нато бомбардирање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nato-bombardiranje/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Nov 2024 19:45:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нато бомбардирање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nato-bombardiranje/ 32 32 Kларк: Се гордеам со бомбардирањето на Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/klark-se-gordeam-so-bombardiraneto-na-srbija/ Thu, 14 Nov 2024 18:23:20 +0000 https://republika.mk/?p=837604

Пензионираниот американски генерал Весли Кларк за ABC News изјави дека Србија треба да го признае Косово и дека се гордее со бомбардирањето на Белград.

Kларк, кој во 1999 година беше на чело на силите на НАТО кои ја бомбардираа СРЈ, рече дека е горд на таа операција, која резултираше со мир во Косово.

Многу сум среќен што успеавме да донесеме мир и демократија на Косово. Покрај нас, имаше и голема група луѓе кои беа дел од оваа операција, голема оперативна група, бидејќи видовме дека се прави голем криминал и неправда, нечовечко постапување. Сакавме да престане, за луѓето во регионот да имаат мир и безбедност - тврди Кларк.

The post Kларк: Се гордеам со бомбардирањето на Србија appeared first on Република.

]]>

Пензионираниот американски генерал Весли Кларк за ABC News изјави дека Србија треба да го признае Косово и дека се гордее со бомбардирањето на Белград. Kларк, кој во 1999 година беше на чело на силите на НАТО кои ја бомбардираа СРЈ, рече дека е горд на таа операција, која резултираше со мир во Косово.
Многу сум среќен што успеавме да донесеме мир и демократија на Косово. Покрај нас, имаше и голема група луѓе кои беа дел од оваа операција, голема оперативна група, бидејќи видовме дека се прави голем криминал и неправда, нечовечко постапување. Сакавме да престане, за луѓето во регионот да имаат мир и безбедност - тврди Кларк.

The post Kларк: Се гордеам со бомбардирањето на Србија appeared first on Република.

]]>
Поранешен офицер на КФОР тврди: НАТО бомбардирањето на Србија не беше за мир туку мешање во суверинитетот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/poraneshen-ofitser-na-kfor-tvrdi-nato-bombardiraneto-na-srbija-ne-beshe-za-mir-tuku-meshane-vo-suverinitetot/ Tue, 20 Aug 2024 09:03:40 +0000 https://republika.mk/?p=808216

Поранешниот американски офицер на КФОР Стив Расел сведочеше на судењето на водачите на поранешната ОВК и во таа прилика ги потврди своите изјави дека, според него, мисијата на НАТО на Косово е мешање во суверенитетот на Србија, како и дека кампањата што НАТО ја водeше во врска со бомбардирањето на СР Југославија не била мирна, пренесува Репортерс.

Расел најчесто служел во областа Гњилане и зборуваше  за тамошните притворни центри во 1999 година.

Отидовме таму да ја имплементираме резолуцијата 1244, која е резултат на интервенција во суверенитетот на Србија во име на насилството предизвикано во покраината Косово и мислев дека во тој контекст се мешаме во суверенитетот на Србија со цел да ги ублажиме страдањата на луѓето во покраината Косово, вака би го објаснил“, рече тој.Расел.

Тој беше прашан и за изјавата дадена во Обвинителството во која рече дека воздушната кампања на НАТО нема мирна цел, туку да наметне резултат.

The post Поранешен офицер на КФОР тврди: НАТО бомбардирањето на Србија не беше за мир туку мешање во суверинитетот appeared first on Република.

]]>

Поранешниот американски офицер на КФОР Стив Расел сведочеше на судењето на водачите на поранешната ОВК и во таа прилика ги потврди своите изјави дека, според него, мисијата на НАТО на Косово е мешање во суверенитетот на Србија, како и дека кампањата што НАТО ја водeше во врска со бомбардирањето на СР Југославија не била мирна, пренесува Репортерс. Расел најчесто служел во областа Гњилане и зборуваше  за тамошните притворни центри во 1999 година.
Отидовме таму да ја имплементираме резолуцијата 1244, која е резултат на интервенција во суверенитетот на Србија во име на насилството предизвикано во покраината Косово и мислев дека во тој контекст се мешаме во суверенитетот на Србија со цел да ги ублажиме страдањата на луѓето во покраината Косово, вака би го објаснил“, рече тој.Расел.
Тој беше прашан и за изјавата дадена во Обвинителството во која рече дека воздушната кампања на НАТО нема мирна цел, туку да наметне резултат.

The post Поранешен офицер на КФОР тврди: НАТО бомбардирањето на Србија не беше за мир туку мешање во суверинитетот appeared first on Република.

