наука Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nauka/ За подобро да се разбереме Sun, 20 Oct 2024 16:39:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png наука Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nauka/ 32 32 Академик Урошевиќ: Во МАНУ се влегува со наука, не со етничка припадност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/akademik-uroshevik-vo-manu-se-vleguva-so-nauka-ne-so-etnichka-pripadnost/ Sun, 20 Oct 2024 15:49:32 +0000 https://republika.mk/?p=829173

За МАНУ е потребен вредносен критериум, а не етничка припадност, вели академик Влада Урошевиќ за Телевизија 24. Потврдува, дека имало кандидати Албанци кои биле одбиени за прием во академијата, но вели – многу повеќе Македонци останале пред вратата на МАНУ за членство.

Според Урошевиќ, ако се одбие кандидат Албанец, не значи дека има отпор кон Албанците, туку дека кандидатот не ги исполнил условите. Во Академијата има место само за оние кои кои го заслужиле тоа со своите достигнувања, вели академикот.

Процедурата е доста комплицирана. Секако дека имало кандидати Албанци кои не поминале во процедурата – тоа е точно. Но, многу, многу повеќе има кандидати Македонци, кои исто така не поминале. Доста е тешко да се исполнат тие услови, признавам. За мене, за прием во академијата, останува единствено – вредносен критериум. Она што вреди треба да влезе, без оглед на националната, верската и другата припадност, вели академик Влада Урошевиќ.

Академик Урошевиќ вели дека повеќе години би претставник на МАНУ во Меѓународната асоцијација на академии и вообичаено е во една земја да постои само една национална академија. Тврди, дека Албанци имало и на високи позции во академијата.

Во една земја постои само една национална академија, која како таква ја претставува државата во европската и другите меѓународни асоцијации на академии. Можам да ви речам дека во составот на МАНУ, имало повеќе членови со албанска етничка припадност. Двајца биле и потпретседатели на акдемијата. Имало и членови од албанската национална заедница и како членови надвор од работниот состав, вели Урошевиќ.

Параралелната акемија која ја бара владиниот коалиционер Вреди, е неприфатлива за владејачката ВМРО-ДПМНЕ, опозициската СДСМ, но и за ДУИ. Градоначалникот на Липково, кој доаѓа од партијата на Ахмети, денеска на прашање – дали ќе одвои финансиски средства за албанска акдемија порача:

– Како прво, ние не знаеме нити каков предлог, немаше ниту јавна дебата и не можеме да одлучиме за нешто, за кое не знаеме за што се работи. Работите треба да се гледаат на ниво на државата да се решат, а не на локално ниво, знаете ние руралните општини каков буџет имаме и располагаме, вели Еркан Арифи градоначалник на Липково, ДУИ.

И додека ДУИ обвинува дека наместо академија, Вреди прави маалско здружение, албанската политичка коалиција и опонент на Ахмети, тврди, дека академијата е научен проект, бидејќи МАНУ ги дискриминирала Албанците.

Појаснувањето и почитувањето на албанската историја, култура и наука што е или целосно исклучено од енциклопедиите и училишните текстови или во најдобар случај е погрешно напишано… Тоа е задолжително, вели Арбен Таравари министер за здравство, ВРЕДИ.

Премиерот Мицкоски, веќе се изјасни дека е против академијата што ја договараат неговите коалициски партнери. Но, од друга страна порача дека тоа нема да влијае на опстојувањето на владината коалиција.

 

The post Академик Урошевиќ: Во МАНУ се влегува со наука, не со етничка припадност appeared first on Република.

