Наташа Котлар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/natasha-kotlar/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Oct 2023 19:19:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Наташа Котлар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/natasha-kotlar/ 32 32 Котлар: Кажете ѝ на Урсула фон дер Лејен дека „Cеверна“ Македонија сé уште не создала идентитет, воопшто, камо ли „уникатен“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kotlar-kazhete-na-ursula-fon-der-lejen-deka-ceverna-makedonija-se-ushte-ne-sozdala-identitet-voopshto-kamo-li-unikaten/ Mon, 30 Oct 2023 19:15:29 +0000 https://republika.mk/?p=696462

Кажете ѝ на Урсула фон дер Лејен алијас Розе Ладстон (по прабаба ѝ од Ј.Каролина), која има навистина „уникатен идентитет“ – те белгиски (француски), те германски, ама и американски (САД) дека „Cеверна“ Македонија сé уште не создала идентитет, воопшто, камо ли „уникатен“, на социјалните мрежи пишува Наташа Котлар.

Нејзината игра на зборови ја крие суровата вистина на негирање на македонскиот идентитет заради Бугарскиот договор (2017), Преспанската спогодба (2018), уставната рашомонијада за „Cеверна“ (2019). Кажете ѝ дека ние МАКЕДОНЦИТЕ сме доволно свесни за нејзината манипулација и мистификација со поимот „уникатен идентитет“ и дека со тоа го негаира МАКЕДОНСКИОТ историски, културен и народен идентитет.

А, тој е присутен во низата на процеси и случувања создадени од м а к е д о н с к и о т н а р о д, во времето и во просторот, во низата на идеи и стремежи на поединци и групи, во низата на успеси и неуспеси во борбата вековна, но карактеристична – м а к е д о н с к а. Кажете ѝ ... !, се вели во објавата на Котлар.

The post Котлар: Кажете ѝ на Урсула фон дер Лејен дека „Cеверна“ Македонија сé уште не создала идентитет, воопшто, камо ли „уникатен“ appeared first on Република.

]]>

Кажете ѝ на Урсула фон дер Лејен алијас Розе Ладстон (по прабаба ѝ од Ј.Каролина), која има навистина „уникатен идентитет“ – те белгиски (француски), те германски, ама и американски (САД) дека „Cеверна“ Македонија сé уште не создала идентитет, воопшто, камо ли „уникатен“, на социјалните мрежи пишува Наташа Котлар.
Нејзината игра на зборови ја крие суровата вистина на негирање на македонскиот идентитет заради Бугарскиот договор (2017), Преспанската спогодба (2018), уставната рашомонијада за „Cеверна“ (2019). Кажете ѝ дека ние МАКЕДОНЦИТЕ сме доволно свесни за нејзината манипулација и мистификација со поимот „уникатен идентитет“ и дека со тоа го негаира МАКЕДОНСКИОТ историски, културен и народен идентитет.   А, тој е присутен во низата на процеси и случувања создадени од м а к е д о н с к и о т н а р о д, во времето и во просторот, во низата на идеи и стремежи на поединци и групи, во низата на успеси и неуспеси во борбата вековна, но карактеристична – м а к е д о н с к а. Кажете ѝ ... !, се вели во објавата на Котлар.

The post Котлар: Кажете ѝ на Урсула фон дер Лејен дека „Cеверна“ Македонија сé уште не создала идентитет, воопшто, камо ли „уникатен“ appeared first on Република.

]]>
Македонскиот јазик бил општ јазик на сите Словени три века! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskiot-jazik-bil-opsht-jazik-na-site-sloveni-tri-veka/ Sat, 23 Sep 2023 08:17:42 +0000 https://republika.mk/?p=684282

Јас ќе го цитирам Региналд де Бреј, англиски славист, се школувал кај Белиќ и во времето на мојот татко Круме Кепески, во триесетите години се сретнал со него во Охрид, тој ја почнува рецензијата (на Граматиката на македонскиот јазик од Круме Кепески, н.з.) со познатите зборови кои што станаа претпоставка за анализа на македонскиот јазик, дека судбината на македонскиот јазик, кој три век бил општ јазик на сите Словени, е да биде последен признат од сите словенски јазици,

Да го спомнам и Андре Вајан е јужнословенски славист, академик во Франција, кој потврдува дека македонскиот јазик е оформен пред сите други балкански јазици во 19 век. Тоа е голема потврда за самобитноста на македонскиот јазик, вели меѓудругото, проф. д-р Јованка Кепеска, во разговорот кој го води д-р Наташа Котлар на ТВ Вистел, во емисијата „За македонските работи“.

Погледнете го разговорот кој опфаќа многу македонски работи

https://www.youtube.com/watch?v=UBhU-HGi2jY

The post Македонскиот јазик бил општ јазик на сите Словени три века! appeared first on Република.

]]>

Јас ќе го цитирам Региналд де Бреј, англиски славист, се школувал кај Белиќ и во времето на мојот татко Круме Кепески, во триесетите години се сретнал со него во Охрид, тој ја почнува рецензијата (на Граматиката на македонскиот јазик од Круме Кепески, н.з.) со познатите зборови кои што станаа претпоставка за анализа на македонскиот јазик, дека судбината на македонскиот јазик, кој три век бил општ јазик на сите Словени, е да биде последен признат од сите словенски јазици, Да го спомнам и Андре Вајан е јужнословенски славист, академик во Франција, кој потврдува дека македонскиот јазик е оформен пред сите други балкански јазици во 19 век. Тоа е голема потврда за самобитноста на македонскиот јазик, вели меѓудругото, проф. д-р Јованка Кепеска, во разговорот кој го води д-р Наташа Котлар на ТВ Вистел, во емисијата „За македонските работи“. Погледнете го разговорот кој опфаќа многу македонски работи https://www.youtube.com/watch?v=UBhU-HGi2jY

The post Македонскиот јазик бил општ јазик на сите Словени три века! appeared first on Република.

