наташа пирц Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/natasha-pirc/ За подобро да се разбереме Mon, 14 Nov 2022 07:12:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png наташа пирц Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/natasha-pirc/ 32 32 Пирц Мусар: Ќе се борам за основните човекови права, уставните права и демократијата во Словенија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pirc-musar-kje-se-boram-za-osnovnite-chovekovi-prava-ustavnite-prava-i-demokratijata-vo-slovenija/ Mon, 14 Nov 2022 07:12:20 +0000 https://republika.mk/?p=573455

Независната кандидатка Наташа Пирц Мусар победи на претседателските избори во Словенија во неделата, со што стана првата жена претседател во историјата на земјата, откако во вториот круг од изборите освои околу 54 отсто од гласовите, додека противникот Анже Логар доби поддршка од околу 46 отсто од гласачите, јави словенечката агенција СТА.

Пирц Мусар, поранешна новинарка и адвокатка специјализирана за заштита на лични податоци, која ја бранеше и Меланија Трамп, рече дека гласачите на демократските избори кажале каква Словенија сакаат.

Таа најави дека ќе се бори за основните човекови права, уставните права и демократијата и им се заблагодари на гласачите кои излегоа на гласање, а особено на оние кои гласаа за неа. Исто така, му честиташе и на противкандидатот Логар и му посака многу среќа понатаму.

„Ќе дадам се од себе за вистински да бидам претседател на сите, да се борам за основните човекови права, уставните права и демократијата. Ќе дадам се од себе да се обединиме во политиката околу стратешките прашања“, рече Пирц Мусар.

Таа додаде дека се залага за квалитетно јавно здравје, како и социјална и секаква друга сигурност.

„Колку е човек побезбеден, ќе има помалку сиромашни луѓе, помалку социјални проблеми, помалку криминал во нашата земја. Сакам Словенија да стане земја во која старите ќе бидат згрижени, каде што младите луѓе ќе сакаат да останат. Сакам Словенија каде што ќе бидеме посвесни дека нè очекуваат тешки времиња поради климатските промени“, рече Пирц Мусар.

Поранешниот словенечки министер за надворешни работи Логар (46), кандидат на опозициската СДС на Јанез Јанша, во изјава за медиумите и честиташе на новата претседателка, повикувајќи ја да биде претседател на сите граѓани.

„Тоа на Словенија ѝ треба сега повеќе од кога било досега“, рече тој и додаде дека двајцата имаат различни ставови за некои прашања, но дека „во интерес на сите граѓани е да има добар претседател“.

Наташа Пирц Мусар ја поддржаа симпатизерите на сите три партии од владејачката коалиција (Движење за слобода, Социјалдемократи – СД и Левица), но и неопределени гласачи.

Логар во првиот круг од претседателските избори пред три недели доби најмногу гласови. За него гласаа 33,95 отсто од гласачите, додека за Пирц Мусар 26,88 отсто.

И двајцата кандидати го поддржуваат влезот на Хрватска во Шенген зоната, но и спроведувањето на одлуката на арбитражниот суд за границата, која ја сметаат за валидна, а Хрватска е контаминирана поради мешањето на словенечки судија во постапката.

Освен двајцата, за претседателската функција на Словенија конкурираа уште петмина кандидати – Милан Брглез, Јанез Циглер Краљ, Миха Кордиш, Владимир Пребилич и Сабина Сенчар.

Овие претседателски избори се седми во историјата на независна Словенија. Милан Кучан беше претседател во два петгодишни мандати, по него со Словенија претседаваа Јанез Дрновшек и Данило Тирк, а потоа во два мандата Борут Пахор.

The post Пирц Мусар: Ќе се борам за основните човекови права, уставните права и демократијата во Словенија appeared first on Република.

