Наум Петрески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/naum-petreski/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Oct 2024 09:45:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Наум Петрески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/naum-petreski/ 32 32 Наум Петрески и сопругата Зуица Лазова ќе пеат заедно со нивниот син Стефан на годинешниот „Прилеп фест“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/naum-petreski-i-soprugata-zuitsa-lazova-ke-peat-zaedno-so-nivniot-sin-stefan-na-godineshniot-prilep-fest/ Wed, 16 Oct 2024 13:55:11 +0000 https://republika.mk/?p=827492

Уште нецели две недели до одржување на деветотто издание на реномираниот музички фестивал за народна музика „Прилеп фест 2024”.

На 1 ноември, односно во петок на сцената во домот на културата „Марко Цепенков” во Прилеп ќе имаме прилика да ги слушнеме и видиме најистакнатите музички фолк имиња од нашата земја. Листата на изведувачи е навистина голема, а ова се само дел од нив: Анета Љумаковска, Перо Христов, Татијана Стефановска, Спасен Сиљановски, Елена Велевска, Чеде Спасиќ, Стојне Николова, Дамјан Димевски и уште многу други.

Она што ќе биде вистинско изненадување на вечерта е заедничкиот настап на Наум Петрески, неговата сопруга Зуица Лазова и нивниот син Стефан.

Мора и да се напомене дека освен што ќе ги видиме добро познати музички ѕвезди, фестивалот останува верен на својата традиција да им даде простор и на новите музички надежи, овозможувајќи им афирмација пред широката публика и љубителите на фолк музиката.

Нè очекува одличен фестивал и одлични нови песни.

The post Наум Петрески и сопругата Зуица Лазова ќе пеат заедно со нивниот син Стефан на годинешниот „Прилеп фест“ appeared first on Република.

]]>

Уште нецели две недели до одржување на деветотто издание на реномираниот музички фестивал за народна музика „Прилеп фест 2024”. На 1 ноември, односно во петок на сцената во домот на културата „Марко Цепенков” во Прилеп ќе имаме прилика да ги слушнеме и видиме најистакнатите музички фолк имиња од нашата земја. Листата на изведувачи е навистина голема, а ова се само дел од нив: Анета Љумаковска, Перо Христов, Татијана Стефановска, Спасен Сиљановски, Елена Велевска, Чеде Спасиќ, Стојне Николова, Дамјан Димевски и уште многу други. Она што ќе биде вистинско изненадување на вечерта е заедничкиот настап на Наум Петрески, неговата сопруга Зуица Лазова и нивниот син Стефан. Мора и да се напомене дека освен што ќе ги видиме добро познати музички ѕвезди, фестивалот останува верен на својата традиција да им даде простор и на новите музички надежи, овозможувајќи им афирмација пред широката публика и љубителите на фолк музиката. Нè очекува одличен фестивал и одлични нови песни.

The post Наум Петрески и сопругата Зуица Лазова ќе пеат заедно со нивниот син Стефан на годинешниот „Прилеп фест“ appeared first on Република.

]]>
ДНК, Наум и Џамбо ја објавија „Животе брате“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/dnk-naum-i-dhambo-ja-objavija-zhivote-brate/ Tue, 21 May 2024 09:34:43 +0000 https://republika.mk/?p=780421

Сигурно многумина од вас овие денови можеа да видат голем број од нашите јавни личности, пејачи, водители и актери како на социјалните мрежи споделуваат видеа на кои пеат некоја песна. Всушност станува збор за најновиот сингл на дуото - ДНК која носи наслов „Животе брате“, а на која како гости учествува кралот на фолк-музиката Наум Петрески и светски познатиот, а сепак наш Џамбо Агушев.

По се изгледа ова е уште една песна на ДНК која има голем потенцијал да стане химна на народот, односно како што е нивната „Ако утре ме нема“.

Панчо и Андреј велат дека во „Животе брате“ метафорично преку обраќање на небото/Бога, се обраќаат на животот.

Животе брате, брате, дај насмевни се. Животе брате, брате дај смилувај се. Животе брате да запееме, Еднаш живееме“ - се пее во рефренот на оваа песна, а тоа се зборови кои токму Андреј и Панчо ги порачуваат на сите нас.

Немаме што да ви изјавиме. Кратко и јасно, ова е песна за животот! Пресреќни сме и почестени што две големи македонски легенди ни гостуваат и воедно благодарни што прифатија да бидат дел од овој проект. Искрено веруваме дека публиката ќе ужива во неа, велат момците од ДНК.