]]>
Даку е роден на Косово, имаше само една година кога Македонците примија 360.000 албански бегалци https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/daku-e-roden-na-kosovo-imashe-samo-edna-godina-koga-makedontsite-primija-360-000-albanski-begaltsi/ Fri, 21 Jun 2024 10:05:10 +0000 https://republika.mk/?p=789489

Мирлинд Даку, фудбалерот на Албанија кој го навлече гневот на Македонците е роден на Косово на први јануари 1998 година.

Тој имаше само година и половина кога во 1999 година една од најтешките години за Македонија, кога земјата се соочи со наплив од 360.000 косовски бегалци, поради војната која беснееше во тогашната српска покраина.

Тогаш бегалците беа сместени на спортскиот аеродром Стенковец и државата беше ставена на колена поради големиот наплив на Косовци кои бегаа од НАТО бомбите.

Којзнае, може и Мирлинд со семејството бил дел од тие бегалци а сега ни возвраќа со навреди.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mnogu-ubavo-vie-od-shvedska-gi-sledite-nastanite-ama-jas-ke-vi-predlozham-neshto-konkretno/

The post Даку е роден на Косово, имаше само една година кога Македонците примија 360.000 албански бегалци appeared first on Република.

]]>

Мирлинд Даку, фудбалерот на Албанија кој го навлече гневот на Македонците е роден на Косово на први јануари 1998 година. Тој имаше само година и половина кога во 1999 година една од најтешките години за Македонија, кога земјата се соочи со наплив од 360.000 косовски бегалци, поради војната која беснееше во тогашната српска покраина. Тогаш бегалците беа сместени на спортскиот аеродром Стенковец и државата беше ставена на колена поради големиот наплив на Косовци кои бегаа од НАТО бомбите. Којзнае, може и Мирлинд со семејството бил дел од тие бегалци а сега ни возвраќа со навреди.   https://republika.mk/vesti/makedonija/mnogu-ubavo-vie-od-shvedska-gi-sledite-nastanite-ama-jas-ke-vi-predlozham-neshto-konkretno/  

The post Даку е роден на Косово, имаше само една година кога Македонците примија 360.000 албански бегалци appeared first on Република.

]]>
Tajна чувана 25 години: Рускиот патријарх Кирил бил во Белград за време на бомбардирањето https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tajna-chuvana-25-godini-ruskiot-patrijarh-kiril-bil-vo-belgrad-za-vreme-na-bombardiraneto/ Sat, 30 Mar 2024 20:25:18 +0000 https://republika.mk/?p=760232

Рускиот патријарх Кирил реши да открие една тајна што ја чувал за себе од 1999 година а се однесува на НАТО бомбардирањето на Србија.

 Тогаш бев во Белград и со свои очи ги видов овие бомбашки напади. Останав во хотел кој беше над центарот на градот и можев да видам се од терасата на хотелот. Никогаш нема да го заборавам чувството на чудење, кога гледате како ракети летаат, паѓаат врз мирен град, експлодираат и почнува пожар“, рече патријархот.

The post Tajна чувана 25 години: Рускиот патријарх Кирил бил во Белград за време на бомбардирањето appeared first on Република.

Франција не сакаше во Советот на безбедност на ОН да се расправа за НАТО бомбардирањето на Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/frantsija-ne-sakashe-vo-sovetot-na-bezbednost-na-on-da-se-rasprava-za-nato-bombardiraneto-na-srbija/ Mon, 25 Mar 2024 21:01:29 +0000 https://republika.mk/?p=758717

Советот за безбедност на Обединетите нации, со жестоко противење од Русија, ја отфрли расправата за 25 годишницата од почетокот на НАТО бомбардирањето на СР Југославија, откако за дневниот ред не гласаа доволен број амбасадори на земјите членки, јави дописникот на МИА од Белград.

-Тројца членови на Советот за безбедност гласаа за предлогот за дискусија, предложен од Русија, додека останатите 12 беа воздржани, соопшти РТС, додавајќи дека на гласањето му претходела долга дискусија меѓу амбасадорите на Русија и Франција, Василиј Небензја и Николас де Ривиер, кои искажаа спротивставени ставови за потребата пред ова тело да се разговара за бомбардирањето на НАТО во 1999 година на СРЈ.

-Русија ова го предложи без консултации со Србија, која беше ставена пред свршен чин. Им кажав на српските дипломати дека ваква седница нема да се одржи... Го поканувам претставникот на Руската Федерација, да речеме, утре да одржи ваква расправа во арија формат, рече францускиот амбасадор.

