медицинска нега appeared first on Република.

]]>

Судот во Русија денеска ја отфрли тужбата поднесена од мајката на починатиот опозиционер Алексеј Навални, Људмила. Во тужбата се тврдеше дека Навални во затворот не добил соодветна медицинска нега. Директорот на Фондацијата за борба против корупцијата, Иван Жданов изјави дека судот во градот Лабитнанги, во близина на арктичкиот затвор каде што во февруари почина Навални, ја отфрлил тужбата. Во образложението се наведува дека саот Навални може да биде тужител. Алексеј поднесе голем број тужби против управата на затворот за необезбедување медицинска нега. Тие тврдења беа отфрлени. Сега кога тој е убиен, тврдењето на неговото семејство се отфрла со потсмев, напиша Жданов на Телеграм. Навални, кој беше најпознатиот противник на претседателот Владимир Путин, отслужуваше 19-годишна затворска казна во моментот на неговата смрт. Тој во затвор беше од јануари 2021 година, откако се врати во Русија од Германија, каде што се заздравуваше од труење со нервен агенс, за што го обвини Кремљ.

The post Рускиот суд ја отфрли тужбата на мајката на Навални дека тој не добил медицинска нега appeared first on Република.

]]>
Навални: Судот ја одби тужбата против затворот за да не се обелоденат околностите за смртта на Алексеј https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/navalni-sudot-ja-odbi-tuzhbata-protiv-zatvorot-za-da-ne-se-obelodenat-okolnostite-za-smrtta-na-aleksej/ Thu, 21 Mar 2024 17:19:17 +0000 https://republika.mk/?p=757108

Јулија Навални, сопругата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, денеска изјави дека судот ја отфрлил тужбата против затворот во кој тој почина, бидејќи, според неа, тоа би значело објавување на видео-снимката и други информации за околностите на неговата смрт.

Навални на платформата Икс (Твитер) напиша дека верува дека случајот е затворен, бидејќи во спротивно ќе ги принуди затворските власти да дадат детални информации за тоа што се случило на 16 февруари, кога починал нејзиниот покоен сопруг.

Претходно денеска поранешниот помошник на Навални, Иван Жданов, изјави дека тужбата на мајката на починатиот руски опозиционер, во која се наведува дека тој не добил соодветна медицинска помош во затворот каде ја отслужувал казната и починал, е одбиена, бидејќи Навални лично не поднел жалба.

Жданов рече дека судот во малиот град Лабитнанги, во близина на затворот во кој почина Навални, ја отфрлил тужбата со образложение дека обвинител мора да биде самиот Навални.

Руските затворски власти соопштија дека 47-годишниот Навални се онесвестил и починал на 16 февруари откако прошетал пред затворот каде што издржувал тридецениска казна. Тимот на Навални подоцна објави дека во неговата смртна потврда е наведено дека тој починал од природна смрт.

The post Навални: Судот ја одби тужбата против затворот за да не се обелоденат околностите за смртта на Алексеј appeared first on Република.

]]>

Јулија Навални, сопругата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, денеска изјави дека судот ја отфрлил тужбата против затворот во кој тој почина, бидејќи, според неа, тоа би значело објавување на видео-снимката и други информации за околностите на неговата смрт. Навални на платформата Икс (Твитер) напиша дека верува дека случајот е затворен, бидејќи во спротивно ќе ги принуди затворските власти да дадат детални информации за тоа што се случило на 16 февруари, кога починал нејзиниот покоен сопруг. Претходно денеска поранешниот помошник на Навални, Иван Жданов, изјави дека тужбата на мајката на починатиот руски опозиционер, во која се наведува дека тој не добил соодветна медицинска помош во затворот каде ја отслужувал казната и починал, е одбиена, бидејќи Навални лично не поднел жалба. Жданов рече дека судот во малиот град Лабитнанги, во близина на затворот во кој почина Навални, ја отфрлил тужбата со образложение дека обвинител мора да биде самиот Навални. Руските затворски власти соопштија дека 47-годишниот Навални се онесвестил и починал на 16 февруари откако прошетал пред затворот каде што издржувал тридецениска казна. Тимот на Навални подоцна објави дека во неговата смртна потврда е наведено дека тој починал од природна смрт.

The post Навални: Судот ја одби тужбата против затворот за да не се обелоденат околностите за смртта на Алексеј appeared first on Република.

]]>
Ова e рускиот платен убиец когo Путин планираше да го врати во замена за Навални https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ova-ruskiot-platen-ubiets-kogo-putin-planirashe-da-go-vrati-vo-zamena-za-navalni/ Mon, 18 Mar 2024 07:04:36 +0000 https://republika.mk/?p=755704

Рускиот претседател Владимир Путин на синоќешната прес-конференција во неговиот изборен штаб изјави дека починатиот критичар на Кремљ, Алексеј Навални требало да биде ослободен во размената на затвореници со Западот, јавува ДПА.

На прес-конференцијата, Путин рече дека се согласил на договор за размена на затвореници, вклучувајќи го и Навални пред неговата смрт минатиот месец. Претседателот истакна дека главен услов за размената би бил Навални да не се врати во Русија.

[caption id="attachment_748103" align="alignnone" width="640"] epaselect epa11159716 A person lights a candle next to flowers and and a portrait of Russian opposition leader Alexei Navalny in front of the Russian embassy, in Berlin, Germany, 16 February 2024. Russian opposition leader and outspoken Kremlin critic Alexei Navalny has died aged 47 in a penal colony, the Federal Penitentiary Service of the Yamalo-Nenets Autonomous District announced on 16 February 2024. A prison service statement said that Navalny 'felt unwell' after a walk on 16 February, and it was investigating the causes of his death. In late 2023 Navalny was transferred to an Arctic penal colony considered one of the harshest prisons. EPA-EFE/CLEMENS BILAN[/caption]

Путин го нарече покојниот со неговото презиме и рече дека неговата смрт е тажен настан.