Инаку како и за останатите „чеда“ на ДНК, така и за оваа тие снимија одличен видеоспот со многу статисти и пријатели, а како режисер на спотот се потпишува Огнен Шапковски.

Како локации се избрани Скопска Црна Гора и етно ресторанот „Рибилимус“.

Авторскиот тим е идентичен, Лазар Цветкоски се погрижи за аранжманот, текстот е на Панчо, музиката заедничка, додека делот на трубите самиот Џамбо Агушев.

https://youtu.be/o54eLt4MY9Y?si=nHQVr4KJDC90y7Gk

The post ДНК, Наум и Џамбо ја објавија „Животе брате“ appeared first on Република.

]]>

Сигурно многумина од вас овие денови можеа да видат голем број од нашите јавни личности, пејачи, водители и актери како на социјалните мрежи споделуваат видеа на кои пеат некоја песна. Всушност станува збор за најновиот сингл на дуото - ДНК која носи наслов „Животе брате“, а на која како гости учествува кралот на фолк-музиката Наум Петрески и светски познатиот, а сепак наш Џамбо Агушев. По се изгледа ова е уште една песна на ДНК која има голем потенцијал да стане химна на народот, односно како што е нивната „Ако утре ме нема“. Панчо и Андреј велат дека во „Животе брате“ метафорично преку обраќање на небото/Бога, се обраќаат на животот. „Животе брате, брате, дај насмевни се. Животе брате, брате дај смилувај се. Животе брате да запееме, Еднаш живееме“ - се пее во рефренот на оваа песна, а тоа се зборови кои токму Андреј и Панчо ги порачуваат на сите нас.
Немаме што да ви изјавиме. Кратко и јасно, ова е песна за животот! Пресреќни сме и почестени што две големи македонски легенди ни гостуваат и воедно благодарни што прифатија да бидат дел од овој проект. Искрено веруваме дека публиката ќе ужива во неа, велат момците од ДНК.
Инаку како и за останатите „чеда“ на ДНК, така и за оваа тие снимија одличен видеоспот со многу статисти и пријатели, а како режисер на спотот се потпишува Огнен Шапковски. Како локации се избрани Скопска Црна Гора и етно ресторанот „Рибилимус“. Авторскиот тим е идентичен, Лазар Цветкоски се погрижи за аранжманот, текстот е на Панчо, музиката заедничка, додека делот на трубите самиот Џамбо Агушев. https://youtu.be/o54eLt4MY9Y?si=nHQVr4KJDC90y7Gk

The post ДНК, Наум и Џамбо ја објавија „Животе брате“ appeared first on Република.

]]>
„Послушајте патриоти“ во изведба на ДНК и Наум Петрески https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/poslushajte-patrioti-vo-izvedba-na-dnk-i-naum-petreski/ Thu, 31 Aug 2023 11:33:30 +0000 https://republika.mk/?p=677596

„Послушајте патриоти да ви кажам словото, на Ѓурѓовден бев затворен, в црни темни зандани. Во зандани бев предаден од проклети шпиони, од проклетите шпиони неразбрани трговци...“, токму вака почнува последната дванаесетта нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“, овој пат во изведба на Панчо и Андреј од ДНК и Наум Петрески.

https://www.youtube.com/watch?v=rbGfR4GIkHE

Со „Послушајте патриоти“ се затвора кругот - 12 песни, 12 изведувачи, но стартува новото поглавје – концертниот караван во чии рамки ќе се одржат концерти во осум македонски града.

„Послушајте патриоти“ е песна испеана за македонскиот деец Александар Караѓуле-Охридски, инаку и самиот автор на стиховите – сведоштво за неговите измачувања во софискиот затвор во 1892 година. Прв пат е снимена од бардот на македонската народна музика Никола Бадев, и тоа за дискографската куќа Југотон во Белград. Во своите музички биографии ја имаат запишано и Јонче Христовски, Гоце Арнаудов... Оваа композиција во македонското музичко богатство зачувана како револуционерна, овој пат спакувана од маестро Николче Мицевски, сега ја снимија и ДНК и Наум.

„’Послушајте патриоти’ за нас е една несекојдневна соработка со нашиот добар пријател Наум Петрески, кој според нас е најдобриот машки вокал. За аранжманот беше задолжен маестралниот Николче Мицевски, а поканата дојде од проектот „Македонијо во срце те носиме“ на што не можевме да останеме рамнодушни, особено кога станува збор за Македонија и нешто што треба да остане како наследство за идните генерации. Со оглед на летната турнеја и многубројните ангажмани не успеавме да ја визуализираме песната, но не значи дека тоа нема да се случи во блиска иднина“, велат Панчо и Андреј.