]]>

За МАНУ е потребен вредносен критериум, а не етничка припадност, вели академик Влада Урошевиќ за Телевизија 24. Потврдува, дека имало кандидати Албанци кои биле одбиени за прием во академијата, но вели – многу повеќе Македонци останале пред вратата на МАНУ за членство. Според Урошевиќ, ако се одбие кандидат Албанец, не значи дека има отпор кон Албанците, туку дека кандидатот не ги исполнил условите. Во Академијата има место само за оние кои кои го заслужиле тоа со своите достигнувања, вели академикот.
Процедурата е доста комплицирана. Секако дека имало кандидати Албанци кои не поминале во процедурата – тоа е точно. Но, многу, многу повеќе има кандидати Македонци, кои исто така не поминале. Доста е тешко да се исполнат тие услови, признавам. За мене, за прием во академијата, останува единствено – вредносен критериум. Она што вреди треба да влезе, без оглед на националната, верската и другата припадност, вели академик Влада Урошевиќ.
Академик Урошевиќ вели дека повеќе години би претставник на МАНУ во Меѓународната асоцијација на академии и вообичаено е во една земја да постои само една национална академија. Тврди, дека Албанци имало и на високи позции во академијата.
Во една земја постои само една национална академија, која како таква ја претставува државата во европската и другите меѓународни асоцијации на академии. Можам да ви речам дека во составот на МАНУ, имало повеќе членови со албанска етничка припадност. Двајца биле и потпретседатели на акдемијата. Имало и членови од албанската национална заедница и како членови надвор од работниот состав, вели Урошевиќ.
Параралелната акемија која ја бара владиниот коалиционер Вреди, е неприфатлива за владејачката ВМРО-ДПМНЕ, опозициската СДСМ, но и за ДУИ. Градоначалникот на Липково, кој доаѓа од партијата на Ахмети, денеска на прашање – дали ќе одвои финансиски средства за албанска акдемија порача:
– Како прво, ние не знаеме нити каков предлог, немаше ниту јавна дебата и не можеме да одлучиме за нешто, за кое не знаеме за што се работи. Работите треба да се гледаат на ниво на државата да се решат, а не на локално ниво, знаете ние руралните општини каков буџет имаме и располагаме, вели Еркан Арифи градоначалник на Липково, ДУИ.
И додека ДУИ обвинува дека наместо академија, Вреди прави маалско здружение, албанската политичка коалиција и опонент на Ахмети, тврди, дека академијата е научен проект, бидејќи МАНУ ги дискриминирала Албанците.
Појаснувањето и почитувањето на албанската историја, култура и наука што е или целосно исклучено од енциклопедиите и училишните текстови или во најдобар случај е погрешно напишано… Тоа е задолжително, вели Арбен Таравари министер за здравство, ВРЕДИ.
Премиерот Мицкоски, веќе се изјасни дека е против академијата што ја договараат неговите коалициски партнери. Но, од друга страна порача дека тоа нема да влијае на опстојувањето на владината коалиција.  

The post Академик Урошевиќ: Во МАНУ се влегува со наука, не со етничка припадност appeared first on Република.

]]>
Добрите луѓе живеат девет години подолго, потврди науката https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dobrite-luge-zhiveat-devet-godini-podolgo-potvrdi-naukata/ Mon, 13 Nov 2023 09:04:17 +0000 https://republika.mk/?p=700936

Светот денеска го слави Денот на љубезноста. А, ако правите добро, Ве чека долговечност - гласи заклучокот на научниците од Универзитетот на Мичиген и Универзитетот на Бафало.

Науката потврди: Добрите луѓе помалку се разболуваат, имаат подобар имунитет и здраво срце. Во текот на пет години, истражувачите го следеле семејниот живот на над 400 парови. Се покажало дека обѕирните луѓе кои покажуваат внимание и грижа кон партнерот или партнерката, се разболуваат двапати поретко, и живеат во просек 9 години подолго од другите. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои „прават добро“, доживуваат пониски нивоа на стрес.

Тоа ја посочува врска меѓу својството да се биде љубезен и да им се помага на другите без очекување ништо за возврат, несебичноста и - помалата опасност од рана смрт.

Според Универзитетот во Висконсин-Медисон, алтруистите во канцеларијата, на пр. се посклони кон својата работа и помала е веројатноста да ја напуштат. Дополнително, љубезноста го подобрува и менталното здравје, како и чувството на среќа поради зголеменото ниво на серотонин, ендорфин, допамин и окситоцин, па така, тоа го спречува и лошото расположение.

На 13 ноември 1998 година, во Токио се одржала првата Конференција на „Светското движење за добрина“, на којашто учествувале луѓе од Австралија, Јапонија, Тајланд, Сингапур, Велика Британија, Канада и САД. Тогаш е усвоена и „Декларацијата на љубезноста“ што на луѓето им порачува да заборават на самољубието, да размислуваат повеќе за другите околу себе и да престанат да робуваат на етничките, расни, полови, верски разлики. Францускиот уметник Орел (Орелијан Фромен) нацрта посебен симбол за оваа пригода - отворено срце.

На овој датум се слави и Меѓународниот ден на слепите лица. Обединетите Нации во 1946 година го избрале 13 ноември, зашто тогаш се родил францускиот благородник Валентин Ауј - докажан борец за правата на слепите лица, обврзувајќи да го направат животот на овие луѓе подостоинствен.

 

The post Добрите луѓе живеат девет години подолго, потврди науката appeared first on Република.

