НАТО самит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nato-samit/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Jul 2024 16:01:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png НАТО самит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nato-samit/ 32 32 Завршна декларација од Самитот на НАТО во Вашингтон: Непоколеблива посветеност на колективната одбрана https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zavrshna-deklaratsija-od-samitot-na-nato-vo-vashington-nepokolebliva-posvetenost-na-kolektivnata-odbrana/ Thu, 11 Jul 2024 16:01:26 +0000 https://republika.mk/?p=795899

НАТО е единствено во солидарноста во однос на бруталната агресивна војна на европскиот континент и во критично време за безбедноста ја потврдува трајната трансатлантска врска меѓу нашите нации, останувајќи единствен, суштински и неопходен трансатлантски форум за консултација, координација и дејствување за сите прашања поврзани со индивидуална и колективна безбедност на земјите членки, се наведува во завршната декларација од Самитот на Алијансата што изминативе три дена се одржува во Вашингтон.

– Формиран да го зачува мирот, НАТО останува најсилниот сојуз во историјата. НАТО е одбранбена алијанса. Нашата посветеност да се браниме еден со друг и секоја педа од територијата на сојузниците во секое време, како што е предвидено во член 5 од Вашингтонскиот договор, останува непоколеблива. Ќе продолжиме да ја обезбедуваме нашата колективна одбрана од сите закани и од сите правци, за да ги исполниме трите основни задачи на НАТО за одвраќање и одбрана, спречување и управување со кризи и кооперативна безбедност. Заедно сме поврзани со заеднички вредности: индивидуална слобода, човекови права, демократија и владеење на правото. Ние се придржуваме до меѓународното право и до целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации и сме посветени на одржување на меѓународниот поредок заснован на правила – се наведува во документот.

Во декларацијата се нагласува дека Западниот Балкан и Црноморскиот регион се од стратешко значење за Алијансата, па затоа таа остануваме силно посветена на нивната безбедност и стабилност.

– Ќе продолжиме да го унапредуваме нашиот политички дијалог и практична соработка со Западниот Балкан со цел да ги поддржиме реформите, регионалниот мир и безбедност и да се спротивставиме на злонамерните влијанија, вклучително и дезинформациите и хибридните и кибер закани од државни и од недржавни актери. Демократските вредности, владеењето на правото, домашните реформи и добрососедските односи се од витално значење за регионалната соработка и евроатлантската интеграција и ние гледаме континуиран напредок во овој поглед, се вели во документот, при што се додава дека НАТО останува посветен на континуираниот ангажман во регионот на Западниот Балкан, вклучително и преку Косовските сили предводени од НАТО (КФОР).

Лидерите на НАТО ја потврдуваат и континуираната поддршка на сојузничките регионални напори насочени кон одржување на безбедноста, стабилноста и слободната пловидба во регионот на Црното Море, согласно Конвенцијата од Монтре од 1936 година.

– Го поздравуваме активирањето на Работната група за мерки за отстранување на мините од Црното Мое од страна на трите сојузници од регионот. Понатаму ќе ги следиме и оценуваме случувањата во регионот и ќе ја подобриме нашата свест со посебен фокус на заканите за нашата безбедност и потенцијалните можности за поблиска соработка со нашите партнери во регионот. НАТО ги поддржува евроатлантските аспирации на заинтересираните земји во овој регион – се потенцира во документот.

Во декларацијата се поздравува Шведска како 32-член на Алијансата, при што се потенцира дека секоја нација има право да избере свои безбедносни аранжмани и се потврдува посветеност на политиката на отворени врати на НАТО во согласност со членот 10 од Вашингтонскиот договор.

– Целосната руска инвазија на Украина го наруши мирот и стабилноста во евроатлантската област и сериозно ја поткопа глобалната безбедност. Русија останува најзначајната и директна закана за безбедноста на сојузниците. Тероризмот, во сите негови облици и манифестации, е најдиректната асиметрична закана за безбедноста на нашите граѓани и за меѓународниот мир и просперитет. Заканите со кои се соочуваме се глобални и меѓусебно поврзани – се потенцира во декларацијата.

Во документот се нагласува и дека НАТО презема дополнителни чекори за зајакнување на одвраќањето и одбраната и на долгорочната поддршка за Украина за да може да надвладее во нејзината борба за слобода и да ги продлабочи партнерствата на НАТО.

Во однос на поддршката на Киев се посочува дека „силна, независна и демократска Украина е од витално значење за безбедноста и стабилноста на евроатлантската област“.

– Борбата на Украина за нејзината независност, суверенитет и територијален интегритет во нејзините меѓународно признати граници директно придонесува за евроатлантската безбедност. Ги поздравуваме најавите на сојузниците за обезбедување на Украина со клучни дополнителни системи за воздушна одбрана, како и други воени капацитети – се вели во декларацијата.

Како израз на поддршката на Украина лидерите посочуваат дека решиле да се воспостави „Безбедносна помош и обука на НАТО за Украина“ (НСАТУ) за координација на обезбедувањето воена опрема и обука за земјата, го реафирмираат ветувањето за долгорочна безбедносна помош за Украина со обезбедување воена опрема, помош и обука, предлагаат формирањето на Заедничкиот центар за анализа, обука и едукација НАТО-Украина (ЈАТЕЦ) и ја поздравуваат одлуката на генералниот секретар да назначи висок претставник на Алијансата во Украина.

– Целосно го поддржуваме правото на Украина да избира свои безбедносни аранжмани и да одлучува за својата иднина, без надворешно мешање. Иднината на Украина е во НАТО. Украина стана поинтероперабилна и политички интегрирана со Алијансата. Го поздравуваме конкретниот напредок што Украина го постигна од Самитот во Вилнус за нејзините потребни демократски, економски и безбедносни реформи. Додека Украина ја продолжува оваа витална работа, ние ќе продолжиме да ја поддржуваме на нејзиниот неповратен пат кон целосна евроатланска интеграција, вклучително и членство во НАТО. Потврдуваме дека ќе бидеме во позиција да упатиме покана до Украина да се приклучи на Алијансата кога сојузниците ќе се согласат и ќе бидат исполнети условите, се наведува во декларацијата, при што се додава дека сите овие одлуки во комбинација со тековните активности на сојузниците претставуваат „мост за членството на Украина во НАТО“.

Во документот се посочува и дека Русија сноси единствена одговорност за својата агресивна војна против Украина и очигледно кршење на меѓународното право, вклучително и Повелбата на ОН, како и дека не може да има неказнивост за злоупотребите и кршењето на човековите права од страна на руските сили и официјални лица, воените злосторства и други прекршувања на меѓународното право.

– Русија е одговорна за смртта на илјадници цивили и предизвика голема штета на цивилната инфраструктура. Најостро ги осудуваме ужасните напади на Русија врз украинскиот народ, вклучително и врз болниците на 8 јули. Русија мора веднаш да ја прекине оваа војна и целосно и безусловно да ги повлече сите свои сили од Украина во согласност со резолуциите на Генералното собрание на ОН. Никогаш нема да ги признаеме илегалните анексии на украинската територија од страна на Русија, вклучувајќи го и Крим. Исто така, ја повикуваме Русија да ги повлече сите свои сили од Република Молдавија и Грузија, стационирани таму без нивна согласност – се наведува во текстот.

Во декларацијата се посочува и дека Русија настојува фундаментално да ја реконфигурира евроатлантската безбедносна архитектура и претставува закана за сојузниците на долг рок.

„Русија ги обновува и ги проширува своите воени капацитети и продолжува со нарушување на воздушниот простор и провокативните активности. Ние стоиме во солидарност со сите сојузници погодени од овие акции. НАТО не бара конфронтација и не претставува закана за Русија. Остануваме подготвени да одржуваме канали за комуникација со Москва за да го ублажиме ризикот и да спречиме ескалација“, се наведува во документот, при што се осудуваат руската „неодговорна нуклеарна реторика“ и најавеното стационирање на нуклеарно оружје во Белорусија како „стратешко заплашување“.

Лидерите на НАТО ги повикуваат сите земји да не даваат никаков вид помош на руската агресија и изразуваат осуда на сите оние кои ја помагаат и со тоа ја продолжуваат војната на Русија во Украина. При тоа се напоменуваат Белорусија, која „продолжува да ја овозможува оваа војна со ставање на располагање на својата територија и инфраструктура“, како и Северна Кореја и Иран, кои ја „поттикнуваат руската агресивна војна против Украина обезбедувајќи директна воена поддршка за Русија, како што се муниција и беспилотни летала, што сериозно влијае на евроатлантската безбедност“.

– Силно го осудуваме извозот на артилериски гранати и балистички ракети од страна на Северна Кореја, кои се во спротивност со бројните резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации и со голема загриженост го забележуваме продлабочувањето на врските меѓу Северна Кореја и Русија. Секој трансфер на балистички ракети и поврзана технологија од Иран во Русија би претставувал значителна ескалација – се нагласува во декларацијата.

Во однос на Кина се посочува дека земјата стана „решавачки поттикнувач на руската војна против Украина преку нејзиното т.н. „партнерство без ограничувања“ и нејзината голема поддршка за руската одбранбена индустриска база, што ја зголемува заканата што Русија ја претставува за нејзините соседи и за евроатлантската безбедност.

– Ја повикуваме НР Кина, како постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации со особена одговорност да ги поддржува целите и принципите на Повелбата на ОН, да престане со секаква материјална и политичка поддршка за воените напори на Русија. Ова вклучува трансфер на материјали со двојна употреба, како што се компоненти за оружје, опрема и суровини кои служат како влезни информации за одбранбениот сектор на Русија. НР Кина не може да ја овозможи најголемата војна во Европа во поновата историја без тоа негативно да влијае на нејзините интереси и углед – се нагласува во документот.

Во него натаму се посочува дека Кина „продолжува да поставува системски предизвици за евроатлантската безбедност“, преку постојани злонамерни кибер и хибридни активности, вклучително и дезинформации, при што се апелира до Пекинг остане посветен на одговорно однесување во кибер просторот.

– Загрижени сме од развојот на вселенските способности и активности на НР Кина. Ја повикуваме НР Кина да ги поддржи меѓународните напори за промовирање одговорно однесување во Вселената. НР Кина продолжува брзо да го шири и диверзифицира својот нуклеарен арсенал со повеќе боеви глави и поголем број софистицирани системи за испорака. Ја повикуваме НР Кина да се вклучи во дискусии за стратешко намалување на ризикот и да промовира стабилност преку транспарентност. Остануваме отворени за конструктивен ангажман со НР Кина, вклучително и за градење реципрочна транспарентност со цел да се заштитат безбедносните интереси на Алијансата, се нагласува во декларацијата – се вели во деклаацијата при што се потенцира дека земјите членки ја зајакнуваат заедничката свест, отпорност и подготвеност за заштита од „тактиките и напорите на Кина да ја подели Алијансата“.

Лидерите на НАТО посочуваат и дека конфликтите и нестабилноста во Африка и на Блискиот Исток директно влијаат на безбедност на Алијансата и нејзините партнери и придонесуваат за принудно раселување, поттикнување на трговијата со луѓе и илегална миграција.

– Дестабилизирачките активности на Иран влијаат на евроатлантската безбедност. Амбициите и политиката на Народна Република Кина продолжуваат да ги предизвикуваат нашите интереси, безбедност и вредности. Продлабочувањето на стратешкото партнерство меѓу Русија и НР Кина и нивните меѓусебно обиди да го поткопаат и преобликуваат меѓународниот поредок заснован на правила, се причина за длабока загриженост. Соочени сме со хибридни, кибер, вселенски и други закани и злонамерни активности од државни и недржавни актери – се наведува.

Учесниците на Самитот го поздравуваат фактот што повеќе од две третини од земјите членки ја исполнија заложба за издвојување на најмалку два отсто од БДП за годишните трошоци за одбрана и ги пофалува оние сојузници кои ја оствариле оваа цел, меѓу кои е и Македонија.

– Трошоците за одбрана на европските сојузници и Канада пораснаа за 18 отсто во 2024 година, што е најголем пораст во последните децении. Тие, исто така, инвестираат повеќе во современите капацитети и го зголемуваат својот придонес во операциите, мисиите и активностите на НАТО. Ја потврдуваме нашата трајна посветеност за целосно спроведување на ветувањето за инвестирање во одбраната, како што беше договорено во Вилнус, и признаваме дека итно е потребно повеќе за одржливо исполнување на нашите обврски како сојузници на НАТО – наведуваат лидерите на Алијансата во заедничката изјава.

Во документот се нагласува и посветеноста на засилување на колективната одбрана и зајакнување на одвраќањето и одбраната на НАТО од сите закани и предизвици и за таа цел се преземаат обврски за спроведување почести и поголеми обуки и вежби, за итна акција за зголемување на капацитетите во согласност со Процесот на планирање на одбраната на НАТО со фокус на борбената муниција и противвоздушната и ракетна одбрана, за зајакнување на командата и контрола на Алијансата, зголемување на способност на вооружените сили за да одговорат на заканите, за обука, вежби и интегрирање на напредните копнени сили на НАТО во новите планови, за целосно искористување на членството на Финска, за забрзување на интеграцијата на Вселената во плановите, вежбите и операции во повеќе домени, за воспоставување на интегриран центар за кибер одбрана, за зајакнување на заштитата на критичната подводна инфраструктура и подобрување на способноста за одвраќање, откривање и одговор на заканите, за инвестирање во нашите хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни одбранбени капацитети и за забрзување на имплементацијата на стандардите на НАТО и усогласување на неопходните мерки за зголемување и зајакнување на интероперабилноста.

Натаму се нагласува заложбата за подобрување на Интегрираната противвоздушна и ракетна одбрана на НАТО и посветеноста на нуклеарното одвраќање како камен-темелник на безбедноста на Алијансата.

– Позицијата на НАТО за одвраќање и одбрана се заснова на соодветна мешавина на нуклеарни, конвенционални и ракетни одбранбени капацитети, надополнети со вселенски и кибер капацитети. Ќе користиме воени и невоени алатки на пропорционален, кохерентен и интегриран начин за да ги одвратиме сите закани за нашата безбедност и да одговориме на начин, време и во доменот што го избираме – се додава во декларацијата.

Лидерите на Алијансата посочуваат дека одбранбена индустриска соработка е критичен дел од одвраќањето и одбраната и трајната поддршка на сојузниците за Украина, па затоа се обврзуваат за продолжување на намалувањето и отстранувањето на пречките за одбранбената трговија и инвестициите меѓу сојузниците.

Според нив, националната и колективната отпорност се суштинска основа за веродостојно одвраќање и одбрана и ефективно исполнување на основните задачи на Алијансата во услови кога државните и недржавните актери користат се поагресивни хибридни акции против сојузниците.

– Повторуваме дека хибридните операции против сојузниците може да достигнат ниво на вооружен напад и би можеле да го наведат Северноатлантскиот совет да се повика на членот 5 од Вашингтонскиот договор. Ќе продолжиме да го развиваме нашиот индивидуален и колективен капацитет да анализираме и да се спротивставиме на непријателските дезинформации и активности за дезинформирање. НАТО тесно се координира со сојузниците и партнерите. Ги зголемивме нашите механизми за предупредување и споделување и ги зајакнавме нашите заеднички одговори, особено во стратешката комуникација – се додава во текстот.

Во делот на хибридните закани се посочува дека Русија ги интензивираше своите агресивни хибридни активности против сојузниците, кои вклучуваат саботажа, акти на насилство, провокации на сојузничките граници, инструментализација на нерегуларната миграција, злонамерни кибер активности, електронско мешање, кампањи за дезинформации и злонамерно политичко влијание, како и економска принуда.

– Овие акции претставуваат закана за безбедноста на сојузниците. Одлучивме за дополнителни мерки за да се спротивставиме на руските хибридни закани или акции поединечно и колективно и ќе продолжиме тесно да се координираме, се наведува во документот, при што се нагласува решеноста на Алијансата да ги ограничи и спречи агресивните активности на Русија и нејзината способност да спроведува дестабилизирачки акции кон НАТО и сојузниците, за што до следниот Самит, ќе се работи на развивање препораки за стратешкиот пристап на Алијансата кон Москва – се вели во декларацијата.

Натаму се посочува и дека спротивставувањето на тероризмот останува суштинско за колективната одбрана на НАТО, затоа се реафирмира заложбата на земјите членки да продолжат да се спротивставуваат, одвраќаат, бранат и да одговараат на заканите и предизвиците што ги претставуваат терористите и терористичките организации.

