научници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nauchnici/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Jan 2024 16:17:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png научници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nauchnici/ 32 32 Научниците потврдија дека 2023 година беше најтоплата во историјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nauchnitsite-potvrdija-deka-2023-godina-beshe-najtoplata-vo-istorijata/ Tue, 09 Jan 2024 16:17:56 +0000 https://republika.mk/?p=731239

Претходната година е потврдена како најтопла во историјата, поради климатските промени предизвикани од човечкиот фактор и поттикнати од природниот временски феномен „Ел Нињо“.

Ел Нињо е природен настан каде што потоплите површински води во источниот дел на Тихиот Океан испуштаат дополнителна топлина во атмосферата, јавува Би-Би-Си.

Минатата година беше за околу 1,48 степени потопла од долгорочниот просек пред луѓето да почнат да согоруваат големи количини на фосилни горива, соопшти агенцијата за клима на ЕУ, додека анализата на Би-Би-Си покажува дека речиси секој ден од јули 2023 година е забележана нова глобална температура, која е висока за дадениот период од годината.

Температурите на површината на водата, исто така, ги надминаа претходно регистрираните рекорди, зголемувајќи ја можноста 2024 година да го надмине прагот на затоплување од 1,5 степени за една календарска година за прв пат во историјата, според Метеоролошката канцеларија на Обединетото Кралство.

Оваа рекордна глобална топлина помогна да се влошат многу екстремни временски настани во различни делови на светот во 2023 година, од интензивни топлотни бранови и шумски пожари низ Канада и САД, до продолжена суша, а потоа и поплави во делови од Источна Африка.

Многу од овие инциденти се случија на размери што не се забележани во последно време и во неочекувани периоди од годината.

The post Научниците потврдија дека 2023 година беше најтоплата во историјата appeared first on Република.

]]>

Претходната година е потврдена како најтопла во историјата, поради климатските промени предизвикани од човечкиот фактор и поттикнати од природниот временски феномен „Ел Нињо“. Ел Нињо е природен настан каде што потоплите површински води во источниот дел на Тихиот Океан испуштаат дополнителна топлина во атмосферата, јавува Би-Би-Си. Минатата година беше за околу 1,48 степени потопла од долгорочниот просек пред луѓето да почнат да согоруваат големи количини на фосилни горива, соопшти агенцијата за клима на ЕУ, додека анализата на Би-Би-Си покажува дека речиси секој ден од јули 2023 година е забележана нова глобална температура, која е висока за дадениот период од годината. Температурите на површината на водата, исто така, ги надминаа претходно регистрираните рекорди, зголемувајќи ја можноста 2024 година да го надмине прагот на затоплување од 1,5 степени за една календарска година за прв пат во историјата, според Метеоролошката канцеларија на Обединетото Кралство. Оваа рекордна глобална топлина помогна да се влошат многу екстремни временски настани во различни делови на светот во 2023 година, од интензивни топлотни бранови и шумски пожари низ Канада и САД, до продолжена суша, а потоа и поплави во делови од Источна Африка. Многу од овие инциденти се случија на размери што не се забележани во последно време и во неочекувани периоди од годината.

The post Научниците потврдија дека 2023 година беше најтоплата во историјата appeared first on Република.

]]>
Научници постигнаа енергетска добивка со помош на нуклеарна фузија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nauchnitsi-postignaa-energetska-dobivka-so-pomosh-na-nuklearna-fuzija/ Mon, 07 Aug 2023 09:19:05 +0000 https://republika.mk/?p=669511

Научници од САД постигнаа нето-енергетска добивка во реакцијата на фузија вторпат од декември минатата година, пишува „Фајненшал тајмс“.

Истражувачите од Федералната национална лабораторија „Лоренс Ливермор“ во Калифорнија успешно го повторија експериментот на 30 јули, кога беше произведено поголема количина енергија отколку кога истиот експеримент беше изведен во декември лани. Од лабораторијата потврдија дека енергетската добивка повторно е постигната во ласерската постројка и дека анализата на резултатите е во тек.

Во истата лабораторија, во декември 2022 година, со помош на ласер е извршена нуклеарна фузија, односно спојување на два атома во еден, при што се ослободува голема количина на енергија.

The post Научници постигнаа енергетска добивка со помош на нуклеарна фузија appeared first on Република.

]]>

Научници од САД постигнаа нето-енергетска добивка во реакцијата на фузија вторпат од декември минатата година, пишува „Фајненшал тајмс“. Истражувачите од Федералната национална лабораторија „Лоренс Ливермор“ во Калифорнија успешно го повторија експериментот на 30 јули, кога беше произведено поголема количина енергија отколку кога истиот експеримент беше изведен во декември лани. Од лабораторијата потврдија дека енергетската добивка повторно е постигната во ласерската постројка и дека анализата на резултатите е во тек. Во истата лабораторија, во декември 2022 година, со помош на ласер е извршена нуклеарна фузија, односно спојување на два атома во еден, при што се ослободува голема количина на енергија.

The post Научници постигнаа енергетска добивка со помош на нуклеарна фузија appeared first on Република.

]]>
Пладневната дремка придонесува за поздрав мозок и побистар ум, тврдат научници https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pladnevnata-dremka-pridonesuva-za-pozdrav-mozok-i-pobistar-um-tvrdat-nauchnitsi/ Tue, 11 Jul 2023 11:46:53 +0000 https://republika.mk/?p=660039

Истражувачи од Универзитетскиот колеџ во Лондон, Велика Британија, и Универзитетот на Републиката во Уругвај ја испитуваа врската меѓу редовниот пладневен сон и умствените способности.

Овие два фактора беа поврзани и споредени со набљудувачки испитувања во минатото. Така, овој научен труд потврдува дека куса дремка од 15 минути се чини корисна за извршување одредени когнитивни задачи веднаш по спиењето дење. Сепак, авторите на студијата сакаа да дознаат и повеќе - дали пладневната дремка е директна причина за здрав и бистар ум и поголем волумен на мозокот кај поединци кои имаат редовна дремка, во споредба со оние кои немаат таква навика?

Тимот го користеше методот наречен „Менделова рандомизација“ заради анализа на генетските податоци на повеќе од 375.000 учесници, преземени од британската „Биобанк“. Набљудувајќи неколку делови од ДНК-та за коишто се смета дека се поврзани со вообичаеното спиење преку ден, тие го споредија когнитивното здравје и структурата на мозокот на луѓето кои практикуваат редовна дремка со оние кои не го прават тоа.

Заклучокот е потврден: Луѓето кои спијат редовно во текот на денот обично имаат поздрав мозок.

 

The post Пладневната дремка придонесува за поздрав мозок и побистар ум, тврдат научници appeared first on Република.

]]>

Истражувачи од Универзитетскиот колеџ во Лондон, Велика Британија, и Универзитетот на Републиката во Уругвај ја испитуваа врската меѓу редовниот пладневен сон и умствените способности. Овие два фактора беа поврзани и споредени со набљудувачки испитувања во минатото. Така, овој научен труд потврдува дека куса дремка од 15 минути се чини корисна за извршување одредени когнитивни задачи веднаш по спиењето дење. Сепак, авторите на студијата сакаа да дознаат и повеќе - дали пладневната дремка е директна причина за здрав и бистар ум и поголем волумен на мозокот кај поединци кои имаат редовна дремка, во споредба со оние кои немаат таква навика? Тимот го користеше методот наречен „Менделова рандомизација“ заради анализа на генетските податоци на повеќе од 375.000 учесници, преземени од британската „Биобанк“. Набљудувајќи неколку делови од ДНК-та за коишто се смета дека се поврзани со вообичаеното спиење преку ден, тие го споредија когнитивното здравје и структурата на мозокот на луѓето кои практикуваат редовна дремка со оние кои не го прават тоа. Заклучокот е потврден: Луѓето кои спијат редовно во текот на денот обично имаат поздрав мозок.  

