наум Стоиковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/naum-stoikovski/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Jan 2024 12:11:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png наум Стоиковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/naum-stoikovski/ 32 32 Ако се било фиктивно од кого и за што Лукаревска ќе наплаќа данок, освен ако не се тоа парите дадени за поврат на ддв? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ako-se-bilo-fiktivno-od-kogo-i-za-shto-lukarevska-ke-naplaka-danok-osven-ako-ne-se-toa-parite-dadeni-za-povrat-na-ddv/ Mon, 22 Jan 2024 12:11:27 +0000 https://republika.mk/?p=735465

Почитувани, со исплата кон две фирми од УЈП буџетот е посиромашен за над 22 милиони евра, исплатени како поврат на ДДВ, а се работи за криминал. Залудни се обидите на Сања Лукаревска да демантира доколку не одговори: По кој основ фирмите АКТИКО/ОКИТНА од Струмица и ХАНТОНОС/ХАНТ ОСОЈ од Босилово се на листата на должници на УЈП?Ако Сања Лукаревска е во право и се било фиктивно, а овие побарувања за поврат на ДДВ не се платени, по која основа на фиктивно сега им бара данок? И второ, ако фирма упати барање за поврат на ДДВ од 11 односно над 12 милиони евра, УЈП утврди дека барањето е фиктивно како што вели Сања Лукаревска, односно било лажно барањето, тогаш дали од УЈП и од Сања Лукаревска бил спакуван предмет за МВР и ЈО?,прашува Наум Стоилковски.

Или едноставно доаѓаме до фактот: повратот е овозможен, сега УЈП сфаќа дека влетал во мрежа и си ги бара парите назад дадени за поврат на ДДВ. Ова не се „гачки“ како што велат Лукаревска и како што велат од СДС, ова се сериозни прашања за сериозен криминал за којшто мода да има одговорност. Ако се било фиктивно, од кого и за што Лукаревска ќе наплаќа данок, освен ако не се тоа парите овозможени и дадени за поврат на ДДВ?Почитувани, ова се двата документи од УЈП. Записници од надворешна контрола, направена кога Лукаревска сфаќа дека УЈП исплатило над 22 милиони евра поврат на ДДВ, а не постојат деловни книги, фирмите ја враќаат поштата, а МВР им кажува дека газдите од Косово или не постојат или воопшто не влегле во Македонија.

Нема овластено лице, нема ништо.И пак ќе повторам, и ова важи и за оние фирми за трговија со нафта за кои што се пофали Лукаревска, ако се е фиктивно и ако не постои, ако нема деловни книги за увид, по кој основ бара наплата на данок? Како проценила Лукаревска дека Актико и Хантонос треба да платат 11, односно 12,2 милиони евра? Според документите, тоа се поклопува со парите коишто биле побарувани за поврат на ДДВ, а во документите пишува дека со увид во книгите на УЈП и поднесените пријави, констатирано е дека фирмата (даночниот обврзник) користел право на одбивка на данок. Ако ги фатила на време, зошто контрола на овие компании се прави во октомври 2023, по цели година ипол отпосле?Фирмата Актико е основана во Струмица од семејство кое во 2020 беше дел од шема со поврат на ДДВ. По само две години, за три месеци работа, фирма со основачки влог 5000 евра, побарува и добива 11 милиони евра поврат за трговија од над 50 милиони евра. Фирмата Хантонос од Босилово, иста приказна, само повратот на данок е поголем, 12,2 милиони евра. Зарем тоа не бил доволен аларм?

https://www.youtube.com/watch?v=8RSz6lOK2b4&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Што правеле во струмичката канцеларија на УЈП? Зошто не е направена контрола, квартална, токму да се фатат на време овие исплати? Што правела Сања Лукаревска ако одеднаш на само две нови фирми и се одобруваат 11, односно 12 милиони евра поврат на ДДВ?Одиме понатаму. Фирмите со толкав обрт, наводен како што вели Сања Лукаревска се продаваат по само 8 односно 10 месеци. И тоа на лица од Косово, коишто сега е јасно дека не постојат односно не влегле во Македонија.И повторно ќе прашам, дали Сања Лукаревска, доколку фатила и спречила на време криминален обид за поврат на ДДВ, дали тоа го пријавила до ОЈО или до МВР? Дали до ОЈО е пријавен можеби случај дека Хантонос користел даночно олеснување за увезена стока, која воопшто не е регистрирана на Царина?Почитувани, ова е тежок криминал. Духовитоста на Сања Лукаревска не и прилега кога станува збор за најмалку 22 милиони евра, туку потребни се сериозни одговори. Ова е сериозен организиран криминал.

Продадените фирми се на лица коишто воопшто не влегле во Македонија. Па како тогаш е направена продажбата преку нотарски? Како Централен регистар направил промена? Како е отворена сметка? Кој го води сметководството на овие компании? Како е возможно да има фактури до УЈП за увоз на 50 милиони евра стока, а да нема за тоа податоци на Царина? Оттука го повикувам ОЈО за сериозна истрага и отворање на предмет. Несериозноста во 2020 година за исплатените 5 милиони евра по криминален поврат на ДДВ, сега доведе до шема со најмалку 22 милиони евра од две фирми, чиишто презимиња сега се повторуваат.Затоа велиме никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме.