]]>

Светот денеска го слави Денот на љубезноста. А, ако правите добро, Ве чека долговечност - гласи заклучокот на научниците од Универзитетот на Мичиген и Универзитетот на Бафало. Науката потврди: Добрите луѓе помалку се разболуваат, имаат подобар имунитет и здраво срце. Во текот на пет години, истражувачите го следеле семејниот живот на над 400 парови. Се покажало дека обѕирните луѓе кои покажуваат внимание и грижа кон партнерот или партнерката, се разболуваат двапати поретко, и живеат во просек 9 години подолго од другите. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои „прават добро“, доживуваат пониски нивоа на стрес. Тоа ја посочува врска меѓу својството да се биде љубезен и да им се помага на другите без очекување ништо за возврат, несебичноста и - помалата опасност од рана смрт. Според Универзитетот во Висконсин-Медисон, алтруистите во канцеларијата, на пр. се посклони кон својата работа и помала е веројатноста да ја напуштат. Дополнително, љубезноста го подобрува и менталното здравје, како и чувството на среќа поради зголеменото ниво на серотонин, ендорфин, допамин и окситоцин, па така, тоа го спречува и лошото расположение. На 13 ноември 1998 година, во Токио се одржала првата Конференција на „Светското движење за добрина“, на којашто учествувале луѓе од Австралија, Јапонија, Тајланд, Сингапур, Велика Британија, Канада и САД. Тогаш е усвоена и „Декларацијата на љубезноста“ што на луѓето им порачува да заборават на самољубието, да размислуваат повеќе за другите околу себе и да престанат да робуваат на етничките, расни, полови, верски разлики. Францускиот уметник Орел (Орелијан Фромен) нацрта посебен симбол за оваа пригода - отворено срце. На овој датум се слави и Меѓународниот ден на слепите лица. Обединетите Нации во 1946 година го избрале 13 ноември, зашто тогаш се родил францускиот благородник Валентин Ауј - докажан борец за правата на слепите лица, обврзувајќи да го направат животот на овие луѓе подостоинствен.  

The post Добрите луѓе живеат девет години подолго, потврди науката appeared first on Република.

]]>
Научниот стерилитет во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nauchniot-sterilitet-vo-makedonija/ Tue, 17 Jan 2023 07:30:05 +0000 https://republika.mk/?p=597666

Медицинскиот стерилитет се дијагностицира кога една двојка не може да зачне потомство во рок од една година, се разбира, без употреба на контрацептивни средства. Македонскиот научен стерилитет е состојба во која земјата и после скоро триесет години независност не произвела повеќе од две меѓународно признаени научни списанија со фактор на влијание. Факторот се дефинира како просечен број на цитирани документи во едно списание за дадена година, пресметан врз основа на бројот на објавени документи во тоа списание во претходните две години. Делува комплицирано, но поената е – научните списанија со фактор на влијание имаат значаен удел во светот и истовремено се показател за состојбата на науката и развојот на една земја.

Науките според својот опсег на делување и техничка анализа се делат на природно-технички и општествени науки. Web of Science Group објавува годишни извештаи со име во оригинал „Journal Citation Reports (JCR)“, односно листа на научни списанија подредена според нивното значење и ефектот кој го имаат во науката, а дополнително ги регистрира и земјите од кои овие списанија потекнуваат. Во последниот слободно достапен извештај што можеше да се најде на интернет, JCR за 2019, Македонија произведува само две меѓународни списанија со фактор на влијание за природно-технички науки и за жал, ниту едно за општествените. Со други зборови, македонските психолози, социолози, антрополози, филозофи, комуниколози, политички научници, итн. немаат можност да ги објават трудовите во својата матична земја кои истовремено ќе бидат достапни и препознаени низ целиот свет. За разлика од нив, македонските хемичари, технолози и биолози, како што спомнавме – имаат двоен избор за публикување во македонско списание со фактор на влијание – или во Мacedonian Journal of Chemistry and Chemical Engineering (со фактор за 2019 г. еднаков на 0.829 издаден од Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија или во списанието Balkan Journal of Medical Genetics (фактор 0.4) издадено од Македонската Академија на Науките и Уметностите (МАНУ).

Македонскиот научен стерилитет е превисок дури и за балкански услови. Од Бар-дијаграм 1 подолу може да се види дека соседната Република Србија на пример, вкупно објавува 22 списанија со фактор на влијание регистрирани во датабазата на JCR за 2019, а Хрватска – како првак во регионот – 36. Словенија, која може да се спореди со Македонија и по број на жители и по територија, во 2019 г. произвела 19 влијателни научни списанија. Грција и Бугарија се некаде на средината по бројност, а по очигледниот драстичен пад во листата, послаб научен и интелектуален резултат од нас во регионов имаат само Босна и Херцеговина и Албанија.