-Што се однесува до г-дин Навални: да, тој умре. Ова е секогаш тажен настан. Имавме и други случаи на луѓе кои умираат во притворските центри. Слични случувања „се случија и во Соединетите Држави, и тоа многу пати, рече Путин на прес-конференцијата.

Според руските власти, Навални починал на 16 февруари на 47-годишна возраст во арктичката казнена колонија „Поларен волк“, во близина на градот Салехард, кој се наоѓа веднаш на Арктичкиот круг, на околу 1.900 километри североисточно од Москва. Околностите околу неговата смрт остануваат нејасни. Неговата вдовица Јулија Навална верува дека нејзиниот сопруг бил убиен.

Вадим Красиков е име кое се појавува неколку пати во последните недели кога се зборуваше за потенцијална размена на затвореници меѓу Русија и западните земји во замена за Навални.

Красиков издржува доживотна казна затвор во Германија за убиството на Зелимкан „Торнике“ Кангошвили во 2019 година во Берлин. Красиков застрелал и убил грузиски државјанин со чеченско потекло, кој се борел против руските војници во Чеченија, а подоцна побарал азил во Германија.

Красиков беше осуден во 2021 година, а германските судии објавија дека тој дејствувал по налог на руските власти, кои му дале лажен идентитет, пасош и средства за да го изврши убиството. Убиството, како и пресудата, предизвикаа голем дипломатски спор меѓу Русија и Германија.

Красиков и неговите правни застапници ја оспоруваа неговата вина, па дури и го доведуваа во прашање неговиот идентитет. Красиков на почетокот на судењето рече дека бил погрешно идентификуван и дека е роден во Русија во 1970 година, а не во Казахстан во 1965 година.

Руските власти му издале на Красик лажен пасош под името Вадим Соколов, со кој патувал во Берлин, каде што неколку пати ја застрелал жртвата од зад грб со пригушувачки пиштол во близина на берлинскиот парк Клајнер Тиергартен

The post Ова e рускиот платен убиец когo Путин планираше да го врати во замена за Навални appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин на синоќешната прес-конференција во неговиот изборен штаб изјави дека починатиот критичар на Кремљ, Алексеј Навални требало да биде ослободен во размената на затвореници со Западот, јавува ДПА. На прес-конференцијата, Путин рече дека се согласил на договор за размена на затвореници, вклучувајќи го и Навални пред неговата смрт минатиот месец. Претседателот истакна дека главен услов за размената би бил Навални да не се врати во Русија. [caption id="attachment_748103" align="alignnone" width="640"] epaselect epa11159716 A person lights a candle next to flowers and and a portrait of Russian opposition leader Alexei Navalny in front of the Russian embassy, in Berlin, Germany, 16 February 2024. Russian opposition leader and outspoken Kremlin critic Alexei Navalny has died aged 47 in a penal colony, the Federal Penitentiary Service of the Yamalo-Nenets Autonomous District announced on 16 February 2024. A prison service statement said that Navalny 'felt unwell' after a walk on 16 February, and it was investigating the causes of his death. In late 2023 Navalny was transferred to an Arctic penal colony considered one of the harshest prisons. EPA-EFE/CLEMENS BILAN[/caption] Путин го нарече покојниот со неговото презиме и рече дека неговата смрт е тажен настан.
-Што се однесува до г-дин Навални: да, тој умре. Ова е секогаш тажен настан. Имавме и други случаи на луѓе кои умираат во притворските центри. Слични случувања „се случија и во Соединетите Држави, и тоа многу пати, рече Путин на прес-конференцијата.
Според руските власти, Навални починал на 16 февруари на 47-годишна возраст во арктичката казнена колонија „Поларен волк“, во близина на градот Салехард, кој се наоѓа веднаш на Арктичкиот круг, на околу 1.900 километри североисточно од Москва. Околностите околу неговата смрт остануваат нејасни. Неговата вдовица Јулија Навална верува дека нејзиниот сопруг бил убиен. Вадим Красиков е име кое се појавува неколку пати во последните недели кога се зборуваше за потенцијална размена на затвореници меѓу Русија и западните земји во замена за Навални. Красиков издржува доживотна казна затвор во Германија за убиството на Зелимкан „Торнике“ Кангошвили во 2019 година во Берлин. Красиков застрелал и убил грузиски државјанин со чеченско потекло, кој се борел против руските војници во Чеченија, а подоцна побарал азил во Германија. Красиков беше осуден во 2021 година, а германските судии објавија дека тој дејствувал по налог на руските власти, кои му дале лажен идентитет, пасош и средства за да го изврши убиството. Убиството, како и пресудата, предизвикаа голем дипломатски спор меѓу Русија и Германија. Красиков и неговите правни застапници ја оспоруваа неговата вина, па дури и го доведуваа во прашање неговиот идентитет. Красиков на почетокот на судењето рече дека бил погрешно идентификуван и дека е роден во Русија во 1970 година, а не во Казахстан во 1965 година. Руските власти му издале на Красик лажен пасош под името Вадим Соколов, со кој патувал во Берлин, каде што неколку пати ја застрелал жртвата од зад грб со пригушувачки пиштол во близина на берлинскиот парк Клајнер Тиергартен

The post Ова e рускиот платен убиец когo Путин планираше да го врати во замена за Навални appeared first on Република.

]]>
Жител на Санкт Петербург во притвор поради порака „Путин го уби Навални“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zhitel-na-sankt-peterburg-vo-pritvor-poradi-poraka-putin-go-ubi-navalni/ Sun, 10 Mar 2024 12:43:48 +0000 https://republika.mk/?p=753283

Окружниот суд во Санкт Петербург му одреди едномесечен притвор на Евгениј Смирнов, жител на тој град, под обвинение за хулиганство бидејќи ја напишал пораката „Путин го уби Навални“, пишува редакцијата на Радио Слободна Европа на англиски јазик.

Инспекторите утврдиле дека Смирнов ја напишал пораката, обвинувајќи го рускиот претседател Владимир Путин за минатомесечната смрт на опозицискиот политичар Алексеј Навални.