The post Ако се било фиктивно од кого и за што Лукаревска ќе наплаќа данок, освен ако не се тоа парите дадени за поврат на ддв? appeared first on Република.

]]>

Почитувани, со исплата кон две фирми од УЈП буџетот е посиромашен за над 22 милиони евра, исплатени како поврат на ДДВ, а се работи за криминал. Залудни се обидите на Сања Лукаревска да демантира доколку не одговори: По кој основ фирмите АКТИКО/ОКИТНА од Струмица и ХАНТОНОС/ХАНТ ОСОЈ од Босилово се на листата на должници на УЈП?Ако Сања Лукаревска е во право и се било фиктивно, а овие побарувања за поврат на ДДВ не се платени, по која основа на фиктивно сега им бара данок? И второ, ако фирма упати барање за поврат на ДДВ од 11 односно над 12 милиони евра, УЈП утврди дека барањето е фиктивно како што вели Сања Лукаревска, односно било лажно барањето, тогаш дали од УЈП и од Сања Лукаревска бил спакуван предмет за МВР и ЈО?,прашува Наум Стоилковски.
Или едноставно доаѓаме до фактот: повратот е овозможен, сега УЈП сфаќа дека влетал во мрежа и си ги бара парите назад дадени за поврат на ДДВ. Ова не се „гачки“ како што велат Лукаревска и како што велат од СДС, ова се сериозни прашања за сериозен криминал за којшто мода да има одговорност. Ако се било фиктивно, од кого и за што Лукаревска ќе наплаќа данок, освен ако не се тоа парите овозможени и дадени за поврат на ДДВ?Почитувани, ова се двата документи од УЈП. Записници од надворешна контрола, направена кога Лукаревска сфаќа дека УЈП исплатило над 22 милиони евра поврат на ДДВ, а не постојат деловни книги, фирмите ја враќаат поштата, а МВР им кажува дека газдите од Косово или не постојат или воопшто не влегле во Македонија.
Нема овластено лице, нема ништо.И пак ќе повторам, и ова важи и за оние фирми за трговија со нафта за кои што се пофали Лукаревска, ако се е фиктивно и ако не постои, ако нема деловни книги за увид, по кој основ бара наплата на данок? Како проценила Лукаревска дека Актико и Хантонос треба да платат 11, односно 12,2 милиони евра? Според документите, тоа се поклопува со парите коишто биле побарувани за поврат на ДДВ, а во документите пишува дека со увид во книгите на УЈП и поднесените пријави, констатирано е дека фирмата (даночниот обврзник) користел право на одбивка на данок. Ако ги фатила на време, зошто контрола на овие компании се прави во октомври 2023, по цели година ипол отпосле?Фирмата Актико е основана во Струмица од семејство кое во 2020 беше дел од шема со поврат на ДДВ. По само две години, за три месеци работа, фирма со основачки влог 5000 евра, побарува и добива 11 милиони евра поврат за трговија од над 50 милиони евра. Фирмата Хантонос од Босилово, иста приказна, само повратот на данок е поголем, 12,2 милиони евра. Зарем тоа не бил доволен аларм? https://www.youtube.com/watch?v=8RSz6lOK2b4&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title
Што правеле во струмичката канцеларија на УЈП? Зошто не е направена контрола, квартална, токму да се фатат на време овие исплати? Што правела Сања Лукаревска ако одеднаш на само две нови фирми и се одобруваат 11, односно 12 милиони евра поврат на ДДВ?Одиме понатаму. Фирмите со толкав обрт, наводен како што вели Сања Лукаревска се продаваат по само 8 односно 10 месеци. И тоа на лица од Косово, коишто сега е јасно дека не постојат односно не влегле во Македонија.И повторно ќе прашам, дали Сања Лукаревска, доколку фатила и спречила на време криминален обид за поврат на ДДВ, дали тоа го пријавила до ОЈО или до МВР? Дали до ОЈО е пријавен можеби случај дека Хантонос користел даночно олеснување за увезена стока, која воопшто не е регистрирана на Царина?Почитувани, ова е тежок криминал. Духовитоста на Сања Лукаревска не и прилега кога станува збор за најмалку 22 милиони евра, туку потребни се сериозни одговори. Ова е сериозен организиран криминал.
Продадените фирми се на лица коишто воопшто не влегле во Македонија. Па како тогаш е направена продажбата преку нотарски? Како Централен регистар направил промена? Како е отворена сметка? Кој го води сметководството на овие компании? Како е возможно да има фактури до УЈП за увоз на 50 милиони евра стока, а да нема за тоа податоци на Царина? Оттука го повикувам ОЈО за сериозна истрага и отворање на предмет. Несериозноста во 2020 година за исплатените 5 милиони евра по криминален поврат на ДДВ, сега доведе до шема со најмалку 22 милиони евра од две фирми, чиишто презимиња сега се повторуваат.Затоа велиме никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме.

