научни студии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nauchni-studii/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Feb 2024 13:25:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png научни студии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nauchni-studii/ 32 32 Формирана национална електронска платформа за објавување научни студии за состојбата со малигни заболувања во Македонија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/formirana-natsionalna-elektronska-platforma-za-objavuvane-nauchni-studii-za-sostojbata-so-maligni-zaboluvana-vo-makedonija/ Fri, 02 Feb 2024 13:25:56 +0000 https://republika.mk/?p=739750

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска оствари средба со деканот на Медицинскиот факултет при УКИМ, професор д-р Светозар Антовиќ и професорката Весна Велиќ Стефановска, раководител на Институтот за епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика по повод воспоставување национална електронска платформа за објавување научни епидемиолошки студии за состојбата со малигни заболувања во земјава.

-Првпат воспоставуваме национална електронска платформа за објавување научни епидемиолошки студии за рак на простата, рак на матка, рак на дебело црево, на дојка и на црн дроб. При креирањето на методологијата за работа се искористени искуствата на земјите членки на ЕУ и Соединетите Американски Држави. Во нив е прикажана просечната годишна процентуална промена на секое од петте малигни заболувања од 2014 до 2022 година, по пол, возраст и општини, посочи Меџити.

Сите истражувања ќе бидат поставени на електронска платформа отворена за сите профили на здравствени работници, како и студенти, магистранти и докторанти на Факултетите за медицина, стоматологија и фармација. Платформата ќе биде отворена и за здруженијата на пациенти со малигни заболувања и сите други заинтересирани лица и институции.

Остварувањето на оваа иницијатива е од национален интерес и ќе овозможи поврзување со сите релевантни светски бази на податоци.

 

The post Формирана национална електронска платформа за објавување научни студии за состојбата со малигни заболувања во Македонија appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска оствари средба со деканот на Медицинскиот факултет при УКИМ, професор д-р Светозар Антовиќ и професорката Весна Велиќ Стефановска, раководител на Институтот за епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика по повод воспоставување национална електронска платформа за објавување научни епидемиолошки студии за состојбата со малигни заболувања во земјава.
-Првпат воспоставуваме национална електронска платформа за објавување научни епидемиолошки студии за рак на простата, рак на матка, рак на дебело црево, на дојка и на црн дроб. При креирањето на методологијата за работа се искористени искуствата на земјите членки на ЕУ и Соединетите Американски Држави. Во нив е прикажана просечната годишна процентуална промена на секое од петте малигни заболувања од 2014 до 2022 година, по пол, возраст и општини, посочи Меџити.
Сите истражувања ќе бидат поставени на електронска платформа отворена за сите профили на здравствени работници, како и студенти, магистранти и докторанти на Факултетите за медицина, стоматологија и фармација. Платформата ќе биде отворена и за здруженијата на пациенти со малигни заболувања и сите други заинтересирани лица и институции. Остварувањето на оваа иницијатива е од национален интерес и ќе овозможи поврзување со сите релевантни светски бази на податоци.  

The post Формирана национална електронска платформа за објавување научни студии за состојбата со малигни заболувања во Македонија appeared first on Република.

]]>