натпревар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/natprevar/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Nov 2024 12:41:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png натпревар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/natprevar/ 32 32 Косовскиот тренер суспендиран затоа што и удри шамар на ќерка си по поразот од Србинка https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/kosovskiot-trener-suspendiran-zatoa-shto-i-udri-shamar-na-kerka-si-po-porazot-od-srbinka/ Mon, 11 Nov 2024 12:41:14 +0000 https://republika.mk/?p=836347

Европската теквондо федерација му изрече шестмесечна суспензија на селекторот на Косово, Ваљмир Фетиу, поради инцидентот што се случи на Европското првенство во Тирана, кога и удри шлаканица на својата осумгодишна натпреварувачка, која воедно е и негова ќерка.

Според официјалните информации, Фетиу е суспендиран на шест месеци од сите меѓународни и домашни натпреварувања.

Надзорниот одбор на Европското кадетско првенство 2024 година во Тирана (Албанија) му изрече шестмесечна суспензија на селекторот откако на крајот од натпреварот покажа физичка агресија кон својот спортист. Инцидентот е снимен со видео камера и јасно се гледа како тренерот се однесува на начин, за кој во нашиот спорт постои нулта толеранција. Селекторот јавно се извини и доби забрана за учество на сите натпреварувања, државни и меѓународни, во период од шест месеци, стои во соопштението.

Одлуката за суспензијата ја донесе надзорниот орган на натпреварувањето, со образложение дека тренерот покажал „физичка агресија“ кон својот натпреварувач на крајот од натпреварот.

The post Косовскиот тренер суспендиран затоа што и удри шамар на ќерка си по поразот од Србинка appeared first on Република.

]]>

Европската теквондо федерација му изрече шестмесечна суспензија на селекторот на Косово, Ваљмир Фетиу, поради инцидентот што се случи на Европското првенство во Тирана, кога и удри шлаканица на својата осумгодишна натпреварувачка, која воедно е и негова ќерка. Според официјалните информации, Фетиу е суспендиран на шест месеци од сите меѓународни и домашни натпреварувања. Надзорниот одбор на Европското кадетско првенство 2024 година во Тирана (Албанија) му изрече шестмесечна суспензија на селекторот откако на крајот од натпреварот покажа физичка агресија кон својот спортист. Инцидентот е снимен со видео камера и јасно се гледа како тренерот се однесува на начин, за кој во нашиот спорт постои нулта толеранција. Селекторот јавно се извини и доби забрана за учество на сите натпреварувања, државни и меѓународни, во период од шест месеци, стои во соопштението. Одлуката за суспензијата ја донесе надзорниот орган на натпреварувањето, со образложение дека тренерот покажал „физичка агресија“ кон својот натпреварувач на крајот од натпреварот.

The post Косовскиот тренер суспендиран затоа што и удри шамар на ќерка си по поразот од Србинка appeared first on Република.

]]>
Државен натпревар за млади иноватори и техничари во Пехчево https://arhiva3.republika.mk/zivot/drzhaven-natprevar-za-mladi-inovatori-i-tehnichari-vo-pehchevo/ Sat, 26 Oct 2024 13:45:02 +0000 https://republika.mk/?p=831270

Во Пехчево денеска се одржа државен натпревар на млади истражувачи од Македонија - Наука на млади и државен натпревар на младите техничари и природници од Македонија-СКМТП.

Домаќин на настанот е Општинското основно училиште „Ванчо Китанов" од Пехчево, во чии простории учениците од основните и средните училишта и нивните ментори изработуваа истражувачки и иновативни проекти во 25 области од применети природни и технички науки.

Настанот го отвори градоначалникот на Пехчево, Александар Китански кој истакна дека организирањето на натпревари од ваков тип на државно ниво е посебно значајно за младите кои со учество на овие натпревари имаат можност да разменат искуствата, да се запознаат со нови методи и технологии на работење.

- Ова претставува еден патоказ на младите кон освојувањето на техничките знаења со значајни стручно-технички содржини. За поздравување е организацијата на Народна техника на РМ каде следејќи го научно- техничкиот прогрес, успеа да развие една широка лепеза на активности чии резултати се очигледни во образованието, науката, одбраната, во откривањето и стимулирањето на надарени млади во стопанството. Голем број на млади аматери што поминале низ бројни организации на Народна техника денес се респектирани научни и истражувачки работници, академци, универзитетски професори, конструктори, фотографи, филмски дејци и други, рече Китански.

Директорката на училиштето Добрила Јовевска им се заблагодари на организаторите за укажаната чест и им посака успех на учесниците во натпреварите.

- На натпреварувачите им порачувам да дадат се од себе и да бидат најдобри, да се стремат и денес и во иднина да го развиваат својот детски ум, да бидат љубопитни, иновативни и креативни, а пред се да се потрудат да си ги реализираат своите креативни, научни, технички имагинации, рече Јовевска.

На штандовите забележливи беа повеќе иновации карактеристични за модерното време, но и практични елаборации за производи кои учесниците сами ги создале, а имаат за цел заштита на човековото здравје, еколошки пронајдоци и иновации за заштита на климата со акцент на прочистување на воздухот по опожарување.

По прегледувањето на сите изуми на кандидатите, комисијата ќе ги прогласи победниците кои се распределени во повеќе категории. Најдобрите ќе учествуваат во понатамошни домашни и меѓународни натпревари.

The post Државен натпревар за млади иноватори и техничари во Пехчево appeared first on Република.