The post Ако се било фиктивно од кого и за што Лукаревска ќе наплаќа данок, освен ако не се тоа парите дадени за поврат на ддв? appeared first on Република.

]]>
Со потпис на Груби, мафијаш од црната листа на САД стана бизнис партнер на власта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-potpis-na-grubi-mafijash-od-tsrnata-lista-na-sad-stana-biznis-partner-na-vlasta/ Mon, 02 Oct 2023 09:17:47 +0000 https://republika.mk/?p=687028

Владата на ДУИ и СДС, Ковачевски и Артан Груби, како потписник на документот за Државната Лотарија, државната компанија Државна Лотарија водена од шефот на кабинет на Артан Груби, Перпарим Бајрами, се должни во најкус рок да соопштат дали имаат ветување, намера, или веќе имаат договор за внесување на Македонија во партнерски однос со Васил Божков или било кој од неговите фирми за игри на среќа, онлајн коцкање, обложување во Бугарија и дали тоа почитувани треба да се покрие со огласот на Државната Лотарија?, oбвини денеска Наум Стоилковски од ВМРО-ДМНЕ.

Ова  е многу важно бидејќи бугарскиот коцкарски могул и мафијашки олигарх, Васил Божков и неговите фирми од 2021 година се наоѓаат на црната листа на санкции на американскиот департмент за финансии, согласно листата со актот Магнитски против криминал, корупција, ширење на руски влијанија. Тоа подразбира економски и трговски санкции за компании и лица, листа која ја следат и по која што се водат банките и државите во светот.

Ова е извадок од ОФАК, одделот за контрола на имот при американскиот департмент, каде стои листата на која што е наведен и Васил Кроумов Божков, во латинична транскрипција со Ј наместо Ж, но и со ЗХ наместо Ж, наведено како алијас, исто како што стои и „Черепот“. Под неговото име се наведени и компаниите, и причината зошто е ставен на оваа листа.Ова е таа информација за медиумите од американскиот департмент за финансии. Тука стои дека тој подмитувал министри и официјални лица во Бугарија, меѓу кои и оние коишто издаваат дозволи за игри на среќа, влијаел да се донесат одлуки во негова полза. Ќе потенцирам уште еднаш, подмитувал да се донесат дозволи и закони во негова полза.

https://www.youtube.com/watch?v=9frLjoeipcI&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

ОФАК на листата и под санкции ги става и 58 фирми кои ги поседува или контролира Божков!Тука доминираат имиња на фирми со основа и варијации на името ВАБО, па варијации на имиња со НОВЕ, па ЕУРО или ЕВРОБЕТ и низа други, во зависност од тоа како добиваат или се откажуваат од лиценци, се отвораат или се затвораат.Од тука, работењето со него, со луѓе кои што се поврзуваат со него, со неговите фирми, се смета за работење спротивно на американските интереси, спротивно на справувањето со корупцијата, спротивно на борбата со мафијашкото и сомруското влијание.

И од тука, од исклучителна важност е да се знае, дали државната Лотарија, по одобрението од Артан Груби, влегла во партнерство со било која фирма на Божков или се доведува во врска со него? Исто така, би посочил на институциите во Македонија, сериозно да се зафатат со овој случај, бидејќи било каков договор, таен, потпишан или само договорен, на Државната лотарија со лице или фирма на црната листа на САД е работа спротивна на интересите на Македонија.

Уште повеќе, мора да се провери, дали инсистирањето на ДУИ, на Артан Груби и на неговиот довчерашен шеф на кабинет сега директор на државната лотарија за нови лиценци и на влез на странска фирма во бизнисот во Македонија, законски, амандмански или со владина одлука, има некаква врска со досегашните делувања на Божков со корупција и давање пари за носење на закони и лиценци во негова корист во Бугарија? Како да не е доволно што Македонија се дави во сиромаштија, а Груби и Владата на Ковачевски потпишуваат лиценци за коцкање.  Со потпис на Груби, мафијаш од црната листа на САД  бизнис партнер на Македонија. Недостасува само уште на листата да се додаде и дека соработува со фирми на црната листа на САД и работење спротивно на интересите на стратешкиот партнер на Македонија, со отворена можност за корупција.

The post Со потпис на Груби, мафијаш од црната листа на САД стана бизнис партнер на власта appeared first on Република.