]]>
Котлар: Што не изгласавте Резолуција за Македонците и нивните права во Бугарија!? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kotlar-shto-ne-izglasavte-rezolutsija-za-makedontsite-i-nivnite-prava-vo-bugarija/ Sat, 17 Jun 2023 10:20:00 +0000 https://republika.mk/?p=652316

Професорката Наташа КОтлар ја коментира Резилуцијата на германскиот Бундестаг за македонскиот јазик.

Нејзиниот Фејсбук статус го пренесуваме во целост.

Zwei banditen, отишли су тамо…!
Сигурно се сеќавате на репликите од времето на југословенските филмови – „Оп, трт, gewesen sein“ и „zwei banditen, отишли су тамо“ како бурлеска, козерија на партизанско-германско односи на филмското платно! Но, козеријава е некако погодена за илустрација на усвоената Резолуција на Бундестагот, во која, меѓу другото се вели дека „Германскиот Бундестаг ги признава македонската култура, идентитет и јазик“ во услови на „мултиетнички модел“ на Македонија! Па, па, па...!
Во услови на именско, историско и идентитетско редефинирање на македонскиот атрибут согласно Преспанската спогодба (2018), германската Резолуција е будалаштина, писание за малоумни...! Господо германско – алеманска – немачка, знај, македонскиот идентитет претставува сложена копозиција од повеќе значајни чинители – именски и колективен, културен (ј а з и к, литература, музика, уметност, фолклор), религиозен, етнички и национален чинител и сите заедно ја чинат посебната – македонска историска содржина или м а к е д о н с к и о т и д е н т и т е т. Македонскиот народ е различен од бугарскиот (на кого му поставувавте германски кнезови – Батемберг, Сакскобургота) и немат „заедничка историја“ со споменатиов народ! Во времето и просторот, под влијанијата и притисоците, низ причините и последиците македонскиот народ создава своја историја – м а к е д о н с к а, има свој јазик и своја култура–м а к е д о н с к и, своја македонска држава (антифашистичка) и автентичност!
Ако пак, нешто беше добро и вредно во германската политика кон Македонија и нејзиниот народ беше амбасадорот Ханс Лотар Штепан кој истакнуваше дека „Македонците имаат најголемо право за употреба на своето име Македонија.“ Овој „духовен воин на Македонија“ кој работаше во полза на македонск0то прашање, остана ненадминат дипломат од ни еден подоцнежен германски претставник. Сè што следеше потоа кон Македонија и нејзините интереси од страна на Германија не емитуваше срдечна политика. Накратко, историјата од средината на XIX век, а и во XX век, бележи прилично амбициозни намери на германската политика кон Балканот и при тоа ниту една не завршува добронамерно кон македонскиот народ и неговите интереси! Таков е случајот и во 2018 г., кога германската политика во очајното препелкање да стане лидер во балканските политички настани застана зад најлошото решение за спорот меѓу Република Македонија и Грција (определувајќи се и прогрчки и проалбански и пробугарски). Германија за цело време го подржува преименувањето на државата на македонскиот народ – п о б е д н и к о т во антифашистичката борба во Втората светска војна, каква иронија! Така, за време на посетата на Грција, Анѓела Меркел уште пред изгласувањето на новото име во македонското собрание (2019), дури три пати во една изјава нè нарече „Македонија“ истакнувајќи дека преименувањето благодарение на Преспанскиот договор е во наша полза, но и „за Грција и за цела Европа“! Бре, што нема да слушне, човек од Алеманиве, а сега и Бугари во македонскиот Устав! Што не изгласавте Резолуција за Македонците и нивните права во Бугарија!?
Господо, Германци – Алемани – Немци, македонски јазик, историја, култура значи посебна македонска национална свест (не мултиетничка), затоа ударите ви се силни, а ние мора со сета наша сила да се бориме, до последниот Македонец!

The post Котлар: Што не изгласавте Резолуција за Македонците и нивните права во Бугарија!? appeared first on Република.

]]>

Професорката Наташа КОтлар ја коментира Резилуцијата на германскиот Бундестаг за македонскиот јазик. Нејзиниот Фејсбук статус го пренесуваме во целост. Zwei banditen, отишли су тамо…! Сигурно се сеќавате на репликите од времето на југословенските филмови – „Оп, трт, gewesen sein“ и „zwei banditen, отишли су тамо“ како бурлеска, козерија на партизанско-германско односи на филмското платно! Но, козеријава е некако погодена за илустрација на усвоената Резолуција на Бундестагот, во која, меѓу другото се вели дека „Германскиот Бундестаг ги признава македонската култура, идентитет и јазик“ во услови на „мултиетнички модел“ на Македонија! Па, па, па...! Во услови на именско, историско и идентитетско редефинирање на македонскиот атрибут согласно Преспанската спогодба (2018), германската Резолуција е будалаштина, писание за малоумни...! Господо германско – алеманска – немачка, знај, македонскиот идентитет претставува сложена копозиција од повеќе значајни чинители – именски и колективен, културен (ј а з и к, литература, музика, уметност, фолклор), религиозен, етнички и национален чинител и сите заедно ја чинат посебната – македонска историска содржина или м а к е д о н с к и о т и д е н т и т е т. Македонскиот народ е различен од бугарскиот (на кого му поставувавте германски кнезови – Батемберг, Сакскобургота) и немат „заедничка историја“ со споменатиов народ! Во времето и просторот, под влијанијата и притисоците, низ причините и последиците македонскиот народ создава своја историја – м а к е д о н с к а, има свој јазик и своја култура–м а к е д о н с к и, своја македонска држава (антифашистичка) и автентичност! Ако пак, нешто беше добро и вредно во германската политика кон Македонија и нејзиниот народ беше амбасадорот Ханс Лотар Штепан кој истакнуваше дека „Македонците имаат најголемо право за употреба на своето име Македонија.“ Овој „духовен воин на Македонија“ кој работаше во полза на македонск0то прашање, остана ненадминат дипломат од ни еден подоцнежен германски претставник. Сè што следеше потоа кон Македонија и нејзините интереси од страна на Германија не емитуваше срдечна политика. Накратко, историјата од средината на XIX век, а и во XX век, бележи прилично амбициозни намери на германската политика кон Балканот и при тоа ниту една не завршува добронамерно кон македонскиот народ и неговите интереси! Таков е случајот и во 2018 г., кога германската политика во очајното препелкање да стане лидер во балканските политички настани застана зад најлошото решение за спорот меѓу Република Македонија и Грција (определувајќи се и прогрчки и проалбански и пробугарски). Германија за цело време го подржува преименувањето на државата на македонскиот народ – п о б е д н и к о т во антифашистичката борба во Втората светска војна, каква иронија! Така, за време на посетата на Грција, Анѓела Меркел уште пред изгласувањето на новото име во македонското собрание (2019), дури три пати во една изјава нè нарече „Македонија“ истакнувајќи дека преименувањето благодарение на Преспанскиот договор е во наша полза, но и „за Грција и за цела Европа“! Бре, што нема да слушне, човек од Алеманиве, а сега и Бугари во македонскиот Устав! Што не изгласавте Резолуција за Македонците и нивните права во Бугарија!? Господо, Германци – Алемани – Немци, македонски јазик, историја, култура значи посебна македонска национална свест (не мултиетничка), затоа ударите ви се силни, а ние мора со сета наша сила да се бориме, до последниот Македонец!