]]>

Во Пехчево денеска се одржа државен натпревар на млади истражувачи од Македонија - Наука на млади и државен натпревар на младите техничари и природници од Македонија-СКМТП. Домаќин на настанот е Општинското основно училиште „Ванчо Китанов" од Пехчево, во чии простории учениците од основните и средните училишта и нивните ментори изработуваа истражувачки и иновативни проекти во 25 области од применети природни и технички науки. Настанот го отвори градоначалникот на Пехчево, Александар Китански кој истакна дека организирањето на натпревари од ваков тип на државно ниво е посебно значајно за младите кои со учество на овие натпревари имаат можност да разменат искуствата, да се запознаат со нови методи и технологии на работење.
- Ова претставува еден патоказ на младите кон освојувањето на техничките знаења со значајни стручно-технички содржини. За поздравување е организацијата на Народна техника на РМ каде следејќи го научно- техничкиот прогрес, успеа да развие една широка лепеза на активности чии резултати се очигледни во образованието, науката, одбраната, во откривањето и стимулирањето на надарени млади во стопанството. Голем број на млади аматери што поминале низ бројни организации на Народна техника денес се респектирани научни и истражувачки работници, академци, универзитетски професори, конструктори, фотографи, филмски дејци и други, рече Китански.
Директорката на училиштето Добрила Јовевска им се заблагодари на организаторите за укажаната чест и им посака успех на учесниците во натпреварите.
- На натпреварувачите им порачувам да дадат се од себе и да бидат најдобри, да се стремат и денес и во иднина да го развиваат својот детски ум, да бидат љубопитни, иновативни и креативни, а пред се да се потрудат да си ги реализираат своите креативни, научни, технички имагинации, рече Јовевска.
На штандовите забележливи беа повеќе иновации карактеристични за модерното време, но и практични елаборации за производи кои учесниците сами ги создале, а имаат за цел заштита на човековото здравје, еколошки пронајдоци и иновации за заштита на климата со акцент на прочистување на воздухот по опожарување. По прегледувањето на сите изуми на кандидатите, комисијата ќе ги прогласи победниците кои се распределени во повеќе категории. Најдобрите ќе учествуваат во понатамошни домашни и меѓународни натпревари.

The post Државен натпревар за млади иноватори и техничари во Пехчево appeared first on Република.

]]>
Словачка приреди изненадување и ја победи Белгија, поништени два гола на Лукаку https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/slovachka-priredi-iznenaduvane-i-ja-pobedi-belgija-ponishteni-dva-gola-na-lukaku/ Mon, 17 Jun 2024 19:17:32 +0000 https://republika.mk/?p=788527

Словачка го приреди големото изненадување во групата „Е“ и успеа со минимални 1:0 да победи против фаворитот Белгија.

Ова беше прв натпревар за двете селекции на нивниот старт на ЕП 2024. Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во седмата минута, кога Иван Шранц погоди за Словаците.

Белгија доминираше во поголемиот дел од мечот, но Ромелу Лукаку направи најмалку три големи промашувања, Јоан Бакајоко и Леандро Тросар исто така не успеаја да постигнат гол од чисти позиции, што беше премногу за да се дојде барем реми.

Треба да се напомене дека Лукаку во вториот дел навистина двапати ја наоѓаше мрежата на Словачка, но од офсајд позиција и по игра со рака на неговиот соиграч.

Фудбалерите на Доменико Тедеско не го демонстрираа очекуваното високо ниво и беа ограничени со многу компетентна и самопожртвувана дефанзивна игра на Словаците

The post Словачка приреди изненадување и ја победи Белгија, поништени два гола на Лукаку appeared first on Република.

]]>

Словачка го приреди големото изненадување во групата „Е“ и успеа со минимални 1:0 да победи против фаворитот Белгија. Ова беше прв натпревар за двете селекции на нивниот старт на ЕП 2024. Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во седмата минута, кога Иван Шранц погоди за Словаците. Белгија доминираше во поголемиот дел од мечот, но Ромелу Лукаку направи најмалку три големи промашувања, Јоан Бакајоко и Леандро Тросар исто така не успеаја да постигнат гол од чисти позиции, што беше премногу за да се дојде барем реми. Треба да се напомене дека Лукаку во вториот дел навистина двапати ја наоѓаше мрежата на Словачка, но од офсајд позиција и по игра со рака на неговиот соиграч. Фудбалерите на Доменико Тедеско не го демонстрираа очекуваното високо ниво и беа ограничени со многу компетентна и самопожртвувана дефанзивна игра на Словаците

The post Словачка приреди изненадување и ја победи Белгија, поништени два гола на Лукаку appeared first on Република.

]]>
Македонецот Благојче Павлески еден од победниците на 24. „CodeIT“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/makedonetsot-blagojche-pavleski-eden-od-pobednitsite-na-24-codeit/ Wed, 05 Jun 2024 13:41:02 +0000 https://republika.mk/?p=784991

Благојче Павлески од Прилеп е единствениот Македонец кој учествуваше и е еден од победниците на 24. Меѓународен натпревар по програмирање „CodeIT“, организиран од Мусала Софт, дел од Киншифт. Павлески натпреварот во програмирање го заврши како треторангиран меѓу 12 финалисти, врвни таленти кои влегоа во финалето.

„CodeIT“ е создаден од Мусала Софт во 2000 година и е едно од најстарите натпреварувања за програмирање во светот. Привлекува стотици учесници од целиот свет и досега учествувале над 2300 натпреварувачи од преку 20 земји, вклучувајќи ги Кина, Србија, Македонија, Швајцарија, Иран, Индија, Шведска, Јужна Африка, Белгија, Норвешка, Финска, Хрватска, Ерменија, Ирска, Египет, Кенија, Украина.

Мусала Софт, еден од столбовите на Киншифт, постојано демонстрира извонредни деловни достигнувања и силна посветеност за унапредување на ИТ заедницата во сите земји каде што работи. Наградите за CodeIT ги доделуваме со голема гордост и со цврста посветеност да ги одржиме и надградиме заложбите на Мусала Софт за препознавање и поддршка на ИТ талентите, истакнува Марина Домазетовска, глобален раководител за комуникации во Qinshift.

Оваа година на CodeIT учествуваа програмери од пет земји,Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска.

Успешен живот значи да воспитате среќно дете и да правите добри дела кои се паметат. CodeIT е едно такво дело, смета Елена Маринова, коосновач на Мусала Софт и член на Советодавниот одбор на Киншифт.

Од 2013/2014, CodeIT стана меѓународно натпреварување и воведува категорија за помлади, до осмо одделение, што е клучен чекор во раното вклучување во науката и технологијата. Најдобрите пет јуниори од секоја сезона се натпреваруваат во финалето.

The post Македонецот Благојче Павлески еден од победниците на 24. „CodeIT“ appeared first on Република.

