научна конфренција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nauchna-konfrentsija/ За подобро да се разбереме Thu, 23 Nov 2023 08:04:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png научна конфренција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nauchna-konfrentsija/ 32 32 Научна конференција „Македонија-Крстопат на епохи цивилизации и култури, Историја-Археологија-Уметност“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nauchna-konferentsija-makedonija-krstopat-na-epohi-tsivilizatsii-i-kulturi-istorija-arheologija-umetnost/ Thu, 23 Nov 2023 07:29:46 +0000 https://republika.mk/?p=715364

Институтот за историја и археологија при Факултетот за образовни науки на УГД – Штип денеска организира Прва меѓународна научна конференција на тема „Македонија-Крстопат на епохи цивилизации и култури, Историја-Археологија-Уметност“.

На конференцијата, како што наведува Институтот, се пријавени 36 труда со 45 учесници од Македонија, Русија и Бугарија.

The post Научна конференција „Македонија-Крстопат на епохи цивилизации и култури, Историја-Археологија-Уметност“ appeared first on Република.

]]>

Институтот за историја и археологија при Факултетот за образовни науки на УГД – Штип денеска организира Прва меѓународна научна конференција на тема „Македонија-Крстопат на епохи цивилизации и култури, Историја-Археологија-Уметност“. На конференцијата, како што наведува Институтот, се пријавени 36 труда со 45 учесници од Македонија, Русија и Бугарија.  

The post Научна конференција „Македонија-Крстопат на епохи цивилизации и култури, Историја-Археологија-Уметност“ appeared first on Република.

]]>
Во Битола се одржа интернационална научна конференција на тема: „Ситуацијата се влошува и на исток и на југ? Предизвици за безбедноста и стабилноста во Европа“, https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/vo-bitola-se-odrzha-internatsionalna-nauchna-konferentsija-na-tema-situatsijata-se-vloshuva-i-na-istok-i-na-jug-predizvitsi-za-bezbednosta-i-stabilnosta-vo-evropa/ Tue, 07 Nov 2023 09:58:03 +0000 https://republika.mk/?p=699092

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вчера ја отвори интернационалната научна конференција на тема: „Ситуацијата се влошува и на исток и на југ? Предизвици за безбедноста и стабилноста во Европа“, изјавувајќи дека одговорноста во борбата со дезинформациите треба сите да ја имаме како наша граѓанска обврска и дека најважно е во надминувањето на предизвиците да сме заедно обединети со нашите ЕУ партнери.

Важно е и од академски аспект, не само од политички, да се држат отворени прашањата и темите што ги наметнува денешната конференција, со кои се соочува и Европа, но и целиот Западен Балкан. Затоа на овие прашање мораме да одговориме заеднички, со јасна визија, одлучност и волја од сите засегнати страни. А засегнати сме сите кога станува збор за стабилноста, мирот, развојот на државата и безбедноста на нашите граѓани, нагласи Костадиновска-Стојчевска.

Таа посочи дека настанот претставува уште една потврда за високото ниво на соработка што го имаме со Република Полска, не само на политичко ниво туку и на академско ниво со Центарот за Европа при Универзитетот на Варшава.

На конференцијата, студентите и сите учесници ќе имаат можност да слушнат за тоа што значи кога работиме заедно, како се соочуваме со предизвиците заедно и дека ниту една држава, без разлика дали е полноправна членка на Европската Унија или се стреми да биде членка на Европската Унија како овој процес што ние го одиме како држава, не е сама во тој процес и заедно ќе се бориме и со дезинформациите и со предизвиците што претставуваат целосно интегрирање на Република Македонија во Европската Унија“, изјави министерката за култура.

Костадиновска-Стојчевска порача дека треба да обезбедиме Западен Балкан да продолжи да се развива и да се движи напред заедно со Европската Унија и дека тоа е за доброто на нашиот регион и за Европската Унија како целина, кога се наоѓаме во клучен момент за нашата заедничка историја“, заклучи Костадиновска-Стојчевска.

На отворањето на конференцијата во Официрскиот дом што се одржа во организација на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, покрај министерката, се обратија и ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, професор Игор Неделковски, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, амбасадорот на Полска во земјава, Кшиштоф Гжелчик, и директорот на Центарот за Европа при Универзитетот во Варшава, Камил Зајомчовски.

Домаќин на настанот за безбедносните предизвици и стабилност во Европа беше битолскиот универзитет, кој се одржа со поддршка од Министерството за надворешни работи на Република Полска, во рамки на натпреварот „Јавна дипломатија 2023″.

The post Во Битола се одржа интернационална научна конференција на тема: „Ситуацијата се влошува и на исток и на југ? Предизвици за безбедноста и стабилноста во Европа“, appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вчера ја отвори интернационалната научна конференција на тема: „Ситуацијата се влошува и на исток и на југ? Предизвици за безбедноста и стабилноста во Европа“, изјавувајќи дека одговорноста во борбата со дезинформациите треба сите да ја имаме како наша граѓанска обврска и дека најважно е во надминувањето на предизвиците да сме заедно обединети со нашите ЕУ партнери.
Важно е и од академски аспект, не само од политички, да се држат отворени прашањата и темите што ги наметнува денешната конференција, со кои се соочува и Европа, но и целиот Западен Балкан. Затоа на овие прашање мораме да одговориме заеднички, со јасна визија, одлучност и волја од сите засегнати страни. А засегнати сме сите кога станува збор за стабилноста, мирот, развојот на државата и безбедноста на нашите граѓани, нагласи Костадиновска-Стојчевска.
Таа посочи дека настанот претставува уште една потврда за високото ниво на соработка што го имаме со Република Полска, не само на политичко ниво туку и на академско ниво со Центарот за Европа при Универзитетот на Варшава.
На конференцијата, студентите и сите учесници ќе имаат можност да слушнат за тоа што значи кога работиме заедно, како се соочуваме со предизвиците заедно и дека ниту една држава, без разлика дали е полноправна членка на Европската Унија или се стреми да биде членка на Европската Унија како овој процес што ние го одиме како држава, не е сама во тој процес и заедно ќе се бориме и со дезинформациите и со предизвиците што претставуваат целосно интегрирање на Република Македонија во Европската Унија“, изјави министерката за култура.
Костадиновска-Стојчевска порача дека треба да обезбедиме Западен Балкан да продолжи да се развива и да се движи напред заедно со Европската Унија и дека тоа е за доброто на нашиот регион и за Европската Унија како целина, кога се наоѓаме во клучен момент за нашата заедничка историја“, заклучи Костадиновска-Стојчевска. На отворањето на конференцијата во Официрскиот дом што се одржа во организација на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, покрај министерката, се обратија и ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, професор Игор Неделковски, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, амбасадорот на Полска во земјава, Кшиштоф Гжелчик, и директорот на Центарот за Европа при Универзитетот во Варшава, Камил Зајомчовски. Домаќин на настанот за безбедносните предизвици и стабилност во Европа беше битолскиот универзитет, кој се одржа со поддршка од Министерството за надворешни работи на Република Полска, во рамки на натпреварот „Јавна дипломатија 2023″.  