национални установи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/natsionalni-ustanovi/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Feb 2024 08:53:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png национални установи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/natsionalni-ustanovi/ 32 32 Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Националните установи како центри за купување социјален мир https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-natsionalnite-ustanovi-kako-tsentri-za-kupuvane-sotsijalen-mir/ Tue, 13 Feb 2024 08:53:18 +0000 https://republika.mk/?p=743505

НАЦИОНАЛНИТЕ УСТАНОВИ КАКО ЦЕНТРИ ЗА КУПУВАЊЕ СОЦИЈАЛЕН МИР,

ФИКТИВНИ АВТОРИ ЗА НЕФИКТИВНИ СРЕДСТВА, РЕНОМИРАНИТЕ ФЕСТИВАЛИ ФРЛЕНИ НА МАРГИНИТЕ

- по повод објавените конкурсни резултати во драмската дејност

Објавената Годишна програма за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2024 година во драмската дејност е лошо продолжение, јасна слика на безидејноста и доказ за немањето елементарна стратегија на Министерството за култура, велат од Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Шеснаесетте национални установи од областа на културата чија примарна дејност е драмската дејност наместо извор на креативни и репрезентативни центри на македонскиот театар се претвораат во установи за купување на социјален мир и раскусурување на политичките коалициски договори. Одобрените 50 проекти (или во просек по 3,125 по национална

установа) ниту од далеку не можат да го исцрпат креативниот потенцијал на овие установи. Од понудените 50 проекти, само 4 се праизведби на современи македонски драмски текстови што јасно укажува на негрижата за современата македонска драма. И кога на ова ќе се додаде податокот дека во просек секој проект е финансиран со приближно 720 000 денари, средства кои ни приближно не ги задоволуваат потребите дури и на наједноставните и најсиромашните театарски продукции, ќе се добие комплетната слика за бездната во која е фрлен македонскиот театар.

Очигледен е недостатокот на концепт и хаотичноста во финансирањето на проекти на Здруженија на граѓани и физички лица од независната сцена. Прегледот на финансираните 53 проекти експлицитно посочува на потребата за задоволување на што е возможно поголем број на апликанти, што е одлика на владеењето на СДСМ во изборна година, на сметка на квалитетот на избраната програма.
Исто така, забележлива е тенденцијата на понудени проекти чии автори едноставно не постојат или се измислени или пак, во прашање е нешто сосема друго? Затоа, јавно прашуваме - Дали оваа Влада, ова Министерство и овој министер, јавно прокламираат одобрување на проекти на фиктивни автори само за да се избегне плаќањето на авторските права? Затоа јавно замолуваме да ни објаснат, чиј е, на пример, драмскиот текст „Детектор на лаги” и кој е тој автор Василиј Витанов? Дали можеби се работи за драмскиот текст “Детектор на лаги” на Василиј Сигарев?! И како мислат да бидат исплатени авторските хонорари со одобрена сума од 337.000 денари и со остатокот од оваа сума да се продуцира театарска претстава?
Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ укажува дека постои нејасна, но видллива тенденција на изедначување на веќе постоечки и реномирани театарски фестивали и манифестации со повеќегодишно фестивалско портфолио со фестивали и манифестации кои се формирани, веројатно наменски, оваа или минатата година. Со ова драстично се намалуваат средствата за нормално организирање на реномираните фестивали и манифестации.
Меѓународното претставување на македонскиот театар и годинава ќе биде скудно и во рамките на скандалозното и тенденциозно уништување на македонската култура и театар за време на владеењето на СДСМ и нејзините неспособни и некомпетентни кадри. Финансирање, пак, за реализација на фестивал во Косово во соработка со НУ Албанска драма Скопје е скандал без преседан во историјата на македонската држава.
Театарот е моќна уметност која се обидува јасно да ја претстави сликата на времето во кое егзистира. Сликата на нашата сегашност е поразителна.
Но, #Важно е да предочиме дека во многу блиска иднина овие безумни постапки ќе бидат минато!, стои во излагањето на Централна комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Националните установи како центри за купување социјален мир appeared first on Република.