]]>

Благојче Павлески од Прилеп е единствениот Македонец кој учествуваше и е еден од победниците на 24. Меѓународен натпревар по програмирање „CodeIT“, организиран од Мусала Софт, дел од Киншифт. Павлески натпреварот во програмирање го заврши како треторангиран меѓу 12 финалисти, врвни таленти кои влегоа во финалето. „CodeIT“ е создаден од Мусала Софт во 2000 година и е едно од најстарите натпреварувања за програмирање во светот. Привлекува стотици учесници од целиот свет и досега учествувале над 2300 натпреварувачи од преку 20 земји, вклучувајќи ги Кина, Србија, Македонија, Швајцарија, Иран, Индија, Шведска, Јужна Африка, Белгија, Норвешка, Финска, Хрватска, Ерменија, Ирска, Египет, Кенија, Украина.
Мусала Софт, еден од столбовите на Киншифт, постојано демонстрира извонредни деловни достигнувања и силна посветеност за унапредување на ИТ заедницата во сите земји каде што работи. Наградите за CodeIT ги доделуваме со голема гордост и со цврста посветеност да ги одржиме и надградиме заложбите на Мусала Софт за препознавање и поддршка на ИТ талентите, истакнува Марина Домазетовска, глобален раководител за комуникации во Qinshift.
Оваа година на CodeIT учествуваа програмери од пет земји,Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска.
Успешен живот значи да воспитате среќно дете и да правите добри дела кои се паметат. CodeIT е едно такво дело, смета Елена Маринова, коосновач на Мусала Софт и член на Советодавниот одбор на Киншифт.
Од 2013/2014, CodeIT стана меѓународно натпреварување и воведува категорија за помлади, до осмо одделение, што е клучен чекор во раното вклучување во науката и технологијата. Најдобрите пет јуниори од секоја сезона се натпреваруваат во финалето.

The post Македонецот Благојче Павлески еден од победниците на 24. „CodeIT“ appeared first on Република.

]]>
Седум златни, десет сребрени и осум бронзени медали за нашите танчери на Светското првенство во Полска https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/sedum-zlatni-deset-srebreni-i-osum-bronzeni-medali-za-nashite-tancheri-na-svetskoto-prvenstvo-vo-polska/ Thu, 02 May 2024 16:27:43 +0000 https://republika.mk/?p=773480

Во Варшава, Полска од 27 до 29 април се одржа Светското првенство во латино танци каде танчерите на Dancers United се вратија со вкупно 25 медали.

Ова е исклучителен успех за сите наши танчери кои беа дел од светската латино сцена, за клубот и за нашата Македонија.

Нашите резултати, седум златни медали, десет сребрени и осум бронзени медали освен што покажуваат дека сме на вистинскиот пат и го потврдуваат нашиот успех во латино танците на светско ниво, дополнително ја засилува нашата посветеност кон танцот и понатамошното вложување во идните поколенија танчери.

Ја претставивме нашата држава на највисоко ниво, а Македонија секоја година сè повеќе и повеќе станува силен конкурент на светската сцена на што сме особено горди.

Три дена колку што траеше Светското првенство во Варшава, Dancers United и Македонија беа вистински репрезенти на македонската култура и уметност. Официјален судија од Македонија беше Сара Кочан.

WADF Warsaw Championship  2024 за Dancers United ќе биде забележан како натпревар на кој целиот тим има минимум по еден златен медал. На овој натпревар од светски рамки во кој учествуваа 22 држави бевме поддржани од Министерството за култура.

Златен медал освоија:

–Passion and Youth – Група Синхро Танц Латино – Младинци и Возрасни
–Vintage Chic – Група Латин Шоу – Јуниори
– Bringing the disco Back – Група латин шоу – мини кидс
–The DS Crew Carribean – Инклузивна мала група
–Over the Rainbow – The DS Crew – Инклузивна голема група
– Willy Wonka, Су Али – Соло латин шоу мини кидс
– Coco Chanel, Нина Спасовска – Соло латин шоу јуниори 1

Сребрен медал:

– Suit & Slay – Група латин шоу – Младинци & Возрасни
– Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Самба – Парови Младинци & Возрасни
– Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Џајв – Парови Младинци & Возрасни
– Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Румба – Парови Младинци & Возрасни
–Су Али – Џајв – Соло Мини кидс
–Су Али – Ча ча ча – Соло Мини кидс
–Су Али – Самба – Соло Мини кидс
– ABBA – Ангела Николиќ & Михаела Филипова -Латин шоу дуо – Младинци & Возрасни
– The White Rabbit – Луна Дариа Кочан – Соло латин шоу мини кидс
– Emiy in Paris – Емили Нера Кочан Соло латин шоу деца 1

Бронзен медал:

– Ангела Николиќ – Пасо Добле – Соло јуниори 1
– Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Ча ча ча – Парови Младинци & Возрасни
– Луна Дариа Кочан – Џајв – Соло Мини кидс
– Луна Дариа Кочан – Самба – Соло Мини кидс
– Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Пасо добле – Парови Младинци & Возрасни
– Јоана Поп Арсовска – Румба – Соло мини кидс
– Rapunzel – Јоана Поп Арсовска – Соло латин шоу мини кидс
– Athena and Medusa – Нина Андоновска & Тима Муминовиќ , Дуо латин шоу јуниори

The post Седум златни, десет сребрени и осум бронзени медали за нашите танчери на Светското првенство во Полска appeared first on Република.