„Арија формула“ е неформален формат на состаноци на Советот за безбедност, создаден за време на војните во поранешна Југославија, кој не претпоставува редовни процедури и присуство на сите земји-членки на ова тело.

Рускиот амбасадор кажа дека е јасно оти одреден број земји-членки се противат на таква дискусија, оти „НАТО агресијата започна под лажен изговор“, поради што ова прашање „не е поврзано со историјата, туку со работите што се случуваат во Косово дури и сега".

Небезја изјави дека овој состанок е во програмата за работа за март, која е достапна за сите, но дека Франција дури денеска ја доведе во прашање оваа точка на дневниот ред.

-Историјата треба да ја оставиме на историчарите, а правдата на трибуналите... Треба внимателно да го користиме времето на овој совет, рече францускиот амбасадор, пренесува РТС.

Претседателот на Советот за безбедност, јапонскиот амбасадор, рече дека за „рускиот предлог-да се одржи брифинг за ова прашање подоцна денеска ќе се одлучува дополнително“.

На почетокот на март Русија предложи одржување на седница на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на 25-годишнината од НАТО бомбардирањето на Сојузна Република Југославија, а Јапонија како претседавач со Советот за безбедност ја поддржа таа иницијатива и ја закажа седницата

The post Франција не сакаше во Советот на безбедност на ОН да се расправа за НАТО бомбардирањето на Србија appeared first on Република.

]]>

Советот за безбедност на Обединетите нации, со жестоко противење од Русија, ја отфрли расправата за 25 годишницата од почетокот на НАТО бомбардирањето на СР Југославија, откако за дневниот ред не гласаа доволен број амбасадори на земјите членки, јави дописникот на МИА од Белград.
-Тројца членови на Советот за безбедност гласаа за предлогот за дискусија, предложен од Русија, додека останатите 12 беа воздржани, соопшти РТС, додавајќи дека на гласањето му претходела долга дискусија меѓу амбасадорите на Русија и Франција, Василиј Небензја и Николас де Ривиер, кои искажаа спротивставени ставови за потребата пред ова тело да се разговара за бомбардирањето на НАТО во 1999 година на СРЈ. -Русија ова го предложи без консултации со Србија, која беше ставена пред свршен чин. Им кажав на српските дипломати дека ваква седница нема да се одржи... Го поканувам претставникот на Руската Федерација, да речеме, утре да одржи ваква расправа во арија формат, рече францускиот амбасадор.
„Арија формула“ е неформален формат на состаноци на Советот за безбедност, создаден за време на војните во поранешна Југославија, кој не претпоставува редовни процедури и присуство на сите земји-членки на ова тело. Рускиот амбасадор кажа дека е јасно оти одреден број земји-членки се противат на таква дискусија, оти „НАТО агресијата започна под лажен изговор“, поради што ова прашање „не е поврзано со историјата, туку со работите што се случуваат во Косово дури и сега". Небезја изјави дека овој состанок е во програмата за работа за март, која е достапна за сите, но дека Франција дури денеска ја доведе во прашање оваа точка на дневниот ред.
-Историјата треба да ја оставиме на историчарите, а правдата на трибуналите... Треба внимателно да го користиме времето на овој совет, рече францускиот амбасадор, пренесува РТС.
Претседателот на Советот за безбедност, јапонскиот амбасадор, рече дека за „рускиот предлог-да се одржи брифинг за ова прашање подоцна денеска ќе се одлучува дополнително“. На почетокот на март Русија предложи одржување на седница на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на 25-годишнината од НАТО бомбардирањето на Сојузна Република Југославија, а Јапонија како претседавач со Советот за безбедност ја поддржа таа иницијатива и ја закажа седницата

The post Франција не сакаше во Советот на безбедност на ОН да се расправа за НАТО бомбардирањето на Србија appeared first on Република.

]]>
НАТО бомбардирањето на Југославија ја загадило и Македонија, покажува „изгубен” извештај на Советот на Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nato-bombardiraneto-na-jugoslavija-ja-zagadilo-i-makedonija-pokazhuva-izguben-izveshtaj-na-sovetot-na-evropa/ Fri, 28 Apr 2023 08:12:01 +0000 https://republika.mk/?p=634845

Пратеничката на Српската напредна партија, Марина Рагуш, обелодени досега непознат извештај на Советот на Европа (СЕ), во кој, покрај страшните последици од нападите на НАТО врз Србија, се посочува и дека бомбардирањето на СРЈ во 1999 година загадило и седум европски земји.