„Македонијо во срце те носиме“ е проект со потписот на Скендеровски продукција, а во чии рамки во изминатиов период слушнавте 12 македонски родољубиви песни отпеани од исто толку изведувачи, и од светот на забавната и од светот на народната музика, а сите спакувани во ново руво од Николче Мицевски. Она што ќе следува во склоп на целиот проект е концертниот караван кој стартува на 6 септември од плоштадот „Слобода“ во Штип. Освен штипјани во сите дванаесет нумери ќе има можност да ужива и публиката во Битола, Велес, Прилеп, Кочани, Тетово, Кавадарци и Скопје.

Бидете дел од караванот „Македонијо во срце те носиме“, дојдете заедно да ги отпееме најубавите македонски патриотски песни, да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кој ни го оставиле генерациите пред нас.

Распоред на концертите:

Штип – 6 септември

Битола – 13 септември

Велес – 20 септември

Прилеп – 27 септември

Кочани – 1 октомври

Тетово – 4 октомври

Кавадарци – 8 октомври

Скопје – 11 октомври

Почетокот на концертите е во 20 часот!

 

The post „Послушајте патриоти“ во изведба на ДНК и Наум Петрески appeared first on Република.

]]>

„Послушајте патриоти да ви кажам словото, на Ѓурѓовден бев затворен, в црни темни зандани. Во зандани бев предаден од проклети шпиони, од проклетите шпиони неразбрани трговци...“, токму вака почнува последната дванаесетта нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“, овој пат во изведба на Панчо и Андреј од ДНК и Наум Петрески. https://www.youtube.com/watch?v=rbGfR4GIkHE Со „Послушајте патриоти“ се затвора кругот - 12 песни, 12 изведувачи, но стартува новото поглавје – концертниот караван во чии рамки ќе се одржат концерти во осум македонски града. „Послушајте патриоти“ е песна испеана за македонскиот деец Александар Караѓуле-Охридски, инаку и самиот автор на стиховите – сведоштво за неговите измачувања во софискиот затвор во 1892 година. Прв пат е снимена од бардот на македонската народна музика Никола Бадев, и тоа за дискографската куќа Југотон во Белград. Во своите музички биографии ја имаат запишано и Јонче Христовски, Гоце Арнаудов... Оваа композиција во македонското музичко богатство зачувана како револуционерна, овој пат спакувана од маестро Николче Мицевски, сега ја снимија и ДНК и Наум. „’Послушајте патриоти’ за нас е една несекојдневна соработка со нашиот добар пријател Наум Петрески, кој според нас е најдобриот машки вокал. За аранжманот беше задолжен маестралниот Николче Мицевски, а поканата дојде од проектот „Македонијо во срце те носиме“ на што не можевме да останеме рамнодушни, особено кога станува збор за Македонија и нешто што треба да остане како наследство за идните генерации. Со оглед на летната турнеја и многубројните ангажмани не успеавме да ја визуализираме песната, но не значи дека тоа нема да се случи во блиска иднина“, велат Панчо и Андреј. „Македонијо во срце те носиме“ е проект со потписот на Скендеровски продукција, а во чии рамки во изминатиов период слушнавте 12 македонски родољубиви песни отпеани од исто толку изведувачи, и од светот на забавната и од светот на народната музика, а сите спакувани во ново руво од Николче Мицевски. Она што ќе следува во склоп на целиот проект е концертниот караван кој стартува на 6 септември од плоштадот „Слобода“ во Штип. Освен штипјани во сите дванаесет нумери ќе има можност да ужива и публиката во Битола, Велес, Прилеп, Кочани, Тетово, Кавадарци и Скопје. Бидете дел од караванот „Македонијо во срце те носиме“, дојдете заедно да ги отпееме најубавите македонски патриотски песни, да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кој ни го оставиле генерациите пред нас. Распоред на концертите: Штип – 6 септември Битола – 13 септември Велес – 20 септември Прилеп – 27 септември Кочани – 1 октомври Тетово – 4 октомври Кавадарци – 8 октомври Скопје – 11 октомври Почетокот на концертите е во 20 часот!  

The post „Послушајте патриоти“ во изведба на ДНК и Наум Петрески appeared first on Република.

]]>
Петрески: Младите да продолжат да ја чуваат македонската песна бидејќи нема кој друг да ја чува https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/petreski-mladite-da-prodolzhat-da-ja-chuvaat-makedonskata-pesna-bidejki-nema-koj-drug-da-ja-chuva/ Tue, 11 Jul 2023 13:43:16 +0000 https://republika.mk/?p=660073

Петтата преработка од проектот „Македонијо, во срце те носиме“ е „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ отпеана од златното грло на Наум Петрески, а спакувана со мерак од маестро Николче Мицевски.