– Со цел дополнително да ја зајакнеме улогата на НАТО во борбата против тероризмот, ги поддржавме ажурираните насоки за политика на НАТО за борба против тероризмот и нашиот ажуриран акциски план за зајакнување на улогата на НАТО во борбата против тероризмот на меѓународната заедница – стои во текстот.

Лидерите ја нагласуваат и посветеноста за зајакнување на политичкиот дијалог и практичната соработка со партнерите, врз основа на взаемно почитување, корист и интерес, како клуч за зајакнување на стабилноста, позитивно влијание врз глобалното безбедносно опкружување и почитување на меѓународното право.

– Европската Унија останува единствен и суштински партнер за НАТО. Соработката НАТО-ЕУ достигна невидени нивоа. Практичната соработка е зајакната и проширена во областа на Вселената, кибер просторот, климата и одбраната, како и новите технологии. Во контекст на Украина, соработката НАТО-ЕУ стана позначајна. НАТО ја препознава вредноста на посилна и поспособна европска одбрана која позитивно придонесува за трансатлантската и глобалната безбедност и е комплементарна и интероперабилна со НАТО – се вели во декларацијата, при што се нагласува дека стратешкото партнерство меѓу НАТО и ЕУ е од суштинско значење за целосно вклучување на сојузниците кои не се членки на ЕУ во одбранбените напори на Унијата.

Во делот на партнерската соработка се нагласува и соработката со Австралија, Јапонија, Нов Зеланд и Јужна Кореја за справување со заедничките безбедносни предизвици.

– Индо-пацификот е важен за НАТО, имајќи предвид дека случувањата во тој регион директно влијаат врз евроатлантската безбедност. Го поздравуваме континуираниот придонес на нашите азиско-пацифички партнери за евроатлантската безбедност. Го зајакнуваме дијалогот за да се справиме со меѓурегионалните предизвици и ја подобруваме нашата практична соработка… Овие проекти ќе ја подобрат нашата способност да работиме заедно на заеднички безбедносни интереси – се додава во текстот.

Во декларацијата се нагласува и можноста за соработка за прашања од заемен интерес со земјите од јужното соседство на НАТО за поттикнување поголема безбедност и стабилност на Блискиот Исток и Африка за придонес за мир и просперитет во регионот.

Лидерите на Алијансата ја нагласуваат и посветеноста кон забрзана дигитална трансформација за да може да се одговори на сегашните и идните закани и да се одржиме технолошка предност на НАТО, како и за зајакнување на напорите за справување со климатските промени и за засилување на енергетската безбедност.

– Енергијата е од критична важност за овозможување на основните задачи и воените операции на НАТО. Посветени сме да обезбедиме сигурно, флексибилно и одржливо снабдување со енергија, вклучително и гориво, за нашите воени сили. НАТО и сојузниците се прилагодуваат на енергетската транзиција на кохерентен и координиран начин. Додека ја прилагодуваме нашата Алијанса на тековната енергетска транзиција, ќе обезбедиме воена способност, ефективност и интероперабилност – се додава во текстот.

Во декларацијата се нагласува и посветеноста на остварување на амбициозните агенди на НАТО за родова еднаквост, заштитата на цивилите и културните добра и почитувањето на меѓународното хуманитарно право.

– Им оддаваме почит на сите оние кои неуморно работат за нашата колективна безбедност и им оддаваме почит на сите оние кои ја платиле крајната цена или биле ранети за да не зачуваат нас и нивните семејства. Пред 75 години, НАТО беше основан за да го зачува мирот и да промовира стабилност во евроатлантската област. Остануваме цврсти во нашата решеност да ги заштитиме нашите една милијарда граѓани, да ја браниме нашата територија и да ја зачуваме нашата слобода и демократија. Нашата Алијанса го издржа тестот на времето. Одлуките што ги донесовме ќе гарантираат НАТО да остане основата на нашата заедничка безбедност – се потенцира во декларацијата.

Лидерите на НАТО воедно му се заблагодаруваат на актуелниот генерален секретар Јенс Столтенберг за неговото „извонредно лидерство“ во изминатата една деценија на чело на Алијанса и му изразуваат целосна поддршка на неговиот наследник Марк Руте.

– Ја изразуваме нашата благодарност за великодушното гостопримство што ни го пружаат САД. Со нетрпение очекуваме повторно да се сретнеме на нашиот следен Самит во Хаг, Холандија, во јуни 2025 година, по што ќе следи средба во Турција – се додава во завршната декларација од Самитот на НАТО во Вашингтон.

Како додаток на декларацијата е и текстот на „Ветувањето за долгорочна безбедносна помош за Украина“ со која се потврдува „непоколеблива посветеност“ за поддршка на Украина како суверена, демократска, независна држава и на нејзините сили во справувањето со руската агресија.

– За таа цел, имаме намера да обезбедиме минимално основно финансирање од 40 милијарди евра во текот на следната година и да обезбедиме одржливи нивоа на безбедносна помош со цел Украина да надвладее, земајќи ги предвид потребите на Украина, нашите соодветни национални буџетски процедури и билатералната безбедност договори што сојузниците ги склучија со Украина. Шефовите на држави и влади ќе го преоценат придонесот на сојузниците на идните самити на НАТО, почнувајќи од Самитот на НАТО во Хаг во 2025 година – се наведува во текстот.

Во заложбата се потенцира посветеноста за помош на Украина, во доставување на воена опрема и покривање на трошоците за нејзино одржување, логистика и транспорт, за воена обука и за воена поддршка и обезбедување на инвестиции и поддршка за украинските одбранбена инфраструктура и индустрија.

– За правично споделување на товарот од оваа поддршка, сојузниците ќе се стремат да го исполнат ова ветување преку пропорционални придонеси, вклучително и со земање предвид на нивниот удел во БДП на Алијансата. Сојузниците ќе го известуваат НАТО за поддршката дадена во врска со ова ветување двапати годишно, при што првиот извештај ќе вклучува придонеси доставени по 1 јануари 2024 година. Врз основа на ова, генералниот секретар ќе обезбеди преглед на сите пријавени придонеси од сојузниците. Покрај воената поддршка покриена со ова ветување, сојузниците имаат намера да продолжат да обезбедуваат политичка, економска, финансиска и хуманитарна поддршка за Украина – се заклучува во ветувањето.

The post Завршна декларација од Самитот на НАТО во Вашингтон: Непоколеблива посветеност на колективната одбрана appeared first on Република.