Бар-дијаграм 1

Можеби една од главните причини за енормно ниската научна продуктивност е малиот процент од Бруто-домашниот производ (БДП) на Македонија посветен на истражување и развој или просто кажано – македонските научници не добиваат доволно пари за истражување и иновација од државата и затоа имаме мал научен отпечаток во светот. Се разбира, во современите развиени земји, оваа ставка од буџетот е важен показател на нивниот технолошки и иновациски напредок кој допринесува за раст на економијата и генералното подобрувањето на условите за живот во нив. Впрочем, карактеристично за првите 15 најразвиени земји во светот е што одвојуваат добар дел од своите буџети за оваа намена, а посебно ефективно е кога ќе се вклучи и бизнис секторот во иновирањето. Просечниот процент на светско ниво изнесува 2.3% од буџетите на земјите (Светска банка, податок за 2018 г.), од кои Јужна Кореја е на првото место со 4.3%, следува Јапонија со 3.4% и третото место ѝ припаѓа на Финска со 3.2 % од нивните енормни БДП-а (UNESCO Institute for Statistics). Тука мора да напоменеме дека процентот од БДП за истражување и развој е релативна единица мерка, односно истиот процент кај две земји кои би се споредиле не би значел иста сума во апсолутна парична вредност бидејќи буџетите на земјите прилично се разликуваат во големината. На пр. 1% од буџетот на Јапонија преведено во пари е стотици пати поголем од 1% од буџетот на Република Македонија.

Но не ќе e само проблемот во скржавото одвојување од буџетот за наука во земјава. Податоците за Македонија во 2018, односно во периодот кога е објавен JCR 2019 покажуваат дека процентот изнесувал скромни 0.4% од нашиот БДП (Државен завод за статистика; податоците на UNESCO Institute for Statistics покажуваат малку подобра состојба, односно 0.5%, но можно е тоа да е нивна проценка за 2019 г.; за детално движење на процентот во Македонија низ годините погледнете Линиски-дијаграм 1).

Линиски-дијаграм 1

Се забележува дека во последните 10-тина години процентот во Македонија се движел помеѓу 0.2% и 0.5%. Земјите во балканскиот регион пред две-три години издвоиле: Хрватска 0.8 %, Србија 0.7%, Словенија 2.4%, Грција 0.8%, Бугарија 0.8%, Босна и Херцеговина 0.3% и Албанија 0.2% – од сопствените буџети (UNESCO Institute for Statistics). Бар-дијаграм 2 ги визуелизира овие проценти каде земјите се подредени по ист редослед како и во Бар-дијаграм 1, односно според бројот на издадени научни списанија со фактор на влијание. Станува воочливо дека издвоените буџети за истражување и развој немаат правопропорционален сооднос со бројот на издадени списанија. Хрватска на пример, земја со 0.8% од БДП произведува дури 36 научни списанија со фактор на влијание! Или да ја земеме сличната на нас Словенија која одвојува скоро петпати повеќе средства за научни, развојни и иновативни цели. Можеби оскудните две списанија кај нас не се должат само на недостатокот на финансии од државата. Како објаснување на овој феномен, на ум доаѓаат три претпоставки: дека македонските научни работници и издавачки куќи не се доволно мотивирани да истражуваат и да произведуваат влијателни научни списанија; дека парите од буџетот имаат различна дистрибуција во земјите од Балканот, односно во некои можеби повеќе одат кон иновативни и експедитивни бизниси, а во други кон државните универзитети и институции (кои тежнеат повеќе да ги трошат на административни трошоци и плати отколу на истражување и иновација); и трета претпоставка, буџетите на секоја од наведените балкански земји толку многу се разликуваат во големината што во апсолутни термини прават огромна парична и инвестициска разлика. Во Македонија проблемот е можна комбинација од првите две претпоставки, односно научните работници во земјата малку се мотивирани и немаат амбиција за големи научни проекти и истовремено, парите од државата одат на тековни трошоци и плати наместо на истражувања. Преовладува менталилетот на „многу сме мали“ и „што можеме ние да смениме“. Згора на тоа, имаме и хиперкорумпирана и некомпетентна влада која ветува рај само на хартија преку објавување на некакви си „стратегии“, но никогаш неостварени.

Бар-дијаграм 2

Сите влади досега, вклучително и сегашнава низ таквите документи насловени како „национални стратегии“ или „програми“ ветуваа зголемување на буџетот за наука со цел да се приближиме до просекот од 2% во Европската Унија, бидејќи како земја кандидат, се стремиме да влеземе во истата. Во еден од тие бирократски и декларативни документи дури беше и предвидено „зголемување на трошоците за истражување и развој до 1.8% во 2020 г.“ (види стр. 6). Се разбира, македонските научници ја добија само рачката од тапанот со моменталните 0.4%. Ветување до ветување, лага до лага.

Науката во Република Македонија сè уште е далеку од светските научни трендови и многу напор е потребен тоа да се смени. Стерилната состојба во науката влијае врз многу сфери од општеството и директно ги спречува напредокот, благосостојбата, иновациите и развојот. Ако нешто едно општество го прави силно, тоа е знаењето и иновативноста. Македонија како малечка земја мора да патентира и публикува идеи и знаење во што поголема мерка со цел да придонесе за зголемување на сопствениот развој во иднина.

Недостигот на мотивација, апатичноста, корупцијата и малиот процент од БДП-то посветен на развој и истражување уште долго време ќе ја спречува продуктивноста на македонските научници правејќи ја земјата неплодна и импотентна на научно поле.