Оваа песна е легендарна за нас Македонците и треба да се негува, впрочем, како и сите патриотски песни кои оставиле трага во нашата историја. Чест ми е што ја пеам во рамки на проектот „Македонијо во срце те носиме“, а уште посреќен сум што можам да испратам една убава порака, особено до младите – да продолжат да ја чуваат македонската песна бидејќи нема кој друг да ја чува, особено во ова време кога секојдневно и од сите страни сме напаѓани, вели Петрески.

https://youtu.be/y2EA_3a2_as

„Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ е отпеана во чест на македонскиот револуционер и просветен деец, а, според историчарот Коста Црнушанов, истата е создадена брзо по смртта на Миле. Според други извори, пак, била отпеана уште на неговиот погреб. Во 2006 година оваа песна е прогласена за официјална химна на градот Велес.

Инаку, ова е петтата по ред нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“, составен од 12 композиции во изведба на 12 изведувачи. Зад видеото, како и комплетната реализација на проектот се потпишува „Скендеровски продукција“. Во рамки на овој проект јавноста уште ќе ги чуе и види и: Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, ДНК, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Марија Спасовска и Зуица Лазова, а досега беа објавени патриотските песни во изведба на Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски, Мина Блажев и Огнен Здравковски.

Кон крајот на летото публиката ќе има можност сите 12 песни да ги слушне и во живо, бидејќи во план е и концертен караван кој под истото име ќе гостува во неколку македонски градови.

Да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кои ни го оставиле генерациите пред нас. 

The post Петрески: Младите да продолжат да ја чуваат македонската песна бидејќи нема кој друг да ја чува appeared first on Република.

]]>

Петтата преработка од проектот „Македонијо, во срце те носиме“ е „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ отпеана од златното грло на Наум Петрески, а спакувана со мерак од маестро Николче Мицевски.
Оваа песна е легендарна за нас Македонците и треба да се негува, впрочем, како и сите патриотски песни кои оставиле трага во нашата историја. Чест ми е што ја пеам во рамки на проектот „Македонијо во срце те носиме“, а уште посреќен сум што можам да испратам една убава порака, особено до младите – да продолжат да ја чуваат македонската песна бидејќи нема кој друг да ја чува, особено во ова време кога секојдневно и од сите страни сме напаѓани, вели Петрески.
https://youtu.be/y2EA_3a2_as „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ е отпеана во чест на македонскиот револуционер и просветен деец, а, според историчарот Коста Црнушанов, истата е создадена брзо по смртта на Миле. Според други извори, пак, била отпеана уште на неговиот погреб. Во 2006 година оваа песна е прогласена за официјална химна на градот Велес. Инаку, ова е петтата по ред нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“, составен од 12 композиции во изведба на 12 изведувачи. Зад видеото, како и комплетната реализација на проектот се потпишува „Скендеровски продукција“. Во рамки на овој проект јавноста уште ќе ги чуе и види и: Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, ДНК, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Марија Спасовска и Зуица Лазова, а досега беа објавени патриотските песни во изведба на Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски, Мина Блажев и Огнен Здравковски. Кон крајот на летото публиката ќе има можност сите 12 песни да ги слушне и во живо, бидејќи во план е и концертен караван кој под истото име ќе гостува во неколку македонски градови. Да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кои ни го оставиле генерациите пред нас. 

The post Петрески: Младите да продолжат да ја чуваат македонската песна бидејќи нема кој друг да ја чува appeared first on Република.

]]>
Кавга во домот на Наум и Зуица https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/kavga-vo-domot-na-naum-i-zuitsa/ Thu, 02 Mar 2023 14:35:27 +0000 https://republika.mk/?p=615162

Едни од најскапоцените украси на круната на македонската естрада се веројатно токму тие: филигранскиот раскош што преку своите гласни жици ни го дарува Наум Петрески и бисерната лелеава прецизност што е составен дел од песните на Зуица Лазова.

https://www.youtube.com/watch?v=r5GGqpU0ggU

Кога Бог ја делел дарбата за пој, изгледа пред нив му се истурила вреќата. Деновиве до нас стаса информација за кавга во нивниот дом , имено копјата се кршеле на тема која балада е поубава: „Без тебе“ на Наум или „Дојди“ на Зуица.

https://www.youtube.com/watch?v=zndx7HK1qOM

Авторскиот тим „виновен“ за создавање на овие две балади е истиот: Соња Дојчиновска одговорна за текстот и музика и Златко Миладиноски за аранжманот.