]]>

Над 78 милиони денари поддршка за трите национални установи од културата во Штип https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nad-78-milioni-denari-poddrshka-za-trite-natsionalni-ustanovi-od-kulturata-vo-shtip/ Wed, 06 Dec 2023 15:00:07 +0000 https://republika.mk/?p=720412

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Штип, при работната посета на институциите од областа на културата заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, истакна дека градот под Исарот покажува успешно работење во културата и негувањето на автентичните културни вредности. Министерството за култура ќе продолжи да вложува во културата во Штип, да создава услови и поволна клима за нејзин развој.

Во Штип годинава, за функционирањето на трите национални установи (Центар за култура, Завод и музеј и Универзитетска библиотека) се издвоени над 78 милиони денари, додека за програмските содржини се вложени повеќе од осум милиони денари – изјави министерката при посетата на Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ во Штип.

Костадиновска-Стојчевска нагласи дека сите проекти што се предвидени во програмите на националните установи во Штип се реализираат тековно, а, како што рече, од огромна важност е што се реализираат проекти и инвестиции со сопствени средства, со што се демонстрира домаќинско работење и менаџерски однос во културата.

Министерството за култура вложува во библиотечната дејност и за оваа установа годинава се обезбедени речиси 18 милиони денари, од кои над милион денари за програмски активости.

Штипската библиотека прави големи напори за доближување на книгата до домот на секој корисник преку подвижната библиотека „Инфобус“ и преку активностите наменети за лицата со посебни потреби – истакна Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека библиотечната дејност во овој град успешно се унапредува преку многубројни проекти, како и преку настаните со кои се одбележа 100-годишнината од раѓањето на нашиот поетски великан, Ацо Шопов, кој е роден токму во Штип.

Министерката за култура го поздрави и успешното функционирање на првата регионална канцеларија „МладиХаб“ во Штип, која се наоѓа во објектот на Центарот за култура.

Костадиновска-Стојчевска се осврна и на заштитата на нашето археолошко, архивско, архитектонско богатство градено со векови, за кое рече дека континуирано е поддржано од Министерството за култура.

Го саниравме Меморијалниот комплекс на паднатите борци на револуцијата во Штип, искучително значајно дело од архитектот Богдан Богдановиќ, еден од најпознатите архитекти на дваесеттиот век – рече Костадиновска-Стојчевска.

The post Над 78 милиони денари поддршка за трите национални установи од културата во Штип appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Штип, при работната посета на институциите од областа на културата заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, истакна дека градот под Исарот покажува успешно работење во културата и негувањето на автентичните културни вредности. Министерството за култура ќе продолжи да вложува во културата во Штип, да создава услови и поволна клима за нејзин развој.
Во Штип годинава, за функционирањето на трите национални установи (Центар за култура, Завод и музеј и Универзитетска библиотека) се издвоени над 78 милиони денари, додека за програмските содржини се вложени повеќе од осум милиони денари – изјави министерката при посетата на Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ во Штип.
Костадиновска-Стојчевска нагласи дека сите проекти што се предвидени во програмите на националните установи во Штип се реализираат тековно, а, како што рече, од огромна важност е што се реализираат проекти и инвестиции со сопствени средства, со што се демонстрира домаќинско работење и менаџерски однос во културата. Министерството за култура вложува во библиотечната дејност и за оваа установа годинава се обезбедени речиси 18 милиони денари, од кои над милион денари за програмски активости.
Штипската библиотека прави големи напори за доближување на книгата до домот на секој корисник преку подвижната библиотека „Инфобус“ и преку активностите наменети за лицата со посебни потреби – истакна Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека библиотечната дејност во овој град успешно се унапредува преку многубројни проекти, како и преку настаните со кои се одбележа 100-годишнината од раѓањето на нашиот поетски великан, Ацо Шопов, кој е роден токму во Штип.
Министерката за култура го поздрави и успешното функционирање на првата регионална канцеларија „МладиХаб“ во Штип, која се наоѓа во објектот на Центарот за култура. Костадиновска-Стојчевска се осврна и на заштитата на нашето археолошко, архивско, архитектонско богатство градено со векови, за кое рече дека континуирано е поддржано од Министерството за култура.
Го саниравме Меморијалниот комплекс на паднатите борци на револуцијата во Штип, искучително значајно дело од архитектот Богдан Богдановиќ, еден од најпознатите архитекти на дваесеттиот век – рече Костадиновска-Стојчевска.
 