The post Научниот стерилитет во Македонија appeared first on Република.

]]>

Медицинскиот стерилитет се дијагностицира кога една двојка не може да зачне потомство во рок од една година, се разбира, без употреба на контрацептивни средства. Македонскиот научен стерилитет е состојба во која земјата и после скоро триесет години независност не произвела повеќе од две меѓународно признаени научни списанија со фактор на влијание. Факторот се дефинира како просечен број на цитирани документи во едно списание за дадена година, пресметан врз основа на бројот на објавени документи во тоа списание во претходните две години. Делува комплицирано, но поената е – научните списанија со фактор на влијание имаат значаен удел во светот и истовремено се показател за состојбата на науката и развојот на една земја. Науките според својот опсег на делување и техничка анализа се делат на природно-технички и општествени науки. Web of Science Group објавува годишни извештаи со име во оригинал „Journal Citation Reports (JCR)“, односно листа на научни списанија подредена според нивното значење и ефектот кој го имаат во науката, а дополнително ги регистрира и земјите од кои овие списанија потекнуваат. Во последниот слободно достапен извештај што можеше да се најде на интернет, JCR за 2019, Македонија произведува само две меѓународни списанија со фактор на влијание за природно-технички науки и за жал, ниту едно за општествените. Со други зборови, македонските психолози, социолози, антрополози, филозофи, комуниколози, политички научници, итн. немаат можност да ги објават трудовите во својата матична земја кои истовремено ќе бидат достапни и препознаени низ целиот свет. За разлика од нив, македонските хемичари, технолози и биолози, како што спомнавме – имаат двоен избор за публикување во македонско списание со фактор на влијание – или во Мacedonian Journal of Chemistry and Chemical Engineering (со фактор за 2019 г. еднаков на 0.829 издаден од Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија или во списанието Balkan Journal of Medical Genetics (фактор 0.4) издадено од Македонската Академија на Науките и Уметностите (МАНУ). Македонскиот научен стерилитет е превисок дури и за балкански услови. Од Бар-дијаграм 1 подолу може да се види дека соседната Република Србија на пример, вкупно објавува 22 списанија со фактор на влијание регистрирани во датабазата на JCR за 2019, а Хрватска – како првак во регионот – 36. Словенија, која може да се спореди со Македонија и по број на жители и по територија, во 2019 г. произвела 19 влијателни научни списанија. Грција и Бугарија се некаде на средината по бројност, а по очигледниот драстичен пад во листата, послаб научен и интелектуален резултат од нас во регионов имаат само Босна и Херцеговина и Албанија.
Бар-дијаграм 1
Можеби една од главните причини за енормно ниската научна продуктивност е малиот процент од Бруто-домашниот производ (БДП) на Македонија посветен на истражување и развој или просто кажано – македонските научници не добиваат доволно пари за истражување и иновација од државата и затоа имаме мал научен отпечаток во светот. Се разбира, во современите развиени земји, оваа ставка од буџетот е важен показател на нивниот технолошки и иновациски напредок кој допринесува за раст на економијата и генералното подобрувањето на условите за живот во нив. Впрочем, карактеристично за првите 15 најразвиени земји во светот е што одвојуваат добар дел од своите буџети за оваа намена, а посебно ефективно е кога ќе се вклучи и бизнис секторот во иновирањето. Просечниот процент на светско ниво изнесува 2.3% од буџетите на земјите (Светска банка, податок за 2018 г.), од кои Јужна Кореја е на првото место со 4.3%, следува Јапонија со 3.4% и третото место ѝ припаѓа на Финска со 3.2 % од нивните енормни БДП-а (UNESCO Institute for Statistics). Тука мора да напоменеме дека процентот од БДП за истражување и развој е релативна единица мерка, односно истиот процент кај две земји кои би се споредиле не би значел иста сума во апсолутна парична вредност бидејќи буџетите на земјите прилично се разликуваат во големината. На пр. 1% од буџетот на Јапонија преведено во пари е стотици пати поголем од 1% од буџетот на Република Македонија. Но не ќе e само проблемот во скржавото одвојување од буџетот за наука во земјава. Податоците за Македонија во 2018, односно во периодот кога е објавен JCR 2019 покажуваат дека процентот изнесувал скромни 0.4% од нашиот БДП (Државен завод за статистика; податоците на UNESCO Institute for Statistics покажуваат малку подобра состојба, односно 0.5%, но можно е тоа да е нивна проценка за 2019 г.; за детално движење на процентот во Македонија низ годините погледнете Линиски-дијаграм 1).
Линиски-дијаграм 1
Се забележува дека во последните 10-тина години процентот во Македонија се движел помеѓу 0.2% и 0.5%. Земјите во балканскиот регион пред две-три години издвоиле: Хрватска 0.8 %, Србија 0.7%, Словенија 2.4%, Грција 0.8%, Бугарија 0.8%, Босна и Херцеговина 0.3% и Албанија 0.2% – од сопствените буџети (UNESCO Institute for Statistics). Бар-дијаграм 2 ги визуелизира овие проценти каде земјите се подредени по ист редослед како и во Бар-дијаграм 1, односно според бројот на издадени научни списанија со фактор на влијание. Станува воочливо дека издвоените буџети за истражување и развој немаат правопропорционален сооднос со бројот на издадени списанија. Хрватска на пример, земја со 0.8% од БДП произведува дури 36 научни списанија со фактор на влијание! Или да ја земеме сличната на нас Словенија која одвојува скоро петпати повеќе средства за научни, развојни и иновативни цели. Можеби оскудните две списанија кај нас не се должат само на недостатокот на финансии од државата. Како објаснување на овој феномен, на ум доаѓаат три претпоставки: дека македонските научни работници и издавачки куќи не се доволно мотивирани да истражуваат и да произведуваат влијателни научни списанија; дека парите од буџетот имаат различна дистрибуција во земјите од Балканот, односно во некои можеби повеќе одат кон иновативни и експедитивни бизниси, а во други кон државните универзитети и институции (кои тежнеат повеќе да ги трошат на административни трошоци и плати отколу на истражување и иновација); и трета претпоставка, буџетите на секоја од наведените балкански земји толку многу се разликуваат во големината што во апсолутни термини прават огромна парична и инвестициска разлика. Во Македонија проблемот е можна комбинација од првите две претпоставки, односно научните работници во земјата малку се мотивирани и немаат амбиција за големи научни проекти и истовремено, парите од државата одат на тековни трошоци и плати наместо на истражувања. Преовладува менталилетот на „многу сме мали“ и „што можеме ние да смениме“. Згора на тоа, имаме и хиперкорумпирана и некомпетентна влада која ветува рај само на хартија преку објавување на некакви си „стратегии“, но никогаш неостварени.
Бар-дијаграм 2
Сите влади досега, вклучително и сегашнава низ таквите документи насловени како „национални стратегии“ или „програми“ ветуваа зголемување на буџетот за наука со цел да се приближиме до просекот од 2% во Европската Унија, бидејќи како земја кандидат, се стремиме да влеземе во истата. Во еден од тие бирократски и декларативни документи дури беше и предвидено „зголемување на трошоците за истражување и развој до 1.8% во 2020 г.“ (види стр. 6). Се разбира, македонските научници ја добија само рачката од тапанот со моменталните 0.4%. Ветување до ветување, лага до лага. Науката во Република Македонија сè уште е далеку од светските научни трендови и многу напор е потребен тоа да се смени. Стерилната состојба во науката влијае врз многу сфери од општеството и директно ги спречува напредокот, благосостојбата, иновациите и развојот. Ако нешто едно општество го прави силно, тоа е знаењето и иновативноста. Македонија како малечка земја мора да патентира и публикува идеи и знаење во што поголема мерка со цел да придонесе за зголемување на сопствениот развој во иднина. Недостигот на мотивација, апатичноста, корупцијата и малиот процент од БДП-то посветен на развој и истражување уште долго време ќе ја спречува продуктивноста на македонските научници правејќи ја земјата неплодна и импотентна на научно поле.