The post Котлар: Што не изгласавте Резолуција за Македонците и нивните права во Бугарија!? appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Убеден сум дека новата генерација политичари ќе го одбрани најмалиот народ на Балканот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-ubeden-sum-deka-novata-generacija-politichari-kje-go-odbrani-najmaliot-narod-na-balkanot/ Sun, 23 Oct 2022 13:12:07 +0000 https://republika.mk/?p=564645

Револуционерната идеологија има за задача да ја јакне македонската држава и сите нејзини задачи и атрибути кои во денешно време се ставени под знак прашалник, беше истакнато на научниот симпозиум 129 години ВМРО „Борбата за Македонија која трае“, што денеска го организираше политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

На симпозиумот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето обраќање денеска го честита 23 Октомври, и напомена дека 129 години од постоење на Организацијата е сериозна бројка за која многумина животот го дале, многумина животот го даваат, и многумина ќе го даваат во иднина.

-На новата генерација политичари во Македонија, новата генерација на политичари во ВМРО-ДПМНЕ е честа, обврска и привилегија да го брани најмалиот народ на Балканот, а тоа е македонскиот народ. И тоа можеби е голем предизвик, но јас сум убеден дека ние сите можеме да одговориме на тој предизвик, онака како што само знаееме и умееме – цврсто, храбро и мотивирано да го одбраниме најмалиот народ на Балканот, а тоа е македонскиот народ, рече Мицкоски.

Тој напомена дека одговорноста на ВМРО-ДПМНЕ е да се задржат младите тука, да се направи здравство кое ќе биде конкурентно, да се задржат луѓето со знаење и вештини во државата.

-Македонскиот народ, но и граѓаните во Македонија, сите останати, не само Македонци туку и Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци и останати кои денес живеат во Македонија сакаат да знаат што понатаму во иднината и каков план има ВМРО-ДПМНЕ, како наследник на организацијата, за иднината и што се чекорите кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе за таа иднина, бидејќи денеска секој во Македонија очекува од ВМРО-ДПМНЕ државничко и одговорно однесување, без разлика што на централно ниво е ВМРО-ДПМНЕ е опозиција, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој порача дека иднината е она за која сите ние треба да се бориме, да обезбедиме иднина на поколенијата кои ќе дојдат после нас, а за тоа, како што рече, потребен е голем општествен договор.

Тој договор, како што рече, значи обединување и отворање на ВМРО-ДПМНЕ кон општествените елити, различни структури на луѓе, кон младите, кон оние кои се во посериозни години, кај оние кои се во поодминати години, кај професорите, кај работниците, адвокатите, медицинските работници, кај сите оние кои во општетсвето се уште не го дале својот последен збор.

Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски на симпозиумот говорејќи за идејата за автономна и самостојна држава, посочи дека земјата треба да биде водена од борбата за овозможување на подобро место за живеење, економски подобра земја и држава во која идните генерации ќе сакаат да останат и да ја развиваат онака како што сакаат.

Според него денешните предизвици со кои се соочува државата во однос на докажувањето на својата посебност, автономија и суверенитет се слични на оние во 19 век.

-Нашиот континуитет, нашата посебност и постоење се преговарала и кон крајот на 19 век, а сега сакаат да не оспоруваат. Во вакви тешки услови, во услови каде сега соседите се независни, во налет на голем број пропаганди во тој период се формира во Солун, Македонската револуционерна организација која начелата ги доби по тоа да биде организација која ќе се бори за македонска автономна држава, организација во која главно начело е да се солободи Макеоднија и да биде независна од сите други држави. Она што се охрабрија револуционерите во тој период го продолжија илјадници граѓани после тоа, бидејќи начелата од организацијата се пренесоа во секој дом, човек на организацијата беше секој човек кој живее на теритрорија на Република Македонија и беше организација отворена за секој без разлика на вера и народност, најважно беше да се формира силна држава во која ќе можат да живеат и да се развиваат, оцени Сајкоски.

Рече дека континуитетот за борба за просперитетна држава која ќе биде лидер во регионот треба да продолжи.

Професорката во Институтот за национална историја Наташа Котлар порача дека постоењето на револуционерната борба, но и организација е прилично комплексен процес кој не се создал лесно и не се одвивал праволиниски, како и дека влијанијата од тоа време се исти како и денешните.

-Геостратегијата во тоа време и тогаш како и денес и влијанието на големите сили, и тогаш и денес влијааат врз историските настани, а особено врз македонската историска вертикала, и нивната судбина е резултат на тие силни влијанија, како што денеска доживуваме влијание во ова наше современо живеење. Револуционерно значи коренити промени и во општеството и во политиката и во економскиот систем, револуционерна борба може да постои само доколку има идеологија, Македонската револуционерна идеологија во тие такви услови внесува идеологија, изјави Котлар.

Котлар исто така истакна дека Македонската револуционерна организација е логична последица на она што претходело и има своја идеологија.

