национални малцинства Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/natsionalni-maltsinstva/ За подобро да се разбереме Tue, 03 Oct 2023 15:46:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png национални малцинства Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/natsionalni-maltsinstva/ 32 32 Останати се само стари, деца и инвалиди: Националните малцинства во Украина се побунија против присилната мобилизација во украинската војска https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ostanati-se-samo-stari-detsa-i-invalidi-natsionalnite-maltsinstva-vo-ukraina-se-pobunija-protiv-prisilnata-mobilizatsija-vo-ukrainskata-vojska/ Tue, 03 Oct 2023 20:37:41 +0000 https://republika.mk/?p=686045

Масовната мобилизација што се спроведува во Украина резултира со сериозни загуби кај припадници на националните малцинства кои живеат во земјата. Најчести реакции за таквата украинска мобилизиација на малцинствата доаѓаат од Унгарија, но сега, својот глас го кренаа и романските и молдавските организации за човекови права, кои излегоа со алармантни изјави.

Националниот совет на Романците на Украина испратил писмо до романскиот амбасадор во Украина, Корнелиу Јонеску, со барање да се интервенира во мобилизациската политика на властите во Киев и да се запре неоправданото активното регрутирање на етнички Романци во редовите на украинската војска.

Информациите за регрутирање на висок процент граѓани во областите каде што живеат националните малцинства се потврдени и од романски платеници кои учествуваат во воените дејствија во Украина. Во својата видео порака тие бараат да престанат мобилизациските акции во населените места каде што живеат Романци и каде што нема останато никој освен стари лица, деца и инвалиди, како што се селата Дмитровка и Александровка, градовите Измаил и Килија во регионот Одеса и градот Херца во регионот Черновци.

Истовремено, Здружението на Молдавците во Украина „Ватра“ се приклучи на повиците. Неговиот претседаел Виталиј Никула испратил писмо до амбасадорот на Молдавија во Украина, Валери Кивер, со барање да се спречи зголемена мобилизација во областите густо населени со молдавското национално малцинство во регионот Одеса.

Напорите на романските и молдавските активисти повторно беа поддржани од Унгарците, односно од претставниците на Друштвото на унгарската култура на Закарпатија (КМКСЗ), од каде апелираа до унгарскиот амбасадор во Украина, Онтал Гејзер, со слично барање - да се запре присилната мобилизација на нивните сонародници.

The post Останати се само стари, деца и инвалиди: Националните малцинства во Украина се побунија против присилната мобилизација во украинската војска appeared first on Република.

]]>

Масовната мобилизација што се спроведува во Украина резултира со сериозни загуби кај припадници на националните малцинства кои живеат во земјата. Најчести реакции за таквата украинска мобилизиација на малцинствата доаѓаат од Унгарија, но сега, својот глас го кренаа и романските и молдавските организации за човекови права, кои излегоа со алармантни изјави. Националниот совет на Романците на Украина испратил писмо до романскиот амбасадор во Украина, Корнелиу Јонеску, со барање да се интервенира во мобилизациската политика на властите во Киев и да се запре неоправданото активното регрутирање на етнички Романци во редовите на украинската војска. Информациите за регрутирање на висок процент граѓани во областите каде што живеат националните малцинства се потврдени и од романски платеници кои учествуваат во воените дејствија во Украина. Во својата видео порака тие бараат да престанат мобилизациските акции во населените места каде што живеат Романци и каде што нема останато никој освен стари лица, деца и инвалиди, како што се селата Дмитровка и Александровка, градовите Измаил и Килија во регионот Одеса и градот Херца во регионот Черновци. Истовремено, Здружението на Молдавците во Украина „Ватра“ се приклучи на повиците. Неговиот претседаел Виталиј Никула испратил писмо до амбасадорот на Молдавија во Украина, Валери Кивер, со барање да се спречи зголемена мобилизација во областите густо населени со молдавското национално малцинство во регионот Одеса. Напорите на романските и молдавските активисти повторно беа поддржани од Унгарците, односно од претставниците на Друштвото на унгарската култура на Закарпатија (КМКСЗ), од каде апелираа до унгарскиот амбасадор во Украина, Онтал Гејзер, со слично барање - да се запре присилната мобилизација на нивните сонародници.

The post Останати се само стари, деца и инвалиди: Националните малцинства во Украина се побунија против присилната мобилизација во украинската војска appeared first on Република.

]]>