Национлна опера и балет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/natsionlna-opera-i-balet/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Nov 2024 09:21:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Национлна опера и балет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/natsionlna-opera-i-balet/ 32 32 Месецот на Пучини во Националната опера и балет ќе се затвори со операта „Турандот“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mesetsot-na-puchini-vo-natsionalnata-opera-i-balet-ke-se-zatvori-so-operata-turandot/ Tue, 26 Nov 2024 09:21:29 +0000 https://republika.mk/?p=841824

Месецот на Пучини во Националната опера и балет ќе се затвори со операта „Турандот“ од Џакомо Пучини на 29 ноември со почеток во 20.00 .ч.

Спектакуларната продукција на епската бајка на еден од најславните и најбарани оперски режисери на денешницата, Џанкарло дел Монако, ќе се изведе на сцената на МОБ под диригентската палка на гостинот од Италија, Роберто Џанола (Италија), режијата, сценографијата и костимографијата се на Џанкарло дел Монако, додека под кореографијата се потпишува Саша Евтимова, концерт мајстор: Климент Тодороски, хор-мајстор: Ѓургица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска.

Настапувa врвна солистичка екипа: Хан Јинг Цо (Кина / Италија), Џејмс Ли (Јужна Кореја) ,Биљана Јосифов, Игор Дурловски, Драган Ампов, Јане Дунимаглоски, Дејан Стоев, Диме Петров, Марјан Николовски, хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

„Турандот“ е опера во три чина од Џакомо Пучини. Напишана е по либретото на Џузепе Адами и Ренато Симони, а базирана на адаптацијата на Фридрих Шилер на драмата „Турандот“ од Карло Гоци. Пучини умира недовршувајќи ја операта, која што подоцна е завршена од Франко Алфано. Одликувајќи се со „невообичаен“ музички материјал, во кој предничи иновативната употреба на хорот и оркестарот, стилот на Пучини во ова оперско дело е особено препознатлив во широките, експресивни мелодии. „Турандот“ изобилува со моменти на восхитувачка мелодиска убавина, која особено доаѓа до израз во незаборавната тенорска арија, една од најубавите во оперската литература, „Никој не спие“(Nessun dorma).

The post Месецот на Пучини во Националната опера и балет ќе се затвори со операта „Турандот“ appeared first on Република.

]]>

Месецот на Пучини во Националната опера и балет ќе се затвори со операта „Турандот“ од Џакомо Пучини на 29 ноември со почеток во 20.00 .ч. Спектакуларната продукција на епската бајка на еден од најславните и најбарани оперски режисери на денешницата, Џанкарло дел Монако, ќе се изведе на сцената на МОБ под диригентската палка на гостинот од Италија, Роберто Џанола (Италија), режијата, сценографијата и костимографијата се на Џанкарло дел Монако, додека под кореографијата се потпишува Саша Евтимова, концерт мајстор: Климент Тодороски, хор-мајстор: Ѓургица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска. Настапувa врвна солистичка екипа: Хан Јинг Цо (Кина / Италија), Џејмс Ли (Јужна Кореја) ,Биљана Јосифов, Игор Дурловски, Драган Ампов, Јане Дунимаглоски, Дејан Стоев, Диме Петров, Марјан Николовски, хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет. „Турандот“ е опера во три чина од Џакомо Пучини. Напишана е по либретото на Џузепе Адами и Ренато Симони, а базирана на адаптацијата на Фридрих Шилер на драмата „Турандот“ од Карло Гоци. Пучини умира недовршувајќи ја операта, која што подоцна е завршена од Франко Алфано. Одликувајќи се со „невообичаен“ музички материјал, во кој предничи иновативната употреба на хорот и оркестарот, стилот на Пучини во ова оперско дело е особено препознатлив во широките, експресивни мелодии. „Турандот“ изобилува со моменти на восхитувачка мелодиска убавина, која особено доаѓа до израз во незаборавната тенорска арија, една од најубавите во оперската литература, „Никој не спие“(Nessun dorma).

The post Месецот на Пучини во Националната опера и балет ќе се затвори со операта „Турандот“ appeared first on Република.

]]>
Месец на Пучини во Националната опера и баллет https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mesets-na-puchini-vo-natsionalnata-opera-i-ballet/ Fri, 01 Nov 2024 10:15:19 +0000 https://republika.mk/?p=833038

По повод стогодишнината од смртта на еден од најголемите оперски композитори, Џакомо Пучини, Националната опера и балет со гордост го најавува проектот „Месец на Пучини“.

Од 8 до 29 ноември 2024 година, нашата публика ќе има можност да ужива во четири значајни опери на Пучини:

„Боеми“ (8.11.2024) – Приказна за љубовта и загубата во боемскиот кварт на Париз;

„Мадам Батерфлај“ (16.11.2024) – Трагична љубовна приказна за јапонската гејша и американскиот офицер;

„Тоска“ (23.11.2024) – Опера за љубовта, предавството и жртвата во револуционерниот Рим;

„Турандот“ (29.11.2024) – Приказна за суровата кинеска принцеза и принцот кој се обидува да ја освои;

Секоја од овие опери носи емотивни приказни за љубовта, жртвата и страста, раскажани преку трогателни мелодии и виртуозни изведби кои нашите солисти, хорот и оркестарот ќе ги оживеат на сцената. За публиката, ова е ретка можност, во еден месец, да доживее четири од најважните опери на Пучини, изведени на највисоко ниво.

Проектот „Месец на Пучини“ не е само уметнички настан, туку и можност да ја инспирираме новата генерација љубители на операта, да ги прошириме културните хоризонти и да предизвикаме интерес за оперската уметност кај пошироката публика.

The post Месец на Пучини во Националната опера и баллет appeared first on Република.