]]>

Во Варшава, Полска од 27 до 29 април се одржа Светското првенство во латино танци каде танчерите на Dancers United се вратија со вкупно 25 медали. Ова е исклучителен успех за сите наши танчери кои беа дел од светската латино сцена, за клубот и за нашата Македонија. Нашите резултати, седум златни медали, десет сребрени и осум бронзени медали освен што покажуваат дека сме на вистинскиот пат и го потврдуваат нашиот успех во латино танците на светско ниво, дополнително ја засилува нашата посветеност кон танцот и понатамошното вложување во идните поколенија танчери. Ја претставивме нашата држава на највисоко ниво, а Македонија секоја година сè повеќе и повеќе станува силен конкурент на светската сцена на што сме особено горди. Три дена колку што траеше Светското првенство во Варшава, Dancers United и Македонија беа вистински репрезенти на македонската култура и уметност. Официјален судија од Македонија беше Сара Кочан. WADF Warsaw Championship  2024 за Dancers United ќе биде забележан како натпревар на кој целиот тим има минимум по еден златен медал. На овој натпревар од светски рамки во кој учествуваа 22 држави бевме поддржани од Министерството за култура. Златен медал освоија: –Passion and Youth – Група Синхро Танц Латино – Младинци и Возрасни –Vintage Chic – Група Латин Шоу – Јуниори – Bringing the disco Back – Група латин шоу – мини кидс –The DS Crew Carribean – Инклузивна мала група –Over the Rainbow – The DS Crew – Инклузивна голема група – Willy Wonka, Су Али – Соло латин шоу мини кидс – Coco Chanel, Нина Спасовска – Соло латин шоу јуниори 1 Сребрен медал: – Suit & Slay – Група латин шоу – Младинци & Возрасни – Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Самба – Парови Младинци & Возрасни – Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Џајв – Парови Младинци & Возрасни – Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Румба – Парови Младинци & Возрасни –Су Али – Џајв – Соло Мини кидс –Су Али – Ча ча ча – Соло Мини кидс –Су Али – Самба – Соло Мини кидс – ABBA – Ангела Николиќ & Михаела Филипова -Латин шоу дуо – Младинци & Возрасни – The White Rabbit – Луна Дариа Кочан – Соло латин шоу мини кидс – Emiy in Paris – Емили Нера Кочан Соло латин шоу деца 1 Бронзен медал: – Ангела Николиќ – Пасо Добле – Соло јуниори 1 – Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Ча ча ча – Парови Младинци & Возрасни – Луна Дариа Кочан – Џајв – Соло Мини кидс – Луна Дариа Кочан – Самба – Соло Мини кидс – Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Пасо добле – Парови Младинци & Возрасни – Јоана Поп Арсовска – Румба – Соло мини кидс – Rapunzel – Јоана Поп Арсовска – Соло латин шоу мини кидс – Athena and Medusa – Нина Андоновска & Тима Муминовиќ , Дуо латин шоу јуниори

The post Седум златни, десет сребрени и осум бронзени медали за нашите танчери на Светското првенство во Полска appeared first on Република.

]]>
Меѓународен танцов натпревар по светски стандарди на 6 и 7 април во Скопје https://arhiva3.republika.mk/zivot/megunaroden-tantsov-natprevar-po-svetski-standardi-na-6-i-7-april-vo-skopje/ Mon, 18 Mar 2024 11:18:25 +0000 https://republika.mk/?p=755842

На 6 и 7 април во Хотел Мериот ќе се одржи меѓународен танцов натпревар DIAMOND, а Скопје ќе ги собере најдобрите танчери од регионот и пошироко, натпревар на кој ќе настапат над 1500 танчери од Македонија, Унгарија, Полска, Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Романија и од Хрватска.

DIAMOND има за цел да инспирира, плени и обезбеди неверојатен приказ на уметничките способности, вистински славејќи го танцот во неговите многубројни форми и категории. Меѓународниот танцов натпревар е во организација на Сара и Нермин Кочан сопственици на инклузивното танцово студио Dancers United. Долгогодишното искуство како танчери, тренери, сертифицирани меѓународни судии, учество на многу национални, европски и светски натпревари беа ѝ повеќе од доволна причина и мотив, Сара и Нермин Кочан да го мапираат Скопје како град во кој ќе има меѓународен танцов натпревар подготвен по сите светски стандарди.

На натпреварот кој ќе трае два дена ќе учествува судиска комисија од 20 искусни судии, од кои 10 национални и 10 меѓународни судии, кои ќе обезбедат правична и точна евалуација на натпреварувачите. Ќе имаме можност цели два дена да уживаме во кореографиите на класичен балет, модерен балет, латино и стандардни танци, акробатски танц шоуа, хип - хоп, инклузивен и пара танц, диско и уличен танц...

Натпреварот е поддржан од Светската танцова уметничка федерација и Националниот танцов сојуз.

The post Меѓународен танцов натпревар по светски стандарди на 6 и 7 април во Скопје appeared first on Република.

]]>

На 6 и 7 април во Хотел Мериот ќе се одржи меѓународен танцов натпревар DIAMOND, а Скопје ќе ги собере најдобрите танчери од регионот и пошироко, натпревар на кој ќе настапат над 1500 танчери од Македонија, Унгарија, Полска, Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Романија и од Хрватска. DIAMOND има за цел да инспирира, плени и обезбеди неверојатен приказ на уметничките способности, вистински славејќи го танцот во неговите многубројни форми и категории. Меѓународниот танцов натпревар е во организација на Сара и Нермин Кочан сопственици на инклузивното танцово студио Dancers United. Долгогодишното искуство како танчери, тренери, сертифицирани меѓународни судии, учество на многу национални, европски и светски натпревари беа ѝ повеќе од доволна причина и мотив, Сара и Нермин Кочан да го мапираат Скопје како град во кој ќе има меѓународен танцов натпревар подготвен по сите светски стандарди. На натпреварот кој ќе трае два дена ќе учествува судиска комисија од 20 искусни судии, од кои 10 национални и 10 меѓународни судии, кои ќе обезбедат правична и точна евалуација на натпреварувачите. Ќе имаме можност цели два дена да уживаме во кореографиите на класичен балет, модерен балет, латино и стандардни танци, акробатски танц шоуа, хип - хоп, инклузивен и пара танц, диско и уличен танц... Натпреварот е поддржан од Светската танцова уметничка федерација и Националниот танцов сојуз.

The post Меѓународен танцов натпревар по светски стандарди на 6 и 7 април во Скопје appeared first on Република.

]]>
Пристигнаа англиските навивачи: Центарот на Скопје „врие“ од полиција https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/pristignaa-angliskite-navivachi-tsentarot-na-skopje-vrie-od-politsija/ Mon, 20 Nov 2023 11:40:19 +0000 https://republika.mk/?p=714367

Околу 2.000 навивачи на Англија допатуваа во Скопје за да ја бодрат својата репрезентација која вечер игра со македонската селекција. Голем дел од Англичаните веќе се наоѓаат во кафетериите во центарот на македонската престолнина.