Станува збор за извештај на СЕ, кој бил усвоен од Парламентарното собрание на Советот на Европа на 24 јануари 2001 година, но кој, од непознати причини, останал непознат цели 23 години.

Во него се наведуваат сериозните последици од воените дејства на НАТО врз животната средина не само во Србија туку и во земјите на Југоисточна Европа – Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Унгарија, Романија и Украина.

Собранието со загриженост го констатира сериозното влијание врз животната средина на воените операции извршени од НАТО против СРЈ во периодот од 24 март до 5 јуни 1999 година, а штетите се прошириле и во неколку други земји во Југоисточна Европа и ќе имаат долгорочни ефекти врз здравјето и квалитетот на животот на луѓето“, се наведува во извештајот за влијанието на војната во СРЈ врз животната средина во Југоисточна Европа.

Рагуш вели дека околните земји го повикале СЕ да направи анализа бидејќи утврдиле дека нивото на штетни материи опасни за животот на сите живи организми е многукратно зголемено. Утврдено е дека преносот на загадувачите по воздушен, речен и копнен пат ја зафатил цела Југоисточна Европа.

Напорите на воздушните сили на НАТО да ги уништат индустриските локации и инфраструктурата предизвикаа опасните материи да ги загадат воздухот, водата и копното. Овие супстанции ќе имаат трајно влијание врз здравјето и квалитетот на животот на луѓето од засегнатите земји. Конкретно, употребата на муниција со осиромашен ураниум, веројатно, ќе ја зголеми појавата на рак и вродени болести меѓу жителите на погодените области, како и меѓу членовите на вооружените сили што служат во овие области“, се наведува во извештајот.

Во него исто така се посочува дека бомбардирањето на еколошки опасните објекти претставува „флагрантно кршење на правилата за заштита на животната средина утврдени со дополнителниот протокол на Женевската конвенција“.

Вкупното количество убојни средства што ги употребил НАТО се проценува на 22.000 до 79.000 тони, со кои биле погодени 78 индустриски локации и 42 енергетски инсталации, но и најмалку 13 национални паркови и природни резервати, како Тара, Копаоник, Фрушка Гора и Шар Планина.

Според извештајот, бомбардирањето ги изложило екосистемите, површинските води, подземните води, земјата и воздухот на Балканот на невидена контаминација со повеќе од сто токсични материи.

Посебен дел од извештајот е посветен на употребата на осиромашен ураниум. НАТО потврди дека употребил околу 31.000 бојни глави со вкупно оптоварување од 10 тони осиромашен ураниум.

Честичките ураниум оксид, кои се ослободуваат по експлозијата, се разнесуваат со помош на ветрот и се таложат на почвата и вегетацијата. Клучниот проблем е што овие честички е невозможно да се неутрализираат или да се отстранат.

Покрај радиоактивните ефекти, ураниумот е многу токсичен и силен канцероген и мутаген, ги уништува хромозомите и предизвикува сериозни нарушувања во репродуктивниот систем.

Беше многу предвидливо дека воената акција ќе има сериозни еколошки последици, кои станаа сосем очигледни уште од самиот почеток, така што може да се претпостави дека еколошката штета предизвикана од НАТО била намерна“, се наведува во извештајот.

Во извештајот на СЕ се наведува и дека до слични податоци дошле и експертите на ОН, кои составиле свој, исто така многу добро документиран извештај.

The post НАТО бомбардирањето на Југославија ја загадило и Македонија, покажува „изгубен” извештај на Советот на Европа appeared first on Република.