Неговата куќа била претресена и одземени му се компјутерот и банкарските картички, а адвокатот побарал Смирнов да биде ослободен.

The post Жител на Санкт Петербург во притвор поради порака „Путин го уби Навални“ appeared first on Република.

]]>

Окружниот суд во Санкт Петербург му одреди едномесечен притвор на Евгениј Смирнов, жител на тој град, под обвинение за хулиганство бидејќи ја напишал пораката „Путин го уби Навални“, пишува редакцијата на Радио Слободна Европа на англиски јазик. Инспекторите утврдиле дека Смирнов ја напишал пораката, обвинувајќи го рускиот претседател Владимир Путин за минатомесечната смрт на опозицискиот политичар Алексеј Навални. Неговата куќа била претресена и одземени му се компјутерот и банкарските картички, а адвокатот побарал Смирнов да биде ослободен.

The post Жител на Санкт Петербург во притвор поради порака „Путин го уби Навални“ appeared first on Република.

]]>
Телото на Навални предадено на роднините, толпата се упати кон црквата, запрена кај бариерите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/teloto-na-navalni-predadeno-na-rodninite-tolpata-se-upati-kon-tsrkvata-zaprena-kaj-barierite/ Fri, 01 Mar 2024 10:26:45 +0000 https://republika.mk/?p=749942

Телото на Алексеј Навални е предадено на неговите роднини и наскоро со погребно возило ќе биде пренесено во црквата, соопшти неговата портпаролка Кира Јармиш.

Сојузникот на Алексеј Навални рече дека денешната церемонија „не била скапа“, но ги покани поддржувачите да бидат присутни на „последното испраќање“.

 

https://www.youtube.com/watch?v=7ceVtpnK_Uo&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2F%25D0%25B2%25D0%25B8%25D0%25B4%25D0%25B5%25D0%25BE-%25D1%2582%25D0%25B5%25D0%25BB%25D0%25BE%25D1%2582%25D0%25BE-%25D0%25BD%25D0%25B0-%25D0%25BD%25D0%25B0%25D0%25B2%25D&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Повеќе од илјада луѓе се собраа во близина на црква во Москва за да му оддадат почит на Алексеј Навални, изјави еден од неговите сојузници. Леонид Волков ја сподели споменатата бројка, која не е независно потврдена, како дел од преносот на церемонијата.

The post Телото на Навални предадено на роднините, толпата се упати кон црквата, запрена кај бариерите appeared first on Република.

]]>

Телото на Алексеј Навални е предадено на неговите роднини и наскоро со погребно возило ќе биде пренесено во црквата, соопшти неговата портпаролка Кира Јармиш. Сојузникот на Алексеј Навални рече дека денешната церемонија „не била скапа“, но ги покани поддржувачите да бидат присутни на „последното испраќање“.   https://www.youtube.com/watch?v=7ceVtpnK_Uo&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2F%25D0%25B2%25D0%25B8%25D0%25B4%25D0%25B5%25D0%25BE-%25D1%2582%25D0%25B5%25D0%25BB%25D0%25BE%25D1%2582%25D0%25BE-%25D0%25BD%25D0%25B0-%25D0%25BD%25D0%25B0%25D0%25B2%25D&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title Повеќе од илјада луѓе се собраа во близина на црква во Москва за да му оддадат почит на Алексеј Навални, изјави еден од неговите сојузници. Леонид Волков ја сподели споменатата бројка, која не е независно потврдена, како дел од преносот на церемонијата.

The post Телото на Навални предадено на роднините, толпата се упати кон црквата, запрена кај бариерите appeared first on Република.

]]>
Телото на Навални предадено на неговата мајка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/teloto-na-navalni-predadeno-na-negovata-majka/ Sun, 25 Feb 2024 12:52:56 +0000 https://republika.mk/?p=748102

Руските власти го предадоа телото на опозицискиот блогер Алексеј Навални на неговата мајка, објави во саботата неговата портпаролка Кира Јармиш.

Семејството на Навални и неговиот тим со денови бараа од властите да го предадат неговото тело, откако водечкиот дисидент почина минатата недела во сибирска казнена колонија на 47-годишна возраст под неразјаснети околности. Но и покрај тоа, семејството и неговите соработници бараа да им биде предадено телото.

„Телото на Алексеј е предадено на неговата мајка. Голема благодарност до сите што тоа го побараа заедно со нас“, наведува Јармиш.

Мајката на Навални, која отпатува во затворот на далечниот север на Русија, каде што беше затворен нејзиниот син откако дознала за неговата смрт, сè уште е во блискиот град Салехард, додаде портпаролката.

„Сѐ уште не се знае кога ќе се изврши погребот. Не знаеме дали властите ќе се мешаат во тоа семејството да ја одржи церемонијата како што сака и како што заслужува Алексеј. Ќе ве известиме штом ќе дознаеме нешто“, додава Јармиш.

Помина повеќе од една седмица откако во затворот почина поранешниот жесток руски националист кој во 2014 година ги запрепасти своите западни поддржувачи со изјавата дека црноморскиот полуостров Крим е руски иако изминатите 60 години беше во составот на Украна, стана познат опозициски блогер и на Западот беше препознаен како најголем противни на рускиот претседател Владимир Путин. Поради тоа, неговата смрт предизвика остри реакци од западните челници кои го сметаа за политички затвореник, без разлука на пресудите за финасиски махинации, кршење на условите за условна слобода, непочитување на судот и други прекршоци.

Западните лидери, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден, го обвинија рускиот претседател Владимир Путин за смртта на Навални по годините на, како што ја нарекоа, неоправданата затворска казна. Во Русија идниот месец ќе се одржат претседателски избори, на кои се очекува Путин, како веќе речиси две децении, лесно да победи.

The post Телото на Навални предадено на неговата мајка appeared first on Република.