Англиските навивачи се познати по својот темперамент, а често пати предизвикуваат инциденти на своите гостувања. Поради тоа, во центарот на Скопје има зголемено присуство на полицијата.

За подобра безбедност и на гостите од Англија и на македонските граѓани, угостителските објекти во ГТЦ од страната на кејот на реката Вардар се еден вид „тампон зона“ намената исклучиво за Англичаните.

Натпреварот меѓу македонската и англиската фудбалска репрезентација ќе се игра вечер од 20:45 часот на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Англија веќе обезбеди пласман на Европското првенство 2024, додека „црвено-жолтите“ квалификациите ќе ги завршат на претпоследното, 4. место, па средбата нема резултатско значење.

The post Пристигнаа англиските навивачи: Центарот на Скопје „врие“ од полиција appeared first on Република.

]]>

Околу 2.000 навивачи на Англија допатуваа во Скопје за да ја бодрат својата репрезентација која вечер игра со македонската селекција. Голем дел од Англичаните веќе се наоѓаат во кафетериите во центарот на македонската престолнина. Англиските навивачи се познати по својот темперамент, а често пати предизвикуваат инциденти на своите гостувања. Поради тоа, во центарот на Скопје има зголемено присуство на полицијата. За подобра безбедност и на гостите од Англија и на македонските граѓани, угостителските објекти во ГТЦ од страната на кејот на реката Вардар се еден вид „тампон зона“ намената исклучиво за Англичаните. Натпреварот меѓу македонската и англиската фудбалска репрезентација ќе се игра вечер од 20:45 часот на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје. Англија веќе обезбеди пласман на Европското првенство 2024, додека „црвено-жолтите“ квалификациите ќе ги завршат на претпоследното, 4. место, па средбата нема резултатско значење.

The post Пристигнаа англиските навивачи: Центарот на Скопје „врие“ од полиција appeared first on Република.

]]>
Иднината им останува на младите, Македонија ги совлада ветераните!  https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/idninata-ostanuva-na-mladite-makedonija-gi-sovlada-veteranite/ Tue, 03 Jan 2023 19:52:19 +0000 https://republika.mk/?p=593314

Актуелната репрезентација на Македонија е победник на ракометниот спектакл со Ветераните, со 25-21.

Момците кои ќе не претставуваат на Светското првенство во Полска и во Шведска овој месец, покажаа дека иднината останува на нив, но традицијата и наследството кои ги оставија нивните противници секогаш ќе биде белег на нашиот репрезентативен ракомет.

The post Иднината им останува на младите, Македонија ги совлада ветераните!  appeared first on Република.

]]>

Актуелната репрезентација на Македонија е победник на ракометниот спектакл со Ветераните, со 25-21. Момците кои ќе не претставуваат на Светското првенство во Полска и во Шведска овој месец, покажаа дека иднината останува на нив, но традицијата и наследството кои ги оставија нивните противници секогаш ќе биде белег на нашиот репрезентативен ракомет.

The post Иднината им останува на младите, Македонија ги совлада ветераните!  appeared first on Република.

]]>
НФЛ-играч во критична состојба по срцев удар за време на натпревар https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/nfl-igrach-vo-kritichna-sostojba-po-srtsev-udar-za-vreme-na-natprevar/ Tue, 03 Jan 2023 08:33:55 +0000 https://republika.mk/?p=593000

Играчот на Бафало блуз, Дамар Хамлин е во критична состојба откако доживеа срцев удар за време на натпреварот од 17. коло на НФЛ-лигата против Синсинати бенгалс, соопшти прес-службата на лигата.

Дваесет и четиригодишниот играч заврши на тревникот по контакт со противник. Лекарите истрчале на терен да пружат прва помош, извршиле кардиопулмонална реанимација и користеле дефибрилатор.

Во моментов Хамлин е во болница.

Натпреварот беше прекинат при водство на Синсинати со 7:3.

The post НФЛ-играч во критична состојба по срцев удар за време на натпревар appeared first on Република.

]]>

Играчот на Бафало блуз, Дамар Хамлин е во критична состојба откако доживеа срцев удар за време на натпреварот од 17. коло на НФЛ-лигата против Синсинати бенгалс, соопшти прес-службата на лигата. Дваесет и четиригодишниот играч заврши на тревникот по контакт со противник. Лекарите истрчале на терен да пружат прва помош, извршиле кардиопулмонална реанимација и користеле дефибрилатор. Во моментов Хамлин е во болница. Натпреварот беше прекинат при водство на Синсинати со 7:3.

The post НФЛ-играч во критична состојба по срцев удар за време на натпревар appeared first on Република.

]]>
Не се ни „загреав“, рече победникот на 12. натпревар во лежење во Црна Гора https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ne-se-ni-zagreav-reche-pobednikot-na-12-natprevar-vo-lezenje-vo-crna-gora/ Tue, 23 Aug 2022 11:47:28 +0000 https://republika.mk/?p=543249

Во Црна Гора заврши 12-от натпревар во лежење, којшто традиционално го организира Eтно село Монтенегро во Брезна. Титулата ја понесе Жарко Пејановиќ, познат како Кнеле од Подгорица, кој лежеше приближно 60 часа.

Не беше тешко. Верувајте, не се ни „загреав“… Но, не сакав да одам на соборување на рекордот. Тоа ќе го направам следната година, за кога е планиран натпреварот на кој ќе учествуваат сите досегашни победници, изјави тој за медиумите.

На натпреварот годинава учествуваа девет натпреварувачи, а последни останаа Пејановиќ и Вук Кољеншиќ од Даниловград.

Како што неофицијално беше соопштено, имало преговори и за поделба на титулата, но Пејановиќ бил решен да го освои првото место и наградата од 350 евра.

Рекордот го држи Дубравка Алексиќ, исто така – од Подгорица, која лани лежеше 117 часа.