]]>

Пратеничката на Српската напредна партија, Марина Рагуш, обелодени досега непознат извештај на Советот на Европа (СЕ), во кој, покрај страшните последици од нападите на НАТО врз Србија, се посочува и дека бомбардирањето на СРЈ во 1999 година загадило и седум европски земји. Станува збор за извештај на СЕ, кој бил усвоен од Парламентарното собрание на Советот на Европа на 24 јануари 2001 година, но кој, од непознати причини, останал непознат цели 23 години. Во него се наведуваат сериозните последици од воените дејства на НАТО врз животната средина не само во Србија туку и во земјите на Југоисточна Европа – Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Унгарија, Романија и Украина.
Собранието со загриженост го констатира сериозното влијание врз животната средина на воените операции извршени од НАТО против СРЈ во периодот од 24 март до 5 јуни 1999 година, а штетите се прошириле и во неколку други земји во Југоисточна Европа и ќе имаат долгорочни ефекти врз здравјето и квалитетот на животот на луѓето“, се наведува во извештајот за влијанието на војната во СРЈ врз животната средина во Југоисточна Европа.
Рагуш вели дека околните земји го повикале СЕ да направи анализа бидејќи утврдиле дека нивото на штетни материи опасни за животот на сите живи организми е многукратно зголемено. Утврдено е дека преносот на загадувачите по воздушен, речен и копнен пат ја зафатил цела Југоисточна Европа.
Напорите на воздушните сили на НАТО да ги уништат индустриските локации и инфраструктурата предизвикаа опасните материи да ги загадат воздухот, водата и копното. Овие супстанции ќе имаат трајно влијание врз здравјето и квалитетот на животот на луѓето од засегнатите земји. Конкретно, употребата на муниција со осиромашен ураниум, веројатно, ќе ја зголеми појавата на рак и вродени болести меѓу жителите на погодените области, како и меѓу членовите на вооружените сили што служат во овие области“, се наведува во извештајот.
Во него исто така се посочува дека бомбардирањето на еколошки опасните објекти претставува „флагрантно кршење на правилата за заштита на животната средина утврдени со дополнителниот протокол на Женевската конвенција“. Вкупното количество убојни средства што ги употребил НАТО се проценува на 22.000 до 79.000 тони, со кои биле погодени 78 индустриски локации и 42 енергетски инсталации, но и најмалку 13 национални паркови и природни резервати, како Тара, Копаоник, Фрушка Гора и Шар Планина. Според извештајот, бомбардирањето ги изложило екосистемите, површинските води, подземните води, земјата и воздухот на Балканот на невидена контаминација со повеќе од сто токсични материи. Посебен дел од извештајот е посветен на употребата на осиромашен ураниум. НАТО потврди дека употребил околу 31.000 бојни глави со вкупно оптоварување од 10 тони осиромашен ураниум. Честичките ураниум оксид, кои се ослободуваат по експлозијата, се разнесуваат со помош на ветрот и се таложат на почвата и вегетацијата. Клучниот проблем е што овие честички е невозможно да се неутрализираат или да се отстранат. Покрај радиоактивните ефекти, ураниумот е многу токсичен и силен канцероген и мутаген, ги уништува хромозомите и предизвикува сериозни нарушувања во репродуктивниот систем.
Беше многу предвидливо дека воената акција ќе има сериозни еколошки последици, кои станаа сосем очигледни уште од самиот почеток, така што може да се претпостави дека еколошката штета предизвикана од НАТО била намерна“, се наведува во извештајот.
Во извештајот на СЕ се наведува и дека до слични податоци дошле и експертите на ОН, кои составиле свој, исто така многу добро документиран извештај.

The post НАТО бомбардирањето на Југославија ја загадило и Македонија, покажува „изгубен” извештај на Советот на Европа appeared first on Република.

]]>
„Српскиот народ не треба да заборави, но е доволно силен да ги остави настрана своите негодувања“ рече Хил на годишнината од НАТО бомбардирањето https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srpskiot-narod-ne-treba-da-zaboravi-no-e-dovolno-silen-da-gi-ostavi-nastrana-svoite-negoduvana-reche-hil-na-godishninata-od-nato-bombardiraneto/ Fri, 24 Mar 2023 13:44:48 +0000 https://republika.mk/?p=623252

Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, по повод годишнината од бомбардирањето на НАТО, рече дека знае оти српскиот народ никогаш нема да ја стави настрана својата тага, но верува дека има доволно сила да ја потисне горчината.

Го посветив својот живот на дипломатијата – изнаоѓање дипломатски решенија за навидум нерешливи проблеми. За време на мојата дипломатска кариера научив дека дипломатијата понекогаш знае да потфрли. Кога тоа се случува, последиците може да бидат трагични. Сакам да упатам искрено сочувство до семејствата од оние кои загинаа во војните во 1990-тите, вклучително и во бомбардирањето на НАТО. Знам дека српскиот народ никогаш нема да го заборави тоа страшно време, ниту треба да го заборави. Српскиот народ никогаш нема да ја остави настрана својата тага, но верувам дека е доволно силен да ги остави настрана своите негодувања, напиша Хил на Твитер.

Тој посочи дека е непоколеблива посветеноста на Соединетите Американски Држави за партнерството со Србија, како и посветеноста на дипломатијата.

Заедно можеме да изградиме подобра иднина каква што заслужува и сака народот на Србија за идните генерации, посочува Хил.

The post „Српскиот народ не треба да заборави, но е доволно силен да ги остави настрана своите негодувања“ рече Хил на годишнината од НАТО бомбардирањето appeared first on Република.