The post Пладневната дремка придонесува за поздрав мозок и побистар ум, тврдат научници appeared first on Република.

]]>
Промовирана платформа која ќе ја промени играта во македонската научна заедница https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promovirana-platforma-koja-ke-ja-promeni-igrata-vo-makedonskata-nauchna-zaednitsa/ Fri, 24 Feb 2023 14:32:37 +0000 https://republika.mk/?p=612768

Вчера онлајн беше промовирана Researchnet.mk, веб-страница на која македонските научници во странство може да ги објавуваат своите истражувачки интереси, вештини и области на експертиза за да се поврзат со потенцијални соработници од Македонија.

Целта е да имаме листа каде што ќе се објавуваат сите овие позиции. Главниот дел е можностите за соработка. На платформата секој научник или истражувач има можност да креира свој профил каде во неколку реченици опишува каде и што работи во моментот, кажа д-р Никола Стиков, професор по биомедицинско инженерство на Политехникиот факултет при Униерзитетот на Монтреал, најголемиот франкофонски Универзитет во Канада, промовирајќи ја платформата.

Платформата е дел од иницијатива на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања на УКИМ, наменета за истражувачи кои се заинтересирани за соработка со научници родум од Македонија, кои работат надвор од границите на земјава.

Проектот го претставија членовите на тимот на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања.

Денеска пуштаме во употреба нова веб-страница која ги содржи можностите за соработка со македонските научници во странство, нешто што веруваме дека вистински ќе ја промени играта во нашата научна заедница. Оваа страница нуди простор каде што македонските научници може да ги објавуваат своите истражувачки интереси, вештини, области на експертиза. Ова е простор каде што ќе може да најдат и да се поврзат со потенцијални соработници од целиот свет. Оваа иницијатива е мошне важна за македонската наука. Ни помага да ги срушиме бариерите кои ги одвојуваат различните научни дисциплини и да изградиме интердисциплинирани соработки кои може да поттикнат нови откритија и иновации, рече проф. д- Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Според проф. д-р Валентина Гечевска, проректор за наука на УКИМ, со оваа страница се отвора можност помладите кадри, асистентите, да имаат поголема веројатност да реализираат престои надвор, се отвораат поголеми шанси за вмрежување.

Центарот веќе има десет научници родум од Македонија кои се постојани членови на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања на УКИМ, наменета за истражувачи кои се заинтересирани за соработка со научници родум од Македонија, кои работат надвор од границите на земјава. Таа листа ќе се проширува. Главен извор е групата „С(ц)иеста“. Ни се споија целите и идеите, да работиме на интернационализација на академската заедница на кадрите на Универзитетот и да помогнаме помладите кадри, асистентите за вмрежување, рече проф. д-р Гечевска.

Проф. Д-р Ордан Чукалиев, проректор за меѓународна соработка на УКИМ се заблагодари на сите членови на  „С(ц)иеста, на Центарот за ангажманост.

Ви благодарам што се ангажирате да ѝ помогнете на научно-истражувачката заедница, давајќи дел од себе, дел од своето време, дел од вашите финансии, рече проф. д-р Чукалиев.

На вчерашната промиција присустуваа и Борјана Арсова, биохемичарка која живее и работи во Јулих, Германија, Илија Дуковски од Универзитетот во Бостон, Александар Шулевски кој работи на Институтот за радиоастрономија АСТРОН во Холандија, Андреј Ристески од Универзитетот „Карнеги Мелон“ во САД, Моника Ѓоргиева која работи на Универзитетот во Женева.

The post Промовирана платформа која ќе ја промени играта во македонската научна заедница appeared first on Република.

]]>

Вчера онлајн беше промовирана Researchnet.mk, веб-страница на која македонските научници во странство може да ги објавуваат своите истражувачки интереси, вештини и области на експертиза за да се поврзат со потенцијални соработници од Македонија.
Целта е да имаме листа каде што ќе се објавуваат сите овие позиции. Главниот дел е можностите за соработка. На платформата секој научник или истражувач има можност да креира свој профил каде во неколку реченици опишува каде и што работи во моментот, кажа д-р Никола Стиков, професор по биомедицинско инженерство на Политехникиот факултет при Униерзитетот на Монтреал, најголемиот франкофонски Универзитет во Канада, промовирајќи ја платформата.
Платформата е дел од иницијатива на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања на УКИМ, наменета за истражувачи кои се заинтересирани за соработка со научници родум од Македонија, кои работат надвор од границите на земјава. Проектот го претставија членовите на тимот на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања.
Денеска пуштаме во употреба нова веб-страница која ги содржи можностите за соработка со македонските научници во странство, нешто што веруваме дека вистински ќе ја промени играта во нашата научна заедница. Оваа страница нуди простор каде што македонските научници може да ги објавуваат своите истражувачки интереси, вештини, области на експертиза. Ова е простор каде што ќе може да најдат и да се поврзат со потенцијални соработници од целиот свет. Оваа иницијатива е мошне важна за македонската наука. Ни помага да ги срушиме бариерите кои ги одвојуваат различните научни дисциплини и да изградиме интердисциплинирани соработки кои може да поттикнат нови откритија и иновации, рече проф. д- Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Според проф. д-р Валентина Гечевска, проректор за наука на УКИМ, со оваа страница се отвора можност помладите кадри, асистентите, да имаат поголема веројатност да реализираат престои надвор, се отвораат поголеми шанси за вмрежување.
Центарот веќе има десет научници родум од Македонија кои се постојани членови на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања на УКИМ, наменета за истражувачи кои се заинтересирани за соработка со научници родум од Македонија, кои работат надвор од границите на земјава. Таа листа ќе се проширува. Главен извор е групата „С(ц)иеста“. Ни се споија целите и идеите, да работиме на интернационализација на академската заедница на кадрите на Универзитетот и да помогнаме помладите кадри, асистентите за вмрежување, рече проф. д-р Гечевска.
Проф. Д-р Ордан Чукалиев, проректор за меѓународна соработка на УКИМ се заблагодари на сите членови на  „С(ц)иеста, на Центарот за ангажманост.
Ви благодарам што се ангажирате да ѝ помогнете на научно-истражувачката заедница, давајќи дел од себе, дел од своето време, дел од вашите финансии, рече проф. д-р Чукалиев.
На вчерашната промиција присустуваа и Борјана Арсова, биохемичарка која живее и работи во Јулих, Германија, Илија Дуковски од Универзитетот во Бостон, Александар Шулевски кој работи на Институтот за радиоастрономија АСТРОН во Холандија, Андреј Ристески од Универзитетот „Карнеги Мелон“ во САД, Моника Ѓоргиева која работи на Универзитетот во Женева.

The post Промовирана платформа која ќе ја промени играта во македонската научна заедница appeared first on Република.