Ако навистина има причина Фрчкоски да не ги врати парите зошто МНР се рапрашува до каде е процедурата? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ako-navistina-ima-prichina-frchkoski-da-ne-gi-vrati-parite-zoshto-mnr-se-raprashuva-do-kade-e-protsedurata/ Thu, 10 Aug 2023 10:50:43 +0000 https://republika.mk/?p=670730

Добро е што МНР и Пендаровски се одважија да одговорат на прашања вредни 4 милиони долари, лошо е што тоа го сторија некоординирано и после 10 дена, а и Димитар Ковачевски не одговори дали и што се му рекол Фрчкоски во септември.За Пендаровски парите се вратени во Буџет, според она што го објавија медиумите.За МНР, парите не можеле да се вратат затоа што иако легнати на сметка на Мисијата во ОН, не била полната сума од 4 милиони долари, па се чекало тоа да се заврши, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Ај што Пендаровски не ни очекуваме да е целосно информиран, но ако МНР знаеле дека парите, од сосема нелогични причини, не можеле да се вратат во државниот Буџет, зошто тогаш ги барале од Фрчкоски?Ако навистина имало причина Фрчкоски да не ги врати парите и за тоа знаеле, зошто МНР на два пати во рок од шест месеци му испраќал инструкции парите да бидат вратени во дрќжавниот Буџет?Ќе одам и степен понапред.Дали Филип Тосевски државниот секретар во МНР, не знаел дека Фрчкоски не може да ги врати парите, па му пратил инструкции?Тосевски инаку е прв човек на партиската комисија на СДС за надворешни работи.Дали Тосевски после декември во март не знаел, па потпишал инструкции до јуни Фрчкоски да ги врати парите?И зошто на овие инструкции за парите кај Фрчкоски, потпишан е  Тосевски, од позиција државен секретар, кога вакви инструкции се потпишувани од Директорот на директоратот за организациони работи и тоа е еден стандрад во МНР?Почитувани,Работата е многу подлабока отколку што ја прикажуваат, и уште повеќе водат кон сомнеж за можни зафати како во транзицискиот период на Македонија!

https://www.youtube.com/watch?v=wsvUm28A_M0&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Ако навистина има причина Фрчкоски да не ги врати парите зошто МНР се рапрашува до каде е процедурата? appeared first on Република.

Стоилковски: Кривичната за Папазов е чист политички прогон за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-krivichnata-za-papazov-e-chist-politichki-progon-za-gradonachalnik-od-vmro-dpmne/ Tue, 08 Aug 2023 11:03:27 +0000 https://republika.mk/?p=669958

Нема кривична за директорката на Мерко со средно образование во Струга, нема кривична за директор на Испитен центар што немаше испити речиси две години и поништи испити на над 110 кандидати, нема кривична за прескокнат септември во школо заради матни зделки, нема кривична за воопшто немање учебници за ученици и принтање скрипти од ДУИ, нема кривични за погрешни учебници што минале цел филтер во образование, нема кривична за неизработена платформа за онлајн настава. Се е ова скандали и злоупотреби во образованието од ДУИ и СДС, но кривична нема,обвини Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Ама затоа има кривична за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што во тој период кога сопреа со работа за лиценци за директори, именувал ВД директор во училиште без директорски испит, затоа што две години нема или се поништува директорски испит.

Е ова е хунтата на дело во паника.

https://www.youtube.com/watch?v=RChQJkwGd2I&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Кривичната пријава за Папазов доаѓа кога ДУИ и СДС е во паника, во време кога Јовески безгласниот обвинител не смее да писне за Мерко и дури организираше систем во насока на негова одбрана, Абази, ЈО за организиран криминал, кому Али му седи над глава, не смее да писне за Соравија, не смее да писне за Груби, не смее да писне за Мерко, дури и со ДКСК се скара и престана да комуницира. Ама затоа има кривична, и тоа од Главниот на пасошкото мафијашко одделение, Оливер Спасовски за Градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ. Оливер Спасовски кој што посакува кандидатура за претседател на државата.

Почитувани, ова е срамно, ова е одраз на очајната состојба во која се наоѓаат ДУИ и СДС.

Ова е чист политички прогон за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.

Ги боли градоначалникот на Кочани, Папазов затоа што работи, ги боли ВМРО-ДПМНЕ затоа што направи очигледна разлика, ги боли тоа што над 85% од народот ги смета за најголема грешка и не поддржуваат уставни измени.

ВМРО-ДПМНЕ и градоначалниците нема да застанат со работа во корист на народот, работеле и ќе работат, вклучително и Папазов во Кочани.

Познати се мотивите познати се и идејните творци на овој политички прогон и наскоро ќе има одговорност.

The post Стоилковски: Кривичната за Папазов е чист политички прогон за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ! appeared first on Република.