]]>

Руските власти го предадоа телото на опозицискиот блогер Алексеј Навални на неговата мајка, објави во саботата неговата портпаролка Кира Јармиш. Семејството на Навални и неговиот тим со денови бараа од властите да го предадат неговото тело, откако водечкиот дисидент почина минатата недела во сибирска казнена колонија на 47-годишна возраст под неразјаснети околности. Но и покрај тоа, семејството и неговите соработници бараа да им биде предадено телото. „Телото на Алексеј е предадено на неговата мајка. Голема благодарност до сите што тоа го побараа заедно со нас“, наведува Јармиш. Мајката на Навални, која отпатува во затворот на далечниот север на Русија, каде што беше затворен нејзиниот син откако дознала за неговата смрт, сè уште е во блискиот град Салехард, додаде портпаролката. „Сѐ уште не се знае кога ќе се изврши погребот. Не знаеме дали властите ќе се мешаат во тоа семејството да ја одржи церемонијата како што сака и како што заслужува Алексеј. Ќе ве известиме штом ќе дознаеме нешто“, додава Јармиш. Помина повеќе од една седмица откако во затворот почина поранешниот жесток руски националист кој во 2014 година ги запрепасти своите западни поддржувачи со изјавата дека црноморскиот полуостров Крим е руски иако изминатите 60 години беше во составот на Украна, стана познат опозициски блогер и на Западот беше препознаен како најголем противни на рускиот претседател Владимир Путин. Поради тоа, неговата смрт предизвика остри реакци од западните челници кои го сметаа за политички затвореник, без разлука на пресудите за финасиски махинации, кршење на условите за условна слобода, непочитување на судот и други прекршоци. Западните лидери, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден, го обвинија рускиот претседател Владимир Путин за смртта на Навални по годините на, како што ја нарекоа, неоправданата затворска казна. Во Русија идниот месец ќе се одржат претседателски избори, на кои се очекува Путин, како веќе речиси две децении, лесно да победи.

The post Телото на Навални предадено на неговата мајка appeared first on Република.

]]>
20.000 евра награда за информација која ќе помогне во расветлување на смртта на Навални https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/20-000-evra-nagrada-za-informatsija-koja-ke-pomogne-vo-rasvetluvane-na-smrtta-na-navalni/ Fri, 23 Feb 2024 21:05:39 +0000 https://republika.mk/?p=747618

Шефот на руската антикорупциска фондација и близок соработник на Алексеј Навални понуди 20.000 евра награда за „сеопфатна информација“ за смртта на покојниот лидер на опозицијата.

Важна ни е секоја информација што е некако поврзана со целата оваа приказна, која било информација што може да ни даде барем некои траги за да можеме да ги идентификуваме сите извршители на злосторствата на Путин и да ги одвоиме овие дегенерици од нормалните офицери кои не вршат никакви злосторства“, вели Иван Жданов во видео-обраќање.

Навални, најпознатиот руски опозициски политичар, неочекувано почина на 16 февруари во казнена колонија на Арктикот, а стотици Руси ширум земјата дојдоа до импровизираните споменици со цвеќиња и свеќи даму оддадат почит.

Руските власти приведоа голем број луѓе додека се обидуваат да го потиснат секој поголем излив на сочувство за најлутиот непријател на претседателот Владимир Путин пред претседателските избори, на кои речиси сигурно е дека тој ќе добие уште еден мандат.

The post 20.000 евра награда за информација која ќе помогне во расветлување на смртта на Навални appeared first on Република.

]]>

Шефот на руската антикорупциска фондација и близок соработник на Алексеј Навални понуди 20.000 евра награда за „сеопфатна информација“ за смртта на покојниот лидер на опозицијата.
Важна ни е секоја информација што е некако поврзана со целата оваа приказна, која било информација што може да ни даде барем некои траги за да можеме да ги идентификуваме сите извршители на злосторствата на Путин и да ги одвоиме овие дегенерици од нормалните офицери кои не вршат никакви злосторства“, вели Иван Жданов во видео-обраќање.
Навални, најпознатиот руски опозициски политичар, неочекувано почина на 16 февруари во казнена колонија на Арктикот, а стотици Руси ширум земјата дојдоа до импровизираните споменици со цвеќиња и свеќи даму оддадат почит.
Руските власти приведоа голем број луѓе додека се обидуваат да го потиснат секој поголем излив на сочувство за најлутиот непријател на претседателот Владимир Путин пред претседателските избори, на кои речиси сигурно е дека тој ќе добие уште еден мандат.

The post 20.000 евра награда за информација која ќе помогне во расветлување на смртта на Навални appeared first on Република.

]]>
Портпаролката на Навални информира дека руските власти ќе го задржат неговото тело уште две недели https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/portparolkata-na-navalni-informira-deka-ruskite-vlasti-ke-go-zadrzhat-negovoto-telo-ushte-dve-nedeli/ Mon, 19 Feb 2024 21:08:45 +0000 https://republika.mk/?p=745839

Руските власти нема да го предадат телото на починатиот опозиционер Алексеј Навални уште 14 дена, изјави неговата портпаролка.

– Истражителите им рекоа на адвокатите и мајката на Алексеј дека нема да им го дадат телото. Телото ќе биде под некаков „хемиски преглед“ уште 14 дена, напиша Кира Јармиш на X.

Откако руските власти минатата недела соопштија за смртта на 47-годишниот Навални, неговата мајка и адвокатите отпатуваа во сибирската казнена колонија каде што тој беше задржан за да го земат телото, но властите досега не им дозволија пристап.

Според затворските власти, Навални паднал и починал во петокот додека шетал низ дворот на неговиот затворски логор на ниски температури. Обидите да биде реанимиран не успеале.

Од друга страна, активистите за човекови права велат дека неговата е убиство. Сопругата на Навални особено го смета за одговорен рускиот претседател Владимир Путин. Неколку западни лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Џо Бајден, исто така го сметаат Кремљ за одговорен.

The post Портпаролката на Навални информира дека руските власти ќе го задржат неговото тело уште две недели appeared first on Република.