]]>
Промоција на новата веб-страница researchnet.mk наменета за научници од Македонија кои работат во странство https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-novata-veb-stranitsa-researchnet-mk-nameneta-za-nauchnitsi-od-makedonija-koi-rabotat-vo-stranstvo/ Thu, 23 Feb 2023 08:59:10 +0000 https://republika.mk/?p=612202

Пред научната и пошироката јавност денеска во 16,30 часот во живо, на фејсбук страницата на кантарот.мк ќе биде претставена новата веб-страница www.researchnet.mk.

Проектот ќе го претстават членовите на тимот на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања.

Станува збор за иницијатива на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања на УКИМ, наменета за истражувачи кои се заинтересирани за соработка со научници родум од Македонија, кои работат надвор од границите на земјава.

Идејата е researchnet.mk да стане простор каде што македонските научници во странство ќе можат да ги објавуваат своите истражувачки интереси, вештини и области на експертиза за да се поврзат со потенцијални соработници од Македонија.

The post Промоција на новата веб-страница researchnet.mk наменета за научници од Македонија кои работат во странство appeared first on Република.

]]>

Пред научната и пошироката јавност денеска во 16,30 часот во живо, на фејсбук страницата на кантарот.мк ќе биде претставена новата веб-страница www.researchnet.mk. Проектот ќе го претстават членовите на тимот на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања. Станува збор за иницијатива на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања на УКИМ, наменета за истражувачи кои се заинтересирани за соработка со научници родум од Македонија, кои работат надвор од границите на земјава. Идејата е researchnet.mk да стане простор каде што македонските научници во странство ќе можат да ги објавуваат своите истражувачки интереси, вештини и области на експертиза за да се поврзат со потенцијални соработници од Македонија.

The post Промоција на новата веб-страница researchnet.mk наменета за научници од Македонија кои работат во странство appeared first on Република.

]]>
Промовираат метод на пристрасно толкување на историските факти: Македонските научници ги отфрлаат препораките на историската комисија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/promoviraat-metod-na-pristrasno-tolkuvanje-na-istoriskite-fakti-makedonskite-nauchnici-gi-otfrlaat-preporakite-na-istoriskata-komisija/ Fri, 19 Aug 2022 09:14:48 +0000 https://republika.mk/?p=541913

Имајќи ги предвид етичките кодекси на академската заедница, современите научни методи и парадигми, автономноста на научно-истражувачката дејност, како и интегритетот на македонските општествени, хуманистички и историските науки, припадниците на академската и научно-истражувачката заедница од Република Македонија, со индигнација ги отфрлааат „Препораките на Заедничката македонско-бугарска мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања“ и истите ги сметаме за псевдонаучни, поради следниве причини, се наведува во нивната реакција.

[caption id="attachment_267274" align="alignnone" width="640"] (фото: МИА)[/caption]

  • „Препораките...“ го игнорираат фактот дека ‘историското право’ не е призната категорија во меѓународното право, па следствено - за историските прашања не се валидни политичките спорови и договори.

  • „Препораките...“ ја интерпретираат, па и ја ревидираат македонската и регионалната балканска историја на начин кој има политички претекст, поради што отстапуваат од принципот на научност и етичност.

  • Политичкото инсистирање да се усвојат билатерални препораки за историја која има мултилатерален и унилатерален карактер, па не може да се официјализира како „заедничка“ бугарско - македонска историја, претставува повреда на референтната парадигма на хуманистичките науки.

  • Под привид на реципроцитет, „Препораките...“ промовираат метод на арбитрарно и пристрасно толкување на историските факти, личности, настани и процеси кои се значајни за повеќе народи, култури, држави и епохи.

  • Во овие „Препораки...“, македонската, јужнословенската, општословенската и балканската историја се толкуваат на бугароцентричен начин, со што отстапуваат од востановените научни сознанија во македонистиката, славистиката и балканистиката.

  • „Препораките...“ го дискриминираат усвоениот и научно заснован наратив за културната, националната и политичката историја на Македонија, застапуван од македонски и други научници со меѓународна репутација.

  • Иако историјата на Македонија и на Македонците е повеќедимензионална и опфаќа повеќе историски епохи и цивилизациски констелации (античка, средновековна, нововековна, современа), во „Препораките...“ се маргинализираат цели епохи од национална, регионална и меѓународна важност.

  • Во контекст на македонската историја, Македонија може и треба да се проучува, културолошки, тематски и методолошки, на повеќе начини: како територија (геополитички), како држава, како нација која има свој сопствен развоен културен и политички континуум - од етнос до македонска политичка нација и признат меѓународно правен субјект.

  • Македонската историја претставува суверен интерес на Република Македонија, како што историјата на Бугарија е примарен интерес на бугарската држава, па треба да го задржи правото на сопствено научно и официјално толкување.

[caption id="attachment_24576" align="alignnone" width="563"] фото: Жарко Чулиќ[/caption]

 

Поради сето ова, ги сметаме за ништовни и нерелевантни за нашата понатамошна научно истражувачка дејност т.н. „Препораки за заедничко одбележување на историски личности“ на „Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија..-се наведува во писмената реакција потпишана од стотиа научници.

The post Промовираат метод на пристрасно толкување на историските факти: Македонските научници ги отфрлаат препораките на историската комисија appeared first on Република.

]]>

Имајќи ги предвид етичките кодекси на академската заедница, современите научни методи и парадигми, автономноста на научно-истражувачката дејност, како и интегритетот на македонските општествени, хуманистички и историските науки, припадниците на академската и научно-истражувачката заедница од Република Македонија, со индигнација ги отфрлааат „Препораките на Заедничката македонско-бугарска мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања“ и истите ги сметаме за псевдонаучни, поради следниве причини, се наведува во нивната реакција. [caption id="attachment_267274" align="alignnone" width="640"] (фото: МИА)[/caption]
  • „Препораките...“ го игнорираат фактот дека ‘историското право’ не е призната категорија во меѓународното право, па следствено - за историските прашања не се валидни политичките спорови и договори.
  • „Препораките...“ ја интерпретираат, па и ја ревидираат македонската и регионалната балканска историја на начин кој има политички претекст, поради што отстапуваат од принципот на научност и етичност.
  • Политичкото инсистирање да се усвојат билатерални препораки за историја која има мултилатерален и унилатерален карактер, па не може да се официјализира како „заедничка“ бугарско - македонска историја, претставува повреда на референтната парадигма на хуманистичките науки.
  • Под привид на реципроцитет, „Препораките...“ промовираат метод на арбитрарно и пристрасно толкување на историските факти, личности, настани и процеси кои се значајни за повеќе народи, култури, држави и епохи.
  • Во овие „Препораки...“, македонската, јужнословенската, општословенската и балканската историја се толкуваат на бугароцентричен начин, со што отстапуваат од востановените научни сознанија во македонистиката, славистиката и балканистиката.
  • „Препораките...“ го дискриминираат усвоениот и научно заснован наратив за културната, националната и политичката историја на Македонија, застапуван од македонски и други научници со меѓународна репутација.
  • Иако историјата на Македонија и на Македонците е повеќедимензионална и опфаќа повеќе историски епохи и цивилизациски констелации (античка, средновековна, нововековна, современа), во „Препораките...“ се маргинализираат цели епохи од национална, регионална и меѓународна важност.
  • Во контекст на македонската историја, Македонија може и треба да се проучува, културолошки, тематски и методолошки, на повеќе начини: како територија (геополитички), како држава, како нација која има свој сопствен развоен културен и политички континуум - од етнос до македонска политичка нација и признат меѓународно правен субјект.
  • Македонската историја претставува суверен интерес на Република Македонија, како што историјата на Бугарија е примарен интерес на бугарската држава, па треба да го задржи правото на сопствено научно и официјално толкување.
[caption id="attachment_24576" align="alignnone" width="563"] фото: Жарко Чулиќ[/caption]
  Поради сето ова, ги сметаме за ништовни и нерелевантни за нашата понатамошна научно истражувачка дејност т.н. „Препораки за заедничко одбележување на историски личности“ на „Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија..-се наведува во писмената реакција потпишана од стотиа научници.