]]>

НАТО е единствено во солидарноста во однос на бруталната агресивна војна на европскиот континент и во критично време за безбедноста ја потврдува трајната трансатлантска врска меѓу нашите нации, останувајќи единствен, суштински и неопходен трансатлантски форум за консултација, координација и дејствување за сите прашања поврзани со индивидуална и колективна безбедност на земјите членки, се наведува во завршната декларација од Самитот на Алијансата што изминативе три дена се одржува во Вашингтон.
– Формиран да го зачува мирот, НАТО останува најсилниот сојуз во историјата. НАТО е одбранбена алијанса. Нашата посветеност да се браниме еден со друг и секоја педа од територијата на сојузниците во секое време, како што е предвидено во член 5 од Вашингтонскиот договор, останува непоколеблива. Ќе продолжиме да ја обезбедуваме нашата колективна одбрана од сите закани и од сите правци, за да ги исполниме трите основни задачи на НАТО за одвраќање и одбрана, спречување и управување со кризи и кооперативна безбедност. Заедно сме поврзани со заеднички вредности: индивидуална слобода, човекови права, демократија и владеење на правото. Ние се придржуваме до меѓународното право и до целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации и сме посветени на одржување на меѓународниот поредок заснован на правила – се наведува во документот.
Во декларацијата се нагласува дека Западниот Балкан и Црноморскиот регион се од стратешко значење за Алијансата, па затоа таа остануваме силно посветена на нивната безбедност и стабилност. – Ќе продолжиме да го унапредуваме нашиот политички дијалог и практична соработка со Западниот Балкан со цел да ги поддржиме реформите, регионалниот мир и безбедност и да се спротивставиме на злонамерните влијанија, вклучително и дезинформациите и хибридните и кибер закани од државни и од недржавни актери. Демократските вредности, владеењето на правото, домашните реформи и добрососедските односи се од витално значење за регионалната соработка и евроатлантската интеграција и ние гледаме континуиран напредок во овој поглед, се вели во документот, при што се додава дека НАТО останува посветен на континуираниот ангажман во регионот на Западниот Балкан, вклучително и преку Косовските сили предводени од НАТО (КФОР). Лидерите на НАТО ја потврдуваат и континуираната поддршка на сојузничките регионални напори насочени кон одржување на безбедноста, стабилноста и слободната пловидба во регионот на Црното Море, согласно Конвенцијата од Монтре од 1936 година.
– Го поздравуваме активирањето на Работната група за мерки за отстранување на мините од Црното Мое од страна на трите сојузници од регионот. Понатаму ќе ги следиме и оценуваме случувањата во регионот и ќе ја подобриме нашата свест со посебен фокус на заканите за нашата безбедност и потенцијалните можности за поблиска соработка со нашите партнери во регионот. НАТО ги поддржува евроатлантските аспирации на заинтересираните земји во овој регион – се потенцира во документот.
Во декларацијата се поздравува Шведска како 32-член на Алијансата, при што се потенцира дека секоја нација има право да избере свои безбедносни аранжмани и се потврдува посветеност на политиката на отворени врати на НАТО во согласност со членот 10 од Вашингтонскиот договор.
– Целосната руска инвазија на Украина го наруши мирот и стабилноста во евроатлантската област и сериозно ја поткопа глобалната безбедност. Русија останува најзначајната и директна закана за безбедноста на сојузниците. Тероризмот, во сите негови облици и манифестации, е најдиректната асиметрична закана за безбедноста на нашите граѓани и за меѓународниот мир и просперитет. Заканите со кои се соочуваме се глобални и меѓусебно поврзани – се потенцира во декларацијата.
Во документот се нагласува и дека НАТО презема дополнителни чекори за зајакнување на одвраќањето и одбраната и на долгорочната поддршка за Украина за да може да надвладее во нејзината борба за слобода и да ги продлабочи партнерствата на НАТО. Во однос на поддршката на Киев се посочува дека „силна, независна и демократска Украина е од витално значење за безбедноста и стабилноста на евроатлантската област“.
– Борбата на Украина за нејзината независност, суверенитет и територијален интегритет во нејзините меѓународно признати граници директно придонесува за евроатлантската безбедност. Ги поздравуваме најавите на сојузниците за обезбедување на Украина со клучни дополнителни системи за воздушна одбрана, како и други воени капацитети – се вели во декларацијата.
Како израз на поддршката на Украина лидерите посочуваат дека решиле да се воспостави „Безбедносна помош и обука на НАТО за Украина“ (НСАТУ) за координација на обезбедувањето воена опрема и обука за земјата, го реафирмираат ветувањето за долгорочна безбедносна помош за Украина со обезбедување воена опрема, помош и обука, предлагаат формирањето на Заедничкиот центар за анализа, обука и едукација НАТО-Украина (ЈАТЕЦ) и ја поздравуваат одлуката на генералниот секретар да назначи висок претставник на Алијансата во Украина.
– Целосно го поддржуваме правото на Украина да избира свои безбедносни аранжмани и да одлучува за својата иднина, без надворешно мешање. Иднината на Украина е во НАТО. Украина стана поинтероперабилна и политички интегрирана со Алијансата. Го поздравуваме конкретниот напредок што Украина го постигна од Самитот во Вилнус за нејзините потребни демократски, економски и безбедносни реформи. Додека Украина ја продолжува оваа витална работа, ние ќе продолжиме да ја поддржуваме на нејзиниот неповратен пат кон целосна евроатланска интеграција, вклучително и членство во НАТО. Потврдуваме дека ќе бидеме во позиција да упатиме покана до Украина да се приклучи на Алијансата кога сојузниците ќе се согласат и ќе бидат исполнети условите, се наведува во декларацијата, при што се додава дека сите овие одлуки во комбинација со тековните активности на сојузниците претставуваат „мост за членството на Украина во НАТО“.
Во документот се посочува и дека Русија сноси единствена одговорност за својата агресивна војна против Украина и очигледно кршење на меѓународното право, вклучително и Повелбата на ОН, како и дека не може да има неказнивост за злоупотребите и кршењето на човековите права од страна на руските сили и официјални лица, воените злосторства и други прекршувања на меѓународното право.
– Русија е одговорна за смртта на илјадници цивили и предизвика голема штета на цивилната инфраструктура. Најостро ги осудуваме ужасните напади на Русија врз украинскиот народ, вклучително и врз болниците на 8 јули. Русија мора веднаш да ја прекине оваа војна и целосно и безусловно да ги повлече сите свои сили од Украина во согласност со резолуциите на Генералното собрание на ОН. Никогаш нема да ги признаеме илегалните анексии на украинската територија од страна на Русија, вклучувајќи го и Крим. Исто така, ја повикуваме Русија да ги повлече сите свои сили од Република Молдавија и Грузија, стационирани таму без нивна согласност – се наведува во текстот.
Во декларацијата се посочува и дека Русија настојува фундаментално да ја реконфигурира евроатлантската безбедносна архитектура и претставува закана за сојузниците на долг рок. „Русија ги обновува и ги проширува своите воени капацитети и продолжува со нарушување на воздушниот простор и провокативните активности. Ние стоиме во солидарност со сите сојузници погодени од овие акции. НАТО не бара конфронтација и не претставува закана за Русија. Остануваме подготвени да одржуваме канали за комуникација со Москва за да го ублажиме ризикот и да спречиме ескалација“, се наведува во документот, при што се осудуваат руската „неодговорна нуклеарна реторика“ и најавеното стационирање на нуклеарно оружје во Белорусија како „стратешко заплашување“. Лидерите на НАТО ги повикуваат сите земји да не даваат никаков вид помош на руската агресија и изразуваат осуда на сите оние кои ја помагаат и со тоа ја продолжуваат војната на Русија во Украина. При тоа се напоменуваат Белорусија, која „продолжува да ја овозможува оваа војна со ставање на располагање на својата територија и инфраструктура“, како и Северна Кореја и Иран, кои ја „поттикнуваат руската агресивна војна против Украина обезбедувајќи директна воена поддршка за Русија, како што се муниција и беспилотни летала, што сериозно влијае на евроатлантската безбедност“.
– Силно го осудуваме извозот на артилериски гранати и балистички ракети од страна на Северна Кореја, кои се во спротивност со бројните резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации и со голема загриженост го забележуваме продлабочувањето на врските меѓу Северна Кореја и Русија. Секој трансфер на балистички ракети и поврзана технологија од Иран во Русија би претставувал значителна ескалација – се нагласува во декларацијата.
Во однос на Кина се посочува дека земјата стана „решавачки поттикнувач на руската војна против Украина преку нејзиното т.н. „партнерство без ограничувања“ и нејзината голема поддршка за руската одбранбена индустриска база, што ја зголемува заканата што Русија ја претставува за нејзините соседи и за евроатлантската безбедност.
– Ја повикуваме НР Кина, како постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации со особена одговорност да ги поддржува целите и принципите на Повелбата на ОН, да престане со секаква материјална и политичка поддршка за воените напори на Русија. Ова вклучува трансфер на материјали со двојна употреба, како што се компоненти за оружје, опрема и суровини кои служат како влезни информации за одбранбениот сектор на Русија. НР Кина не може да ја овозможи најголемата војна во Европа во поновата историја без тоа негативно да влијае на нејзините интереси и углед – се нагласува во документот.
Во него натаму се посочува дека Кина „продолжува да поставува системски предизвици за евроатлантската безбедност“, преку постојани злонамерни кибер и хибридни активности, вклучително и дезинформации, при што се апелира до Пекинг остане посветен на одговорно однесување во кибер просторот.
– Загрижени сме од развојот на вселенските способности и активности на НР Кина. Ја повикуваме НР Кина да ги поддржи меѓународните напори за промовирање одговорно однесување во Вселената. НР Кина продолжува брзо да го шири и диверзифицира својот нуклеарен арсенал со повеќе боеви глави и поголем број софистицирани системи за испорака. Ја повикуваме НР Кина да се вклучи во дискусии за стратешко намалување на ризикот и да промовира стабилност преку транспарентност. Остануваме отворени за конструктивен ангажман со НР Кина, вклучително и за градење реципрочна транспарентност со цел да се заштитат безбедносните интереси на Алијансата, се нагласува во декларацијата – се вели во деклаацијата при што се потенцира дека земјите членки ја зајакнуваат заедничката свест, отпорност и подготвеност за заштита од „тактиките и напорите на Кина да ја подели Алијансата“.
Лидерите на НАТО посочуваат и дека конфликтите и нестабилноста во Африка и на Блискиот Исток директно влијаат на безбедност на Алијансата и нејзините партнери и придонесуваат за принудно раселување, поттикнување на трговијата со луѓе и илегална миграција.
– Дестабилизирачките активности на Иран влијаат на евроатлантската безбедност. Амбициите и политиката на Народна Република Кина продолжуваат да ги предизвикуваат нашите интереси, безбедност и вредности. Продлабочувањето на стратешкото партнерство меѓу Русија и НР Кина и нивните меѓусебно обиди да го поткопаат и преобликуваат меѓународниот поредок заснован на правила, се причина за длабока загриженост. Соочени сме со хибридни, кибер, вселенски и други закани и злонамерни активности од државни и недржавни актери – се наведува.
Учесниците на Самитот го поздравуваат фактот што повеќе од две третини од земјите членки ја исполнија заложба за издвојување на најмалку два отсто од БДП за годишните трошоци за одбрана и ги пофалува оние сојузници кои ја оствариле оваа цел, меѓу кои е и Македонија.
– Трошоците за одбрана на европските сојузници и Канада пораснаа за 18 отсто во 2024 година, што е најголем пораст во последните децении. Тие, исто така, инвестираат повеќе во современите капацитети и го зголемуваат својот придонес во операциите, мисиите и активностите на НАТО. Ја потврдуваме нашата трајна посветеност за целосно спроведување на ветувањето за инвестирање во одбраната, како што беше договорено во Вилнус, и признаваме дека итно е потребно повеќе за одржливо исполнување на нашите обврски како сојузници на НАТО – наведуваат лидерите на Алијансата во заедничката изјава.
Во документот се нагласува и посветеноста на засилување на колективната одбрана и зајакнување на одвраќањето и одбраната на НАТО од сите закани и предизвици и за таа цел се преземаат обврски за спроведување почести и поголеми обуки и вежби, за итна акција за зголемување на капацитетите во согласност со Процесот на планирање на одбраната на НАТО со фокус на борбената муниција и противвоздушната и ракетна одбрана, за зајакнување на командата и контрола на Алијансата, зголемување на способност на вооружените сили за да одговорат на заканите, за обука, вежби и интегрирање на напредните копнени сили на НАТО во новите планови, за целосно искористување на членството на Финска, за забрзување на интеграцијата на Вселената во плановите, вежбите и операции во повеќе домени, за воспоставување на интегриран центар за кибер одбрана, за зајакнување на заштитата на критичната подводна инфраструктура и подобрување на способноста за одвраќање, откривање и одговор на заканите, за инвестирање во нашите хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни одбранбени капацитети и за забрзување на имплементацијата на стандардите на НАТО и усогласување на неопходните мерки за зголемување и зајакнување на интероперабилноста. Натаму се нагласува заложбата за подобрување на Интегрираната противвоздушна и ракетна одбрана на НАТО и посветеноста на нуклеарното одвраќање како камен-темелник на безбедноста на Алијансата.
– Позицијата на НАТО за одвраќање и одбрана се заснова на соодветна мешавина на нуклеарни, конвенционални и ракетни одбранбени капацитети, надополнети со вселенски и кибер капацитети. Ќе користиме воени и невоени алатки на пропорционален, кохерентен и интегриран начин за да ги одвратиме сите закани за нашата безбедност и да одговориме на начин, време и во доменот што го избираме – се додава во декларацијата.
Лидерите на Алијансата посочуваат дека одбранбена индустриска соработка е критичен дел од одвраќањето и одбраната и трајната поддршка на сојузниците за Украина, па затоа се обврзуваат за продолжување на намалувањето и отстранувањето на пречките за одбранбената трговија и инвестициите меѓу сојузниците. Според нив, националната и колективната отпорност се суштинска основа за веродостојно одвраќање и одбрана и ефективно исполнување на основните задачи на Алијансата во услови кога државните и недржавните актери користат се поагресивни хибридни акции против сојузниците.
– Повторуваме дека хибридните операции против сојузниците може да достигнат ниво на вооружен напад и би можеле да го наведат Северноатлантскиот совет да се повика на членот 5 од Вашингтонскиот договор. Ќе продолжиме да го развиваме нашиот индивидуален и колективен капацитет да анализираме и да се спротивставиме на непријателските дезинформации и активности за дезинформирање. НАТО тесно се координира со сојузниците и партнерите. Ги зголемивме нашите механизми за предупредување и споделување и ги зајакнавме нашите заеднички одговори, особено во стратешката комуникација – се додава во текстот.
Во делот на хибридните закани се посочува дека Русија ги интензивираше своите агресивни хибридни активности против сојузниците, кои вклучуваат саботажа, акти на насилство, провокации на сојузничките граници, инструментализација на нерегуларната миграција, злонамерни кибер активности, електронско мешање, кампањи за дезинформации и злонамерно политичко влијание, како и економска принуда.
– Овие акции претставуваат закана за безбедноста на сојузниците. Одлучивме за дополнителни мерки за да се спротивставиме на руските хибридни закани или акции поединечно и колективно и ќе продолжиме тесно да се координираме, се наведува во документот, при што се нагласува решеноста на Алијансата да ги ограничи и спречи агресивните активности на Русија и нејзината способност да спроведува дестабилизирачки акции кон НАТО и сојузниците, за што до следниот Самит, ќе се работи на развивање препораки за стратешкиот пристап на Алијансата кон Москва – се вели во декларацијата.
Натаму се посочува и дека спротивставувањето на тероризмот останува суштинско за колективната одбрана на НАТО, затоа се реафирмира заложбата на земјите членки да продолжат да се спротивставуваат, одвраќаат, бранат и да одговараат на заканите и предизвиците што ги претставуваат терористите и терористичките организации.
– Со цел дополнително да ја зајакнеме улогата на НАТО во борбата против тероризмот, ги поддржавме ажурираните насоки за политика на НАТО за борба против тероризмот и нашиот ажуриран акциски план за зајакнување на улогата на НАТО во борбата против тероризмот на меѓународната заедница – стои во текстот.
Лидерите ја нагласуваат и посветеноста за зајакнување на политичкиот дијалог и практичната соработка со партнерите, врз основа на взаемно почитување, корист и интерес, како клуч за зајакнување на стабилноста, позитивно влијание врз глобалното безбедносно опкружување и почитување на меѓународното право.
– Европската Унија останува единствен и суштински партнер за НАТО. Соработката НАТО-ЕУ достигна невидени нивоа. Практичната соработка е зајакната и проширена во областа на Вселената, кибер просторот, климата и одбраната, како и новите технологии. Во контекст на Украина, соработката НАТО-ЕУ стана позначајна. НАТО ја препознава вредноста на посилна и поспособна европска одбрана која позитивно придонесува за трансатлантската и глобалната безбедност и е комплементарна и интероперабилна со НАТО – се вели во декларацијата, при што се нагласува дека стратешкото партнерство меѓу НАТО и ЕУ е од суштинско значење за целосно вклучување на сојузниците кои не се членки на ЕУ во одбранбените напори на Унијата.
Во делот на партнерската соработка се нагласува и соработката со Австралија, Јапонија, Нов Зеланд и Јужна Кореја за справување со заедничките безбедносни предизвици.
– Индо-пацификот е важен за НАТО, имајќи предвид дека случувањата во тој регион директно влијаат врз евроатлантската безбедност. Го поздравуваме континуираниот придонес на нашите азиско-пацифички партнери за евроатлантската безбедност. Го зајакнуваме дијалогот за да се справиме со меѓурегионалните предизвици и ја подобруваме нашата практична соработка… Овие проекти ќе ја подобрат нашата способност да работиме заедно на заеднички безбедносни интереси – се додава во текстот.
Во декларацијата се нагласува и можноста за соработка за прашања од заемен интерес со земјите од јужното соседство на НАТО за поттикнување поголема безбедност и стабилност на Блискиот Исток и Африка за придонес за мир и просперитет во регионот. Лидерите на Алијансата ја нагласуваат и посветеноста кон забрзана дигитална трансформација за да може да се одговори на сегашните и идните закани и да се одржиме технолошка предност на НАТО, како и за зајакнување на напорите за справување со климатските промени и за засилување на енергетската безбедност.
– Енергијата е од критична важност за овозможување на основните задачи и воените операции на НАТО. Посветени сме да обезбедиме сигурно, флексибилно и одржливо снабдување со енергија, вклучително и гориво, за нашите воени сили. НАТО и сојузниците се прилагодуваат на енергетската транзиција на кохерентен и координиран начин. Додека ја прилагодуваме нашата Алијанса на тековната енергетска транзиција, ќе обезбедиме воена способност, ефективност и интероперабилност – се додава во текстот.
Во декларацијата се нагласува и посветеноста на остварување на амбициозните агенди на НАТО за родова еднаквост, заштитата на цивилите и културните добра и почитувањето на меѓународното хуманитарно право.
– Им оддаваме почит на сите оние кои неуморно работат за нашата колективна безбедност и им оддаваме почит на сите оние кои ја платиле крајната цена или биле ранети за да не зачуваат нас и нивните семејства. Пред 75 години, НАТО беше основан за да го зачува мирот и да промовира стабилност во евроатлантската област. Остануваме цврсти во нашата решеност да ги заштитиме нашите една милијарда граѓани, да ја браниме нашата територија и да ја зачуваме нашата слобода и демократија. Нашата Алијанса го издржа тестот на времето. Одлуките што ги донесовме ќе гарантираат НАТО да остане основата на нашата заедничка безбедност – се потенцира во декларацијата.
Лидерите на НАТО воедно му се заблагодаруваат на актуелниот генерален секретар Јенс Столтенберг за неговото „извонредно лидерство“ во изминатата една деценија на чело на Алијанса и му изразуваат целосна поддршка на неговиот наследник Марк Руте.
– Ја изразуваме нашата благодарност за великодушното гостопримство што ни го пружаат САД. Со нетрпение очекуваме повторно да се сретнеме на нашиот следен Самит во Хаг, Холандија, во јуни 2025 година, по што ќе следи средба во Турција – се додава во завршната декларација од Самитот на НАТО во Вашингтон.
Како додаток на декларацијата е и текстот на „Ветувањето за долгорочна безбедносна помош за Украина“ со која се потврдува „непоколеблива посветеност“ за поддршка на Украина како суверена, демократска, независна држава и на нејзините сили во справувањето со руската агресија.
– За таа цел, имаме намера да обезбедиме минимално основно финансирање од 40 милијарди евра во текот на следната година и да обезбедиме одржливи нивоа на безбедносна помош со цел Украина да надвладее, земајќи ги предвид потребите на Украина, нашите соодветни национални буџетски процедури и билатералната безбедност договори што сојузниците ги склучија со Украина. Шефовите на држави и влади ќе го преоценат придонесот на сојузниците на идните самити на НАТО, почнувајќи од Самитот на НАТО во Хаг во 2025 година – се наведува во текстот.
Во заложбата се потенцира посветеноста за помош на Украина, во доставување на воена опрема и покривање на трошоците за нејзино одржување, логистика и транспорт, за воена обука и за воена поддршка и обезбедување на инвестиции и поддршка за украинските одбранбена инфраструктура и индустрија.
– За правично споделување на товарот од оваа поддршка, сојузниците ќе се стремат да го исполнат ова ветување преку пропорционални придонеси, вклучително и со земање предвид на нивниот удел во БДП на Алијансата. Сојузниците ќе го известуваат НАТО за поддршката дадена во врска со ова ветување двапати годишно, при што првиот извештај ќе вклучува придонеси доставени по 1 јануари 2024 година. Врз основа на ова, генералниот секретар ќе обезбеди преглед на сите пријавени придонеси од сојузниците. Покрај воената поддршка покриена со ова ветување, сојузниците имаат намера да продолжат да обезбедуваат политичка, економска, финансиска и хуманитарна поддршка за Украина – се заклучува во ветувањето.

The post Завршна декларација од Самитот на НАТО во Вашингтон: Непоколеблива посветеност на колективната одбрана appeared first on Република.

]]>
Очигледна е разликата од присуството на НАТО самитите во времето на Заев и сега со Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ochigledna-e-razlikata-od-prisustvoto-na-nato-samitite-vo-vremeto-na-zaev-i-sega-so-mitskoski/ Thu, 11 Jul 2024 07:55:36 +0000 https://republika.mk/?p=795668

Посветеноста на владините делегации на светските форуми играат клучна улога во градењето на репутацијата на една држава. Очигледната разлика во работењето на македонските влади на двата НАТО самити - оној во Брисел во 2021 година со СДСМ и оној во Вашингтон во 2024 година со ВМРО-ДПМНЕ - е јасен показател за трансформацијата која ја доживува Македонија. Во 2021 година, македонската делегација предводена од тогашниот премиер Зоран Заев беше присутна на НАТО самитот во Брисел.

За време на оваа посета која траеше осум дена, владината делегација имаше само две активности за кои испрати соопштенија до медиумите. Ограничениот број на активности и недостигот на значајни средби ја отсликуваат пасивноста и недостатокот на енергичност на тогашната влада.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-na-vechera-vo-belata-kuka-regionot-namesto-so-minato-potrebno-e-da-se-zanimava-i-gradi-idnina/

Експертите често го критикуваа ваквиот пристап, укажувајќи дека Македонија пропушти многу можности за зајакнување на својата меѓународна позиција и економски развој. Спротивно на тоа, новата владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски на историскиот НАТО самит во Вашингтон во 2024 година демонстрираше ново ниво на проактивност и енергичност.

Самитот во Вашингтон беше обележан со постојана активност на делегацијата, која на секои неколку часа имаше важни државнички активности. Мицкоски и неговиот тим се сретнаа со десетици конгресмени, сенатори и влијателни личности од американската администрација.

Премиерот Мицкоски одржа предавање на престижниот Универзитет Џонс Хопкинс, најави нова американска инвестиција во Македонија и оствари средба со претставници на македонската дијаспора.

Експертите се едногласни дека оваа разлика во пристапот и посветеноста е повеќе од очигледна. Според една објава на социјалните мрежи на политички аналитичар се истакнува, мешу другото и следново:

„Активностите на владата на Мицкоски во Вашингтон покажуваат дека Македонија конечно се буди од долгогодишната заспаност. Новата ера на енергичност и проактивност на ВМРО-ДПМНЕ е јасен сигнал дека Македонија е подготвена да ја зајакне својата позиција на политичката, економската и безбедносната сцена“.

Во прилог на ова, во објава на социјалната мрежа Икс се додава и дека „новата американска инвестиција во Македонија е директен резултат на проактивниот пристап на владата на Мицкоски.

Ова е само почеток на серија позитивни економски промени кои ќе следуваат како резултат на зголемената посветеност и работа на владата.“ Разликата во работењето на двете влади е повеќе од очигледна. Владата на Зоран Заев повеќе од 7 години се карактеризираше со пасивност, додека новата влада на Христијан Мицкоски очигледно демонстрира силна проактивност и динамичност.

Оваа нова ера да се надеваме дека ќе донесе нова надеж за позитивни резултати на политички, економски и безбедносен план за Македонија.