Можеби тоа дополнително влијае на изедначеноста во оваа „мртва трка“. Неодлучноста на оваа тема продолжи и во нашата редакција, затоа одлучивме да ви ги понудиме и вам, како дневно музичко мени, со надеж дека ќе излеземе од магичниот круг на изедначеност.

The post Кавга во домот на Наум и Зуица appeared first on Република.

]]>

Едни од најскапоцените украси на круната на македонската естрада се веројатно токму тие: филигранскиот раскош што преку своите гласни жици ни го дарува Наум Петрески и бисерната лелеава прецизност што е составен дел од песните на Зуица Лазова. https://www.youtube.com/watch?v=r5GGqpU0ggU Кога Бог ја делел дарбата за пој, изгледа пред нив му се истурила вреќата. Деновиве до нас стаса информација за кавга во нивниот дом , имено копјата се кршеле на тема која балада е поубава: „Без тебе“ на Наум или „Дојди“ на Зуица. https://www.youtube.com/watch?v=zndx7HK1qOM Авторскиот тим „виновен“ за создавање на овие две балади е истиот: Соња Дојчиновска одговорна за текстот и музика и Златко Миладиноски за аранжманот.
Можеби тоа дополнително влијае на изедначеноста во оваа „мртва трка“. Неодлучноста на оваа тема продолжи и во нашата редакција, затоа одлучивме да ви ги понудиме и вам, како дневно музичко мени, со надеж дека ќе излеземе од магичниот круг на изедначеност.

The post Кавга во домот на Наум и Зуица appeared first on Република.

]]>
Наум Петрески: Ме има на списокот на министерството за култура, колку да се каже дека ме има https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/naum-petreski-me-ima-na-spisokot-na-ministerstvoto-za-kultura-kolku-da-se-kazhe-deka-me-ima/ Thu, 16 Feb 2023 08:47:25 +0000 https://republika.mk/?p=609570

Министерството за култура ги распредели парите за финансирање на проекти од национален интерес во културата, а на популарниот фолк-пејач Наум Петрески му биле одобрени 60.000 денари.

Петрески за „Фокус“ кажа дека сумата која ја добил од министерство за култура е доволна за да се сними само една песна, па затоа решил да сними поголем дел од песните во Србија.

Смешно е да се коментира за сума од 1.000 евра доделена за снимање на цел албум. Само една песна изнесува толку, ако не и повеќе. Ме има на списокот на министерството, колку да се каже дека ме има. Ако ова е начин да се придонесе за нашата култура и за проекти кои се од голема важност, ќе кажам само дека начинот е сосема погрешен. Се оди на уништување на сè што е вредно во уметноста и културата во Македонија. Имав многу проекти, но се навикнав, тие едноставно ме „откачуваат“, вели Петрески за „Фокус“.

The post Наум Петрески: Ме има на списокот на министерството за култура, колку да се каже дека ме има appeared first on Република.

]]>

Министерството за култура ги распредели парите за финансирање на проекти од национален интерес во културата, а на популарниот фолк-пејач Наум Петрески му биле одобрени 60.000 денари. Петрески за „Фокус“ кажа дека сумата која ја добил од министерство за култура е доволна за да се сними само една песна, па затоа решил да сними поголем дел од песните во Србија.
Смешно е да се коментира за сума од 1.000 евра доделена за снимање на цел албум. Само една песна изнесува толку, ако не и повеќе. Ме има на списокот на министерството, колку да се каже дека ме има. Ако ова е начин да се придонесе за нашата култура и за проекти кои се од голема важност, ќе кажам само дека начинот е сосема погрешен. Се оди на уништување на сè што е вредно во уметноста и културата во Македонија. Имав многу проекти, но се навикнав, тие едноставно ме „откачуваат“, вели Петрески за „Фокус“.

The post Наум Петрески: Ме има на списокот на министерството за култура, колку да се каже дека ме има appeared first on Република.

]]>
Тајно се зедоа Наум и Зуица, венчавка по 16 години заеднички живот и две деца https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/tajno-se-zedoa-naum-i-zuitsa-venchavka-po-16-godini-zaednichki-zhivot-i-dve-detsa/ Thu, 29 Dec 2022 08:33:38 +0000 https://republika.mk/?p=591312

Пејачите Наум Петрески и Зуица Лазова, по 16 години заднички живот и две деца, тајно склопиле граѓански брак, а потоа и се венчале, дознава „ММС“.

Ова се случило пред шест месеци, но Зуица и Наум не сакале јавноста да знае, а тоа им го кажале и на најблиските, кои биле гости на двете брачни церемонии, во матично и во црква.