]]>

Нема кривична за директорката на Мерко со средно образование во Струга, нема кривична за директор на Испитен центар што немаше испити речиси две години и поништи испити на над 110 кандидати, нема кривична за прескокнат септември во школо заради матни зделки, нема кривична за воопшто немање учебници за ученици и принтање скрипти од ДУИ, нема кривични за погрешни учебници што минале цел филтер во образование, нема кривична за неизработена платформа за онлајн настава. Се е ова скандали и злоупотреби во образованието од ДУИ и СДС, но кривична нема,обвини Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
Ама затоа има кривична за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што во тој период кога сопреа со работа за лиценци за директори, именувал ВД директор во училиште без директорски испит, затоа што две години нема или се поништува директорски испит.
Е ова е хунтата на дело во паника. https://www.youtube.com/watch?v=RChQJkwGd2I&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title Кривичната пријава за Папазов доаѓа кога ДУИ и СДС е во паника, во време кога Јовески безгласниот обвинител не смее да писне за Мерко и дури организираше систем во насока на негова одбрана, Абази, ЈО за организиран криминал, кому Али му седи над глава, не смее да писне за Соравија, не смее да писне за Груби, не смее да писне за Мерко, дури и со ДКСК се скара и престана да комуницира. Ама затоа има кривична, и тоа од Главниот на пасошкото мафијашко одделение, Оливер Спасовски за Градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ. Оливер Спасовски кој што посакува кандидатура за претседател на државата. Почитувани, ова е срамно, ова е одраз на очајната состојба во која се наоѓаат ДУИ и СДС. Ова е чист политички прогон за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ. Ги боли градоначалникот на Кочани, Папазов затоа што работи, ги боли ВМРО-ДПМНЕ затоа што направи очигледна разлика, ги боли тоа што над 85% од народот ги смета за најголема грешка и не поддржуваат уставни измени. ВМРО-ДПМНЕ и градоначалниците нема да застанат со работа во корист на народот, работеле и ќе работат, вклучително и Папазов во Кочани. Познати се мотивите познати се и идејните творци на овој политички прогон и наскоро ќе има одговорност.  

The post Стоилковски: Кривичната за Папазов е чист политички прогон за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ! appeared first on Република.

]]>
Стоилковски: Ковачевски наметнува нови даноци заради празната државна каса, Фрчкоски не му враќа 4 милиони долари, а нема санкции? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-kovachevski-nametnuva-novi-danotsi-zaradi-praznata-drzhavna-kasa-frchkoski-ne-mu-vraka-4-milioni-dolari-a-nema-sanktsii/ Thu, 03 Aug 2023 11:29:14 +0000 https://republika.mk/?p=668253

Ниту Бујар Османи, ниту Димитар Ковачевски не одговорија каде се 4 милиони долари од поделбата на имотот на поранешна Југославија што и припаднаа на Македонија? Зошто Фрчкоски не ги враќа парите во буџетот? Дали ќе се санкционира ваквото однесување на Фрчкоски, во моменти кога Ковачевски воведува нови даноци заради празната државна каса, а Фрчкоски не враќа 4 милиони долари?, праша на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Ова е огромен скандал, недозволиво е два дена да нема одговор зошто Љубомир Фрчкоски не ги префрла 3 милиони и 400 илјади американски долари од сметката на Постојаната мисија на Македонија при ОН во државниот буџет? За потсетување, 3,4 милиони веќе се префрлени на сметка на Мисијата на Фрчкоски, а се очекуваат уште 600 илјади американски долари.

Османи и Ковачевски мора да одговорат дали во декември лани и во јуни годинава испратиле инструкции до Фрчкоски парите да бидат префрлени во државниот буџет? Османи и Ковачевски мора да одговорат зошто е потребно дури на два пати, декември и половина година потоа, во јуни годинава по втор пат да праќаат исти инструкции амбасадор да врати пари од сметка во буџетот? Дали Фрчкоски одбива соработка со министерството и со владата? Дали е тоа дозволено самоволие и непочитување на инструкции од Фрчкоски – парите не ги префрла во буџетот на државата, тоа одбива да го направи и ги држи на сметката на Мисијата?

Мора да се знае какви инструкции има амбасадорот Фрчкоски за трошење на државните 4 милиони долари? За што се планирани овие пари, дали воопшто се планирани ако се бараат во буџетот, или на повидок е потенцијална матна зделка?

И најважното прашање – зошто Димитар Ковачевски молчи за скандалот, ако не бил информиран, сега веќе би требало да знае за сето ова?

Ковачевски наметнува нови даноци, Фрчкоски не му враќа 4 милиони долари, а нема санкции?

Дали Македонија ќе доживее уште еден скандал од транзицискиот политичар, којшто веројатно смета дека како амбасадор може да не почитува инструкции и на сметка на Мисијата да присвои пари на граѓаните на Македонија, за можни матни зделки практикувани во 90-тите години како на пример за скапи коњи, луксузни очила за сонце, кога амбасадорот беше министер?

Македонија тоне во сиромаштија, се измислуваат нови даноци и давачки, криминалот, корупцијата, неказнивоста и самоволието цветаат.

Само избори се спасот!, подвлече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Стоилковски: Ковачевски наметнува нови даноци заради празната државна каса, Фрчкоски не му враќа 4 милиони долари, а нема санкции? appeared first on Република.

