наумче мојсоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/naumche-mojsoski/ За подобро да се разбереме Thu, 02 May 2024 11:49:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png наумче мојсоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/naumche-mojsoski/ 32 32 Ковачевски: Проверете си на сајт дали Каевски останува на листата за пратеници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-proverete-si-na-sajt-dali-kaevski-ostanuva-na-listata-za-pratenitsi/ Thu, 02 May 2024 11:46:05 +0000 https://republika.mk/?p=773402

Лидерот на СДСМ и носител во ИЕ2, Димитар Ковачевски смета дека Обвинителството треба да работи согласно закон, за секој поединец во државата да може да има фер процес да ги докаже случувањата. Ваквиот негов став следува откако беше запрашан за реакција откако двајца функционери и членови на партијата беа обвинети за злоупотреба на службена положба.

Партија не води судски случаи, туку Обвинителство и судството. Едниот веќе не е директор, додека вториот после 8-ми мај нема да биде директор, без разлика дали јас сум премиер или не, со оглед на тоа што доколку граѓаните се определат да дадат доверба на СДСМ и коалицијата да формира влада, ќе имаме нови кадри кои ќе управуваат со функциите, кажа претседателот на СДСМ по средбата со Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ).

На новинарско прашање дали Каевски останува на кандидатската листа за пратеници, Ковачевски одговори: „Имате достапно на сајтот и можете да проверите“.

Наумче Мојсоски, актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, портпарол на СДСМ и претходен директор на агенцијата и Даниел Димевски, првиот човек на Македонскиот олимписки комитет се на листата од 12 лица за кои денеска е поднесен обвинителен акт во врска со доделувањето на т.н спортски ваучери. Обвинителството им изрече мерки за претпазливост.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kako-kaevski-so-prvoto-vrabotuvane-zaraboti-chetiri-milioni-evra-i-stan/

Тројцата сметаат дека постапката е тенденциозна и дека претставува политичка хајка.

The post Ковачевски: Проверете си на сајт дали Каевски останува на листата за пратеници appeared first on Република.

]]>

Лидерот на СДСМ и носител во ИЕ2, Димитар Ковачевски смета дека Обвинителството треба да работи согласно закон, за секој поединец во државата да може да има фер процес да ги докаже случувањата. Ваквиот негов став следува откако беше запрашан за реакција откако двајца функционери и членови на партијата беа обвинети за злоупотреба на службена положба.
Партија не води судски случаи, туку Обвинителство и судството. Едниот веќе не е директор, додека вториот после 8-ми мај нема да биде директор, без разлика дали јас сум премиер или не, со оглед на тоа што доколку граѓаните се определат да дадат доверба на СДСМ и коалицијата да формира влада, ќе имаме нови кадри кои ќе управуваат со функциите, кажа претседателот на СДСМ по средбата со Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ).
На новинарско прашање дали Каевски останува на кандидатската листа за пратеници, Ковачевски одговори: „Имате достапно на сајтот и можете да проверите“. Наумче Мојсоски, актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, портпарол на СДСМ и претходен директор на агенцијата и Даниел Димевски, првиот човек на Македонскиот олимписки комитет се на листата од 12 лица за кои денеска е поднесен обвинителен акт во врска со доделувањето на т.н спортски ваучери. Обвинителството им изрече мерки за претпазливост. https://republika.mk/vesti/makedonija/kako-kaevski-so-prvoto-vrabotuvane-zaraboti-chetiri-milioni-evra-i-stan/ Тројцата сметаат дека постапката е тенденциозна и дека претставува политичка хајка.

The post Ковачевски: Проверете си на сајт дали Каевски останува на листата за пратеници appeared first on Република.

]]>
Мојсоски од лани знаел што не чини во неговата работа, но не презел апсолутно ништо за да ја поправи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mojsoski-od-lani-znael-shto-ne-chini-vo-negovata-rabota-no-ne-prezel-apsolutno-nishto-za-da-ja-popravi/ Sat, 11 Feb 2023 08:31:17 +0000 https://republika.mk/?p=607652

Наумче Мојсоски не управувал добро со буџетските средства иако е обврзан да го прави тоа и затоа ДКСК предлага негово разрешување. Директорката на ДКСК Билјана Ивановска во Топ тема потсети дека финансиското управување во Агенцијата за млади и спорт не е во ред и треба да се поправи било укажано уште лани, но досега Мојсоски не мрднал со прст.