]]>

Руските власти нема да го предадат телото на починатиот опозиционер Алексеј Навални уште 14 дена, изјави неговата портпаролка. – Истражителите им рекоа на адвокатите и мајката на Алексеј дека нема да им го дадат телото. Телото ќе биде под некаков „хемиски преглед“ уште 14 дена, напиша Кира Јармиш на X. Откако руските власти минатата недела соопштија за смртта на 47-годишниот Навални, неговата мајка и адвокатите отпатуваа во сибирската казнена колонија каде што тој беше задржан за да го земат телото, но властите досега не им дозволија пристап. Според затворските власти, Навални паднал и починал во петокот додека шетал низ дворот на неговиот затворски логор на ниски температури. Обидите да биде реанимиран не успеале. Од друга страна, активистите за човекови права велат дека неговата е убиство. Сопругата на Навални особено го смета за одговорен рускиот претседател Владимир Путин. Неколку западни лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Џо Бајден, исто така го сметаат Кремљ за одговорен.

The post Портпаролката на Навални информира дека руските власти ќе го задржат неговото тело уште две недели appeared first on Република.

]]>
Песков: Кремљ нема информации кога телото на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, би можело да му биде предадено на неговото семејство https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/peskov-kreml-nema-informatsii-koga-teloto-na-ruskiot-opozitsiski-lider-aleksej-navalni-bi-mozhelo-da-mu-bide-predadeno-na-negovoto-semejstvo/ Mon, 19 Feb 2024 19:35:29 +0000 https://republika.mk/?p=745822

Кремљ нема информации кога телото на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина во притвор, би можело да му биде предадено на неговото семејство по завршување на потребните процедури, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Ова прашање не треба да биде упатено до нас. Ние не се занимаваме со тоа, тоа не е опис на работата на претседателската администрација“, рече Песков, пренесува ТАСС.

Тој оцени дека изјавите на западните политичари, кои го обвинија рускиот претседател Владимир Путин за смртта на Навални, се „дрско“ и додаде дека истрагата е во тек и дека се преземаат сите неопходни мерки, но резултатите од истрагата се уште не се донесени јавен.

The post Песков: Кремљ нема информации кога телото на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, би можело да му биде предадено на неговото семејство appeared first on Република.

]]>

Кремљ нема информации кога телото на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина во притвор, би можело да му биде предадено на неговото семејство по завршување на потребните процедури, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Ова прашање не треба да биде упатено до нас. Ние не се занимаваме со тоа, тоа не е опис на работата на претседателската администрација“, рече Песков, пренесува ТАСС. Тој оцени дека изјавите на западните политичари, кои го обвинија рускиот претседател Владимир Путин за смртта на Навални, се „дрско“ и додаде дека истрагата е во тек и дека се преземаат сите неопходни мерки, но резултатите од истрагата се уште не се донесени јавен.

The post Песков: Кремљ нема информации кога телото на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, би можело да му биде предадено на неговото семејство appeared first on Република.

]]>
Боно Вокс му оддаде почит на Алексеј Навални за време на концерт https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/bono-voks-mu-oddade-pochit-na-aleksej-navalni-za-vreme-na-kontsert/ Mon, 19 Feb 2024 19:19:09 +0000 https://republika.mk/?p=745819

Фронтменот на „Ју ту“, Боно Вокс на својот концерт во Лас Вегас зборуваше за борбата за слобода, а потоа му оддаде почит на неодамна починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални.

Пред да ја отпее песната „Don’t Dream It’s Over“ од „Crowded House“, Боно зборуваше за борбата за слобода, пренесуваат светските медиуми.

– Следната недела ќе се навршат две години откако Путин ги нападна и се обиде да ги уништи тешко стекнатите слободи на украинскиот народ – рече тој.

– Следна ќе биде Полска, следна Литванија, Источна Германија. Кој знае каде ќе оди овој човек или не. За овие луѓе слободата не е само збор во песна. За овие луѓе слободата е најважниот збор на светот. Толку важно што Украинците се борат и умираат за тоа. И толку е важно што Алексеј Навални се откажа од својата – заклучи тој.

– Наводно, Путин никогаш, ама баш никогаш не би го изговорил неговото име. Така помислив вечерва, луѓето кои веруваат во слободата мора да го кажат неговото име. Не самода го запомнат туку и да го изговорат – рече Боно, водејќи ја толпата во скандирање на името „Алексеј Навални“ со почетните акорди на песната на „Crowded House“.

Боно и претходно ја поддржуваше Украина. Тој и гитаристот Дејв Еванс настапија во мај 2022 година на метро станицата Khreschatyk во Киев.

Станиците на метрото често се користеле како засолништа за бомби во градот.

https://www.youtube.com/watch?v=xxwhKN0DVYo

The post Боно Вокс му оддаде почит на Алексеј Навални за време на концерт appeared first on Република.

]]>

Фронтменот на „Ју ту“, Боно Вокс на својот концерт во Лас Вегас зборуваше за борбата за слобода, а потоа му оддаде почит на неодамна починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални. Пред да ја отпее песната „Don’t Dream It’s Over“ од „Crowded House“, Боно зборуваше за борбата за слобода, пренесуваат светските медиуми.
– Следната недела ќе се навршат две години откако Путин ги нападна и се обиде да ги уништи тешко стекнатите слободи на украинскиот народ – рече тој. – Следна ќе биде Полска, следна Литванија, Источна Германија. Кој знае каде ќе оди овој човек или не. За овие луѓе слободата не е само збор во песна. За овие луѓе слободата е најважниот збор на светот. Толку важно што Украинците се борат и умираат за тоа. И толку е важно што Алексеј Навални се откажа од својата – заклучи тој. – Наводно, Путин никогаш, ама баш никогаш не би го изговорил неговото име. Така помислив вечерва, луѓето кои веруваат во слободата мора да го кажат неговото име. Не самода го запомнат туку и да го изговорат – рече Боно, водејќи ја толпата во скандирање на името „Алексеј Навални“ со почетните акорди на песната на „Crowded House“.
Боно и претходно ја поддржуваше Украина. Тој и гитаристот Дејв Еванс настапија во мај 2022 година на метро станицата Khreschatyk во Киев. Станиците на метрото често се користеле како засолништа за бомби во градот. https://www.youtube.com/watch?v=xxwhKN0DVYo

The post Боно Вокс му оддаде почит на Алексеј Навални за време на концерт appeared first on Република.