The post Очигледна е разликата од присуството на НАТО самитите во времето на Заев и сега со Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Посветеноста на владините делегации на светските форуми играат клучна улога во градењето на репутацијата на една држава. Очигледната разлика во работењето на македонските влади на двата НАТО самити - оној во Брисел во 2021 година со СДСМ и оној во Вашингтон во 2024 година со ВМРО-ДПМНЕ - е јасен показател за трансформацијата која ја доживува Македонија. Во 2021 година, македонската делегација предводена од тогашниот премиер Зоран Заев беше присутна на НАТО самитот во Брисел. За време на оваа посета која траеше осум дена, владината делегација имаше само две активности за кои испрати соопштенија до медиумите. Ограничениот број на активности и недостигот на значајни средби ја отсликуваат пасивноста и недостатокот на енергичност на тогашната влада. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-na-vechera-vo-belata-kuka-regionot-namesto-so-minato-potrebno-e-da-se-zanimava-i-gradi-idnina/ Експертите често го критикуваа ваквиот пристап, укажувајќи дека Македонија пропушти многу можности за зајакнување на својата меѓународна позиција и економски развој. Спротивно на тоа, новата владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски на историскиот НАТО самит во Вашингтон во 2024 година демонстрираше ново ниво на проактивност и енергичност. Самитот во Вашингтон беше обележан со постојана активност на делегацијата, која на секои неколку часа имаше важни државнички активности. Мицкоски и неговиот тим се сретнаа со десетици конгресмени, сенатори и влијателни личности од американската администрација. Премиерот Мицкоски одржа предавање на престижниот Универзитет Џонс Хопкинс, најави нова американска инвестиција во Македонија и оствари средба со претставници на македонската дијаспора. Експертите се едногласни дека оваа разлика во пристапот и посветеноста е повеќе од очигледна. Според една објава на социјалните мрежи на политички аналитичар се истакнува, мешу другото и следново:
„Активностите на владата на Мицкоски во Вашингтон покажуваат дека Македонија конечно се буди од долгогодишната заспаност. Новата ера на енергичност и проактивност на ВМРО-ДПМНЕ е јасен сигнал дека Македонија е подготвена да ја зајакне својата позиција на политичката, економската и безбедносната сцена“.
Во прилог на ова, во објава на социјалната мрежа Икс се додава и дека „новата американска инвестиција во Македонија е директен резултат на проактивниот пристап на владата на Мицкоски. Ова е само почеток на серија позитивни економски промени кои ќе следуваат како резултат на зголемената посветеност и работа на владата.“ Разликата во работењето на двете влади е повеќе од очигледна. Владата на Зоран Заев повеќе од 7 години се карактеризираше со пасивност, додека новата влада на Христијан Мицкоски очигледно демонстрира силна проактивност и динамичност.
Оваа нова ера да се надеваме дека ќе донесе нова надеж за позитивни резултати на политички, економски и безбедносен план за Македонија.

The post Очигледна е разликата од присуството на НАТО самитите во времето на Заев и сега со Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Втор ден Самит на НАТО, неизвесна средба Мицкоски со Мицотакис https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vtor-den-samit-na-nato-neizvesna-sredba-mitskoski-so-mitsotakis/ Wed, 10 Jul 2024 07:05:33 +0000 https://republika.mk/?p=795140

Во Вашингтон продолжува Самитот на НАТО, со кој се одбележуваат 75 години од формирањето на Алијансата во 1949 година. Главни теми се обезбедувањето сигурна и стабилна поддршка за Украина, плановите за одвраќање и одбрана на членките на Пактот, зајакнување на одбранбената индустрија и инвестициите и зацврстување на глобалните партнерства.

Генералниот секретар на НАТО во заминување Јенс Столтенберг синоќа изјави дека очекува на Самитот да бидат донесени важни одлуки за иднината на Алијансата, како и одлуки за натамошно зајакнување на помошта за Украина.

На Самитот учествува и македонска владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски во чиј состав се и министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, за одбрана Владо Мисајловски и за внатрешни работи Панче Тошковски. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, исто така, е во Вашингтон каде учествува на Парламентарниот самит на НАТО.

Предвидени се голем број билатерални средби со државници на земји членки на Алијансата, но останува неизвесно дали на маргините на Самитот, Мицкоски ќе се сретне со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој исто така учествува на Самитот.

Премиерот Мицкоски, пред заминувањето за Вашингтон во однос на евентуалната средба со неговиот грчки колега, изрази надеж дека доколку се случи тоа, „ќе го задржат достоинството и дека ќе разговараат како партнери и како добри соседи“.

Мицотакис, пак, најави дека на Самитот во Вашингтон ќе го покрене прашањето со „прекршувањето на Договорот од Преспа од соседната земја“. Ваквиот став вчера го повтори директорот на Канцеларијата за односи со јавност и медиуми на грчкиот премиер, Панос Амирас во интервју за државната телевизија ЕРТ и посочи дека не е планирана средба на двајцата премиери, јави дописничката на МИА од Атина.

-Секако дека ќе се покрене прашањето за прекршување на основните одредби од Договорот од Преспа од соседната земја. Не знам за некоја планирана средба со премиерот на Македонија. Не знам дали ќе се случи, но сигурно не постои нешто што е планирано од грчка страна, рече Амирас.

Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис завчера на редовен брифинг со новинарите, рече дека за време на учеството на НАТО Самитот, Мицотакис „ќе го покрене на највисоко ниво“ прашањето со Договорот од Преспа, дека ќе спомене дека „не се почитува, особено прашањето со сложеното име ерга омнес“, како и дека „соседната земја, не ја почитува ниту првата страница на овој Договор“. Одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина за евентуална средба на двајцата премиери,Маринакис рече дека не е планирана „но не е исклучено во рамките на активностите и на маргините на Самитот на НАТО, премиерот да има и некои билатерални средби“.

Во рамки на посетата на САД, претседателот на Владата Мицкоски вчера остварил повеќе билатерални средби со високи американски претставници во Вашингтон, а одржа предавање на престижниот Универзитет Џон Хопкинс во Балтимор, каде пред присутните, меѓу другото, зборуваше во врска со нашето отпочнување преговори со ЕУ. Тој при тоа потенцира дека ние немаме гаранција за последно барање во разговорите со Бугарија.

-Ние нема да може да бидеме спремни да ги отпочнеме преговорите ако не вметнеме неколку стотина наши граѓани во Уставот, што значи дека тоа е дел од бугарското малцинство во Македонија. Кој може нам да ни гарантира дека ова е последно барање? Во судот за човекови права во Стразбур, имаме 14 пресуди кои велат дека правата на Македонската заедница во Бугарија се повредени. И тука се поставува логично прашање, чии права се повредени, рече Мицкоски.

Зборувајќи за ветото на Бугарија, тој истакнал дека треба да се разговара за вистински добрососедски односи, но тие да бидат двонасочни. Македонските граѓани, рече Мицкоски, премногу жртвуваа за европската перспектива и доста е со понижувања.

-Ние не сме политичари полни со наводи за криминал и корупција какви има во регионот. Ќе ги штитиме нашите интереси, подготвени сме да разговараме со аргументи, да ги презентираме истите, да видиме чии аргументи ќе преовладеат. Македонските граѓани за европската перспектива дадоа како никој досега, потенцирше премиерот Мицкоски.

Во рамки на посетата на Вашингтон САД, претседателот на Владата Мицкоски вчера оствари повеќе средби и состаноци. Премиерот Мицкоски вчера имаше средба со конгресменката Клаудија Тени, копретседавач на македонската група за пријателство на Конгресот на САД.

– Разговаравме за интензивна соработка базирана на принципи за пријателство, меѓусебно почитување и заемна поддршка. Стратешките интереси се остваруваат преку интензивни контакти и политика на принципи. Се бориме за македонските позиции на секое поле, напиша Мицкоски на фејсбук.

Тој имал продуктивна и пријателска средба и со конгресменот Брендaн Бојл, на која разговарале за приоритетите на НАТО Алијансата и важноста да се зачува демократијата и мирот, а биле промовирани и економските можности и потенцијали кои ги нуди државата, како и одлучната битка против корупцијата и криминалот што е и клучна определба на новата влада.

Како што соопштија од владината прес-служба, премиерот Мицкоски имал и работна средба со претседателката на NDI, Тамара Кофман Витес, со која разговарале за демократските процеси во државата.

– Еден од најакутните проблеми е корупцијата за што како нова Влада работиме интензивно за нејзино искоренување, што подразбира и одговорност за престапниците на законот. Очекувањата на граѓаните не смееме да ги изневериме, да работиме на воспоставување на механизми каде граѓанинот ќе биде заштитен исто како и неговите интереси. Завршува времето на лаги, неспособност и не работа. Почнува време на реформи, инвестиции, дигитална трансформација. Мораме да дадеме добар пример за сите во изнаоѓање на пат до подобар животен стандард и сигурна држава која припаѓа на сите граѓани, подвлекол на средбата Мицкоски.

Мицкоски остварил средба и со поранешниот амбасадор на САД во земјава Филип Рикер, на која разговарале за предизвиците со кои се соочува државата, како и поддршката која е потребна за остварување на стратешките интереси.

– Мораме да ја менуваме реалноста и подобруваме животот на граѓаните, посочил Мицкоски.

Во текот на претходниот ден Мицкоски заедно со делегацијата од Владата, како и претседателот на Собранието Африм Гаши имале средба со конгресмените Пит Сешнс, Роберт Адерхолт, Џо Вилсон, Џон Муленар, како и со Џејмс Џонс поранешен советник за национална безбедност на Барак Обама.

На средбата од двете страни биле потенцирани добрите билатерални односи со Соединетите Американски Држави.

-Се разговараше за можноста за искористување на економските потенцијали и политичка поддршка во остварување на стратешките интереси на државата. Се влегува во инвестициски циклус за сериозни капитални проекти во инфраструктурата, енергетиката и повеќе други полиња, истакнал Мицкоски.

Воедно, било посочено дека една од главните цели претставува борбата против организираниот криминал и корупција. Од страна на конгресмените била изразена силна поддршка, како силен пријател и сојузник на САД.

Северноатлантскиот договор со кој беа ставени темелите на НАТО, беше потпишан на 4 април 1949 година во Вашингтон од страна на 12 земји – Белгија, Велика Британија, Данска, Исланд, Италија, Канада, Луксембург, Норвешка, Португалија, САД, Франција и Холандија. Денес Алијансата брои 32 членки, меѓу нив и Македонија која стапи во полноправно членство во 2020 година. Последни на Алијансата и пристапија Финска во 2023, а во 2024 година кон Алијансата се придружи и Шведска.

Од нејзиното основање во 1949 година, флексибилноста на Трансатлантската алијанса, вградена во нејзиниот првичен договор и овозможи да одговара на различните барања на различни времиња. Во 50-тите години, Алијансата беше чисто одбранбена организација, во 60-тите стана политички инструмент за детантот, а во последната деценија на минатиот век, НАТО беше алатка за стабилизација на Источна Европа и Централна Азија преку инкорпорирање на нови партнери и сојузници.

Во првата половина на 21 век, НАТО се соочува со се поголем број нови закани, па затоа како камен темелник на трансатлантскиот мир и слобода, Алијансата мора да биде подготвена да одговори на новите предизвици.

Новата дефиниција на поимот за „безбедност“ не вклучува само одбрана на сојузниците, туку таа радикално се прошири за да ја вклучи и слободата на поединецот од насилниот екстремизам што предизвикува нестабилност и со кој не успеваат да се справат одделни држави. Успешното одржување на мирот не подразбира само гарантирање на безбедноста, туку и давање значаен придонес за кохерентен меѓународен одговор на безбедносните предизвици.

Ова ќе биде последен самит на НАТО под водство на Столтенберг, кој наесен ќе биде наследен од поранешниот холандски премиер Марк Руте.

The post Втор ден Самит на НАТО, неизвесна средба Мицкоски со Мицотакис appeared first on Република.

]]>

Во Вашингтон продолжува Самитот на НАТО, со кој се одбележуваат 75 години од формирањето на Алијансата во 1949 година. Главни теми се обезбедувањето сигурна и стабилна поддршка за Украина, плановите за одвраќање и одбрана на членките на Пактот, зајакнување на одбранбената индустрија и инвестициите и зацврстување на глобалните партнерства. Генералниот секретар на НАТО во заминување Јенс Столтенберг синоќа изјави дека очекува на Самитот да бидат донесени важни одлуки за иднината на Алијансата, како и одлуки за натамошно зајакнување на помошта за Украина. На Самитот учествува и македонска владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски во чиј состав се и министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, за одбрана Владо Мисајловски и за внатрешни работи Панче Тошковски. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, исто така, е во Вашингтон каде учествува на Парламентарниот самит на НАТО. Предвидени се голем број билатерални средби со државници на земји членки на Алијансата, но останува неизвесно дали на маргините на Самитот, Мицкоски ќе се сретне со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој исто така учествува на Самитот. Премиерот Мицкоски, пред заминувањето за Вашингтон во однос на евентуалната средба со неговиот грчки колега, изрази надеж дека доколку се случи тоа, „ќе го задржат достоинството и дека ќе разговараат како партнери и како добри соседи“. Мицотакис, пак, најави дека на Самитот во Вашингтон ќе го покрене прашањето со „прекршувањето на Договорот од Преспа од соседната земја“. Ваквиот став вчера го повтори директорот на Канцеларијата за односи со јавност и медиуми на грчкиот премиер, Панос Амирас во интервју за државната телевизија ЕРТ и посочи дека не е планирана средба на двајцата премиери, јави дописничката на МИА од Атина.
-Секако дека ќе се покрене прашањето за прекршување на основните одредби од Договорот од Преспа од соседната земја. Не знам за некоја планирана средба со премиерот на Македонија. Не знам дали ќе се случи, но сигурно не постои нешто што е планирано од грчка страна, рече Амирас.
Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис завчера на редовен брифинг со новинарите, рече дека за време на учеството на НАТО Самитот, Мицотакис „ќе го покрене на највисоко ниво“ прашањето со Договорот од Преспа, дека ќе спомене дека „не се почитува, особено прашањето со сложеното име ерга омнес“, како и дека „соседната земја, не ја почитува ниту првата страница на овој Договор“. Одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина за евентуална средба на двајцата премиери,Маринакис рече дека не е планирана „но не е исклучено во рамките на активностите и на маргините на Самитот на НАТО, премиерот да има и некои билатерални средби“. Во рамки на посетата на САД, претседателот на Владата Мицкоски вчера остварил повеќе билатерални средби со високи американски претставници во Вашингтон, а одржа предавање на престижниот Универзитет Џон Хопкинс во Балтимор, каде пред присутните, меѓу другото, зборуваше во врска со нашето отпочнување преговори со ЕУ. Тој при тоа потенцира дека ние немаме гаранција за последно барање во разговорите со Бугарија.
-Ние нема да може да бидеме спремни да ги отпочнеме преговорите ако не вметнеме неколку стотина наши граѓани во Уставот, што значи дека тоа е дел од бугарското малцинство во Македонија. Кој може нам да ни гарантира дека ова е последно барање? Во судот за човекови права во Стразбур, имаме 14 пресуди кои велат дека правата на Македонската заедница во Бугарија се повредени. И тука се поставува логично прашање, чии права се повредени, рече Мицкоски.
Зборувајќи за ветото на Бугарија, тој истакнал дека треба да се разговара за вистински добрососедски односи, но тие да бидат двонасочни. Македонските граѓани, рече Мицкоски, премногу жртвуваа за европската перспектива и доста е со понижувања.
-Ние не сме политичари полни со наводи за криминал и корупција какви има во регионот. Ќе ги штитиме нашите интереси, подготвени сме да разговараме со аргументи, да ги презентираме истите, да видиме чии аргументи ќе преовладеат. Македонските граѓани за европската перспектива дадоа како никој досега, потенцирше премиерот Мицкоски.
Во рамки на посетата на Вашингтон САД, претседателот на Владата Мицкоски вчера оствари повеќе средби и состаноци. Премиерот Мицкоски вчера имаше средба со конгресменката Клаудија Тени, копретседавач на македонската група за пријателство на Конгресот на САД.
– Разговаравме за интензивна соработка базирана на принципи за пријателство, меѓусебно почитување и заемна поддршка. Стратешките интереси се остваруваат преку интензивни контакти и политика на принципи. Се бориме за македонските позиции на секое поле, напиша Мицкоски на фејсбук.
Тој имал продуктивна и пријателска средба и со конгресменот Брендaн Бојл, на која разговарале за приоритетите на НАТО Алијансата и важноста да се зачува демократијата и мирот, а биле промовирани и економските можности и потенцијали кои ги нуди државата, како и одлучната битка против корупцијата и криминалот што е и клучна определба на новата влада. Како што соопштија од владината прес-служба, премиерот Мицкоски имал и работна средба со претседателката на NDI, Тамара Кофман Витес, со која разговарале за демократските процеси во државата.
– Еден од најакутните проблеми е корупцијата за што како нова Влада работиме интензивно за нејзино искоренување, што подразбира и одговорност за престапниците на законот. Очекувањата на граѓаните не смееме да ги изневериме, да работиме на воспоставување на механизми каде граѓанинот ќе биде заштитен исто како и неговите интереси. Завршува времето на лаги, неспособност и не работа. Почнува време на реформи, инвестиции, дигитална трансформација. Мораме да дадеме добар пример за сите во изнаоѓање на пат до подобар животен стандард и сигурна држава која припаѓа на сите граѓани, подвлекол на средбата Мицкоски.
Мицкоски остварил средба и со поранешниот амбасадор на САД во земјава Филип Рикер, на која разговарале за предизвиците со кои се соочува државата, како и поддршката која е потребна за остварување на стратешките интереси.
– Мораме да ја менуваме реалноста и подобруваме животот на граѓаните, посочил Мицкоски.
Во текот на претходниот ден Мицкоски заедно со делегацијата од Владата, како и претседателот на Собранието Африм Гаши имале средба со конгресмените Пит Сешнс, Роберт Адерхолт, Џо Вилсон, Џон Муленар, како и со Џејмс Џонс поранешен советник за национална безбедност на Барак Обама. На средбата од двете страни биле потенцирани добрите билатерални односи со Соединетите Американски Држави.
-Се разговараше за можноста за искористување на економските потенцијали и политичка поддршка во остварување на стратешките интереси на државата. Се влегува во инвестициски циклус за сериозни капитални проекти во инфраструктурата, енергетиката и повеќе други полиња, истакнал Мицкоски.
Воедно, било посочено дека една од главните цели претставува борбата против организираниот криминал и корупција. Од страна на конгресмените била изразена силна поддршка, како силен пријател и сојузник на САД. Северноатлантскиот договор со кој беа ставени темелите на НАТО, беше потпишан на 4 април 1949 година во Вашингтон од страна на 12 земји – Белгија, Велика Британија, Данска, Исланд, Италија, Канада, Луксембург, Норвешка, Португалија, САД, Франција и Холандија. Денес Алијансата брои 32 членки, меѓу нив и Македонија која стапи во полноправно членство во 2020 година. Последни на Алијансата и пристапија Финска во 2023, а во 2024 година кон Алијансата се придружи и Шведска. Од нејзиното основање во 1949 година, флексибилноста на Трансатлантската алијанса, вградена во нејзиниот првичен договор и овозможи да одговара на различните барања на различни времиња. Во 50-тите години, Алијансата беше чисто одбранбена организација, во 60-тите стана политички инструмент за детантот, а во последната деценија на минатиот век, НАТО беше алатка за стабилизација на Источна Европа и Централна Азија преку инкорпорирање на нови партнери и сојузници. Во првата половина на 21 век, НАТО се соочува со се поголем број нови закани, па затоа како камен темелник на трансатлантскиот мир и слобода, Алијансата мора да биде подготвена да одговори на новите предизвици. Новата дефиниција на поимот за „безбедност“ не вклучува само одбрана на сојузниците, туку таа радикално се прошири за да ја вклучи и слободата на поединецот од насилниот екстремизам што предизвикува нестабилност и со кој не успеваат да се справат одделни држави. Успешното одржување на мирот не подразбира само гарантирање на безбедноста, туку и давање значаен придонес за кохерентен меѓународен одговор на безбедносните предизвици. Ова ќе биде последен самит на НАТО под водство на Столтенберг, кој наесен ќе биде наследен од поранешниот холандски премиер Марк Руте.

