наумче мојсовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/naumche-mojsovski/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Jun 2023 11:05:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png наумче мојсовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/naumche-mojsovski/ 32 32 Во Скопје ќе се градат два нови базени https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/vo-skopje-ke-se-gradat-dva-novi-bazeni/ Fri, 09 Jun 2023 11:01:52 +0000 https://republika.mk/?p=649595

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски денеска најави отворање на два нови базена во Скопје.

- Најголемиот проект за нас што ни недостасуваше изминатите години, тоа се 14 пливачки базени за овие атлети, за помладите категории, веќе ги привршуваме. Веќе во Тетово го пуштивме, овие двата скопски се при крај, се надевам дека во септември ќе има пуштање, одговори Мојсовски на новинарско прашање.

Тој појасни дека станува збор за базени со помали димензии, за во нив да пливаат ученици од прво до петто одделение.

Мојсовски присуствуваше на прес-конференција заедно со претставници на Специјална Олимпијада, по повод заминувањето на спортисти на Летните олимписки игри, кои од 12 до 26 јуни ќе се одржат во Берлин. 

The post Во Скопје ќе се градат два нови базени appeared first on Република.

]]>

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски денеска најави отворање на два нови базена во Скопје. - Најголемиот проект за нас што ни недостасуваше изминатите години, тоа се 14 пливачки базени за овие атлети, за помладите категории, веќе ги привршуваме. Веќе во Тетово го пуштивме, овие двата скопски се при крај, се надевам дека во септември ќе има пуштање, одговори Мојсовски на новинарско прашање. Тој појасни дека станува збор за базени со помали димензии, за во нив да пливаат ученици од прво до петто одделение. Мојсовски присуствуваше на прес-конференција заедно со претставници на Специјална Олимпијада, по повод заминувањето на спортисти на Летните олимписки игри, кои од 12 до 26 јуни ќе се одржат во Берлин. 

The post Во Скопје ќе се градат два нови базени appeared first on Република.

]]>
Директорот на АМС Наумче Мојсовски поднел тужба за клевета против ДКСК https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/direktorot-na-ams-naumche-mojsovski-podnel-tuzhba-za-kleveta-protiv-dksk/ Wed, 12 Apr 2023 09:24:29 +0000 https://republika.mk/?p=630092

Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Наумче Мојсовски поднел тужба за клевета против Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).

Во тужбата, како што кажа претседателката на ДКСК Билјана Ивановска на денешната седница, Комисијата се товари дека јавно објавувала информации за директорот на АМС.

Станува збор за предмет кој во континуитет се работи две години. Го изанализиравме функционирањето на АМС во целина, дадовме препораки кои директорот не ги реализира, рече Ивановска.

Членот на ДКСК Владимир Георгиев посочи дека фактите во извештајот на ДКСК за директорот на АМС, што се изнесени на една од претходните седници на Комисијата, се засноваат на факти за работењето на директорот доставени од Агенцијата или од други надлежни институции.

Членот на ДКСК Нури Бајрами, пак, посочи дека не му е јасно како едно службено лице не препознало дека седниците на ДКСК се јавни и дека Комисијата е можеби потранспарентна од тоа што е предвидено со закон.

 

The post Директорот на АМС Наумче Мојсовски поднел тужба за клевета против ДКСК appeared first on Република.

]]>

Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Наумче Мојсовски поднел тужба за клевета против Државната комисија за спречување корупција (ДКСК). Во тужбата, како што кажа претседателката на ДКСК Билјана Ивановска на денешната седница, Комисијата се товари дека јавно објавувала информации за директорот на АМС.
Станува збор за предмет кој во континуитет се работи две години. Го изанализиравме функционирањето на АМС во целина, дадовме препораки кои директорот не ги реализира, рече Ивановска.
Членот на ДКСК Владимир Георгиев посочи дека фактите во извештајот на ДКСК за директорот на АМС, што се изнесени на една од претходните седници на Комисијата, се засноваат на факти за работењето на директорот доставени од Агенцијата или од други надлежни институции. Членот на ДКСК Нури Бајрами, пак, посочи дека не му е јасно како едно службено лице не препознало дека седниците на ДКСК се јавни и дека Комисијата е можеби потранспарентна од тоа што е предвидено со закон.  

The post Директорот на АМС Наумче Мојсовски поднел тужба за клевета против ДКСК appeared first on Република.