 

The post Не се ни „загреав“, рече победникот на 12. натпревар во лежење во Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Во Црна Гора заврши 12-от натпревар во лежење, којшто традиционално го организира Eтно село Монтенегро во Брезна. Титулата ја понесе Жарко Пејановиќ, познат како Кнеле од Подгорица, кој лежеше приближно 60 часа.
Не беше тешко. Верувајте, не се ни „загреав“… Но, не сакав да одам на соборување на рекордот. Тоа ќе го направам следната година, за кога е планиран натпреварот на кој ќе учествуваат сите досегашни победници, изјави тој за медиумите.
На натпреварот годинава учествуваа девет натпреварувачи, а последни останаа Пејановиќ и Вук Кољеншиќ од Даниловград. Како што неофицијално беше соопштено, имало преговори и за поделба на титулата, но Пејановиќ бил решен да го освои првото место и наградата од 350 евра. Рекордот го држи Дубравка Алексиќ, исто така – од Подгорица, која лани лежеше 117 часа.  

The post Не се ни „загреав“, рече победникот на 12. натпревар во лежење во Црна Гора appeared first on Република.

]]>
Се „убија“ од лежење: Црногорците го соборуваат рекордот во денгубење https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/se-ubija-od-lezenje-crnogorcite-go-soboruvaat-rekordot-vo-dengubenje/ Sun, 21 Aug 2022 10:48:06 +0000 https://republika.mk/?p=542553

Натпреварот во излежување, кој ја прави Црна Гора единствена во Европа, се организираше по 11. пат во етно селото „Монтенегро“ во Брезна во Пива, а од девет натпреварувачи од Никшиќ, Подгорица, Даниловград и Белград, двајца сè уште се борат за парична награда од 350 евра, пишува подгоричкиот весник Вијести.

Натпреварувачите порачаа дека се надеваат дека ќе го соборат минатогодишниот рекорд на Подгоричанката Дубравка Алексиќ, која стана по 117 часа лежење, а битката за титулата најголем денгубец сега ја водат Жарко Пејановиќ од Подгорица и Вук Кољеншиќ од Даниловград, откако вчера, на првиот натпреварувачки ден, седуммина се откажаа.

Натпреварувачите спиеле под крошна на стогодишен јавор, но преку ден морале да одат во колиба поради дождот, било соопштено синоќа за „Вијести“.

Дозволено е јадење и пиење, читање книги, лаптоп, телефон – сè освен станување. Одење во тоалет е дозволено на секои осум часа. Првата награда е 350 евра, додека вкупната вредност на утешните награди е околу 500 евра. Првонаградениот добива и рафтинг, викенд во етно село, ручек за двајца во ресторан во Подгорица и уште многу награди од спонзори.

The post Се „убија“ од лежење: Црногорците го соборуваат рекордот во денгубење appeared first on Република.

]]>

Натпреварот во излежување, кој ја прави Црна Гора единствена во Европа, се организираше по 11. пат во етно селото „Монтенегро“ во Брезна во Пива, а од девет натпреварувачи од Никшиќ, Подгорица, Даниловград и Белград, двајца сè уште се борат за парична награда од 350 евра, пишува подгоричкиот весник Вијести. Натпреварувачите порачаа дека се надеваат дека ќе го соборат минатогодишниот рекорд на Подгоричанката Дубравка Алексиќ, која стана по 117 часа лежење, а битката за титулата најголем денгубец сега ја водат Жарко Пејановиќ од Подгорица и Вук Кољеншиќ од Даниловград, откако вчера, на првиот натпреварувачки ден, седуммина се откажаа. Натпреварувачите спиеле под крошна на стогодишен јавор, но преку ден морале да одат во колиба поради дождот, било соопштено синоќа за „Вијести“. Дозволено е јадење и пиење, читање книги, лаптоп, телефон – сè освен станување. Одење во тоалет е дозволено на секои осум часа. Првата награда е 350 евра, додека вкупната вредност на утешните награди е околу 500 евра. Првонаградениот добива и рафтинг, викенд во етно село, ручек за двајца во ресторан во Подгорица и уште многу награди од спонзори.

The post Се „убија“ од лежење: Црногорците го соборуваат рекордот во денгубење appeared first on Република.

]]>
Во Охрид се одржа Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“, прилепчанката Исидора Николоска го освои првото место https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-ohrid-se-odrza-republichkiot-natprevar-mladi-bibliotekari-prilepchankata-isidora-nikoloska-go-osvoi-prvoto-mesto/ Sat, 21 May 2022 18:40:24 +0000 https://republika.mk/?p=505303

Прилепчанката Исидора Николоска го освои првото место на 21. Републички натпревар „Млади библиотекари“ што вчера се одржа во организација на Библиотекарското здружение на Македонија  а домаќин беше НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид .

Николоска со освоени 91 од вкупно 120 бода,победи во конкуренција од 20 учесници од цела држава, кои претходно победиле на општинските натпревари и се здобиле со правото да учествуваат на Републичкиот натпревар. Втора беше Ива Додевска од Куманово со освоени 84 бода, а третото место ѝ припадна на Тијана Стојменова од Струмица со освоени 83 бода.

Прашалникот се состоеше од 29 прашања, на кои натпреварувачите одговараа писмено, во време од 60 минути. Сите учесници покажаа солидни познавања од областа на библиотекарството и солидно ги одговорија прашањата, заклучија членовите на комисијата во состав: Андријана  Апостоловска, Лили Бошевска, Сабија Мустафа, Христина Трпеска и Снежана Стојаноска. Натпреварот се одвиваше  беспрекорно и во најдобар ред, а Библиотеката во Охрид се покажа како одличен домаќин  рече д-р Јана Михајловска , претседател на Библиотекарскто здружение на Македонија (БЗМ).

Во Охрид покрај натпреварувачите беа и нивните ментори како и поголем дел од  директорите на Националните и Локалните библиотеки меѓу кои и Јелисавета Костадинова, директорката на НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

НУ Библиотека „Григор Прличев“ посебно им благодари за помошта на вљубеникот во книгите Илија Илоски, Жито леб, Општина Охрид и Пинокио.

 

 

The post Во Охрид се одржа Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“, прилепчанката Исидора Николоска го освои првото место appeared first on Република.