Повеќе на ММС

The post Тајно се зедоа Наум и Зуица, венчавка по 16 години заеднички живот и две деца appeared first on Република.

]]>

Пејачите Наум Петрески и Зуица Лазова, по 16 години заднички живот и две деца, тајно склопиле граѓански брак, а потоа и се венчале, дознава „ММС“. Ова се случило пред шест месеци, но Зуица и Наум не сакале јавноста да знае, а тоа им го кажале и на најблиските, кои биле гости на двете брачни церемонии, во матично и во црква. Повеќе на ММС

The post Тајно се зедоа Наум и Зуица, венчавка по 16 години заеднички живот и две деца appeared first on Република.

]]>
Наум Петрески со два концерта ќе одбележи 35 години кариера, сопругата Зуица Лазова специјална гостинка https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/naum-petreski-so-dva-koncerta-kje-odbelezi-35-godini-kariera-soprugata-zuica-lazova-specijalna-gostinka/ Mon, 01 Aug 2022 13:56:36 +0000 https://republika.mk/?p=535779

Фолк пејачот Наум Петрески со два солистички концерти ќе обележи 35 години на сцената. Јубилејните концерти ќе се одржат во Битола и Охрид, односно на 4 август на Хераклеа Битола и на 11 август на сцената на Долни Сарај во Охрид.

На двата концерти се најавени специјални гости, а сопругата на Петрески, Зуица Лазова ќе запее пред публиката во Битола и во Охрид. Покрај неа, во Битола ќе гостуваат Татијана Стефановска, Владимир Поповски и групата Боеми.

Во Охрид пак, освен Зуица и Владимир Поповски, ќе настапат и Ѓоко Таневски и Милован Секуловски.

Освен концертите во Битола и Охрид, најавена е и промоција на ,,Најдоброто од Наум” во Скопје, но се уште не е прецизиран датумот. Станува збор за најново издание кое ги содржи неговите најголеми хитови, создадени во текот на 35-годишната кариера.

The post Наум Петрески со два концерта ќе одбележи 35 години кариера, сопругата Зуица Лазова специјална гостинка appeared first on Република.

]]>

Фолк пејачот Наум Петрески со два солистички концерти ќе обележи 35 години на сцената. Јубилејните концерти ќе се одржат во Битола и Охрид, односно на 4 август на Хераклеа Битола и на 11 август на сцената на Долни Сарај во Охрид. На двата концерти се најавени специјални гости, а сопругата на Петрески, Зуица Лазова ќе запее пред публиката во Битола и во Охрид. Покрај неа, во Битола ќе гостуваат Татијана Стефановска, Владимир Поповски и групата Боеми. Во Охрид пак, освен Зуица и Владимир Поповски, ќе настапат и Ѓоко Таневски и Милован Секуловски. Освен концертите во Битола и Охрид, најавена е и промоција на ,,Најдоброто од Наум” во Скопје, но се уште не е прецизиран датумот. Станува збор за најново издание кое ги содржи неговите најголеми хитови, создадени во текот на 35-годишната кариера.

The post Наум Петрески со два концерта ќе одбележи 35 години кариера, сопругата Зуица Лазова специјална гостинка appeared first on Република.

]]>
Специјални гости на концертите на Наум во Битола и Охрид „35 години Наум” https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/specijalni-gosti-na-koncertite-na-naum-vo-bitola-i-ohrid-35-godini-naum/ Fri, 29 Jul 2022 15:48:24 +0000 https://republika.mk/?p=534746

На јубилејните концерти на Наум во Хераклеа Битола и Долни Сарај Охрид, ќе настапат и специјални гости.

На Концертот во Битола на сцената на античкиот театар Хераклеа, како специјални гости ќе настапат: групата Боеми, Зуица Лазова, Владимир Поповски и Татијана Стефановска.

Додека на концертот во Охрид на сцената во Долни Сарај, специјални гости ќе бидат Милован Секуловски, Ѓоко Таневски, Зуица Лазова и Владимир Поповски.

Како и предходно што Ве информиравме влезниците за двата концерти веќе се во продажба и можат да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com .

The post Специјални гости на концертите на Наум во Битола и Охрид „35 години Наум” appeared first on Република.

]]>

На јубилејните концерти на Наум во Хераклеа Битола и Долни Сарај Охрид, ќе настапат и специјални гости.

На Концертот во Битола на сцената на античкиот театар Хераклеа, како специјални гости ќе настапат: групата Боеми, Зуица Лазова, Владимир Поповски и Татијана Стефановска.