]]>
Јaвното обвинителство да реагира за злоупотребите на пари во Агенцијата за млади и спорт https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/javnoto-obvinitelstvo-da-reagira-za-zloupotrebite-na-pari-vo-agentsijata-za-mladi-i-sport/ Tue, 07 Feb 2023 10:26:59 +0000 https://republika.mk/?p=605894

Не почитувајќи ги критериумите за доделување средства по ваучер системот постојат сомнежи дека Централната комисија во континуитет од 2020 година досега врши незаконска распределба, односно доделување ваучери на повластени корисници, федерации и клубови, согласно интересот на поединци и групи, можеби и политички партии и ги ставиле во неповолна положба оние спортски субјекти кои не добиле соодветни средства, иако тоа право законски им припаѓало, ова го истакнува член на ДКСК, ова не е партиска теза на ВМРО-ДПМНЕ, туку институција дел од власта, која сериозно се сомнева на малверзации во Агенцијата за млади и спорт со која директорува Наумче Мојсовски, кој пак е назначен на таа позиција од СДС, вели Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски наместо веднаш да постапи по ваквите тврдења на ДКСК и да го разреши Мојсовски, тој молчи и го остава на позиција, давајќи му простор да продолжи со дејствијата за кои постои сомнеж дека ги правел.

Преку Агенцијата за млади и спорт, годишно на федерации и клубови се доделуваат средства во висина од околу 1 милијарда денари. Според ДКСК сомнителни се последните 3 години, односно 3 милијарди денари.

https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/mojsovski-da-ne-se-krie-vednash-da-si-podnese-ostavka/

Според ДКСК, постои основано сомнение дека претседателот и членовите на централната комисија во 2020, 21 и 22 година, по пат на злоупотреба на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури извршиле распределба на средства, со што го оштетиле буџетот на државата, но и лицата кои имале законско право на вакви средства, а не им биле доделени.

Сомнежите се дека Наумче Мојсовски, назначен од СДС, извршил злоупотреба и фаворизирал клубови и федерации на сметка за него неподобни. И сето ова се случувало 3 години, и никој од власта не го спречил.

Зошто молчат Ковачевски и Ахмети, дали и тие се дел од шемата за финансирање на клубови и дали затоа Мојсовски е се уште директор на Агенцијата за млади и спорт?

Дали македонскиот спорт тоне, затоа што СДС и ДУИ прават финансиски малверзации преку институциите кои треба да го стимулираат спортот? Дали спортистите се разочарани од овој однос на власта и како повторно ќе се мотивираат?

Потребна е итна акција на Јавното обвинителство, со цел расчистување на овој случај, но и одговорност покрај од Мојсовски и од Ковачевски и Ахмети кој ова го дозволиле.

The post Јaвното обвинителство да реагира за злоупотребите на пари во Агенцијата за млади и спорт appeared first on Република.

]]>

Не почитувајќи ги критериумите за доделување средства по ваучер системот постојат сомнежи дека Централната комисија во континуитет од 2020 година досега врши незаконска распределба, односно доделување ваучери на повластени корисници, федерации и клубови, согласно интересот на поединци и групи, можеби и политички партии и ги ставиле во неповолна положба оние спортски субјекти кои не добиле соодветни средства, иако тоа право законски им припаѓало, ова го истакнува член на ДКСК, ова не е партиска теза на ВМРО-ДПМНЕ, туку институција дел од власта, која сериозно се сомнева на малверзации во Агенцијата за млади и спорт со која директорува Наумче Мојсовски, кој пак е назначен на таа позиција од СДС, вели Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ.
Ковачевски наместо веднаш да постапи по ваквите тврдења на ДКСК и да го разреши Мојсовски, тој молчи и го остава на позиција, давајќи му простор да продолжи со дејствијата за кои постои сомнеж дека ги правел.
Преку Агенцијата за млади и спорт, годишно на федерации и клубови се доделуваат средства во висина од околу 1 милијарда денари. Според ДКСК сомнителни се последните 3 години, односно 3 милијарди денари. https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/mojsovski-da-ne-se-krie-vednash-da-si-podnese-ostavka/ Според ДКСК, постои основано сомнение дека претседателот и членовите на централната комисија во 2020, 21 и 22 година, по пат на злоупотреба на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури извршиле распределба на средства, со што го оштетиле буџетот на државата, но и лицата кои имале законско право на вакви средства, а не им биле доделени.
Сомнежите се дека Наумче Мојсовски, назначен од СДС, извршил злоупотреба и фаворизирал клубови и федерации на сметка за него неподобни. И сето ова се случувало 3 години, и никој од власта не го спречил.
Зошто молчат Ковачевски и Ахмети, дали и тие се дел од шемата за финансирање на клубови и дали затоа Мојсовски е се уште директор на Агенцијата за млади и спорт? Дали македонскиот спорт тоне, затоа што СДС и ДУИ прават финансиски малверзации преку институциите кои треба да го стимулираат спортот? Дали спортистите се разочарани од овој однос на власта и како повторно ќе се мотивираат? Потребна е итна акција на Јавното обвинителство, со цел расчистување на овој случај, но и одговорност покрај од Мојсовски и од Ковачевски и Ахмети кој ова го дозволиле.