-Македонската револуционерна организација која се појавува во 1893 година е една логична последица на она што претходело, револуционерна борба. Но, револуционерна борба може да постои само ако има идеологија. Македонската револуционерна организација при нејзиното создавање па и во понатамошниот нејзин развој има идеологија и многу ми се допаѓаат определбите на Петар Поп-Арсов и на Ѓорче Петров во однос на тоа. Петар Поп-Арсов, еден од оосновачите кои што ги спомнавме вели дека Организацијата се создаде токму за да одговори на македонските потреби и ова не го измислувам, туку е дел од неговите искази пишувања. А Ѓорче Петров вели дека Организацијата се појави токму во моментот кога беа потребни моменти и акции за да одговорат на подлабоки, поблиски и пореални потреби на македонското население во тој период, рече Котлар.

На денешен ден во 1893 година се формирало Македонското револуционерно движење со цел создавање современа македонска држава.

The post Мицкоски: Убеден сум дека новата генерација политичари ќе го одбрани најмалиот народ на Балканот appeared first on Република.

]]>

Револуционерната идеологија има за задача да ја јакне македонската држава и сите нејзини задачи и атрибути кои во денешно време се ставени под знак прашалник, беше истакнато на научниот симпозиум 129 години ВМРО „Борбата за Македонија која трае“, што денеска го организираше политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. На симпозиумот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето обраќање денеска го честита 23 Октомври, и напомена дека 129 години од постоење на Организацијата е сериозна бројка за која многумина животот го дале, многумина животот го даваат, и многумина ќе го даваат во иднина.
-На новата генерација политичари во Македонија, новата генерација на политичари во ВМРО-ДПМНЕ е честа, обврска и привилегија да го брани најмалиот народ на Балканот, а тоа е македонскиот народ. И тоа можеби е голем предизвик, но јас сум убеден дека ние сите можеме да одговориме на тој предизвик, онака како што само знаееме и умееме – цврсто, храбро и мотивирано да го одбраниме најмалиот народ на Балканот, а тоа е македонскиот народ, рече Мицкоски.
Тој напомена дека одговорноста на ВМРО-ДПМНЕ е да се задржат младите тука, да се направи здравство кое ќе биде конкурентно, да се задржат луѓето со знаење и вештини во државата.
-Македонскиот народ, но и граѓаните во Македонија, сите останати, не само Македонци туку и Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци и останати кои денес живеат во Македонија сакаат да знаат што понатаму во иднината и каков план има ВМРО-ДПМНЕ, како наследник на организацијата, за иднината и што се чекорите кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе за таа иднина, бидејќи денеска секој во Македонија очекува од ВМРО-ДПМНЕ државничко и одговорно однесување, без разлика што на централно ниво е ВМРО-ДПМНЕ е опозиција, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој порача дека иднината е она за која сите ние треба да се бориме, да обезбедиме иднина на поколенијата кои ќе дојдат после нас, а за тоа, како што рече, потребен е голем општествен договор. Тој договор, како што рече, значи обединување и отворање на ВМРО-ДПМНЕ кон општествените елити, различни структури на луѓе, кон младите, кон оние кои се во посериозни години, кај оние кои се во поодминати години, кај професорите, кај работниците, адвокатите, медицинските работници, кај сите оние кои во општетсвето се уште не го дале својот последен збор. Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски на симпозиумот говорејќи за идејата за автономна и самостојна држава, посочи дека земјата треба да биде водена од борбата за овозможување на подобро место за живеење, економски подобра земја и држава во која идните генерации ќе сакаат да останат и да ја развиваат онака како што сакаат. Според него денешните предизвици со кои се соочува државата во однос на докажувањето на својата посебност, автономија и суверенитет се слични на оние во 19 век.
-Нашиот континуитет, нашата посебност и постоење се преговарала и кон крајот на 19 век, а сега сакаат да не оспоруваат. Во вакви тешки услови, во услови каде сега соседите се независни, во налет на голем број пропаганди во тој период се формира во Солун, Македонската револуционерна организација која начелата ги доби по тоа да биде организација која ќе се бори за македонска автономна држава, организација во која главно начело е да се солободи Макеоднија и да биде независна од сите други држави. Она што се охрабрија револуционерите во тој период го продолжија илјадници граѓани после тоа, бидејќи начелата од организацијата се пренесоа во секој дом, човек на организацијата беше секој човек кој живее на теритрорија на Република Македонија и беше организација отворена за секој без разлика на вера и народност, најважно беше да се формира силна држава во која ќе можат да живеат и да се развиваат, оцени Сајкоски.
Рече дека континуитетот за борба за просперитетна држава која ќе биде лидер во регионот треба да продолжи. Професорката во Институтот за национална историја Наташа Котлар порача дека постоењето на револуционерната борба, но и организација е прилично комплексен процес кој не се создал лесно и не се одвивал праволиниски, како и дека влијанијата од тоа време се исти како и денешните.
-Геостратегијата во тоа време и тогаш како и денес и влијанието на големите сили, и тогаш и денес влијааат врз историските настани, а особено врз македонската историска вертикала, и нивната судбина е резултат на тие силни влијанија, како што денеска доживуваме влијание во ова наше современо живеење. Револуционерно значи коренити промени и во општеството и во политиката и во економскиот систем, револуционерна борба може да постои само доколку има идеологија, Македонската револуционерна идеологија во тие такви услови внесува идеологија, изјави Котлар.
Котлар исто така истакна дека Македонската револуционерна организација е логична последица на она што претходело и има своја идеологија.
-Македонската револуционерна организација која се појавува во 1893 година е една логична последица на она што претходело, револуционерна борба. Но, револуционерна борба може да постои само ако има идеологија. Македонската револуционерна организација при нејзиното создавање па и во понатамошниот нејзин развој има идеологија и многу ми се допаѓаат определбите на Петар Поп-Арсов и на Ѓорче Петров во однос на тоа. Петар Поп-Арсов, еден од оосновачите кои што ги спомнавме вели дека Организацијата се создаде токму за да одговори на македонските потреби и ова не го измислувам, туку е дел од неговите искази пишувања. А Ѓорче Петров вели дека Организацијата се појави токму во моментот кога беа потребни моменти и акции за да одговорат на подлабоки, поблиски и пореални потреби на македонското население во тој период, рече Котлар.
На денешен ден во 1893 година се формирало Македонското револуционерно движење со цел создавање современа македонска држава.