The post Промовираат метод на пристрасно толкување на историските факти: Македонските научници ги отфрлаат препораките на историската комисија appeared first on Република.

]]>
Која храна е најштетна за околината? https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/koja-hrana-e-najshtetna-za-okolinata/ Tue, 09 Aug 2022 21:39:56 +0000 https://republika.mk/?p=538493

Јадењето овошје и зеленчук е подобро за околината отколку јадењето месо и сирење, а новата студија покажа и дека црвеното месо има штетно влијание врз околината.

Научници анализирале околу 57.000 производи кои се продаваат во супермаркетите во Велика Британија и во Ирска во рамките на студијата објавена во научното списание PNAS.

Истражувачите, кои се надеваат дека нивната студија ќе овозможи одржливо купување без да се жртвува здравјето, ги споредиле резултатите и со нутритивните својства на храната.

Замените за месото, млечните производи и за јајцата на растителна база имаат многу поголема корист за околината и за здравјето, се вели во студијата. Но, корист за околината може да имаат и некои помали промени. На пример, наместо лазањите да се подготвуваат со црвено говедско месо, може да се приготвуваат со пилешко или со свинско месо, или да се заменат со вегетаријански.

Ниту студии и претходно покажале дека црвеното месо, иако е извор на некои есенцијални нутритивни состојки, може да се асоцира со некои болести, на пример на срцето или на крвоносниот систем, па удира и со рак на дебелото црево.

Научниците открија и дека концентратот на сокови, газираните пијалаци и другите овошни сокови се меѓу производите кои најмалку влијаат на околината затоа што главно се состојат од вода, но нивната нутритивна вредност е мала.

Лебот и останатите житарки приготвени како јадења или слатки имаат релативно ниско или средно влијание на околината. Истражувачите веруваат дека општо земено, колку поодржлива е храната, толку е подобра од прехранбена гледна точка.

Научниците развиле алгоритам базиран на неколку познати информации за проценка на производите кои се истражувале. За проценка на влијанието врз околината се земени предвид четири фактори: емисијата на стакленички гасови, користењето органичени водени ресурси, користењето земјиште и еутрофикацијата, односно збогатувањето на водените патишта и минерали и хранливи состојки.

The post Која храна е најштетна за околината? appeared first on Република.

]]>

Јадењето овошје и зеленчук е подобро за околината отколку јадењето месо и сирење, а новата студија покажа и дека црвеното месо има штетно влијание врз околината. Научници анализирале околу 57.000 производи кои се продаваат во супермаркетите во Велика Британија и во Ирска во рамките на студијата објавена во научното списание PNAS. Истражувачите, кои се надеваат дека нивната студија ќе овозможи одржливо купување без да се жртвува здравјето, ги споредиле резултатите и со нутритивните својства на храната. Замените за месото, млечните производи и за јајцата на растителна база имаат многу поголема корист за околината и за здравјето, се вели во студијата. Но, корист за околината може да имаат и некои помали промени. На пример, наместо лазањите да се подготвуваат со црвено говедско месо, може да се приготвуваат со пилешко или со свинско месо, или да се заменат со вегетаријански. Ниту студии и претходно покажале дека црвеното месо, иако е извор на некои есенцијални нутритивни состојки, може да се асоцира со некои болести, на пример на срцето или на крвоносниот систем, па удира и со рак на дебелото црево. Научниците открија и дека концентратот на сокови, газираните пијалаци и другите овошни сокови се меѓу производите кои најмалку влијаат на околината затоа што главно се состојат од вода, но нивната нутритивна вредност е мала. Лебот и останатите житарки приготвени како јадења или слатки имаат релативно ниско или средно влијание на околината. Истражувачите веруваат дека општо земено, колку поодржлива е храната, толку е подобра од прехранбена гледна точка. Научниците развиле алгоритам базиран на неколку познати информации за проценка на производите кои се истражувале. За проценка на влијанието врз околината се земени предвид четири фактори: емисијата на стакленички гасови, користењето органичени водени ресурси, користењето земјиште и еутрофикацијата, односно збогатувањето на водените патишта и минерали и хранливи состојки.

The post Која храна е најштетна за околината? appeared first on Република.

]]>
Американски научници: Можеби ни се заканува нова пандемија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/amerikanski-nauchnici-mozebi-ni-se-zakanuva-nova-pandemija/ Mon, 02 May 2022 08:54:10 +0000 https://republika.mk/?p=496237

Климатските промени ќе принудат многу животни да ги напуштат своите постојни екосистеми во области погодни за живеење, каде нивното мешање со други животински видови во голема мера ќе го зголеми ризикот од взаемно пренесување на вируси и појава на нови, покажаа резултатите од новата студија.

Во исто време, ризикот од нови болести потенцијално преносливи на луѓето се зголемува, а може да претстои уште една пандемија, предупредија американските научници.

Врз основа на студиите на сегашните климатски модели, податоците за уништувањето на природните живеалишта и начинот на кој вирусите минуваат од еден вид на друг, научниците укажуваат на уште помрачна проекција на иднината до 2070 година за планетата на која живееме.

И таа траекторија се чини дека е неповратна, дури и ако зголемувањето на температурата е ограничено на 2 степени Целзиусови, според авторите од Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон кои ги објавија резултатите од студијата во списанието Nature.

Во моментов постојат најмалку 10.000 познати вируси во светот кои можат да преминат од животните на луѓето и кои тивко циркулираат меѓу дивите цицачи, главно во длабочините на тропските шуми, покажуваат нивните истражувања.

Зголемените температури можат да ги принудуваат овие цицачи да ги напуштат своите родни живеалишта, а во попогодни, постудени области за прв пат ќе се сретнат со други животински видови, што ќе овозможи најмалку 15.000 нови вируси да можат да преминат од животно на животно до 2070 година, предвидуваат експертите.

Овој процес веројатно веќе е започнат и ќе продолжи дури и ако светот наскоро успее да ги намали емисиите на јаглерод. Научниците истакнуваат дека претставува голема закана за животните и луѓето.

„Имаме докази за нови и потенцијално деструктивни механизми на болести кои би можеле да го загрозат здравјето на животинската популација во иднина, но веројатно ќе имаат и последици по здравјето на луѓето“, вели коавторот на студијата Грегори Албери, биолог на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон.

Петгодишната студија испитувала 3.139 видови цицачи, проектирајќи како нивните глобални движења ќе се променат според серијата сценарија за глобално затоплување. Научниците исто така анализираа како нивните движења ќе влијаат на преносот на вирусот.