The post Научниот стерилитет во Македонија appeared first on Република.

]]>
Културата, образованието и науката во фокусот на третиот состанок на Работната група меѓу Македонија и Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kulturata-obrazovanieto-i-naukata-vo-fokusot-na-tretiot-sostanok-na-rabotnata-grupa-megju-makedonija-i-bugarija/ Tue, 22 Mar 2022 18:03:11 +0000 https://republika.mk/?p=476814

Во Софија, денеска се одржа третиот состанок на четвртата Работна група за билатерална соработка меѓу Македонија и Бугарија која во фокусот ги има културата, образованието и науката, туризмот, младите и спортот.

Во изјавата за медиумите по завршувањето на состанокот, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, истакна дека средбата која е во насока на забрзување на процесот на унапредување на добрососедските односи меѓу двете земји, поминала во пријателска и конструктивна атмосфера, со размена на мислења, ставови и идеи за подобрување на соработката во сите сегменти.

Покрај нашата работа која го опфаќа формалниот дел на односите, во практика сме сведоци дека културата и уметноста, па и туризмот и спортот немаат граници, исто како што нема граница за младите таленти од секоја област во науката, истакна министерката Костадиновска Стојчевска.

Сведоци сме на голем број индивидуални успеси на гостувачки проекти во двете земји, додаде таа и посочи дека работата врз формалните документи, меморандуми и програми за соработка во голем дел ќе ги олесни и актуелизира можностите за заедничка побрза комуникација на билатерален план, а и пред европските фондови.