The post Мицкоски: Убеден сум дека новата генерација политичари ќе го одбрани најмалиот народ на Балканот appeared first on Република.

]]>
Котлар: Револуционерната идеологија сега има за задача да ја јакне македонската држава и сите нејзини задачи и атрибути кои во денешно време се ставени под знак прашалник https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kotlar-revolucionernata-ideologija-sega-ima-za-zadacha-da-ja-jakne-makedonskata-drzava-i-site-nejzini-zadachi-i-atributi-koi-vo-deneshno-vreme-se-staveni-pod-znak-prashalnik/ Sun, 23 Oct 2022 12:00:34 +0000 https://republika.mk/?p=564607

На научниот симпозиум 129 години ВМРО „БОРБАТА ЗА МАКЕДОНИЈА КОЈА ТРАЕ“, организиран од ВМРО-ДПМНЕ, свое обраќање имаше проф. д-р Наташа Котлар која зборувајќи за етапите низ кои се развивала Македонската револуционерната организација, истакна дека сега нејзината идеологија блиску до народните маси има задача да ја јакне македонската држава и нејзините атрибути кои во денешно време се за жал се ставени под знак прашалник.

„Револуционерната идеологија блиску до народните маси денес има за задача да ја јакне македонската држава и сите нејзини задачи и атрибути кои што во денешното наше современо живеење мислам дека се ставени под знак на прашалник. Градењето на македонската нација, одбраната на македонскиот јазик, одбраната на македонската култура, но исто така и грижата за сите оние Македонци кои не се во рамките на македонската држава“, истакна Котлар.

Таа исто така се осврна и на народните мобилизатори кои и претходеле на Револуционерната организација.

„Народните мобилизатори почнувајќи од Димитар Миладинов, а потоа и другите, бараат оформување на нешто што е посебно специфично македонско, а тоа е посебна црковна организација, односно да се возобнови укинатата Охридска Архепископија, бидејќи во една феудална и теократска држава религијата била многу моќна работа и било потребно да се возобнови народната институција Охридската Архепископија. Била битна затоа што образованието одело преку таква институција. Државата не се грижела за образование, па затоа се бара училишта на македонски народен говор со народни свештеници учители и затоа оние кои што се противници на оваа идеја, бугарските преродбеници, овие луѓе не ги именуваат како Македонци туку ги именуваат како македонисти за да им ја одземат нивната национална народносна определба и наводно да ги прикажат како група на луѓе кои што бараат сосема нешто друго и даваат сериозен отпор бидејќи знаат дека на тој начин веќе се создава едно посебно политичко народносно цело, односно македонска држава“ потенцираше Котлар

Таа додаде:

„Она што го остава како траг Димитар Миладинов и цела низа луѓе како него се пројавува во Македонското востание бидејќи во изворите и кај современиците Кресненското востание отпосле се појавува во некоја литература како име. Во сите нивни сеќавања и пишувања на оние кои што учествувале во Македонското востание, тоа се именува како Македонско востание. Оттука и Димитар Поп-Георгиев Беровски, па и другите војводи меѓу кои и Ѓорѓија Пулевски во Уставот, односно правилата на ова востание определуваат дека востанието е внатрешно, македонско, дека треба да се прошири на целата територија на Македонија и да се гради еден посебен политички економски и воен систем. Бидејќи во тоа време се појавува првиот врховизам, односно влијанието на бугарската држава и нејзината политика, ова востание завршува само како еден чин, настан кој не ја постигнал својата цел, но затоа ја трасира патеката кон една друга генерација на револуционерни дејци, бидејќи Гоце Делчев се среѓава со Димитар Поп-Георгиев Беровски во едно свое движење низ сега Пиринскиот дел на Македонија и разговараат за тие востанички искуства но и за Револуционерното“.

Котлар исто така истакна дека Македонската револуционерна организација е логична последица на она што претходело и има своја идеологија.

„Македонската револуционерна организација која се појавува во 1893 година е една логична последица на она што претходело, револуционерна борба. Но, револуционерна борба може да постои само ако има идеологија. Македонската револуционерна организација при нејзиното создавање па и во понатамошниот нејзин развој има идеологија и многу ми се допаѓаат определбите на Петар Поп-Арсов и на Ѓорче Петров во однос на тоа. Петар Поп-Арсов, еден од оосновачите кои што ги спомнавме вели дека Организацијата се создаде токму за да одговори на македонските потреби и ова не го измислувам, туку е дел од неговите искази пишувања. А Ѓорче Петров вели дека Организацијата се појави токму во моментот кога беа потребни моменти и акции за да одговорат на подлабоки, поблиски и пореални потреби на македонското население во тој период“, рече Котлар.

The post Котлар: Револуционерната идеологија сега има за задача да ја јакне македонската држава и сите нејзини задачи и атрибути кои во денешно време се ставени под знак прашалник appeared first on Република.

Наташа Котлар: Францускиот предлог е гилотина за македонскиот народ! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/natasha-kotlar-francuskiot-predlog-e-gilotina-za-makedonskiot-narod/ Thu, 14 Jul 2022 17:11:48 +0000 https://republika.mk/?p=528986

Урсула / Розе Ладсон и падот на Бастилија!

Денот кога е освоена злогласната тврдина-затвор Бастилија, 14 јули е прогласен за национален празник на Франција. Тогаш народот востана против власта - кралот, аристократијата, неправдата, за слобода и еднаковост. За да биде иронијата поголема, 233 години по овој настан во македонското народно собрание, доаѓа Урсула фон дер Лејен алијас Розе Ладсон (Rose Ladson) – претседателка европска, да ја охрабрува в л а с т а против н а р о д о т. За неа е разбирливо, со трговско-колонизаторска култура и семејство блиско на кралскиот двор, да брани ненародна власт! Но, да се труди околу нашиве лумпен-парламентарци со „државничка“ аура, срамна работа е! Тоа се неморални чудовишта, никаквеци со плитка општествена идеја и грдосија, извитоперени карикатури. И да потстрекнуваш класа на вакви политичари, небаре од Бога поставени, а не од народот – кои владеат и одлучуваат „транзиционо“ за сè во македонското општество, значи премногу феудално. Па затоа и падна Бастилија!, пишува професорката Наташа Котлар на социјалните мрежи.