Ние предложивме разрешување на Мојсовски и одговорност за претходниот директор на Агенција за млади и спорт. Причините за ваквата одлука ги посочивме и се јасни. Одговорното лице не управувало добро со буџетските средства иако за тоа има законски обврски. Уште минатата година му укажавме што треба и што фали за да се поправи. Ништо не е спроведено. Како да недостасува волја да се направи нешто. Нема финаниски извештај, тој е само наративно напишан, и во ревизијата е утврдно дека не ги содржи потребните детали. Наликува на земав, потрошив и толку, вели Ивановска.

Таа додаде дека ревизиоскиот извештај треба да бидат репер за работењето на една институција.

Со директорот не е разговарано по одлуката за иницијатива за кривично гонење, директно на темата, она што тој го споедели во медимите, дека ние имаме нешто лично против него, не е воопшто точно. Минатата година му кажавме што треба да преземе, во законот стои дека секое одговорно лице треба да работи одговорно, објективно и совесно со буџетот, и укажавме како треба да се поправи, но тој не презема ништо. Ревизиоскиот извештај треба да биде репер за работењето на една институција. Тој треба да ги испита сите детали од работењето на една институција, и тој е репер за нечија работа, а нивниот извештај покажува многу недостатоци , рече Ивановска.

The post Мојсоски од лани знаел што не чини во неговата работа, но не презел апсолутно ништо за да ја поправи appeared first on Република.

Мојсоски: Смислена хајка против мене, но не знам дали е партиска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mojsoski-smislena-hajka-protiv-mene-no-ne-znam-dali-e-partiska/ Wed, 08 Feb 2023 09:55:27 +0000 https://republika.mk/?p=606379

Ова е смислена хајка, не е од сега, јас го знаев ова уште поодамна. Почнува со едниот вработен Томче Андоновски кој беше водител на сектор спорт кај нас, па сега е моментално советник во Антикорупциската комисија Сега и други чинители кои сами се прилепија на ова – уште незавршена седницата излегоа со соопштение и бараа моја оставка - вели директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски после обвинувањата од ДКСК за злоупотребите на пари во институцијата и ваучерите за спортските клубови, федерации и поединечни спортисти.

Мојсоски потенцира дека тој не ги дели средствата и дека постапката не е толку објаснета пред јавноста.

Ваучерите ги прават бодовите, а бодовите ги прават самите матични федерации. Не сакам да поверувам дека некој ме мести, досега не сум слушнал. Не знам дали ова е партиско. Се гледа дека е оркестрирано. Сакам да ги видам комплетните извештаи од ДКСК, па ќе излезам точно што било како било. Мислам дека има наоди од поранешни вработени и господинот Даниел Димевски кој го измисли ваучерот - рече Мојсоски во емисијата „Студио 10“.

Македонскиот олимписки комитет претходно ја повика Владата да го разреши Мојсоски поради незаконско работење при распределбата на финансиски средства на спортски федерации и екипи, и „итно да ја замрзне постапката за доделување спортски ваучери која е во тек за 2023 година“.

The post Мојсоски: Смислена хајка против мене, но не знам дали е партиска appeared first on Република.