The post Над 78 милиони денари поддршка за трите национални установи од културата во Штип appeared first on Република.

]]>
Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Како голем познавач на културата, министерката го стави својот потпис за формирања на шест нови национални културни институции, досега ниту една од нив не функционира https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-kako-golem-poznavach-na-kulturata-ministerkata-go-stavi-svojot-potpis-za-formirana-na-shest-novi-natsionalni-kulturni-institutsii-dosega-nitu-edna-od-niv-ne-funktsion/ Mon, 17 Apr 2023 13:58:38 +0000 https://republika.mk/?p=631465

ЏЕЗ-ИМПРОВИЗАЦИЈАТА НА МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА

Оставка е решението Бисера!

Три недели државните службеници од културата протестираат пред Министерството за финансии и Владата на Република Македонија во надеж дека некој ќе ги слушне нивните барања за рамноправен третман и достоинствени плати како нивните колеги од Министерството за финансии. Но според омилениот принцип на власта „Сите се еднакви, ама некои се поеднакви од другите“ вработените од Министерството за финансии веќе имаат плата повисока за 30%. Очиггледно, тие се „поеднаквите“.
Бисера Костадиновска Стојчевска, министерка за култура во Владата на ДУИ и СДС, три недели, наводно ја даваше својата поддршка на нејзините вработени од кои зависи реализацијата на националната програма за култура на неколку стотини културни оператори. Резултатите од досегашните протести кои министерката јавно, пред медиумите ги поддржа, донесоа само покачување на нејзината плата за 78% и на платите на избраните директори. Многумина останаа разочарани, со болно чувство дека се подмолно изманипулирани и понижени. Ваквите постапки на министерката покажуваат дека во неа не може да се гледа сериозен и искрен соговорник, туку само провиден манипулатор кој пред себе има некоја друга скриена агенда.
А обемот на таа агенда е прилично широк.
- Хаосот кој настана со поднесувањето на измените на девет закони по скратена процедура, меѓу кои е и Законот за заштита на културното наследство, само ја потврдува нетранспарентноста и „матната“ страна на владините проекти. Иако Законот за заштита на културното наследство е повлечен, кај јавноста остана реалниот сомнеж дека зад оваа постапка не се крие согледба за направен превид, туку манипулативен обид да се протнат измените низ некои други, тајни, „задни вратничиња“.
- Како голем познавач на културата, министерката го стави својот потпис на согласноста за формирања на шест нови национални културни институции. Досега, ниту една од нив не функционира. Зошто? Едноставно, затоа што министерката нема соодветна, професионална анализа за финкционалното делување на овие институции. Има желба, или подобро кажано – агенда. Новиот, национален џез оркестар го „насади“ во зградата на Филхармонијата, а од револтот на нејзините вработени произлезе петиција во која јасно се наведуваат причините за нивното несогласување - просторот да го делат со друг национален оркестар.
Се гледа дека Бисера Костадиновска Стојчевска е голем почитувач на џезот, посебно на фри-џезот и импровизациите, па ваквиот начин на работење министерката за култура го имплементира и во културната политика. Тоа го прави прилично неуко и лаички. За музичка импровизација сепак е потребен божествен талент, повеќегодишно искуство и искрена посветеност.
А за политичка импровизација...што треба?!
Централна комисија
за култура на ВМРО-ДПМНЕ

The post Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Како голем познавач на културата, министерката го стави својот потпис за формирања на шест нови национални културни институции, досега ниту една од нив не функционира appeared first on Република.