Министерот за образование и наука на Бугарија, академик Николај Денков пак, истакна дека средбите се одвивале во духот на пријателството и изрази задоволство од напредокот во одосите меѓу двете држави.

Покрај формалниот дел, одржавме и неформални средби. Во сите области имаме суштински напредок и конкретни проекти, а на средбата ни се придружија и од Еразмус. Уверен сум дека со нашата работа ќе ги забрзаме процесите за унапредување на добрососедските односи помеѓу нашите две земји, рече министерот Денков.

Министерите за култура на Македонија и на Бугарија, Бисера Костадиновска Стојчевска и Атанас Атанасов, во Софија, потпишаа и Програма за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура на Македонија и Министерството за култура на Република Бугарија за периодот 2022 – 2025 година. Програмата содржи повеќе новости, меѓу кои е и можноста за поврзување на Културно информативните центри на двете земји преку заеднички проекти, отпочнување на Програмата на мали грантови за промоција на млади уметници, а активно се работи и на Календарот на настани и на Активниот оперативен план.

На состанокот во Софија на кој учествуваа и министерот за образование и наука Јетон Шаќири и директорите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и на Агенцијата за млади и спорт, Марко Ѓоргиевски и Наумче Мојсовски. беа потпишани и Програма меѓу Владите на Македонија и на Република Бугарија за соработка во областа на образованието и науката за периодот 2022 – 2025 година; Меморандум за соработка во областа на младите и спортот, како и Меморандум меѓу националните агенции Еразмус + и Европскиот корпус за солидарност.

 

The post Културата, образованието и науката во фокусот на третиот состанок на Работната група меѓу Македонија и Бугарија appeared first on Република.

]]>

Во Софија, денеска се одржа третиот состанок на четвртата Работна група за билатерална соработка меѓу Македонија и Бугарија која во фокусот ги има културата, образованието и науката, туризмот, младите и спортот. Во изјавата за медиумите по завршувањето на состанокот, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, истакна дека средбата која е во насока на забрзување на процесот на унапредување на добрососедските односи меѓу двете земји, поминала во пријателска и конструктивна атмосфера, со размена на мислења, ставови и идеи за подобрување на соработката во сите сегменти.
Покрај нашата работа која го опфаќа формалниот дел на односите, во практика сме сведоци дека културата и уметноста, па и туризмот и спортот немаат граници, исто како што нема граница за младите таленти од секоја област во науката, истакна министерката Костадиновска Стојчевска.
Сведоци сме на голем број индивидуални успеси на гостувачки проекти во двете земји, додаде таа и посочи дека работата врз формалните документи, меморандуми и програми за соработка во голем дел ќе ги олесни и актуелизира можностите за заедничка побрза комуникација на билатерален план, а и пред европските фондови. Министерот за образование и наука на Бугарија, академик Николај Денков пак, истакна дека средбите се одвивале во духот на пријателството и изрази задоволство од напредокот во одосите меѓу двете држави.
Покрај формалниот дел, одржавме и неформални средби. Во сите области имаме суштински напредок и конкретни проекти, а на средбата ни се придружија и од Еразмус. Уверен сум дека со нашата работа ќе ги забрзаме процесите за унапредување на добрососедските односи помеѓу нашите две земји, рече министерот Денков.
Министерите за култура на Македонија и на Бугарија, Бисера Костадиновска Стојчевска и Атанас Атанасов, во Софија, потпишаа и Програма за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура на Македонија и Министерството за култура на Република Бугарија за периодот 2022 – 2025 година. Програмата содржи повеќе новости, меѓу кои е и можноста за поврзување на Културно информативните центри на двете земји преку заеднички проекти, отпочнување на Програмата на мали грантови за промоција на млади уметници, а активно се работи и на Календарот на настани и на Активниот оперативен план. На состанокот во Софија на кој учествуваа и министерот за образование и наука Јетон Шаќири и директорите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и на Агенцијата за млади и спорт, Марко Ѓоргиевски и Наумче Мојсовски. беа потпишани и Програма меѓу Владите на Македонија и на Република Бугарија за соработка во областа на образованието и науката за периодот 2022 – 2025 година; Меморандум за соработка во областа на младите и спортот, како и Меморандум меѓу националните агенции Еразмус + и Европскиот корпус за солидарност.  

The post Културата, образованието и науката во фокусот на третиот состанок на Работната група меѓу Македонија и Бугарија appeared first on Република.

]]>
Се бараат доброволци кои ќе се заразат со коронавирусот во име на науката https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/se-baraat-dobrovolci-koi-kje-se-zarazat-so-koronavirusot-vo-ime-na-naukata/ Thu, 27 Jan 2022 13:07:18 +0000 https://republika.mk/?p=450275

Првото медицинско истражување на светот во коешто е дозволено намерно изложување на испитаниците на новиот коронавирус SARS-CoV-2 бара доброволци поради развој на подобри вакцини против коронавирусната болест Covid-19.