]]>
Борел: Путин ќе мора да одговара за смртта на Навални https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-putin-ke-mora-da-odgovara-za-smrtta-na-navalni/ Mon, 19 Feb 2024 18:34:40 +0000 https://republika.mk/?p=745811

Рускиот претседател Владимир Путин „ќе мора да одговара“ за смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални, изјави денеска во Брисел високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, по средбата со вдовицата на Навални.

„Го изразивме најдлабокото сочувство на ЕУ на Јулија Навални. Владимир Путин и неговиот режим ќе треба да одговараат за смртта на Алексеј Навални“, изјави Борел по средбата со вдовицата, која се обрати на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

Но, „како што рече Јулија, Русија не е Путин и Путин не е Русија“, рече Борел.

Министрите станаа и долго и аплаудираа на вдовицата на противникот од Кремљ на крајот од нејзиниот краток говор, додаде Борел.

Според дипломатски извори, Јулија Навални на министрите им ја потврдила својата посветеност за продолжување на борбата против режимот што доведе до смрт на нејзиниот сопруг.

„Алексеј Навални беше херој и тој умре како херој“, рече таа и побара ЕУ да го таргетира опкружувањето на Владимир Путин и „корумпираните олигарси“ кои го поддржуваат со казнени мерки.

Неколку министри денеска пред почетокот на состанокот се заложија за воведување дополнителни санкции против Русија.

ЕУ веќе воведе неколку пакети санкции против Москва, вкупно 12, и се подготвува да го усвои 13-тиот пакет, пред втората годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина, на 24 февруари.

The post Борел: Путин ќе мора да одговара за смртта на Навални appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин „ќе мора да одговара“ за смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални, изјави денеска во Брисел високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, по средбата со вдовицата на Навални. „Го изразивме најдлабокото сочувство на ЕУ на Јулија Навални. Владимир Путин и неговиот режим ќе треба да одговараат за смртта на Алексеј Навални“, изјави Борел по средбата со вдовицата, која се обрати на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел. Но, „како што рече Јулија, Русија не е Путин и Путин не е Русија“, рече Борел. Министрите станаа и долго и аплаудираа на вдовицата на противникот од Кремљ на крајот од нејзиниот краток говор, додаде Борел. Според дипломатски извори, Јулија Навални на министрите им ја потврдила својата посветеност за продолжување на борбата против режимот што доведе до смрт на нејзиниот сопруг. „Алексеј Навални беше херој и тој умре како херој“, рече таа и побара ЕУ да го таргетира опкружувањето на Владимир Путин и „корумпираните олигарси“ кои го поддржуваат со казнени мерки. Неколку министри денеска пред почетокот на состанокот се заложија за воведување дополнителни санкции против Русија. ЕУ веќе воведе неколку пакети санкции против Москва, вкупно 12, и се подготвува да го усвои 13-тиот пакет, пред втората годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина, на 24 февруари.

The post Борел: Путин ќе мора да одговара за смртта на Навални appeared first on Република.

]]>
Борел бара итно ослободување на Навални https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-bara-itno-osloboduvane-na-navalni/ Fri, 04 Aug 2023 16:20:52 +0000 https://republika.mk/?p=668797

Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска ги повика руските власти веднаш да го ослободат опозиционерот Алексеј Навални.

Европска Унија повикува на негово итно и безусловно ослободување, напиша Борел на Твитер додавајќи оти новата пресуда против Навални е „политички мотивирана“.

Рускиот суд денеска го осуди Алексеј Навални на дополнителни 19 години затвор поради екстремизам. Тоа е трета затворска казна и оваа е најдолга.

Најжестокиот 47-годишниот критичар на рускиот претседател Владимир Путин веќе издржува 11-годишната затворска казна под обвинение за измама и други наводни злосторства, за кои тој тврди дека се исто така лажни.

Неговото политичко движење претходно беше прогласено за нелегално и означено како „екстремистичко“ од страна на руските власти

The post Борел бара итно ослободување на Навални appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска ги повика руските власти веднаш да го ослободат опозиционерот Алексеј Навални. Европска Унија повикува на негово итно и безусловно ослободување, напиша Борел на Твитер додавајќи оти новата пресуда против Навални е „политички мотивирана“. Рускиот суд денеска го осуди Алексеј Навални на дополнителни 19 години затвор поради екстремизам. Тоа е трета затворска казна и оваа е најдолга. Најжестокиот 47-годишниот критичар на рускиот претседател Владимир Путин веќе издржува 11-годишната затворска казна под обвинение за измама и други наводни злосторства, за кои тој тврди дека се исто така лажни. Неговото политичко движење претходно беше прогласено за нелегално и означено како „екстремистичко“ од страна на руските власти

The post Борел бара итно ослободување на Навални appeared first on Република.

]]>
Уште 19 години затвор за Алексеј Навални https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ushte-19-godini-zatvor-za-aleksej-navalni/ Fri, 04 Aug 2023 14:52:40 +0000 https://republika.mk/?p=668773

Рускиот суд го осуди Алексеј Навални на дополнителни 19 години затвор поради екстремизам.

За Навални тоа е трета затворска казна и оваа е најдолга.

Најжестокиот 47-годишниот критичар на рускиот претседател Владимир Путин веќе ја издржува 11-годишната затворска казна под обвинение за измама и други наводни злосторства, за кои тој тврди дека се исто така лажни.

Неговото сопствено политичко движење претходно беше прогласено за нелегално и означено како „екстремистичко“ од страна на руските власти.

The post Уште 19 години затвор за Алексеј Навални appeared first on Република.

]]>

Рускиот суд го осуди Алексеј Навални на дополнителни 19 години затвор поради екстремизам. За Навални тоа е трета затворска казна и оваа е најдолга. Најжестокиот 47-годишниот критичар на рускиот претседател Владимир Путин веќе ја издржува 11-годишната затворска казна под обвинение за измама и други наводни злосторства, за кои тој тврди дека се исто така лажни. Неговото сопствено политичко движење претходно беше прогласено за нелегално и означено како „екстремистичко“ од страна на руските власти.