The post Втор ден Самит на НАТО, неизвесна средба Мицкоски со Мицотакис appeared first on Република.

]]>
ДУИ се буни што во делегацијата за НАТО самитот немало Албанец https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dui-se-buni-shto-vo-delegatsijata-za-na-nato-samitot-nemalo-albanets/ Sun, 07 Jul 2024 11:18:36 +0000 https://republika.mk/?p=794230

Демократската унија за интеграција изразува загриженост дека коалицијата ВЛЕН, која ги загуби изборите, како протагонист на понижувањето на Албанците, уништува се што е постигнато две децении по ред.

Со ДУИ во Владата, Република Македонија беше претставувана не само на НАТО и другите меѓународни самити, туку и во највисоките институции на САД, претставена од албанскиот премиер, првиот вицепремиер и албанските министри.

Нашата земја денеска за прв пат е претставена од моноетничка делегација на Самитот на НАТО во Вашингтон, САД.

Моноетничката делегација од моноетничката Влада е дополнителен доказ дека вазалите на ВЛЕН се множат со нула како резултат на немањето изборен и етнички легитимитет.

Денеска во делегацијата на РМВ на Самитот на НАТО нема место ниту за „џентелменскиот“ вицепремиер, а камоли за некој министер.

Симболичното присуство на пратениците во Парламентарното собрание на НАТО, а не на самитот, не го покрива срамот од понижувачката улога без достоинство на Албанците во државата.

Само кога влагаш во Влада без легитимитет те прави толку небитен за вакви важни прашања.

Албанците не го заслужуваат ова понижување и потчинување во сите сегменти на власта.

Овој чин претставува систематски обид да се тргнат Албанците од учеството во претставувањето на земјата во интегративните процеси, во кои протагонист беше ДУИ, како во членството во НАТО, така и во започнувањето на преговорите за членство во Европската унија

The post ДУИ се буни што во делегацијата за НАТО самитот немало Албанец appeared first on Република.

]]>

Демократската унија за интеграција изразува загриженост дека коалицијата ВЛЕН, која ги загуби изборите, како протагонист на понижувањето на Албанците, уништува се што е постигнато две децении по ред. Со ДУИ во Владата, Република Македонија беше претставувана не само на НАТО и другите меѓународни самити, туку и во највисоките институции на САД, претставена од албанскиот премиер, првиот вицепремиер и албанските министри. Нашата земја денеска за прв пат е претставена од моноетничка делегација на Самитот на НАТО во Вашингтон, САД. Моноетничката делегација од моноетничката Влада е дополнителен доказ дека вазалите на ВЛЕН се множат со нула како резултат на немањето изборен и етнички легитимитет.
Денеска во делегацијата на РМВ на Самитот на НАТО нема место ниту за „џентелменскиот“ вицепремиер, а камоли за некој министер.
Симболичното присуство на пратениците во Парламентарното собрание на НАТО, а не на самитот, не го покрива срамот од понижувачката улога без достоинство на Албанците во државата. Само кога влагаш во Влада без легитимитет те прави толку небитен за вакви важни прашања.
Албанците не го заслужуваат ова понижување и потчинување во сите сегменти на власта.
Овој чин претставува систематски обид да се тргнат Албанците од учеството во претставувањето на земјата во интегративните процеси, во кои протагонист беше ДУИ, како во членството во НАТО, така и во започнувањето на преговорите за членство во Европската унија

The post ДУИ се буни што во делегацијата за НАТО самитот немало Албанец appeared first on Република.

]]>
Делегација предводена од премиерот Мицкоски патува за САД на НАТО Самитот во Вашингтон https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/delegatsija-predvodena-od-premierot-mitskoski-patuva-za-sad-na-nato-samitot-vo-vashington/ Sat, 06 Jul 2024 16:05:36 +0000 https://republika.mk/?p=794081

Премиерот на Македонија Христијан Мицкоски заедно со министрите за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, за одбрана Владо Мисајловски и за внатрешни работи Панче Тошковски денескаа заминаа во Америка.

Македонската делегација, според информациите, првите активности ќе ги има веќе во понеделник.

„Делегација предводена од премиерот Мицкоски на НАТО Самитот во САД. Денес патуваме за САД. Делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе учествува на НАТО Самитот во Вашингтон, каде ќе одбележиме 75 години од формирањето на Алијансата. Благодарност до нашите стратешки партнери“, напиша министерот Муцунски на ФБ.

Очекувањата се дека на самитот ќе се случи и средба на македонскиот премиер Мицкоски со неговиот грчки колега Мицотакис. Тоа ќе биде прва средба откако Грција остро се спротивстави на изјавите со користењето на името „Македонија“, без додавката „Северна“.

Мицотакис најави дека Мицкоски ќе се најде во многу непријатна позиција во рамките на Самитот на НАТО доколку опстојува на оваа реторика.

Директорот за Европа и НАТО во Пентагон, Бјуланд, пак, порача билатералните односи да останат надвор од НАТО, а САД ќе продолжат силно да го поддржуваат Договорот од Преспа.

Самитот во Вашингтон започнува во вторник, а во фокусот ќе биде прашањето за помош на Украина и нејзиното влегување во НАТО

The post Делегација предводена од премиерот Мицкоски патува за САД на НАТО Самитот во Вашингтон appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Македонија Христијан Мицкоски заедно со министрите за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, за одбрана Владо Мисајловски и за внатрешни работи Панче Тошковски денескаа заминаа во Америка. Македонската делегација, според информациите, првите активности ќе ги има веќе во понеделник. „Делегација предводена од премиерот Мицкоски на НАТО Самитот во САД. Денес патуваме за САД. Делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе учествува на НАТО Самитот во Вашингтон, каде ќе одбележиме 75 години од формирањето на Алијансата. Благодарност до нашите стратешки партнери“, напиша министерот Муцунски на ФБ. Очекувањата се дека на самитот ќе се случи и средба на македонскиот премиер Мицкоски со неговиот грчки колега Мицотакис. Тоа ќе биде прва средба откако Грција остро се спротивстави на изјавите со користењето на името „Македонија“, без додавката „Северна“. Мицотакис најави дека Мицкоски ќе се најде во многу непријатна позиција во рамките на Самитот на НАТО доколку опстојува на оваа реторика. Директорот за Европа и НАТО во Пентагон, Бјуланд, пак, порача билатералните односи да останат надвор од НАТО, а САД ќе продолжат силно да го поддржуваат Договорот од Преспа. Самитот во Вашингтон започнува во вторник, а во фокусот ќе биде прашањето за помош на Украина и нејзиното влегување во НАТО

The post Делегација предводена од премиерот Мицкоски патува за САД на НАТО Самитот во Вашингтон appeared first on Република.

]]>
Олтон Бјуланд: Maкедонија и Грција да го остават спорот за името надвор од НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/olton-bjuland-makedonija-i-grtsija-da-go-ostavat-sporot-za-imeto-nadvor-od-nato/ Sat, 06 Jul 2024 14:30:07 +0000 https://republika.mk/?p=794061

САД силно го поддржуваат Договорот од Преспа и се надеваат дека билатералните спорови ќе останат надвор од НАТО, изјави во интервју за Гласот на Америка на македонски главниот директор за Европа и НАТО во Пентагон, Олтон Бјуланд, пред одбележувањето на 75 години од основањето на алијансата следната недела во Вашингтон.

„Секогаш ги охрабруваме нашите сојузници и партнери да се придржуваат до договорите и да ги остават билатералните спорови и несогласувања надвор од НАТО алијансата, за да се осигура дека има соработка и регионална стабилност во вашиот регион“, рече Бјуланд.

Самитот на НАТО во Вашингтон ќе се одржи од 9 до 11 јули. Македонската делегација ќе ја предводи премиерот Христијан Мицкоски и во неа се и министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и претседателот на Собранието Африм Гаши.

The post Олтон Бјуланд: Maкедонија и Грција да го остават спорот за името надвор од НАТО appeared first on Република.

Мицкоски има што да му каже на Мицотакис на НАТО самитот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ima-shto-da-mu-kazhe-na-mitsotakis-na-nato-samitot/ Thu, 20 Jun 2024 11:40:07 +0000 https://republika.mk/?p=789329

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски во врска со употребата на уставното име денеска повтори дека неговата позиција е јасна и за неа никој не треба да има дилема и оти е подготвен да аргументира и да дебатира во врска со тоа. Прашан за коментар за изјавата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дека „премиерот на Македонија, ако од моментот кога ќе ја презеде должноста, инсистира на оваа реторика, ќе се најде во многу непријатна позиција, кога ќе се сретнеме на НАТО Самитот“, Мицкоски рече дека се подготвува и оти би сакал да го види тој предизвик потсетувајќи на изјавите дека досега требаше да почне ратификацијата на протоколот за влез на Македонија во рамките на ЕУ.

-Се подготвувaм јас. Јас сум човек кој се подготвува и сака предизвици. Би сакал да го видам и тој предизвик. Мојата позиција е јасна и тука не треба никој да има дилема. Доколку постојат во Европа, а не верувам дека постојат европски политичари кои се претставуваат како европски политичари на 21 век, а сепак имаат во себе талибански мотиви па сакаат да го загрозат човековото право кое што е заштитено со многу меѓународни конвенции тогаш јас сум подготвен со тие луѓе да аргументирам и да дебатирам и тука не треба да имаме никаква дилема. Мојот интерес е да градиме мостови, а не да ги уриваме и да разговараме врз основа на аргументи, врз основа на факти. Јас сум подготвен и со аргументи и со факти да разговарам и тоа го правам целиот мој живот, не само на НАТО самитот. Каде и да е, и во Атина, и во Скопје и во Брисел… секаде сум подготвен да разговарам со факти и со аргументи.

Мицкоски вели дека се додека има манипулации и двојни стандарди и додека не се држиме до Копенхагеншките критериуми ќе ни се случуваат вакви анахрони изјави, талибански методи и враќање во средниот век, наместо да се гледа во иднината.

– Ние денеска ако ги слушавме тие пораки веќе требаше да отпочне ратификацијата на протоколот за влез на Македонија во рамките на ЕУ, бидејќи се сеќавам дел од политичарите кои што се сега гласни за Преспанскиот договор седеа пред мене пред шест години ме гледаа во очи и ми велеа само уште ова Христијан нека помине и за пет-шест години вие сте дел од Европската унија. Би сакал истите тие да ги погледам во очи и да им кажам сега јас што имам да им кажам, бидејќи и тогаш им кажував и сега истото ќе им го кажам дека се нечесни, дека даваат лажни изјави и дека го манипулираат овој мал, но драг, скапоцен народ во срцето на Балканот. И се додека има манипулации и двојни стандарди и се додека не се држиме до Копенхагеншките критериуми и вредностите дефинирани од тројцата многу важни луѓе за Европската унија Де, Шуман и Аденауер нас ќе ни се случува вакви анахрони изјави, талибански методи, и враќање во средниот век, наместо да гледаме во иднината.

Мицотакис во интервју за радиото „Реал фм“ за ставот на мандатарот за формирање влада Мицкоски околу употребата на името Македонија, вели дека „премиерот на Македонија, ако од моментот кога ќе ја презеде должноста, инсистира на оваа реторика, ќе се најде во многу непријатна позиција, кога ќе се сретнеме на НАТО Самитот“.

Грчкиот премиер рече дека Договорот од Преспа обезбеди едно име за севкупна употреба, а не двојна формула и уште еднаш го повтори ставот дека оспорувањето може да создаде проблеми во односите со Грција, со НАТО и ЕУ, но и дека прашањето ќе го покрене на НАТО Самтитот во првата половина на јули.

-Секако ќе го покренам и мислам дека ќе имам многу сојузници во овој обид. Скопје да сфати дека не може да си игра со Атина за такво прашање, бидејќи ако земјата се стремеше кон двојно име, прашањето ќе беше затворено пред многу години. Скопје влезе во НАТО токму преку Договорот, кој има свои проблеми, меѓутоа обезбеди едно име за сите и ако ова се оспори, тогаш да знае Македонија дека ќе има големи проблеми, не само во нејзините билатерални односи со Грција, туку и во нејзините односи и во НАТО и со Европската Унија кон која има амбиција во некој момент да стане членка, рече Мицотакис.

