Национална установа Оркестар за џез-музика на Република Македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/natsionalna-ustanova-orkestar-za-dhez-muzika-na-republika-makedonija/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Sep 2023 12:24:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Национална установа Оркестар за џез-музика на Република Македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/natsionalna-ustanova-orkestar-za-dhez-muzika-na-republika-makedonija/ 32 32 Министерството за култура изработи проект за реновирање и уредување на просторот на новата Национална установа Оркестар за џез-музика на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ministerstvoto-za-kultura-izraboti-proekt-za-renovirane-i-ureduvane-na-prostorot-na-novata-natsionalna-ustanova-orkestar-za-dhez-muzika-na-makedonija/ Tue, 12 Sep 2023 11:00:35 +0000 https://republika.mk/?p=681223

Министерството за култура изработи проект за реновирање и уредување на просторот на новата Национална установа Оркестар за џез-музика на Македонија која ќе биде сместена во зградата на Националната опера и балет (НОБ), соопшти денеска на прес-конференција министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Таа кажа дека Министерството за култура обезбедило и пари за санација на инсталациите на подрумските простории во зградата на НОБ.

Владата и Министерството за култура обезбедија нова адреса и простор за трајно користење за новата Национална установа Оркестар за џез-музика на Република Македонија или, популарно, за Оркестарот на Здружението на џез-музичари и слободни уметници, рече Костадоновска Стојчевска.

Просторот е со површина од 475 квадратни метри, и со проектот се предвидува уредување на простор за проби и за режија, мало студио, простор за чување инструменти и ноти, машки и женски гримиорни, тоалети и три канцелариски простории. Проектот предвидува и простории за машинска опрема и електрични инсталации.

[caption id="attachment_625192" align="alignnone" width="2048"] Убедена сум дека постојаното присуство на џезерите овде ќе значи нов квалитет за културата, рече министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска[/caption]

Проценетата вредност на реновирањето е околу 200 илјади евра (11.714.709,00 ден.), средства што ги обезбедуваме во партнерство со Кабинетот на заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, рече министерката.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/bitiki-nu-dhez-orkestar-dobi-od-vladata-nad-11-milioni-i-700-iljadi-denari/

Особено сме задоволни од ова решение за еден оркестар каков што е Оркестарот за џез-музика. Со работата на Здружението на џез-музичари во овој круг на градот, оживуваме многу стари спомени за Скопје, го заокружуваме музичкиот простор каде што се и Средното музичко училиште, Факултетот за музичка уметност, Националната опера и балет, Филхармонијата, па и живиот парк „Ибни Пајко“, рече министерката за култура на денешната прес-конфренција.

Според Костадиновска Стојчевска, со Оркестарот за џез-музика се комплетира и се збогатува музичкото и уметничкото опкружување, и со оглед на тоа што џезот е музика на слободни стилови, убедена сум дека постојаното присуство на џезерите овде ќе значи нов квалитет за културата, за социјалниот живот и за сликата на Скопје, рече Костадиновска Стојчевска.

Беа потребни само неколку месеци за да се формализира одлуката за основање на новата установа – Оркестарот кој во изминативе години стана една од омилените институции која пополнува огромна празнина во современата музичка култура на земјава, кажа Костадиновска Стојчевска.

The post Министерството за култура изработи проект за реновирање и уредување на просторот на новата Национална установа Оркестар за џез-музика на Македонија appeared first on Република.

]]>

Министерството за култура изработи проект за реновирање и уредување на просторот на новата Национална установа Оркестар за џез-музика на Македонија која ќе биде сместена во зградата на Националната опера и балет (НОБ), соопшти денеска на прес-конференција министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Таа кажа дека Министерството за култура обезбедило и пари за санација на инсталациите на подрумските простории во зградата на НОБ.
Владата и Министерството за култура обезбедија нова адреса и простор за трајно користење за новата Национална установа Оркестар за џез-музика на Република Македонија или, популарно, за Оркестарот на Здружението на џез-музичари и слободни уметници, рече Костадоновска Стојчевска.
Просторот е со површина од 475 квадратни метри, и со проектот се предвидува уредување на простор за проби и за режија, мало студио, простор за чување инструменти и ноти, машки и женски гримиорни, тоалети и три канцелариски простории. Проектот предвидува и простории за машинска опрема и електрични инсталации. [caption id="attachment_625192" align="alignnone" width="2048"] Убедена сум дека постојаното присуство на џезерите овде ќе значи нов квалитет за културата, рече министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска[/caption]