The post Уште 19 години затвор за Алексеј Навални appeared first on Република.

]]>
ЕСЧП бара од Русија да му плати 40 илјади евра отштета на Навални https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eschp-bara-od-rusija-da-mu-plati-40-iljadi-evra-otshteta-na-navalni/ Tue, 06 Jun 2023 13:31:10 +0000 https://republika.mk/?p=648508

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) пресуди дека истрагата на руските власти за наводното труење на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални во 2020 година не е соодветна и нареди Русија да му плати отштета од 40.000 евра. Навални, најистакнатиот руски опозициски политичар, преживеа наводен обид за труење за време на лет во Сибир во август 2020 година. Западните лаборатории објавија дека тој бил отруен со нервен агенс.

Тој се лекуваше во Германија, но доброволно се врати во Русија во 2021 година, по што веднаш беше приведен поради прекршување на условната казна. Навални ја обвини Русија дека се обидува да го убие, што властите го негираат, и покрена низа постапки против неа преку ЕСЧП. Судот со седиште во Стразбур рече дека истрагата на руските власти не е отворена за проверка и дека на жртвата не и било дозволено да биде дел од неа.

Судот посочува дека Русија не ги истражила тврдењата за можен политички мотив за обидот за атентат, како и за потенцијалната вмешаност на државни агенти. Истрагата не се однесуваше ниту на идентификување на супстанцијата како хемиско оружје.

„Како таква, истрагата не беше во можност да доведе до утврдување на релевантни факти и идентификација и, доколку е соодветно, казнување на одговорните. Затоа, таа не може да се смета за адекватна“, се вели во соопштението.

Во јуни 2022 година, рускиот парламент гласаше за укинување на јурисдикцијата на ЕКЧП на нејзина територија. Навални и неговите соработници поднеле речиси 30 случаи до таа институција. Портпаролката на ЕСЧП за Ројтерс изјави дека Русија во моментот на труењето била членка на судот и на Советот на Европа и затоа пресудата ќе се применува.

The post ЕСЧП бара од Русија да му плати 40 илјади евра отштета на Навални appeared first on Република.

]]>

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) пресуди дека истрагата на руските власти за наводното труење на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални во 2020 година не е соодветна и нареди Русија да му плати отштета од 40.000 евра. Навални, најистакнатиот руски опозициски политичар, преживеа наводен обид за труење за време на лет во Сибир во август 2020 година. Западните лаборатории објавија дека тој бил отруен со нервен агенс. Тој се лекуваше во Германија, но доброволно се врати во Русија во 2021 година, по што веднаш беше приведен поради прекршување на условната казна. Навални ја обвини Русија дека се обидува да го убие, што властите го негираат, и покрена низа постапки против неа преку ЕСЧП. Судот со седиште во Стразбур рече дека истрагата на руските власти не е отворена за проверка и дека на жртвата не и било дозволено да биде дел од неа. Судот посочува дека Русија не ги истражила тврдењата за можен политички мотив за обидот за атентат, како и за потенцијалната вмешаност на државни агенти. Истрагата не се однесуваше ниту на идентификување на супстанцијата како хемиско оружје.
„Како таква, истрагата не беше во можност да доведе до утврдување на релевантни факти и идентификација и, доколку е соодветно, казнување на одговорните. Затоа, таа не може да се смета за адекватна“, се вели во соопштението.
Во јуни 2022 година, рускиот парламент гласаше за укинување на јурисдикцијата на ЕКЧП на нејзина територија. Навални и неговите соработници поднеле речиси 30 случаи до таа институција. Портпаролката на ЕСЧП за Ројтерс изјави дека Русија во моментот на труењето била членка на судот и на Советот на Европа и затоа пресудата ќе се применува.

The post ЕСЧП бара од Русија да му плати 40 илјади евра отштета на Навални appeared first on Република.

]]>
Навални потврди дека е префрлен во друг затвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/navalni-potvrdi-deka-e-prefrlen-vo-drug-zatvor/ Wed, 15 Jun 2022 19:58:09 +0000 https://republika.mk/?p=515738

Водечкиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, осуден за измама и непочитување на судот, денеска потврди дека е префрлен во друг затвор и ставен во карантин.

Навални на апликацијата Телеграм напиша дека е префрлен во затворот со максимално обезбедување, во селото Мелехово во Владимирската област, на околу 250 километри источно од Москва.

 

 

Најпознатиот руски противник, Владимир Путин, досега беше во казнена колонија во градот Покров во Владимирската област, познат по исклучително строгите правила за затворениците.

Навални (46) изјавил дека сега е во „строг режим“ и во карантин, без да наведе зошто и какви услови има.

Тој беше уапсен во јануари 2021 година по враќањето од Германија, каде што пет месеци закрепнуваше од труење со нервен агенс за кој го обвинува Кремљ. Тој беше осуден на две и пол години затвор за наводно кршење на условната казна додека бил надвор од Русија.

Во март 2022 година, Навални беше осуден на девет години затвор за измама и непочитување на судот, што тој го опишува како политички мотивиран обид на руските власти да го задржат зад решетки што е можно подолго.

Новата пресуда против Навални беше донесена во време на остра конфронтација на Кремљ со неговите поддржувачи, други опозициски активисти и независни новинари.

The post Навални потврди дека е префрлен во друг затвор appeared first on Република.

]]>

Водечкиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, осуден за измама и непочитување на судот, денеска потврди дека е префрлен во друг затвор и ставен во карантин. Навални на апликацијата Телеграм напиша дека е префрлен во затворот со максимално обезбедување, во селото Мелехово во Владимирската област, на околу 250 километри источно од Москва.
 