]]>

Ниту Бујар Османи, ниту Димитар Ковачевски не одговорија каде се 4 милиони долари од поделбата на имотот на поранешна Југославија што и припаднаа на Македонија? Зошто Фрчкоски не ги враќа парите во буџетот? Дали ќе се санкционира ваквото однесување на Фрчкоски, во моменти кога Ковачевски воведува нови даноци заради празната државна каса, а Фрчкоски не враќа 4 милиони долари?, праша на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Ова е огромен скандал, недозволиво е два дена да нема одговор зошто Љубомир Фрчкоски не ги префрла 3 милиони и 400 илјади американски долари од сметката на Постојаната мисија на Македонија при ОН во државниот буџет? За потсетување, 3,4 милиони веќе се префрлени на сметка на Мисијата на Фрчкоски, а се очекуваат уште 600 илјади американски долари. Османи и Ковачевски мора да одговорат дали во декември лани и во јуни годинава испратиле инструкции до Фрчкоски парите да бидат префрлени во државниот буџет? Османи и Ковачевски мора да одговорат зошто е потребно дури на два пати, декември и половина година потоа, во јуни годинава по втор пат да праќаат исти инструкции амбасадор да врати пари од сметка во буџетот? Дали Фрчкоски одбива соработка со министерството и со владата? Дали е тоа дозволено самоволие и непочитување на инструкции од Фрчкоски – парите не ги префрла во буџетот на државата, тоа одбива да го направи и ги држи на сметката на Мисијата? Мора да се знае какви инструкции има амбасадорот Фрчкоски за трошење на државните 4 милиони долари? За што се планирани овие пари, дали воопшто се планирани ако се бараат во буџетот, или на повидок е потенцијална матна зделка? И најважното прашање – зошто Димитар Ковачевски молчи за скандалот, ако не бил информиран, сега веќе би требало да знае за сето ова? Ковачевски наметнува нови даноци, Фрчкоски не му враќа 4 милиони долари, а нема санкции? Дали Македонија ќе доживее уште еден скандал од транзицискиот политичар, којшто веројатно смета дека како амбасадор може да не почитува инструкции и на сметка на Мисијата да присвои пари на граѓаните на Македонија, за можни матни зделки практикувани во 90-тите години како на пример за скапи коњи, луксузни очила за сонце, кога амбасадорот беше министер? Македонија тоне во сиромаштија, се измислуваат нови даноци и давачки, криминалот, корупцијата, неказнивоста и самоволието цветаат. Само избори се спасот!, подвлече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Стоилковски: Ковачевски наметнува нови даноци заради празната државна каса, Фрчкоски не му враќа 4 милиони долари, а нема санкции? appeared first on Република.

]]>
Oва е Самед Мисини – револверашот од Ласкарци кој пукал во присуство на директорот на БЈБ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ova-e-samed-misini-revolverashot-od-laskartsi-koj-pukal-vo-prisustvo-na-direktorot-na-bjb/ Sat, 11 Mar 2023 11:36:45 +0000 https://republika.mk/?p=618449

Македонија тоне во насилен криминал и хаос затоа што институциите шуруваат со криминалот!. Ова е Самед Мисини од Ласкарци, во Јули 2022 година, кога испукува најмалку една цела рамка од огнено оружје! Ова пукањето е кривично дело член 396 став 2, обзнани портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

https://www.youtube.com/watch?v=SLpQWU_CDa4

Покрај пукањето, Мисини се поврзува и со насилство против изборите за бркање на гласачи и набљудувачи во Ласкарци, како и со напад и тепање на бизнисмен во кабинетот на Шилегов веднаш по локалните избори, кога при полициска интервенција пронајдено е и оружје. Секако, нема казна за Мисини

Мисини е бизнисмен, градежник, добитник на тендери од Скопје под Шилегов, а до сега иако има повеќе документи за дела во полицијата, никогаш ништо не е реализирано.

За кривичното дело, што го видовте, има оперативен извештај до Единица за недозволена трговија, но не се преземени никакви оперативни мерки. Нема претрес, нема барање на оружјето, нема казна.Причина за неказнувањето е што главен гостин и сведок на пукањето, во случајот свадба кај Мисини, е директорот на БЈБ Сашо Тасевски со семејството.

Почитувани, нема јасна поделба помеѓу тој што треба да го гони криминалот  и да биде ортак со него! Оттука, Оливер Спасовски и Сашо Тасевски, мора да одговорат:

Дали е нормално наместо Мисини за случајот да бидат казнети полицајци?
Дали е нормално вакво пукање да се случува пред очи на директор на БЈБ?
Дали е нормално директор на БЈБ да биде во блиски пријателски семејни врски со човек којшто пука, тепа, и насилно попречува изборен процес?
Дали неказнивоста на овој човек се спроведува преку началникот на крим полиција Музафер Каришиќ?

Колку пати Мисини бил гостин во полицијата во кабинетот на Тасевски?
Но, и кога Тасевски ќе го пријави до ДКСК станот во којшто живее од пред нова година, стан во една од зградите изградени од Мисини?Почитувани, наместо да се гони криминалот, институциите со СДС и ДУИ шуруваат со него. Оној што треба да го гони криминалот влегува во ортачки однос со него!Скопје и Македонија се претворени во држава каде што царува криминал, насилства, убиства и мафијашки пресметки.Се додека оние што шуруваат со криминалот се на власт, Македонија ќе продолжи да тоне!