Додека на концертот во Охрид на сцената во Долни Сарај, специјални гости ќе бидат Милован Секуловски, Ѓоко Таневски, Зуица Лазова и Владимир Поповски.

Како и предходно што Ве информиравме влезниците за двата концерти веќе се во продажба и можат да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com .

The post Специјални гости на концертите на Наум во Битола и Охрид „35 години Наум” appeared first on Република.

]]>
Специјални гости на концертите на Наум во Битола и Охрид „35г. Наум” https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/specijalni-gosti-na-koncertite-na-naum-vo-bitola-i-ohrid-35g-naum/ Fri, 29 Jul 2022 07:38:55 +0000 https://republika.mk/?p=534509

На јубилејните концерти за 35 години богата кариера на Наум Петрески во Битола и во Охрид ќе настапат и специјални гости.

На концертот во Битола на сцената на античкиот театар во Хераклеа, како специјални гости ќе настапат: групата „Боеми“, Зуица Лазова, Владимир  Поповски и Татијана Стефановска. Додека на концертот во Охрид на сцената во Долни Сарај, специјални гости ќе бидат Милован Секуловски, Ѓоко Таневски, Зуица Лазова и Владимир Поповски, информираат организаторите.

Влезниците за двата концерти веќе се во продажба и можат да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com .

The post Специјални гости на концертите на Наум во Битола и Охрид „35г. Наум” appeared first on Република.

]]>

На јубилејните концерти за 35 години богата кариера на Наум Петрески во Битола и во Охрид ќе настапат и специјални гости. На концертот во Битола на сцената на античкиот театар во Хераклеа, како специјални гости ќе настапат: групата „Боеми“, Зуица Лазова, Владимир  Поповски и Татијана Стефановска. Додека на концертот во Охрид на сцената во Долни Сарај, специјални гости ќе бидат Милован Секуловски, Ѓоко Таневски, Зуица Лазова и Владимир Поповски, информираат организаторите. Влезниците за двата концерти веќе се во продажба и можат да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com .

The post Специјални гости на концертите на Наум во Битола и Охрид „35г. Наум” appeared first on Република.

]]>
Во продажба влезниците за концертот на Наум Петрески во Хераклеа – Битола https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/vo-prodazba-vleznicite-za-koncertot-na-naum-petreski-vo-heraklea-bitola/ Thu, 14 Jul 2022 14:16:15 +0000 https://republika.mk/?p=528850

Од денес пуштени се во продажба влезниците за јубилејниот концерт на Наум Петрески во Битола, „35 години Наум”, кој воедно претставува и концертна промоција на албумот “Најдоброто од Наум”, информираат организаторите.

Концертот ќе се одржи на 04.08 во Хераклеа Битола со почеток од 21:00ч., а влезниците по цена од 350,оо денари можат да се набават преку продажната мрежа на Купикартизасе како и онлајн на следниот линк- https://www.kupikartizase.com/Events/naum_heraklea

Во текот на идната недела ќе Ве информираме за продажбата на влезници за концертот во Долни Сарај Охрид, кој ќе се одржи на 11 август, соопштија оттаму.

The post Во продажба влезниците за концертот на Наум Петрески во Хераклеа – Битола appeared first on Република.

]]>

Од денес пуштени се во продажба влезниците за јубилејниот концерт на Наум Петрески во Битола, „35 години Наум”, кој воедно претставува и концертна промоција на албумот “Најдоброто од Наум”, информираат организаторите.

Концертот ќе се одржи на 04.08 во Хераклеа Битола со почеток од 21:00ч., а влезниците по цена од 350,оо денари можат да се набават преку продажната мрежа на Купикартизасе како и онлајн на следниот линк- https://www.kupikartizase.com/Events/naum_heraklea

Во текот на идната недела ќе Ве информираме за продажбата на влезници за концертот во Долни Сарај Охрид, кој ќе се одржи на 11 август, соопштија оттаму.

The post Во продажба влезниците за концертот на Наум Петрески во Хераклеа – Битола appeared first on Република.