 
Најпознатиот руски противник, Владимир Путин, досега беше во казнена колонија во градот Покров во Владимирската област, познат по исклучително строгите правила за затворениците. Навални (46) изјавил дека сега е во „строг режим“ и во карантин, без да наведе зошто и какви услови има. Тој беше уапсен во јануари 2021 година по враќањето од Германија, каде што пет месеци закрепнуваше од труење со нервен агенс за кој го обвинува Кремљ. Тој беше осуден на две и пол години затвор за наводно кршење на условната казна додека бил надвор од Русија. Во март 2022 година, Навални беше осуден на девет години затвор за измама и непочитување на судот, што тој го опишува како политички мотивиран обид на руските власти да го задржат зад решетки што е можно подолго. Новата пресуда против Навални беше донесена во време на остра конфронтација на Кремљ со неговите поддржувачи, други опозициски активисти и независни новинари.

The post Навални потврди дека е префрлен во друг затвор appeared first on Република.

]]>
Руското обвинителство побара 13 години затвор за Навални https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskoto-obvinitelstvo-pobara-13-godini-zatvor-za-navalni/ Tue, 15 Mar 2022 13:31:15 +0000 https://republika.mk/?p=473221

Руското обвинителство денеска побара 13 години затвор за најгласниот критичар на Кремљ и опозициски лидер, Алексеј Навални, обвинет за измама и непочитување на судот.

Четириесет и петгодишниот Навални веќе отслужува затворска казна од две и пол години.

Истражните органи го обвинуваат за проневера на милиони рубљи во вид на подароци дадени на неговите антикорупциски организации и поради „навреда на судот“ за време на едно од неговите претходни рочишта.

Во 2020 година Навални помина неколку месеци на лекување во Германија откако беше отруен со нервен агенс, за што го смета за одговорен рускиот претседател Владимир Путин.

Тој потоа беше уапсен во јануари 2021 година, откако се врати во земјата од Германија и беше осуден на две и пол години затвор за стар случај на проневера што датира од 2014 година. Таа пресуда предизвика многубројни осуди на Западот и санкции против Москва.

Во јуни 2021 година, судот ги прогласи неговите главни организации како „екстремистички“, што доведе до нивно затворање и кривично гонење на многу нивни активисти.

Навални, инаку остар критичар на Кремљ, досега во неколку наврати се изјасни против руската инвазија во Украина и ги повика своите поддржувачи да демонстрираат за мир и покрај ризиците од апсење и судско гонење.

The post Руското обвинителство побара 13 години затвор за Навални appeared first on Република.

]]>

Руското обвинителство денеска побара 13 години затвор за најгласниот критичар на Кремљ и опозициски лидер, Алексеј Навални, обвинет за измама и непочитување на судот. Четириесет и петгодишниот Навални веќе отслужува затворска казна од две и пол години. Истражните органи го обвинуваат за проневера на милиони рубљи во вид на подароци дадени на неговите антикорупциски организации и поради „навреда на судот“ за време на едно од неговите претходни рочишта. Во 2020 година Навални помина неколку месеци на лекување во Германија откако беше отруен со нервен агенс, за што го смета за одговорен рускиот претседател Владимир Путин. Тој потоа беше уапсен во јануари 2021 година, откако се врати во земјата од Германија и беше осуден на две и пол години затвор за стар случај на проневера што датира од 2014 година. Таа пресуда предизвика многубројни осуди на Западот и санкции против Москва. Во јуни 2021 година, судот ги прогласи неговите главни организации како „екстремистички“, што доведе до нивно затворање и кривично гонење на многу нивни активисти. Навални, инаку остар критичар на Кремљ, досега во неколку наврати се изјасни против руската инвазија во Украина и ги повика своите поддржувачи да демонстрираат за мир и покрај ризиците од апсење и судско гонење.

The post Руското обвинителство побара 13 години затвор за Навални appeared first on Република.

]]>
Руските власти официјално го прогласија Навални за терорист https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskite-vlasti-oficijalno-go-proglasija-navalni-za-terorist-2/ Tue, 25 Jan 2022 11:52:59 +0000 https://republika.mk/?p=449219

Руската федерална служба за финансиски мониторинг Росфинмониторинг ги додаде Алексеј Навални, Љубов Собол, Георги Албуров и уште 19 лица во регистарот на терористи и екстремисти, објавено е денеска на веб-страницата на агенцијата.

Меѓу поддржувачите на Навални на листата се и Лилија Чанишева, Руслан Шавединов, Павел Зеленски и други.

Одлуката ги става на исто ниво со десничарските националистички групи и странски терористички организации, вклучувајќи ги талибанците и џихадистичката Исламска држава.

На почетокот на месецов, на списокот беа додадени уште двајца клучни соработници на опозицискиот политичар.

Во Русија е забележана невидена репресија против неистомислениците во текот на изминатата година, вклучително и затворањето на главниот критичар на претседателот Владимир Путин, Навални, минатиот јануари и прогласување незаконитост на неговите политички организации.

Оттогаш, речиси сите негови главни сојузници ја напуштија земјата.

The post Руските власти официјално го прогласија Навални за терорист appeared first on Република.

]]>

Руската федерална служба за финансиски мониторинг Росфинмониторинг ги додаде Алексеј Навални, Љубов Собол, Георги Албуров и уште 19 лица во регистарот на терористи и екстремисти, објавено е денеска на веб-страницата на агенцијата.
Меѓу поддржувачите на Навални на листата се и Лилија Чанишева, Руслан Шавединов, Павел Зеленски и други. Одлуката ги става на исто ниво со десничарските националистички групи и странски терористички организации, вклучувајќи ги талибанците и џихадистичката Исламска држава. На почетокот на месецов, на списокот беа додадени уште двајца клучни соработници на опозицискиот политичар. Во Русија е забележана невидена репресија против неистомислениците во текот на изминатата година, вклучително и затворањето на главниот критичар на претседателот Владимир Путин, Навални, минатиот јануари и прогласување незаконитост на неговите политички организации. Оттогаш, речиси сите негови главни сојузници ја напуштија земјата.

The post Руските власти официјално го прогласија Навални за терорист appeared first on Република.

]]>