Мојсовски да не се крие, веднаш да си поднесе оставка https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/mojsovski-da-ne-se-krie-vednash-da-si-podnese-ostavka/ Tue, 07 Feb 2023 08:39:06 +0000 https://republika.mk/?p=605781

Наумче Мојсовски треба веднаш да си поднесе оставка од позицијата директор на Агенцијата за млади и спорт после сериозните индиции за сторен криминал. Наместо да се крие зад соопштенија треба да ја напушти функцијата, бидејќи од таа позиција може да ја загрози истрагата за малверзациите со распределбата на ваучери за спортски клубови.
Се работи за сериозен скандал бидејќи распределбата на ваучери врти над една милијарда денари и постои основано сомнение дека без јасни критериуми биле фаворизирани одредени клубови, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Според Антикорупциска овие средства биле делени под влијание на одредени лица, па дури и политички партии и со тоа била направена штета на буџетот. Наумче Мојсовски треба на јавноста да и открие кои се тие лица и кои се тие партии кои вмешувале прсти во распредлбата на оваа милијарда.
Доколку Мојсовски решил да молчи, тогаш надлежните институции оваа истрага треба да ја прошират и да се види кој се стои зад оваа афера.
 
Очигледно е дека оваа власт е клептоманска. Крадат од парите за здравството, крадат од парите за образованието, а сега гледаме дека се злоупотребувале и пари во спортот. Што фатија исушија од крадење. Оваа мафијашка власт треба да замине час поскоро.

The post Мојсовски да не се крие, веднаш да си поднесе оставка appeared first on Република.

МОК: Зад наодите за незаконско работење на Мојсоски стојат државните институции, а не ние https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/mok-zad-naodite-za-nezakonsko-rabotene-na-mojsoski-stojat-drzhavnite-institutsii-a-ne-nie/ Mon, 06 Feb 2023 17:58:18 +0000 https://republika.mk/?p=605613

Зад наодите за незаконско работење на претседателот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсоски, стојат државните институции задолжени за спроведување на законот, а не Олимпискиот комитет и нејзиниот претседател Даниел Димевски, соопшти попладнево Македонскиот олимписки комитет (МОК).

Реакцијата доаѓа откако претходно денеска АМС ги демантираше наводите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) за незаконско работење поврзано со ваучерскиот систем и обвини дека „преку тенденциозни соопштенија на одредени спортски институции инспирирани од лукративни цели“, посочувајќи го притоа МОК и претседателот Димевски, „во јавноста биле изнесени куп невистини и погрешно утврдени факти за примената на Законот за спортот и подзаконските акти кои се однесуваат во делот на даночните олеснувања, а се во функција на финансиска поддршка на македонскиот спортски систем“.

Посочениот директор има проблем со конкретни наоди на Државниот завод за ревизија и следствено на наодите на ДКСК и Јавното обвинителство. Таму треба да го адресира своето соопштение и да се повика на својата презумција на невиност, која му е единствена опција во моментов, се наведува во одговорот на Димевски на демантот на Мојсоски.

https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/mojsoski-napadite-od-dimevski-i-antikoruptsiska-se-neosnovani-otvoreni-sme-za-sorabotka/

Претседателот на МОК во својата реакција наведува дека првиот човек на АМС го свел функционирањето на ваучер системот на „пародија“ и „коруптивна распределба на средствата“, потфрлувајќи, притоа, целосно и во спроведувањето на негови најавувани проекти за развој на македонскиот спорт.

Верувам дека многу спортисти и спортски субјекти видоа корист од мојата идеја за финансиска поддршка во спортот преку ваучерски систем, преточена во конкретна законска рамка без која денес скоро ниеден спортски субјект не може да опстои и да се развива. За жал, практикувањето на системот е сведен на проста, најчесто, коруптивна распределба на средства од страна на Мојсовски … Ова е само пародија на системот кој може и мора да функционира независно од волјата на директорот или кој било друг центар на моќ“, посочува Димевски, додавајќи оти Мојсоски не реализирал ниту еден проект како претседател на АМС.

Моето разочарување е плод на високите очекувања што ги имав од спортската легенда Наумче Мојсовски, кој како директор за жал целосно потфрли. Многу важни теми од спортот и силни негови ветувања останаа нечепнати. Не видовме ништо од пензиите за заслужните спортисти. Не видовме ниту нови спортски сали, базени уште помалку. И Домот на спортови го загубивме по пат, како што исчезнаа и новиот Закон за спорт и Стратегијата за спорт пет пати ветувана. Регистарот на активни спортски клубови не се направи а транспарентноста од страна на овластената државна институција е оценета како катастрофална“, се наведува во реакцијата на Димевски, посакувајќи му, притоа, на Мојсоски „да се врати во спортот во друга функција различна од оваа која евидентно не е за него“.