Откриле дека новите контакти меѓу различните цицачи ќе се удвојат. Тие би се појавиле каде било во светот, но би биле особено концентрирани во тропска Африка и Југоисточна Азија.

Глобалното затоплување ќе влијае и во густо населените области каде што „луѓето најверојатно ќе бидат почувствителни и поранливи на промените во животната средина, а некои вируси ќе се шират глобално од кој било од овие населени центри“.

Веројатни жаришта се регионот Сахел, етиопските висорамнини, долината Рифт што минува низ Етиопија, Кенија и Танзанија, Индија, источна Кина, Индонезија, Филипините и некои понаселени делови на Европа, покажа истражувањето.

Скриената закана, предупредуваат научниците, е претставена со 10.000 вируси кои „тивко циркулираат“ меѓу дивите цицачи во тропските шуми и може да се пренесат на луѓето.

Како единствениот цицач кој може да лета, лилјакот може да патува далеку поголеми растојанија од своите роднини на копно, со што шири разни болести.

Експертите веруваат дека овој процес е веќе започнат и е неповратен, а нивната студија сугерира дека лилјаците се одговорни за огромното мнозинство на потенцијални први средби со други цицачи, најмногу во Југоисточна Азија.

Дури и ако светот успее да ги намали сегашните емисии на стакленички гасови многу брзо и „масовно“, се чини дека тоа нема да придонесе за решавање на овој проблем.

Проекциите покажаа дека во најблагото сценарио, кога се земаат предвид климатските промени, може да има повеќе пренос на вируси меѓу животинските видови.

Истражувачите исто така се обидоа да утврдат кога би можеле да почнат да се случуваат такви први средби меѓу различни животински видови, очекувајќи дека тоа ќе биде кон крајот на овој век, но на нивно изненадување се покажа дека повеќето први контакти се случуваат помеѓу 2011 и 2040 година и континуирано се зголемуваат.

Овој процес е веќе во тек и не можеме да го спречиме ниту во најдоброто сценарио за климатски промени. Но, можеме и мораме да преземеме мерки кои ќе ни обезбедат подобра здравствена инфраструктура која ќе ги заштити и животинската и човечката популација, рече Албери.

 

Тој вели дека „доцна е трендот да се промени, но важно е да станеме свесни за фактот дека климатските промени наскоро ќе бидат најголемиот светски глобален двигател на болести, поради што треба да изградиме добри здравствени системи кои ќе можат да се справат со нив.

The post Американски научници: Можеби ни се заканува нова пандемија appeared first on Република.

]]>

Климатските промени ќе принудат многу животни да ги напуштат своите постојни екосистеми во области погодни за живеење, каде нивното мешање со други животински видови во голема мера ќе го зголеми ризикот од взаемно пренесување на вируси и појава на нови, покажаа резултатите од новата студија. Во исто време, ризикот од нови болести потенцијално преносливи на луѓето се зголемува, а може да претстои уште една пандемија, предупредија американските научници. Врз основа на студиите на сегашните климатски модели, податоците за уништувањето на природните живеалишта и начинот на кој вирусите минуваат од еден вид на друг, научниците укажуваат на уште помрачна проекција на иднината до 2070 година за планетата на која живееме. И таа траекторија се чини дека е неповратна, дури и ако зголемувањето на температурата е ограничено на 2 степени Целзиусови, според авторите од Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон кои ги објавија резултатите од студијата во списанието Nature. Во моментов постојат најмалку 10.000 познати вируси во светот кои можат да преминат од животните на луѓето и кои тивко циркулираат меѓу дивите цицачи, главно во длабочините на тропските шуми, покажуваат нивните истражувања. Зголемените температури можат да ги принудуваат овие цицачи да ги напуштат своите родни живеалишта, а во попогодни, постудени области за прв пат ќе се сретнат со други животински видови, што ќе овозможи најмалку 15.000 нови вируси да можат да преминат од животно на животно до 2070 година, предвидуваат експертите. Овој процес веројатно веќе е започнат и ќе продолжи дури и ако светот наскоро успее да ги намали емисиите на јаглерод. Научниците истакнуваат дека претставува голема закана за животните и луѓето. „Имаме докази за нови и потенцијално деструктивни механизми на болести кои би можеле да го загрозат здравјето на животинската популација во иднина, но веројатно ќе имаат и последици по здравјето на луѓето“, вели коавторот на студијата Грегори Албери, биолог на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон. Петгодишната студија испитувала 3.139 видови цицачи, проектирајќи како нивните глобални движења ќе се променат според серијата сценарија за глобално затоплување. Научниците исто така анализираа како нивните движења ќе влијаат на преносот на вирусот. Откриле дека новите контакти меѓу различните цицачи ќе се удвојат. Тие би се појавиле каде било во светот, но би биле особено концентрирани во тропска Африка и Југоисточна Азија. Глобалното затоплување ќе влијае и во густо населените области каде што „луѓето најверојатно ќе бидат почувствителни и поранливи на промените во животната средина, а некои вируси ќе се шират глобално од кој било од овие населени центри“. Веројатни жаришта се регионот Сахел, етиопските висорамнини, долината Рифт што минува низ Етиопија, Кенија и Танзанија, Индија, источна Кина, Индонезија, Филипините и некои понаселени делови на Европа, покажа истражувањето. Скриената закана, предупредуваат научниците, е претставена со 10.000 вируси кои „тивко циркулираат“ меѓу дивите цицачи во тропските шуми и може да се пренесат на луѓето. Како единствениот цицач кој може да лета, лилјакот може да патува далеку поголеми растојанија од своите роднини на копно, со што шири разни болести. Експертите веруваат дека овој процес е веќе започнат и е неповратен, а нивната студија сугерира дека лилјаците се одговорни за огромното мнозинство на потенцијални први средби со други цицачи, најмногу во Југоисточна Азија. Дури и ако светот успее да ги намали сегашните емисии на стакленички гасови многу брзо и „масовно“, се чини дека тоа нема да придонесе за решавање на овој проблем. Проекциите покажаа дека во најблагото сценарио, кога се земаат предвид климатските промени, може да има повеќе пренос на вируси меѓу животинските видови. Истражувачите исто така се обидоа да утврдат кога би можеле да почнат да се случуваат такви први средби меѓу различни животински видови, очекувајќи дека тоа ќе биде кон крајот на овој век, но на нивно изненадување се покажа дека повеќето први контакти се случуваат помеѓу 2011 и 2040 година и континуирано се зголемуваат. Овој процес е веќе во тек и не можеме да го спречиме ниту во најдоброто сценарио за климатски промени. Но, можеме и мораме да преземеме мерки кои ќе ни обезбедат подобра здравствена инфраструктура која ќе ги заштити и животинската и човечката популација, рече Албери.   Тој вели дека „доцна е трендот да се промени, но важно е да станеме свесни за фактот дека климатските промени наскоро ќе бидат најголемиот светски глобален двигател на болести, поради што треба да изградиме добри здравствени системи кои ќе можат да се справат со нив.

The post Американски научници: Можеби ни се заканува нова пандемија appeared first on Република.

]]>
Жените би можеле да бидат мајки на 50-годишна возраст, велат израелските научници https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/zenite-bi-mozele-da-bidat-majki-na-50-godishna-vozrast-velat-izraelskite-nauchnici/ Thu, 10 Mar 2022 10:30:54 +0000 https://republika.mk/?p=470532

Жените би можеле да бидат мајки на 50-годишна возраст, велат израелските научници кои успешно го смениле стареењето на човечките јајце-клетки.