]]>

Прилепчанката Исидора Николоска го освои првото место на 21. Републички натпревар „Млади библиотекари“ што вчера се одржа во организација на Библиотекарското здружение на Македонија  а домаќин беше НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид . Николоска со освоени 91 од вкупно 120 бода,победи во конкуренција од 20 учесници од цела држава, кои претходно победиле на општинските натпревари и се здобиле со правото да учествуваат на Републичкиот натпревар. Втора беше Ива Додевска од Куманово со освоени 84 бода, а третото место ѝ припадна на Тијана Стојменова од Струмица со освоени 83 бода.
Прашалникот се состоеше од 29 прашања, на кои натпреварувачите одговараа писмено, во време од 60 минути. Сите учесници покажаа солидни познавања од областа на библиотекарството и солидно ги одговорија прашањата, заклучија членовите на комисијата во состав: Андријана  Апостоловска, Лили Бошевска, Сабија Мустафа, Христина Трпеска и Снежана Стојаноска. Натпреварот се одвиваше  беспрекорно и во најдобар ред, а Библиотеката во Охрид се покажа како одличен домаќин  рече д-р Јана Михајловска , претседател на Библиотекарскто здружение на Македонија (БЗМ).
Во Охрид покрај натпреварувачите беа и нивните ментори како и поголем дел од  директорите на Националните и Локалните библиотеки меѓу кои и Јелисавета Костадинова, директорката на НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. НУ Библиотека „Григор Прличев“ посебно им благодари за помошта на вљубеникот во книгите Илија Илоски, Жито леб, Општина Охрид и Пинокио.    

The post Во Охрид се одржа Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“, прилепчанката Исидора Николоска го освои првото место appeared first on Република.

]]>
Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид домаќин на републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bibliotekata-grigor-prlichev-vo-ohrid-domakjin-na-republichkiot-natprevar-mladi-bibliotekari/ Fri, 20 May 2022 08:01:27 +0000 https://republika.mk/?p=504665

Во организација на Библиотекарското здружение на Македонија (БЗМ) денеска напладне во Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи 21. Републички натпревар „Млади библиотекари“.

Според пријавите за  престижната титула „Млади библиотекари на годината“ ќе се натпреваруваат 20 ученици од цела држава кои претходно победиле на општинските натпревари и се здобиле со правото да учествуваат на Републичкиот натпревар.

Охрид ќе го претставува Марија Ѓиноска, ученичка во деветто одделение од ООУ „Живко Чинго“од Велгошти под менторство на наставничката по македонски јазик Снежана Стојаноска.

Во Охрид покрај натпреварувачите доаѓаат и нивните ментори како и дел од директорите на Националните и Локалните библиотеки а најавено е и присуството на Јелисавета Костадинова, директорката на НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Нашата библиотека е домаќин на натпреварот заедно со БЗМ а помогната од вљубеникот во книгите Илија Илоски, Жито леб, Општина Охрид и сендвичарницата Пинокио.

 

The post Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид домаќин на републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ appeared first on Република.

]]>

Во организација на Библиотекарското здружение на Македонија (БЗМ) денеска напладне во Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи 21. Републички натпревар „Млади библиотекари“. Според пријавите за  престижната титула „Млади библиотекари на годината“ ќе се натпреваруваат 20 ученици од цела држава кои претходно победиле на општинските натпревари и се здобиле со правото да учествуваат на Републичкиот натпревар. Охрид ќе го претставува Марија Ѓиноска, ученичка во деветто одделение од ООУ „Живко Чинго“од Велгошти под менторство на наставничката по македонски јазик Снежана Стојаноска. Во Охрид покрај натпреварувачите доаѓаат и нивните ментори како и дел од директорите на Националните и Локалните библиотеки а најавено е и присуството на Јелисавета Костадинова, директорката на НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Нашата библиотека е домаќин на натпреварот заедно со БЗМ а помогната од вљубеникот во книгите Илија Илоски, Жито леб, Општина Охрид и сендвичарницата Пинокио.  

The post Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид домаќин на републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ appeared first on Република.

]]>
Мундијалскиот сон не ни се оствари, Португалија оди на Светското првенство https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/mundijalskiot-son-ne-ni-se-ostvari-portugalija-odi-na-svetskoto-prvenstvo/ Tue, 29 Mar 2022 20:53:43 +0000 https://republika.mk/?p=480561

Македонската фудбалска репрезентација не успеа да направи ново чудо, загубивме од Португалија на „Драгао“ со 2-0 и не успеавме да се пласираме на Светското првенство во Катар.

По победата над Италија, Македонија дојде на еден чекор до пласман на Светското првенство, но не успеавме да ја шокираме и Португалија која покажа повеќе и заслужено го зема билетот за Катар.

Македонските фудбалери го дадоа максимумот, но противникот кој има исклучително моќни поединци ги казни нашите грешки и дојде до победа од 2-0.

Македонија добро го почна натпреварот, бевме организирани, Португалија тешко создаваше прилики за гол. Првата нивна шанса ја имаше Кристијано Роналдо кој во 14. минута од убава ситуација биеше крај голот на Димитриевски.

Првата грешка која ја направивме нè чинеше гол. Во 31. минута Стефан Ристовски се обиде да даде еден долг пас во дефанзивата, Бруно Фернандеш ја пресече топката и по едно еден-два проигрување со Роналдо даде гол за водство на Португалија од 1-0.
Фернандеш беше најрасполжен за игра во португалската селекција. Тој прв се закани во второто полувреме, но неговиот удар го одбрани Димитриевски.

Во 65. минута Барди згреши на половината на Португалија и овзможи брза контра за противникот. Диого Жота прекрасно асистираше до Бруно Фернандеш кој со волеј постигна гол за водство на Португалија од 2-0.
Ние се обидувавме да се вратиме во мечот, на десетина минути до крајот во шеснаесетникот на Португалија беа фаулирани Елмас и Миовски во иста акција, но Ентони Тејлор сметаше дека тоа не е доволно за пенал.

На овој меч не успеавме да создадеме ниту една шанса за гол, Португалија доминираше, беше подобра селекција и дојде до тоа што го заслужи, пласман на Светско првенство.