The post Јaвното обвинителство да реагира за злоупотребите на пари во Агенцијата за млади и спорт appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Асот на Ковачевски, Наумче Мојсовски под сомнение за криминал, а уште го чуваат на позицијата директор, оставки веднаш https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-asot-na-kovachevski-naumche-mojsovski-pod-somnenie-za-kriminal-a-ushte-go-chuvaat-na-pozitsijata-direktor-ostavki-vednash/ Sun, 05 Feb 2023 09:27:43 +0000 https://republika.mk/?p=604953

Антикорупциска утврдила дека Мојсовски и Комисија избрана од Владата, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури извршиле распределби на средства од ваучер системот за финансирање на спортски клубови, со што го оштетиле буџетот на државата. За ова Наумче Мојсовски добил и кривична пријава, што го прави недостоен да ја врши функцијата, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во овој систем за кој одлучувал Мојсовски и владина екипа се вртат една милијарда денари и постои основан сомнеж дека ваквите пари не завршувале кај спортисти и клубови според реални критериуми. Постојат индиции дека под сомнителни околности биле доделувани на фаворизирани федерации и клубови, при што силно влијание на изборот имале поединци, па дури и политички партии. Како тоа вртеле милијарда денари, има сомневање за злоупотреба, а владата на Ковачевски и Ахмети молчат за криминалот. Мојсовски се уште одлучува за пари. Криминалот е принципот на делување и во спортот. Ахмети и Ковачевски се што фатија исушија со криминал и неработа, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Асот на Ковачевски, Наумче Мојсовски под сомнение за криминал, а уште го чуваат на позицијата директор, и затоа е потребно оставки веднаш, додаваат од опозициската партија.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Асот на Ковачевски, Наумче Мојсовски под сомнение за криминал, а уште го чуваат на позицијата директор, оставки веднаш appeared first on Република.

]]>

Антикорупциска утврдила дека Мојсовски и Комисија избрана од Владата, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури извршиле распределби на средства од ваучер системот за финансирање на спортски клубови, со што го оштетиле буџетот на државата. За ова Наумче Мојсовски добил и кривична пријава, што го прави недостоен да ја врши функцијата, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во овој систем за кој одлучувал Мојсовски и владина екипа се вртат една милијарда денари и постои основан сомнеж дека ваквите пари не завршувале кај спортисти и клубови според реални критериуми. Постојат индиции дека под сомнителни околности биле доделувани на фаворизирани федерации и клубови, при што силно влијание на изборот имале поединци, па дури и политички партии. Како тоа вртеле милијарда денари, има сомневање за злоупотреба, а владата на Ковачевски и Ахмети молчат за криминалот. Мојсовски се уште одлучува за пари. Криминалот е принципот на делување и во спортот. Ахмети и Ковачевски се што фатија исушија со криминал и неработа, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Асот на Ковачевски, Наумче Мојсовски под сомнение за криминал, а уште го чуваат на позицијата директор, и затоа е потребно оставки веднаш, додаваат од опозициската партија.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Асот на Ковачевски, Наумче Мојсовски под сомнение за криминал, а уште го чуваат на позицијата директор, оставки веднаш appeared first on Република.

]]>
Антокорупциска бара кривично гонење на Наумче Мојсовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/antokoruptsiska-bara-krivichno-gonene-na-naumche-mojsovski/ Fri, 03 Feb 2023 10:39:34 +0000 https://republika.mk/?p=604245

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната 81 седница донесе одлука да достави иницијатива до Јавното обвинителство за кривично гонење на актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски и членовите на централната комисија поради основани сомнежи за злоупотреба и непочитување на ваучер системот на финансирање фондации и спортски клубови.

ДКСК до Владата ќе достави и иницијатива за утврдување одговорност на овие лица, а до УЈП за извршување надзор на сите субјекти од областа на спортот во поглед на користење на средствата преку т.н. ваучер систем во периодот од 2020, 21 и 22 година.

Според анализите на ДКСК годишно на овој начин се трошат околу една милијарда денари, што се вложуваат во спортот по разни основи, но АМС нема никаква отчетност како ги доделува и како се трошат овие средства.

ДКСК, исто така, смета дека е неопходно да се интервенира и во самиот Закон за спорт, со носење на некое ново решение за распределба на средства со почитување на утврдени критериуми, за што веќе се дадени одредени предлози до кабинетот на вицепремиерката за добро владеење и до АМС.