The post МОК: Зад наодите за незаконско работење на Мојсоски стојат државните институции, а не ние appeared first on Република.

Мојсоски: Нападите од Димевски и антикорупциска се неосновани, отворени сме за соработка https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/mojsoski-napadite-od-dimevski-i-antikoruptsiska-se-neosnovani-otvoreni-sme-za-sorabotka/ Mon, 06 Feb 2023 14:14:25 +0000 https://republika.mk/?p=605525

Денеска со соопштение се јави Наумче Мојсоски кој ги отфрли сите обвинувања и се понуди за соработка со надлежните институции.

Агенцијата за млади и спорт сака да ја информира јавноста дека информациите изнесени од страна на членови на Државната комисија за спречување на корупција поврзани со даночното ослободување на спортските субјекти, преку т.н. ваучер систем, се тенденциозни и целосно неточни, се вели во соопштението.

Сакаме да потенцираме дека и на јавната седница на ДКСК, но и преку тенденциозни соопштенија на одредени спортски институции инспирирани единствено од лукративни цели, се изнесоа еден куп невистини и погрешно утврдени факти за примената на Законот за спорт и подзаконските акти кои се однесуваат во делот на даночните олеснувања, а се во функција на финансиска поддршка на македонскиот спортски систем“.

Тука пред се укажуваме на јваното обраќање, исполнето со грст невистини од страна на претседателот на МОК г-дин Даниел Димевски, кој „случајно“ коинцидира со денот на одржување на седницата на ДКСК. Имено господинот Димевски јавно побара разрешување во АМС и итно замрзнување на постапката за доделување на спортски ваучери. При тоа ова е побарано од човекот кој е идејниот творец и креатор на системот на спортски ваучери, човекот кој во 2020 година кумулира две функции Претседател на централната комисија за доделување на спортски ваучери, член на управниот одбор на МОК, а подоцна и негов претседател, и во исто време човек кој истата таа 2020 година побарува износ од 15 милиони денари за МОК иако требало како претседател да биде свесен дека таа институција во тој момент не ги исполнува законските услови за регулирана спортска дејност“.

 Очекуваме дека надлежните институции во најкраток можен рок ќе се прозинесат за обвинувањата на ДКСК со цел јавноста да има целосен увид во работата на АМС. Истовремено најавуваме дека АМС е целосно отворена за соработка со сите надлежни институции“, стои во дел од соопштението на Мојсовски.

The post Мојсоски: Нападите од Димевски и антикорупциска се неосновани, отворени сме за соработка appeared first on Република.

]]>

Денеска со соопштение се јави Наумче Мојсоски кој ги отфрли сите обвинувања и се понуди за соработка со надлежните институции. Агенцијата за млади и спорт сака да ја информира јавноста дека информациите изнесени од страна на членови на Државната комисија за спречување на корупција поврзани со даночното ослободување на спортските субјекти, преку т.н. ваучер систем, се тенденциозни и целосно неточни, се вели во соопштението.
Сакаме да потенцираме дека и на јавната седница на ДКСК, но и преку тенденциозни соопштенија на одредени спортски институции инспирирани единствено од лукративни цели, се изнесоа еден куп невистини и погрешно утврдени факти за примената на Законот за спорт и подзаконските акти кои се однесуваат во делот на даночните олеснувања, а се во функција на финансиска поддршка на македонскиот спортски систем“. Тука пред се укажуваме на јваното обраќање, исполнето со грст невистини од страна на претседателот на МОК г-дин Даниел Димевски, кој „случајно“ коинцидира со денот на одржување на седницата на ДКСК. Имено господинот Димевски јавно побара разрешување во АМС и итно замрзнување на постапката за доделување на спортски ваучери. При тоа ова е побарано од човекот кој е идејниот творец и креатор на системот на спортски ваучери, човекот кој во 2020 година кумулира две функции Претседател на централната комисија за доделување на спортски ваучери, член на управниот одбор на МОК, а подоцна и негов претседател, и во исто време човек кој истата таа 2020 година побарува износ од 15 милиони денари за МОК иако требало како претседател да биде свесен дека таа институција во тој момент не ги исполнува законските услови за регулирана спортска дејност“.  Очекуваме дека надлежните институции во најкраток можен рок ќе се прозинесат за обвинувањата на ДКСК со цел јавноста да има целосен увид во работата на АМС. Истовремено најавуваме дека АМС е целосно отворена за соработка со сите надлежни институции“, стои во дел од соопштението на Мојсовски.