Истражувањето на Универзитетот Оксфорд е започнато ланскиот април, три месеца откако Велика Британија стана првата земја на светот којашто одобри испитувања во врска со Covid-19 кај луѓе.

Неговата прва фаза, којашто сѐ уште е во тек, насочена е на откривање на количеството вирус коешто е потребно за предизвикување на инфекцијата, додека втората фаза ќе има цел да го одреди имунолошкиот одговор потребен за да се спречи заразата, објави универзитетот во соопштение за медиумите.

Научниците зе близу утврдувањето на најслабата можна инфекција со вирусот која осигурува околу половината од луѓето кои се изложени на него да добијат асимптоматски или благ Covid-19. Потоа планирааат да ги изложат волонтерите, сите претходно природно заразени или вакцинирани, на таа доза од изворната варијанта на вирусот за да утврдат кои нивоа на антитела или имуносните Т-клетки се потребни за спречување на инфекцијата.

Тоа е имунолошкиот одговор кој треба да го поттикнеме со новите вакцини“, изјави Хелен Мекшејн, професорка на Универзитетот Оксфорд и водечки научник во студијата.

Наодите од истражувањето ќе помогнат идниот развој на вакцините да биде побрз и поефикасен, се додава во соопштението.

Имунолозите во светот се обидуваат точно да го одредат нивото на имунолошката реакција која вакцината мора да ја предизвика за да го заштити организмот од болеста. Кога ќе биде откриено тоа ниво, значително ќе бида намалена потребата од масовни испитувања на вакцините.

Научниците со децени користат опити врз луѓе за да развијат третмани против многу заразни болести, но ова е првото познато такво истражување за Covid-19.

Негативната страна на истажувањето е ризикот по здравјето на доброволците кои ќе заболат од коронавирусната болест, но научниците ги преземаат сите мерки на претпазливост.

Испитаницата мора да бидат здрави и на возраст меѓу 18 и 30 години.

Тие ќе бидат во карантин најмалку 17 денови, а сите кои ќе развијат симптом ќе го добијат скапиот лек на база на моноклонски антитела „Ronapreve“, заеднички развиен од фармацевтските компании „Regeneron Pharmaceuticals “ и „Roche“.

The post Се бараат доброволци кои ќе се заразат со коронавирусот во име на науката appeared first on Република.

]]>

Првото медицинско истражување на светот во коешто е дозволено намерно изложување на испитаниците на новиот коронавирус SARS-CoV-2 бара доброволци поради развој на подобри вакцини против коронавирусната болест Covid-19. Истражувањето на Универзитетот Оксфорд е започнато ланскиот април, три месеца откако Велика Британија стана првата земја на светот којашто одобри испитувања во врска со Covid-19 кај луѓе. Неговата прва фаза, којашто сѐ уште е во тек, насочена е на откривање на количеството вирус коешто е потребно за предизвикување на инфекцијата, додека втората фаза ќе има цел да го одреди имунолошкиот одговор потребен за да се спречи заразата, објави универзитетот во соопштение за медиумите. Научниците зе близу утврдувањето на најслабата можна инфекција со вирусот која осигурува околу половината од луѓето кои се изложени на него да добијат асимптоматски или благ Covid-19. Потоа планирааат да ги изложат волонтерите, сите претходно природно заразени или вакцинирани, на таа доза од изворната варијанта на вирусот за да утврдат кои нивоа на антитела или имуносните Т-клетки се потребни за спречување на инфекцијата.
Тоа е имунолошкиот одговор кој треба да го поттикнеме со новите вакцини“, изјави Хелен Мекшејн, професорка на Универзитетот Оксфорд и водечки научник во студијата.
Наодите од истражувањето ќе помогнат идниот развој на вакцините да биде побрз и поефикасен, се додава во соопштението. Имунолозите во светот се обидуваат точно да го одредат нивото на имунолошката реакција која вакцината мора да ја предизвика за да го заштити организмот од болеста. Кога ќе биде откриено тоа ниво, значително ќе бида намалена потребата од масовни испитувања на вакцините. Научниците со децени користат опити врз луѓе за да развијат третмани против многу заразни болести, но ова е првото познато такво истражување за Covid-19. Негативната страна на истажувањето е ризикот по здравјето на доброволците кои ќе заболат од коронавирусната болест, но научниците ги преземаат сите мерки на претпазливост. Испитаницата мора да бидат здрави и на возраст меѓу 18 и 30 години. Тие ќе бидат во карантин најмалку 17 денови, а сите кои ќе развијат симптом ќе го добијат скапиот лек на база на моноклонски антитела „Ronapreve“, заеднички развиен од фармацевтските компании „Regeneron Pharmaceuticals “ и „Roche“.

The post Се бараат доброволци кои ќе се заразат со коронавирусот во име на науката appeared first on Република.

]]>