The post Мицкоски има што да му каже на Мицотакис на НАТО самитот appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски во врска со употребата на уставното име денеска повтори дека неговата позиција е јасна и за неа никој не треба да има дилема и оти е подготвен да аргументира и да дебатира во врска со тоа. Прашан за коментар за изјавата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дека „премиерот на Македонија, ако од моментот кога ќе ја презеде должноста, инсистира на оваа реторика, ќе се најде во многу непријатна позиција, кога ќе се сретнеме на НАТО Самитот“, Мицкоски рече дека се подготвува и оти би сакал да го види тој предизвик потсетувајќи на изјавите дека досега требаше да почне ратификацијата на протоколот за влез на Македонија во рамките на ЕУ.
-Се подготвувaм јас. Јас сум човек кој се подготвува и сака предизвици. Би сакал да го видам и тој предизвик. Мојата позиција е јасна и тука не треба никој да има дилема. Доколку постојат во Европа, а не верувам дека постојат европски политичари кои се претставуваат како европски политичари на 21 век, а сепак имаат во себе талибански мотиви па сакаат да го загрозат човековото право кое што е заштитено со многу меѓународни конвенции тогаш јас сум подготвен со тие луѓе да аргументирам и да дебатирам и тука не треба да имаме никаква дилема. Мојот интерес е да градиме мостови, а не да ги уриваме и да разговараме врз основа на аргументи, врз основа на факти. Јас сум подготвен и со аргументи и со факти да разговарам и тоа го правам целиот мој живот, не само на НАТО самитот. Каде и да е, и во Атина, и во Скопје и во Брисел… секаде сум подготвен да разговарам со факти и со аргументи.
Мицкоски вели дека се додека има манипулации и двојни стандарди и додека не се држиме до Копенхагеншките критериуми ќе ни се случуваат вакви анахрони изјави, талибански методи и враќање во средниот век, наместо да се гледа во иднината.
– Ние денеска ако ги слушавме тие пораки веќе требаше да отпочне ратификацијата на протоколот за влез на Македонија во рамките на ЕУ, бидејќи се сеќавам дел од политичарите кои што се сега гласни за Преспанскиот договор седеа пред мене пред шест години ме гледаа во очи и ми велеа само уште ова Христијан нека помине и за пет-шест години вие сте дел од Европската унија. Би сакал истите тие да ги погледам во очи и да им кажам сега јас што имам да им кажам, бидејќи и тогаш им кажував и сега истото ќе им го кажам дека се нечесни, дека даваат лажни изјави и дека го манипулираат овој мал, но драг, скапоцен народ во срцето на Балканот. И се додека има манипулации и двојни стандарди и се додека не се држиме до Копенхагеншките критериуми и вредностите дефинирани од тројцата многу важни луѓе за Европската унија Де, Шуман и Аденауер нас ќе ни се случува вакви анахрони изјави, талибански методи, и враќање во средниот век, наместо да гледаме во иднината.
Мицотакис во интервју за радиото „Реал фм“ за ставот на мандатарот за формирање влада Мицкоски околу употребата на името Македонија, вели дека „премиерот на Македонија, ако од моментот кога ќе ја презеде должноста, инсистира на оваа реторика, ќе се најде во многу непријатна позиција, кога ќе се сретнеме на НАТО Самитот“. Грчкиот премиер рече дека Договорот од Преспа обезбеди едно име за севкупна употреба, а не двојна формула и уште еднаш го повтори ставот дека оспорувањето може да создаде проблеми во односите со Грција, со НАТО и ЕУ, но и дека прашањето ќе го покрене на НАТО Самтитот во првата половина на јули.
-Секако ќе го покренам и мислам дека ќе имам многу сојузници во овој обид. Скопје да сфати дека не може да си игра со Атина за такво прашање, бидејќи ако земјата се стремеше кон двојно име, прашањето ќе беше затворено пред многу години. Скопје влезе во НАТО токму преку Договорот, кој има свои проблеми, меѓутоа обезбеди едно име за сите и ако ова се оспори, тогаш да знае Македонија дека ќе има големи проблеми, не само во нејзините билатерални односи со Грција, туку и во нејзините односи и во НАТО и со Европската Унија кон која има амбиција во некој момент да стане членка, рече Мицотакис.

The post Мицкоски има што да му каже на Мицотакис на НАТО самитот appeared first on Република.

]]>
Кремљ: Внимателно го следиме Самитот на НАТО и ќе преземеме мерки за заштита на безбедноста на Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kreml-vnimatelno-go-sledime-samitot-na-nato-i-ke-prezememe-merki-za-zashtita-na-bezbednosta-na-rusija/ Tue, 11 Jul 2023 14:13:20 +0000 https://republika.mk/?p=660089

Кремљ денеска соопшти дека многу внимателно го следи Самитот на НАТО во Вилнус и оти ќе направи „темелна анализа“ на изјавите на западните лидери, и како резултат на тоа ќе преземе мерки за заштита на безбедноста на Русија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков истакна дека „европските лидери изгледа не разбираат дека придвижувањето на инфраструктурата на НАТО поблиску до границите на Русија е грешка и дека напредокот на западната воена алијанса во Централна и Источна Европа е она што доведе до сегашната криза во Украина“.

Според него, евентуалниот прием на Украина во НАТО е исклучително опасен за европската безбедност и тоа треба да го разберат луѓето кои носат такви одлуки.

Песков се осврна и на членството на Шведска во НАТО ќе има јасни негативни последици за безбедноста на Русија, а Москва ќе одговори со мерки слични на оние што ги презеде откако Финска се приклучи Алијансата.

Претходно, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров наведе дека Москва подготвува „соодветни мерки“ во очекување на натамошното проширување на НАТО. Тој не изнесе повеќе детали.

The post Кремљ: Внимателно го следиме Самитот на НАТО и ќе преземеме мерки за заштита на безбедноста на Русија appeared first on Република.

]]>

Кремљ денеска соопшти дека многу внимателно го следи Самитот на НАТО во Вилнус и оти ќе направи „темелна анализа“ на изјавите на западните лидери, и како резултат на тоа ќе преземе мерки за заштита на безбедноста на Русија. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков истакна дека „европските лидери изгледа не разбираат дека придвижувањето на инфраструктурата на НАТО поблиску до границите на Русија е грешка и дека напредокот на западната воена алијанса во Централна и Источна Европа е она што доведе до сегашната криза во Украина“. Според него, евентуалниот прием на Украина во НАТО е исклучително опасен за европската безбедност и тоа треба да го разберат луѓето кои носат такви одлуки. Песков се осврна и на членството на Шведска во НАТО ќе има јасни негативни последици за безбедноста на Русија, а Москва ќе одговори со мерки слични на оние што ги презеде откако Финска се приклучи Алијансата. Претходно, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров наведе дека Москва подготвува „соодветни мерки“ во очекување на натамошното проширување на НАТО. Тој не изнесе повеќе детали.

The post Кремљ: Внимателно го следиме Самитот на НАТО и ќе преземеме мерки за заштита на безбедноста на Русија appeared first on Република.

]]>
НАТО самит во Литванија, Украина главна тема https://arhiva3.republika.mk/vesti/nato-samit-vo-litvanija-ukraina-glavna-tema/ Tue, 11 Jul 2023 05:53:06 +0000 https://republika.mk/?p=659882

Клучните предизвици со кои се соочува Алијансата и натамошните чекори за зајакнување на одбранбените капацитети, но и приближувањето на Украина кон Алијансата ќе бидат клучните теми на кои ќе се осврнат лидерите на земјите-членки на НАТО денеска и утре на Самитот во Вилнус.

На Самитот, делегацијата на Македонија ја предводи премиерот Димитар Ковачевски, а во нејзиниот состав се и министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, јави известувачот на МИА од Вилнус.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски денеска ќе ја посети компанијата „Метро“ лоцирана во индустриската зона Ќојлија.

Вкупно 48 странски делегации со 2400 членови, вклучувајќи 40 претседатели на држави и влади и над 150 високи официјални претставници се очекува да присустуваат на дводневниот самит. Покрај шефовите на држави или влади на членките на НАТО, меѓу кои и американскиот претседател Џо Бајден, на Самитот во Вилнус учествуваат и лидерите на Австралија, Нов Зеланд, Јапонија, Јужна Кореја, како и на Европската Унија.

Состанок на Северноатланскиот совет ќе се одржи денеска, на чиј почеток до лидерите на земјите-членки на НАТО, ќе се обратат генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и литванскиот претседател  Гитанис Науседа. На состанокот освен лидерите на 31 земја-членка на НАТО ќе присуствува и Шведска, која е во исчекување да стане 32. членка на Алијансата и чиј прием беше забавен поради приговорите на Турција, која смета дека Стокхолм е премногу мек кон групите кои Анкара ги обвинува дека претставуваат безбедносна закана, вклучително и курдски милитантни групи и поединци поврзани со обидот за пуч во Турција во 2016 година.

Но по вчерашната средба на Столтенберг со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и шведскиот премиер Улф Кристерсон на повидок е отворање на процесот. -Турскиот претседател Ердоган се согласи да го поддржи влезот на Шведска во НАТО, изјави Столтенберг по средбата и додаде дека пристапниот протокол се започнува и дека Турција потврдила дека ќе го ратификува влезот на Шведска.

За утре е предвиден состанок на Северноатлантскиот совет на шефови на држави и влади, со Шведска, партнерите од Индо-Пацификот и ЕУ, како и состанок на Советот НАТО-Украина исто така на ниво на шефови на држави и влади, а и на овој состанок ќе присуствува Шведска.

Планирани се состаноци на Североатлантскиот совет на ниво на министри за одбрана и министри за надворешни работи.

Освен учество на состаноците на Северноатлантскиот совет, премирот Ковачевски ќе оствари и билатерални средби со премиерката на Естонија, Каја Калас и премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис. Во програмата, како што информира владината прес-служба, предвидени се и неформални состаноци на министрите за одбрана и надворешни работи, на кои ќе учествуваат и министерот за надворешни работи Османи и министерката за одбрана Петровска.

Одговорните за насилниот упад на Капитол во Вашингтон мора да бидат казнети, коментираше денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на заедничката прес-конференција со претседатело

Столтенберг, чиј мандат беше продолжен на уште една година, неспоредно пред Самитот изјави дека од него ќе се испрати јасна порака дека Алијансата останува обединета и оти лидерите на земјите членки ќе усвојат три нови регионални одбранбени планови за спротивставување на двете главни закани за НАТО: Русија и тероризмот.

Говорејќи во седиштето на Алијансата во Брисел во пресрет на средбата минатата недела, Столтенберг нагласи дека очекува сојузничките лидери да договорат и пакет со три елементи за приближување на Украина до НАТО. Пакетот ќе вклучи повеќегодишна програма за помош на Украина со цел да се обезбеди нејзина интероперабилност, надградување на политичките врски меѓу Алијансата и Киев и реафирмација на ставот дека земјата ќе стане членка на НАТО со заложба да ѝ се помогне во остварување на таа нејзина цел.

- Сојузниците, исто така, ќе преземат јасни чекори за зајакнување на одвраќањето и одбраната, со усвојување на три нови регионални одбранбени планови за спротивставување на двете главни закани за НАТО – Русија и тероризмот, истакна Столтенберг, додавајќи дека со плановите се предвидува зголемена готовност на 300.000 војници, како и ангажирање на воздухопловни и поморски сили.

Според Столтенберг, предвидено е на Самитот да биде усвоен и Акциски план за одбранбено производство (ДПАП), преку кој ќе се координира побарувачката, ќе се зајакнат капацитетите и ќе се зголеми интероперабилноста.

НАТО прекинува со обуката на ирачките сили за безбедност по убиството крај Багдад на иранскиот генерал Касим Сулејмани.

Столтенберг очекува лидерите на НАТО поамбициозно да ја реафирмираат определбата за издвојување на најмалку два отсто од националните БДП за потребите на одбраната, додавајќи дека според најновите податоци европските членки на Алијансата и Канада во 2023 година ги зголемиле трошоците за одбрана за 8,3 проценти.

- Значи, европските сојузници и Канада ќе инвестираат над 450 милијарди американски долари повеќе отколку во 2014 година, кога ветивме зголемување на инвестициите во одбраната, додаде Столтенберг.

Нагласувајќи дека ова ќе биде прв самит на кој Финска ќе учествува како членка на НАТО, Столтенберг истакна дека со „нетрпение очекува што е можно поскоро и Шведска да се приклучи“ на Алијансата.

Паралелно со Самитот во Вилнус се одржува и НАТО јавниот форум, настан, кој има цел да обезбеди подобро разбирање на политиките, целите и одлуките низ дијалог со учесници од различни сфери. Јавниот НАТО форум е организиран од Алијансата и Центарот за студии на Источна Европа, Германскиот Маршал фонд на САД, Минхенската безбедносна конференција и Атлантскиот совет на САД. Форумот ќе обезбеди панел дискусии, дебати и интерактивни сесии, за различни теми поврзани со Алијансата.

Зајакнати мерки за безбедност се преземени за обезбедувањето на Самитот во Литванија. -Околу 12 илјади офицери и војници се задолжени за безбедноста за време на Самитот, изјави Пауилиус Немира, првиот заменик-директор на литванската Единица за обезбедување на носители на функции и други високо позиционирани личности, јави литванската национална радио-телевизија.

Тој рече дека околу 800 возила ќе бидат потребни за странските делегации и додаде дека Литванија досега не била домаќин на настан од вакви размери, што претставува вистински предизвик за литванските институции.

Околу илјада војници испратиле и 16 земји-членки на НАТО, а освен воена опрема, испратени се и средства за справување со можни хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни напади. Некои членки обезбедиле и напредни системи на противвоздушна опрема, нешто што им недостига на балтичките држави.

-Би било повеќе од неодговорно ако нашето небо не биде заштитено додека пристигнуваат Бајден и лидерите на 40 земји, изјави минатата недела претседателот на Литванија, Науседа.

The post НАТО самит во Литванија, Украина главна тема appeared first on Република.

]]>

Клучните предизвици со кои се соочува Алијансата и натамошните чекори за зајакнување на одбранбените капацитети, но и приближувањето на Украина кон Алијансата ќе бидат клучните теми на кои ќе се осврнат лидерите на земјите-членки на НАТО денеска и утре на Самитот во Вилнус. На Самитот, делегацијата на Македонија ја предводи премиерот Димитар Ковачевски, а во нејзиниот состав се и министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, јави известувачот на МИА од Вилнус. Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски денеска ќе ја посети компанијата „Метро“ лоцирана во индустриската зона Ќојлија. Вкупно 48 странски делегации со 2400 членови, вклучувајќи 40 претседатели на држави и влади и над 150 високи официјални претставници се очекува да присустуваат на дводневниот самит. Покрај шефовите на држави или влади на членките на НАТО, меѓу кои и американскиот претседател Џо Бајден, на Самитот во Вилнус учествуваат и лидерите на Австралија, Нов Зеланд, Јапонија, Јужна Кореја, како и на Европската Унија. Состанок на Северноатланскиот совет ќе се одржи денеска, на чиј почеток до лидерите на земјите-членки на НАТО, ќе се обратат генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и литванскиот претседател  Гитанис Науседа. На состанокот освен лидерите на 31 земја-членка на НАТО ќе присуствува и Шведска, која е во исчекување да стане 32. членка на Алијансата и чиј прием беше забавен поради приговорите на Турција, која смета дека Стокхолм е премногу мек кон групите кои Анкара ги обвинува дека претставуваат безбедносна закана, вклучително и курдски милитантни групи и поединци поврзани со обидот за пуч во Турција во 2016 година. Но по вчерашната средба на Столтенберг со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и шведскиот премиер Улф Кристерсон на повидок е отворање на процесот. -Турскиот претседател Ердоган се согласи да го поддржи влезот на Шведска во НАТО, изјави Столтенберг по средбата и додаде дека пристапниот протокол се започнува и дека Турција потврдила дека ќе го ратификува влезот на Шведска. За утре е предвиден состанок на Северноатлантскиот совет на шефови на држави и влади, со Шведска, партнерите од Индо-Пацификот и ЕУ, како и состанок на Советот НАТО-Украина исто така на ниво на шефови на држави и влади, а и на овој состанок ќе присуствува Шведска. Планирани се состаноци на Североатлантскиот совет на ниво на министри за одбрана и министри за надворешни работи. Освен учество на состаноците на Северноатлантскиот совет, премирот Ковачевски ќе оствари и билатерални средби со премиерката на Естонија, Каја Калас и премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис. Во програмата, како што информира владината прес-служба, предвидени се и неформални состаноци на министрите за одбрана и надворешни работи, на кои ќе учествуваат и министерот за надворешни работи Османи и министерката за одбрана Петровска. Одговорните за насилниот упад на Капитол во Вашингтон мора да бидат казнети, коментираше денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на заедничката прес-конференција со претседатело Столтенберг, чиј мандат беше продолжен на уште една година, неспоредно пред Самитот изјави дека од него ќе се испрати јасна порака дека Алијансата останува обединета и оти лидерите на земјите членки ќе усвојат три нови регионални одбранбени планови за спротивставување на двете главни закани за НАТО: Русија и тероризмот. Говорејќи во седиштето на Алијансата во Брисел во пресрет на средбата минатата недела, Столтенберг нагласи дека очекува сојузничките лидери да договорат и пакет со три елементи за приближување на Украина до НАТО. Пакетот ќе вклучи повеќегодишна програма за помош на Украина со цел да се обезбеди нејзина интероперабилност, надградување на политичките врски меѓу Алијансата и Киев и реафирмација на ставот дека земјата ќе стане членка на НАТО со заложба да ѝ се помогне во остварување на таа нејзина цел. - Сојузниците, исто така, ќе преземат јасни чекори за зајакнување на одвраќањето и одбраната, со усвојување на три нови регионални одбранбени планови за спротивставување на двете главни закани за НАТО – Русија и тероризмот, истакна Столтенберг, додавајќи дека со плановите се предвидува зголемена готовност на 300.000 војници, како и ангажирање на воздухопловни и поморски сили. Според Столтенберг, предвидено е на Самитот да биде усвоен и Акциски план за одбранбено производство (ДПАП), преку кој ќе се координира побарувачката, ќе се зајакнат капацитетите и ќе се зголеми интероперабилноста. НАТО прекинува со обуката на ирачките сили за безбедност по убиството крај Багдад на иранскиот генерал Касим Сулејмани. Столтенберг очекува лидерите на НАТО поамбициозно да ја реафирмираат определбата за издвојување на најмалку два отсто од националните БДП за потребите на одбраната, додавајќи дека според најновите податоци европските членки на Алијансата и Канада во 2023 година ги зголемиле трошоците за одбрана за 8,3 проценти. - Значи, европските сојузници и Канада ќе инвестираат над 450 милијарди американски долари повеќе отколку во 2014 година, кога ветивме зголемување на инвестициите во одбраната, додаде Столтенберг. Нагласувајќи дека ова ќе биде прв самит на кој Финска ќе учествува како членка на НАТО, Столтенберг истакна дека со „нетрпение очекува што е можно поскоро и Шведска да се приклучи“ на Алијансата. Паралелно со Самитот во Вилнус се одржува и НАТО јавниот форум, настан, кој има цел да обезбеди подобро разбирање на политиките, целите и одлуките низ дијалог со учесници од различни сфери. Јавниот НАТО форум е организиран од Алијансата и Центарот за студии на Источна Европа, Германскиот Маршал фонд на САД, Минхенската безбедносна конференција и Атлантскиот совет на САД. Форумот ќе обезбеди панел дискусии, дебати и интерактивни сесии, за различни теми поврзани со Алијансата. Зајакнати мерки за безбедност се преземени за обезбедувањето на Самитот во Литванија. -Околу 12 илјади офицери и војници се задолжени за безбедноста за време на Самитот, изјави Пауилиус Немира, првиот заменик-директор на литванската Единица за обезбедување на носители на функции и други високо позиционирани личности, јави литванската национална радио-телевизија. Тој рече дека околу 800 возила ќе бидат потребни за странските делегации и додаде дека Литванија досега не била домаќин на настан од вакви размери, што претставува вистински предизвик за литванските институции. Околу илјада војници испратиле и 16 земји-членки на НАТО, а освен воена опрема, испратени се и средства за справување со можни хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни напади. Некои членки обезбедиле и напредни системи на противвоздушна опрема, нешто што им недостига на балтичките држави. -Би било повеќе од неодговорно ако нашето небо не биде заштитено додека пристигнуваат Бајден и лидерите на 40 земји, изјави минатата недела претседателот на Литванија, Науседа.