Францускиот предлог е гилотина за македонскиот народ! Тој пак, со антифашистичката борба го овозможи постоењето на ова Собрание во кое имавте можност и да се обратите, нудејќи му понижување, негација и асимилација под плаштот на компромис и (не)европски вредности. Каков парадок! Заборави ли, Ти Урсула на твоите зборови „слобода, радост на животот, внатрешна слобода“, од твојот лондонски период во животот? И ние Македонците сакаме да сме свои на своето, со национално достоинство, сувереност и интегритет! Македонската историја, јазик и душа нема потреба некој да ни ги признава - тоа едноставно постои и толку, се’ друго е лицемено и препредено! Не сакаме ултуматум и притисок, заради негирање и асимилација од Бугарија, алијас Европа (ЕУ)! Сакаме слобода, спокој, достоинство, а многу повеќе од други, ние Македонците, го заслужуваме ова!

П.С. Аман Мери Кејт Брнз немој повеќе да не' браниш!

The post Наташа Котлар: Францускиот предлог е гилотина за македонскиот народ! appeared first on Република.

Наташа Котлар до Ковачевски и Мишел: Да ве нема и двајцата! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/natasha-kotlar-do-kovachevski-i-mishel-da-ve-nema-i-dvajcata/ Tue, 05 Jul 2022 08:09:35 +0000 https://republika.mk/?p=524010

5 јули 2022 г., Скопје

Значи, вака: Овој првиот, воопшто да не ни доаѓа денес во Скопје! Мавни се човеку и остави не' да живееме! Ne venez pas, laissez-nous vivre! И, за овој вториов имам еден поздрав: ќе бидеш несреќен се' додека веруваш во тоа дека твојата среќа ќе ти ја донесат другите луѓе - бриселократите! Да ве нема и двајцата...!, напиша Наташа Котлар на својот фејсбук профил.

The post Наташа Котлар до Ковачевски и Мишел: Да ве нема и двајцата! appeared first on Република.

Котлар: Македонија НЕ можете да ја продавате, таа е на народот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kotlar-makedonija-ne-mozete-da-ja-prodavate-taa-e-na-narodot/ Sat, 02 Jul 2022 19:25:53 +0000 https://republika.mk/?p=522853

Ова овде е улицата Илинденска, а се вика Илинденска заради насловот на Вапцаров. Пишуваше за Илинденска, таму пишува дека вината не е наша, туку на некој друг и тоа некому му тежи како сто тона, и се ние Македонците ќе ѝ раскажеме на мајката Македонија. Ете ја нашата историја, меѓутоа како да пишува за нашето време, за етноцид, културоцид и тоа замислете во 21 век, рече универзитетската професорка Наташа Трајкова Котлар на денешниот протест пред палтото на Владата на Република Македонија.

Котлар нагласи дека договорот за добрососедство со Бугарија не значи ниту мир, ниту рамноправност, туку лицемерие укажувајќи дека со овие барања Бугарија нема ништо европско во однесувањето.

Но, за да биде тоа уште полошо имаме два договори, Преспански и оној Бугарскиот. Овде гледаме триумфализам на оние кои што ни нудат европски вредности, наводен мир, рамноправност, добрососедство, убаво однесување, а фактички лицемерие. Фактички Македонија дава европски вредности. Ние сме тие кои што имаме историја, идентитет, јазик, култура, и кои што треба да бидат заштитени од оние кои што сега ги слушаме, им порача Котлар.

Сакам да им порачам со зборовите на Горан Стефановски: не чепкај тука, кога ќе спечалиш и кога ќе заработиш, тогаш можеш да продаваш, а ова е наше, народно и македонско, изјави Котлар.

Котлар потсети и на правото на самоопределување нагласувајќи дека секој народ во светот има право на самоопределување, па така и македонскиот народ го има истото тоа право.

Секој народ во светото има право на самоопределување, така и македонскиот народ има право на самоопределување, изјави таа.

The post Котлар: Македонија НЕ можете да ја продавате, таа е на народот appeared first on Република.

]]>

Ова овде е улицата Илинденска, а се вика Илинденска заради насловот на Вапцаров. Пишуваше за Илинденска, таму пишува дека вината не е наша, туку на некој друг и тоа некому му тежи како сто тона, и се ние Македонците ќе ѝ раскажеме на мајката Македонија. Ете ја нашата историја, меѓутоа како да пишува за нашето време, за етноцид, културоцид и тоа замислете во 21 век, рече универзитетската професорка Наташа Трајкова Котлар на денешниот протест пред палтото на Владата на Република Македонија. Котлар нагласи дека договорот за добрососедство со Бугарија не значи ниту мир, ниту рамноправност, туку лицемерие укажувајќи дека со овие барања Бугарија нема ништо европско во однесувањето. Но, за да биде тоа уште полошо имаме два договори, Преспански и оној Бугарскиот. Овде гледаме триумфализам на оние кои што ни нудат европски вредности, наводен мир, рамноправност, добрососедство, убаво однесување, а фактички лицемерие. Фактички Македонија дава европски вредности. Ние сме тие кои што имаме историја, идентитет, јазик, култура, и кои што треба да бидат заштитени од оние кои што сега ги слушаме, им порача Котлар. Сакам да им порачам со зборовите на Горан Стефановски: не чепкај тука, кога ќе спечалиш и кога ќе заработиш, тогаш можеш да продаваш, а ова е наше, народно и македонско, изјави Котлар. Котлар потсети и на правото на самоопределување нагласувајќи дека секој народ во светот има право на самоопределување, па така и македонскиот народ го има истото тоа право. Секој народ во светото има право на самоопределување, така и македонскиот народ има право на самоопределување, изјави таа.

The post Котлар: Македонија НЕ можете да ја продавате, таа е на народот appeared first on Република.