Дали е ова најтрогателното видео од НАТО бомбардирањето на Србија? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dali-e-ova-najtrogatelnoto-video-od-nato-bombardiraneto-na-srbija/ Fri, 24 Mar 2023 11:21:25 +0000 https://republika.mk/?p=623180

Денеска се навршуваат 24 години од НАТО бомбардирањето на Сојузна Република Југославија, а на Инстаграм веќе неколку години кружи видео кое најсликовито го прикажува целиот ужас.

Уништени мостови, срамнети со земја институции и значајни државни објекти,  касарни и единиците за воздушна одбрана на Армијата на СРЈ и во Батајница, Младеновац, Приштина и други места.

Веќе неколку години на Инстаграм кружи видео кое најсликовито ја опишува трагедијата на српскиот народ.  „Да не се  заборави“.

The post Дали е ова најтрогателното видео од НАТО бомбардирањето на Србија? appeared first on Република.

]]>

Денеска се навршуваат 24 години од НАТО бомбардирањето на Сојузна Република Југославија, а на Инстаграм веќе неколку години кружи видео кое најсликовито го прикажува целиот ужас. Уништени мостови, срамнети со земја институции и значајни државни објекти,  касарни и единиците за воздушна одбрана на Армијата на СРЈ и во Батајница, Младеновац, Приштина и други места. Веќе неколку години на Инстаграм кружи видео кое најсликовито ја опишува трагедијата на српскиот народ.  „Да не се  заборави“.

The post Дали е ова најтрогателното видео од НАТО бомбардирањето на Србија? appeared first on Република.

]]>
НАТО пилотот кој уривал српски цркви во бомбардирањето завршил со психички проблеми https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nato-pilotot-koj-rushel-srpski-tsrkvi-vo-bombardiraneto-zavrshil-so-psihichki-problemi/ Fri, 03 Feb 2023 11:37:21 +0000 https://republika.mk/?p=604281

Американскиот пилот полковник Мајк Петрука, кој учествуваше во бомбардирањето на Југославија во 1999 година, потврди дека цел на НАТО била населбата Дуваниште во Ниш, кога од чиста среќа никој не загинал.

Во поткастот „Десет проценти од вистината - приказни од пилотската кабина“, Петрука, меѓу другото, зборуваше за тоа како НАТО не гаѓал само воени цели, туку и цивилни, и дека пилотите морале да се заштитат од контроверзните наредби, што тој, како што тврди, некогаш го правел.

На картата имаше само нацртан правоаголник во кој требаше да фрлиме бомби без конкретна воена цел. Се јавив во центарот за операции за да се уверам дека се сигурни дека е валидна цел. Ми кажаа дека самиот генерал Мајкл Шорт, командувајќи ги сите воздушни сили на НАТО за напади врз Југославија, ја потпишал наредбата. Им кажав на другите екипажи во мојот ескадрил дека не треба да ја извршуваат мисијата освен ако не се убедени дека тоа е воена цел. Се договоривме бомбите да се фрлаат во дадениот правоаголник, но во шума, надвор од цивилната населба - вели Петрука.

Така беше. При приближувањето кон целта виделе дека целната точка е на две православни цркви. Екипите се согласија да ги фрлат касетните бомби на договорената ненаселена локација во шумата. Сепак, следниот ден нивните колеги не беа толку меко срце, па мисијата беше остварена.

Тој пилот, кој ги испука проектилите, по војната имаше психички проблеми и загина во пад на мал цивилен авион – вели Петрука.

The post НАТО пилотот кој уривал српски цркви во бомбардирањето завршил со психички проблеми appeared first on Република.

]]>

Американскиот пилот полковник Мајк Петрука, кој учествуваше во бомбардирањето на Југославија во 1999 година, потврди дека цел на НАТО била населбата Дуваниште во Ниш, кога од чиста среќа никој не загинал. Во поткастот „Десет проценти од вистината - приказни од пилотската кабина“, Петрука, меѓу другото, зборуваше за тоа како НАТО не гаѓал само воени цели, туку и цивилни, и дека пилотите морале да се заштитат од контроверзните наредби, што тој, како што тврди, некогаш го правел.
На картата имаше само нацртан правоаголник во кој требаше да фрлиме бомби без конкретна воена цел. Се јавив во центарот за операции за да се уверам дека се сигурни дека е валидна цел. Ми кажаа дека самиот генерал Мајкл Шорт, командувајќи ги сите воздушни сили на НАТО за напади врз Југославија, ја потпишал наредбата. Им кажав на другите екипажи во мојот ескадрил дека не треба да ја извршуваат мисијата освен ако не се убедени дека тоа е воена цел. Се договоривме бомбите да се фрлаат во дадениот правоаголник, но во шума, надвор од цивилната населба - вели Петрука.
Така беше. При приближувањето кон целта виделе дека целната точка е на две православни цркви. Екипите се согласија да ги фрлат касетните бомби на договорената ненаселена локација во шумата. Сепак, следниот ден нивните колеги не беа толку меко срце, па мисијата беше остварена.
Тој пилот, кој ги испука проектилите, по војната имаше психички проблеми и загина во пад на мал цивилен авион – вели Петрука.