The post Oва е Самед Мисини – револверашот од Ласкарци кој пукал во присуство на директорот на БЈБ appeared first on Република.

]]>

Македонија тоне во насилен криминал и хаос затоа што институциите шуруваат со криминалот!. Ова е Самед Мисини од Ласкарци, во Јули 2022 година, кога испукува најмалку една цела рамка од огнено оружје! Ова пукањето е кривично дело член 396 став 2, обзнани портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски. https://www.youtube.com/watch?v=SLpQWU_CDa4 Покрај пукањето, Мисини се поврзува и со насилство против изборите за бркање на гласачи и набљудувачи во Ласкарци, како и со напад и тепање на бизнисмен во кабинетот на Шилегов веднаш по локалните избори, кога при полициска интервенција пронајдено е и оружје. Секако, нема казна за Мисини Мисини е бизнисмен, градежник, добитник на тендери од Скопје под Шилегов, а до сега иако има повеќе документи за дела во полицијата, никогаш ништо не е реализирано.
За кривичното дело, што го видовте, има оперативен извештај до Единица за недозволена трговија, но не се преземени никакви оперативни мерки. Нема претрес, нема барање на оружјето, нема казна.Причина за неказнувањето е што главен гостин и сведок на пукањето, во случајот свадба кај Мисини, е директорот на БЈБ Сашо Тасевски со семејството.
Почитувани, нема јасна поделба помеѓу тој што треба да го гони криминалот  и да биде ортак со него! Оттука, Оливер Спасовски и Сашо Тасевски, мора да одговорат: Дали е нормално наместо Мисини за случајот да бидат казнети полицајци? Дали е нормално вакво пукање да се случува пред очи на директор на БЈБ? Дали е нормално директор на БЈБ да биде во блиски пријателски семејни врски со човек којшто пука, тепа, и насилно попречува изборен процес? Дали неказнивоста на овој човек се спроведува преку началникот на крим полиција Музафер Каришиќ?
Колку пати Мисини бил гостин во полицијата во кабинетот на Тасевски? Но, и кога Тасевски ќе го пријави до ДКСК станот во којшто живее од пред нова година, стан во една од зградите изградени од Мисини?Почитувани, наместо да се гони криминалот, институциите со СДС и ДУИ шуруваат со него. Оној што треба да го гони криминалот влегува во ортачки однос со него!Скопје и Македонија се претворени во држава каде што царува криминал, насилства, убиства и мафијашки пресметки.Се додека оние што шуруваат со криминалот се на власт, Македонија ќе продолжи да тоне!

The post Oва е Самед Мисини – револверашот од Ласкарци кој пукал во присуство на директорот на БЈБ appeared first on Република.

]]>
Стоилковски: Ковачевски со шовинизам го брани скандалозното вработување во МНР https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-kovachevski-so-shovinizam-go-brani-skandaloznoto-vrabotuvanje-vo-mnr/ Mon, 05 Sep 2022 14:53:05 +0000 https://republika.mk/?p=547704

Димитар Ковачевски не само што не знае да ја води државата којашто ја потопија во криминал и сиромаштија, туку покажува и неразбирање на поими, рече на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Ковачевски со изнесениот став и обвинување за шовинизам, покажува дека лично тој е шовинист. Едноставно, почувствувал потреба да ја брани нововработената во МНР како маж, според родова или полова припадност, а не да ги брани нејзините квалитети, да ги истакне нејзините квалитети и потребата од нејзино вработување во најпосакуваното министерство во Македонија, министерството за надворешни работи. Ковачевски во шовинистичката одбрана, повторно не објасни како и зошто е вработена во МНР, како била ангажирана од повеќе институции во исто време дотичната Бесмира Ејупи? Нели Ковачевски не ја познаваше личноста што требаше да ја именува како Генерален конзул во Њујорк? Уште еднаш, Бесмира Ејупи е јавна личност, новинар, ангажирана од повеќе државни институции и општини од каде што добивала над 12.000 евра за една година и за што е отворен случај во ДКСК, истакна Стоилковски.

Ако јавното соопштување за вработувањето на несудената конзулка во МНР е шовинизам, тогаш Ковачевски очекувам да го осуди и отворањето на случајот во ДКСК за нејзините истовремени ангажирања во повеќе институции. Притоа очекувам Ковачевски да ја осуди за шовинизам и првата жена на ДКСК, додаде тој.

https://youtu.be/qB3fLypODcQ

The post Стоилковски: Ковачевски со шовинизам го брани скандалозното вработување во МНР appeared first on Република.