]]>
Концертна промоција во Битола, Охрид и Скопје на „Најдоброто од Наум“ по повод 35 години кариера на македонската музичка ѕвезда https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/koncertna-promocija-vo-bitola-ohrid-i-skopje-na-najdobroto-od-naum-po-povod-35-godini-kariera-na-makedonskata-muzichka-dzvezda/ Mon, 04 Jul 2022 09:07:13 +0000 https://republika.mk/?p=523457

По повод 35. годишната кариера на македонската и балканска естрада, Наум Петрески и продуцентската куќа АВАРД Промотион, во август ќе го промовираат новото издание „Најдоброто од Наум“ кое ќе содржи дел од неговите најпознати хитови, со концертна промоција во Битола, Охрид и Скопје..
Ова е фантастична можност илјадниците фанови на Наум заедно со него на сцена, во живо да ги запеат сега веќе легендарните хитови: „Има ли песна”, „Жал за Деспина”, „Оди Ѕвездо”…, а на славеникот како гости ќе му оддадат признание за неговиот јубилеј многу пријатели од естрадата, пејачи, актери…
Квалитетот на внимателно одбрани песни во изведба на еден од најдобрите македонски пејачи Наум Петрески со долгогодишно музичко искуство е одличен пат кон успешноста на новиот редок, но многу значаен музички проект.

Концертите се закажани во Битола 04.08 Хераклеа, и во Охрид 11.08 Долни Сарај, а организаторот најави дека дополнително ќе информира за деталите за концертот во Скопје.

The post Концертна промоција во Битола, Охрид и Скопје на „Најдоброто од Наум“ по повод 35 години кариера на македонската музичка ѕвезда appeared first on Република.

]]>

По повод 35. годишната кариера на македонската и балканска естрада, Наум Петрески и продуцентската куќа АВАРД Промотион, во август ќе го промовираат новото издание „Најдоброто од Наум“ кое ќе содржи дел од неговите најпознати хитови, со концертна промоција во Битола, Охрид и Скопје.. Ова е фантастична можност илјадниците фанови на Наум заедно со него на сцена, во живо да ги запеат сега веќе легендарните хитови: „Има ли песна”, „Жал за Деспина”, „Оди Ѕвездо”…, а на славеникот како гости ќе му оддадат признание за неговиот јубилеј многу пријатели од естрадата, пејачи, актери… Квалитетот на внимателно одбрани песни во изведба на еден од најдобрите македонски пејачи Наум Петрески со долгогодишно музичко искуство е одличен пат кон успешноста на новиот редок, но многу значаен музички проект. Концертите се закажани во Битола 04.08 Хераклеа, и во Охрид 11.08 Долни Сарај, а организаторот најави дека дополнително ќе информира за деталите за концертот во Скопје.

The post Концертна промоција во Битола, Охрид и Скопје на „Најдоброто од Наум“ по повод 35 години кариера на македонската музичка ѕвезда appeared first on Република.

]]>
Наум стана дедо по втор пат https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/naum-stana-dedo-po-vtor-pat/ Thu, 30 Jun 2022 18:28:35 +0000 https://republika.mk/?p=521732

Анастасија Петреска, ќерката на Наум стана мајка по втор пат и добија машко дете, објави ММС. „Ти благодарам љубов моја, Џиџе си доби братле“, напишал Владимир Поповски, сопругот на Анастасија, зетот на Наум, кој е инаку пејач на групата „Биоритам“.

„Бебето ќе се вика Лука по наша желба“, изјавил Владимир за ММС. Тој и Анастасија како што споменавме погоре, пред пет години станаа родители на Андреа, која сега е пресреќна што има братче.

Во март во 2019 година, македонската естрадна брачна двојка, Анастасија Петреска и Владимир Поповски добија нова животна улога- станаа родители. Убавата вест на социјалните мрежи ја соопшти сестрата на Анастасија и ќерка на фолк пејачот Наум Петрески, Сања, која се пофали дека станала тетка. Бебенцето доби модерно име кое и го дадоа мама и тато, а одлуката била малата принцеза да се вика Андреа.

The post Наум стана дедо по втор пат appeared first on Република.

]]>

Анастасија Петреска, ќерката на Наум стана мајка по втор пат и добија машко дете, објави ММС. „Ти благодарам љубов моја, Џиџе си доби братле“, напишал Владимир Поповски, сопругот на Анастасија, зетот на Наум, кој е инаку пејач на групата „Биоритам“. „Бебето ќе се вика Лука по наша желба“, изјавил Владимир за ММС. Тој и Анастасија како што споменавме погоре, пред пет години станаа родители на Андреа, која сега е пресреќна што има братче. Во март во 2019 година, македонската естрадна брачна двојка, Анастасија Петреска и Владимир Поповски добија нова животна улога- станаа родители. Убавата вест на социјалните мрежи ја соопшти сестрата на Анастасија и ќерка на фолк пејачот Наум Петрески, Сања, која се пофали дека станала тетка. Бебенцето доби модерно име кое и го дадоа мама и тато, а одлуката била малата принцеза да се вика Андреа.

The post Наум стана дедо по втор пат appeared first on Република.

]]>