]]>

Независната кандидатка Наташа Пирц Мусар победи на претседателските избори во Словенија во неделата, со што стана првата жена претседател во историјата на земјата, откако во вториот круг од изборите освои околу 54 отсто од гласовите, додека противникот Анже Логар доби поддршка од околу 46 отсто од гласачите, јави словенечката агенција СТА. Пирц Мусар, поранешна новинарка и адвокатка специјализирана за заштита на лични податоци, која ја бранеше и Меланија Трамп, рече дека гласачите на демократските избори кажале каква Словенија сакаат. Таа најави дека ќе се бори за основните човекови права, уставните права и демократијата и им се заблагодари на гласачите кои излегоа на гласање, а особено на оние кои гласаа за неа. Исто така, му честиташе и на противкандидатот Логар и му посака многу среќа понатаму.
„Ќе дадам се од себе за вистински да бидам претседател на сите, да се борам за основните човекови права, уставните права и демократијата. Ќе дадам се од себе да се обединиме во политиката околу стратешките прашања“, рече Пирц Мусар.
Таа додаде дека се залага за квалитетно јавно здравје, како и социјална и секаква друга сигурност.
„Колку е човек побезбеден, ќе има помалку сиромашни луѓе, помалку социјални проблеми, помалку криминал во нашата земја. Сакам Словенија да стане земја во која старите ќе бидат згрижени, каде што младите луѓе ќе сакаат да останат. Сакам Словенија каде што ќе бидеме посвесни дека нè очекуваат тешки времиња поради климатските промени“, рече Пирц Мусар.
Поранешниот словенечки министер за надворешни работи Логар (46), кандидат на опозициската СДС на Јанез Јанша, во изјава за медиумите и честиташе на новата претседателка, повикувајќи ја да биде претседател на сите граѓани.
„Тоа на Словенија ѝ треба сега повеќе од кога било досега“, рече тој и додаде дека двајцата имаат различни ставови за некои прашања, но дека „во интерес на сите граѓани е да има добар претседател“.
Наташа Пирц Мусар ја поддржаа симпатизерите на сите три партии од владејачката коалиција (Движење за слобода, Социјалдемократи – СД и Левица), но и неопределени гласачи. Логар во првиот круг од претседателските избори пред три недели доби најмногу гласови. За него гласаа 33,95 отсто од гласачите, додека за Пирц Мусар 26,88 отсто. И двајцата кандидати го поддржуваат влезот на Хрватска во Шенген зоната, но и спроведувањето на одлуката на арбитражниот суд за границата, која ја сметаат за валидна, а Хрватска е контаминирана поради мешањето на словенечки судија во постапката. Освен двајцата, за претседателската функција на Словенија конкурираа уште петмина кандидати – Милан Брглез, Јанез Циглер Краљ, Миха Кордиш, Владимир Пребилич и Сабина Сенчар. Овие претседателски избори се седми во историјата на независна Словенија. Милан Кучан беше претседател во два петгодишни мандати, по него со Словенија претседаваа Јанез Дрновшек и Данило Тирк, а потоа во два мандата Борут Пахор.

The post Пирц Мусар: Ќе се борам за основните човекови права, уставните права и демократијата во Словенија appeared first on Република.

]]>
Адвокатката на Меланија Трамп, Наташа Пирц Мусар, стана првата претседателка на Словенија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/advokatkata-na-melanija-tramp-natasha-pirc-musar-stana-prvata-pretsedatelka-na-slovenija/ Sun, 13 Nov 2022 21:36:52 +0000 https://republika.mk/?p=573420

По преброени 92 отсто од гласовите во вториот круг од претседателските избори во Словенија, резултатите покажуваат дека победи Наташа Пирц Мусар, независна кандидатка која го застапува политичкиот центар, адвокатка и бранителка на човековите права.

Според сѐ уште неофицијалните резултати, таа освоила 53,98 отсто од гласовите на избирачите, додека нејзиниот конзервативен противкандидат, Анже Логар доби поддршка од 46,02 отсто од гласачите. Логар ѝ честиташе на Пирц Мусар, објавувајќи дека Словенија ја доби првата жена на позицијата шеф на држава.

54-годишната Пирc Мусар e адвокатка специјализирана за заштита на личните податоци, која ја застапуваше и сопругата на поранешниот американски претседател, Словенката Меланија Трамп. Новата словенечка претседателка е позната и како застапничка за правата на ЛГБТ популацијата. Работела за Советот на Европа 15 години како експерт за човекови права.

За Пирц Мусар, кој ја доби поддршката од гласачите на владејачките партии, центарот и левицата, во првиот круг од изборите на 23 октомври гласаа 26,85 гласачи. Тогаш најмногу гласови доби Логар (33,96 отсто), кој беше кандидат на десничарската Словенечка демократска партија на Јанез Јанша.

Откако во првиот круг кандидатот на владејачката коалиција Милан Брглез го освои третото место, премиерот Роберт Голоб ја поддржа Пирц Мусар, со изјава дека „не треба да се дозволи кандидатот на СДС да влезе во претседателската палата бидејќи тоа ќе ја врати Словенија во „мрачните времиња“ на Јанез Јанша“.

The post Адвокатката на Меланија Трамп, Наташа Пирц Мусар, стана првата претседателка на Словенија appeared first on Република.