The post Мојсоски: Нападите од Димевски и антикорупциска се неосновани, отворени сме за соработка appeared first on Република.

]]>
Aхмети и Ковачевски вмешани со криминал дури и во спортот https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ahmeti-i-kovachevski-vmeshani-so-kriminal-duri-i-vo-sportot/ Mon, 06 Feb 2023 07:39:29 +0000 https://republika.mk/?p=605169

Ахмети и Ковачевски со криминал и во спортот, Наумче Мојсовски по сомнение за малверзации од милијарда денари, оставка веднаш, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

ДКСК утврдила дека Наумче Мојсовски, како директор на Агенцијата за млади и спорт, како и Комисијата која ја назначил владата извршила злоупотреба во ваучер системот за доделување на пари на спортски клубови и федерации, за што Мојсовски добил и кривична.
Наместо да го разреши веднаш, Ковачевски го чува Мојсовски на позиција, и со тоа му овозможува и понатаму да продолжи со делото кое му се става на товар.
Постојат сомнежи дека фондот на пари со кој оперирал Мојсовски од скоро 1 милијарда денари завршувал кај клубови и федерации по принцип на фаворизирање, и изборот е правен по сугестија на политички партии.

Зошто Ковачевски не го менува Мојсовски, и дали со тоа само покажува дека и тој е дел од системот на распределба?

Не остана сектор во државата, каде нема криминал, со Ковачевски и Ахмети, Македонија тоне. Сите функционери се копија на лидерите кои ги поставиле.

The post Aхмети и Ковачевски вмешани со криминал дури и во спортот appeared first on Република.

]]>

Ахмети и Ковачевски со криминал и во спортот, Наумче Мојсовски по сомнение за малверзации од милијарда денари, оставка веднаш, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
ДКСК утврдила дека Наумче Мојсовски, како директор на Агенцијата за млади и спорт, како и Комисијата која ја назначил владата извршила злоупотреба во ваучер системот за доделување на пари на спортски клубови и федерации, за што Мојсовски добил и кривична. Наместо да го разреши веднаш, Ковачевски го чува Мојсовски на позиција, и со тоа му овозможува и понатаму да продолжи со делото кое му се става на товар. Постојат сомнежи дека фондот на пари со кој оперирал Мојсовски од скоро 1 милијарда денари завршувал кај клубови и федерации по принцип на фаворизирање, и изборот е правен по сугестија на политички партии.
Зошто Ковачевски не го менува Мојсовски, и дали со тоа само покажува дека и тој е дел од системот на распределба?
Не остана сектор во државата, каде нема криминал, со Ковачевски и Ахмети, Македонија тоне. Сите функционери се копија на лидерите кои ги поставиле.

The post Aхмети и Ковачевски вмешани со криминал дури и во спортот appeared first on Република.

]]>
МОК бара разрешување на Наумче Мојсовски и стопирање на ваучерите https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/mok-bara-razreshuvane-na-naumche-mojsovski-i-stopirane-na-vaucherite/ Fri, 03 Feb 2023 13:39:20 +0000 https://republika.mk/?p=604346

Брзо по информацијата дека Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) побарала кривична пријава за Наумче Мојсовски, со реакција се јави и претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски кој побара разрешување на актуелниот претседател на Агенцијата за млади и спорт (АМС) и стопирање на ваучерите за 2023 година.

https://republika.mk/vesti/makedonija/antokoruptsiska-bara-krivichno-gonene-na-naumche-mojsovski/

Првиот човек на МОК, Даниел Димевски со писмо до Владата и вицепремиерката Славица Грковска реагираше со укажување на лошото работење на АМС.

