Национален парк „Пелистер“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/natsionalen-park-pelister/ За подобро да се разбереме Sat, 26 Oct 2024 18:03:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Национален парк „Пелистер“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/natsionalen-park-pelister/ 32 32 Исечени се 85 молики: Директорот на НП „Пелистер“ и четворица вработени обвинети за пустошењето на шумата кај Голема ливада https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/isecheni-se-85-moliki-direktorot-na-np-pelister-i-chetvoritsa-vraboteni-obvineti-za-pustosheneto-na-shumata-kaj-golema-livada/ Sat, 26 Oct 2024 18:16:38 +0000 https://republika.mk/?p=831311

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен предлог против пет физички и правното лице – Јавна установа Национален парк „Пелистер“ – Битола за кривично дело – Пустошење шума од член 226 од Кривичниот законик. За истиот настан, поднесено е обвинение и против одговорно лице – в.д. директор во правното лице кое се товари за кривично дело – Несовесно работење од член 353в став 5 во врска со став 4 од Кривичниот законик.

Како што објаснуваат од ОЈО, на точно неутврден датум во периодот од крајот на септември 2023 година до 09.10.2023 година, во близина на место викано „Голема ливада“ во рамките на Националниот парк Пелистер, петтемина први соизвршители, во име и за сметка на обвинетото правно лице кое стопанисува со Националниот парк Пелистер, спротивно на Законот за шумите, сечеле шума во националниот парк.

Врз основа на усна наредба на двајцата првообвинети, останатите тројца шумски работници, без претходно одобрение и извршен преглед на ознаката за сеча од овластен инспектор за шумарство од Државниот инспекторат за шумарство, од Националниот парк Пелистер бесправно исекле 85 стебла молика и 24 стебла ела во вкупна количина на дрвна маса од 168.63 м3, со намена за нивна продажба како дрвна маса во име и за сметка на обвинетото правно лице ЈУ Национален парк Пелистер. Последниот обвинет, како вршител на должноста директор на ЈУ Национален парк Пелистер Битола, од небрежност, со пропуштање на должен надзор очигледно несовесно постапувал при вршење на своите овластувања и должности и не ја обезбедил законитоста и соодветно управување во работењето на Националниот парк Пелистер. Тој бесправно исечените дрвја и друга дрвна маса за која нема доказ дека е сечена согласно Закон ги продавал во име и за сметка на ЈУ Национален парк Пелистер Битола како техничка дрвна маса на три правни лица, со што обвинетиот прибавил имотна корист на ЈУ Национален парк Пелистер Битола во износ од 1.752.287 денари, соопшти ОЈО.

The post Исечени се 85 молики: Директорот на НП „Пелистер“ и четворица вработени обвинети за пустошењето на шумата кај Голема ливада appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен предлог против пет физички и правното лице – Јавна установа Национален парк „Пелистер“ – Битола за кривично дело – Пустошење шума од член 226 од Кривичниот законик. За истиот настан, поднесено е обвинение и против одговорно лице – в.д. директор во правното лице кое се товари за кривично дело – Несовесно работење од член 353в став 5 во врска со став 4 од Кривичниот законик. Како што објаснуваат од ОЈО, на точно неутврден датум во периодот од крајот на септември 2023 година до 09.10.2023 година, во близина на место викано „Голема ливада“ во рамките на Националниот парк Пелистер, петтемина први соизвршители, во име и за сметка на обвинетото правно лице кое стопанисува со Националниот парк Пелистер, спротивно на Законот за шумите, сечеле шума во националниот парк.
Врз основа на усна наредба на двајцата првообвинети, останатите тројца шумски работници, без претходно одобрение и извршен преглед на ознаката за сеча од овластен инспектор за шумарство од Државниот инспекторат за шумарство, од Националниот парк Пелистер бесправно исекле 85 стебла молика и 24 стебла ела во вкупна количина на дрвна маса од 168.63 м3, со намена за нивна продажба како дрвна маса во име и за сметка на обвинетото правно лице ЈУ Национален парк Пелистер. Последниот обвинет, како вршител на должноста директор на ЈУ Национален парк Пелистер Битола, од небрежност, со пропуштање на должен надзор очигледно несовесно постапувал при вршење на своите овластувања и должности и не ја обезбедил законитоста и соодветно управување во работењето на Националниот парк Пелистер. Тој бесправно исечените дрвја и друга дрвна маса за која нема доказ дека е сечена согласно Закон ги продавал во име и за сметка на ЈУ Национален парк Пелистер Битола како техничка дрвна маса на три правни лица, со што обвинетиот прибавил имотна корист на ЈУ Национален парк Пелистер Битола во износ од 1.752.287 денари, соопшти ОЈО.

The post Исечени се 85 молики: Директорот на НП „Пелистер“ и четворица вработени обвинети за пустошењето на шумата кај Голема ливада appeared first on Република.

]]>
Кривични за директорот и уште петмина вработени во Национален парк „Пелистер“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichni-za-direktorot-i-ushte-petmina-vraboteni-vo-natsionalen-park-pelister/ Tue, 28 Nov 2023 22:12:51 +0000 https://republika.mk/?p=717340

СВР Битола поднесе кривична пријава против З.П.(39), И.С.(56), В.Ч.(57), Н.С.(53), Н.С.(31), сите од Битола и против ЈУ Национален парк „Пелистер“ – Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење на шума“ и против М.Ш.(50), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Првопријавеното лице, во својство на одговорен шумарски инженер и претседател на управниот одбор на јавната установа, заедно со второ, трето, четврто и петтопријавениот извршиле сеча на зимзелена шума во заштитено подрачје – национален парк, и тоа вкупно 109 стебла молика и ела, со вкупна количина од 168,63 метри кубни, како и необележани 56 стебла молика во количина од 75,79 метри кубни и шест стебла ела во количина од 13,19 м3.

Додека, М.Ш., во својство на одговорно лице – директор во јавната установа, постапил несовесно во вршењето на своите овластувања и должности со тоа што не извршил должен надзор врз горепријавените.

The post Кривични за директорот и уште петмина вработени во Национален парк „Пелистер“ appeared first on Република.

]]>

СВР Битола поднесе кривична пријава против З.П.(39), И.С.(56), В.Ч.(57), Н.С.(53), Н.С.(31), сите од Битола и против ЈУ Национален парк „Пелистер“ – Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење на шума“ и против М.Ш.(50), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Првопријавеното лице, во својство на одговорен шумарски инженер и претседател на управниот одбор на јавната установа, заедно со второ, трето, четврто и петтопријавениот извршиле сеча на зимзелена шума во заштитено подрачје – национален парк, и тоа вкупно 109 стебла молика и ела, со вкупна количина од 168,63 метри кубни, како и необележани 56 стебла молика во количина од 75,79 метри кубни и шест стебла ела во количина од 13,19 м3. Додека, М.Ш., во својство на одговорно лице – директор во јавната установа, постапил несовесно во вршењето на своите овластувања и должности со тоа што не извршил должен надзор врз горепријавените.

The post Кривични за директорот и уште петмина вработени во Национален парк „Пелистер“ appeared first on Република.

]]>