Во големото достигнување, израелските истражувачи ефикасно направија јајце-клетките на 40-годишни жени да изгледаат како јајце-клетки на 20-годишна жена.

Жените се раѓаат со сите нивни јајце-клетки, но нивната состојба се влошува со текот на времето, што го отежнува оплодувањето на постарите јајце-клетки.

Додека просечната жена во раните 20-ти има 80 отсто шанси да забремени по природен пат во рок од една година, шансите се преполовуваат до 40-тата година.

Научниците од Хебрејскиот универзитет во Ерусалим покажаа дека стареењето може да се промени со антивирусен лек кој се користи за лекување на пациенти со ХИВ.

Се смета дека делува така што го спречува оштетувањето на ДНК што се случува за време на процесот на стареење со лек кој го блокира генетското оштетување за време на вирусни инфекции.

По овој успех, тимот сега планира да го тестира на животни и на крајот на луѓе. Тој, исто така, се надева дека третманот може да го намали ризикот од спонтан абортус и вродени дефекти, кои се почести кај постарите мајки.

За време на процесот на стареење во човечката јајце-клетка, делови од неговата ДНК може да почнат да напаѓаат други области на сличен начин на кој вирусите можат да се реплицираат. За да се спречи ова, научниците теоретизираа дека антивирусен лек наречен инхибитор на обратна транскриптаза, кој се користи за да се спречи оштетување на ДНК кај вирусни инфекции, може да помогне.

Многу жени се обидуваат да забременат на возраст над 40 години и мислиме дека овој третман всушност може да ги зголеми нивните нивоа на плодност. Во рок од 10 години, се надеваме дека ќе користиме антивирусни лекови за да ја зголемиме плодноста кај постарите жени, изјави д-р Мајкл Кластин, молекуларен биолог кој ја водел студијата, за Times of Israel.

Лекот прво бил тестиран на стотици ембриони од глувци, пред да се користи на човечки ембриони кои останале по третманот со вештачко оплодување.

The post Жените би можеле да бидат мајки на 50-годишна возраст, велат израелските научници appeared first on Република.

]]>

Жените би можеле да бидат мајки на 50-годишна возраст, велат израелските научници кои успешно го смениле стареењето на човечките јајце-клетки. Во големото достигнување, израелските истражувачи ефикасно направија јајце-клетките на 40-годишни жени да изгледаат како јајце-клетки на 20-годишна жена. Жените се раѓаат со сите нивни јајце-клетки, но нивната состојба се влошува со текот на времето, што го отежнува оплодувањето на постарите јајце-клетки. Додека просечната жена во раните 20-ти има 80 отсто шанси да забремени по природен пат во рок од една година, шансите се преполовуваат до 40-тата година. Научниците од Хебрејскиот универзитет во Ерусалим покажаа дека стареењето може да се промени со антивирусен лек кој се користи за лекување на пациенти со ХИВ. Се смета дека делува така што го спречува оштетувањето на ДНК што се случува за време на процесот на стареење со лек кој го блокира генетското оштетување за време на вирусни инфекции. По овој успех, тимот сега планира да го тестира на животни и на крајот на луѓе. Тој, исто така, се надева дека третманот може да го намали ризикот од спонтан абортус и вродени дефекти, кои се почести кај постарите мајки. За време на процесот на стареење во човечката јајце-клетка, делови од неговата ДНК може да почнат да напаѓаат други области на сличен начин на кој вирусите можат да се реплицираат. За да се спречи ова, научниците теоретизираа дека антивирусен лек наречен инхибитор на обратна транскриптаза, кој се користи за да се спречи оштетување на ДНК кај вирусни инфекции, може да помогне.
Многу жени се обидуваат да забременат на возраст над 40 години и мислиме дека овој третман всушност може да ги зголеми нивните нивоа на плодност. Во рок од 10 години, се надеваме дека ќе користиме антивирусни лекови за да ја зголемиме плодноста кај постарите жени, изјави д-р Мајкл Кластин, молекуларен биолог кој ја водел студијата, за Times of Israel.
Лекот прво бил тестиран на стотици ембриони од глувци, пред да се користи на човечки ембриони кои останале по третманот со вештачко оплодување.

The post Жените би можеле да бидат мајки на 50-годишна возраст, велат израелските научници appeared first on Република.

]]>
Војната со Украина е чекор во ништо- отворено антивоено писмо на илјадници руски научници https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vojnata-so-ukraina-e-chekor-vo-nishto-otvoreno-antivoeno-pismo-na-iljadnici-ruski-nauchnici/ Tue, 01 Mar 2022 09:57:48 +0000 https://republika.mk/?p=465737

Руската инвазија на Украина поттикна многу руски научници и новинари да потпишат отворено антивоено писмо.

Апелот, кој ги осудува постапките на власта на Путин и повикува на почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на украинската држава, досега е потпишан од 4.750 руски научници, интелектуалци, новинари и академици. Меѓу нив се и неколку членови на Руската академија на науките и добитникот на Нобеловата награда за физика во 2010 година, Константин Новоселов.

Отвореното писмо го пренесуваме во целост.

Ние, руските научници и научните новинари, изразуваме силен протест против вооружените дејствија што ги започнаа вооружените сили на нашата земја на територијата на Украина. Овој фатален чекор води до огромни човечки загуби и ги поткопува темелите на постоечкиот меѓународен безбедносен систем. Одговорност да започне нова војна во Европа лежи во Русија.

Нема рационално оправдување за оваа војна. Обидите да се искористи ситуацијата во Донбас како изговор за воена операција не влева никаква доверба. Јасно е дека Украина не претставува закана за безбедноста на нашата земја. Војната против Украина е неправедна и целосно бесмислена.

Украина беше и останува земја блиска до нас. Многумина од нас имаат роднини, пријатели и научни колеги кои живеат во Украина. Нашите татковци, дедовци и прадедовци се бореа заедно против нацизмот. Почетокот на војната поради геополитичките амбиции на раководството на Руската Федерација, поттикнат од сомнителни историозофски фантазии, е цинично предавство на нивните сеќавања.

Ја почитуваме украинската државност заснована на вистински функционални демократски институции. Со разбирање го прифаќаме европскиот избор на нашите соседи. Убедени сме дека сите проблеми во односите меѓу нашите земји можат да се решат по мирен пат.

Почнувајќи ја војната, Русија се осуди на меѓународна изолација, на позиција на земја на отпадници. Тоа значи дека ние, научниците, повеќе нема да можеме нормално да си ја вршиме работата. Конечно, спроведувањето научно истражување е незамисливо без целосна соработка со колеги од други земји. Изолацијата на Русија од светот значи натамошна културна и технолошка деградација на нашата земја и целосно отсуство на позитивни перспективи. Војната со Украина е чекор во ништо.

Огорчени сме поради сознанието дека нашата земја, која даде одлучувачки придонес во победата над нацизмот, сега стана иницијатор за нова војна на европскиот континент. Бараме итно запирање на сите воени операции насочени против Украина. Бараме почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на украинската држава. Бараме мир за нашите земји. Се занимаваме со наука, а не со војна!, стои во отвореното писмо.

The post Војната со Украина е чекор во ништо- отворено антивоено писмо на илјадници руски научници appeared first on Република.