„Почитувана г-ѓа Грковска, во изминатиов период во повеќе наврати со задоволство ги слушавме Вашите излагања во кои цврсто и одлучно повикувавте на неселективно доследно применување на принципите на одговорност, отчетност, транспарентност и добро владеење и управување со јавните финансиски средства за сите носители на јавни функции. Веруваме дека со должно внимание сте го прочитале Конечниот извештај на државниот завод за ревизија каде прецизно се констатирани сите незаконски дејанија кои за жал се пракса во работењето на АМС. Внимавајте, се работи за милионски суми распределени без никаква контрола и механизми“, стои во дел од писмото на Даниел Димовски.

„Дополнително, веруваме дека Ве загрижува фактот што од страна на Агенцијата за заштита е прватото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, АМС е рангирана на катастрофално 115 од 120 места како крајно нетранспарентна организација што само по себе кажува многу“.

„Дојде време да покажете на јавна сцена пред сите нас кои работиме и живееме за и во спортот, дали Вашите зборови и заложби имаат суштина или се само празни политички флоскули“.

„Согласно ова, ја повикуваме Владата и вас лично како најодговорен функционер за оваа сфера, да го исполните јавно даденото ветување за чесно, одговорно и транспарентно работење на од Вас избраните и поставени функционери и да го разрешите директорот и комисиите поставени од него и да назначите нови, чесни и професионални лица кои доследно ќе го применуваат законот, правилниците и критериумите за доделување на средства на сите спортски субјекти. Со оглед на тоа што во моментов тече постапката за доделување на ваучери за 2023 година, бараме ИТНО ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА, се до именувањето на новите членови на Централната комисија. Одговорноста за брза и ефективна реакција е Ваша и е исклучиво во Ваши раце и нема простор за префрлање на вината кај нефункционалниот судски систем“,

The post МОК бара разрешување на Наумче Мојсовски и стопирање на ваучерите appeared first on Република.

]]>

Брзо по информацијата дека Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) побарала кривична пријава за Наумче Мојсовски, со реакција се јави и претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски кој побара разрешување на актуелниот претседател на Агенцијата за млади и спорт (АМС) и стопирање на ваучерите за 2023 година. https://republika.mk/vesti/makedonija/antokoruptsiska-bara-krivichno-gonene-na-naumche-mojsovski/ Првиот човек на МОК, Даниел Димевски со писмо до Владата и вицепремиерката Славица Грковска реагираше со укажување на лошото работење на АМС. „Почитувана г-ѓа Грковска, во изминатиов период во повеќе наврати со задоволство ги слушавме Вашите излагања во кои цврсто и одлучно повикувавте на неселективно доследно применување на принципите на одговорност, отчетност, транспарентност и добро владеење и управување со јавните финансиски средства за сите носители на јавни функции. Веруваме дека со должно внимание сте го прочитале Конечниот извештај на државниот завод за ревизија каде прецизно се констатирани сите незаконски дејанија кои за жал се пракса во работењето на АМС. Внимавајте, се работи за милионски суми распределени без никаква контрола и механизми“, стои во дел од писмото на Даниел Димовски. „Дополнително, веруваме дека Ве загрижува фактот што од страна на Агенцијата за заштита е прватото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, АМС е рангирана на катастрофално 115 од 120 места како крајно нетранспарентна организација што само по себе кажува многу“. „Дојде време да покажете на јавна сцена пред сите нас кои работиме и живееме за и во спортот, дали Вашите зборови и заложби имаат суштина или се само празни политички флоскули“. „Согласно ова, ја повикуваме Владата и вас лично како најодговорен функционер за оваа сфера, да го исполните јавно даденото ветување за чесно, одговорно и транспарентно работење на од Вас избраните и поставени функционери и да го разрешите директорот и комисиите поставени од него и да назначите нови, чесни и професионални лица кои доследно ќе го применуваат законот, правилниците и критериумите за доделување на средства на сите спортски субјекти. Со оглед на тоа што во моментов тече постапката за доделување на ваучери за 2023 година, бараме ИТНО ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА, се до именувањето на новите членови на Централната комисија. Одговорноста за брза и ефективна реакција е Ваша и е исклучиво во Ваши раце и нема простор за префрлање на вината кај нефункционалниот судски систем“,