The post НАТО самит во Литванија, Украина главна тема appeared first on Република.

]]>
НАТО и Бајден им прават проблеми на Струга Трим Лум во дебито во Лигата на шампионите https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/nato-i-bajden-im-pravat-problemi-na-struga-trim-lum-vo-debito-vo-ligata-na-shampionite/ Mon, 26 Jun 2023 09:11:05 +0000 https://republika.mk/?p=655191

Шампионот на Македонија Струга Трим Лум се соочува со проблеми во својот дебитантски настап во квалификациите на Лигата на шампионите против Жалгирис од Литванија. Причина за тоа е НАТО самитот кој на 11 и 12 јули се одржува во главниот град Вилнус.

Првиот меч треба да се одигра токму на 11 јули па домаќините побараа од стружани промена на домаќинството, односно нашиот тим да биде домаќин на првиот меч.

Како причина е наведено дека тие денови Литванија ќе биде под обезбедување од највисок степен поради високите гости па ќе биде тешко да се организира мечот. Згора на тоа, сите хотели и сместувачки капацитети во Вилнус ќе бидат зафатени и ќе биде тешко да се обезбеди хотел.

Вилнус испратил и официјален допис до Струга Трим Лум во кое се наведени овие причини за промена на домаќинството, а се жалат и на условите на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид каде треба да се одигра реванш мечот.

И покрај овие околности, Струга Трим Лум не попуштила и мечот ќе се одигра како што е одредено со ждрепката, прво во Вилнус па во Охрид, дознава „Република“.

The post НАТО и Бајден им прават проблеми на Струга Трим Лум во дебито во Лигата на шампионите appeared first on Република.

]]>

Шампионот на Македонија Струга Трим Лум се соочува со проблеми во својот дебитантски настап во квалификациите на Лигата на шампионите против Жалгирис од Литванија. Причина за тоа е НАТО самитот кој на 11 и 12 јули се одржува во главниот град Вилнус. Првиот меч треба да се одигра токму на 11 јули па домаќините побараа од стружани промена на домаќинството, односно нашиот тим да биде домаќин на првиот меч. Како причина е наведено дека тие денови Литванија ќе биде под обезбедување од највисок степен поради високите гости па ќе биде тешко да се организира мечот. Згора на тоа, сите хотели и сместувачки капацитети во Вилнус ќе бидат зафатени и ќе биде тешко да се обезбеди хотел. Вилнус испратил и официјален допис до Струга Трим Лум во кое се наведени овие причини за промена на домаќинството, а се жалат и на условите на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид каде треба да се одигра реванш мечот. И покрај овие околности, Струга Трим Лум не попуштила и мечот ќе се одигра како што е одредено со ждрепката, прво во Вилнус па во Охрид, дознава „Република“.    

The post НАТО и Бајден им прават проблеми на Струга Трим Лум во дебито во Лигата на шампионите appeared first on Република.

]]>
Деветта НАТО студентска симулација: НАТО по самитот во Мадрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/devetta-nato-studentska-simulacija-nato-po-samitot-vo-madrid/ Tue, 20 Dec 2022 07:30:51 +0000 https://republika.mk/?p=587846

Во организација на Евроатлантскиот совет на Македонија, денеска во Скопје ќе се одржи „9-тата НАТО студентска симулација: НАТО по Самитот во Мадрид“. Настанот ќе го отвори министерката за одбрана, Славјанка Петровска, а обраќање ќе има и претседателот на Евроатлантскиот совет на Македонија, Исмет Рамадани.

– НАТО симулацијата претставува младински самит на кој ќе се симулира состанок на Северноатлантскиот Совет на ниво на шефови на држави и ќе се разгледуваат глобалните прашања непосредно по самитот во Мадрид и моменталните предизвици за Алијансата, информираат од Министерството за одбрана.

Оттаму велат дека настанот е од високо едукативен карактер затоа што им овозможува на студентите одблиску и подлабоко да се запознаат со прашањата на НАТО, безбедноста и меѓународната политика, овој пат со посебен осврт на глобалната безбедносна слика и местото на партнер земјите од Југоисточна Европа.

The post Деветта НАТО студентска симулација: НАТО по самитот во Мадрид appeared first on Република.

Петровска: Отпорноста и моќта на институциите и граѓаните е клучно во борбата против хибридните закани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-otpornosta-i-mokjta-na-instituciite-i-gragjanite-e-kluchno-vo-borbata-protiv-hibridnite-zakani/ Thu, 30 Jun 2022 06:57:46 +0000 https://republika.mk/?p=521373

Министерката за одбрана Славјанка Петровска синоќа во Мадрид учествуваше на работната вечера на министрите за одбрана на НАТО на која се дискутираше на темата: „Влијанието на Хибридните закани во Западен Балкан”.

Во дискусијата, како што соопшти Министерството за одбрана, Петровска потенцираше дека ефективна стратешка комуникација е клучна во борбата против ваквите закани и безбедносни ризици како и дека надминувањето на ваквите предизвици се еден од  приоритетите на НАТО и дел од дискусиите на Самитот.

Она што нам ни е потребно е зголемување на ефикасноста и квалитетот на нашите институции преку професионализација на кадрите. Исто така, ни треба образование кое ќе ги оспособува граѓаните за критичко размислување. Отпорноста и моќта на институциите и граѓаните е клучно во борбата против хибридните закани за функционирањето на едно општество кое ќе се базира на доверба, а не на раздор, истакна Петровска.

Министерката Петровска се наврати на успехот на политиката на отворени врати на Алијансата и нагласи дека потребно е тој да се преслика и со проширувањето на Европската унија со земјите од Западен Балкан со што ќе се зацврсти безбедноста и ќе овозможи поголем просперитет, а во спротивно, отсуството на кредибилната европска перспектива може да има повеќекратни негативни тенденции на овие простори.

The post Петровска: Отпорноста и моќта на институциите и граѓаните е клучно во борбата против хибридните закани appeared first on Република.

]]>

Министерката за одбрана Славјанка Петровска синоќа во Мадрид учествуваше на работната вечера на министрите за одбрана на НАТО на која се дискутираше на темата: „Влијанието на Хибридните закани во Западен Балкан”. Во дискусијата, како што соопшти Министерството за одбрана, Петровска потенцираше дека ефективна стратешка комуникација е клучна во борбата против ваквите закани и безбедносни ризици како и дека надминувањето на ваквите предизвици се еден од  приоритетите на НАТО и дел од дискусиите на Самитот.
Она што нам ни е потребно е зголемување на ефикасноста и квалитетот на нашите институции преку професионализација на кадрите. Исто така, ни треба образование кое ќе ги оспособува граѓаните за критичко размислување. Отпорноста и моќта на институциите и граѓаните е клучно во борбата против хибридните закани за функционирањето на едно општество кое ќе се базира на доверба, а не на раздор, истакна Петровска.
Министерката Петровска се наврати на успехот на политиката на отворени врати на Алијансата и нагласи дека потребно е тој да се преслика и со проширувањето на Европската унија со земјите од Западен Балкан со што ќе се зацврсти безбедноста и ќе овозможи поголем просперитет, а во спротивно, отсуството на кредибилната европска перспектива може да има повеќекратни негативни тенденции на овие простори.

The post Петровска: Отпорноста и моќта на институциите и граѓаните е клучно во борбата против хибридните закани appeared first on Република.

]]>
Македонија го поддржа: Нов Стратегиски концепт на НАТО, Русија стана директна закана https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/makedonija-go-poddrza-nov-strategiski-koncept-na-nato-rusija-stana-direktna-zakana/ Thu, 30 Jun 2022 06:14:34 +0000 https://republika.mk/?p=521352

Нов Стратегиски концепт на Алијансата усвоија денеска шефовите на земјите-членки на НАТО во Мадрид со кој се поставени приоритетите и клучните задачи за следната деценија.

Новиот Стратегиски концепт ја опишува безбедносната средина со која се соочува Алијансата и ја наведува клучната цел на НАТО да обезбеди квалитетна колективна одбрана.

„Документот поставува три клучни задачи за НАТО во следната деценија. Тоа се одвраќање и одбрана, спречување и управување со кризи и кооперативна безбедност“ – се вели во соопштението.

https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-makedonija-mu-dava-celosna-poddrshka-na-noviot-strategiski-koncept-na-nato/

Како што претходно беше најавено, во стратегискиот концепт Руската Федерација се оценува како „директна закана“.

„Документот ја дефинира Русија како најзначајна и најдиректна закана за безбедноста на сојузниците, а по првпат се занимава и со Кина и предизвиците што Пекинг ги поставува за безбедноста, интересите и вредностите на сојузниците“ – се наведува во новиот концепт.

Исто така, во документот се споменува борбата против климатските промени како прашање кое се дефинира како дефинирачки предизвик на новото време.

Стратегискиот концепт на НАТО е документ кој се ажурира секоја деценија и е втор најважен документ на Алијансата. Со Стратегискиот концепт НАТО ги реафирмира вредностите на Алијансата, дава колективна процена на безбедносните предизвици и ги насочува политичките и воените активности.

Претходниот Стратегиски концепт на НАТО беше усвоен на состанокот во Лисабон во 2010 година.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека НАТО ќе ги зајакне своите обврски кон Украина, а земјата може да се потпре на „континуираната поддршка“.

„Украина може да смета на нас онолку долго колку што е потребно“ – рече тој.

Додаде дека оваа „непоколеблива“ посветеност значи поголема воена и финансиска помош.

The post Македонија го поддржа: Нов Стратегиски концепт на НАТО, Русија стана директна закана appeared first on Република.

]]>

Нов Стратегиски концепт на Алијансата усвоија денеска шефовите на земјите-членки на НАТО во Мадрид со кој се поставени приоритетите и клучните задачи за следната деценија. Новиот Стратегиски концепт ја опишува безбедносната средина со која се соочува Алијансата и ја наведува клучната цел на НАТО да обезбеди квалитетна колективна одбрана.
„Документот поставува три клучни задачи за НАТО во следната деценија. Тоа се одвраќање и одбрана, спречување и управување со кризи и кооперативна безбедност“ – се вели во соопштението.
https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-makedonija-mu-dava-celosna-poddrshka-na-noviot-strategiski-koncept-na-nato/ Како што претходно беше најавено, во стратегискиот концепт Руската Федерација се оценува како „директна закана“.
„Документот ја дефинира Русија како најзначајна и најдиректна закана за безбедноста на сојузниците, а по првпат се занимава и со Кина и предизвиците што Пекинг ги поставува за безбедноста, интересите и вредностите на сојузниците“ – се наведува во новиот концепт.
Исто така, во документот се споменува борбата против климатските промени како прашање кое се дефинира како дефинирачки предизвик на новото време. Стратегискиот концепт на НАТО е документ кој се ажурира секоја деценија и е втор најважен документ на Алијансата. Со Стратегискиот концепт НАТО ги реафирмира вредностите на Алијансата, дава колективна процена на безбедносните предизвици и ги насочува политичките и воените активности. Претходниот Стратегиски концепт на НАТО беше усвоен на состанокот во Лисабон во 2010 година. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека НАТО ќе ги зајакне своите обврски кон Украина, а земјата може да се потпре на „континуираната поддршка“.
„Украина може да смета на нас онолку долго колку што е потребно“ – рече тој.
Додаде дека оваа „непоколеблива“ посветеност значи поголема воена и финансиска помош.

The post Македонија го поддржа: Нов Стратегиски концепт на НАТО, Русија стана директна закана appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Македонија му дава целосна поддршка на новиот Стратегиски концепт на НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-makedonija-mu-dava-celosna-poddrshka-na-noviot-strategiski-koncept-na-nato/ Wed, 29 Jun 2022 13:11:50 +0000 https://republika.mk/?p=521170

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на Самитот на НАТО во Мадрид, учествуваше и се обрати на првата сесија на состанокот на Северноатлантскиот Совет, кој се одржува на ниво на шефови и на држави и Влади и со кој претседава генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Во своето обраќање претседателот Пендаровски посочи дека со цел успешно справување со асиметричните закани и предизвици, потребно е зајакнување и адаптирање на одбранбените капацитети на НАТО и во таа насока Македонија дава целосна поддршка на новиот Стратегиски концепт на НАТО, документ кој треба да ги даде насоките за идните задачи на Алијансата. Потребно е, додаде тој, да испратиме силна порака за нашето заедништво како сојузници во овие времиња на нестабилност и зајакнување на авторитаризмот.

Претседателот Пендаровски ја повтори поддршката за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во рамки на нејзините меѓународно признати граници и посочи дека Македонија дава целосна поддршка за Сеопфатниот пакет на НАТО за поддршка на Украина. Во таа насока, тој истакна дека изразуваме солидарност со нашите сојузници од Источното крило и дека земјава ќе продолжи со активностите во рамки на југоисточното крило на Алијансата. Претседателот воедно посочи дека Западниот Балкан е регион од стратешка важност, чија иднина е во НАТО и ЕУ, и НАТО треба да продолжи со зајакнување на партнерите преку поддршка на нивните капацитети и отпорност кон малигни актери.

Во своето обраќање претседателот истакна дека НАТО останува единствен, суштински и неопходен трансатлантски форум за консултации, координации и акција за сите прашања кои се поврзани со нашата индивидуална и колективна безбедност, посочувајќи дека ни се потребни повеќе ресурси за одржување на амбициите за НАТО 2030, а со цел Алијансата да се адаптира на задачите кои и претстојат во иднина.

The post Пендаровски: Македонија му дава целосна поддршка на новиот Стратегиски концепт на НАТО appeared first on Република.

Руска „честитка“ за самитот на НАТО со сателитски снимки со точни координати на „центрите на одлучување“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruska-chestitka-za-samitot-na-nato-so-satelitski-snimki-so-tochni-koordinati-na-centrite-na-odluchuvanje/ Wed, 29 Jun 2022 12:56:27 +0000 https://republika.mk/?p=521144

Руската државна вселенска агенција Роскосмос, со која управува Дмитриј Рогозин, упати специјална честитка до членовите на НАТО пактот по повод самитот на алијансата во Мадрид кој се одржува од 28. до 30. јуни.