]]>
Котлар: Нека нè ве залажуваат Макрон, некојси Вархеиј, едикојси Радев, некојси Таче https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kotlar-neka-ne-ve-zalazuvaat-makron-nekojsi-varheij-edikojsi-radev-nekojsi-tache/ Wed, 22 Jun 2022 13:56:45 +0000 https://republika.mk/?p=518517

Нека нè ве залажуваат Макрон, некојси Вархеиј, едикојси Радев, врховистичко-балистичката северна групиривка, некојси Таче и сл. Предлогот за бришење на (се)македонското име и на Македонците од лицето на Земјата, не се прифаќа, се кине, се фрла и се заминува од недоличното место!, пишува во статус на Фејсбук историчарката Наташа Котлар.

Здравје во некои други времиња, можеби повторно ќе седнеме на муабет, но како Македонци, достојни на чинот! Уште пред една деценија е напишан македонскиот одговор на белосветските (европски) идотски драскања, од единствениот Петре М.Андреевски: „Браќа и сестри, бидете на штрек, не подарувајте го идеалот на вашиот минлив живот, не напуштајте го храмот што го носите во вас, не напуштајте го и кога знаете дека е разурнат, исправете ги неговите урнатини, зашто само така ќе си ја вратиме и вербата во себе си. Не срамете се од ништо што е ваше , ставете го во вашата љубов како порака на сите наши претци кои пред нас биле некаде тука можеби на истите овие места што ги зафаќаме ние. Не дозволувајте некој друг да ни ја контролира нашата свест и нашата национална гордост. Презирајте ги сите оние што ни го присвојуваат името, но и црквата, јазикот, писмото што всушност го позајмиле од нас.“ - Македонски манифест, Петре М. Андреевски, пишува Котлар.

The post Котлар: Нека нè ве залажуваат Макрон, некојси Вархеиј, едикојси Радев, некојси Таче appeared first on Република.

Котлар до Шулц: Чуму ни е датумот, па ние (Македонците) и со него и без него, секој ден умираме, исчезнуваме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kotlar-do-shulc-chumu-ni-e-datumot-pa-nie-makedoncite-i-so-nego-i-bez-nego-sekoj-den-umirame-ischeznuvame/ Sat, 11 Jun 2022 13:32:07 +0000 https://republika.mk/?p=513856

Среде Скопје Шулц е воодушевен од храброста на македонските политичари, која тие, пред неколку години, силно ја вложиле за надминување на проблемот со Грција. Затоа, сега тој ни ветува дека ќе добиеме датум за членство во ЕУ! Искрено му порачувам, а чуму ни е датумот, па ние (Македонците) и со него и без него, секој ден умираме, исчезнуваме! Нека си ги земе со него „храбрите“ политичари, нам на Македонците, ни требаат умни, чесни и разборити! Еве да го потсетам на еден таков умен политичар (баш германски) – на првиот вонреден и ополномоштен амбасадор на СР Германија во Република Македонија – Ханс Лотар Штепан. Тој многу умно, велеше: „Сите народи во светот го имаат тоа право [на самоопределување], така и Македонија може сама да решава за својот идентитет, за своето име. Никој не треба да се меша... Македонците имаат најголемо право за употреба на своето име Македонија.“ Е, ваков политичар ни треба, а потоа може и датумот да ни го ветат!, напиша на Фејсбук, Наташа Котлар.

The post Котлар до Шулц: Чуму ни е датумот, па ние (Македонците) и со него и без него, секој ден умираме, исчезнуваме appeared first on Република.

Котлар за Георгиевски: Погледнете го убаво! Наместо ваквите да ги изгониме од куќите со дрво…! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kotlar-za-georgievski-poglednete-go-ubavo-namesto-vakvite-da-gi-izgonime-od-kukjite-so-drvo/ Wed, 09 Feb 2022 17:57:55 +0000 https://republika.mk/?p=456391

Македонија треба да ја промени својата политика кон Бугарија и да ја ревидира сопствената историја, но да го направи тоа за себе, изјави поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски во синоќешното интервју во емисијата „24 анализа“.

На ова реагираше професорката Наташа Котлар:

Погледнете го добро овој лик, тој е поранешен премиер на Р. Македонија, кој се чувствува како (Не)Македонец, ама милува да е Бугарин и јавно да изјавува дека требало уште од поодамна да се направи ревизија на „нашата“ историја. Со овој лик ние Македонците немаме „наша“ историја. Но, се согласувам дека уште тогаш во раните 90-ти години, требаше да расчистиме со овој и нему сличните политички, (а)национални, (не)македонски и скрупулозни ликови, докажани во погубната македонска приватизација и (не)демократизација!!! Но, не! Ние македонските простодушни жители на оваа држава дури и можности големи им дадовме! Затоа, не напредуваме како општество, со овие „чувај Боже ликови“, а ги има многу. И наместо, како што вели Г.Прличев:„ од куќите да ги изгонеме со дрво, како што готвачите го гонат кучето од кујната“, наседнавме неповратно – општествено-политички, економски, културолошки и човечки. Читал ликов многу историска литература, па сега ревидира, бугарствува, убива чеснот и достоинство, македонска. Арно, што не читал нуклеарна физика, можеби ќе измислеше некоја нова вонкосмичка сила, што пали и жари! Луѓе учени – СОЦИОЛОЗИ, ПСИХОЛОЗИ, ФИЛОЗОФИ, ИСТОРИЧАРИ, ЛИТЕРАТИ, ПРАВНИЦИ, ЕКОНОМИСТИ и многу други, еве ви тема за анализа, размислување и толкување зошто ние Македонците и ден денес, сме анестезирани и живееме во општествена и културолошка парализа, не напредуваме! Чумата е уште жива и не’ разјадува уште посилно од порано! Затоа, јас се определувам за борба, волја, разум и бестрашност!

The post Котлар за Георгиевски: Погледнете го убаво! Наместо ваквите да ги изгониме од куќите со дрво…! appeared first on Република.