The post НАТО пилотот кој уривал српски цркви во бомбардирањето завршил со психички проблеми appeared first on Република.

]]>
Хил во Белград: Изненаден сум што уште секој ден се споменува бомбардирањето од 1999 година, мора да гледате напред! https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hil-vo-belgrad-iznenaden-sum-shto-ushte-sekoj-den-se-spomenuva-bombardiraneto-od-1999-godina-mora-da-gledate-napred/ Sat, 21 Jan 2023 08:44:16 +0000 https://republika.mk/?p=599268

Кога дојдов овде минатиот март, бев изненаден што сè уште секој ден имаше по некој потсетник за 1999 година... Мора да гледате напред, изјави американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил. Во интервју за „Неделник“, Хил зборуваше за младоста која ја поминал во Белград, но ги сподели и впечатоците од Србија откако се врати како американски амбасадор.

За мене најголемото разочарување беше тоа што мислев дека работите за кои мислев дека се решени одамна, сè уште се свежи во главите на луѓето. Бев изненаден, кога дојдов овде минатиот март, што секој ден имаше по некој потсетник за 1999 година. На државите, исто како и на луѓето, им е потребна издржливост, но и да завршат со некои работи за да можат да продолжат понатаму, вели Хил.

Тој ја спореди оваа ситуација со пријателска расправија.

Тоа е како кога разговарате со пријател, но тој постојано се навраќа на некоја расправија што се случила одамна. Така е и во животот на државата. Мора да гледате напред, но во исто време е непристојно да му го кажувате тоа на вашиот пријател и на луѓето. Не сум тука да велам: „Заборавете на тоа“. Ако не е заборавено, тогаш веројатно има причина, сликовито опиша американскиот дипломат во Србија.

The post Хил во Белград: Изненаден сум што уште секој ден се споменува бомбардирањето од 1999 година, мора да гледате напред! appeared first on Република.

Захарова: Што е полошо од бомбардирање на Белград со осиромашен ураниум? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zaharova-shto-e-polosho-od-bombardiranje-na-belgrad-so-osiromashen-uranium/ Tue, 10 May 2022 08:10:48 +0000 https://republika.mk/?p=500231

Што е полошо од бомбардирањето на Белград со осиромашен ураниум, земјата се труе многу години, праша портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова во интервју за АТВ на Бања Лука.

Таа потсети дека не се убиени само Срби, дека загинале и војници на НАТО, главно Италијанци, кои долги години не можат да добијат отштета.

Никој ништо не им кажал, а потоа се разболеле од онколошки заболувања, рече Захарова.

Таа додаде дека поради бомбардирањето со осиромашен ураниум се раѓаат болни деца, дека храната и земјиштето се заразени.

И нема плачење од јавноста, јавни бунтови на правни организации, кои би дале грантови од Европската Унија за да се решат овие или оние проблеми, како да се исплати отштета на луѓето, како да се третираат луѓето и слично. Ниту една „Анџелина Џоли“ не лета за Белград и не ги држи за рака децата кои се раѓаат болни бидејќи нивните родители биле отруени, рече Захарова, пренесе Телеграф.

The post Захарова: Што е полошо од бомбардирање на Белград со осиромашен ураниум? appeared first on Република.

]]>

Што е полошо од бомбардирањето на Белград со осиромашен ураниум, земјата се труе многу години, праша портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова во интервју за АТВ на Бања Лука. Таа потсети дека не се убиени само Срби, дека загинале и војници на НАТО, главно Италијанци, кои долги години не можат да добијат отштета.
Никој ништо не им кажал, а потоа се разболеле од онколошки заболувања, рече Захарова.
Таа додаде дека поради бомбардирањето со осиромашен ураниум се раѓаат болни деца, дека храната и земјиштето се заразени.
И нема плачење од јавноста, јавни бунтови на правни организации, кои би дале грантови од Европската Унија за да се решат овие или оние проблеми, како да се исплати отштета на луѓето, како да се третираат луѓето и слично. Ниту една „Анџелина Џоли“ не лета за Белград и не ги држи за рака децата кои се раѓаат болни бидејќи нивните родители биле отруени, рече Захарова, пренесе Телеграф.