]]>

Димитар Ковачевски не само што не знае да ја води државата којашто ја потопија во криминал и сиромаштија, туку покажува и неразбирање на поими, рече на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
-Ковачевски со изнесениот став и обвинување за шовинизам, покажува дека лично тој е шовинист. Едноставно, почувствувал потреба да ја брани нововработената во МНР како маж, според родова или полова припадност, а не да ги брани нејзините квалитети, да ги истакне нејзините квалитети и потребата од нејзино вработување во најпосакуваното министерство во Македонија, министерството за надворешни работи. Ковачевски во шовинистичката одбрана, повторно не објасни како и зошто е вработена во МНР, како била ангажирана од повеќе институции во исто време дотичната Бесмира Ејупи? Нели Ковачевски не ја познаваше личноста што требаше да ја именува како Генерален конзул во Њујорк? Уште еднаш, Бесмира Ејупи е јавна личност, новинар, ангажирана од повеќе државни институции и општини од каде што добивала над 12.000 евра за една година и за што е отворен случај во ДКСК, истакна Стоилковски.
Ако јавното соопштување за вработувањето на несудената конзулка во МНР е шовинизам, тогаш Ковачевски очекувам да го осуди и отворањето на случајот во ДКСК за нејзините истовремени ангажирања во повеќе институции. Притоа очекувам Ковачевски да ја осуди за шовинизам и првата жена на ДКСК, додаде тој. https://youtu.be/qB3fLypODcQ

The post Стоилковски: Ковачевски со шовинизам го брани скандалозното вработување во МНР appeared first on Република.

]]>
Стоилковски: Зајкова е должна да каже дали е легализиран објект изграден вон законскиот рок? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-zajkova-e-dolzna-da-kaze-dali-e-legaliziran-objekt-izgraden-von-zakonskiot-rok/ Mon, 29 Aug 2022 11:05:54 +0000 https://republika.mk/?p=545233

Моника Зајкова, пратеник во Собранието што слепо ги поддржува сите штетни и антимакедонски политики, два дена не дава одговор на многу едноставно прашање – кога и е изградена семејната вила од речиси 120 м2 на државно земјиште на Маврово, изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Вилата во Трница, во популарно нареченото „Зајково маало“ е легализирана во 2018-та година. Услов за легализација според Законот, е објектот да е изграден пред 3-ти март 2011-та година. ОВА Е решението за легализација. Поднесено на 26-ти март 2018 година. Со барањето таткото на Зајкова поднел геодетски елаборат изработен во март 2018 година, копија од лична карта и изјава дадена на нотар исто во март 2018 година. Според Законот се дава ваква изјава, со која што се потврдува односно се дава точна и прецизна информација кога е изградена дивоградбата што се бара да се легализира односно дека таа е изградена пред 3-ти март 2011-та година. Оттука, по поднесувањето на барањето во одделението за урбанизам, комунални дејности, ЛЕР и заштита на животна средина на општина Маврово и Ростуше во мај 2018 година прави записник од лице место, па дава урбанистичка согласност на 19-ти јуни и експресно, на 25-ти мај 2018 година објектот е легализиран. Потписникот е пуленот на СДСМ, градоначалникот Медат Куртовски! Пратеничката Зајкова мора да објасни зошто некој којшто имал вила изградена пред 2011-та година и сакал да ја легализира согласно Законот донесен 2011-та година би чекал цели седум години за да поднесе барање за легализација? Зајкова мора да објасни зошто е сета документација за легализација на вилата вадена во 2018-та година, од март за до јуни за експресна легализација? Прашање до државните органи е што виделе тимот на Куртовски при наведениот увид на лице место, каде што наместо шума има цело ново „Зајково маало“? Зад мене се сателитски фотографии токму од „Зајково маало“ во Трница, Маврово, првата фотографија е од јуни 2014-та година, кога јасно се гледа дека станува збор за шума! Ниту постоела куќа, ниту имало некаков објект! Шума! Следната фотографија под неа е од јуни 2017-та година, каде што фотографијата покажува не само куќа, вилата на Зајкови, туку цело т.н. „Зајково маало“! Моника Зајкова во својот анкетен лист покажува семеен имот, имот на семејна заедница во којашто живее, имот којшто е легализиран иако е изграден во период од 2015-та до 2017 година, односно цели пет години по периодот што го опфаќа законот за легализација. Како е возможно да е легализиран објект изграден цели 5 години по носење на Законот, којшто јасно дава јасни временски рамки? Моника Зајкова како пратеник е должна јавно јасно да каже кога е изградена семејната вила, дали е легализиран објект изграден вон законскиот рок и најважно, дали на ова се должи слепата послушност на Зајкова при гласање на штетните антимакедонски политики во Парламентот? праша Стоилковски.

Ова мора да има крај! Неказнивоста и криминалот на власта ја доведоа Македонија на просјачки стап. Ова мора да има крај! Додаде тој.

https://youtu.be/qsvPkyEXfuo

The post Стоилковски: Зајкова е должна да каже дали е легализиран објект изграден вон законскиот рок? appeared first on Република.

Ова мора да има крај! Неказнивоста и криминалот на власта ја доведоа Македонија на просјачки стап. Ова мора да има крај! Додаде тој. https://youtu.be/qsvPkyEXfuo