]]>

Македонија треба да ја промени својата политика кон Бугарија и да ја ревидира сопствената историја, но да го направи тоа за себе, изјави поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски во синоќешното интервју во емисијата „24 анализа“. На ова реагираше професорката Наташа Котлар:
Погледнете го добро овој лик, тој е поранешен премиер на Р. Македонија, кој се чувствува како (Не)Македонец, ама милува да е Бугарин и јавно да изјавува дека требало уште од поодамна да се направи ревизија на „нашата“ историја. Со овој лик ние Македонците немаме „наша“ историја. Но, се согласувам дека уште тогаш во раните 90-ти години, требаше да расчистиме со овој и нему сличните политички, (а)национални, (не)македонски и скрупулозни ликови, докажани во погубната македонска приватизација и (не)демократизација!!! Но, не! Ние македонските простодушни жители на оваа држава дури и можности големи им дадовме! Затоа, не напредуваме како општество, со овие „чувај Боже ликови“, а ги има многу. И наместо, како што вели Г.Прличев:„ од куќите да ги изгонеме со дрво, како што готвачите го гонат кучето од кујната“, наседнавме неповратно – општествено-политички, економски, културолошки и човечки. Читал ликов многу историска литература, па сега ревидира, бугарствува, убива чеснот и достоинство, македонска. Арно, што не читал нуклеарна физика, можеби ќе измислеше некоја нова вонкосмичка сила, што пали и жари! Луѓе учени – СОЦИОЛОЗИ, ПСИХОЛОЗИ, ФИЛОЗОФИ, ИСТОРИЧАРИ, ЛИТЕРАТИ, ПРАВНИЦИ, ЕКОНОМИСТИ и многу други, еве ви тема за анализа, размислување и толкување зошто ние Македонците и ден денес, сме анестезирани и живееме во општествена и културолошка парализа, не напредуваме! Чумата е уште жива и не’ разјадува уште посилно од порано! Затоа, јас се определувам за борба, волја, разум и бестрашност!

The post Котлар за Георгиевски: Погледнете го убаво! Наместо ваквите да ги изгониме од куќите со дрво…! appeared first on Република.

]]>
Де, нема разговори за македонскиот идентитет, де македонскиот идентитет и јазикот не се засегнати, па резолуции и декларации… https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/de-nema-razgovori-za-makedonskiot-identitet-de-makedonskiot-identitet-i-jazikot-ne-se-zasegnati-pa-rezolucii-i-deklaracii/ Sat, 29 Jan 2022 11:25:47 +0000 https://republika.mk/?p=451121

Професорката Наташа Котлар јавно се огласи за случувањата околу преговорите со Бугарија во кое е засегнат македонскиот национален идентитет.

Обраќањето го пренесуваме во целост.

ДО НЕПОЗНАТОТО ДРУГАРЧЕ ОД „CЕВЕРНА“!

Значи, усул да се немало! Де, нема разговори за македонскиот идентитет, де македонскиот идентитет и јазикот не се засегнати, па резолуции и декларации...! Но, ова значи, токму обратно, толку многу ја истакнуваат „северниве“ темава, што има нешто гнило во оваа работа...! Се прашувам, дали северново владеачко пучанство има барем основно поимање на зборот и д е н т и т е т, затоа што читајќи му ги изјавите, се чини дека се работи за намерно замајување на останато, потиснато пучанство.

Еве, да помогнам во целава ситуација! Ние Македонците, под поимот – македонски идентитет (или само идентитет) подразбираме определени својства, особини или карактеристики по кои се издвојуваме и се разликуваме како посебни од другите народи (Грците, Бугарите, Србите, Албанците, Турците)! Накратко, тие карактеристики за нас се: македонскиот именски и колективен идентитет, културниот идентитет (јазик, литература, музика, уметност, фолклор), религиозениот идентитет, етничкиот и национален идентитет, односно, македонската и с т о р и с к а содржина.

Македонскиот историски и народен идентитет е присутен во низата на процеси и случувања во времето (децении и векови) и во просторот (македонски), во низата на идеи и стремежи на поединци и групи, во низата на успеси и неуспеси во борбата м а к е д о н с к а.

П.С. Гоце Делчев е олицетворение на македонскиот идентитет и се чествува како Македонец!

The post Де, нема разговори за македонскиот идентитет, де македонскиот идентитет и јазикот не се засегнати, па резолуции и декларации… appeared first on Република.

]]>

Професорката Наташа Котлар јавно се огласи за случувањата околу преговорите со Бугарија во кое е засегнат македонскиот национален идентитет. Обраќањето го пренесуваме во целост. ДО НЕПОЗНАТОТО ДРУГАРЧЕ ОД „CЕВЕРНА“! Значи, усул да се немало! Де, нема разговори за македонскиот идентитет, де македонскиот идентитет и јазикот не се засегнати, па резолуции и декларации...! Но, ова значи, токму обратно, толку многу ја истакнуваат „северниве“ темава, што има нешто гнило во оваа работа...! Се прашувам, дали северново владеачко пучанство има барем основно поимање на зборот и д е н т и т е т, затоа што читајќи му ги изјавите, се чини дека се работи за намерно замајување на останато, потиснато пучанство. Еве, да помогнам во целава ситуација! Ние Македонците, под поимот – македонски идентитет (или само идентитет) подразбираме определени својства, особини или карактеристики по кои се издвојуваме и се разликуваме како посебни од другите народи (Грците, Бугарите, Србите, Албанците, Турците)! Накратко, тие карактеристики за нас се: македонскиот именски и колективен идентитет, културниот идентитет (јазик, литература, музика, уметност, фолклор), религиозениот идентитет, етничкиот и национален идентитет, односно, македонската и с т о р и с к а содржина. Македонскиот историски и народен идентитет е присутен во низата на процеси и случувања во времето (децении и векови) и во просторот (македонски), во низата на идеи и стремежи на поединци и групи, во низата на успеси и неуспеси во борбата м а к е д о н с к а. П.С. Гоце Делчев е олицетворение на македонскиот идентитет и се чествува како Македонец!

The post Де, нема разговори за македонскиот идентитет, де македонскиот идентитет и јазикот не се засегнати, па резолуции и декларации… appeared first on Република.

]]>