Роскосмос објави сателитски фотографии од Мадрид, Пентагон и Белата куќа во Вашингтон, Лондон, Париз, Берлин и Брисел со координати со точните локации и пораката: „Самитот на НАТО почнува денеска во Мадрид, на кој западните земји ќе ја прогласат Русија за свој најголем непријател“.

Додека претставниците на 30 земји од алијансата, како и партнери и кандидати, ќе се занимаваат со стратешки концепт до 2030 година, Роскосмос објавува сателитски фотографии од местото на одржување на самитот и самите центри на одлучување кои ги поддржуваат украинските националисти - се наведува во соопштението на Роскосмос, а во продолжение се напишани точните координати.

Неодамна претседателот на Државниот совет на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека во случај Украина да погоди руска територија со ракети од западно производство, тие ќе ги гаѓаат „центрите на одлучување“, па објавата на Роскосмос може да се сфати како застрашувачка закана.

The post Руска „честитка“ за самитот на НАТО со сателитски снимки со точни координати на „центрите на одлучување“ appeared first on Република.

]]>

Руската државна вселенска агенција Роскосмос, со која управува Дмитриј Рогозин, упати специјална честитка до членовите на НАТО пактот по повод самитот на алијансата во Мадрид кој се одржува од 28. до 30. јуни. Роскосмос објави сателитски фотографии од Мадрид, Пентагон и Белата куќа во Вашингтон, Лондон, Париз, Берлин и Брисел со координати со точните локации и пораката: „Самитот на НАТО почнува денеска во Мадрид, на кој западните земји ќе ја прогласат Русија за свој најголем непријател“.
Додека претставниците на 30 земји од алијансата, како и партнери и кандидати, ќе се занимаваат со стратешки концепт до 2030 година, Роскосмос објавува сателитски фотографии од местото на одржување на самитот и самите центри на одлучување кои ги поддржуваат украинските националисти - се наведува во соопштението на Роскосмос, а во продолжение се напишани точните координати.
Неодамна претседателот на Државниот совет на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека во случај Украина да погоди руска територија со ракети од западно производство, тие ќе ги гаѓаат „центрите на одлучување“, па објавата на Роскосмос може да се сфати како застрашувачка закана.

The post Руска „честитка“ за самитот на НАТО со сателитски снимки со точни координати на „центрите на одлучување“ appeared first on Република.

]]>
НАТО: Зајакнувањето на силите во Источна Европа клучен приоритет на самитот во Мадрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nato-zajaknuvanjeto-na-silite-vo-istochna-evropa-kluchen-prioritet-na-samitot-vo-madrid/ Wed, 29 Jun 2022 10:54:50 +0000 https://republika.mk/?p=521071

Лидерите на НАТО денеска изјавија дека зајакнувањето на силите на Алијансата во Источна Европа како заштита од Русија претставува клучен приоритет на самитот во Мадрид.

Пристигнувајќи на разговорите во конгресниот центар во Мадрид, британскиот премиер рече дека НАТО треба „да ги научи лекциите од изминатите три месеци и да ја види потребата од ревидирање на позицијата на источното крило“.

Полскиот претседател Анджеј Дуда рече дека посветеноста на НАТО во голема мерка да ги зголеми силите за брза реакција за членките најблиску до Русија ќе ја направи Европа „побезбедна“.

„Русија е закана за Европа и не само за Европа, туку и за целото НАТО“, рече Дуда.

НАТО најави дека ќе ги зголеми своите сили за брза реакција од 40.000 на 300.000 војници на источното крило, кое ги вклучува границите на Полска со Украина и Белорусија, сојузникот на Русија.

Денешната работна сесија на самитот ќе се фокусира на тоа како НАТО може да обезбеди поголема поддршка на Украина.

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека членките на Алијансата и другите ќе продолжат да ја поддржуваат Украина и нејзината способност да се брани од Русија „се додека тоа е неопходно“.

Во изјавата на почетокот на работниот дел од самитот на НАТО во Мадрид, тој рече дека Алијансата и „многу, многу други земји“ се согласиле дека Русија го нарушила територијалниот интегритет и суверенитет на Украина кога нападна на 24 февруари.

„Затоа е правилно што земјите собрани овде, и многу други, придонесуваат со финансиски средства, хуманитарна помош, но и со обезбедување оружје што и е потребно на Украина за да се брани, рече Шолц.

„Ќе прецизираме колку долго и интензивно е потребно за Украина да може да се одбрани“, додаде тој.

Собирот, на кој учествуваат повеќе од 40 светски лидери, почна синоќа во Мадрид и трае до утре. паг/

The post НАТО: Зајакнувањето на силите во Источна Европа клучен приоритет на самитот во Мадрид appeared first on Република.

]]>

Лидерите на НАТО денеска изјавија дека зајакнувањето на силите на Алијансата во Источна Европа како заштита од Русија претставува клучен приоритет на самитот во Мадрид. Пристигнувајќи на разговорите во конгресниот центар во Мадрид, британскиот премиер рече дека НАТО треба „да ги научи лекциите од изминатите три месеци и да ја види потребата од ревидирање на позицијата на источното крило“. Полскиот претседател Анджеј Дуда рече дека посветеноста на НАТО во голема мерка да ги зголеми силите за брза реакција за членките најблиску до Русија ќе ја направи Европа „побезбедна“. „Русија е закана за Европа и не само за Европа, туку и за целото НАТО“, рече Дуда. НАТО најави дека ќе ги зголеми своите сили за брза реакција од 40.000 на 300.000 војници на источното крило, кое ги вклучува границите на Полска со Украина и Белорусија, сојузникот на Русија. Денешната работна сесија на самитот ќе се фокусира на тоа како НАТО може да обезбеди поголема поддршка на Украина. Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека членките на Алијансата и другите ќе продолжат да ја поддржуваат Украина и нејзината способност да се брани од Русија „се додека тоа е неопходно“. Во изјавата на почетокот на работниот дел од самитот на НАТО во Мадрид, тој рече дека Алијансата и „многу, многу други земји“ се согласиле дека Русија го нарушила територијалниот интегритет и суверенитет на Украина кога нападна на 24 февруари. „Затоа е правилно што земјите собрани овде, и многу други, придонесуваат со финансиски средства, хуманитарна помош, но и со обезбедување оружје што и е потребно на Украина за да се брани, рече Шолц. „Ќе прецизираме колку долго и интензивно е потребно за Украина да може да се одбрани“, додаде тој. Собирот, на кој учествуваат повеќе од 40 светски лидери, почна синоќа во Мадрид и трае до утре. паг/

The post НАТО: Зајакнувањето на силите во Источна Европа клучен приоритет на самитот во Мадрид appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Самитот на НАТО во Мадрид претставува уникатна можност за сите сојузници да ја покажат силата и сплотеноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-samitot-na-nato-vo-madrid-pretstavuva-unikatna-moznost-za-site-sojuznici-da-ja-pokazat-silata-i-splotenosta/ Wed, 29 Jun 2022 10:22:53 +0000 https://republika.mk/?p=521036

Самитот на НАТО во Мадрид претставува уникатна можност за сите сојузници да ја покажат силата и сплотеноста во однос на нашите тековни и идни задачи, изјави претседателот Стево Пендаровски пред официјалниот почеток на самитот.

Пендаровски, кој ја предводи делегацијата на Република Македонија во Мадрид, каде денеска официјално започна Самитот на НАТО, порача дека овој самит е посебен и според една друга специфика, односно, како што рече, никогаш во историјата на Алијансата од 1949 година не бил организиран самит во исто време додека се води војна на европскиот континент.

Можете да замислите дека војната во Украина, односно руската инвазија врз Украина ја диктира агендата на самитот, па така до крајот на овој ден, треба да го усвоиме новиот Стратегиски концепт кој во целост беше синхронизиран вчера од сите сојузници и, се разбира, би требало да го одобриме Меморандумот за разбирање договорен вчера и да ги поканиме двете нови земји да ѝ се приклучат на Алијансата што е можно поскоро откако сите протоколарни процедури се одобрени од сите сојузници. Мислам дека ова е вистинско време да покажеме дека постои зголемена солидарност и сплотеност во рамките на Алијансата и дека во целост ќе го поддржиме украинскиот народ во одбраната на нивната територија, слобода, во суштина борејќи се за демократските вредности и слободата за сите нас, изјави претседателот Пендаровски пред официјалниот почеток на самитот, се вели во соопштението од неговиот кабинет.

На свечениот пречек, шефовите на делегациите беа поздравени од страна на домаќинот, премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез и Генералниот секретар на НАТО Алијансата, Јенс Столтенберг.

Пендаровски, како што е најавено, денеска и утре ќе учествува на трите состаноци на Северноатлантскиот совет, што се одржуваат на ниво на шефови на држави и Влади.

На самитот во Мадрид, како што е најавено, се очекува да бидат адресирани актуелните безбедносни предизвици и се очекува да биде усвоен новиот Стратегиски концепт на НАТО Алијансата.

The post Пендаровски: Самитот на НАТО во Мадрид претставува уникатна можност за сите сојузници да ја покажат силата и сплотеноста appeared first on Република.

]]>

Самитот на НАТО во Мадрид претставува уникатна можност за сите сојузници да ја покажат силата и сплотеноста во однос на нашите тековни и идни задачи, изјави претседателот Стево Пендаровски пред официјалниот почеток на самитот. Пендаровски, кој ја предводи делегацијата на Република Македонија во Мадрид, каде денеска официјално започна Самитот на НАТО, порача дека овој самит е посебен и според една друга специфика, односно, како што рече, никогаш во историјата на Алијансата од 1949 година не бил организиран самит во исто време додека се води војна на европскиот континент.
Можете да замислите дека војната во Украина, односно руската инвазија врз Украина ја диктира агендата на самитот, па така до крајот на овој ден, треба да го усвоиме новиот Стратегиски концепт кој во целост беше синхронизиран вчера од сите сојузници и, се разбира, би требало да го одобриме Меморандумот за разбирање договорен вчера и да ги поканиме двете нови земји да ѝ се приклучат на Алијансата што е можно поскоро откако сите протоколарни процедури се одобрени од сите сојузници. Мислам дека ова е вистинско време да покажеме дека постои зголемена солидарност и сплотеност во рамките на Алијансата и дека во целост ќе го поддржиме украинскиот народ во одбраната на нивната територија, слобода, во суштина борејќи се за демократските вредности и слободата за сите нас, изјави претседателот Пендаровски пред официјалниот почеток на самитот, се вели во соопштението од неговиот кабинет.
На свечениот пречек, шефовите на делегациите беа поздравени од страна на домаќинот, премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез и Генералниот секретар на НАТО Алијансата, Јенс Столтенберг. Пендаровски, како што е најавено, денеска и утре ќе учествува на трите состаноци на Северноатлантскиот совет, што се одржуваат на ниво на шефови на држави и Влади. На самитот во Мадрид, како што е најавено, се очекува да бидат адресирани актуелните безбедносни предизвици и се очекува да биде усвоен новиот Стратегиски концепт на НАТО Алијансата.

The post Пендаровски: Самитот на НАТО во Мадрид претставува уникатна можност за сите сојузници да ја покажат силата и сплотеноста appeared first on Република.

]]>
Вакво беше менито за вечера на НАТО самитот во Кралската палата во Мадрид: Ова се сите јадења и пијалоци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vakvo-beshe-menito-za-vechera-na-nato-samitot-vo-kralskata-palata-vo-madrid-ova-se-site-jadenja-i-pijaloci/ Wed, 29 Jun 2022 08:47:58 +0000 https://republika.mk/?p=520975

Менито на свечената вечера што шпанскиот крал кралот Фелипе Шести и кралицата Летиција им ја понудија на лидерите на НАТО и нивните придружници учесници на Самитот на НАТО во Мадирд беше составена од коктел мезиња, главо јадење и десерт. За подготовката на вечерата беше задолжен славниот шпански шеф Пако Ронсеро.

Дон Фелипе и Доња Летиција беа домаќини на 58 гости, вклучително и претседателите на 30-те држави кои го сочинуваат НАТО, како и оние на осум други земји кои се поканети на самитот што се одржува во шпанската престолнина.

Предјадење

Мадридскиот готвач, Пако Ронсеро, кој беше задолжен за менито, ја отвори детално испланираната вечера со тринаесет мезиња. Списокот на предјадења вклучуваше сферични маслинки; бриош од црвена туна со стар сенф; цевиче од морска риба корвина со тигарско млеко; воздушно перниче бифтек; јастог со супа од масло и розов грејпфрут; омлет од ракчиња; маринирана сардина со сос ромеско; „застаклено“ говедско тако и раженчиња од димен лосос.

Има и крокети од ракчиња со лук; поховано пилешко со гвакамоле; бакалар и газпачо со масло од босилек.

Главно јадење и десерт

Главното јадење ќе биде ослиќ со мениер сос, тапиока и икра од пастрмка, додека за десерт Ронсеро подготви кокосова пена со мус од нане и тропско овошје.

Менито е придружено со црвено, бело и пенливо вино, како и вода.

The post Вакво беше менито за вечера на НАТО самитот во Кралската палата во Мадрид: Ова се сите јадења и пијалоци appeared first on Република.

]]>

Менито на свечената вечера што шпанскиот крал кралот Фелипе Шести и кралицата Летиција им ја понудија на лидерите на НАТО и нивните придружници учесници на Самитот на НАТО во Мадирд беше составена од коктел мезиња, главо јадење и десерт. За подготовката на вечерата беше задолжен славниот шпански шеф Пако Ронсеро. Дон Фелипе и Доња Летиција беа домаќини на 58 гости, вклучително и претседателите на 30-те држави кои го сочинуваат НАТО, како и оние на осум други земји кои се поканети на самитот што се одржува во шпанската престолнина.

Предјадење

Мадридскиот готвач, Пако Ронсеро, кој беше задолжен за менито, ја отвори детално испланираната вечера со тринаесет мезиња. Списокот на предјадења вклучуваше сферични маслинки; бриош од црвена туна со стар сенф; цевиче од морска риба корвина со тигарско млеко; воздушно перниче бифтек; јастог со супа од масло и розов грејпфрут; омлет од ракчиња; маринирана сардина со сос ромеско; „застаклено“ говедско тако и раженчиња од димен лосос. Има и крокети од ракчиња со лук; поховано пилешко со гвакамоле; бакалар и газпачо со масло од босилек.

Главно јадење и десерт

Главното јадење ќе биде ослиќ со мениер сос, тапиока и икра од пастрмка, додека за десерт Ронсеро подготви кокосова пена со мус од нане и тропско овошје. Менито е придружено со црвено, бело и пенливо вино, како и вода.  

The post Вакво беше менито за вечера на НАТО самитот во Кралската палата во Мадрид: Ова се сите јадења и пијалоци appeared first on Република.

]]>
Зеленски ќе учествува на НАТО самит кој ќе се одржи во Брисел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-kje-uchestvuva-na-nato-samit-koj-kje-se-odrzi-vo-brisel/ Tue, 22 Mar 2022 21:32:41 +0000 https://republika.mk/?p=476884

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре преку видео линк ќе биде дел од самит на НАТО за да разговара за војната со Русија, но точните детали се уште не се прецизирани, објави денеска агенцијата Интерфакс Украина цитирајќи го портпаролот на Зеленски.

Портпаролот Сергиј Никифоров рекол дека Зеленски ќе има видеообраќање на самитот, но и дека би можел да учествува во дискусиите, пренесе Ројтерс.

На самитот на НАТО ќе учествува и претседателот на САД, Џозеф Бајден, кој утре патува во Брисел.

The post Зеленски ќе учествува на НАТО самит кој ќе се одржи во Брисел appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре преку видео линк ќе биде дел од самит на НАТО за да разговара за војната со Русија, но точните детали се уште не се прецизирани, објави денеска агенцијата Интерфакс Украина цитирајќи го портпаролот на Зеленски. Портпаролот Сергиј Никифоров рекол дека Зеленски ќе има видеообраќање на самитот, но и дека би можел да учествува во дискусиите, пренесе Ројтерс. На самитот на НАТО ќе учествува и претседателот на САД, Џозеф Бајден, кој утре патува во Брисел.  

The post Зеленски ќе учествува на НАТО самит кој ќе се одржи во Брисел appeared first on Република.

]]>