]]>

По преброени 92 отсто од гласовите во вториот круг од претседателските избори во Словенија, резултатите покажуваат дека победи Наташа Пирц Мусар, независна кандидатка која го застапува политичкиот центар, адвокатка и бранителка на човековите права. Според сѐ уште неофицијалните резултати, таа освоила 53,98 отсто од гласовите на избирачите, додека нејзиниот конзервативен противкандидат, Анже Логар доби поддршка од 46,02 отсто од гласачите. Логар ѝ честиташе на Пирц Мусар, објавувајќи дека Словенија ја доби првата жена на позицијата шеф на држава. 54-годишната Пирc Мусар e адвокатка специјализирана за заштита на личните податоци, која ја застапуваше и сопругата на поранешниот американски претседател, Словенката Меланија Трамп. Новата словенечка претседателка е позната и како застапничка за правата на ЛГБТ популацијата. Работела за Советот на Европа 15 години како експерт за човекови права. За Пирц Мусар, кој ја доби поддршката од гласачите на владејачките партии, центарот и левицата, во првиот круг од изборите на 23 октомври гласаа 26,85 гласачи. Тогаш најмногу гласови доби Логар (33,96 отсто), кој беше кандидат на десничарската Словенечка демократска партија на Јанез Јанша. Откако во првиот круг кандидатот на владејачката коалиција Милан Брглез го освои третото место, премиерот Роберт Голоб ја поддржа Пирц Мусар, со изјава дека „не треба да се дозволи кандидатот на СДС да влезе во претседателската палата бидејќи тоа ќе ја врати Словенија во „мрачните времиња“ на Јанез Јанша“.

The post Адвокатката на Меланија Трамп, Наташа Пирц Мусар, стана првата претседателка на Словенија appeared first on Република.

]]>
Анже Логар, од партијата на Јанша, со предност оди во вториот круг од претседателските избори во Словенија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/anze-logar-od-partijata-na-jansha-so-prednost-odi-vo-vtoriot-krug-od-pretsedatelskite-izbori-vo-slovenija/ Mon, 24 Oct 2022 06:46:34 +0000 https://republika.mk/?p=564779

Поранешниот словенечки министер за надворешни работи Анже Логар освои најмногу гласови во првиот круг од претседателските избори.

Според речиси конечните резултати кои покриваат 99,9 отсто од преброените гласови, Логар (46) доби речиси 34 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка од левиот центар Наташа Пирц Мусар (54) нешто помалку од 27 отсто од гласовите.

Околу 1,7 милиони гласачи ќе одлучуваат за новиот претседател во вториот круг од изборите закажан за 13 ноември.

Логар е член на Словенечката демократска партија (СДС) на поранешниот премиер Јанез Јанша, кој беше разрешен пролетта по контроверзниот мандат проследен со бројни демонстрации.

Неговата противкандидатка, адвокатката Наташа Пирц Мусар, синоќа изрази надеж дека ќе стане првата жена што ќе ја предводи Словенија.

Премиерот Роберт Голоб, чиј кандидат Милан Брглез освои 15,4 отсто од гласовите, навести своја поддршка за Наташа Пирц Мусар.

Новиот претседател ќе го наследи Борут Пахор (58), кој беше во два мандати од пет години.

The post Анже Логар, од партијата на Јанша, со предност оди во вториот круг од претседателските избори во Словенија appeared first on Република.

]]>

Поранешниот словенечки министер за надворешни работи Анже Логар освои најмногу гласови во првиот круг од претседателските избори. Според речиси конечните резултати кои покриваат 99,9 отсто од преброените гласови, Логар (46) доби речиси 34 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка од левиот центар Наташа Пирц Мусар (54) нешто помалку од 27 отсто од гласовите. Околу 1,7 милиони гласачи ќе одлучуваат за новиот претседател во вториот круг од изборите закажан за 13 ноември. Логар е член на Словенечката демократска партија (СДС) на поранешниот премиер Јанез Јанша, кој беше разрешен пролетта по контроверзниот мандат проследен со бројни демонстрации. Неговата противкандидатка, адвокатката Наташа Пирц Мусар, синоќа изрази надеж дека ќе стане првата жена што ќе ја предводи Словенија. Премиерот Роберт Голоб, чиј кандидат Милан Брглез освои 15,4 отсто од гласовите, навести своја поддршка за Наташа Пирц Мусар. Новиот претседател ќе го наследи Борут Пахор (58), кој беше во два мандати од пет години.

The post Анже Логар, од партијата на Јанша, со предност оди во вториот круг од претседателските избори во Словенија appeared first on Република.

]]>