]]>

Руската инвазија на Украина поттикна многу руски научници и новинари да потпишат отворено антивоено писмо. Апелот, кој ги осудува постапките на власта на Путин и повикува на почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на украинската држава, досега е потпишан од 4.750 руски научници, интелектуалци, новинари и академици. Меѓу нив се и неколку членови на Руската академија на науките и добитникот на Нобеловата награда за физика во 2010 година, Константин Новоселов. Отвореното писмо го пренесуваме во целост.
Ние, руските научници и научните новинари, изразуваме силен протест против вооружените дејствија што ги започнаа вооружените сили на нашата земја на територијата на Украина. Овој фатален чекор води до огромни човечки загуби и ги поткопува темелите на постоечкиот меѓународен безбедносен систем. Одговорност да започне нова војна во Европа лежи во Русија. Нема рационално оправдување за оваа војна. Обидите да се искористи ситуацијата во Донбас како изговор за воена операција не влева никаква доверба. Јасно е дека Украина не претставува закана за безбедноста на нашата земја. Војната против Украина е неправедна и целосно бесмислена. Украина беше и останува земја блиска до нас. Многумина од нас имаат роднини, пријатели и научни колеги кои живеат во Украина. Нашите татковци, дедовци и прадедовци се бореа заедно против нацизмот. Почетокот на војната поради геополитичките амбиции на раководството на Руската Федерација, поттикнат од сомнителни историозофски фантазии, е цинично предавство на нивните сеќавања. Ја почитуваме украинската државност заснована на вистински функционални демократски институции. Со разбирање го прифаќаме европскиот избор на нашите соседи. Убедени сме дека сите проблеми во односите меѓу нашите земји можат да се решат по мирен пат. Почнувајќи ја војната, Русија се осуди на меѓународна изолација, на позиција на земја на отпадници. Тоа значи дека ние, научниците, повеќе нема да можеме нормално да си ја вршиме работата. Конечно, спроведувањето научно истражување е незамисливо без целосна соработка со колеги од други земји. Изолацијата на Русија од светот значи натамошна културна и технолошка деградација на нашата земја и целосно отсуство на позитивни перспективи. Војната со Украина е чекор во ништо. Огорчени сме поради сознанието дека нашата земја, која даде одлучувачки придонес во победата над нацизмот, сега стана иницијатор за нова војна на европскиот континент. Бараме итно запирање на сите воени операции насочени против Украина. Бараме почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на украинската држава. Бараме мир за нашите земји. Се занимаваме со наука, а не со војна!, стои во отвореното писмо.

The post Војната со Украина е чекор во ништо- отворено антивоено писмо на илјадници руски научници appeared first on Република.

]]>
Зошто инфекцијата со омикрон е поблага од делта сојот, објаснуваат научници oд Германија и Британија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/zoshto-infekcijata-so-omikron-e-poblaga-od-delta-sojot-objasnuvaat-nauchnici-od-germanija-i-britanija/ Wed, 02 Feb 2022 12:17:26 +0000 https://republika.mk/?p=452976

Научниците идентификуваа можна причина зошто инфекцијата со омикрон е поблага од другите варијанти на коронавирус.

Истражувањата покажаа дека омикронот е почувствителен на имунолошкиот одговор на луѓето отколку на делта сојот, објавија истражувачите од Германија и Велика Британија.

Нашата студија за прв пат објасни зошто инфекциите со омикрон имаат помала веројатност да предизвикаат тешка болест, рече Мартин Михаелис од Одделот за бионаука на Универзитетот во Кент, чиј тим ја спроведе студијата во Универзитетската болница во Франкфурт.

Омикрон, за разлика од делта, се чини дека не успева да ги спречи заразените клетки да произведуваат и лачат интерферон, природен протеин одговорен за имунолошкиот одговор присутен во сите човечки клетки“, велат тие.

Инфицираните клетки произведуваат интерферон. Едноставно кажано, овие супстанции служат како гласници кои, меѓу другото, ги информираат другите клетки за присуството на вирусот. Според ова истражување, делта се покажала како „поуспешна“ од омикрон кога станува збор за способноста на клетките да го блокираат производството на интерферон.

Интерферонот е важен за неспецифичен имунолошки одговор, односно за многу брза и поопшта реакција на имунолошкиот систем во борбата против патогените. Неспецифичен имунолошки одговор треба да се разликува од специфичен имунолошки одговор на кој му е потребно подолго време за да се активира. Специфичен имунолошки одговор произведува антитела кои постојат за да се борат против одреден патоген.

The post Зошто инфекцијата со омикрон е поблага од делта сојот, објаснуваат научници oд Германија и Британија appeared first on Република.

]]>

Научниците идентификуваа можна причина зошто инфекцијата со омикрон е поблага од другите варијанти на коронавирус. Истражувањата покажаа дека омикронот е почувствителен на имунолошкиот одговор на луѓето отколку на делта сојот, објавија истражувачите од Германија и Велика Британија.
Нашата студија за прв пат објасни зошто инфекциите со омикрон имаат помала веројатност да предизвикаат тешка болест, рече Мартин Михаелис од Одделот за бионаука на Универзитетот во Кент, чиј тим ја спроведе студијата во Универзитетската болница во Франкфурт.
Омикрон, за разлика од делта, се чини дека не успева да ги спречи заразените клетки да произведуваат и лачат интерферон, природен протеин одговорен за имунолошкиот одговор присутен во сите човечки клетки“, велат тие. Инфицираните клетки произведуваат интерферон. Едноставно кажано, овие супстанции служат како гласници кои, меѓу другото, ги информираат другите клетки за присуството на вирусот. Според ова истражување, делта се покажала како „поуспешна“ од омикрон кога станува збор за способноста на клетките да го блокираат производството на интерферон. Интерферонот е важен за неспецифичен имунолошки одговор, односно за многу брза и поопшта реакција на имунолошкиот систем во борбата против патогените. Неспецифичен имунолошки одговор треба да се разликува од специфичен имунолошки одговор на кој му е потребно подолго време за да се активира. Специфичен имунолошки одговор произведува антитела кои постојат за да се борат против одреден патоген.

The post Зошто инфекцијата со омикрон е поблага од делта сојот, објаснуваат научници oд Германија и Британија appeared first on Република.

]]>
Протекоа мејлови на научници: Мислиме дека вирусот излегол од лабораторија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/protekoa-mejlovi-na-nauchnici-mislime-deka-virusot-izlegol-od-laboratorija/ Thu, 13 Jan 2022 14:31:33 +0000 https://republika.mk/?p=444211

Британските и американските научници од почетокот се сомневаа дека постои голема веројатност Ковид-19 случајно да излегол од лабораторијата во Вухан. Сега тоа можат да го докажат.

Според информациите, се покажа дека тие јавно молчеа за своите сомнежи, бидејќи стравуваа дека можат да му наштетат на научниот рејтинг на Кина, но своите сомнежи ги искажаа во мејлови, кои сега се откриени, пренесува британски „Телеграф“.

Сите детали излегоа на виделина кога на републиканските членови на Надзорниот одбор на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес им беше овозможен пристап до спорните документи, по нивната жалба дека нивната содржина е многу преработена.

Сè започна со е-пошта напишана во февруари 2020 година од Џереми Фарар, директор на „Wellcome Trust“ најголемата приватна британска медицинска фондација, кој до неодамна беше и член на британскиот кризен штаб. Таа е-пошта ја напишал до Ентони Фаучи и Френсис Колинс.