The post МОК бара разрешување на Наумче Мојсовски и стопирање на ваучерите appeared first on Република.

]]>
Мојсоски: Не се продадов за пари https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/mojsoski-ne-se-prodadov-za-pari/ Thu, 12 Jan 2023 21:10:22 +0000 https://republika.mk/?p=596346

Оваа недела на „Жешкото Столче“ седна директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски.

Тој зборува за шансите на Македонија на претстојното ракометно првенство... Дали Кире Лазаров е достоен за селекторската позиција... Каде завршуваат парите наменети за младите спортисти... и за уште многу други интересни прашања.

Погледнете ја новата епизода на „Жешко Столче“ на следниот линк:

https://www.youtube.com/watch?v=Rq97DFIrMYs

The post Мојсоски: Не се продадов за пари appeared first on Република.

]]>

Оваа недела на „Жешкото Столче“ седна директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски. Тој зборува за шансите на Македонија на претстојното ракометно првенство... Дали Кире Лазаров е достоен за селекторската позиција... Каде завршуваат парите наменети за младите спортисти... и за уште многу други интересни прашања. Погледнете ја новата епизода на „Жешко Столче“ на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=Rq97DFIrMYs

The post Мојсоски: Не се продадов за пари appeared first on Република.

]]>
Мојсоски и Грковска ќе прават ревизија на спортските ваучери https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/mojsoski-i-grkovska-kje-pravat-revizija-na-sportskite-vaucheri/ Mon, 06 Jun 2022 15:21:38 +0000 https://republika.mk/?p=511854

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска во просториите на Агенцијата за млади и спорт имаше работна средба со директорот Наумче Мојсовски.
Како што информира прес-службата на Грковска, на средбата се дискутирало за потребата од сеопфатна анализа на законската регулатива во спортот и креирање на политики за добро владеење кои ќе ја зголемат транспарентност при носењето на одлуките во спортските клубови и федерации и отчетност при користење на јавните средства.
-Вицепремиерката Грковска истакна дека е неопходна ревизија на моделот за примената на спортските ваучери. Беа разгледани надлежностите на Агенцијата за млади и спорт, но и на спортските федерации при распределбата на финансиските средства на клубовите и спортистите, се вели во соопштението.
Грковска на состанокот ја истакнала и потребата од задолжителна транспарентност и отчетност при користење на јавните средства.Директорот на Агенцијата, Наумче Мојсовски посочил дека е потребно да се зајакнат инспекциските капацитети на Агенцијата, со цел да се зголеми надзорот врз спортските организации. -Досегашната пракса покажува дека дел од спортските субјекти не работат транспарентно и отчетно, а тоа негативно се одразува на легитимитетот и кредибилитетот на спортскиот дух, се додава во соопштението.
На состанокот, исто така беше отворено прашањето и за најавената реорганизација на органите на државната управа

The post Мојсоски и Грковска ќе прават ревизија на спортските ваучери appeared first on Република.

Мојсоски призна дека има грешка за ваучерот на сребрениот Георгиевски https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/mojsoski-prizna-deka-ima-greshka-za-vaucherot-na-srebreniot-georgievski/ Fri, 11 Feb 2022 15:31:02 +0000 https://republika.mk/?p=457277

Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсоски призна дека има грешка со ваучерот за Дејан Георгеивски, кој освои сребрен медал на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио и најави дека на седница на Влада ќе се преиспита одлуката.

Георгиевски ѝ покрај историскиот успех не доби најголем ваучер од државата за оваа 2022 година.