Ние можеме да бидеме горди на нашите фудбалери кои за првпат во историјата дојдоа до толку блиску до Мундијал, не успеавме да си го оствариме сонот, но не разочаравме. Оваа селекција има иднина во која очекуваме нови радости.

The post Мундијалскиот сон не ни се оствари, Португалија оди на Светското првенство appeared first on Република.

]]>

Македонската фудбалска репрезентација не успеа да направи ново чудо, загубивме од Португалија на „Драгао“ со 2-0 и не успеавме да се пласираме на Светското првенство во Катар. По победата над Италија, Македонија дојде на еден чекор до пласман на Светското првенство, но не успеавме да ја шокираме и Португалија која покажа повеќе и заслужено го зема билетот за Катар. Македонските фудбалери го дадоа максимумот, но противникот кој има исклучително моќни поединци ги казни нашите грешки и дојде до победа од 2-0. Македонија добро го почна натпреварот, бевме организирани, Португалија тешко создаваше прилики за гол. Првата нивна шанса ја имаше Кристијано Роналдо кој во 14. минута од убава ситуација биеше крај голот на Димитриевски. Првата грешка која ја направивме нè чинеше гол. Во 31. минута Стефан Ристовски се обиде да даде еден долг пас во дефанзивата, Бруно Фернандеш ја пресече топката и по едно еден-два проигрување со Роналдо даде гол за водство на Португалија од 1-0. Фернандеш беше најрасполжен за игра во португалската селекција. Тој прв се закани во второто полувреме, но неговиот удар го одбрани Димитриевски. Во 65. минута Барди згреши на половината на Португалија и овзможи брза контра за противникот. Диого Жота прекрасно асистираше до Бруно Фернандеш кој со волеј постигна гол за водство на Португалија од 2-0. Ние се обидувавме да се вратиме во мечот, на десетина минути до крајот во шеснаесетникот на Португалија беа фаулирани Елмас и Миовски во иста акција, но Ентони Тејлор сметаше дека тоа не е доволно за пенал. На овој меч не успеавме да создадеме ниту една шанса за гол, Португалија доминираше, беше подобра селекција и дојде до тоа што го заслужи, пласман на Светско првенство. Ние можеме да бидеме горди на нашите фудбалери кои за првпат во историјата дојдоа до толку блиску до Мундијал, не успеавме да си го оствариме сонот, но не разочаравме. Оваа селекција има иднина во која очекуваме нови радости.

The post Мундијалскиот сон не ни се оствари, Португалија оди на Светското првенство appeared first on Република.

]]>
Порто претесен да ги собере сите навивачи на македонската репрезентација https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/porto-pretesen-da-gi-sobere-site-navivachi-na-makedonskata-reprezentacija/ Tue, 29 Mar 2022 15:28:42 +0000 https://republika.mk/?p=480437

Од сите страни на Европа, пристигнуваат Македонци, напиша на Фејсбук, Јохан Тарчуловски, пренесувајќи ја еуфоријата на нашите навивачи во пресрет на вечерашниот фудбалски натпревар меѓу Македонија и Португалија.

The post Порто претесен да ги собере сите навивачи на македонската репрезентација appeared first on Република.

]]>

Од сите страни на Европа, пристигнуваат Македонци, напиша на Фејсбук, Јохан Тарчуловски, пренесувајќи ја еуфоријата на нашите навивачи во пресрет на вечерашниот фудбалски натпревар меѓу Македонија и Португалија.

The post Порто претесен да ги собере сите навивачи на македонската репрезентација appeared first on Република.

]]>
Фудбалската федерација на Португалија подготви по едно знаме за португалските навивачи https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/fudbalskata-federacija-na-portugalija-podgotvi-po-edno-zname-za-portugalskite-navivachi/ Mon, 28 Mar 2022 13:11:17 +0000 https://republika.mk/?p=479901

За секој португалски навивач, фудбалската федерација на Португалија подготви и по едно мало знаменце на секое столче со што дополнително сака да го заокружи амбиентот кој веруваат дека ќе им донесе пласман на СП.

Но покрај вжештените Португалци, ќе има и повеќе од 1500 македонски навивачи, па останува на фудбалерите најдобро како што знаат, да го стишат Порто и цела Португалија.

The post Фудбалската федерација на Португалија подготви по едно знаме за португалските навивачи appeared first on Република.

]]>

За секој португалски навивач, фудбалската федерација на Португалија подготви и по едно мало знаменце на секое столче со што дополнително сака да го заокружи амбиентот кој веруваат дека ќе им донесе пласман на СП. Но покрај вжештените Португалци, ќе има и повеќе од 1500 македонски навивачи, па останува на фудбалерите најдобро како што знаат, да го стишат Порто и цела Португалија.

The post Фудбалската федерација на Португалија подготви по едно знаме за португалските навивачи appeared first on Република.

]]>
Палермо обоен во црвено и жолто: Македонските фанови во голем број пристигнуваат пред фудбалскиот натпревар https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/palermo-oboen-vo-crveno-i-zolto-makedonskite-fanovi-vo-golem-broj-pristignuvaat-pred-fudbalskiot-natprevar/ Wed, 23 Mar 2022 20:35:16 +0000 https://republika.mk/?p=477367

Македонските фанови полека пристигнуваат во Палермо пред фудбалскиот натпревар на македонската репрезентација. Од секое ќоше ечи македонска песна, обоен е градот во црвено-жолто.

Утре се очекуваат повеќе од 2.000 навивачи од Македонија да бидат присутни и на стадионот “Ренцо Барбера”.

извор: Макфудбал.мк

The post Палермо обоен во црвено и жолто: Македонските фанови во голем број пристигнуваат пред фудбалскиот натпревар appeared first on Република.

]]>

Македонските фанови полека пристигнуваат во Палермо пред фудбалскиот натпревар на македонската репрезентација. Од секое ќоше ечи македонска песна, обоен е градот во црвено-жолто. Утре се очекуваат повеќе од 2.000 навивачи од Македонија да бидат присутни и на стадионот “Ренцо Барбера”. извор: Макфудбал.мк

The post Палермо обоен во црвено и жолто: Македонските фанови во голем број пристигнуваат пред фудбалскиот натпревар appeared first on Република.

]]>