Ковид се чини дека еволуирал многу брзо од вирус сличен на САРС во човечкото ткиво во лабораторија со ниска безбедност. Таквата еволуција можеби случајно создала вирус кој брзо се пренесува меѓу луѓето, напиша Ферар.

Но, поранешниот директор на Националниот институт за здравство на САД, Колинс му рекол дека понатамошната дискусија за тоа „ќе предизвика непотребна штета на научната заедница во Кина, науката воопшто, но и меѓународната хармонија“.

Ферар во споменатите мејлови напиша и дека други научници веруваат дека вирусот не можел да се развие природно. Еден од нив е професорот Мајк Фарзан, кој откри како оригиналниот вирус САРС всушност се врзува за човечките клетки.

Посебно ги интересираше случајот со ензимот фурин, кој му помага на вирусот да навлезе во клетките и со тоа го прави исклучително заразен за луѓето.

„ Професорот Фарзан не верува дека ова се случило надвор од лабораторијата, иако таквото сценарио е возможно во природата, но веројатноста за тоа е многу мала. Прашањето е како да се комбинира сето ова – дали верувате во оваа серија случајности, дали знаеш за лабораторијата во Вухан?, колку може да има во природата – дали е случајно ослободување или природен настан? Моментално сум на размислувањата 70:30 или 60:40″ резимира Џереми.

И тие мејлови не се единствените. Мејлови кои се документирани испратиле и професорот Боб Гери од Универзитетот во Тексас и професорот Ендрју Рамбоц од Универзитетот во Единбург, кои исто така не биле убеден дека коронавирусот се појавил во природата.

„Телеграф“ наведува и дека институциите кои имале пристап до оваа електронска пошта постојано се спротивставиле на напорите за објавување на нивната содржина.

The post Протекоа мејлови на научници: Мислиме дека вирусот излегол од лабораторија appeared first on Република.

]]>

Британските и американските научници од почетокот се сомневаа дека постои голема веројатност Ковид-19 случајно да излегол од лабораторијата во Вухан. Сега тоа можат да го докажат. Според информациите, се покажа дека тие јавно молчеа за своите сомнежи, бидејќи стравуваа дека можат да му наштетат на научниот рејтинг на Кина, но своите сомнежи ги искажаа во мејлови, кои сега се откриени, пренесува британски „Телеграф“. Сите детали излегоа на виделина кога на републиканските членови на Надзорниот одбор на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес им беше овозможен пристап до спорните документи, по нивната жалба дека нивната содржина е многу преработена. Сè започна со е-пошта напишана во февруари 2020 година од Џереми Фарар, директор на „Wellcome Trust“ најголемата приватна британска медицинска фондација, кој до неодамна беше и член на британскиот кризен штаб. Таа е-пошта ја напишал до Ентони Фаучи и Френсис Колинс. Ковид се чини дека еволуирал многу брзо од вирус сличен на САРС во човечкото ткиво во лабораторија со ниска безбедност. Таквата еволуција можеби случајно создала вирус кој брзо се пренесува меѓу луѓето, напиша Ферар. Но, поранешниот директор на Националниот институт за здравство на САД, Колинс му рекол дека понатамошната дискусија за тоа „ќе предизвика непотребна штета на научната заедница во Кина, науката воопшто, но и меѓународната хармонија“. Ферар во споменатите мејлови напиша и дека други научници веруваат дека вирусот не можел да се развие природно. Еден од нив е професорот Мајк Фарзан, кој откри како оригиналниот вирус САРС всушност се врзува за човечките клетки. Посебно ги интересираше случајот со ензимот фурин, кој му помага на вирусот да навлезе во клетките и со тоа го прави исклучително заразен за луѓето. „ Професорот Фарзан не верува дека ова се случило надвор од лабораторијата, иако таквото сценарио е возможно во природата, но веројатноста за тоа е многу мала. Прашањето е како да се комбинира сето ова – дали верувате во оваа серија случајности, дали знаеш за лабораторијата во Вухан?, колку може да има во природата – дали е случајно ослободување или природен настан? Моментално сум на размислувањата 70:30 или 60:40″ резимира Џереми. И тие мејлови не се единствените. Мејлови кои се документирани испратиле и професорот Боб Гери од Универзитетот во Тексас и професорот Ендрју Рамбоц од Универзитетот во Единбург, кои исто така не биле убеден дека коронавирусот се појавил во природата. „Телеграф“ наведува и дека институциите кои имале пристап до оваа електронска пошта постојано се спротивставиле на напорите за објавување на нивната содржина.

The post Протекоа мејлови на научници: Мислиме дека вирусот излегол од лабораторија appeared first on Република.

]]>
Научниците открија нови симптоми на омикронот кои се појавуваат по три дена https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/nauchnicite-otkrija-novi-simptomi-na-omikronot-koi-se-pojavuvaat-po-tri-dena/ Mon, 03 Jan 2022 09:08:13 +0000 https://republika.mk/?p=439893

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) спроведе студија која покажа дека симптомите на инфекција со сојот омикрон се појавуваат по три дена.

Со зголемена преносливост и потенцијално поблаги симптоми, сојот омикрон има пократок период на инкубација во споредба со делта и другите соеви на коронавирусот.

Симптомите на другите соеви на коронавирусот се појавуваат во просек пет дена по инфекцијата.

Студијата е објавена во неделниот извештај на ЦДЦ за морбидитетот и морталитетот.

Во студијата учествувале шест лица од исто домаќинство за кои постои сомневање дека се заразени, од кои само едно лице било целосно вакцинирано.

По геномското секвенционирање на примероците, било откриено дека сите се заразени со сојот омикрон.

ЦДЦ потоа докажа дека симптомите се појавиле по три дена.

И Норвешкиот институт за јавно здравје ги анализирал симптомите на 111 луѓе кои присуствувале на божиќна забава.

Повеќето биле целосно вакцинирани, а 73 проценти биле позитивни на омикрон.

Никој немал тешка форма на болеста, а симптомите се појавиле во рок од три дена.

The post Научниците открија нови симптоми на омикронот кои се појавуваат по три дена appeared first on Република.

]]>

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) спроведе студија која покажа дека симптомите на инфекција со сојот омикрон се појавуваат по три дена. Со зголемена преносливост и потенцијално поблаги симптоми, сојот омикрон има пократок период на инкубација во споредба со делта и другите соеви на коронавирусот. Симптомите на другите соеви на коронавирусот се појавуваат во просек пет дена по инфекцијата. Студијата е објавена во неделниот извештај на ЦДЦ за морбидитетот и морталитетот. Во студијата учествувале шест лица од исто домаќинство за кои постои сомневање дека се заразени, од кои само едно лице било целосно вакцинирано. По геномското секвенционирање на примероците, било откриено дека сите се заразени со сојот омикрон. ЦДЦ потоа докажа дека симптомите се појавиле по три дена. И Норвешкиот институт за јавно здравје ги анализирал симптомите на 111 луѓе кои присуствувале на божиќна забава. Повеќето биле целосно вакцинирани, а 73 проценти биле позитивни на омикрон. Никој немал тешка форма на болеста, а симптомите се појавиле во рок од три дена.

The post Научниците открија нови симптоми на омикронот кои се појавуваат по три дена appeared first on Република.

]]>