Георгиевски доби 350.000 денари државна помош преку ваучерскиот систем кој функционира веќе неколку години, но не е најголем кај поединечните спортисти, па оваа одлука наиде на жестоки реакции и во јавноста, но и кај самиот олимпиец, кој денеска посочи дека ова е омаловажување на олимпиското сребро и големиот успех.

За тој случај (со Герогиевски – н.з.) мислам дека станува збор за грешка. Во понеделник ќе има владина комисија и ќе бидат разјаснети сите недоразбирања. Такво нешто се случи и минатата година и верувам дека се ќе биде во ред, рече Мојсоски за „Фокус“.

Георгиевски освои сребро во Токио во таеквондо остварувајќи го најголемиот успех за македонскиот спорт, што е само втор медал од најголемите спортски настани по цели две децении од бронзата на Могамед Ибрагимов во борење во Сиднеј во 2000 година.

The post Мојсоски призна дека има грешка за ваучерот на сребрениот Георгиевски appeared first on Република.

]]>

Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсоски призна дека има грешка со ваучерот за Дејан Георгеивски, кој освои сребрен медал на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио и најави дека на седница на Влада ќе се преиспита одлуката. Георгиевски ѝ покрај историскиот успех не доби најголем ваучер од државата за оваа 2022 година. Георгиевски доби 350.000 денари државна помош преку ваучерскиот систем кој функционира веќе неколку години, но не е најголем кај поединечните спортисти, па оваа одлука наиде на жестоки реакции и во јавноста, но и кај самиот олимпиец, кој денеска посочи дека ова е омаловажување на олимпиското сребро и големиот успех.
За тој случај (со Герогиевски – н.з.) мислам дека станува збор за грешка. Во понеделник ќе има владина комисија и ќе бидат разјаснети сите недоразбирања. Такво нешто се случи и минатата година и верувам дека се ќе биде во ред, рече Мојсоски за „Фокус“.
Георгиевски освои сребро во Токио во таеквондо остварувајќи го најголемиот успех за македонскиот спорт, што е само втор медал од најголемите спортски настани по цели две децении од бронзата на Могамед Ибрагимов во борење во Сиднеј во 2000 година.

The post Мојсоски призна дека има грешка за ваучерот на сребрениот Георгиевски appeared first on Република.

]]>
Дефинитивно машки ќе се „судриме“ со Црногорците, вели Мојсовски пред вечерашниот натпревар https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/definitivno-mashki-kje-se-sudrime-so-crnogorcite-veli-mojsovski-pred-vecherashniot-natprevar/ Sat, 15 Jan 2022 13:18:16 +0000 https://republika.mk/?p=444966

Првиот човек на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски е во Унгарија и ќе биде дел од македонските навивачи за време на дуелот со Црна Гора.

Поранешниот репрезентативец очекува победа, а воедно се надева на максимално чување на силите за последниот меч против Данска.

Младите момци покажаа дека имаа сила за добар настап на Европското првенство. Очекувам да ја повториме играта против Словенија и на вториот натпревар. Се надевам дека тоа ќе вроди со плод. Враќањето на Митревски ни дава сигурност. Очекувам добра игра и чување на силите за Данска, натпревар кој на крај може да одлучува за нашиот понатамошен настап на шампионатот. Ако покажеме борба, мислам дека ќе славиме против Црна Гора. Нашиот денешен противник е постатичен во однос на Словенија. Дефинитивно машки ќе се „судриме“ со Црногорците, вели Мојсовски.

Натпреварот меѓу Македонија и Црна Гора се игра денес во 18:00 часот. Нашиот противник на првиот натпревар убедливо загуби од данската репрезентација.

The post Дефинитивно машки ќе се „судриме“ со Црногорците, вели Мојсовски пред вечерашниот натпревар appeared first on Република.

]]>

Првиот човек на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски е во Унгарија и ќе биде дел од македонските навивачи за време на дуелот со Црна Гора. Поранешниот репрезентативец очекува победа, а воедно се надева на максимално чување на силите за последниот меч против Данска.