Членот на ДКСК Владимир Георгиев, појасни дека во 2021 година биле анализирани постапките и активностите при спроведување и користење на средства при доделување на ваучери од Агенцијата за млади и спорт и централната комисија, како и за пропустите и непочитувањето на Законот од страна на дел од федерациите и спортските клубови при конкурирањето, нивното користење на средствата и отчетност.

Освен од АМС, податоци биле побарани и од фудбалската, кошаркарската, ракометната и одбојкарската федерација, како и до спортските клубови кои користеле средства од ваучери во висина од над еден милион денари.

Не почитувајќи ги критериумите за доделување средства по ваучер системот постојат сомнежи дека Централната комисија во континуитет од 2020 година досега врши незаконска распределба, односно доделување ваучери на повластени корисници, федерации и клубови, согласно интересот на поединци и групи, можеби и политички партии и ги ставиле во неповолна положба оние спортски субјекти кои не добиле соодветни средства, иако тоа право законски им припаѓало, изјави Георгиев.

Според ДКСК, постои сомневање дека претседателот и членовите на централната комисија во 2020, 21 и 22 година, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури извршиле распределба на средства, со што го оштетиле буџетот на државата, но и лицата кои имале законско право на вакви средства, а не им биле доделени.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, посочи дека тие не се против доделување средства на клубовите, туку да се направи праведен систем без фаворизирање.

-Не гледаме дека сите препораки кои го дадовме се правилно применети, така што јасно е дека овој систем не дава соодветни резултати. Се надевам дека овие податоци ќе бидат доволна основа за законски измени кои ќе изградат праведен систем, порача Ивановска.

ДКСК, исто така, изразува загриженост и тоа што со законските измени од јануари минатата година, членовите на централната Комисија се именуваат по предлог на Владата, без утврдени критериуми за нивниот избор.

The post Антокорупциска бара кривично гонење на Наумче Мојсовски appeared first on Република.

]]>

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната 81 седница донесе одлука да достави иницијатива до Јавното обвинителство за кривично гонење на актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски и членовите на централната комисија поради основани сомнежи за злоупотреба и непочитување на ваучер системот на финансирање фондации и спортски клубови. ДКСК до Владата ќе достави и иницијатива за утврдување одговорност на овие лица, а до УЈП за извршување надзор на сите субјекти од областа на спортот во поглед на користење на средствата преку т.н. ваучер систем во периодот од 2020, 21 и 22 година. Според анализите на ДКСК годишно на овој начин се трошат околу една милијарда денари, што се вложуваат во спортот по разни основи, но АМС нема никаква отчетност како ги доделува и како се трошат овие средства. ДКСК, исто така, смета дека е неопходно да се интервенира и во самиот Закон за спорт, со носење на некое ново решение за распределба на средства со почитување на утврдени критериуми, за што веќе се дадени одредени предлози до кабинетот на вицепремиерката за добро владеење и до АМС. Членот на ДКСК Владимир Георгиев, појасни дека во 2021 година биле анализирани постапките и активностите при спроведување и користење на средства при доделување на ваучери од Агенцијата за млади и спорт и централната комисија, како и за пропустите и непочитувањето на Законот од страна на дел од федерациите и спортските клубови при конкурирањето, нивното користење на средствата и отчетност. Освен од АМС, податоци биле побарани и од фудбалската, кошаркарската, ракометната и одбојкарската федерација, како и до спортските клубови кои користеле средства од ваучери во висина од над еден милион денари.
Не почитувајќи ги критериумите за доделување средства по ваучер системот постојат сомнежи дека Централната комисија во континуитет од 2020 година досега врши незаконска распределба, односно доделување ваучери на повластени корисници, федерации и клубови, согласно интересот на поединци и групи, можеби и политички партии и ги ставиле во неповолна положба оние спортски субјекти кои не добиле соодветни средства, иако тоа право законски им припаѓало, изјави Георгиев.
Според ДКСК, постои сомневање дека претседателот и членовите на централната комисија во 2020, 21 и 22 година, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури извршиле распределба на средства, со што го оштетиле буџетот на државата, но и лицата кои имале законско право на вакви средства, а не им биле доделени. Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, посочи дека тие не се против доделување средства на клубовите, туку да се направи праведен систем без фаворизирање. -Не гледаме дека сите препораки кои го дадовме се правилно применети, така што јасно е дека овој систем не дава соодветни резултати. Се надевам дека овие податоци ќе бидат доволна основа за законски измени кои ќе изградат праведен систем, порача Ивановска. ДКСК, исто така, изразува загриженост и тоа што со законските измени од јануари минатата година, членовите на централната Комисија се именуваат по предлог на Владата, без утврдени критериуми за нивниот избор.

The post Антокорупциска бара кривично гонење на Наумче Мојсовски appeared first on Република.

]]>