The post Захарова: Што е полошо од бомбардирање на Белград со осиромашен ураниум? appeared first on Република.

]]>
Белград ќе е бомбардиран ко во 1999 ако српски војник згане на косовска земја, се фали Харадинај https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/belgrad-kje-e-bombardiran-ko-vo-1999-ako-srpski-vojnik-zgane-na-kosovska-zemja-se-fali-haradinaj/ Thu, 10 Mar 2022 09:28:39 +0000 https://republika.mk/?p=470472

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово Рамуш Харадинај рече дека знае дека Американците не дозволуваат ниту еден српски војник да влезе на територијата на Косово зошто ако нешто слично се случи Белград ќе биде бомбардиран како во 1999 година.

Српското раководство многу добро го знае тоа. Ако некој српски офицер помине на територијата на Косово, ќе биде бомбардиран Белград, а не некоја друга територија. Доколку тоа се случеше, тогаш целиот свет ќе знаеше дека Вучиќ тоа го прави во служба на Русија. Ако немаат можност да најдат решение за Русија, Западот е прилично добар во изнаоѓање решение за Србија, како што тоа го направи уште еднаш во 1999 година, изјави Харадинај на РТВ Дукаѓини.

Тој додаде дека Србија знае дека Косово е подрачје на одговорност на Америка, Велика Британија и други, додека за Русија рече дека има влијание во некои делови на Балканот, но дека на Косово воопшто нема.

Вучиќ и Србија во овој момент немаат храброст да интервенираат на север поради меѓународната гаранција, рече Харадинај.

The post Белград ќе е бомбардиран ко во 1999 ако српски војник згане на косовска земја, се фали Харадинај appeared first on Република.

Вучиќ: Ќе ја осудам Русија кога Зеленски ќе ја осуди НАТО агресијата врз Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-kje-ja-osudam-rusija-koga-zelenski-kje-ja-osudi-nato-agresijata-vrz-srbija/ Tue, 22 Feb 2022 21:51:57 +0000 https://republika.mk/?p=462209

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Монако изјави дека „ќе го осуди признавањето на независноста на сепаратистичките региони во источна Украина кога претседателот на таа земја, Володимир Зеленски, на телевизија ја осуди агресијата на НАТО врз Србија во 1999 година.

Тој ова го изјави како одговор на изјавата на амбасадорот на Украина во Србија, Олександар Александрович, „дека Украина и украинскиот народ очекуваат Србија да го осуди вчерашниот потег на Русија да ја признае независноста на Донбас“.

Ние сме мала земја и не сакаме да се лишиме од можноста да продолжиме со пријателствата со некои, а на ниту еден начин не одлучуваме за судбината на Украина. Но, ако тоа е веќе така, го повикувам г-дин Александрович да го повика претседателот на неговата земја, г. Зеленски, и да го замоли вечерва на телевизија да ја осуди ужасната и трагична агресија врз Србија од страна на САД, Британија, Германија и други земји Штом го направи тоа, со задоволство ќе го прифатам повикот и ќе одговорам на неговите барања, изјави Вучиќ за ТВ Пинк од Монако.

Вучиќ повтори дека политиката на Србија е воена неутралност, но дека српската политика не е неутрална и дека нема да се откаже од традиционалните пријателства.

Србија секогаш го поддржуваше интегритетот на Украина и немаше никакви промени, додаде тој.

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот ја призна независноста на Доњецк и Луганск и потпиша со нив „договори за пријателство и взаемна помош“, а потоа и нареди на руската армија да го „чува мирот“ на тие територии.

The post Вучиќ: Ќе ја осудам Русија кога Зеленски ќе ја осуди НАТО агресијата врз Србија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Монако изјави дека „ќе го осуди признавањето на независноста на сепаратистичките региони во источна Украина кога претседателот на таа земја, Володимир Зеленски, на телевизија ја осуди агресијата на НАТО врз Србија во 1999 година. Тој ова го изјави како одговор на изјавата на амбасадорот на Украина во Србија, Олександар Александрович, „дека Украина и украинскиот народ очекуваат Србија да го осуди вчерашниот потег на Русија да ја признае независноста на Донбас“.